Детектор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/detektor/ За подобро да се разбереме Sun, 09 Jun 2024 17:45:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Детектор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/detektor/ 32 32 Детектор: Две третини од граѓаните сметаат дека имаме неквалитетно образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/detektor-dve-tretini-od-graganite-smetaat-deka-imame-nekvalitetno-obrazovanie/ Sun, 09 Jun 2024 17:45:05 +0000 https://republika.mk/?p=785988

Над две третини од граѓаните сметаат дека земјава има неквалитетно образование, покажува последното истражување на јавното мислење што за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според истражувањето, 69,7 проценти сметаат дека образованието е неквалитетно додека 26,8 проценти сметаат спротивно.

Споредбата со анкетите што „Детектор“ ги спроведуваше во последните пет години покажува дека годинава перцепцијата е дека има најлош квалитет на образованието. Ако во 2019 година 47,4 проценти сметале дека имаме неквалитетно образование, во 2023 година тој процент изнесува 57,3 проценти, за сега да достигне 69,7 проценти.

Педесет и еден процент од анкетираните сметаат дека земјава има полошо образование во однос на земјите од регионот, а 26 проценти се на ставот дека има слично образование. Само пет проценти се изјасниле дека образованието во земјава е подобро во однос на она од земјите во регионот.

Како причина за лошиот образовен процес и за ниските места на светските мерења за квалитетот на образованието граѓаните гледаат повеќе фактори. 28,9 проценти сметаат дека тоа е лошата наставна програма, 22,6 проценти лошиот наставен кадар, 18,3 проценти лошиот квалитет на учебниците, а 7,5 проценти како фактор ги навеле лошите услови во училиштата.

- Анализата на одговорите на граѓаните на ова прашање во анкетите низ годините покажува дека пораснал бројот на граѓаните кои за лошиот квалитет на образованието ја обвинуваат наставната програма и неквалитетните учебници, додека се намалил бројот на граѓани кои како причина ги гледаат лошите услови во училиштата, велат од Детектор.

Образованието односно просекот на оценките на основното, средното и високото образование е слаба „тројка“ и тоа на самата граница со „двојка“ . Најлоша оценка има основното образование, на самата граница меѓу два и три е средното образование, а со тројка е оценети високото образование.

Спојувањето на повеќе предмети во еден не го поддржуваат 68,9 проценти од граѓаните, а само 20,9 проценти од анкетираните дале поддршка. Против дигитализација на учебниците се изјасниле 84,4 проценти од анкетираните.

Граѓаните се поделени и околу воведувањето на пролетниот распуст иако мнозинството не даваат поддршка на оваа реформа. 43,7 проценти се изјасниле „против“, а 39,1 проценти даваат поддршка.

Истражувањето е спроведено врз репрезентативен примерок од 1116 во периодот од 23 до 26 мај годинава.

The post Детектор: Две третини од граѓаните сметаат дека имаме неквалитетно образование appeared first on Република.

]]>

Над две третини од граѓаните сметаат дека земјава има неквалитетно образование, покажува последното истражување на јавното мислење што за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според истражувањето, 69,7 проценти сметаат дека образованието е неквалитетно додека 26,8 проценти сметаат спротивно. Споредбата со анкетите што „Детектор“ ги спроведуваше во последните пет години покажува дека годинава перцепцијата е дека има најлош квалитет на образованието. Ако во 2019 година 47,4 проценти сметале дека имаме неквалитетно образование, во 2023 година тој процент изнесува 57,3 проценти, за сега да достигне 69,7 проценти. Педесет и еден процент од анкетираните сметаат дека земјава има полошо образование во однос на земјите од регионот, а 26 проценти се на ставот дека има слично образование. Само пет проценти се изјасниле дека образованието во земјава е подобро во однос на она од земјите во регионот. Како причина за лошиот образовен процес и за ниските места на светските мерења за квалитетот на образованието граѓаните гледаат повеќе фактори. 28,9 проценти сметаат дека тоа е лошата наставна програма, 22,6 проценти лошиот наставен кадар, 18,3 проценти лошиот квалитет на учебниците, а 7,5 проценти како фактор ги навеле лошите услови во училиштата.
- Анализата на одговорите на граѓаните на ова прашање во анкетите низ годините покажува дека пораснал бројот на граѓаните кои за лошиот квалитет на образованието ја обвинуваат наставната програма и неквалитетните учебници, додека се намалил бројот на граѓани кои како причина ги гледаат лошите услови во училиштата, велат од Детектор.
Образованието односно просекот на оценките на основното, средното и високото образование е слаба „тројка“ и тоа на самата граница со „двојка“ . Најлоша оценка има основното образование, на самата граница меѓу два и три е средното образование, а со тројка е оценети високото образование. Спојувањето на повеќе предмети во еден не го поддржуваат 68,9 проценти од граѓаните, а само 20,9 проценти од анкетираните дале поддршка. Против дигитализација на учебниците се изјасниле 84,4 проценти од анкетираните. Граѓаните се поделени и околу воведувањето на пролетниот распуст иако мнозинството не даваат поддршка на оваа реформа. 43,7 проценти се изјасниле „против“, а 39,1 проценти даваат поддршка. Истражувањето е спроведено врз репрезентативен примерок од 1116 во периодот од 23 до 26 мај годинава.

The post Детектор: Две третини од граѓаните сметаат дека имаме неквалитетно образование appeared first on Република.

]]>
Oд година во година младите сè се помалку активни во општествениот живот во Македонија, покажа анкетата на „Дететктор“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-godina-vo-godina-mladite-se-se-pomalku-aktivni-vo-opshtestveniot-zhivot-vo-makedonija-pokazha-anketata-na-detetktor/ Sun, 02 Jun 2024 15:04:50 +0000 https://republika.mk/?p=784195

Младинскиот активизам е на незадоволително ниво, а од година во година младите сè се помалку активни во општествениот живот, покажува последното истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 66,3 отсто од граѓаните сметаат дека младинскиот активизам во државата не е на задоволително ниво, додека добро ниво гледаат само 21,9 проценти.

Споредено со пред 5 до 10 години, 60 отсто од граѓаните сметаат дека денеска младите се помалку активни во општествениот живот, 23,6 проценти не гледаат разлика, а само 7,7 отсто детектирале поголема активност на младите во споредба со периодот од пред 5 до 10 години.

-Анализата по возрасна структура не дава некои големи отстапувања бидејќи сите возрасни групи во прилично големо мнозинство го делат ставот дека во последните години активизмот на младите дополнително опаѓа, заклучуваат од „Детектор“.

Сепак, поголемиот дел од граѓаните или 49,2 отсто сметаат дека младите се активни во политичките партии, додека 30,9 проценти не се согласуваат со тоа.

– Интересно е што со овој став на сите граѓани не се согласуваат студентите каде близу две третини се на ставот дека младите не се доволно активни во политичките партии, истакнуваат од „Детектор“.

Слични се одговорите и за активизмот на младите во невладиниот сектор, иако тука мнозинството од 45,5 отсто е на ставот дека младите не се доволно активни, што е нешто под оние 58 проценти студенти кои го делат истиот став.

-Очекувано, според граѓаните младите се активни во спортот. Ваков став делат 60 отсто од анкетираните додека 30,2 проценти се убедени во спротивното. Граѓаните прашани каде младите се најактивни во големо мнозинство од 41,1 проценти рекле дека тоа е спортот. 15,6 отсто се определиле за политичките партии, 6,1 проценти за хуманитарни акции а само 3 отсто за еколошки акции, посочуваат од „Детектор“.

Анкетата по нарачка на „Детектор“ ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1079 испитаници во периодот од 16 до 20 април оваа година.

The post Oд година во година младите сè се помалку активни во општествениот живот во Македонија, покажа анкетата на „Дететктор“ appeared first on Република.

]]>

Младинскиот активизам е на незадоволително ниво, а од година во година младите сè се помалку активни во општествениот живот, покажува последното истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 66,3 отсто од граѓаните сметаат дека младинскиот активизам во државата не е на задоволително ниво, додека добро ниво гледаат само 21,9 проценти. Споредено со пред 5 до 10 години, 60 отсто од граѓаните сметаат дека денеска младите се помалку активни во општествениот живот, 23,6 проценти не гледаат разлика, а само 7,7 отсто детектирале поголема активност на младите во споредба со периодот од пред 5 до 10 години. -Анализата по возрасна структура не дава некои големи отстапувања бидејќи сите возрасни групи во прилично големо мнозинство го делат ставот дека во последните години активизмот на младите дополнително опаѓа, заклучуваат од „Детектор“. Сепак, поголемиот дел од граѓаните или 49,2 отсто сметаат дека младите се активни во политичките партии, додека 30,9 проценти не се согласуваат со тоа. – Интересно е што со овој став на сите граѓани не се согласуваат студентите каде близу две третини се на ставот дека младите не се доволно активни во политичките партии, истакнуваат од „Детектор“. Слични се одговорите и за активизмот на младите во невладиниот сектор, иако тука мнозинството од 45,5 отсто е на ставот дека младите не се доволно активни, што е нешто под оние 58 проценти студенти кои го делат истиот став. -Очекувано, според граѓаните младите се активни во спортот. Ваков став делат 60 отсто од анкетираните додека 30,2 проценти се убедени во спротивното. Граѓаните прашани каде младите се најактивни во големо мнозинство од 41,1 проценти рекле дека тоа е спортот. 15,6 отсто се определиле за политичките партии, 6,1 проценти за хуманитарни акции а само 3 отсто за еколошки акции, посочуваат од „Детектор“. Анкетата по нарачка на „Детектор“ ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1079 испитаници во периодот од 16 до 20 април оваа година.  

The post Oд година во година младите сè се помалку активни во општествениот живот во Македонија, покажа анкетата на „Дететктор“ appeared first on Република.

]]>
Детектор: Членството во НАТО ни ја зголеми безбедноста но не го забрза патот до ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/detektor-chlenstvoto-vo-nato-ni-ja-zgolemi-bezbednosta-no-ne-go-zabrza-patot-do-eu/ Sun, 26 May 2024 17:14:08 +0000 https://republika.mk/?p=781862

Членството во НАТО е добра одлука. Тоа ни ја зголеми безбедноста но не даде некој придонес во процесот на зачленување на Европската Унија.

Вакви се ставовите на граѓаните во последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 61% од анкетираните сметаат дека од денешен аспект членството во НАТО е добра одлука додека 28,6% се убедени во спротивното.

Во споредба со минатогодишната анкета од истиот Институт нема некои значителни разлики. Лани 57,5% сметаа дека членството во НАТО е добра одлука.

52,6% од анкетираните сметаат дека со влезот во НАТО се зголеми безбедноста на државата додека 36,8% не се убедени во тоа. Дека НАТО не прави побезбедна држава главно ставот го креираат етничките Албанци.

Дури 82,4% сметаат дека со членството во НАТО се зголеми и безбедноста на државата. Кај Македонците одговорите се поделени иако мнозинството од 46,3% смета дека членството во НАТО не не прави побезбедна држава додека 43,7% се на ставот дека по зачленувањето, безбедноста на Македонија е зголемена.

