детектор анкета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/detektor-anketa/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Mar 2024 15:17:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png детектор анкета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/detektor-anketa/ 32 32 Детектор анкета: Граѓаните се повеќе користат онлајн услуги но се помалку се задоволни од нив https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/detektor-anketa-graganite-se-poveke-koristat-onlajn-uslugi-no-se-pomalku-se-zadovolni-od-niv/ Sun, 24 Mar 2024 15:17:39 +0000 https://republika.mk/?p=758183

Силна двојка му дале граѓаните на процесот на дигитализација во Македонија. Последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања покажува дека граѓаните се повеќе користат онлајн услуги иако и самите не се многу задоволни од нив.

Околу четвртина од граѓаните дигитализацијата во земјава ја оцениле со оценка 3, а нешто под 24% до двојка. 16% дале единица а 7% петка. Нешто повеќе од една третина или 37,5% рекле дека досега користеле некоја од онлајн услугите на државните институции. Во споредба со анкетата од минатата година, бележиме значителен раст на граѓани кои што услугите ги користат онлајн, имајќи предвид дека ланската анкета покажа дека дигитални услуги користеле 26,5% од граѓаните.

Најмногу онлајн се користеле услугите на МВР. Такво искуство имаат 34,6% од анкетираните. Следи Управата за матични книги, катастарот и општините. Но, ако бројот на онлајн услуги расте, задоволството од нив се намалува. Ако лани 87,4% од граѓаните рекле дека се задоволни од онлајн услугата која ја добиле, оваа година таа бројка се спушта на 69,3%. Оттука, очекувано од 11,6% лани, незадоволството скокнало на 27,1% оваа година.

Но и покрај тоа, расте интересот за оналјн услугите. Последното истражување покажува дека над 43% од граѓаните кога би можеле да изберат услугите би ги завршиле преку компјутер, додека 52% сакаат да си отидат на шалтер. Во споредба со ланската анкета, имаме значително зголемување на интересот за онлајн услуги, имајќи предвид дека лани, за услуга преку компјутер се определија 33,9% од анкетираните.

Очекувано, дигиталните услуги се најпривлечни за младите а интересен е податокот дека над 58% млади под 30 години рекле дека преферираат услугите да ги добиваат онлајн. Мнозинството граѓани или 49% од нив сметаат дека денеска е потешко да се извадат документи или да се заврши некоја административна услуга споредено со пред 5 години. 26,7% не гледаат никакви промени а 19% сметаат дека денеска полесно се завршуваат работите кои ги имаат со јавните служби.

Споредбата со ланската анкета покажува дека оваа година бројот на граѓани кои сметаат дека денеска потешко се соработува со државните служби отколку пред 5 години, скокнал од 25,7% лани на 49% оваа година.

И покрај серијата проблеми со хакери кои ги имаат мноштво државни институции, кај граѓаните нема некое посебно зголемување на ставот за безбедноста на нивните лични податоци. Ако лани, 32% сметале дека нивните лични податоци не се безбедни и заштитени, оваа година таа бројка паднала на 31,5%. 57,5% сметаат дека нивните лични податоци се заштитени, што е над 10 поени повеќе од ланските 46,6% Над половина од граѓаните или 55,2% сметаат дека реформата во јавната администрација треба да биде насочена кон дигитализација и намалување на бројот на вработени. Само 23,7% од анкетираните сметаат дека реформата треба да се фокусира на обуки на вработените и нови вработувања. Ова прашање о поставуваме во серија наши анкети во последните 5 години и нема некои промени во расположението на граѓаните. Во сите, над половина од граѓаните сметаат дека реформите треба да бидат насочени кон дигитализација и намалување на бројот на вработени.

Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања
Скопје врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници во периодот од 18 до 22 февруари
годинава

The post Детектор анкета: Граѓаните се повеќе користат онлајн услуги но се помалку се задоволни од нив appeared first on Република.

