детска клиника Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/detska-klinika/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 10:48:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png детска клиника Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/detska-klinika/ 32 32 Комисија го испитува случајот со починатото петгодишно дете https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komisija-go-ispituva-sluchajot-so-pochinatoto-petgodishno-dete/ Thu, 14 Nov 2024 10:48:53 +0000 https://republika.mk/?p=837585

Министерството за здравство во вторникот формирало Комисија за случајот со починатото петгодишно дете, информираше денеска министерот Таравари.

Со директорот на Детска клиника утрово се слушнав повторно. Комисијата е формирана во вторникот од Министерството за здравство. Уште еднаш ќе повторам дека сите резултати што се направени, барем јас зборувам и како лекар и покачената концентрација на протеини во ликворот на за жал починатото дете и намалената концентрација на гликоза во ликворот и наодот од ЕКГ кај што доминираат бавни бранови, упатува на сериозен сомнеж за енцефалит. Меѓутоа, да оставиме Комисијата, не би сакал да давам изјави пред да има официјален извештај од компетентни педијатри кои веќе се назначени од Клиниката за педијатрија за да направат увид во целата документација за тоа како се третирало детето, истакна Таравари.

На прес-конференција министерот соопшти дека во тек е процедурата за вработување на првите 300 специјализанти кои беа ветени до крај на годината.

Јас се надевам дека до крајот на годината првите 300 ќе се вработат бидејќи има и одлука на Владата, така што воопшто да не се сомневате во тоа дека целата процедура тече и тоа го знаат специјализантите. Викнете неколку од нив и зборувајте ќе ви кажат дека сепак има некаква процедура, а 300 други ќе се вработат идната година и таков беше планот 300+300, меѓутоа и овие 600 нема д бидат доволни за тоа колку недостасува медицински кадар – лекари и средномедицински кадар во здравствениот систем, рече тој, како одговор на новинарско прашање.

Притоа додаде дека не можеле нешто што е проблематично повеќе од 5-10 години, да го средат за 4-5 месеци.

Меѓутоа вие гледате дека преземаме чекори во правец на стабилизирање на здравствениот систем, затоа се овие 600 специјализанти. Проблемот е 10 години, не е три или четири месеци и ние го решаваме сега. И средномедицински кадар ви кажав дека до крај на годината очекувам да донесеме одлука 1000 договорци, односно можеби и повеќе од тоа да добијат решенија и да овозможиме повторно уште 100 од средномедицинскиот кадар да бидат вработени со договор на дело во сите здравствени установи, а дека има дефицит, не мора да ме прашате – посетете која било болница ќе ви кажат дека секаде недостасува, нагласи Таравари.

За ДСЗИ рече дека си ја врши својата работа, секојдневно е на терен и таму кај што треба и таму кај што се даваат одредени директиви од Министерството за здравство. Така што, ниеден ден не им бил празен и без обврски.

The post Комисија го испитува случајот со починатото петгодишно дете appeared first on Република.

]]>

Jaвното обвинителство да истражи каде завршиле 200.000 евра од Детска клиника https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-da-istrazhi-kade-zavrshile-200-000-evra-od-detska-klinika/ Tue, 12 Nov 2024 09:06:49 +0000 https://republika.mk/?p=836615

СДС и ДУИ на власт, институциите и државните ресурси ги гледаа само како место од каде ќе испумпаат државни пари во нивни приватни џебови.Недомаќинското работење со институциите на системот од страна на СДС и ДУИ секојдневно излегува на површина,обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа го потврдуваат и релевантните институции, како Државниот завод за ревизија. Таков е и примерот со Извештајот за работата на Клиниката за детски болести за 2022 година.

Во него може да се види дека вредноста на материјалните средства, од материјалната евиденција на Клиниката е за 13.9 милиони денари помала од вредноста искажана во сметководствената евиденција, а на крајот на годината била помал за 12 милиони денари.

Се поставува прашањето, зошто се јавува толкава разлика во материјалната евиденција во споредба со сметководствената?

Ова отвора сомнежи и индиции за сторен криминал во вредност од над 200 илјади евра.

Дали над 200 илјади евра, место за инвестиции во клиниката и третман на нај чувствителната категорија граѓани, децата, завршиле во приватни џебови?

Ова е состојба само во една здравствена установа и тоа само за една календарска година, а кој знае што правеле СДС и ДУИ во останатите установи во текот на нивното седум годишно владеење.

За ваквото недомаќинско и криминално управување со државните институции мора да има одговорност.

Го повикуваме Јавното обвинителство да не чека, веднаш да постапи по наводите во Извештајот на ДЗР и да испита каде завршиле над 200 илјади евра од детска клиника.

The post Jaвното обвинителство да истражи каде завршиле 200.000 евра од Детска клиника appeared first on Република.

]]>

СДС и ДУИ на власт, институциите и државните ресурси ги гледаа само како место од каде ќе испумпаат државни пари во нивни приватни џебови.Недомаќинското работење со институциите на системот од страна на СДС и ДУИ секојдневно излегува на површина,обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа го потврдуваат и релевантните институции, како Државниот завод за ревизија. Таков е и примерот со Извештајот за работата на Клиниката за детски болести за 2022 година.
Во него може да се види дека вредноста на материјалните средства, од материјалната евиденција на Клиниката е за 13.9 милиони денари помала од вредноста искажана во сметководствената евиденција, а на крајот на годината била помал за 12 милиони денари. Се поставува прашањето, зошто се јавува толкава разлика во материјалната евиденција во споредба со сметководствената? Ова отвора сомнежи и индиции за сторен криминал во вредност од над 200 илјади евра.
Дали над 200 илјади евра, место за инвестиции во клиниката и третман на нај чувствителната категорија граѓани, децата, завршиле во приватни џебови?
Ова е состојба само во една здравствена установа и тоа само за една календарска година, а кој знае што правеле СДС и ДУИ во останатите установи во текот на нивното седум годишно владеење. За ваквото недомаќинско и криминално управување со државните институции мора да има одговорност. Го повикуваме Јавното обвинителство да не чека, веднаш да постапи по наводите во Извештајот на ДЗР и да испита каде завршиле над 200 илјади евра од детска клиника.

The post Jaвното обвинителство да истражи каде завршиле 200.000 евра од Детска клиника appeared first on Република.

]]>
Почина 5-годишно девојче на Детската клиника https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-5-godishno-devojche-na-detskata-klinika/ Thu, 07 Nov 2024 17:12:53 +0000 https://republika.mk/?p=835256

Петгодишно девојче почина од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести, пренесува „Сител“. Од клиниката информираат дека девојчето од Скопје кај нив било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка. Најпрвин било лекувано на одделот за неврологија, но минатата недела состојба ѝ се влошила и ја префрлиле на одделот за интензивна нега каде ѝ била направена и интубација, но како што велат од Клиниката, и покрај сите напори на медицинскиот кадар не успеале да го спасат детето кое развило менинго-енцефалит, а завчера констатирале смрт.

За еден месец ова е трет смртен случај на дете на Клиниката за детски болести. За 14-месечното девојче од Грчец се уште се води постапка за утврдување на евентуална лекарска одговорност, а за новороденчето од Струмица ДСЗИ согласно нивните надлежности не констатираше пропусти во лекувањето.

Засега нема информации дали и каде било лекувано 5 –годишното девојче пред да биде донесено на Детска. Од ДСЗИ информираат дека и за овој случај ќе извршат вонреден инспекциски надзор, по што ќе ја информираат јавноста за фактичката состојба околу третманот на починато дете.

The post Почина 5-годишно девојче на Детската клиника appeared first on Република.

]]>

Петгодишно девојче почина од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести, пренесува „Сител“. Од клиниката информираат дека девојчето од Скопје кај нив било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка. Најпрвин било лекувано на одделот за неврологија, но минатата недела состојба ѝ се влошила и ја префрлиле на одделот за интензивна нега каде ѝ била направена и интубација, но како што велат од Клиниката, и покрај сите напори на медицинскиот кадар не успеале да го спасат детето кое развило менинго-енцефалит, а завчера констатирале смрт. За еден месец ова е трет смртен случај на дете на Клиниката за детски болести. За 14-месечното девојче од Грчец се уште се води постапка за утврдување на евентуална лекарска одговорност, а за новороденчето од Струмица ДСЗИ согласно нивните надлежности не констатираше пропусти во лекувањето. Засега нема информации дали и каде било лекувано 5 –годишното девојче пред да биде донесено на Детска. Од ДСЗИ информираат дека и за овој случај ќе извршат вонреден инспекциски надзор, по што ќе ја информираат јавноста за фактичката состојба околу третманот на починато дете.

The post Почина 5-годишно девојче на Детската клиника appeared first on Република.

]]>
Бебе родено пред осум дена починало на Детска клиника https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bebe-rodeno-pred-osum-dena-pochinalo-na-detska-klinika/ Sat, 02 Nov 2024 20:43:14 +0000 https://republika.mk/?p=833609

Бебе старо само осум дена починало вчера на Детската клиника во Скопје, откако било донесено од Струмица во тешка здравствена состојба, потврдуваат од Клиниката. Според првичните информациите, станува збор за предвремено родено дете со мала тежина, кое страдало од тешка сепса.

Директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди, одбил да даде конкретни информации, а притоа рекол дека секојдневно низ Клиниките во земјава умираат деца.

Минатиот месец четиринаесетмесечно бебе почина на Клиниката, по што двајца лекари беа суспендирани.

The post Бебе родено пред осум дена починало на Детска клиника appeared first on Република.

