детска парализа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/detska-paraliza/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Aug 2024 11:18:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png детска парализа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/detska-paraliza/ 32 32 На Босна и Херцеговина и се заканува епидемија од детска парализа https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/na-bosna-i-hertsegovina-i-se-zakanuva-epidemija-od-detska-paraliza/ Fri, 30 Aug 2024 11:18:06 +0000 https://republika.mk/?p=811552

Ширењето на детска парализа, вирусна болест што може да има сериозни последици по здравјето на децата, но и на возрасните, стана закана за Босна и Херцеговина поради ниската стапка на вакцинација во таа земја, објавија денеска локалните медиуми.

Европскиот регионален комитет за сертификација на елиминација на детска парализа (RCC) ги повика властите во БиХ да преземат итни мерки за да се спречи ширењето на болеста, откако процени дека најмалку 64 отсто од нејзиното население живее во области каде стапката на вакцинација на децата е помала 80 проценти.

Полиовирусот е речиси искоренет во многу делови од светот, но неодамна тој е закана, особено во земјите со ниски стапки на имунизација. Поради опасноста од ширење на оваа болест, дури и Израел и Хамас се согласија на привремен прекин на огнот во Газа за да може медицинските тимови да ги вакцинираат децата таму, но Босна и Херцеговина сега се соочува со последиците од кампањите против вакцинација кои се проширија на социјалните мрежи во изминатите години, како и слаба информираност на нејзината популација.

Затоа малите сипаници почнаа да се шират кај децата од градинка и училишна возраст, а сега постои опасност од епидемија на детска парализа која во потешки случаи може да остави трајни последици, односно доживотна парализа.

Советот на министри на Босна и Херцеговина штотуку го усвои извештајот за состојбите и активностите во борбата против полиомиелитис за 2023 година, а во тој документ е наведено дека опфатот со вакцинација против полиомиелитис е под оптималното ниво, што доведе до земјата се смета за висок ризик.

Со оглед на високиот ризик, Европскиот регионален комитет (РЦЦ) ја повика Босна и Херцеговина да преземе итни мерки за да обезбеди подобра контрола и превенција“, се наведува во документот.

Благодарение на вакцинацијата, бројот на случаи на полио во светот е намален за повеќе од 99 проценти од 1988 година, а Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи Европа без полио во 2007 година. Сепак, не е искоренета во целиот свет бидејќи ја има во делови од Источна Азија, Африка и Источниот Медитеран, а со оглед на зголемените миграциски текови, постои ризик од негово повторно ширење и на европскиот континент.

 

The post На Босна и Херцеговина и се заканува епидемија од детска парализа appeared first on Република.

]]>

Ширењето на детска парализа, вирусна болест што може да има сериозни последици по здравјето на децата, но и на возрасните, стана закана за Босна и Херцеговина поради ниската стапка на вакцинација во таа земја, објавија денеска локалните медиуми. Европскиот регионален комитет за сертификација на елиминација на детска парализа (RCC) ги повика властите во БиХ да преземат итни мерки за да се спречи ширењето на болеста, откако процени дека најмалку 64 отсто од нејзиното население живее во области каде стапката на вакцинација на децата е помала 80 проценти. Полиовирусот е речиси искоренет во многу делови од светот, но неодамна тој е закана, особено во земјите со ниски стапки на имунизација. Поради опасноста од ширење на оваа болест, дури и Израел и Хамас се согласија на привремен прекин на огнот во Газа за да може медицинските тимови да ги вакцинираат децата таму, но Босна и Херцеговина сега се соочува со последиците од кампањите против вакцинација кои се проширија на социјалните мрежи во изминатите години, како и слаба информираност на нејзината популација. Затоа малите сипаници почнаа да се шират кај децата од градинка и училишна возраст, а сега постои опасност од епидемија на детска парализа која во потешки случаи може да остави трајни последици, односно доживотна парализа. Советот на министри на Босна и Херцеговина штотуку го усвои извештајот за состојбите и активностите во борбата против полиомиелитис за 2023 година, а во тој документ е наведено дека опфатот со вакцинација против полиомиелитис е под оптималното ниво, што доведе до земјата се смета за висок ризик.
Со оглед на високиот ризик, Европскиот регионален комитет (РЦЦ) ја повика Босна и Херцеговина да преземе итни мерки за да обезбеди подобра контрола и превенција“, се наведува во документот.
Благодарение на вакцинацијата, бројот на случаи на полио во светот е намален за повеќе од 99 проценти од 1988 година, а Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи Европа без полио во 2007 година. Сепак, не е искоренета во целиот свет бидејќи ја има во делови од Источна Азија, Африка и Источниот Медитеран, а со оглед на зголемените миграциски текови, постои ризик од негово повторно ширење и на европскиот континент.  