]]>

Силна двојка му дале граѓаните на процесот на дигитализација во Македонија. Последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања покажува дека граѓаните се повеќе користат онлајн услуги иако и самите не се многу задоволни од нив. Околу четвртина од граѓаните дигитализацијата во земјава ја оцениле со оценка 3, а нешто под 24% до двојка. 16% дале единица а 7% петка. Нешто повеќе од една третина или 37,5% рекле дека досега користеле некоја од онлајн услугите на државните институции. Во споредба со анкетата од минатата година, бележиме значителен раст на граѓани кои што услугите ги користат онлајн, имајќи предвид дека ланската анкета покажа дека дигитални услуги користеле 26,5% од граѓаните. Најмногу онлајн се користеле услугите на МВР. Такво искуство имаат 34,6% од анкетираните. Следи Управата за матични книги, катастарот и општините. Но, ако бројот на онлајн услуги расте, задоволството од нив се намалува. Ако лани 87,4% од граѓаните рекле дека се задоволни од онлајн услугата која ја добиле, оваа година таа бројка се спушта на 69,3%. Оттука, очекувано од 11,6% лани, незадоволството скокнало на 27,1% оваа година. Но и покрај тоа, расте интересот за оналјн услугите. Последното истражување покажува дека над 43% од граѓаните кога би можеле да изберат услугите би ги завршиле преку компјутер, додека 52% сакаат да си отидат на шалтер. Во споредба со ланската анкета, имаме значително зголемување на интересот за онлајн услуги, имајќи предвид дека лани, за услуга преку компјутер се определија 33,9% од анкетираните. Очекувано, дигиталните услуги се најпривлечни за младите а интересен е податокот дека над 58% млади под 30 години рекле дека преферираат услугите да ги добиваат онлајн. Мнозинството граѓани или 49% од нив сметаат дека денеска е потешко да се извадат документи или да се заврши некоја административна услуга споредено со пред 5 години. 26,7% не гледаат никакви промени а 19% сметаат дека денеска полесно се завршуваат работите кои ги имаат со јавните служби. Споредбата со ланската анкета покажува дека оваа година бројот на граѓани кои сметаат дека денеска потешко се соработува со државните служби отколку пред 5 години, скокнал од 25,7% лани на 49% оваа година. И покрај серијата проблеми со хакери кои ги имаат мноштво државни институции, кај граѓаните нема некое посебно зголемување на ставот за безбедноста на нивните лични податоци. Ако лани, 32% сметале дека нивните лични податоци не се безбедни и заштитени, оваа година таа бројка паднала на 31,5%. 57,5% сметаат дека нивните лични податоци се заштитени, што е над 10 поени повеќе од ланските 46,6% Над половина од граѓаните или 55,2% сметаат дека реформата во јавната администрација треба да биде насочена кон дигитализација и намалување на бројот на вработени. Само 23,7% од анкетираните сметаат дека реформата треба да се фокусира на обуки на вработените и нови вработувања. Ова прашање о поставуваме во серија наши анкети во последните 5 години и нема некои промени во расположението на граѓаните. Во сите, над половина од граѓаните сметаат дека реформите треба да бидат насочени кон дигитализација и намалување на бројот на вработени. Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници во периодот од 18 до 22 февруари годинава

The post Детектор анкета: Граѓаните се повеќе користат онлајн услуги но се помалку се задоволни од нив appeared first on Република.

]]>
Детектор анкета: Граѓаните не се задоволни од услугите на администрацијата која ја сметаат за партизирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/detektor-anketa-graganite-ne-se-zadovolni-od-uslugite-na-administratsijata-koja-ja-smetaat-za-partizirana/ Sun, 17 Mar 2024 16:56:31 +0000 https://republika.mk/?p=755646

Граѓаните не се задоволни од услугите кои ги нуди јавната администрација, сметаат дека бројот на вработени треба да се намали и да прекине праксата на вработување според партиска припадност. Вакви резултати дава последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според неа, 56,4% од анкетираните не се задоволни од услугите на администрацијата додека нешто под 41% рекле дека се задоволни. Во споредба со анкетите на Детектор од претходните години нема некоја значителна разлика во степенот за задоволство кај граѓаните од услугите кои ги добиваат од јавната администрација.