]]>

Бебе старо само осум дена починало вчера на Детската клиника во Скопје, откако било донесено од Струмица во тешка здравствена состојба, потврдуваат од Клиниката. Според првичните информациите, станува збор за предвремено родено дете со мала тежина, кое страдало од тешка сепса. Директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди, одбил да даде конкретни информации, а притоа рекол дека секојдневно низ Клиниките во земјава умираат деца. Минатиот месец четиринаесетмесечно бебе почина на Клиниката, по што двајца лекари беа суспендирани.

The post Бебе родено пред осум дена починало на Детска клиника appeared first on Република.

]]>
Привремено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за нив се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/privremeno-otstraneti-dvajtsa-doktori-od-detska-klinika-za-niv-se-vodi-distsiplinska-postapka-za-smrtta-na-14-mesechnoto-bebe/ Fri, 18 Oct 2024 17:19:35 +0000 https://republika.mk/?p=828577

Директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди, околу случајот со смртта на 14-месечното бебе, донесе решение за времено отстранување на двајца здравствени работници - доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка, согласно член 192 став 2 од Законот за здравствена заштита, до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка.

За одлуката попладнево информираа од Детската клиника.

Врз основа на извештајот на Комисијата за стручен надзор, формирана од Министерството за здравство, во врска со случајот на починатото 14-месечно дете, каде се констатирани елементи на лекарски пропуст, согласно член 187 од ЗЗЗ и чл.30 од Статутот на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести - Скопје, в.д директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести на ден 18.10.2024 година, донесе одлука за формирање Комисија за водење на дисциплинска постапка и поднесе пријава за утврдување на дисциплинска одговорност за сторен дисциплински престап на здравствените работници- двајца доктори специјалисти кои биле дежурни и извршиле преглед на малото дете на ден 03.10.2024 година, наведуваат од Клиниката.

При направениот стручен надзор во Клиниката за детски болести и во Клиниката за респираторни болести кај децата - „Козле“, се констатирани одредени недостатоци и тоа системски, технички од аспект на опрема и стручни, информираше министерот за здравство Арбен Таравари во понеделникот.

Зборувајќи за овие две клиники во Скопје, тој соопшти дека во делот на системски недостатоци, констатирано е непостоење на препораки или алгоритми за тријажа на пациентите при прием и понатамошен третман.

Исто така, констатирана е потреба од континуирана обука на докторите на Клиниката за детски болести за срцево-респираторна поддршка. Во однос на техничките недостатоци, во „Козле“ е констатирана потреба од соодветна апаратура за пружање респираторна поддршка - инвазивна и неинвазивна, појасни Таравари.

Министерот додаде дека, исто така, констатирана е потреба од обезбедување видео-ларингоскоп за Детската клиника, како и унапредување во делот на организирање на транспортот на пациентите од една до друга установа.

Од аспект на стручни забелешки, Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потребата од хоспитализација при вториот преглед на бебето на Клиниката извршен на 03.10, додека во Козле е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии и третманот, рече Таравари.

Вчера пак, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, тој кажа дека се надева оти двајцата директори ќе преземат некакви мерки. Министерот подвлече дека очекува да има некаква одговорност.

Како министер, не сум судија, ниту обвинител. Како министер, ангажирав комисија и тоа мислам компетентна, што даде детален извештај што се случило, сега извештајот е испратен до клиниките. Чекаме да видиме како ќе постапат директорите. Понатаму, ние можеме да постапиме врз директорите, меѓутоа, врз вработените ... нема никаде, министерот да избрка од работа. Треба Министерството и министерот да инсистираат за директорите да преземат одредени мерки за тие доктори кои направиле некаков тип, да речам, ако не речам - грешка, меѓутоа, превид. Така констатиравме заедно со комисијата, дека е направен превид, одговори Таравари.

The post Привремено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за нив се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе appeared first on Република.

]]>

Директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди, околу случајот со смртта на 14-месечното бебе, донесе решение за времено отстранување на двајца здравствени работници - доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка, согласно член 192 став 2 од Законот за здравствена заштита, до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка. За одлуката попладнево информираа од Детската клиника.
Врз основа на извештајот на Комисијата за стручен надзор, формирана од Министерството за здравство, во врска со случајот на починатото 14-месечно дете, каде се констатирани елементи на лекарски пропуст, согласно член 187 од ЗЗЗ и чл.30 од Статутот на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести - Скопје, в.д директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести на ден 18.10.2024 година, донесе одлука за формирање Комисија за водење на дисциплинска постапка и поднесе пријава за утврдување на дисциплинска одговорност за сторен дисциплински престап на здравствените работници- двајца доктори специјалисти кои биле дежурни и извршиле преглед на малото дете на ден 03.10.2024 година, наведуваат од Клиниката.
При направениот стручен надзор во Клиниката за детски болести и во Клиниката за респираторни болести кај децата - „Козле“, се констатирани одредени недостатоци и тоа системски, технички од аспект на опрема и стручни, информираше министерот за здравство Арбен Таравари во понеделникот. Зборувајќи за овие две клиники во Скопје, тој соопшти дека во делот на системски недостатоци, констатирано е непостоење на препораки или алгоритми за тријажа на пациентите при прием и понатамошен третман.
Исто така, констатирана е потреба од континуирана обука на докторите на Клиниката за детски болести за срцево-респираторна поддршка. Во однос на техничките недостатоци, во „Козле“ е констатирана потреба од соодветна апаратура за пружање респираторна поддршка - инвазивна и неинвазивна, појасни Таравари.
Министерот додаде дека, исто така, констатирана е потреба од обезбедување видео-ларингоскоп за Детската клиника, како и унапредување во делот на организирање на транспортот на пациентите од една до друга установа.
Од аспект на стручни забелешки, Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потребата од хоспитализација при вториот преглед на бебето на Клиниката извршен на 03.10, додека во Козле е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии и третманот, рече Таравари.
Вчера пак, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, тој кажа дека се надева оти двајцата директори ќе преземат некакви мерки. Министерот подвлече дека очекува да има некаква одговорност.
Како министер, не сум судија, ниту обвинител. Како министер, ангажирав комисија и тоа мислам компетентна, што даде детален извештај што се случило, сега извештајот е испратен до клиниките. Чекаме да видиме како ќе постапат директорите. Понатаму, ние можеме да постапиме врз директорите, меѓутоа, врз вработените ... нема никаде, министерот да избрка од работа. Треба Министерството и министерот да инсистираат за директорите да преземат одредени мерки за тие доктори кои направиле некаков тип, да речам, ако не речам - грешка, меѓутоа, превид. Така констатиравме заедно со комисијата, дека е направен превид, одговори Таравари.

The post Привремено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за нив се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе appeared first on Република.

]]>
Инспектори од ДСЗИ извршиле вонреден надзор на Детската клиника во врска со починатото 14-месечно бебе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/inspektori-od-dszi-izvrshile-vonreden-nadzor-na-detskata-klinika-vo-vrska-so-pochinatoto-14-mesechno-bebe/ Mon, 07 Oct 2024 18:19:07 +0000 https://republika.mk/?p=823947

Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска во просториите на Универзитетската клиника за детски болести извршиле вонреден надзор на целокупната документација и земале изјави од сите лекари инволвирани во случајот со починатото 14-месечно бебе.

Стручната истрага продолжува сѐ до расветлување на случајот, се наведува во соопштението, објавено на веб-страницата на Детската клиника.

Министерот за здравство Арбен Таравари во изјава за медиуми попладнево рече дека утринава имал состанок со директорот на ДСЗИ и дека инспектори вршат инспекциски надзор на Детската клиника и на Клиниката за респираторни заболувања кај деца „Козле“.

Паралелно со вонредниот инспекциски надзор од ДСЗИ, формирана е и комисијата при Министерството за здравство која треба да го расчисти случајот.

Вчера, министерот Таравари во изјава за медиумите рече дека имал информации за одбиена хоспитализација на бебето но, дека детали очекува од Комисијата за стручен надзор. Одговорност, според министерот, мора да има.

Вратено било, за жал. Дали поради лекарска грешка или незнаење, треба да се констатира. Дефинитивно треба да има одговорност. Меѓутоа не очекувајте од мене уште денес да судам како било. Дозволете компетентните органи да испитаат сѐ во детали. На крајот, некој мора да сноси одговорност кога има вакви трагични случаи. Дојдени биле двајца анестезиолози вечерта кога починало детето, имало обид да се интубира, но, со ниска сатурација и аритмија било проблем, изјави вчера Таравари.

Од опозицискиот Европски фронт денеска побараа оставка од министерот Таравари.

Ниту министерот Таравари, кој е целосно збунет шетајќи низ населбите и градовите во обид да му ги украде партиските печати на АА на неговиот поранешен претседател Зијадин Села, не чувствува никаква морална одговорност и морална мотивација да се однесува како човек во ваква ситуација. Напротив, тој има тенденција да ја релативизира целата оваа ситуација, што во нормална држава ќе резултираше не само со негова оставка и оставка на неспособниот директор Мемеди. Апелираме до вас Арбен да си одите - рече пратеничката Дијана Тоска.

The post Инспектори од ДСЗИ извршиле вонреден надзор на Детската клиника во врска со починатото 14-месечно бебе appeared first on Република.