Иако се бележи континуиран раст, сепак во последните 5 години нема некој значителен раст на бројот на граѓани кои сметаат дека по влезот во НАТО Македонија стана побезбедна држава. Од 50,5% во 2019 овој процент на граѓани се зголемил до 52,6%.

57,2% од анкетираните се на ставот дека членството во НАТО придонесува Македонија да биде побезбедна од надворешни влијанија особено во однос на војната во Украина додека 34,5% сметаат дека тоа не е случај.

Над половина или 56,3% од граѓаните се на ставот дека влезот во НАТО не го забрза процесот на евроинтеграции, додека 33% се убедени дека тој придонел за негово забрзување.

Споредбата со анкетите од последните 5 години практично не дава никаква разлика.

54,8% од граѓаните сметаат дека Македонија треба да издвојува повеќе пари од буџетот за својата одбрана во иднина додека 33,3% сметаат дека не треба. Според етничката структура, етничките Албанци се тие кои во поголемо мнозинство сметаат дека треба да одвојуваме повеќе пари за својата одбрана во иднина.

Граѓаните се на ставот дека Македонија стори доволно во вид на помош за Украина. Ваков став имаат 55,2% од анкетираните додека само 15% сметаат дека сме можеле и повеќе да помогнеме. На ова прашање има речи си идентични ставови и кај Македонците но и кај етничките Албанци кои над 50% сметаат дека сме помогнале доволно со таа разлика што процентот на етнички Албанци кои сметаат дека сме можеле и повеќе да помогнеме е повеќе од двојно повисок од оној кај Македонците.

Само 36,2% од граѓаните се согласуваат со помошта во оружје и опрема која Македонија и ја испраќа на Украина додека 52,8% не се согласуваат.

Во споредба со анкетата која ја објавивме лани, бројот на граѓани кои не се согласуваат со помошта која Македонија и ја дава на Украина се намалил од 62,1% на 52,8% оваа година исто како што се зголемил процентот на граѓани кои даваат поддршка од 24,9% лани на 36,2% оваа година.

Со исклучок на анкетата во 2019 кога само една третина од граѓаните тврдеа дека пред 5 години живееле подобро, и лани и оваа година над половина од анкетирнаите велат дека животот пред 5 години бил подобар.

Анкетата по нарачка на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1079 испитаници во периодот од 16 до 20 април оваа година.

The post Детектор: Членството во НАТО ни ја зголеми безбедноста но не го забрза патот до ЕУ appeared first on Република.

]]>

Членството во НАТО е добра одлука. Тоа ни ја зголеми безбедноста но не даде некој придонес во процесот на зачленување на Европската Унија. Вакви се ставовите на граѓаните во последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 61% од анкетираните сметаат дека од денешен аспект членството во НАТО е добра одлука додека 28,6% се убедени во спротивното. Во споредба со минатогодишната анкета од истиот Институт нема некои значителни разлики. Лани 57,5% сметаа дека членството во НАТО е добра одлука. 52,6% од анкетираните сметаат дека со влезот во НАТО се зголеми безбедноста на државата додека 36,8% не се убедени во тоа. Дека НАТО не прави побезбедна држава главно ставот го креираат етничките Албанци. Дури 82,4% сметаат дека со членството во НАТО се зголеми и безбедноста на државата. Кај Македонците одговорите се поделени иако мнозинството од 46,3% смета дека членството во НАТО не не прави побезбедна држава додека 43,7% се на ставот дека по зачленувањето, безбедноста на Македонија е зголемена. Иако се бележи континуиран раст, сепак во последните 5 години нема некој значителен раст на бројот на граѓани кои сметаат дека по влезот во НАТО Македонија стана побезбедна држава. Од 50,5% во 2019 овој процент на граѓани се зголемил до 52,6%. 57,2% од анкетираните се на ставот дека членството во НАТО придонесува Македонија да биде побезбедна од надворешни влијанија особено во однос на војната во Украина додека 34,5% сметаат дека тоа не е случај. Над половина или 56,3% од граѓаните се на ставот дека влезот во НАТО не го забрза процесот на евроинтеграции, додека 33% се убедени дека тој придонел за негово забрзување. Споредбата со анкетите од последните 5 години практично не дава никаква разлика. 54,8% од граѓаните сметаат дека Македонија треба да издвојува повеќе пари од буџетот за својата одбрана во иднина додека 33,3% сметаат дека не треба. Според етничката структура, етничките Албанци се тие кои во поголемо мнозинство сметаат дека треба да одвојуваме повеќе пари за својата одбрана во иднина. Граѓаните се на ставот дека Македонија стори доволно во вид на помош за Украина. Ваков став имаат 55,2% од анкетираните додека само 15% сметаат дека сме можеле и повеќе да помогнеме. На ова прашање има речи си идентични ставови и кај Македонците но и кај етничките Албанци кои над 50% сметаат дека сме помогнале доволно со таа разлика што процентот на етнички Албанци кои сметаат дека сме можеле и повеќе да помогнеме е повеќе од двојно повисок од оној кај Македонците. Само 36,2% од граѓаните се согласуваат со помошта во оружје и опрема која Македонија и ја испраќа на Украина додека 52,8% не се согласуваат. Во споредба со анкетата која ја објавивме лани, бројот на граѓани кои не се согласуваат со помошта која Македонија и ја дава на Украина се намалил од 62,1% на 52,8% оваа година исто како што се зголемил процентот на граѓани кои даваат поддршка од 24,9% лани на 36,2% оваа година. Со исклучок на анкетата во 2019 кога само една третина од граѓаните тврдеа дека пред 5 години живееле подобро, и лани и оваа година над половина од анкетирнаите велат дека животот пред 5 години бил подобар. Анкетата по нарачка на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1079 испитаници во периодот од 16 до 20 април оваа година.

The post Детектор: Членството во НАТО ни ја зголеми безбедноста но не го забрза патот до ЕУ appeared first on Република.

]]>
Дури 42,5 отсто од луѓето на возраст меѓу 40 и 49 години планираат да ја напуштат Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/duri-42-5-otsto-od-lugeto-na-vozrast-megu-40-i-49-godini-planiraat-da-ja-napushtat-makedonija-2/ Sun, 19 May 2024 18:05:33 +0000 https://republika.mk/?p=779903

Секој трет човек во Македонија размислува да се исели од државата, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 32,3% од анкетираните рекле дека размислуваат или некогаш размислувале да се иселат од државата додека 63,6% не размислувале на оваа тема.

Иако не се големи разликите, сепак изненадува фактот што за иселување најмногу размислуваат луѓето меѓу 40 и 49 години каде 42,5% рекле дека имале или се уште имаат планови да ја напуштат државата. Слични бројки од 42,2% граѓани кои размислуваат да се иселат има и во возрасната група меѓу 30 и 39 години додека кај најмладите, оние кои имаат под 30 години 37,8% размислувале или размислуваат да се иселат од државата.

Споредбата со анкетите од претходните години кои за Детектор исто така ги спроведуваше ИПИС не покажуваат некои значителни промени во ставовите на граѓаните. Во сите анкети во последните 5 години, процентот на граѓани кои размислувале или размислуваат да се иселат е над 30%.

Сепак, 52,7% од сите анкетирани граѓани рекле дека во наредните 5 години нема шанси да се преселат од Македонија додека сигурни дека ќе си заминат во истиот период се 11,5% од анкетираните. Поредбата со анкетите од претходните години не покажува некои значителни отстапувања.

За иселување граѓаните најчесто се решаваат поради повисоките плати (17,2%), подобрите услови за работа (15,7%) и подобрите можности кои им се нудат на децата (12,2%) како и подобриот здравствен и образовен систем кој го нудат странските земји (11,5%). Кај младите под 30 години, очекувано повисоките плати (21,7%) и подобрите услови за кариера (20,6%)се главната причина поради која тие си заминуваат или би си заминале од земјава.

Најпосакувана дестинација за преселба се земјите од Европската Унија. 42,7% од граѓаните рекле дека ако решат да се иселат, би се преселиле во некоја од земјите членки на Еврпоската Унија. 6,1% би се селеле во САД или Канада, 4,4% од Австралија или Нов Зеланд а 4,9% би одбрале некој друг дел од светот. 83,1% од анкетираните сметаат дека степенот на иселување во земјава, во споредба со изминатите 5 години се зголемува. Само 6,1% велат дека тој се намалува а 8,7% дека останува ист.

Анализата на етничката структура на граѓаните кои одговарале покажува дека 20% од етничките Албанци сметаат дека процентот на иселување се намалува во споредба со претходните години, став кој го делат само 2% Македонци од кои пак речи си 90% сметаат дека денеска луѓето повеќе се иселуваат што е значително повеќе од оние 65% етнички Албанци кои делат ваков став.
Две третини од граѓани веќе имаат некој близок кој се преселил во странство. Споредбата со анкетите од последните 5 години покажува дека бројот на граѓани кои имаат свои блиски кои се иселиле од Македонија скокнал од 60% лани на 66,6% оваа година.
Во таа насока очекуван е и одговорот на граѓаните дека пред 5 години се живеело подобро од денеска. Ваков став делат 53% од анкетираните. 8,6% велат дека сега живеат подобро од пред 5 години додека 35,7% не чувствуваат никаква промена.

Со исклучок на анкетата во 2019 кога само една третина од граѓаните тврдеа дека пред 5 години живееле подобро, и лани и оваа година над

половина од анкетирнаите велат дека животот пред 5 години бил подобар.

Анкетата по нарачка на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1079 испитаници во периодот од 16 до 20 април оваа година.

The post Дури 42,5 отсто од луѓето на возраст меѓу 40 и 49 години планираат да ја напуштат Македонија appeared first on Република.