Во моментов граѓаните се најзадоволни од услугите кои што ги нудат општините. Ваков став делат 12,7% од анкетираните. Следи МВР со нешто под 10%. Споредбата со ланската анкета дава интересни податоци имајќи предвид дека лани МВР го држеше врвот како институција од која граѓаните се најзадоволни пред локалната самоуправа, но во моментов, ситуацијата е обратна. Очекувано, по кризата со издавање на документи. МВР е институцијата од која граѓаните се најмалку задоволни. Ваков став дели речи си секој четврти анкетиран граѓанин или 24% од вкупната бројка.

Следи Фондот за здравство за кого 8% од граѓаните рекле дека е институција од која се најмалку задоволни.

Споредбата со минатата година дава големи разлики само кај полицијата, имајќи предвид дека во 2023 во анкетата на Детектор само 7% од анкетираните го посочиле МВР како институција од која се најмалку задоволни. Во моментов, МВР е институцијата за која граѓаните велат дека најчесто имаат потреба да им заврши некоја услуга. Ваков став делат 23% од анкетираните. Следат општините со 16% и Фондот за здравство во 13,%. Без некакви промени е и споредбата со нашата анкета од претходната година.

Дури 83% од граѓаните сметаат дека огласите за вработување кои се објавуваат пред избори се класична предизборна манипулација, наспроти 11,4% кои се на ставот дека станува збор за реална потреба на институциите.

Споредбата со претходните анкети на Детектор покажува дека во последните 5 години бројот на граѓани кои во вработувањата пред избори гледаат манипулација се зголемил од 62% на 83%. Нешто под 53% од анкетираните сметаат дека при вработување во јавниот сектор, најважна е партиската припадност. 22% се на ставот дека клучни се роднинските и пријателските врски а 20,4% мислат дека најважна е стручната подготвеност, односно професионалниот капацитет и
квалификациите.

Во споредба со ланската анкета значително се зголемил бројот на граѓани кои сметаат дека партијата е клучна за вработување во државно. 57,3% од анкетираните мислат дека бројот на вработени во јавната администрација треба да се намали. 25,8% се на ставот дека треба да остане ист, а 11,3% дека треба да се зголеми. Интересна е споредбата со анкетите од претходните години. Додека бројот на испитаници кои се на ставот дека администрацијата треба да ја кратиме, во последната анкета за нешто под 50% скокнал бројот на граѓани кои сметаат дека бројката треба да остане иста. Половина од граѓаните сметаат дека имаме премногу институции. Ваков став делат 51,3% од анкетираните, наспроти 32% кои сметаат дека имаме соодветен број на институции. 10% од
анкетираните сметаат дека треба да отвориме нови институции, бидејќи актуелната бројка е премала за потребите на државата

Интересна е споредбата според етничката структура на испитаниците. Додека нешто над 58% Македонци сметаат дека имаме премногу институции, таков став делат само 27% етнички Албанци. Тие во мнозинство од 50% сметаат дека имаме соодветен број на институции што е двојно повеќе од нешто под 27% Македонци кои го делат овој став.

Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници во периодот од 18 до 22 февруари годинава.

The post Детектор анкета: Граѓаните не се задоволни од услугите на администрацијата која ја сметаат за партизирана appeared first on Република.