]]>

Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска во просториите на Универзитетската клиника за детски болести извршиле вонреден надзор на целокупната документација и земале изјави од сите лекари инволвирани во случајот со починатото 14-месечно бебе. Стручната истрага продолжува сѐ до расветлување на случајот, се наведува во соопштението, објавено на веб-страницата на Детската клиника. Министерот за здравство Арбен Таравари во изјава за медиуми попладнево рече дека утринава имал состанок со директорот на ДСЗИ и дека инспектори вршат инспекциски надзор на Детската клиника и на Клиниката за респираторни заболувања кај деца „Козле“. Паралелно со вонредниот инспекциски надзор од ДСЗИ, формирана е и комисијата при Министерството за здравство која треба да го расчисти случајот. Вчера, министерот Таравари во изјава за медиумите рече дека имал информации за одбиена хоспитализација на бебето но, дека детали очекува од Комисијата за стручен надзор. Одговорност, според министерот, мора да има. Вратено било, за жал. Дали поради лекарска грешка или незнаење, треба да се констатира. Дефинитивно треба да има одговорност. Меѓутоа не очекувајте од мене уште денес да судам како било. Дозволете компетентните органи да испитаат сѐ во детали. На крајот, некој мора да сноси одговорност кога има вакви трагични случаи. Дојдени биле двајца анестезиолози вечерта кога починало детето, имало обид да се интубира, но, со ниска сатурација и аритмија било проблем, изјави вчера Таравари. Од опозицискиот Европски фронт денеска побараа оставка од министерот Таравари.
Ниту министерот Таравари, кој е целосно збунет шетајќи низ населбите и градовите во обид да му ги украде партиските печати на АА на неговиот поранешен претседател Зијадин Села, не чувствува никаква морална одговорност и морална мотивација да се однесува како човек во ваква ситуација. Напротив, тој има тенденција да ја релативизира целата оваа ситуација, што во нормална држава ќе резултираше не само со негова оставка и оставка на неспособниот директор Мемеди. Апелираме до вас Арбен да си одите - рече пратеничката Дијана Тоска.

The post Инспектори од ДСЗИ извршиле вонреден надзор на Детската клиника во врска со починатото 14-месечно бебе appeared first on Република.

]]>
По починатотот бебе, ДСЗИ најавува вонреден инспекциски надзор во Детската Клиника и Козле https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/po-pochinatotot-bebe-dszi-najavuva-vonreden-inspektsiski-nadzor-vo-detskata-klinika-i-kozle/ Sat, 05 Oct 2024 11:22:29 +0000 https://republika.mk/?p=823051

Државниот здравствен и санитарен инспекторат најавува дека ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Детската Клиника и во ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле, поради тоа што таму почина бебе за кое родителите тврдат дека било одбивано да биде хоспитализирано иако неколку пати го носеле во Детската Клиника.

Од ДСЗИ велат дека надзорот ќе го прават во присуство на докторите.

Со цел да се утврди вистинитоста за евентуалните пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица во здравствените установи како и лекарите кои учествувале во претходното пружање на здравствена заштита. Обезбедената медицинска документација и изјавите на здравствените работници ќе бидат проследени до министерот за здравство и ќе се иницира формирање комисија за стручен надзор, велат од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Најавата да ДЗСИ доаѓа откако еано утринава на Клиниката за детски болести во Клинички центар „Мајка Тереза” во Скопје, починало 14-месечно женско бебе. МВР денеска потврди дека има починатот дете, а неговиот татко, според информациите од полицијата, по добиената информација кршел низ болницата.

„Слободен печат” објави дека бебето било неколку пати одбивано за хоспитализација, иако родителите го носеле во болницата. Секогаш било пуштано дома, без да биде хоспитализирано. Гледајќи дека се одбивани за хоспитален третман, родителите го однеле во Клиниката Козле, од каде состојбата му се влошила и дури тогаш било примено во одделението за интензивна нега на Детската Клиника.

https://republika.mk/zivot/zdravje/14-mesechno-bebe-pochinalo-na-detska-klinika-tatkoto-tvrdi-deka-nekolku-pati-bilo-vrakano-doma-pred-da-bide-hospitalizirano/

The post По починатотот бебе, ДСЗИ најавува вонреден инспекциски надзор во Детската Клиника и Козле appeared first on Република.

]]>

Државниот здравствен и санитарен инспекторат најавува дека ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Детската Клиника и во ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле, поради тоа што таму почина бебе за кое родителите тврдат дека било одбивано да биде хоспитализирано иако неколку пати го носеле во Детската Клиника. Од ДСЗИ велат дека надзорот ќе го прават во присуство на докторите.
Со цел да се утврди вистинитоста за евентуалните пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица во здравствените установи како и лекарите кои учествувале во претходното пружање на здравствена заштита. Обезбедената медицинска документација и изјавите на здравствените работници ќе бидат проследени до министерот за здравство и ќе се иницира формирање комисија за стручен надзор, велат од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.
Најавата да ДЗСИ доаѓа откако еано утринава на Клиниката за детски болести во Клинички центар „Мајка Тереза” во Скопје, починало 14-месечно женско бебе. МВР денеска потврди дека има починатот дете, а неговиот татко, според информациите од полицијата, по добиената информација кршел низ болницата. „Слободен печат” објави дека бебето било неколку пати одбивано за хоспитализација, иако родителите го носеле во болницата. Секогаш било пуштано дома, без да биде хоспитализирано. Гледајќи дека се одбивани за хоспитален третман, родителите го однеле во Клиниката Козле, од каде состојбата му се влошила и дури тогаш било примено во одделението за интензивна нега на Детската Клиника.   https://republika.mk/zivot/zdravje/14-mesechno-bebe-pochinalo-na-detska-klinika-tatkoto-tvrdi-deka-nekolku-pati-bilo-vrakano-doma-pred-da-bide-hospitalizirano/

The post По починатотот бебе, ДСЗИ најавува вонреден инспекциски надзор во Детската Клиника и Козле appeared first on Република.

]]>
14-месечно бебе починало на Детска клиника, таткото тврди дека неколку пати било враќано дома пред да биде хоспитализирано https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/14-mesechno-bebe-pochinalo-na-detska-klinika-tatkoto-tvrdi-deka-nekolku-pati-bilo-vrakano-doma-pred-da-bide-hospitalizirano/ Sat, 05 Oct 2024 10:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=823031

Рано утринава на Клиниката за детски болести во Клинички центар „Мајка Тереза” во Скопје, починало 14-месечно женско бебе. МВР денеска потврди дека има починатот дете, а неговиот татко, според информациите од полицијата, по добиената информација кршел низ болницата. „Слободен печат” објави дека бебето било неколку пати одбивано за хоспитализација, иако родителите го носеле во болницата. Секогаш било пуштано дома, без да биде хоспитализирано. Гледајќи дека се одбивани за хоспитален третман, родителите го однеле во Клиниката Козле, од каде состојбата му се влошила и дури тогаш било примено во одделението за интензивна нега на Детската Клиника.

Таткото на починатото девојче, Р.С. за Слободен печат изјавил дека поседува видео снимка од доктор, која ја снимил ноќеска во Детската Клиника, на која го прашува докторот дали за неговото дете имало спас, доколку било навремено хоспитализирано, на што докторот му дал потврден одговор. Таткото бил исклучително вознемирен и како што и самиот ни кажа, утринава го скршил компјутерот со глава на Детската Клиника после што дошла и полиција. Според неговите зборови наишол на разбирање од полициските службеници, бидејќи и тие прашале зошто бебето навремено не било хоспитализирано.

Таткото во телефонски разговор со Слободен печат рекол дека телото на бебето е дадено на обдукција и дека по судски пат ќе ги гони одговорните за оваа трагедија. Извори од клиниката неофицијално велат дека бебето било примено силно тахикардично, со 70 проценти сатурација, а дадената дијагноза била бронхолитис, односно бронхопневмонија масива.

-Три пати ја носевме на Детска Клиника, цело време ни велеа, терајте дома, терајте дома, терајте дома. Потоа од Козле каде што ја задржаа ќерка ми ја префрлија на Детска Клиника за хоспитализација. Утринава околу пет часот не кажуваа што се случува не даваа никаква информација. Само потоа гледам, починато. Три дена бевме таму и јас и брат ми, цело време ни велеа добро е и носете ја дома, нема потреба да ја држиме тука. Имам снимка од докторот каде го прашувам дали ако го држевте моето дете тука, ќе имаше спас за него, а каде тој вели „имаше спас, ама не било примено”. Утринава имаше полиција таму, зашто го скршив компјутерот со глава во цел стрес, што чекаат, да носам цвеќе?, изјави таткото на починатото 14 месечно девојче, Р.С. за Слободен печат.

Директорот на Клиниката доктор Реџеп Мемеди во телефонски разговор со Слободен печат потврди дека почнало бебе рано утринава, но дека сите органи работат на утврдување на причините.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bebe-pochinalo-na-detska-klinika-tatkoto-krshel-niz-bolnichkite-hodnitsi/

The post 14-месечно бебе починало на Детска клиника, таткото тврди дека неколку пати било враќано дома пред да биде хоспитализирано appeared first on Република.