The post На Босна и Херцеговина и се заканува епидемија од детска парализа appeared first on Република.

]]>
Во Појасот Газа прогласена епидемија на детска парализа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-pojasot-gaza-proglasena-epidemija-na-detska-paraliza/ Mon, 29 Jul 2024 17:15:36 +0000 https://republika.mk/?p=801393

Министерството за здравство на Појасот Газа објави епидемија на детска парализа во енклавата.

Властите во Појасот Газа за епидемијата го обвинија Израел и неговата воената операција во палестинската енклава.

Израелските сили ја почнаа својата операција во Појасот Газа откако Хамас изврши напад врз Израел на 7 октомври минатата година, во кој, според израелските власти, беа убиени околу 1.200 Израелци, а речиси 250 беа земени како заложници.

Според информациите на Министерството за здравство во Газа, од почетокот на конфликтот во енклавата загинале повеќе од 39.000 Палестинци.

The post Во Појасот Газа прогласена епидемија на детска парализа appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство на Појасот Газа објави епидемија на детска парализа во енклавата. Властите во Појасот Газа за епидемијата го обвинија Израел и неговата воената операција во палестинската енклава. Израелските сили ја почнаа својата операција во Појасот Газа откако Хамас изврши напад врз Израел на 7 октомври минатата година, во кој, според израелските власти, беа убиени околу 1.200 Израелци, а речиси 250 беа земени како заложници. Според информациите на Министерството за здравство во Газа, од почетокот на конфликтот во енклавата загинале повеќе од 39.000 Палестинци.

The post Во Појасот Газа прогласена епидемија на детска парализа appeared first on Република.

]]>
Њујорк прогласи вонредна состојба поради значителен пораст на детска парализа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/njujork-proglasi-vonredna-sostojba-poradi-znachitelen-porast-na-detska-paraliza/ Sat, 10 Sep 2022 11:35:43 +0000 https://republika.mk/?p=549408

Гувернерката на Њујорк, Кети Хокл, соопшти дека државата ги засилува напорите за борба против детска парализа, откако вирусот што ја предизвикува болеста опасна по живот беше пронајден во канализацијата во уште еден округ во Њујорк.

Хокл прогласи вонредна состојба во врска со детска парализа, дозволувајќи им на итни медицински работници, акушерки и фармацевти да спроведуваат вакцинација против болеста, а лекарите да издаваат трајни рецепти за вакцината. Податоците за имунизација ќе се користат за да се насочат напорите за вакцинација онаму каде што се најпотребни.

Здравствените власти почнаа со тестирање за траги од полио-вирусот во отпадните води, откако во јули во округот Рокланд беше откриен првиот случај на полио во САД по речиси 10 години. Последниот случај на вирус во канализацијата во државата беше откриен по тестирањето на примерокот земен минатиот месец во округот Насау.

Здравствените власти велат дека примерокот е генетски поврзан со случајот со полио Рокланд и дава повеќе докази дека вирусот се шири во регионот откако беше пронајден во канализацијата во Њујорк, а исто така и во окрузите Оринџ и Саливан.

Здравствените власти посочија дека сите невакцинирани њујорчани треба веднаш да се вакцинираат. Тие, исто така, повикаа на дополнителни дози за одредени луѓе, како што се здравствените работници во погодените области кои лекуваат пациенти кои може да имаат детска парализа.

Стапката на вакцинација против детска парализа во државата беше 79 проценти, но стапките беа пониски во окрузите Рокланд, Оринџ и Саливан.

The post Њујорк прогласи вонредна состојба поради значителен пораст на детска парализа appeared first on Република.