]]>

Секој трет човек во Македонија размислува да се исели од државата, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 32,3% од анкетираните рекле дека размислуваат или некогаш размислувале да се иселат од државата додека 63,6% не размислувале на оваа тема. Иако не се големи разликите, сепак изненадува фактот што за иселување најмногу размислуваат луѓето меѓу 40 и 49 години каде 42,5% рекле дека имале или се уште имаат планови да ја напуштат државата. Слични бројки од 42,2% граѓани кои размислуваат да се иселат има и во возрасната група меѓу 30 и 39 години додека кај најмладите, оние кои имаат под 30 години 37,8% размислувале или размислуваат да се иселат од државата. Споредбата со анкетите од претходните години кои за Детектор исто така ги спроведуваше ИПИС не покажуваат некои значителни промени во ставовите на граѓаните. Во сите анкети во последните 5 години, процентот на граѓани кои размислувале или размислуваат да се иселат е над 30%. Сепак, 52,7% од сите анкетирани граѓани рекле дека во наредните 5 години нема шанси да се преселат од Македонија додека сигурни дека ќе си заминат во истиот период се 11,5% од анкетираните. Поредбата со анкетите од претходните години не покажува некои значителни отстапувања. За иселување граѓаните најчесто се решаваат поради повисоките плати (17,2%), подобрите услови за работа (15,7%) и подобрите можности кои им се нудат на децата (12,2%) како и подобриот здравствен и образовен систем кој го нудат странските земји (11,5%). Кај младите под 30 години, очекувано повисоките плати (21,7%) и подобрите услови за кариера (20,6%)се главната причина поради која тие си заминуваат или би си заминале од земјава. Најпосакувана дестинација за преселба се земјите од Европската Унија. 42,7% од граѓаните рекле дека ако решат да се иселат, би се преселиле во некоја од земјите членки на Еврпоската Унија. 6,1% би се селеле во САД или Канада, 4,4% од Австралија или Нов Зеланд а 4,9% би одбрале некој друг дел од светот. 83,1% од анкетираните сметаат дека степенот на иселување во земјава, во споредба со изминатите 5 години се зголемува. Само 6,1% велат дека тој се намалува а 8,7% дека останува ист. Анализата на етничката структура на граѓаните кои одговарале покажува дека 20% од етничките Албанци сметаат дека процентот на иселување се намалува во споредба со претходните години, став кој го делат само 2% Македонци од кои пак речи си 90% сметаат дека денеска луѓето повеќе се иселуваат што е значително повеќе од оние 65% етнички Албанци кои делат ваков став. Две третини од граѓани веќе имаат некој близок кој се преселил во странство. Споредбата со анкетите од последните 5 години покажува дека бројот на граѓани кои имаат свои блиски кои се иселиле од Македонија скокнал од 60% лани на 66,6% оваа година. Во таа насока очекуван е и одговорот на граѓаните дека пред 5 години се живеело подобро од денеска. Ваков став делат 53% од анкетираните. 8,6% велат дека сега живеат подобро од пред 5 години додека 35,7% не чувствуваат никаква промена. Со исклучок на анкетата во 2019 кога само една третина од граѓаните тврдеа дека пред 5 години живееле подобро, и лани и оваа година над половина од анкетирнаите велат дека животот пред 5 години бил подобар. Анкетата по нарачка на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1079 испитаници во периодот од 16 до 20 април оваа година.

The post Дури 42,5 отсто од луѓето на возраст меѓу 40 и 49 години планираат да ја напуштат Македонија appeared first on Република.

]]>
Дури 42,5 отсто од луѓето на возраст меѓу 40 и 49 години планираат да ја напуштат Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/duri-42-5-otsto-od-lugeto-na-vozrast-megu-40-i-49-godini-planiraat-da-ja-napushtat-makedonija/ Sun, 19 May 2024 15:55:40 +0000 https://republika.mk/?p=779879

Значително е намален оптимизмот кај граѓаните дека НАТО ќе ѝ помогне на државата за интеграциите во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znachitelno-e-namalen-optimizmot-kaj-graganite-od-pred-chetiri-godini-deka-nato-ke-pomogne-na-drzhavata-za-integratsiite-vo-eu-pokazha-anketata-na-detektor/ Sun, 18 Jun 2023 14:48:45 +0000 https://republika.mk/?p=652811

Последното истражување на јавното мислење кое го спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) за Детектор, покажува дека мнозинството граѓани сметаат дека членството во НАТО е добра одлука но таа нема да ни го забрза евроинтегративниот процес, известуваат од Детектор.

Според истражувањето, 57,5% од анкетираните сметаат дека членството во НАТО е добра одлука додека 27,9% се убедени дека е лоша. Според етничката структура на испитаниците, Македонците се прилично поделени иако мнозинството или 48,9% сметаат дека членството во НАТО е добра одлука, иако дури 33,6% се убедени во спротивното. Кај етничките Албанци речиси и да нема дилема - 85,1% сметаат дека е членството во НАТО е добра одлука, додека само 11,1% дека е лоша.

Според возрасната структура, анкетата покажува дека помладите граѓани се поубедени дека одлуката за членство во НАТО е добра одлука иако процентите не варираат во некој значителен износ. Нешто над половина од анкетираните или 51,5% сметаат дека со влезот во НАТО се зголемила безбедноста на државата додека 36,1% сметаат дека тоа не е така, стои во соопштението.

Од Детектор велат дека споредбата со анкетата која ИПИС за нив ја спроведе во 2019 година, не покажува некоја значителна разлика кај оние кои сметаат дека со членството во НАТО се зголемила безбедноста во државата, додека има значителен раст кој оние кои се убедени во спротивното.

И за ова прашање анализата на етничката структура на оние кои ги давале одговорите покажува дека Македонците и Албанците имаат дијаметрално спротивставени ставови, тврдат од Детектор.

Оттаму, исто така, велат дека споредбата со анкетата на ИПИС од пред 4 години покажува дека значително се намалил оптимизмот кај граѓаните дека НАТО ќе и помогне на државата за интеграциите во ЕУ.

Во однос на евентуалните придобивки кои земјава ги има од претседавањето со ОБСЕ, според анкетата, 36,1% гледаат одредени придобивки, 35,3% не. Од оние кои што гледаат придобивки, најголем дел сметаат дека тоа е поголема промоција и зголемување на кредибилитетот на државата.

Исто така се наведува дека анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1.112 испитаници.

The post Значително е намален оптимизмот кај граѓаните дека НАТО ќе ѝ помогне на државата за интеграциите во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Последното истражување на јавното мислење кое го спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) за Детектор, покажува дека мнозинството граѓани сметаат дека членството во НАТО е добра одлука но таа нема да ни го забрза евроинтегративниот процес, известуваат од Детектор. Според истражувањето, 57,5% од анкетираните сметаат дека членството во НАТО е добра одлука додека 27,9% се убедени дека е лоша. Според етничката структура на испитаниците, Македонците се прилично поделени иако мнозинството или 48,9% сметаат дека членството во НАТО е добра одлука, иако дури 33,6% се убедени во спротивното. Кај етничките Албанци речиси и да нема дилема - 85,1% сметаат дека е членството во НАТО е добра одлука, додека само 11,1% дека е лоша.
Според возрасната структура, анкетата покажува дека помладите граѓани се поубедени дека одлуката за членство во НАТО е добра одлука иако процентите не варираат во некој значителен износ. Нешто над половина од анкетираните или 51,5% сметаат дека со влезот во НАТО се зголемила безбедноста на државата додека 36,1% сметаат дека тоа не е така, стои во соопштението.
Од Детектор велат дека споредбата со анкетата која ИПИС за нив ја спроведе во 2019 година, не покажува некоја значителна разлика кај оние кои сметаат дека со членството во НАТО се зголемила безбедноста во државата, додека има значителен раст кој оние кои се убедени во спротивното.
И за ова прашање анализата на етничката структура на оние кои ги давале одговорите покажува дека Македонците и Албанците имаат дијаметрално спротивставени ставови, тврдат од Детектор.
Оттаму, исто така, велат дека споредбата со анкетата на ИПИС од пред 4 години покажува дека значително се намалил оптимизмот кај граѓаните дека НАТО ќе и помогне на државата за интеграциите во ЕУ. Во однос на евентуалните придобивки кои земјава ги има од претседавањето со ОБСЕ, според анкетата, 36,1% гледаат одредени придобивки, 35,3% не. Од оние кои што гледаат придобивки, најголем дел сметаат дека тоа е поголема промоција и зголемување на кредибилитетот на државата. Исто така се наведува дека анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1.112 испитаници.  

The post Значително е намален оптимизмот кај граѓаните дека НАТО ќе ѝ помогне на државата за интеграциите во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Граѓаните се против внесување на Бугарите во Уставот како услов за ЕУ, покажа анкетата на Детектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/graganite-se-protiv-vnesuvane-na-bugarite-vo-ustavot-kako-uslov-za-eu-pokazha-anketata-na-detektor/ Sun, 21 May 2023 14:01:42 +0000 https://republika.mk/?p=643265

Граѓаните се против внесување на Бугарите во Уставот и покрај тоа што ова е услов за почеток на предговорите со Европската Унија, покажува последното истражување на јавното мислење кое за потребите на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 56,1% од граѓаните се сметаат дека не треба да се промени Уставот и во него да се внесат Бугарите и останатите народи за да се продолжи со преговорите со ЕУ. Само 27,5% од анкетираните даваат поддршка за уставни измени.

Најголем дел од тие кои што поддржуваат уставни измени се етнички Албанци. Дури 79,3% од етничките Албанци даваат поддршка на внесувањето на Бугарите во Уставот додека дури 72,4% од Македонците се против. Поддршка на уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот дава само еден од десет Македонци или 11,2% од анкетираните. Сосема различните ставови на Македонците и етничките Албанци ги комплетира податокот дека само 8,8% од етничките Албанци се против уставни измени.

Три четвртини од граѓаните велат дека се доволно информирани за тоа во што се состојат уставните измени и најголемиот дел од нив стравуваат дека тие ќе имаат негативни последици врз земјата.

Анкетата покажува дека 75,4% од анкетираните рекле дека знаат во што се состојат уставните измени наспроти само 17,3% кои рекле дека немаат информации. 60,8% од анкетираните се на ставот дека уставните измени ќе имаат негативни последици за земјава додека 19,1% не очекуваат негативни последици. И за ова прашање прилично спротивставени ставови меѓу Македонците и етничките Албанци. Додека 71% од Македонците сметаат дека уставните измени ми имале негативни последици за земјата, таков став делат само 31% од Албанците кои во мнозинство од 42% сметаат дека нема да има негативни последици. Ваков став делат само 11,2% Македонци.

Мнозинството граѓани не очекуваат ниту нешто позитивно од уставните измени. 54,5% велат дека уставните измени нема да имаат позитивни последици за земјата, додека 28,3% сметаат дека ќе има.

И тука, мнозинството го прават етничките Албанци. Додека 73,2% етнички Албанци сметаат дека уставните измени позитивно ќе се одразат врз Македонија, спротивен став имаат дури 66,6% од Македонците.

Мнозинството граѓани очекуваат опозициската ВМРО-ДПМНЕ да остане доследна и да не дад поддршка на уставните измени. Ваков став имаат 42% од анкетираните додека една четвртина или 25% очекуваат најголемата опозициска партија да го смени ставот. Гледано по етнички групи, 45,7 од Македонците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане доследна наспроти 43,3% етнички Албанци кои очекуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе попушти. Дека опозицијата ќе гласа за уставните измени сметаат само еден на секои пет Македонци или 19,2% додека секој трет Албанец или  33% од анкетираните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени.

Мнозинството граѓани не се согласува со уставни измени дури и во ситуација Македонија да добие дополнителни гаранции. 45,3% од анкетираните велат дека не би прифатиле промена на Уставот и да продолжат преговорите со ЕУ заедно со дополнителни гаранции кои би ги добила Македонија. Поддршка за уставните измени во ваква ситуација даваат 35,7% од анкетираните И тука, очекувано сосема различни ставови меѓу Македонците и Албанците.

57,9% етнички Македонци се против промена на Уставот дури и во ситуација кога би добиле дополнителни гаранции додека 21,9% велат дека во таков случај би дале поддршка за уставни измени. Кај Албанците 78,5% даваат поддршка за уставни измени додека само 7,7% се против.

Анализата на возрасната структура на одговорите покажува дека најголеми противници на промена на уставот се повозрасните граѓани додека најмало противење има кај младите.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.

The post Граѓаните се против внесување на Бугарите во Уставот како услов за ЕУ, покажа анкетата на Детектор appeared first on Република.