]]>

Рано утринава на Клиниката за детски болести во Клинички центар „Мајка Тереза” во Скопје, починало 14-месечно женско бебе. МВР денеска потврди дека има починатот дете, а неговиот татко, според информациите од полицијата, по добиената информација кршел низ болницата. „Слободен печат” објави дека бебето било неколку пати одбивано за хоспитализација, иако родителите го носеле во болницата. Секогаш било пуштано дома, без да биде хоспитализирано. Гледајќи дека се одбивани за хоспитален третман, родителите го однеле во Клиниката Козле, од каде состојбата му се влошила и дури тогаш било примено во одделението за интензивна нега на Детската Клиника. Таткото на починатото девојче, Р.С. за Слободен печат изјавил дека поседува видео снимка од доктор, која ја снимил ноќеска во Детската Клиника, на која го прашува докторот дали за неговото дете имало спас, доколку било навремено хоспитализирано, на што докторот му дал потврден одговор. Таткото бил исклучително вознемирен и како што и самиот ни кажа, утринава го скршил компјутерот со глава на Детската Клиника после што дошла и полиција. Според неговите зборови наишол на разбирање од полициските службеници, бидејќи и тие прашале зошто бебето навремено не било хоспитализирано. Таткото во телефонски разговор со Слободен печат рекол дека телото на бебето е дадено на обдукција и дека по судски пат ќе ги гони одговорните за оваа трагедија. Извори од клиниката неофицијално велат дека бебето било примено силно тахикардично, со 70 проценти сатурација, а дадената дијагноза била бронхолитис, односно бронхопневмонија масива.
-Три пати ја носевме на Детска Клиника, цело време ни велеа, терајте дома, терајте дома, терајте дома. Потоа од Козле каде што ја задржаа ќерка ми ја префрлија на Детска Клиника за хоспитализација. Утринава околу пет часот не кажуваа што се случува не даваа никаква информација. Само потоа гледам, починато. Три дена бевме таму и јас и брат ми, цело време ни велеа добро е и носете ја дома, нема потреба да ја држиме тука. Имам снимка од докторот каде го прашувам дали ако го држевте моето дете тука, ќе имаше спас за него, а каде тој вели „имаше спас, ама не било примено”. Утринава имаше полиција таму, зашто го скршив компјутерот со глава во цел стрес, што чекаат, да носам цвеќе?, изјави таткото на починатото 14 месечно девојче, Р.С. за Слободен печат.
Директорот на Клиниката доктор Реџеп Мемеди во телефонски разговор со Слободен печат потврди дека почнало бебе рано утринава, но дека сите органи работат на утврдување на причините.   https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bebe-pochinalo-na-detska-klinika-tatkoto-krshel-niz-bolnichkite-hodnitsi/

The post 14-месечно бебе починало на Детска клиника, таткото тврди дека неколку пати било враќано дома пред да биде хоспитализирано appeared first on Република.

]]>
Бебе починало на Детска клиника, таткото кршел низ болничките ходници https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/bebe-pochinalo-na-detska-klinika-tatkoto-krshel-niz-bolnichkite-hodnitsi/ Sat, 05 Oct 2024 10:47:11 +0000 https://republika.mk/?p=823028

Околу 04.50 часот на Детската клиника во Клинички центар „Мајка Тереза“, (В.С.) 29-годишен маж од село Гошинце и неговиот брат оштетиле инвентар во болницата откако починала едногодишната ќерка на В.С., информира МВР.

Бебето било донесено со Итна медицинска помош во болницата околу 03.45 часот.

The post Бебе починало на Детска клиника, таткото кршел низ болничките ходници appeared first on Република.

]]>

Околу 04.50 часот на Детската клиника во Клинички центар „Мајка Тереза“, (В.С.) 29-годишен маж од село Гошинце и неговиот брат оштетиле инвентар во болницата откако починала едногодишната ќерка на В.С., информира МВР. Бебето било донесено со Итна медицинска помош во болницата околу 03.45 часот.

The post Бебе починало на Детска клиника, таткото кршел низ болничките ходници appeared first on Република.

]]>
Деветгодишно дете од „Ѓорѓија Пулевски“ побарало лекарска помош на Детската клиника https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/devetgodishno-dete-od-gorgija-pulevski-pobaralo-lekarska-pomosh-na-detskata-klinika/ Fri, 27 Sep 2024 14:56:58 +0000 https://republika.mk/?p=820350

Деветгодишно дете од Основното општинско училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската општина Аеродром, со стомачни тегоби побарало помош на Детската клиника во Скопје.

Директорот на Клиниката Реџеп Мемеди во изјава за МИА вели дека детето било лесно дехидрирано и дека ќе се третира амбулантски.

Претходно, директорот на училиштето Александар Филипчев во изјава за медиумите рече дека од 360 ученици кои се хранат во целодневна настава, околу 140 ученици се со исти или слични симптоми.

- Во раните утрински часови одреден број од наставниците пријавија зголемен број отсутни ученици со исти симптоми. Како училиште веднаш ја затворивме кујната, го спречивме топлиот оброк, дел од учениците од целодневна настава беа испратени дома бидејќи не може да останат долго време без топол оброк. Од 360 ученици кои се хранат во целодневна настава, околу 140 ученици се со исти, слични симптоми, изјави Филипчев.

Случајот е пријавен до надлежните институции и според директорот на училиштето извршен е вонреден инспекциски надзор.

The post Деветгодишно дете од „Ѓорѓија Пулевски“ побарало лекарска помош на Детската клиника appeared first on Република.

]]>

Деветгодишно дете од Основното општинско училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската општина Аеродром, со стомачни тегоби побарало помош на Детската клиника во Скопје. Директорот на Клиниката Реџеп Мемеди во изјава за МИА вели дека детето било лесно дехидрирано и дека ќе се третира амбулантски. Претходно, директорот на училиштето Александар Филипчев во изјава за медиумите рече дека од 360 ученици кои се хранат во целодневна настава, околу 140 ученици се со исти или слични симптоми. - Во раните утрински часови одреден број од наставниците пријавија зголемен број отсутни ученици со исти симптоми. Како училиште веднаш ја затворивме кујната, го спречивме топлиот оброк, дел од учениците од целодневна настава беа испратени дома бидејќи не може да останат долго време без топол оброк. Од 360 ученици кои се хранат во целодневна настава, околу 140 ученици се со исти, слични симптоми, изјави Филипчев. Случајот е пријавен до надлежните институции и според директорот на училиштето извршен е вонреден инспекциски надзор.

The post Деветгодишно дете од „Ѓорѓија Пулевски“ побарало лекарска помош на Детската клиника appeared first on Република.

]]>
ЦУК ги собра институциите за да најдат решение за паднатиот потпорен ѕид кај Детската клиника во Клиничкиот центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/tsuk-gi-sobra-institutsiite-za-da-najdat-reshenie-za-padnatiot-potporen-zid-kaj-detskata-klinika-vo-klinichkiot-tsentar/ Fri, 27 Sep 2024 13:39:45 +0000 https://republika.mk/?p=820331

Денеска, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов одржа координативен состанок за проблемот со одронот и рушењето на потпорниот ѕид на улица „Белградска“ кај ЈЗУ УК Клиника за детски болести – Скопје, според налогот за вршење заеднички вонреден инспекциски надзор, со високи претставници на Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и со Државен инспекторат за градежништво и урбанизам. На координативниот состанок зедоа учество и претставници на одделението за инспекциски надѕор на ЦУК. Заедничкиот координативен состанок, согласно Законот за инспекциски надзор беше организиран по задолжение на Инспекцискиот совет, а во организација на ЦУК, според задолжувањето на субјектите да се спроведе заеднички вонреден инспекциски надѕор над наводите за загрозување по животот и здравјето на луѓето и по материјалните добра што се предизвикани од подземните води, одрон и рушење на потпорниот ѕид, како и отворени подземни кабли под напон под конкретната улица.

На координативниот состанок беа донесени неколку заклучока по коишто ќе постапуваат дел од присутните субјекти: да се провери состојбата и реализацијата на Решението издадено од градежниот инспекторат од Општина Центар; Државниот инспекторат за енергетика да ја провери и констатира опасноста од подземните кабли што се под напон, а сега се гледаат (во соработка со ЕВН) и одделението за инспекциски надѕор од ЦУК да оствари дополнителна средба со Државниот комунален инспекторат, бидејќи не беа присутни на состанокот, за да изврши координација на темата „одржување на постојниот канал со шахти што се руинирани и не се функционални, а истиот не е предмет на одржување на ЈП „Водовод и Канализација„ на Град Скопје.

Инаку, ваквите координативни состаноци во ЦУК за отстранување опасности се во прилог на праксата и превенцијата дека кога ќе седнат од повеќе институции на координативен состанок, како во случајов во ЦУК, решенијата ги опфаќаат повеќеслојните проблеми што и не се веднаш видливи, а формално и неформално од повеќе агли има можност за изнаоѓање конкретно решение за отстранување опасности од проблем „стар“ околу 50 години.

The post ЦУК ги собра институциите за да најдат решение за паднатиот потпорен ѕид кај Детската клиника во Клиничкиот центар appeared first on Република.

]]>

Денеска, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов одржа координативен состанок за проблемот со одронот и рушењето на потпорниот ѕид на улица „Белградска“ кај ЈЗУ УК Клиника за детски болести – Скопје, според налогот за вршење заеднички вонреден инспекциски надзор, со високи претставници на Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и со Државен инспекторат за градежништво и урбанизам. На координативниот состанок зедоа учество и претставници на одделението за инспекциски надѕор на ЦУК. Заедничкиот координативен состанок, согласно Законот за инспекциски надзор беше организиран по задолжение на Инспекцискиот совет, а во организација на ЦУК, според задолжувањето на субјектите да се спроведе заеднички вонреден инспекциски надѕор над наводите за загрозување по животот и здравјето на луѓето и по материјалните добра што се предизвикани од подземните води, одрон и рушење на потпорниот ѕид, како и отворени подземни кабли под напон под конкретната улица. На координативниот состанок беа донесени неколку заклучока по коишто ќе постапуваат дел од присутните субјекти: да се провери состојбата и реализацијата на Решението издадено од градежниот инспекторат од Општина Центар; Државниот инспекторат за енергетика да ја провери и констатира опасноста од подземните кабли што се под напон, а сега се гледаат (во соработка со ЕВН) и одделението за инспекциски надѕор од ЦУК да оствари дополнителна средба со Државниот комунален инспекторат, бидејќи не беа присутни на состанокот, за да изврши координација на темата „одржување на постојниот канал со шахти што се руинирани и не се функционални, а истиот не е предмет на одржување на ЈП „Водовод и Канализација„ на Град Скопје. Инаку, ваквите координативни состаноци во ЦУК за отстранување опасности се во прилог на праксата и превенцијата дека кога ќе седнат од повеќе институции на координативен состанок, како во случајов во ЦУК, решенијата ги опфаќаат повеќеслојните проблеми што и не се веднаш видливи, а формално и неформално од повеќе агли има можност за изнаоѓање конкретно решение за отстранување опасности од проблем „стар“ околу 50 години.