]]>

Граѓаните не се задоволни од услугите кои ги нуди јавната администрација, сметаат дека бројот на вработени треба да се намали и да прекине праксата на вработување според партиска припадност. Вакви резултати дава последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, 56,4% од анкетираните не се задоволни од услугите на администрацијата додека нешто под 41% рекле дека се задоволни. Во споредба со анкетите на Детектор од претходните години нема некоја значителна разлика во степенот за задоволство кај граѓаните од услугите кои ги добиваат од јавната администрација. Во моментов граѓаните се најзадоволни од услугите кои што ги нудат општините. Ваков став делат 12,7% од анкетираните. Следи МВР со нешто под 10%. Споредбата со ланската анкета дава интересни податоци имајќи предвид дека лани МВР го држеше врвот како институција од која граѓаните се најзадоволни пред локалната самоуправа, но во моментов, ситуацијата е обратна. Очекувано, по кризата со издавање на документи. МВР е институцијата од која граѓаните се најмалку задоволни. Ваков став дели речи си секој четврти анкетиран граѓанин или 24% од вкупната бројка. Следи Фондот за здравство за кого 8% од граѓаните рекле дека е институција од која се најмалку задоволни. Споредбата со минатата година дава големи разлики само кај полицијата, имајќи предвид дека во 2023 во анкетата на Детектор само 7% од анкетираните го посочиле МВР како институција од која се најмалку задоволни. Во моментов, МВР е институцијата за која граѓаните велат дека најчесто имаат потреба да им заврши некоја услуга. Ваков став делат 23% од анкетираните. Следат општините со 16% и Фондот за здравство во 13,%. Без некакви промени е и споредбата со нашата анкета од претходната година. Дури 83% од граѓаните сметаат дека огласите за вработување кои се објавуваат пред избори се класична предизборна манипулација, наспроти 11,4% кои се на ставот дека станува збор за реална потреба на институциите. Споредбата со претходните анкети на Детектор покажува дека во последните 5 години бројот на граѓани кои во вработувањата пред избори гледаат манипулација се зголемил од 62% на 83%. Нешто под 53% од анкетираните сметаат дека при вработување во јавниот сектор, најважна е партиската припадност. 22% се на ставот дека клучни се роднинските и пријателските врски а 20,4% мислат дека најважна е стручната подготвеност, односно професионалниот капацитет и квалификациите. Во споредба со ланската анкета значително се зголемил бројот на граѓани кои сметаат дека партијата е клучна за вработување во државно. 57,3% од анкетираните мислат дека бројот на вработени во јавната администрација треба да се намали. 25,8% се на ставот дека треба да остане ист, а 11,3% дека треба да се зголеми. Интересна е споредбата со анкетите од претходните години. Додека бројот на испитаници кои се на ставот дека администрацијата треба да ја кратиме, во последната анкета за нешто под 50% скокнал бројот на граѓани кои сметаат дека бројката треба да остане иста. Половина од граѓаните сметаат дека имаме премногу институции. Ваков став делат 51,3% од анкетираните, наспроти 32% кои сметаат дека имаме соодветен број на институции. 10% од анкетираните сметаат дека треба да отвориме нови институции, бидејќи актуелната бројка е премала за потребите на државата Интересна е споредбата според етничката структура на испитаниците. Додека нешто над 58% Македонци сметаат дека имаме премногу институции, таков став делат само 27% етнички Албанци. Тие во мнозинство од 50% сметаат дека имаме соодветен број на институции што е двојно повеќе од нешто под 27% Македонци кои го делат овој став. Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници во периодот од 18 до 22 февруари годинава.

The post Детектор анкета: Граѓаните не се задоволни од услугите на администрацијата која ја сметаат за партизирана appeared first on Република.

]]>
Детектор: Секој трет Македонец против членство во ЕУ – 93% од Албанците се „ЗА“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/detektor-sekoj-tret-makedonets-protiv-chlenstvo-vo-eu-93-od-albantsite-se-za/ Sun, 28 May 2023 17:41:59 +0000 https://republika.mk/?p=645487

Според последното истражување на јавното мислење кое за емисијата Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје 55,8 отсто од граѓаните би гласале позитивно доколку утре се одржи референдум за влез на Македонија во Европската Унија, додека една четвртина од анкетираните или 24,8 отсто би биле против.

Како што објавува Детектор, според оваа анкета 93,5 отсто од етничките Албанци би гласале за влез на Македонија во Европската Унија, а само 4,6 отсто против. Кај Македонците, 43,5 отсто од анкетираните се за влез на Македонија во ЕУ, а дури 31,5 отсто од анкетираните се против.

Анализата на последните три анкети кои емисијата Детектор на ТВ Сител ги спроведе во последните четири години покажува дека од 2019 година до денеска, поддршката значително опаднала. Ако во 2019, 67,4 отсто од анкетираните давале поддршка за членство во ЕУ, бројката во 2020 година паднала на 65,5 отсто за денеска да се спушти на 55,8 отсто.

Од 17,3 отсто колку што се противеле на членството во ЕУ во 2019 година, бројката скокнала на 24,8 отсто денеска што, како што посочуваат во Детектор, значи дека секој четврти граѓанин е против членство во Европската Унија.