]]>

Граѓаните се против внесување на Бугарите во Уставот и покрај тоа што ова е услов за почеток на предговорите со Европската Унија, покажува последното истражување на јавното мислење кое за потребите на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 56,1% од граѓаните се сметаат дека не треба да се промени Уставот и во него да се внесат Бугарите и останатите народи за да се продолжи со преговорите со ЕУ. Само 27,5% од анкетираните даваат поддршка за уставни измени. Најголем дел од тие кои што поддржуваат уставни измени се етнички Албанци. Дури 79,3% од етничките Албанци даваат поддршка на внесувањето на Бугарите во Уставот додека дури 72,4% од Македонците се против. Поддршка на уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот дава само еден од десет Македонци или 11,2% од анкетираните. Сосема различните ставови на Македонците и етничките Албанци ги комплетира податокот дека само 8,8% од етничките Албанци се против уставни измени. Три четвртини од граѓаните велат дека се доволно информирани за тоа во што се состојат уставните измени и најголемиот дел од нив стравуваат дека тие ќе имаат негативни последици врз земјата. Анкетата покажува дека 75,4% од анкетираните рекле дека знаат во што се состојат уставните измени наспроти само 17,3% кои рекле дека немаат информации. 60,8% од анкетираните се на ставот дека уставните измени ќе имаат негативни последици за земјава додека 19,1% не очекуваат негативни последици. И за ова прашање прилично спротивставени ставови меѓу Македонците и етничките Албанци. Додека 71% од Македонците сметаат дека уставните измени ми имале негативни последици за земјата, таков став делат само 31% од Албанците кои во мнозинство од 42% сметаат дека нема да има негативни последици. Ваков став делат само 11,2% Македонци. Мнозинството граѓани не очекуваат ниту нешто позитивно од уставните измени. 54,5% велат дека уставните измени нема да имаат позитивни последици за земјата, додека 28,3% сметаат дека ќе има. И тука, мнозинството го прават етничките Албанци. Додека 73,2% етнички Албанци сметаат дека уставните измени позитивно ќе се одразат врз Македонија, спротивен став имаат дури 66,6% од Македонците. Мнозинството граѓани очекуваат опозициската ВМРО-ДПМНЕ да остане доследна и да не дад поддршка на уставните измени. Ваков став имаат 42% од анкетираните додека една четвртина или 25% очекуваат најголемата опозициска партија да го смени ставот. Гледано по етнички групи, 45,7 од Македонците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане доследна наспроти 43,3% етнички Албанци кои очекуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе попушти. Дека опозицијата ќе гласа за уставните измени сметаат само еден на секои пет Македонци или 19,2% додека секој трет Албанец или  33% од анкетираните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени. Мнозинството граѓани не се согласува со уставни измени дури и во ситуација Македонија да добие дополнителни гаранции. 45,3% од анкетираните велат дека не би прифатиле промена на Уставот и да продолжат преговорите со ЕУ заедно со дополнителни гаранции кои би ги добила Македонија. Поддршка за уставните измени во ваква ситуација даваат 35,7% од анкетираните И тука, очекувано сосема различни ставови меѓу Македонците и Албанците. 57,9% етнички Македонци се против промена на Уставот дури и во ситуација кога би добиле дополнителни гаранции додека 21,9% велат дека во таков случај би дале поддршка за уставни измени. Кај Албанците 78,5% даваат поддршка за уставни измени додека само 7,7% се против. Анализата на возрасната структура на одговорите покажува дека најголеми противници на промена на уставот се повозрасните граѓани додека најмало противење има кај младите. Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.  

The post Граѓаните се против внесување на Бугарите во Уставот како услов за ЕУ, покажа анкетата на Детектор appeared first on Република.

]]>
Само Албанците во Македонија се „за“ францускиот предлог https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/samo-albantsite-vo-makedonija-se-za-frantsuskiot-predlog/ Sun, 14 May 2023 15:10:03 +0000 https://republika.mk/?p=640703

Мнозинството граѓани - 55,7 отсто се против преговарачката рамка која Владата ја договори со Европската Унија и сметаат дека со тоа земјава се става во потчинета положба, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење кое за потребите на „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според истражувањето само 28,1 отсто од испитаниците даваат поддршка за преговарачката рамка при што Македонците и Албанците имаат сосема различни ставови.

Додека 70 отсто од Македонците се против преговарачката рамка, дури 75 отсто Албанци даваат поддршка. За преговарачката рамка се само 13,2 отсто од Македонците, додека против неа се само 11,5 отсто етнички Албанци. Најмалку граѓани против преговарачката рамка има во Полошкиот регион, а најмногу во Вардарскиот без Скопје и на Југоистокот, покажуваат резултатите од испитувањето.

Граѓаните се поделени и околу можноста да се преговара за нова рамка.

Од нив 37,1 отсто сметаат дека тоа е можно, додека 36,4 отсто, пак, сметаат дека репреговарање на преговарачката рамка не е опција. Тука нема некоја голема разлика меѓу ставовите на доминантните етнички групи. Кај Македонците 36,3 отсто сметаат дека може, а 36,7 отсто дека не може повторно да се преговара за нова рамка. Кај етничките Албанци, 40,6 отсто се на ставот дека е можно да се договори и нова преговарачка рамка, додека 34,9 отсто дека не може, покажуваат резултатите од анкетата.

Близу две третини од граѓаните велат дека имаат доволно информации за францускиот предлог.

Ваков став делат 59,1 отсто од анкетираните, додека една третина или 33,9 отсто рекле дека немаат доволно информации за преговарачката рамка. Македонците се подобро информирани од Албанците. Од етничките Македонци 66,2 отсто рекле дека имаат доволно информации за францускиот предлог со кој се тргна бугарското вето, додека 44,5 отсто етнички Албанци велат дека не се доволно информирани, се гледа од анкетата.

На близу половина од граѓаните воопшто не им е позната разликата меѓу францускиот предлог и преговарачката рамка.

Ваков став имаат 49,6 отсто од анкетираните, додека 31,1 отсто рекле дека ја знаат разликата. Од анкетираните 50,9 отсто сметаат дека преговарачката рамка е на штета на македонските национални интереси и се согласуваат со тврдењето дека оваа преговарачка рамка ја става земјава во потчинета положба и претставува вовед во бугаризација, а само 21 отсто се согласуваат со тврдењето дека преговарачката рамка ги зема предвид повеќето македонски барања и го гарантира македонскиот идентитет. Но Македонците и Албанците имаат дијаметрално спротивни ставови. Додека 62 отсто од Македонците сметаат дека преговарачката рамка е вовед во бугаризација, дури 54,4 отсто од Албанците се на ставот дека преговарачката рамка го гарантира македонскиот идентитет, се истакнува во анкетата.

Најзагрижени дека преговарачката рамка е вовед во бугаризација се повозрасните и граѓаните меѓу 30 и 39 годишна возраст. Најмала е загриженоста кај најмладите.

Близу половина од граѓаните или 48,4 отсто сметаат дека има многу дезинформации по ова прашање, додека 26,9 отсто велат дека нема дезинформации, се посочува во анкетата.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.

The post Само Албанците во Македонија се „за“ францускиот предлог appeared first on Република.

]]>

Мнозинството граѓани - 55,7 отсто се против преговарачката рамка која Владата ја договори со Европската Унија и сметаат дека со тоа земјава се става во потчинета положба, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење кое за потребите на „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според истражувањето само 28,1 отсто од испитаниците даваат поддршка за преговарачката рамка при што Македонците и Албанците имаат сосема различни ставови.
Додека 70 отсто од Македонците се против преговарачката рамка, дури 75 отсто Албанци даваат поддршка. За преговарачката рамка се само 13,2 отсто од Македонците, додека против неа се само 11,5 отсто етнички Албанци. Најмалку граѓани против преговарачката рамка има во Полошкиот регион, а најмногу во Вардарскиот без Скопје и на Југоистокот, покажуваат резултатите од испитувањето.
Граѓаните се поделени и околу можноста да се преговара за нова рамка.
Од нив 37,1 отсто сметаат дека тоа е можно, додека 36,4 отсто, пак, сметаат дека репреговарање на преговарачката рамка не е опција. Тука нема некоја голема разлика меѓу ставовите на доминантните етнички групи. Кај Македонците 36,3 отсто сметаат дека може, а 36,7 отсто дека не може повторно да се преговара за нова рамка. Кај етничките Албанци, 40,6 отсто се на ставот дека е можно да се договори и нова преговарачка рамка, додека 34,9 отсто дека не може, покажуваат резултатите од анкетата.
Близу две третини од граѓаните велат дека имаат доволно информации за францускиот предлог.
Ваков став делат 59,1 отсто од анкетираните, додека една третина или 33,9 отсто рекле дека немаат доволно информации за преговарачката рамка. Македонците се подобро информирани од Албанците. Од етничките Македонци 66,2 отсто рекле дека имаат доволно информации за францускиот предлог со кој се тргна бугарското вето, додека 44,5 отсто етнички Албанци велат дека не се доволно информирани, се гледа од анкетата.
На близу половина од граѓаните воопшто не им е позната разликата меѓу францускиот предлог и преговарачката рамка.
Ваков став имаат 49,6 отсто од анкетираните, додека 31,1 отсто рекле дека ја знаат разликата. Од анкетираните 50,9 отсто сметаат дека преговарачката рамка е на штета на македонските национални интереси и се согласуваат со тврдењето дека оваа преговарачка рамка ја става земјава во потчинета положба и претставува вовед во бугаризација, а само 21 отсто се согласуваат со тврдењето дека преговарачката рамка ги зема предвид повеќето македонски барања и го гарантира македонскиот идентитет. Но Македонците и Албанците имаат дијаметрално спротивни ставови. Додека 62 отсто од Македонците сметаат дека преговарачката рамка е вовед во бугаризација, дури 54,4 отсто од Албанците се на ставот дека преговарачката рамка го гарантира македонскиот идентитет, се истакнува во анкетата.
Најзагрижени дека преговарачката рамка е вовед во бугаризација се повозрасните и граѓаните меѓу 30 и 39 годишна возраст. Најмала е загриженоста кај најмладите.
Близу половина од граѓаните или 48,4 отсто сметаат дека има многу дезинформации по ова прашање, додека 26,9 отсто велат дека нема дезинформации, се посочува во анкетата.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.

The post Само Албанците во Македонија се „за“ францускиот предлог appeared first on Република.

]]>
Ова е многу важно: Ниту една банка не смее да наплати провизија за предвремена отплата на кредитот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ova-e-mnogu-vazhno-nitu-edna-banka-ne-smee-da-naplati-provizija-za-predvremena-otplata-na-kreditot/ Sun, 30 Apr 2023 17:38:05 +0000 https://republika.mk/?p=635584

Договорите за брзите кеш кредити се еклатантен пример за легална пљачка која што ја дозволува државата, вели за Детектор адвокатот Јанаки Митровски.