]]>

Гувернерката на Њујорк, Кети Хокл, соопшти дека државата ги засилува напорите за борба против детска парализа, откако вирусот што ја предизвикува болеста опасна по живот беше пронајден во канализацијата во уште еден округ во Њујорк. Хокл прогласи вонредна состојба во врска со детска парализа, дозволувајќи им на итни медицински работници, акушерки и фармацевти да спроведуваат вакцинација против болеста, а лекарите да издаваат трајни рецепти за вакцината. Податоците за имунизација ќе се користат за да се насочат напорите за вакцинација онаму каде што се најпотребни. Здравствените власти почнаа со тестирање за траги од полио-вирусот во отпадните води, откако во јули во округот Рокланд беше откриен првиот случај на полио во САД по речиси 10 години. Последниот случај на вирус во канализацијата во државата беше откриен по тестирањето на примерокот земен минатиот месец во округот Насау. Здравствените власти велат дека примерокот е генетски поврзан со случајот со полио Рокланд и дава повеќе докази дека вирусот се шири во регионот откако беше пронајден во канализацијата во Њујорк, а исто така и во окрузите Оринџ и Саливан. Здравствените власти посочија дека сите невакцинирани њујорчани треба веднаш да се вакцинираат. Тие, исто така, повикаа на дополнителни дози за одредени луѓе, како што се здравствените работници во погодените области кои лекуваат пациенти кои може да имаат детска парализа. Стапката на вакцинација против детска парализа во државата беше 79 проценти, но стапките беа пониски во окрузите Рокланд, Оринџ и Саливан.

The post Њујорк прогласи вонредна состојба поради значителен пораст на детска парализа appeared first on Република.

]]>
Вирус на детска парализа се шири низ канализацијата во Лондон: Се планира вакцинација на сите деца до девет години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/virus-na-detska-paraliza-se-shiri-niz-kanalizacijata-vo-london-se-planira-vakcinacija-na-site-deca-do-devet-godini/ Wed, 10 Aug 2022 15:53:00 +0000 https://republika.mk/?p=538817

На сите деца на возраст од една до девет години кои живеат во Лондон ќе им биде понудена вакцина против детска парализа откако од февруари, вирусот е 116 пати откриен во канализацијата.

Со итната кампања за имунизација ќе бидат опфатени речиси еден милион деца, а родителите и старателите ќе бидат контактирани од нивниот општ лекар во текот на следниот месец.

Во Велика Британија детската парализа се смета за болест од минатото откако во 2003 година Европа беше прогласена за цел континент без полио.

Примероците откриени во канализацијата на Лондон укажуваат дека вирусот е поврзан со вакцина против детска парализа што се користи во други земји. Односно делови од светот кои сè уште се справуваат со епидемии на детска парализа ја даваат оралната вакцина против полио, што е безбедна, но користи жив вирус. Тоа дава голем имунитет, но има потенцијал да се шири од човек на човек во области каде не се заштитени поголем број луѓе. Исто така безбедната форма на вирусот што се користи во вакцината може да мутира и да еволуира додека повторно не доведе до парализа.

Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (УКХСА) соопшти дека повеќето од откриените примероци се безбедна форма на вакцина против полио, но „неколку“ мутирале доволно за да бидат опасни.

Според Светска здравствена организација (СЗО) една од 200 инфекции со полио предизвикува парализа. Од пет до 10 проценти од парализираните умираат по парализирање на мускулите за дишење.

Не постои официјален третман за полио. Парализата предизвикана од полио може да се третира со физикална терапија.

The post Вирус на детска парализа се шири низ канализацијата во Лондон: Се планира вакцинација на сите деца до девет години appeared first on Република.

]]>

На сите деца на возраст од една до девет години кои живеат во Лондон ќе им биде понудена вакцина против детска парализа откако од февруари, вирусот е 116 пати откриен во канализацијата. Со итната кампања за имунизација ќе бидат опфатени речиси еден милион деца, а родителите и старателите ќе бидат контактирани од нивниот општ лекар во текот на следниот месец. Во Велика Британија детската парализа се смета за болест од минатото откако во 2003 година Европа беше прогласена за цел континент без полио. Примероците откриени во канализацијата на Лондон укажуваат дека вирусот е поврзан со вакцина против детска парализа што се користи во други земји. Односно делови од светот кои сè уште се справуваат со епидемии на детска парализа ја даваат оралната вакцина против полио, што е безбедна, но користи жив вирус. Тоа дава голем имунитет, но има потенцијал да се шири од човек на човек во области каде не се заштитени поголем број луѓе. Исто така безбедната форма на вирусот што се користи во вакцината може да мутира и да еволуира додека повторно не доведе до парализа. Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (УКХСА) соопшти дека повеќето од откриените примероци се безбедна форма на вакцина против полио, но „неколку“ мутирале доволно за да бидат опасни. Според Светска здравствена организација (СЗО) една од 200 инфекции со полио предизвикува парализа. Од пет до 10 проценти од парализираните умираат по парализирање на мускулите за дишење. Не постои официјален третман за полио. Парализата предизвикана од полио може да се третира со физикална терапија.

The post Вирус на детска парализа се шири низ канализацијата во Лондон: Се планира вакцинација на сите деца до девет години appeared first on Република.

]]>