детроит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/detroit/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Jul 2024 08:38:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png детроит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/detroit/ 32 32 Прослава на Денот на македонското наследство во Детроит https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/proslava-na-denot-na-makedonskoto-nasledstvo-vo-detroit/ Wed, 31 Jul 2024 08:38:28 +0000 https://republika.mk/?p=801914

Бејзбол тимот „Детроит тајгерс“, во партнерство со Обединетата македонска дијаспора, вчера на стадионот од тимот организираше прослава за Денот на македонското наследство.

Како што пренесуваат од ОМД, бејзбол тимот „Детроит тајгерс“, чии сопственици се фамилија Илич, обезбедил капи со нивното лого и боите на македонското знаме.

Стотици Македонци во Детроит за првпат го прославија Денот на македонското наследство на 30 јули, 2024 организиран од бејзбол тимот „Детроит тајгерс“, чии сопственици се фамилијата Илич со потекло од Драгош и Буф, велат од ОМД.

Настанот беше во партнерство со Обединетата македонска дијаспора, благодарение на неколку видни македонско-американски компании сопственици како спонзори. „Детроит Тајгерс“ за гостите обезбеди капи со логото на тимот, во боите на македонското знаме. За време на бејзбол играта на масовниот екран во стадионот Комерика Парк против Кливленд Гардијанс се појавуваа директно прикажување од публиката со македонските капи и знамиња навивачи за Детроит Тајгерс. Овој настан ја слави значителноста на македонско-американската заедница и културната разновидност на Детроит. Го прославува македонското наследство кое Мајк Илич со гордост и посветеност го ширеше и никогаш не го заборави, како и на сите Македонци кои продолжуваат да го слават низ Детроит и цела Америка. Среќни сме што оваа прослава ќе стане годишна традиција и ќе има можност да биде проследено од следните генерации, се наведува во соопштението на ОМД.

The post Прослава на Денот на македонското наследство во Детроит appeared first on Република.

]]>

Бејзбол тимот „Детроит тајгерс“, во партнерство со Обединетата македонска дијаспора, вчера на стадионот од тимот организираше прослава за Денот на македонското наследство. Како што пренесуваат од ОМД, бејзбол тимот „Детроит тајгерс“, чии сопственици се фамилија Илич, обезбедил капи со нивното лого и боите на македонското знаме. Стотици Македонци во Детроит за првпат го прославија Денот на македонското наследство на 30 јули, 2024 организиран од бејзбол тимот „Детроит тајгерс“, чии сопственици се фамилијата Илич со потекло од Драгош и Буф, велат од ОМД.
Настанот беше во партнерство со Обединетата македонска дијаспора, благодарение на неколку видни македонско-американски компании сопственици како спонзори. „Детроит Тајгерс“ за гостите обезбеди капи со логото на тимот, во боите на македонското знаме. За време на бејзбол играта на масовниот екран во стадионот Комерика Парк против Кливленд Гардијанс се појавуваа директно прикажување од публиката со македонските капи и знамиња навивачи за Детроит Тајгерс. Овој настан ја слави значителноста на македонско-американската заедница и културната разновидност на Детроит. Го прославува македонското наследство кое Мајк Илич со гордост и посветеност го ширеше и никогаш не го заборави, како и на сите Македонци кои продолжуваат да го слават низ Детроит и цела Америка. Среќни сме што оваа прослава ќе стане годишна традиција и ќе има можност да биде проследено од следните генерации, се наведува во соопштението на ОМД.

The post Прослава на Денот на македонското наследство во Детроит appeared first on Република.

]]>
Трагедија во воден парк во Детроит: Вооружен напаѓач пукал во посетителите, застрелани се најмалку 10 лица, од кои две деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tragedija-vo-voden-park-vo-detroit-vooruzhen-napagach-pukal-vo-posetitelite-zastrelani-se-najmalku-10-litsa-od-koi-dve-detsa/ Sun, 16 Jun 2024 08:15:54 +0000 https://republika.mk/?p=788037

Најмалку 10 луѓе, меѓу кои и деца, се застрелани во приградски воден парк во областа Детроит во САД, пренесоа светските агенции.

Оружјето со кое се пукало е пронајдено на местото на настанот, соопшти полицијата. Напаѓачот бил маж кој излегол од автомобил пред водениот парк Брукленд Плаза во Рочестер Хилс, Мичиген и испукал околу 30 истрели со полуавтоматски пиштол Глок калибар 9 милиметри, изјави шерифот на округот Оукланд, Мајкл Бушар.

Рочестер Хилс се наоѓа на околу 50 километри северно од Детроит. Се трага по напаѓачот на злосторството.

 

The post Трагедија во воден парк во Детроит: Вооружен напаѓач пукал во посетителите, застрелани се најмалку 10 лица, од кои две деца appeared first on Република.

]]>

Најмалку 10 луѓе, меѓу кои и деца, се застрелани во приградски воден парк во областа Детроит во САД, пренесоа светските агенции. Оружјето со кое се пукало е пронајдено на местото на настанот, соопшти полицијата. Напаѓачот бил маж кој излегол од автомобил пред водениот парк Брукленд Плаза во Рочестер Хилс, Мичиген и испукал околу 30 истрели со полуавтоматски пиштол Глок калибар 9 милиметри, изјави шерифот на округот Оукланд, Мајкл Бушар. Рочестер Хилс се наоѓа на околу 50 километри северно од Детроит. Се трага по напаѓачот на злосторството.  

The post Трагедија во воден парк во Детроит: Вооружен напаѓач пукал во посетителите, застрелани се најмалку 10 лица, од кои две деца appeared first on Република.

]]>
Претседателката на синагога во Детроит избодена до смрт https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelkata-na-sinagoga-vo-detroit-izbodena-do-smrt/ Sun, 22 Oct 2023 16:21:14 +0000 https://republika.mk/?p=693942

Претседателка на бордот на синагога во Детроит, Саманта Вул, e најдена мртва со неколку убодни рани во парк кој се наоѓал во близина на нејзиниот дом. Мотивот за убиството засега е непознат а се претпоставува дека жртвата била убиена внатре во нејзината куќа.

Убиството се случува во период на големи тензии меѓу еврејските и муслиманските заедници ширум САД поради конфликтот меѓу Израел и Хамас. Пред една недела, шест годишно дете со арапско потекло, беше убиено од сопственикот на станот каде што живеело со неговите родители. Напаѓачот беше обвинет за убиство и злосторство од омраза.

 

The post Претседателката на синагога во Детроит избодена до смрт appeared first on Република.

]]>

Претседателка на бордот на синагога во Детроит, Саманта Вул, e најдена мртва со неколку убодни рани во парк кој се наоѓал во близина на нејзиниот дом. Мотивот за убиството засега е непознат а се претпоставува дека жртвата била убиена внатре во нејзината куќа. Убиството се случува во период на големи тензии меѓу еврејските и муслиманските заедници ширум САД поради конфликтот меѓу Израел и Хамас. Пред една недела, шест годишно дете со арапско потекло, беше убиено од сопственикот на станот каде што живеело со неговите родители. Напаѓачот беше обвинет за убиство и злосторство од омраза.  

The post Претседателката на синагога во Детроит избодена до смрт appeared first on Република.

]]>