Овие договори се еклатантен пример за легална пљачка која што за жал се дозволува. Инаку и за банките кога ги споменувате, е добро да се знае дека Законот за облигациони односи ги штити примачите на кредит од наплаќање на пенали за предвремено враќање на кредитот, каде што банката не смее да наплаќа па дури и да стои така во договорот, сум видел некаде дека стои и 5% пенали да се плаќаат. Слободно сите граѓани нека си го уплатат износот кој го должат без пеналите за предвремена отплата, верувајте ми дека банките нема да тужат, бидејќи во Законот за облигациони односи со големи букви стои дека немаат право на тоа.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/retko-koj-od-graganite-znae-deka-ima-rok-od-14-dena-vo-koj-mozhe-da-se-otkazhe-od-kreditot/

Ќе ги платите само каматите кои се доспеани, ниту други камати треба да враќате, но во Законот за финансиски друштва нема ваква одредба, објаснува Митровски.

The post Ова е многу важно: Ниту една банка не смее да наплати провизија за предвремена отплата на кредитот appeared first on Република.

Македонците бараат сексуално образование во училиштата, а Албанците се против, покажа анкетата на Детектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-baraat-seksualno-obrazovanie-vo-uchilishtata-a-albantsite-se-protiv-pokazha-anketata-na-detektor/ Sun, 09 Apr 2023 14:58:09 +0000 https://republika.mk/?p=629063

Граѓаните се поделени околу потребата од сексуално образование во училиштата иако мнозинството даваат поддршка за оваа идеја, покажуваат резултатите од последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според неа 49,9% се на ставот дека треба да има сексуално образование додека 37,3% сметаат дека не треба.

Поделеноста доаѓа од дијаметрално спротивставените ставови на Македонците и етничките Албанци. Додека 55% од Македонците сметаат дека треба да има сексуално образование во училиштата, 52,8% етнички Албанци сметаат дека не треба да се воведува сексуално образование за учениците. 33,7% Македонци се против сексуално образование а кај етничките Албанци поддршка за сексуално образование во училиштата даваат 29%.

Но, кога во сексуалното образование би се вклучиле и теми за ЛГБТИ+ лица како и трансродни и не бинарни родови идентитети тогаш огромно мнозинство граѓани се против. Во таква ситуација 69,4% од граѓаните се против ваков вид на сексуално образование додека само 16,4% даваат поддршка

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.

The post Македонците бараат сексуално образование во училиштата, а Албанците се против, покажа анкетата на Детектор appeared first on Република.

]]>

Граѓаните се поделени околу потребата од сексуално образование во училиштата иако мнозинството даваат поддршка за оваа идеја, покажуваат резултатите од последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа 49,9% се на ставот дека треба да има сексуално образование додека 37,3% сметаат дека не треба. Поделеноста доаѓа од дијаметрално спротивставените ставови на Македонците и етничките Албанци. Додека 55% од Македонците сметаат дека треба да има сексуално образование во училиштата, 52,8% етнички Албанци сметаат дека не треба да се воведува сексуално образование за учениците. 33,7% Македонци се против сексуално образование а кај етничките Албанци поддршка за сексуално образование во училиштата даваат 29%. Но, кога во сексуалното образование би се вклучиле и теми за ЛГБТИ+ лица како и трансродни и не бинарни родови идентитети тогаш огромно мнозинство граѓани се против. Во таква ситуација 69,4% од граѓаните се против ваков вид на сексуално образование додека само 16,4% даваат поддршка Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.

The post Македонците бараат сексуално образование во училиштата, а Албанците се против, покажа анкетата на Детектор appeared first on Република.

]]>
Само Албанците задоволни од услугите на јавната администрација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/albantsite-zadovolni-od-uslugite-na-javnata-administratsija/ Sun, 02 Apr 2023 16:49:29 +0000 https://republika.mk/?p=626331

Половина од граѓаните не се задоволни од квалитетот на услугите кои ги дава јавната администрација а близу 60% сметаат дека бројот на вработени во јавниот сектор треба да се намали. Вакви резултати дава последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 49,9% од граѓаните рекле дека генерално не се задоволни од услугите кои ги добиваат од јавната администрација додека 36,4% велат дека се задоволни.

Споредбата со истражувањето кое на иста тема ИПИС за Детектор го спроведе во 2019 година покажува дека незадоволството на граѓаните значително се зголемило, па за 4 години од мнозинство задоволни граѓани денеска, имаме мнозинство незадоволни. Ако во 2019 48,2% од граѓаните рекле дека се генерално задоволни од услугите кои ги добиваат од јавната администрација денеска нивната бројка се намалила на дури 36,4%. За разлика од тоа, бројот на незадоволни граѓани за 4 години скокнал од 41,3% на 49,9%.

Анализата на етничката структура на граѓаните кои одговарале на ова прашање покажува значителни разлики меѓу Македонците и етничките Албанци. Па така, 57,7% од Македонците велат дека не се задоволни од услугите на јавната администрација наспроти 33,7% кои велат дека се задоволни. Кај Албанците ситуацијата е сосема различна. Таму, мнозинството граѓани или 44% велат дека се задоволни наспроти 37,1% етнички Албанци кои велат дека генерално не се задоволни од услугите кои ги добиваат од јавната администрација.

Најголемо мнозинство граѓани или 19,4% најчесто имале потреба за услуга од јавната администрација на МВР. 11,6% од општините и 7,9% од Фондот за здравство.

Најголемиот дел од нив или 22,9% велат дека не се задоволни од ниту една услуга која ја добила јавните институции. 13,1% најзадоволни се од услугите на МВР а 7,5% од оние кои ги нудат општините.

Најголем број граѓани или нешто над 8% велат дека најнезадоволни се од услугите на Фондот за здравство.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.

The post Само Албанците задоволни од услугите на јавната администрација appeared first on Република.

]]>

Половина од граѓаните не се задоволни од квалитетот на услугите кои ги дава јавната администрација а близу 60% сметаат дека бројот на вработени во јавниот сектор треба да се намали. Вакви резултати дава последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 49,9% од граѓаните рекле дека генерално не се задоволни од услугите кои ги добиваат од јавната администрација додека 36,4% велат дека се задоволни. Споредбата со истражувањето кое на иста тема ИПИС за Детектор го спроведе во 2019 година покажува дека незадоволството на граѓаните значително се зголемило, па за 4 години од мнозинство задоволни граѓани денеска, имаме мнозинство незадоволни. Ако во 2019 48,2% од граѓаните рекле дека се генерално задоволни од услугите кои ги добиваат од јавната администрација денеска нивната бројка се намалила на дури 36,4%. За разлика од тоа, бројот на незадоволни граѓани за 4 години скокнал од 41,3% на 49,9%. Анализата на етничката структура на граѓаните кои одговарале на ова прашање покажува значителни разлики меѓу Македонците и етничките Албанци. Па така, 57,7% од Македонците велат дека не се задоволни од услугите на јавната администрација наспроти 33,7% кои велат дека се задоволни. Кај Албанците ситуацијата е сосема различна. Таму, мнозинството граѓани или 44% велат дека се задоволни наспроти 37,1% етнички Албанци кои велат дека генерално не се задоволни од услугите кои ги добиваат од јавната администрација. Најголемо мнозинство граѓани или 19,4% најчесто имале потреба за услуга од јавната администрација на МВР. 11,6% од општините и 7,9% од Фондот за здравство. Најголемиот дел од нив или 22,9% велат дека не се задоволни од ниту една услуга која ја добила јавните институции. 13,1% најзадоволни се од услугите на МВР а 7,5% од оние кои ги нудат општините. Најголем број граѓани или нешто над 8% велат дека најнезадоволни се од услугите на Фондот за здравство. Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.

The post Само Албанците задоволни од услугите на јавната администрација appeared first on Република.

]]>
Две третини од граѓаните никогаш не користеле административна онлајн услуга, близу 60 отсто преферираат да отидат на шалтер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dve-tretini-od-graganite-nikogash-ne-koristele-administrativna-onlajn-usluga-blizu-60-otsto-preferiraat-da-otidat-na-shalter/ Sun, 19 Mar 2023 16:00:19 +0000 https://republika.mk/?p=621271

Две третини од граѓаните никогаш не користеле дигитална административна услуга, а близу 60 отсто повеќе сакаат услугите да ги добиваат на шалтер отколку онлајн, покажува последното истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања - Скопје. Анкетата на ИПИС е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.

Според анкетата, 58,2 проценти од граѓаните доколку имаат потреба од одредена услуга преферираат истата да си ја завршат лично на шалтер. Само 33,9 отсто велат дека кога би можеле, работата би ја завршиле онлајн.

Истражувањето покажало дека повозрасните граѓани имаат повеќе отпор кон компјутерите. Меѓу оние кои се над 60 години, само 19,1 отсто услугата би ја завршиле онлајн, додека кај граѓаните на возраст од 18 до 50 години процентот на анкетирани кои рекле дека преферираат услугите да ги добиваат онлајн се движи околу 44 проценти.

Според образовната структура, истражувањето покажува дека граѓаните со поквалитетно образование повеќе се вртат кон онлајн административните услуги. Па така, ако 62,1 отсто од анкетираните со високо образование изјавиле дека преферираат онлајн административни услуги, ваков став делат само 11,6 проценти од оние кои немаат завршено ни основно образование.

Анкетата покажува дека над две третини од граѓаните никогаш не користеле онлајн услуга во некоја јавна институција. Додека само 26,5 проценти изјавиле дека ги користеле онлајн услугите на државните институции, а дури 69,2 отсто никогаш не се обиделе некој документ или услуга да го добијат онлајн.

Оние кои користеле онлајн услуги, во огромно мнозинство изразуваат задоволство. Дури 87,4 отсто од анкетираните рекле дека се задоволни од онлајн услугата која ја добиле од државните институции, додека само 11,6 проценти велат дека не се задоволни. Најголем дел од граѓаните или 25,6 отсто користеле онлајн услуги на Министерството за внатрешни работи. Следи УЈП со 10,6 проценти и катастарот со 7,8 отсто.

Граѓаните во мнозинство велат дека не стравуваат за своите лични податоци со кои располагаат државните институции, иако, една третина од анкетираните сè уште се скептични. Процентот на оние кои сметаат дека нивните лични податоци кои ги имаат институциите се безбедни и заштитени е 44, а 32,1 отсто сметаат дека не се.

Во поглед на ефикасноста на институциите кои ги нудат административните услуги, граѓаните во мнозинство не гледаат некоја разлика во последните пет години. Од анкетираните, 35 отсто сметаат дека денес не е ниту полесно, ниту потешко да се извади документ во споредба со условите од пред пет години, 30,3 проценти сметаат дека денеска документите и административните услуги се добиваат полесно, а 25,7 отсто сметаат дека се добиваат потешко.

Според граѓаните, реформата во јавната администрација не треба да се прави преку нови вработувања, туку преку намалување на бројот на вработени и дигитализација. Ваков став дела 53,3 отсто од анкетираните, додека 23,7 проценти се на ставот дека реформата во јавната администрација треба да биде насочена кон нови вработувања и обуки.

Споредбата со истото прашање кое „Детектор“ го имал пред четири години покажува дека граѓаните денес во поголемо мнозинство инсистираат на намалување на бројот на вработените и дигитализација.

The post Две третини од граѓаните никогаш не користеле административна онлајн услуга, близу 60 отсто преферираат да отидат на шалтер appeared first on Република.