The post ЦУК ги собра институциите за да најдат решение за паднатиот потпорен ѕид кај Детската клиника во Клиничкиот центар appeared first on Република.

]]>
Медицинскиот кадар треба да биде многу внимателен со сите пациенти, без разлика на етничката припадност, а посебно со децата, смета министерот Таравари за случајот со бебето на Детска клиника https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/meditsinskiot-kadar-treba-da-bide-mnogu-vnimatelen-so-site-patsienti-bez-razlika-na-etnichkata-pripadnost-a-posebno-so-detsata-smeta-ministerot-taravari-za-sluchajot-so-bebeto-na-detska-klinika/ Tue, 16 Jul 2024 11:03:28 +0000 https://republika.mk/?p=797337

Министерот за здравство Арбен Таравари се уште го чека извештајот од Комисијата формирана на универзитетската Клиника за детски болести по повод случајот со тримесечното бебе со модринки по телото на оваа клиника, за што вчера само бил брифиран од новоназначениот директор на таа Клиника Реџеп Мемеди.

Јас вчера бев брифиран од директорот на Клиниката за педијатрија дека случајот е разгледан, разговарано е. Според него, повеќе е невнимание од сестрите со бебе кое што било немирно, меѓутоа не сакам дефинитивно да кажам оти немам писмено испратено. Меѓутоа, преземени се одредени дисциплински мерки и медицинскиот кадар треба да биде многу внимателен со сите пациенти без разлика на етничката припадност, а посебно со децата. Јас се надевам дека мерките што ќе ги преземе Комисијата заедно со директорот ќе се ефектуираат, а ако се повтори повторно, јас мислам дека тогаш веќе веднаш треба да се исклучи медицинскиот кадар. Некакви докази дека намерно тоа е направено нема, така што, јас кажав и на почетокот – да бидеме внимателни да ги слушнеме и двете страни. Не верувам дека постои здравствен работник којшто би бил подготвен да повреди дете од три месеци. Да бидеме внимтелни. Очекувам писмено да ги прочитам сите констатации од Комисијата од Клиниката за педијатрија па повторно ќе ве известам, рече Таравари во Собранието во изјава за медиумите каде учествуваше на седница на собраниската Комисија за здравство.

Прашан за кого се води дисциплинска постапка во врска со случајот, тој рече дека таа е покрената за две лица, од кои една е медицинска сестра.

Најверојатно за медицинска сестра и некој од болничарите. Меѓутоа, повторно не сум сигурен. Очекувам писмено да ми бидат испратени. Вчера бев брифиран само од директорот. За медицинската сестра знам сигурно, но за вториот не знам кој е, појасни Таравари.

Тој увери дека бил правилен неговиот потег без да се спроведе ваква постапка и проверка да го посети семејството на тримесечното бебе.

Апсолутно, јас ќе продолжам, ќе го посетувам секој пациент којшто ни пишува и лично и веќе знаете вибер и вацап што имаме во Министерството за пријавите во Министерството за здравство. Ние треба да постапуваме, да бидеме секогаш со пациентите, меѓутоа и со здравствените работници, така што ќе продолжам и понатаму. Освен трите или четири мобилни екипи сигурно ќе бидам присутен и јас на секој настан кај што гледам дека има некаква или сигурна неправилност од медицинскиот персонал или сомнеж за нерегуларно работење на медицинските работници, порача министерот Таравари.

По објавување на случајот, на Детската клиника била формирана Стручна комисија која треба да ги утврди сите факти во врска со овој случај и да открие дали модринките по телото на тримесечното бебе се последица на нехумано третирање или пак на неговата специфична здравствена состојба.

Семејството на тримесечното бебе обвини дека медицинска сестра од Детската клиника насилно постапувала со бебето поради етничка нетрпеливост. Од Здружението на медицински сестри апелираа да не се фрла сенка врз професијата и да не се генерализира, и нагласија дека очекуваат надлежните да излезат со вистински аргументи и факти за случајот.

The post Медицинскиот кадар треба да биде многу внимателен со сите пациенти, без разлика на етничката припадност, а посебно со децата, смета министерот Таравари за случајот со бебето на Детска клиника appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари се уште го чека извештајот од Комисијата формирана на универзитетската Клиника за детски болести по повод случајот со тримесечното бебе со модринки по телото на оваа клиника, за што вчера само бил брифиран од новоназначениот директор на таа Клиника Реџеп Мемеди.
Јас вчера бев брифиран од директорот на Клиниката за педијатрија дека случајот е разгледан, разговарано е. Според него, повеќе е невнимание од сестрите со бебе кое што било немирно, меѓутоа не сакам дефинитивно да кажам оти немам писмено испратено. Меѓутоа, преземени се одредени дисциплински мерки и медицинскиот кадар треба да биде многу внимателен со сите пациенти без разлика на етничката припадност, а посебно со децата. Јас се надевам дека мерките што ќе ги преземе Комисијата заедно со директорот ќе се ефектуираат, а ако се повтори повторно, јас мислам дека тогаш веќе веднаш треба да се исклучи медицинскиот кадар. Некакви докази дека намерно тоа е направено нема, така што, јас кажав и на почетокот – да бидеме внимателни да ги слушнеме и двете страни. Не верувам дека постои здравствен работник којшто би бил подготвен да повреди дете од три месеци. Да бидеме внимтелни. Очекувам писмено да ги прочитам сите констатации од Комисијата од Клиниката за педијатрија па повторно ќе ве известам, рече Таравари во Собранието во изјава за медиумите каде учествуваше на седница на собраниската Комисија за здравство.
Прашан за кого се води дисциплинска постапка во врска со случајот, тој рече дека таа е покрената за две лица, од кои една е медицинска сестра.
Најверојатно за медицинска сестра и некој од болничарите. Меѓутоа, повторно не сум сигурен. Очекувам писмено да ми бидат испратени. Вчера бев брифиран само од директорот. За медицинската сестра знам сигурно, но за вториот не знам кој е, појасни Таравари.
Тој увери дека бил правилен неговиот потег без да се спроведе ваква постапка и проверка да го посети семејството на тримесечното бебе.
Апсолутно, јас ќе продолжам, ќе го посетувам секој пациент којшто ни пишува и лично и веќе знаете вибер и вацап што имаме во Министерството за пријавите во Министерството за здравство. Ние треба да постапуваме, да бидеме секогаш со пациентите, меѓутоа и со здравствените работници, така што ќе продолжам и понатаму. Освен трите или четири мобилни екипи сигурно ќе бидам присутен и јас на секој настан кај што гледам дека има некаква или сигурна неправилност од медицинскиот персонал или сомнеж за нерегуларно работење на медицинските работници, порача министерот Таравари.
По објавување на случајот, на Детската клиника била формирана Стручна комисија која треба да ги утврди сите факти во врска со овој случај и да открие дали модринките по телото на тримесечното бебе се последица на нехумано третирање или пак на неговата специфична здравствена состојба. Семејството на тримесечното бебе обвини дека медицинска сестра од Детската клиника насилно постапувала со бебето поради етничка нетрпеливост. Од Здружението на медицински сестри апелираа да не се фрла сенка врз професијата и да не се генерализира, и нагласија дека очекуваат надлежните да излезат со вистински аргументи и факти за случајот.

The post Медицинскиот кадар треба да биде многу внимателен со сите пациенти, без разлика на етничката припадност, а посебно со децата, смета министерот Таравари за случајот со бебето на Детска клиника appeared first on Република.

]]>
Бешлиовска за тримесечното бебе со модринки: Со име и презиме да бидат прозвани сите кои згрешија за овој случај https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/beshliovska-za-trimesechnoto-bebe-so-modrinki-so-ime-i-prezime-da-bidat-prozvani-site-koi-zgreshija-za-ovoj-sluchaj/ Mon, 15 Jul 2024 13:26:20 +0000 https://republika.mk/?p=797097

Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ будно го следи случајот на тримесечното бебе со модринки по преглед на Детската клиника и очекува виновникот за целата ситуација дека ќе се посочи со име и презиме. Гордана Бешлиовска, претседателка на Здружението „За нас“ денес повика пред да се посочи вина кај кого било, да се почекаат податоците од стручната комисија формирана да го истражи случајот.

Будноста ни е оти очекуваме да се излезе со релевантни факти и аргументи за целокупната состојба. Во вој момент не гледаме и не согледуваме никаква вина, со оглед на тоа дека и министерот Таравари досега никогаш не ја посочи вината кон медицинската сестра се додека не излезе со адекватни податоци комисијата формирана да го увиди случајот. Вакви нерасчистени и недокажани случаи на нашата сестринска професија не смеат да фрлат никаква дамка. Не само за дигнитетот на нашата професија туку и за довербата на пациентите. За овој случај ќе се воздржиме се додека не ги добиеме релевантните аргументи од комисијата која очекуваме во текот на денешниот ден да излезе со податоци. Веруваме во институциите и веруваме во Министерството за здравство дека сепак целиот случај ќе оди во насока на правилно расчистување и име и презиме на виновникот за целата работа“, рече претседателката на Здружението, Бешлиовска.