Најголеми поддржувачи на зачленувањето во ЕУ се младите, а најголеми противници граѓаните меѓу 30 и 40 години.

Дури 42,1 отсто од анкетираните се на ставот дека земјава никогаш нема да стане дел од ЕУ, 16,1 отсто очекуваат членство во наредните 10 години, 14,3 отсто во наредните 15, а 8,7 отсто очекуваат да се зачлениме во наредните пет години. Само 1,7 отсто од анкетираните се оптимисти дека во ЕУ ќе се зачлениме идната година.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1.112 испитаници.

The post Детектор: Секој трет Македонец против членство во ЕУ – 93% од Албанците се „ЗА“ appeared first on Република.

]]>

Според последното истражување на јавното мислење кое за емисијата Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје 55,8 отсто од граѓаните би гласале позитивно доколку утре се одржи референдум за влез на Македонија во Европската Унија, додека една четвртина од анкетираните или 24,8 отсто би биле против. Како што објавува Детектор, според оваа анкета 93,5 отсто од етничките Албанци би гласале за влез на Македонија во Европската Унија, а само 4,6 отсто против. Кај Македонците, 43,5 отсто од анкетираните се за влез на Македонија во ЕУ, а дури 31,5 отсто од анкетираните се против. Анализата на последните три анкети кои емисијата Детектор на ТВ Сител ги спроведе во последните четири години покажува дека од 2019 година до денеска, поддршката значително опаднала. Ако во 2019, 67,4 отсто од анкетираните давале поддршка за членство во ЕУ, бројката во 2020 година паднала на 65,5 отсто за денеска да се спушти на 55,8 отсто. Од 17,3 отсто колку што се противеле на членството во ЕУ во 2019 година, бројката скокнала на 24,8 отсто денеска што, како што посочуваат во Детектор, значи дека секој четврти граѓанин е против членство во Европската Унија. Најголеми поддржувачи на зачленувањето во ЕУ се младите, а најголеми противници граѓаните меѓу 30 и 40 години. Дури 42,1 отсто од анкетираните се на ставот дека земјава никогаш нема да стане дел од ЕУ, 16,1 отсто очекуваат членство во наредните 10 години, 14,3 отсто во наредните 15, а 8,7 отсто очекуваат да се зачлениме во наредните пет години. Само 1,7 отсто од анкетираните се оптимисти дека во ЕУ ќе се зачлениме идната година. Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1.112 испитаници.

The post Детектор: Секој трет Македонец против членство во ЕУ – 93% од Албанците се „ЗА“ appeared first on Република.

]]>
Детектор анкета: Жените и мажите се рамноправни, но постои полова дискриминација при вработување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/detektor-anketa-zhenite-i-mazhite-se-ramnopravni-no-postoi-polova-diskriminatsija-pri-vrabotuvane/ Sun, 07 May 2023 15:35:14 +0000 https://republika.mk/?p=638025

Жените и мажите се рамноправни но сепак, постои полова дискриминација при вработување и жените почесто се жртви на мобинг. Вакви се ставовите на граѓаните во последното истражување на јавното мислење кое за истражувачко дебатната емисија Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според истражувањето, 52,6 проценти сметаат дека мажите и жените во државава се рaмноправни, односно имаат еднакви права за професионален напредок, иако не е мал и процентот на граѓани кои се убедени во спротивното, а 32,4 проценти се на ставот дека мажите и жените не се рамноправни.

Според половата структура, 59,8 отсто мажи се на ставот дека мажите и жените се еднакви додека 26,5 проценти сметаат дека не се. Кај жените, 45,6 проценти сметаат дека се рамноправни и имаат исти можности за напредок додека 38,1 отсто сметаат дека не се. Од вкупно анкетираните, 50,7 проценти сметаат дека постои полова дискриминација при вработување, додека 37,2 проценти се убедени дека нема полова дискриминација при вработување.