]]>

Две третини од граѓаните никогаш не користеле дигитална административна услуга, а близу 60 отсто повеќе сакаат услугите да ги добиваат на шалтер отколку онлајн, покажува последното истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања - Скопје. Анкетата на ИПИС е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници. Според анкетата, 58,2 проценти од граѓаните доколку имаат потреба од одредена услуга преферираат истата да си ја завршат лично на шалтер. Само 33,9 отсто велат дека кога би можеле, работата би ја завршиле онлајн. Истражувањето покажало дека повозрасните граѓани имаат повеќе отпор кон компјутерите. Меѓу оние кои се над 60 години, само 19,1 отсто услугата би ја завршиле онлајн, додека кај граѓаните на возраст од 18 до 50 години процентот на анкетирани кои рекле дека преферираат услугите да ги добиваат онлајн се движи околу 44 проценти. Според образовната структура, истражувањето покажува дека граѓаните со поквалитетно образование повеќе се вртат кон онлајн административните услуги. Па така, ако 62,1 отсто од анкетираните со високо образование изјавиле дека преферираат онлајн административни услуги, ваков став делат само 11,6 проценти од оние кои немаат завршено ни основно образование. Анкетата покажува дека над две третини од граѓаните никогаш не користеле онлајн услуга во некоја јавна институција. Додека само 26,5 проценти изјавиле дека ги користеле онлајн услугите на државните институции, а дури 69,2 отсто никогаш не се обиделе некој документ или услуга да го добијат онлајн. Оние кои користеле онлајн услуги, во огромно мнозинство изразуваат задоволство. Дури 87,4 отсто од анкетираните рекле дека се задоволни од онлајн услугата која ја добиле од државните институции, додека само 11,6 проценти велат дека не се задоволни. Најголем дел од граѓаните или 25,6 отсто користеле онлајн услуги на Министерството за внатрешни работи. Следи УЈП со 10,6 проценти и катастарот со 7,8 отсто. Граѓаните во мнозинство велат дека не стравуваат за своите лични податоци со кои располагаат државните институции, иако, една третина од анкетираните сè уште се скептични. Процентот на оние кои сметаат дека нивните лични податоци кои ги имаат институциите се безбедни и заштитени е 44, а 32,1 отсто сметаат дека не се. Во поглед на ефикасноста на институциите кои ги нудат административните услуги, граѓаните во мнозинство не гледаат некоја разлика во последните пет години. Од анкетираните, 35 отсто сметаат дека денес не е ниту полесно, ниту потешко да се извади документ во споредба со условите од пред пет години, 30,3 проценти сметаат дека денеска документите и административните услуги се добиваат полесно, а 25,7 отсто сметаат дека се добиваат потешко. Според граѓаните, реформата во јавната администрација не треба да се прави преку нови вработувања, туку преку намалување на бројот на вработени и дигитализација. Ваков став дела 53,3 отсто од анкетираните, додека 23,7 проценти се на ставот дека реформата во јавната администрација треба да биде насочена кон нови вработувања и обуки. Споредбата со истото прашање кое „Детектор“ го имал пред четири години покажува дека граѓаните денес во поголемо мнозинство инсистираат на намалување на бројот на вработените и дигитализација.

The post Две третини од граѓаните никогаш не користеле административна онлајн услуга, близу 60 отсто преферираат да отидат на шалтер appeared first on Република.

]]>
Данева: Утврдено е дека тројца претседатели на македонски судови не можат да го докажат потеклото на имот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/daneva-utvrdeno-e-deka-trojtsa-pretsedateli-na-makedonski-sudovi-ne-mozhat-da-go-dokazhat-potekloto-na-imot/ Sun, 05 Mar 2023 22:22:20 +0000 https://republika.mk/?p=616152

Неопходна е проверка на имотот на судиите и обвинителите, вели за „Детектор“ професорката на Правниот факултет во Скопје, Ана Павловска Данева. Според неа, тоа е и здраво за самите судии кои не се огрешиле пред законот. Во проверките кои ги направи Антикорупциска покажале дека тројца претседатели на Судови низ Македонија немаат покритие за својот имот.

Можеби не би го исклучила ветингот особено оној како за обвинителите така и за судиите од аспект на проверка на потеклото на имот. Тоа е нужно, тоа е неопходно, тоа е здраво за самите судии, особено оние кои не се огрешиле пред законот. Ние слушнавме дека Антикорупциска го имаше тоа ставено во својата програма дека ќе ја проверат имотната состојба на 500 судии, успеаја само на претседатели на судови само. Она колку што се сеќавам, и тоа во јавноста не беше многу експонирано, мислам дека најдоа кај тројца претседатели на судовите надминување на имотот во споредба со тоа какви примања имаат. И што направи ДКСК освен една прес конференција?, праша Данева во Детектор

The post Данева: Утврдено е дека тројца претседатели на македонски судови не можат да го докажат потеклото на имот appeared first on Република.

Албанците повеќе веруваат дека американските заложби ќе ја намалат корупцијата отколку Македонците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/albantsite-poveke-veruvaat-deka-amerikanskite-zalozhbi-ke-ja-namalat-koruptsijata-otkolku-makedontsite/ Sun, 05 Mar 2023 16:21:04 +0000 https://republika.mk/?p=616113

Половина од граѓаните сметаат дека Меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители, покажува последното истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 47,8% од граѓаните сметаат дека Меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители додека 36,1% сметаат дека не треба. Според етничката структура и Македонците и Албанците во мнозинство сметаат дека меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители, со таа разлика што кај етничките Албанци потребата ја истакнуваат 62,4% а кај Македонците 42,7%.

50,9% од анкетираните се на ставот дека во одредени судски процеси од висок профил треба да бидат вклучени и обвинители од странство, додека 35,1% сметаат дека не треба. Разликата во ставовите според етничката структура на анкетираните и тука е идентична како и на претходното прашање.

Над три четвртини од граѓаните или 78,6% сметаат дека треба да се направи ветинг во судството, односно да се провери имотната состојба на судиите заедно со судските случаи во кои биле вклучени под мониторинг на меѓународната заедница. Само 10,7% сметаат дека ветинг на судиите не е потребен.

Деталната анализа покажува дека околу 82% од вработените во приватниот сектор и оние кои што се самовработени како и земјоделците поддржуваат ветинг во судството додека овој процент кај вработените во јавниот сектор се спушта на 77,%, а најнизок е кај студентите, 75%.

Граѓаните во мнозинство бараат странски експерти и во Антикорупциската комисија. 53,2% сметаат дека со цел да се зајакне нејзиното влијание странски експерти треба да бидат вклучени во Антикорупциската комисија додека 31,2% сметаат дека не треба. Тука Македонците и етничките Албанци имаат речиси дијаметрално спротивни ставови. Додека 50,9% од етничките Македонци сметаат дека не ни требаат странци во Антикорупциска, дури 60,9% етнички Албанци се убедени во спротивното.

Граѓаните се прилично поделени по прашањето дали почетокот на преговорите со ЕУ ќе придонесе за поефикасно справување со корупцијата. Тенко мнозинство од 43,5% сметаат дека ќе придонесе додека 41,1% сметаат дека нема.

Мнозинството од анкетираните сметаат дека заложбите на САД за борбата против корупцијата нема да придонесат за нејзино намалување. Ваков став делат 46% од анкетираните додека 38,7% сметаат дека заложбите на САД ќе ни донесат пониска корупција.

Најголем дел од нив се етнички Албанци. Меѓу нив дури 57,8% сметаат дека заложбите на САД за борба против корупцијата ќе придонесат за нејзино намалување што е дијаметрално спротивно од 52,1% Македонци кои сметаат дека заложбите на САД нема да ни помогнат за намалување на корупцијата.

Слични се ставовите и на прашањето дали најавената американска црна листа на функционери поврзани со корупција ќе има влијание врз нивното однесување. 43,5% од граѓаните сметаат дека влијание нема да има, додека 38,2% дека ќе има некакво влијание. И тука анализата на анкетата според етничката структура на анкетирани покажува дека етничките Албанци во огромно мнозинство од 60,9% сметаат дека американската црна листа ќе има влијание врз функционерите додека 50,9% Македонци сметаат дека таа нема да има никакво влијание на нивното однесување.

Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година.

The post Албанците повеќе веруваат дека американските заложби ќе ја намалат корупцијата отколку Македонците appeared first on Република.

]]>

Половина од граѓаните сметаат дека Меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители, покажува последното истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 47,8% од граѓаните сметаат дека Меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители додека 36,1% сметаат дека не треба. Според етничката структура и Македонците и Албанците во мнозинство сметаат дека меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители, со таа разлика што кај етничките Албанци потребата ја истакнуваат 62,4% а кај Македонците 42,7%. 50,9% од анкетираните се на ставот дека во одредени судски процеси од висок профил треба да бидат вклучени и обвинители од странство, додека 35,1% сметаат дека не треба. Разликата во ставовите според етничката структура на анкетираните и тука е идентична како и на претходното прашање. Над три четвртини од граѓаните или 78,6% сметаат дека треба да се направи ветинг во судството, односно да се провери имотната состојба на судиите заедно со судските случаи во кои биле вклучени под мониторинг на меѓународната заедница. Само 10,7% сметаат дека ветинг на судиите не е потребен. Деталната анализа покажува дека околу 82% од вработените во приватниот сектор и оние кои што се самовработени како и земјоделците поддржуваат ветинг во судството додека овој процент кај вработените во јавниот сектор се спушта на 77,%, а најнизок е кај студентите, 75%. Граѓаните во мнозинство бараат странски експерти и во Антикорупциската комисија. 53,2% сметаат дека со цел да се зајакне нејзиното влијание странски експерти треба да бидат вклучени во Антикорупциската комисија додека 31,2% сметаат дека не треба. Тука Македонците и етничките Албанци имаат речиси дијаметрално спротивни ставови. Додека 50,9% од етничките Македонци сметаат дека не ни требаат странци во Антикорупциска, дури 60,9% етнички Албанци се убедени во спротивното. Граѓаните се прилично поделени по прашањето дали почетокот на преговорите со ЕУ ќе придонесе за поефикасно справување со корупцијата. Тенко мнозинство од 43,5% сметаат дека ќе придонесе додека 41,1% сметаат дека нема. Мнозинството од анкетираните сметаат дека заложбите на САД за борбата против корупцијата нема да придонесат за нејзино намалување. Ваков став делат 46% од анкетираните додека 38,7% сметаат дека заложбите на САД ќе ни донесат пониска корупција. Најголем дел од нив се етнички Албанци. Меѓу нив дури 57,8% сметаат дека заложбите на САД за борба против корупцијата ќе придонесат за нејзино намалување што е дијаметрално спротивно од 52,1% Македонци кои сметаат дека заложбите на САД нема да ни помогнат за намалување на корупцијата. Слични се ставовите и на прашањето дали најавената американска црна листа на функционери поврзани со корупција ќе има влијание врз нивното однесување. 43,5% од граѓаните сметаат дека влијание нема да има, додека 38,2% дека ќе има некакво влијание. И тука анализата на анкетата според етничката структура на анкетирани покажува дека етничките Албанци во огромно мнозинство од 60,9% сметаат дека американската црна листа ќе има влијание врз функционерите додека 50,9% Македонци сметаат дека таа нема да има никакво влијание на нивното однесување. Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година.