Во однос на забелешките дека медицинската сестра го повредила тримесечното бебе кога му земала крв оти претходно имала расправија со мајката која не зборувала добро македонски јазик, Бешлиовска вели дека медицинските сестри во болниците не се бројат по национални реторики.

Се надеваме дека сите кои на некој начин погрешија и згрешија во оваа ситуација дека ќе бидат прозвани со име и презиме. Инцидентните случаи не смеат да ги генерализираат нештата и не смеат да одат во правец на нарушување на дигнитетот на професијата на сестрите и губење на довербата кај пациентите, вели Бешлиовска.

Таа потсети дека во Македонија има дефицит од медицински сестри оти постојано ја напуштаат земјата, но во моментов имаме 9200 медицински сестри за кои вели дека високопрофесионално си ја работат работата. Токму за расчистување на ваквите случаи Бешлиовска вели дека во структурите што тие редлагаат да биат воведени имаат и суд на честа и надзорен суд со кои секоја грешка треба да има име и презиме, а не генерализирање на состојбите.

The post Бешлиовска за тримесечното бебе со модринки: Со име и презиме да бидат прозвани сите кои згрешија за овој случај appeared first on Република.

Детската клиника Скопје доби сертификат за квалитет во работењето од надворешни оценувачи https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/detskata-klinika-skopje-dobi-sertifikat-za-kvalitet-vo-raboteneto-od-nadvoreshni-otsenuvachi/ Mon, 17 Jun 2024 07:51:14 +0000 https://republika.mk/?p=788312

Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести во Скопје, успешно го заврши процесот за акредитација за стандарди и критериуми за квалитет на здравствена дејност, со што се стекна со сертификат со важност од три години, информираат денеска од установата.

Како што појаснуваат, Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи (АКАЗУМ), на крајот на минатата недела го доделила сертификатот за акредитација на медицинскиот директор Валентина Цвејоска Чолаковска и на организацискиот директор Аркин Јахији, како и на членовите на тимот на Клиниката.

Цвејоска Чолаковска во писмената изјава појаснува дека ова е трета акредитација по ред на клиниката, инаку втора со период на важност од три години.

Со ова, нашата клиника го потврди и го докажа унапредувањето на квалитетот на своето работење, создавајќи што е можно подобри услови, процеси и процедури во насока на третманот на детското здравје и на организацијата на медицинските услуги. Изразувам огромна благодарност до сите вработени кои максимално, посветено и професионално работеа сите овие години да стигнеме до оваа цел, особено до членовите на тимовите и Комисијата за унапредување на квалитетот на здравствената дејност, наведува Цвејоска Чолаковска.

Детската клиника беше меѓу првите три акредитирани здравствени установи во државата, се додава во соопштението, откако пред десет години започна процесот на акредитација за квалитет на здравствени услуги преку АКАЗУМ.

Постапката за надворешно оценување на Детската клиника била спроведена од експертски тим - овластени надворешни оценувачи, назначени од Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи и тоа било реализирано во текот на втората половина на мај годинава.

Надворешното оценување претставува најважен дел од процесот на акредитација на здравствената установа, се истакнува во соопштението на Детската клиника.

The post Детската клиника Скопје доби сертификат за квалитет во работењето од надворешни оценувачи appeared first on Република.

]]>

Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести во Скопје, успешно го заврши процесот за акредитација за стандарди и критериуми за квалитет на здравствена дејност, со што се стекна со сертификат со важност од три години, информираат денеска од установата. Како што појаснуваат, Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи (АКАЗУМ), на крајот на минатата недела го доделила сертификатот за акредитација на медицинскиот директор Валентина Цвејоска Чолаковска и на организацискиот директор Аркин Јахији, како и на членовите на тимот на Клиниката. Цвејоска Чолаковска во писмената изјава појаснува дека ова е трета акредитација по ред на клиниката, инаку втора со период на важност од три години.
Со ова, нашата клиника го потврди и го докажа унапредувањето на квалитетот на своето работење, создавајќи што е можно подобри услови, процеси и процедури во насока на третманот на детското здравје и на организацијата на медицинските услуги. Изразувам огромна благодарност до сите вработени кои максимално, посветено и професионално работеа сите овие години да стигнеме до оваа цел, особено до членовите на тимовите и Комисијата за унапредување на квалитетот на здравствената дејност, наведува Цвејоска Чолаковска.
Детската клиника беше меѓу првите три акредитирани здравствени установи во државата, се додава во соопштението, откако пред десет години започна процесот на акредитација за квалитет на здравствени услуги преку АКАЗУМ. Постапката за надворешно оценување на Детската клиника била спроведена од експертски тим - овластени надворешни оценувачи, назначени од Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи и тоа било реализирано во текот на втората половина на мај годинава.
Надворешното оценување претставува најважен дел од процесот на акредитација на здравствената установа, се истакнува во соопштението на Детската клиника.
 
The post Детската клиника Скопје доби сертификат за квалитет во работењето од надворешни оценувачи appeared first on Република.

]]>
„Да подариме насмевка“ по шести пат на Детската клиника во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/da-podarime-nasmevka-po-shesti-pat-na-detskata-klinika-vo-skopje/ Sun, 17 Dec 2023 07:44:21 +0000 https://republika.mk/?p=723815

Под мотото „Да подариме насмевка“, по шести пат, тимот за одговор при катастрофи - тим за спасување на планина, во костимите на детските херои - Спајдермен, Бетмен, Мини и со помош на Дедо Мраз, денеска со јажиња ќе се спушти на Клиниката за детски болести во Скопје.

Станува збор за традиционална активност на Црвениот крст на град Скопје, а организаторите најавуваат дека малите пациенти ќе добијат и новогодишни пакетчиња.

Благодарност до Општинска организација на Црвен крст Центар за донираните пакетчиња и до „Анимација Бамбино“ за костимите и несебичниот ангажман околу овој проект, велат организаторите.

The post „Да подариме насмевка“ по шести пат на Детската клиника во Скопје appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Да подариме насмевка“, по шести пат, тимот за одговор при катастрофи - тим за спасување на планина, во костимите на детските херои - Спајдермен, Бетмен, Мини и со помош на Дедо Мраз, денеска со јажиња ќе се спушти на Клиниката за детски болести во Скопје. Станува збор за традиционална активност на Црвениот крст на град Скопје, а организаторите најавуваат дека малите пациенти ќе добијат и новогодишни пакетчиња.
Благодарност до Општинска организација на Црвен крст Центар за донираните пакетчиња и до „Анимација Бамбино“ за костимите и несебичниот ангажман околу овој проект, велат организаторите.

The post „Да подариме насмевка“ по шести пат на Детската клиника во Скопје appeared first on Република.

]]>
Двегодишно дете од Ресен почина на Детска клиника: Било позитивно на ковид со повеќе коморбидитети! https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dvegodishno-dete-od-resen-pochina-na-detska-klinika-bilo-pozitivno-na-kovid-so-poveke-komorbiditeti/ Sat, 16 Sep 2023 20:33:53 +0000 https://republika.mk/?p=682517

Двегодишно дете од Ресен, првично хоспитализирано во Битола, па препратено за Скопје, починало вечерва на Детската клиника оо ковид 19, дознава Слободен печат од свои болнички извори.

Смртта настапила во Ургентниот центар на Клиниката за детски болести, а детето било примено во 7 часот изутринава како итен случај од Битола и интубирано.

Според директорката на Клиниката, доктор Стојка Нацева Фуштиќ, ковид не е причина за лошиот исход, иако брзиот тест за ковид бил позитивен кај детето, а негативен кај мајката.

Детето нема медицинска историја кај нас, бидејќи фамилијата живее во Германија. Од податоците што ги добивме има сериозни претходно дијагностицирани состојби, белодробна хипертонија, трахеомалација, оперирана срцева маана ВСД, заостаток во моторниот развој. Ковид сигурно не е причина за лошиот исход. Брзиот тест за ковид бил позитивен кај детето, а негативен кај мајката - изјави доктор Фуштиќ за Слободен печат

The post Двегодишно дете од Ресен почина на Детска клиника: Било позитивно на ковид со повеќе коморбидитети! appeared first on Република.

Детска клиника: Пациентот со цистична фиброза Игор Пехчевски е стабилен, утре ќе биде пуштен дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/detska-klinika-patsientot-so-tsistichna-fibroza-igor-pehchevski-e-stabilen-utre-ke-bide-pushten-doma/ Fri, 14 Apr 2023 16:56:05 +0000 https://republika.mk/?p=630863

Поради интересот на јавноста околу здравствената состојба на Игор Пехчевски, пациентот со цистична фиброза за кого имаше информации дека е во критична состојба, денеска со информација се јавија од Универзитетска клиника за детски болести.

-Поради зачестените јавувања во медиумите и социјалните мрежи на пациентот со цистична фиброза И.П. и изјавите дека е во критична состојба , како одговорен доктор за неговото здравје додека е хоспитализиран на Универзитетската клиника за детски болести , сакам да изјавам следното: И.П. е во стабилна состојба, со умерено засегната белодробна функција (FEV1=70% од предвидениот) и е предвиден за испишување од клиниката утре (15.04.2023). Со спроведување на препишаните терапии и редовна физикална терапија, може да се одржува стабилен. Модулаторната терапија (Kaftrio во комбинација со Kalydeco) ќе започне да ја прима кога ќе биде достапна и за пациентите со умерена белодробна болест. Во првата фаза започнавме со терапија кај пациентите со потешка белодробна болест (FEV1 околу 40% од предвидениот), изјави в.д. директорката на Клиниката, проф. д-р Стојка Нацева Фуштиќ.