Таков став делат 42,7 проценти од анкетираните мажи додека мнозинството или 48 отсто мажи се на ставот дека сепак има полова дискриминација при вработувањата. исто така, 53,3 проценти од анкетираните жени препознаваат полова дискриминација при вработување, наспроти 34,9 проценти кои сметаат дека тоа не се случува.

Имено, 53,7 проценти Македонци сметаат дека постои полова дискриминација при вработување наспроти 33 отсто кои сметаат дека тоа не се случува. Кај Албанците ситуацијата е обратна. Таму мнозинството или 54,1 процент од етничките Албанци се на ставот дека нема полова дискриминација при вработување додека 37 проценти се убедени во спротивното.

Мнозинството граѓани или 47,4 посто се на ставот дека мажите и жените во земјава на исти работни места земаат иста платам 25,6 отсто сметаат дека мажите се повеќе платени иако работат на исто работно место со жената, додека 3,1 проценти се на став дека жените се тие кои се повеќе платени од мажите за истата работа. Половата структура на одговорите покажува дека и мажите и жените се согласуваат дека платите за иста позиција се исти и за мажи и за жени. Ваков став делат 49,8 посто од сите анкетирани мажи и 45,2 отсто од жените. Дека мажите се повеќе платени сметаат 20,2 проценти мажи и 30,9 посто жени. 4,4 отсто мажи се на ставот дека жените земаат повеќе плата за иста работа, додека ваков став делат само 1,9 проценти жени.

За 48,9 проценти од анкетираните мажи и жени се рамноправно застапени во јавниот сектор додека 35,2 отсто сметаат дека не се. Истражувањето покажува дека 56,8 проценти од сите анкетирани мажи и 41,1 посто од жените сметаат дека постои рамноправна полова застапеност во јавниот сектор додека 29,7 отсто мажи и 40,6 проценти жени сметаат дека тоа не е случај, а56,2 проценти од анкетираните сметаат дека жените се почести жртви на мобинг.

-Само 6,9 проценти од граѓаните се убедени дека мажите почесто се жртви на мобинг. И мажите и жените немаат многу дилеми околу ова прашање, односно 49,1 отсто од анкетираните мажи и 63 проценти од жените сметаат дека жената е таа која почесто е жртва на мобинг. За мажот како почеста жртва на мобинг се определиле само 4,8 проценти жени и 9,1 проценти мажи, стои во информацијата што ја споделува „Детектор“.

Секој петти граѓанин познава жена која била отпуштена поради бременост, односно 19,9 проценти од анкетираните велат дека познаваат случај во кој жена била отпуштена од работа поради тоа што била бремена, додека 72 отсто од анкетираните немаат информации за таков случај.

Според анкетата, помладите добиваат повеќе информации за вакви случаи па во возрасната категорија од 18 до 29 години во која се и поголемиот дел од младите мајки дури 31,2 проценти од анкетираните знаат за случај во кој жена била отпуштена од работа поради бременост, што е речиси секој трет анкетиран човек. Анкетата покажува и дека 52,6 проценти од испитаниците сметаат дека при развод доделувањето на старателството на мајката е во интерес на детето додека со тоа не се согласуваат 22,4 отсто од анкетираните. Во мнозинство со овој став се согласуваат и мажите и жените. Конкретно, 46,5 отсто мажи и 58,5 посто жени сметаат дека доделувањето на старателството при развод каде најчесто се фаворизира мајката е фер и во интерес на детето додека со ова не се согласуваат 27,7 проценти мажи и 17,2 отсто жени.

Анкетата на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје во периодот од 27 до 30 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1117 испитаници.

 

The post Детектор анкета: Жените и мажите се рамноправни, но постои полова дискриминација при вработување appeared first on Република.

