децата со нарушување од аутистичен спектар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/detsata-so-narushuvane-od-autistichen-spektar/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Mar 2024 14:40:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png децата со нарушување од аутистичен спектар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/detsata-so-narushuvane-od-autistichen-spektar/ 32 32 Првпат имплементирана програма за рехабилитациски третман на децата со нарушување од аутистичен спектар во Центарот за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/prvpat-implementirana-programa-za-rehabilitatsiski-tretman-na-detsata-so-narushuvane-od-autistichen-spektar-vo-tsentarot-za-rehabilitatsija-na-patologija-na-verbalnata-komunikatsija/ Mon, 25 Mar 2024 14:40:19 +0000 https://republika.mk/?p=758599

Во Центар за рехабилитација на патолија на вербалната комуникација Скопје првпат беше имплементирана Програма за рехабилитациски третман на децата со нарушување од аутистичен спектар, сензорни дисфункции и други комбинирани развојни нарушувања, со која првпат во државата се започна со структуриран мултидисциплинарен третман на децата со нарушување од аутистичен спектар, информираа од Министерството за здравство.

Заменик министерката за здравство, Маја Манолева, денеска беше во посета на Центарот каде  што се сретна со директорката доц. д-р Силвана Филипова и вработените во установата.

Како што ме информираше директорката Филипова, унапредени се условите со опремени сензорна соба, снузленд соба, кабинет за ВАТ терапија, кабинет за АРТ терапија, а исто така се опремија и четири логопедски кабинети за спроведување на оваа програма, која воедно претставуваше и прв организиран мултидисциплинарен пристап во третманот на децата со нарушување од аутистичен спектар во државата, рече Манолева.

Центарот работи и според програма за рана интервенција на деца со развојни нарушувања од 0 до 3 години, каде е реализирана едукација за примена на „Hanen program - It takes Two To Talk“ за родителите на деца со доцнење во говорно јазичниот развој. За таа цел, се опреми кабинет за рана интервенција кој е структуриран за спроведување индивидуален, групен и советодавен третман кој можат да го следат родителите без да го реметат рехабилитацискиот третман.

Министерството за здравство изминативе години значително вложува во набавка на опрема за здравствените установи, конкретно за овој центар е набавен софтвер за спроведување ЕЕГ неурофидбек третманот со кој се подобрува функционирањето на установата. Со донација на Министерството во моментот се реновира и кабинетот за аудиометрија, истакна Манолева.

The post Првпат имплементирана програма за рехабилитациски третман на децата со нарушување од аутистичен спектар во Центарот за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација appeared first on Република.

]]>

Во Центар за рехабилитација на патолија на вербалната комуникација Скопје првпат беше имплементирана Програма за рехабилитациски третман на децата со нарушување од аутистичен спектар, сензорни дисфункции и други комбинирани развојни нарушувања, со која првпат во државата се започна со структуриран мултидисциплинарен третман на децата со нарушување од аутистичен спектар, информираа од Министерството за здравство. Заменик министерката за здравство, Маја Манолева, денеска беше во посета на Центарот каде  што се сретна со директорката доц. д-р Силвана Филипова и вработените во установата.