The post Албанците повеќе веруваат дека американските заложби ќе ја намалат корупцијата отколку Македонците appeared first on Република.

]]>
Детектор анкета: 80% граѓани сметаат дека имаме корумпирани јавни набавки и дека политичарите ги трошат јавните пари за лични интереси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/detektor-anketa-80-gragani-smetaat-deka-imame-korumpirani-javni-nabavki-i-deka-politicharite-gi-troshat-javnite-pari-za-lichni-interesi/ Sun, 26 Feb 2023 17:28:05 +0000 https://republika.mk/?p=613424

Близу 80% од граѓаните сметаат дека има корупција во јавните набавки и дека при трошењето на
јавните пари, политичарите се водат исклучиво од личниот интерес. Вакви податоци дава
најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него, 79,5% од анкетираните сметаат дека има корупција во спроведувањето на јавните
набавки додека само 9,5% не гледаат корупција во овој процес.
Во споредба со анкетата која ИПИС за Детектор ја спроведе во 2019 година, денеска уште поголем број граѓани сметаат дека има корупција во јавните набавки.

Ако во 2019 66,4% сметале дека има корупција во јавните набавки денеска оваа бројка се
зголемила за 13 поени на 79,5% граѓани кои се убедени дека постапките за јавни набавки ги следи корупција.
80,4% од анкетираните сметаат дека при трошењето на јавните пари политичарите се водат од
личните и партиските интереси наспроти само 7% кои сметаат дека при трошењето на јавните
пари, политичарите се водат од интересот на граѓаните.
Анализата на етничката структура покажува дека Македонците многу повеќе перцепираат
корупција во јавните набавки во однос на етничките Албанци. Додека дури 87,8% од
Македонците сметаат дека при трошењето на јавните пари политичарите се водат исклучиво од
личните и партиските интереси, ваков став делат 57% етнички Албанци. Интересно е што само 3% Македонци сметаат дека при трошењето на парите на граѓаните политичарите се водат од јавниот интерес, додека овој процент кај етничките Албанци се искачува до 17,5%.
Близу две третини од граѓаните или точно 72,6% сметаат дека парите од буџетот се трошат
ненаменски додека 17,9% сметаат дека трошоците се за потребите на граѓаните.
И овде сосема различни перцепции на Македонците и етничките Албанци. Додека дури 80% од
Македонците сметаат дека парите од буџетот не се трошат наменски, ваков став делат само 49,4% етнички Албанци. 30,8% од Албанците сметаат дека буџетот се троши за вистинските потреби на граѓаните додека ваков став делат само 13,4% Македонци.
Близу половина од граѓаните или 49,1% сметаат дека состојбата со начинот на кој функционерите ги трошат јавните пари станува се полоша во последните 5 години. 31,8% не гледаат некаква промена додека само 9,9% детектирале подобрување.
Според етничката структура, 54,8% Македонци сметаат дека имаме уште полоша состојба со
трошењето на јавни пари во последните 5 години додека 7,5% забележале подобрување. 31,8%
сметаат дека нема никакви промени. Етничките Албанци се поделени. 32,7% од нив сметаат дека
состојбата со трошењето на јавните пари во последните 5 години станала полоша а 31,9% не
гледаат промена. 16,3% етнички Албанци сметаат дека трошењето на јавните пари за последните 5 години се подобрило.
Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички
истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04
февруари оваа година.

The post Детектор анкета: 80% граѓани сметаат дека имаме корумпирани јавни набавки и дека политичарите ги трошат јавните пари за лични интереси appeared first on Република.

]]>

Близу 80% од граѓаните сметаат дека има корупција во јавните набавки и дека при трошењето на јавните пари, политичарите се водат исклучиво од личниот интерес. Вакви податоци дава најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 79,5% од анкетираните сметаат дека има корупција во спроведувањето на јавните набавки додека само 9,5% не гледаат корупција во овој процес. Во споредба со анкетата која ИПИС за Детектор ја спроведе во 2019 година, денеска уште поголем број граѓани сметаат дека има корупција во јавните набавки. Ако во 2019 66,4% сметале дека има корупција во јавните набавки денеска оваа бројка се зголемила за 13 поени на 79,5% граѓани кои се убедени дека постапките за јавни набавки ги следи корупција. 80,4% од анкетираните сметаат дека при трошењето на јавните пари политичарите се водат од личните и партиските интереси наспроти само 7% кои сметаат дека при трошењето на јавните пари, политичарите се водат од интересот на граѓаните. Анализата на етничката структура покажува дека Македонците многу повеќе перцепираат корупција во јавните набавки во однос на етничките Албанци. Додека дури 87,8% од Македонците сметаат дека при трошењето на јавните пари политичарите се водат исклучиво од личните и партиските интереси, ваков став делат 57% етнички Албанци. Интересно е што само 3% Македонци сметаат дека при трошењето на парите на граѓаните политичарите се водат од јавниот интерес, додека овој процент кај етничките Албанци се искачува до 17,5%. Близу две третини од граѓаните или точно 72,6% сметаат дека парите од буџетот се трошат ненаменски додека 17,9% сметаат дека трошоците се за потребите на граѓаните. И овде сосема различни перцепции на Македонците и етничките Албанци. Додека дури 80% од Македонците сметаат дека парите од буџетот не се трошат наменски, ваков став делат само 49,4% етнички Албанци. 30,8% од Албанците сметаат дека буџетот се троши за вистинските потреби на граѓаните додека ваков став делат само 13,4% Македонци. Близу половина од граѓаните или 49,1% сметаат дека состојбата со начинот на кој функционерите ги трошат јавните пари станува се полоша во последните 5 години. 31,8% не гледаат некаква промена додека само 9,9% детектирале подобрување. Според етничката структура, 54,8% Македонци сметаат дека имаме уште полоша состојба со трошењето на јавни пари во последните 5 години додека 7,5% забележале подобрување. 31,8% сметаат дека нема никакви промени. Етничките Албанци се поделени. 32,7% од нив сметаат дека состојбата со трошењето на јавните пари во последните 5 години станала полоша а 31,9% не гледаат промена. 16,3% етнички Албанци сметаат дека трошењето на јавните пари за последните 5 години се подобрило. Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година.

The post Детектор анкета: 80% граѓани сметаат дека имаме корумпирани јавни набавки и дека политичарите ги трошат јавните пари за лични интереси appeared first on Република.

]]>
81,8% од Македонците сметаат дека законот не важи подеднакво за сите, 83% дека немаме независно судство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/81-8-od-makedontsite-smetaat-deka-zakonot-ne-vazhi-podednakvo-za-site-83-deka-nemame-nezavisno-sudstvo/ Sun, 19 Feb 2023 16:01:28 +0000 https://republika.mk/?p=610738

Две третини од граѓаните не веруваат дека во Македонија може да се добие фер и правично судење а близу три четвртини се на ставот дека законот не важи подеднакво за сите, покажува последната анкета која за „Детектор“ ја спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје.

Според неа, 65,7% од граѓаните се на ставот дека Во Македонија не може да се добие фер и правично судење додека во спротивното се убедени 19,3%.
Македонците и етнички Албанци комплетно различно гледаат на ова прашање, иако во мнозинство се согласуваат дека фер судење во Македонија не може да се добие. Сепак додека ваков став делат 73,2% од Македонците, „само“ 42% етнички Албанци сметаат дека не можете да добиете фер судење за разлика од 32,7% кои се на ставот дека во Македонија може да ви биде судено во фер постапка. Овој процент кај етничките Македонци е спуштен на само 14,8%.

73,9% од граѓаните велат дека во Македонија законот не важи подеднакво за сите, додека неселективност во правдата гледаат само 17,3%.

Споредбата на оваа анкета со анкетата која ИПИС за Детектор ја спроведе пред 4 години покажува дека нема некоја значителна разлика, иако постои благ раст на граѓани кои денеска сметаат дека законот не важи подеднакво за сите.

И по ова прашање значително се разликуваат ставовите ако се направи анализа на етничката структура на испитаниците. Па така, 81,8% од Македонците сметаат дека законот не важи подеднакво за сите, додека ваков став делат 51% етнички Албанци.

Гледано по региони, во вардарскиот и источниот регион над 90% од анкетираните сметаат дека правдата е селективна додека на југоистокот и во полошкиот регион ваков став делат околу 60% од истпитаниците.

70,9% од анкетираните велат дека македонското судство не е ефикасно, додека ефикасност перцепираат 16,4%.

И тука споредбата со претходната анкета која ИПИС за Детектор ја спроведе во 2019 дава раст на бројот на граѓани кои сметаат дека судството не е ефикасно, иако разликата не е многу голема.

Сепак, голема е разликата меѓу ставовите на Македонците и етничките Албанци по ова прашање. Додека близу 80% Македонци сметаат дека судството не е ефикасно ваков став делат само 46% етнички Албанци.

Генерално гледано, граѓаните имаат многу мала доверба во правосудниот систем. Во судството доверба имаат само 24% додека не му веруваат точно 70% од анкетираните. Тука некаде се и бројките за обвинителството. Тоа има недоверба кај 67% од анкетираните додека му веруваат 25%.

Во народниот правобранител доверба имаат 35% од граѓаните а недоверба 50,4%.

75,3% од анкетираните сметаат дека македонското правосудство не е независно додека само 11% сметаат дека тоа е отпорно на надворешни влијанија. Во споредба со нашата анкета од пред 4 години, има значителен раст на бројот на граѓани кои денеска сметаат дека судството не е независно. Ако оваа бројка во 2019 била фиксирана на нешто под 60%, денеска таа оди над 75%. И тука Македонците и етничките Албанци имаат прилично различни ставови. Додека 83%
Македонци сметаат дека немаме независно судство, ваков став делат 52,9% етнички Албанци.

Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година.

The post 81,8% од Македонците сметаат дека законот не важи подеднакво за сите, 83% дека немаме независно судство appeared first on Република.