]]>

Жените и мажите се рамноправни но сепак, постои полова дискриминација при вработување и жените почесто се жртви на мобинг. Вакви се ставовите на граѓаните во последното истражување на јавното мислење кое за истражувачко дебатната емисија Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според истражувањето, 52,6 проценти сметаат дека мажите и жените во државава се рaмноправни, односно имаат еднакви права за професионален напредок, иако не е мал и процентот на граѓани кои се убедени во спротивното, а 32,4 проценти се на ставот дека мажите и жените не се рамноправни. Според половата структура, 59,8 отсто мажи се на ставот дека мажите и жените се еднакви додека 26,5 проценти сметаат дека не се. Кај жените, 45,6 проценти сметаат дека се рамноправни и имаат исти можности за напредок додека 38,1 отсто сметаат дека не се. Од вкупно анкетираните, 50,7 проценти сметаат дека постои полова дискриминација при вработување, додека 37,2 проценти се убедени дека нема полова дискриминација при вработување. Таков став делат 42,7 проценти од анкетираните мажи додека мнозинството или 48 отсто мажи се на ставот дека сепак има полова дискриминација при вработувањата. исто така, 53,3 проценти од анкетираните жени препознаваат полова дискриминација при вработување, наспроти 34,9 проценти кои сметаат дека тоа не се случува. Имено, 53,7 проценти Македонци сметаат дека постои полова дискриминација при вработување наспроти 33 отсто кои сметаат дека тоа не се случува. Кај Албанците ситуацијата е обратна. Таму мнозинството или 54,1 процент од етничките Албанци се на ставот дека нема полова дискриминација при вработување додека 37 проценти се убедени во спротивното. Мнозинството граѓани или 47,4 посто се на ставот дека мажите и жените во земјава на исти работни места земаат иста платам 25,6 отсто сметаат дека мажите се повеќе платени иако работат на исто работно место со жената, додека 3,1 проценти се на став дека жените се тие кои се повеќе платени од мажите за истата работа. Половата структура на одговорите покажува дека и мажите и жените се согласуваат дека платите за иста позиција се исти и за мажи и за жени. Ваков став делат 49,8 посто од сите анкетирани мажи и 45,2 отсто од жените. Дека мажите се повеќе платени сметаат 20,2 проценти мажи и 30,9 посто жени. 4,4 отсто мажи се на ставот дека жените земаат повеќе плата за иста работа, додека ваков став делат само 1,9 проценти жени. За 48,9 проценти од анкетираните мажи и жени се рамноправно застапени во јавниот сектор додека 35,2 отсто сметаат дека не се. Истражувањето покажува дека 56,8 проценти од сите анкетирани мажи и 41,1 посто од жените сметаат дека постои рамноправна полова застапеност во јавниот сектор додека 29,7 отсто мажи и 40,6 проценти жени сметаат дека тоа не е случај, а56,2 проценти од анкетираните сметаат дека жените се почести жртви на мобинг. -Само 6,9 проценти од граѓаните се убедени дека мажите почесто се жртви на мобинг. И мажите и жените немаат многу дилеми околу ова прашање, односно 49,1 отсто од анкетираните мажи и 63 проценти од жените сметаат дека жената е таа која почесто е жртва на мобинг. За мажот како почеста жртва на мобинг се определиле само 4,8 проценти жени и 9,1 проценти мажи, стои во информацијата што ја споделува „Детектор“. Секој петти граѓанин познава жена која била отпуштена поради бременост, односно 19,9 проценти од анкетираните велат дека познаваат случај во кој жена била отпуштена од работа поради тоа што била бремена, додека 72 отсто од анкетираните немаат информации за таков случај. Според анкетата, помладите добиваат повеќе информации за вакви случаи па во возрасната категорија од 18 до 29 години во која се и поголемиот дел од младите мајки дури 31,2 проценти од анкетираните знаат за случај во кој жена била отпуштена од работа поради бременост, што е речиси секој трет анкетиран човек. Анкетата покажува и дека 52,6 проценти од испитаниците сметаат дека при развод доделувањето на старателството на мајката е во интерес на детето додека со тоа не се согласуваат 22,4 отсто од анкетираните. Во мнозинство со овој став се согласуваат и мажите и жените. Конкретно, 46,5 отсто мажи и 58,5 посто жени сметаат дека доделувањето на старателството при развод каде најчесто се фаворизира мајката е фер и во интерес на детето додека со ова не се согласуваат 27,7 проценти мажи и 17,2 отсто жени. Анкетата на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје во периодот од 27 до 30 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1117 испитаници.  

The post Детектор анкета: Жените и мажите се рамноправни, но постои полова дискриминација при вработување appeared first on Република.

]]>