The post Детска клиника: Пациентот со цистична фиброза Игор Пехчевски е стабилен, утре ќе биде пуштен дома appeared first on Република.

Детето е изолирано, нема никаква опасност, вели директорката за случајот со овчи сипаници на Детска клиника https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deteto-e-izolirano-nema-nikakva-opasnost-veli-direktorkata-za-sluchajot-so-ovchi-sipanitsi-na-detska-klinika/ Tue, 21 Mar 2023 12:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=622055

Директорката на Детската клиника Стојка Нацева- Фуштиќ потврди дека кај нив е примено 17-годишно момче кое има овчи сипаници.

Нацева-Фуштиќ во изјава за МИА вели дека нема никаква опасност од детето бидејќи тоа е изолирано и има протоколи по кои се работи.

Станува збор за дете со церебрална парализа, неподвижно, на респираторна поддршка беше цел месец ипол на интензивна, пуштено е пред неколку дена, доаѓа тука со тешко дишење, интубирано е, сместено е на Одделот пулмологија во посебна контактна изолација. Таму се работи со посебна сестра, која носи заштитна опрема и мантил и маска, визер, ракавици. Има протоколи по кои се работи, нагласи Нацева-Фуштиќ.

Таа појасни дека се работи за 17 - годишник со 15 килограми и апелираше да се почитува приватноста на пациентите и да се внимава при пренесување на информации во јавноста.

The post Детето е изолирано, нема никаква опасност, вели директорката за случајот со овчи сипаници на Детска клиника appeared first on Република.

]]>

Директорката на Детската клиника Стојка Нацева- Фуштиќ потврди дека кај нив е примено 17-годишно момче кое има овчи сипаници. Нацева-Фуштиќ во изјава за МИА вели дека нема никаква опасност од детето бидејќи тоа е изолирано и има протоколи по кои се работи.
Станува збор за дете со церебрална парализа, неподвижно, на респираторна поддршка беше цел месец ипол на интензивна, пуштено е пред неколку дена, доаѓа тука со тешко дишење, интубирано е, сместено е на Одделот пулмологија во посебна контактна изолација. Таму се работи со посебна сестра, која носи заштитна опрема и мантил и маска, визер, ракавици. Има протоколи по кои се работи, нагласи Нацева-Фуштиќ.
Таа појасни дека се работи за 17 - годишник со 15 килограми и апелираше да се почитува приватноста на пациентите и да се внимава при пренесување на информации во јавноста.

The post Детето е изолирано, нема никаква опасност, вели директорката за случајот со овчи сипаници на Детска клиника appeared first on Република.

]]>
Младо момче со овчи сипаници примено на Интензивна, било во контакт со бебиња и критично болни https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/mlado-momche-so-ovchi-sipanitsi-primeno-na-intenzivna-bil-vo-kontakt-so-bebina-i-kritichno-bolni/ Mon, 20 Mar 2023 19:16:01 +0000 https://republika.mk/?p=621759

Шеснаесетгодишно дете, кое било заразено со варичела – овчи сипаници било хоспитализирано на скопската Клиника за детски болести, неофицијално дознава „Фокус“.

Наводно детето било примено на интензивна нега, а денес во текот на денот е изолирано на Одделот за пулмологија на истата клиника.

Нашите извори уште додаваат дека детето е во лоша здравствена состојба, а според резултатите е високо инфективно, односно во моментот има највисок степен на зараза. Но, тоа што е најстрашно во целата приказна е што детето вчера кога било примено веднаш било однесено на Интензивна, каде што било во контакт со сите бебиња и деца, кои лежат таму, а се најкритични и најтешко болни, со што се ставаат во опасност да им биде пренесена заразата, а на тој начин и животот им е во ризик, пишува Фокус.

Освен децата, во опасност од зараза е цел персонал, кој се движи низ сите одделенија и со самото тоа, опасноста од зараза е сериозна и за сите хоспитализирани деца во моментот.

Оттука, се поставуваат прашањата дали постои можност од епидемија од овчи сипаници на Детската клиника во Скопје? Дали постојаните протоколи се почитуваат, дали овие деца се изолираат и како е заштитен персоналот, кој работи со нив, со оглед на тоа што станува збор за една од најзаразните болести.

The post Младо момче со овчи сипаници примено на Интензивна, било во контакт со бебиња и критично болни appeared first on Република.

]]>

Шеснаесетгодишно дете, кое било заразено со варичела – овчи сипаници било хоспитализирано на скопската Клиника за детски болести, неофицијално дознава „Фокус“. Наводно детето било примено на интензивна нега, а денес во текот на денот е изолирано на Одделот за пулмологија на истата клиника.
Нашите извори уште додаваат дека детето е во лоша здравствена состојба, а според резултатите е високо инфективно, односно во моментот има највисок степен на зараза. Но, тоа што е најстрашно во целата приказна е што детето вчера кога било примено веднаш било однесено на Интензивна, каде што било во контакт со сите бебиња и деца, кои лежат таму, а се најкритични и најтешко болни, со што се ставаат во опасност да им биде пренесена заразата, а на тој начин и животот им е во ризик, пишува Фокус.
Освен децата, во опасност од зараза е цел персонал, кој се движи низ сите одделенија и со самото тоа, опасноста од зараза е сериозна и за сите хоспитализирани деца во моментот. Оттука, се поставуваат прашањата дали постои можност од епидемија од овчи сипаници на Детската клиника во Скопје? Дали постојаните протоколи се почитуваат, дали овие деца се изолираат и како е заштитен персоналот, кој работи со нив, со оглед на тоа што станува збор за една од најзаразните болести.

The post Младо момче со овчи сипаници примено на Интензивна, било во контакт со бебиња и критично болни appeared first on Република.

]]>
Детска клиника продолжува со дискриминација – таткото не може да биде придружник на болно дете https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/detska-klinika-prodolzhuva-so-diskriminatsija-tatkoto-ne-mozhe-da-bide-pridruzhnik-na-bolno-dete/ Tue, 28 Feb 2023 10:07:32 +0000 https://republika.mk/?p=614098

Ве известуваме дека со цел спречување на родова дискриминација, на ЈЗУ У Клиника за детски болести ќе се примаат и татковци придружници кога тоа е неопходно и доколку одделот има можност за тоа. Пациентот и таткото придружник треба да бидат сместени во соба каде исто така престојуваат пациент и татко придружник, доколку тоа го дозволува карактерот на болеста.

Ова е соопштение кое стои на огласната табла на Детска Клиника. Доаѓа откако Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) пред неколку месеци ѝ препорача на Клиниката за детски болести во Скопје во рок од 90 дена да ја отстрани дискриминаторската практика и да пронајде начин да овозможи услови татковците да ги придружуват своите хоспитализирани деца под еднакви услови и да имаат ист третман како и мајките на хоспитализираните деца.

Но дали ова се почитува во пракса или е само одлука на хартија, зошто хартијата трпи сѐ?! Родителите и понатаму се жалат дека имаат проблем затоа што не се дозволува таткото да биде придружник додека детето лежи во болница.

-Двете деца ми беа со висока температура која тешко се спушташе. Постарото и повраќаше поради што морав ноќта да го однесам на преглед. Сопругата остана дома со помалото. На Детска Клиника ми рекоа дека е дехидриран и мора да биде хоспитализиран. Реков дека јас ќе останам со него, но не ми дозволија под изговор дека има само еден слободен кревет, а во таа соба веќе лежи мајка. Морало да дојде мајката, која беше дома со мало дете со висока температура. Останав јас дома сам со мало болно дете, сопругата со големиот во болница иако сметав дека за детето дома кое е болно е подобро да остане со мајка му, а јас да бидам со поголемиот со оглед дека сепак во болница има доктори, сестри, нема да сум сам со болно дете. Но немало соба... Наводно. Сопругата беше сместена сама во соба со детето, сосема спротивно од она што ми го кажаа кога ги хоспитализираа. Очигледно во нивното соопштение она „ ќе се примаат и татковци придружници кога тоа е неопходно и доколку одделот има можност за тоа“ е ставено за изговор за да не се примаат татковци. Праксата со родова дискриминација немаат намера да ја променат - вели татко на 6 годишно дете кое било хоспитализирано.

Тој не е единствениот кој се соочил со ваков проблем. Мајка на бебе раскажува дека била приморана да го остави бебето, доенче дома, затоа што болницата не дозволила таткото да лежи со болно дете.

-Имам три деца, едно доенче. Најстарото се разболе и мораше да биде хоспитализирано. Сметавме дека е најдобро таткото да остане со него, а јас да бидам дома со останатите две, од кои едното неполни 3 години, другото неполна година. Но не ни дозволија, немало соба во која може татко да биде сместен. А имаше празни соби на катот каде што бев сместена. Прашав, ми креваа раменици, не знаеле зошто дежурниот доктор кој не хоспитализираше проценил дека нема услови таткото да биде придружник - изјавува мајка на хоспитализирано дете.

Со истиот проблем се соочило и семејство со дете со пречки во развој. Се работи за 7 годишно детенце, на кое му треба помош при движење, станување, одење во тоалет.