]]>

Две третини од граѓаните не веруваат дека во Македонија може да се добие фер и правично судење а близу три четвртини се на ставот дека законот не важи подеднакво за сите, покажува последната анкета која за „Детектор“ ја спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје. Според неа, 65,7% од граѓаните се на ставот дека Во Македонија не може да се добие фер и правично судење додека во спротивното се убедени 19,3%. Македонците и етнички Албанци комплетно различно гледаат на ова прашање, иако во мнозинство се согласуваат дека фер судење во Македонија не може да се добие. Сепак додека ваков став делат 73,2% од Македонците, „само“ 42% етнички Албанци сметаат дека не можете да добиете фер судење за разлика од 32,7% кои се на ставот дека во Македонија може да ви биде судено во фер постапка. Овој процент кај етничките Македонци е спуштен на само 14,8%. 73,9% од граѓаните велат дека во Македонија законот не важи подеднакво за сите, додека неселективност во правдата гледаат само 17,3%. Споредбата на оваа анкета со анкетата која ИПИС за Детектор ја спроведе пред 4 години покажува дека нема некоја значителна разлика, иако постои благ раст на граѓани кои денеска сметаат дека законот не важи подеднакво за сите. И по ова прашање значително се разликуваат ставовите ако се направи анализа на етничката структура на испитаниците. Па така, 81,8% од Македонците сметаат дека законот не важи подеднакво за сите, додека ваков став делат 51% етнички Албанци. Гледано по региони, во вардарскиот и источниот регион над 90% од анкетираните сметаат дека правдата е селективна додека на југоистокот и во полошкиот регион ваков став делат околу 60% од истпитаниците. 70,9% од анкетираните велат дека македонското судство не е ефикасно, додека ефикасност перцепираат 16,4%. И тука споредбата со претходната анкета која ИПИС за Детектор ја спроведе во 2019 дава раст на бројот на граѓани кои сметаат дека судството не е ефикасно, иако разликата не е многу голема. Сепак, голема е разликата меѓу ставовите на Македонците и етничките Албанци по ова прашање. Додека близу 80% Македонци сметаат дека судството не е ефикасно ваков став делат само 46% етнички Албанци. Генерално гледано, граѓаните имаат многу мала доверба во правосудниот систем. Во судството доверба имаат само 24% додека не му веруваат точно 70% од анкетираните. Тука некаде се и бројките за обвинителството. Тоа има недоверба кај 67% од анкетираните додека му веруваат 25%. Во народниот правобранител доверба имаат 35% од граѓаните а недоверба 50,4%. 75,3% од анкетираните сметаат дека македонското правосудство не е независно додека само 11% сметаат дека тоа е отпорно на надворешни влијанија. Во споредба со нашата анкета од пред 4 години, има значителен раст на бројот на граѓани кои денеска сметаат дека судството не е независно. Ако оваа бројка во 2019 била фиксирана на нешто под 60%, денеска таа оди над 75%. И тука Македонците и етничките Албанци имаат прилично различни ставови. Додека 83% Македонци сметаат дека немаме независно судство, ваков став делат 52,9% етнички Албанци. Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година.

The post 81,8% од Македонците сметаат дека законот не важи подеднакво за сите, 83% дека немаме независно судство appeared first on Република.

]]>
Попов: Граѓаните јасно ѝ кажуваат на Владата дека нема капацитет и дека треба да си замине https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/popov-graganite-jasno-kazhuvaat-na-vladata-deka-nema-kapatsitet-i-deka-treba-da-si-zamine/ Sun, 05 Feb 2023 16:58:11 +0000 https://republika.mk/?p=605055

Кога на една влада над 52% од населението ѝ вели дека живеело подобро пред да дојдат на власт тоа значи дека таа влада треба да си замине вели за Детектор Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nad-polovina-od-graganite-smetaat-deka-zhiveat-polosho-od-pred-5-godini/

Мислам дека крајно време е таа влада да се откаже од тоа што го прави и да сфати дека не ја бива, дека нема капацитет да ги реши проблемите и да го направи животот на граѓаните подобар. Мислам дека тоа е веќе апсолвирана тема и ова е само уште една анкета која што го покажува тоа, вели Попов.

Тој вели дека со влезот во ЕУ нема да ни се решат проблемите и дека треба самите да си го средиме својот двор.

Самото влегување во ЕУ не е магично стапче кое што ќе ни ги реши проблемите. Имаме многу домашни задачи кои треба да ги завршиме претходно. Мислам дека сериозно треба да се посветиме на средување на работите и институциите и состојбите во сопствениот двор а не да чекаме тоа да ни го реши Европската Унија, бидејќи навистина нема да ни го реши, вели Попов.

The post Попов: Граѓаните јасно ѝ кажуваат на Владата дека нема капацитет и дека треба да си замине appeared first on Република.

]]>

Кога на една влада над 52% од населението ѝ вели дека живеело подобро пред да дојдат на власт тоа значи дека таа влада треба да си замине вели за Детектор Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов. https://republika.mk/vesti/makedonija/nad-polovina-od-graganite-smetaat-deka-zhiveat-polosho-od-pred-5-godini/
Мислам дека крајно време е таа влада да се откаже од тоа што го прави и да сфати дека не ја бива, дека нема капацитет да ги реши проблемите и да го направи животот на граѓаните подобар. Мислам дека тоа е веќе апсолвирана тема и ова е само уште една анкета која што го покажува тоа, вели Попов.
Тој вели дека со влезот во ЕУ нема да ни се решат проблемите и дека треба самите да си го средиме својот двор. Самото влегување во ЕУ не е магично стапче кое што ќе ни ги реши проблемите. Имаме многу домашни задачи кои треба да ги завршиме претходно. Мислам дека сериозно треба да се посветиме на средување на работите и институциите и состојбите во сопствениот двор а не да чекаме тоа да ни го реши Европската Унија, бидејќи навистина нема да ни го реши, вели Попов.

The post Попов: Граѓаните јасно ѝ кажуваат на Владата дека нема капацитет и дека треба да си замине appeared first on Република.

]]>
Над половина од граѓаните сметаат дека живеат полошо од пред 5 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nad-polovina-od-graganite-smetaat-deka-zhiveat-polosho-od-pred-5-godini/ Sun, 05 Feb 2023 15:58:10 +0000 https://republika.mk/?p=605040

Третина од граѓаните планираат да се иселат од државата, покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според неа, 30% од анкетираните размислуваат или некогаш размислувале да си заминат од Македонија. 64,8% изјавиле дека не размислуваат за иселување.  Загрижува податокот што кај младите до 30, па и кај оние граѓани до 40 годишна возраст, процентот на оние кои размислуваат за иселување се ближи до 50%.

Анкетата на ИПИС покажува дека 45,3% од младите до 29 годишна возраст размислуваат за иселување. Кај возрасната група од 30 до 39 години, 44,3% размислуваат или некогаш размислувале да си заминат од Македонија. Како расте возраста на анкетираните граѓани овој процент се намалува. 33,2% од граѓаните меѓу 40 и 50 години размислуваат за иселување. Интересно е што 28,1% од оние кои се меѓу 50 и 59 години планираат да си заминат од Македонија. Кај граѓаните над 60 години интересот за иселување очекувано паѓа на 9,8%.

Близу две третини од граѓаните имаат некој близок кој веќе се преселил во странство.

Според анкетата, 60% од анкетираните изјавиле дека имаат некој близок кој веќе се преселил во странство, додека 37,8% рекле дека немаат. Најголем дел оние кои што имаат блиски кои се иселиле во странство живеат во севроисточниот регион.

Таму 80% од анкетираните имаат некој близок кој се преселил од Македонија. На југоистокот 71,2% имаат блиски иселени во странство. Најмал процент на луѓе кои рекле дека имаат блиски кои се иселиле од Македонија живеат во Скопје.

Повеќе од половината од граѓаните сепак сметаат дека немаат шанси да си заминат од Македонија. 54,5% од граѓаните на скалата од 1 до 5 веројатноста да се иселат од Македонија ја оцениле со единица. Само 10,2% се убедени дека има многу големи шанси во следните 5 години да се исeлат од државата. Очекувано, најголем дел од овие граѓани кои се убедени дека за 5 години ќе си заминат од Македонија се млади до 30 години. Дури 21,4% од нив се убедени дека за 5 години ќе си заминат од Македонија.

Над половина од граѓаните велат дека пред 5 години живееле подобро од денеска. Анкетата покажува дека ваков став делат точно 52,6% од анкетираните. 33,7% не чувствуваат промена додека само 6,6% велат дека денеска живеат подобро отколку пред 5 години.

По региони, во Пелагонија дури 66,2% од анкетираните рекле дека пред 5 години имале подобар живот. Најмал е процентот на граѓани кои подобро живееле пред 5 години во југоистокот.

Во споредба со анкетата која за Детектор, ИПИС ја спроведе во 2019 година, бројките многу се разликуваат. Пред 4 години 33,5% од граѓаните изјавиле дека живееле подобро пред 5 години што е значително помалку од денешните 52,6%. Бројот на граѓани кои во 2019 изјавиле дека во моментот живеат подобро од она што го живееле пред 5 години бил 23,7% од анкетираните што е речи си 4 пати помалку од денешните 6,6%.

Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември.

The post Над половина од граѓаните сметаат дека живеат полошо од пред 5 години appeared first on Република.

]]>

Третина од граѓаните планираат да се иселат од државата, покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, 30% од анкетираните размислуваат или некогаш размислувале да си заминат од Македонија. 64,8% изјавиле дека не размислуваат за иселување.  Загрижува податокот што кај младите до 30, па и кај оние граѓани до 40 годишна возраст, процентот на оние кои размислуваат за иселување се ближи до 50%. Анкетата на ИПИС покажува дека 45,3% од младите до 29 годишна возраст размислуваат за иселување. Кај возрасната група од 30 до 39 години, 44,3% размислуваат или некогаш размислувале да си заминат од Македонија. Како расте возраста на анкетираните граѓани овој процент се намалува. 33,2% од граѓаните меѓу 40 и 50 години размислуваат за иселување. Интересно е што 28,1% од оние кои се меѓу 50 и 59 години планираат да си заминат од Македонија. Кај граѓаните над 60 години интересот за иселување очекувано паѓа на 9,8%. Близу две третини од граѓаните имаат некој близок кој веќе се преселил во странство. Според анкетата, 60% од анкетираните изјавиле дека имаат некој близок кој веќе се преселил во странство, додека 37,8% рекле дека немаат. Најголем дел оние кои што имаат блиски кои се иселиле во странство живеат во севроисточниот регион. Таму 80% од анкетираните имаат некој близок кој се преселил од Македонија. На југоистокот 71,2% имаат блиски иселени во странство. Најмал процент на луѓе кои рекле дека имаат блиски кои се иселиле од Македонија живеат во Скопје. Повеќе од половината од граѓаните сепак сметаат дека немаат шанси да си заминат од Македонија. 54,5% од граѓаните на скалата од 1 до 5 веројатноста да се иселат од Македонија ја оцениле со единица. Само 10,2% се убедени дека има многу големи шанси во следните 5 години да се исeлат од државата. Очекувано, најголем дел од овие граѓани кои се убедени дека за 5 години ќе си заминат од Македонија се млади до 30 години. Дури 21,4% од нив се убедени дека за 5 години ќе си заминат од Македонија. Над половина од граѓаните велат дека пред 5 години живееле подобро од денеска. Анкетата покажува дека ваков став делат точно 52,6% од анкетираните. 33,7% не чувствуваат промена додека само 6,6% велат дека денеска живеат подобро отколку пред 5 години. По региони, во Пелагонија дури 66,2% од анкетираните рекле дека пред 5 години имале подобар живот. Најмал е процентот на граѓани кои подобро живееле пред 5 години во југоистокот. Во споредба со анкетата која за Детектор, ИПИС ја спроведе во 2019 година, бројките многу се разликуваат. Пред 4 години 33,5% од граѓаните изјавиле дека живееле подобро пред 5 години што е значително помалку од денешните 52,6%. Бројот на граѓани кои во 2019 изјавиле дека во моментот живеат подобро од она што го живееле пред 5 години бил 23,7% од анкетираните што е речи си 4 пати помалку од денешните 6,6%. Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември.

The post Над половина од граѓаните сметаат дека живеат полошо од пред 5 години appeared first on Република.

]]>