-Детето веќе е големо и е тешко за кревање. Мајка му доби хернија од кревање, треба да се оперира. Побаравме дали има можност јас да бидам придружник но не ни дозволија, немале услови и пракса за такво нешто. Не се објаснувавме зошто бараме јас да останам, а не мајката. Рековме такви се правилата, ќе стиснеме заби ќе истуркаме. Дури откако излеговме од болница разбравме дека има одлука од Комисијата за дискриминација дека треба да се дозволи татко да остане со детето во болница наместо мајка - коментира татко на кој му била ускратена законската можност тој да остане во болница со болното дете.

Родителите бараат да се преземат мерки и да и се оневозможи на Детска Клиника да ја заобиколува одлуката на Комисијата за дискриминација со која се бара да се пронајде начин да се овозможат услови татковците да ги придружуват своите хоспитализирани деца под еднакви услови и да имаат ист третман како и мајките на хоспитализираните деца. Со самото соопштение на огласна табла дека ќе се примаат и татковци придружници кога тоа е неопходно и доколку одделот има можност за тоа Клиниката си остава простор да продолжи со дискриминаторскиот однос.

-Не е Клиниката таа која треба да процени дали е неопходно таткото да остане со детето наместо мајката. Тоа е одлука на семејството, а клиниката да не дискриминира. Ако и се дозволат вакви изговори на Клиника одлуката на Комисијата останува само на хартија - велат родителите.

Во одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација стои дека ако лицето кон кое е упатена препораката не постапи по истата, ќе поднесе барање за покренување на прекршочна постапка пред надлежен суд за прекршоци. Според нив продолжената дискриминација се смета за потежок облик на дискриминација.

Но уште при објавување на одлуката Клиниката ја известила Комисијата дека како јавна здравствена установа постојано прави напори за да обезбеди колку што е можно подобри и посоодветни услови за заштита и грижа на здравјето на децата, но има ограничен простор на располагање, па поради тоа просторните услови не дозволуваат физички односно во различни простории да се поделат децата кои се со придружник мајка и децата кои се со придружник татко.

Клиниката наведува дека и во ваква ситуација кога болничките соби се сместени повеќе лица во придружба со нивните мајки, за мајките би било несоодветно во истата соба да биде сместено и возрасно лице од машки пол имајќи предвид дека во истите простории придружниците поминуваат повеќе денови па истите користат тоалет, се пресоблекуваат итн. Единствена причина поради која евентуално би можело да се случи на родител-татко да не му биде дозволено да биде придружник на своето дете во нивната клиника е поради тоа што не е соодветно родители од различни полови заедно со своите деца да престојуваат во заеднички простории.

Во својата одлука, Комисијата посочува дека според Законот за спречување и заштита од дискриминација се забранува секоја дискриминација врз која било дискриминаторска основа, вклучително и полот.

Продолжена дискриминација претставува потежок облик на дискриминација-дискриминација што е вршена врз едно лице или група непрекинато, во подолг временски период , врз дискриминаторски основи е утврден во случајот од причина што е земен во предвид и фактот дека дискриминација по ова прашање се констатирала и во 2016 од Народниот правобранител и дека и покрај тоа што се дадени препораки и насоки за отстранување на дискриминацијата до Универзитетската клиника и директорите на клиниките каде што постојат детски одделенија сѐ уште не се спроведени.

The post Детска клиника продолжува со дискриминација – таткото не може да биде придружник на болно дете appeared first on Република.

]]>

Ве известуваме дека со цел спречување на родова дискриминација, на ЈЗУ У Клиника за детски болести ќе се примаат и татковци придружници кога тоа е неопходно и доколку одделот има можност за тоа. Пациентот и таткото придружник треба да бидат сместени во соба каде исто така престојуваат пациент и татко придружник, доколку тоа го дозволува карактерот на болеста. Ова е соопштение кое стои на огласната табла на Детска Клиника. Доаѓа откако Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) пред неколку месеци ѝ препорача на Клиниката за детски болести во Скопје во рок од 90 дена да ја отстрани дискриминаторската практика и да пронајде начин да овозможи услови татковците да ги придружуват своите хоспитализирани деца под еднакви услови и да имаат ист третман како и мајките на хоспитализираните деца. Но дали ова се почитува во пракса или е само одлука на хартија, зошто хартијата трпи сѐ?! Родителите и понатаму се жалат дека имаат проблем затоа што не се дозволува таткото да биде придружник додека детето лежи во болница.
-Двете деца ми беа со висока температура која тешко се спушташе. Постарото и повраќаше поради што морав ноќта да го однесам на преглед. Сопругата остана дома со помалото. На Детска Клиника ми рекоа дека е дехидриран и мора да биде хоспитализиран. Реков дека јас ќе останам со него, но не ми дозволија под изговор дека има само еден слободен кревет, а во таа соба веќе лежи мајка. Морало да дојде мајката, која беше дома со мало дете со висока температура. Останав јас дома сам со мало болно дете, сопругата со големиот во болница иако сметав дека за детето дома кое е болно е подобро да остане со мајка му, а јас да бидам со поголемиот со оглед дека сепак во болница има доктори, сестри, нема да сум сам со болно дете. Но немало соба... Наводно. Сопругата беше сместена сама во соба со детето, сосема спротивно од она што ми го кажаа кога ги хоспитализираа. Очигледно во нивното соопштение она „ ќе се примаат и татковци придружници кога тоа е неопходно и доколку одделот има можност за тоа“ е ставено за изговор за да не се примаат татковци. Праксата со родова дискриминација немаат намера да ја променат - вели татко на 6 годишно дете кое било хоспитализирано.
Тој не е единствениот кој се соочил со ваков проблем. Мајка на бебе раскажува дека била приморана да го остави бебето, доенче дома, затоа што болницата не дозволила таткото да лежи со болно дете.
-Имам три деца, едно доенче. Најстарото се разболе и мораше да биде хоспитализирано. Сметавме дека е најдобро таткото да остане со него, а јас да бидам дома со останатите две, од кои едното неполни 3 години, другото неполна година. Но не ни дозволија, немало соба во која може татко да биде сместен. А имаше празни соби на катот каде што бев сместена. Прашав, ми креваа раменици, не знаеле зошто дежурниот доктор кој не хоспитализираше проценил дека нема услови таткото да биде придружник - изјавува мајка на хоспитализирано дете.
Со истиот проблем се соочило и семејство со дете со пречки во развој. Се работи за 7 годишно детенце, на кое му треба помош при движење, станување, одење во тоалет.
-Детето веќе е големо и е тешко за кревање. Мајка му доби хернија од кревање, треба да се оперира. Побаравме дали има можност јас да бидам придружник но не ни дозволија, немале услови и пракса за такво нешто. Не се објаснувавме зошто бараме јас да останам, а не мајката. Рековме такви се правилата, ќе стиснеме заби ќе истуркаме. Дури откако излеговме од болница разбравме дека има одлука од Комисијата за дискриминација дека треба да се дозволи татко да остане со детето во болница наместо мајка - коментира татко на кој му била ускратена законската можност тој да остане во болница со болното дете.
Родителите бараат да се преземат мерки и да и се оневозможи на Детска Клиника да ја заобиколува одлуката на Комисијата за дискриминација со која се бара да се пронајде начин да се овозможат услови татковците да ги придружуват своите хоспитализирани деца под еднакви услови и да имаат ист третман како и мајките на хоспитализираните деца. Со самото соопштение на огласна табла дека ќе се примаат и татковци придружници кога тоа е неопходно и доколку одделот има можност за тоа Клиниката си остава простор да продолжи со дискриминаторскиот однос.
-Не е Клиниката таа која треба да процени дали е неопходно таткото да остане со детето наместо мајката. Тоа е одлука на семејството, а клиниката да не дискриминира. Ако и се дозволат вакви изговори на Клиника одлуката на Комисијата останува само на хартија - велат родителите.
Во одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација стои дека ако лицето кон кое е упатена препораката не постапи по истата, ќе поднесе барање за покренување на прекршочна постапка пред надлежен суд за прекршоци. Според нив продолжената дискриминација се смета за потежок облик на дискриминација. Но уште при објавување на одлуката Клиниката ја известила Комисијата дека како јавна здравствена установа постојано прави напори за да обезбеди колку што е можно подобри и посоодветни услови за заштита и грижа на здравјето на децата, но има ограничен простор на располагање, па поради тоа просторните услови не дозволуваат физички односно во различни простории да се поделат децата кои се со придружник мајка и децата кои се со придружник татко. Клиниката наведува дека и во ваква ситуација кога болничките соби се сместени повеќе лица во придружба со нивните мајки, за мајките би било несоодветно во истата соба да биде сместено и возрасно лице од машки пол имајќи предвид дека во истите простории придружниците поминуваат повеќе денови па истите користат тоалет, се пресоблекуваат итн. Единствена причина поради која евентуално би можело да се случи на родител-татко да не му биде дозволено да биде придружник на своето дете во нивната клиника е поради тоа што не е соодветно родители од различни полови заедно со своите деца да престојуваат во заеднички простории. Во својата одлука, Комисијата посочува дека според Законот за спречување и заштита од дискриминација се забранува секоја дискриминација врз која било дискриминаторска основа, вклучително и полот. Продолжена дискриминација претставува потежок облик на дискриминација-дискриминација што е вршена врз едно лице или група непрекинато, во подолг временски период , врз дискриминаторски основи е утврден во случајот од причина што е земен во предвид и фактот дека дискриминација по ова прашање се констатирала и во 2016 од Народниот правобранител и дека и покрај тоа што се дадени препораки и насоки за отстранување на дискриминацијата до Универзитетската клиника и директорите на клиниките каде што постојат детски одделенија сѐ уште не се спроведени.

The post Детска клиника продолжува со дискриминација – таткото не може да биде придружник на болно дете appeared first on Република.

]]>