дестабилизирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/destabiliziranje/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Apr 2022 11:57:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дестабилизирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/destabiliziranje/ 32 32 Кинеската мисија во ЕУ: НАТО е тој што ја дестабилизира безбедноста, а не Кина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kineskata-misija-vo-eu-nato-e-toj-shto-ja-destabilizira-bezbednosta-a-ne-kina/ Sun, 10 Apr 2022 11:55:22 +0000 https://republika.mk/?p=486175

Кинеската мисија во Европската Унија порача дека НАТО, а не Пекинг, ја дестабилизира меѓународната безбедност, пренесува Кинеското меѓународно радио, повикувајќи се на соопштението на Мисијата.

Од почетокот на украинската криза, Кина секогаш одржува објективен и правичен став, остана посветена на промовирање на мировните разговори и направи позитивни напори кон деескалација на ситуацијата - соопштија од кинеската мисија во ЕУ, по повод изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека Кина не е подготвена да ја осуди руската агресија.

Во соопштението се наведува дека она што го направила Кина е „спротивно на обидите да се разгорува оган и да се долее масло на огнот, како што прават некои организации“, бидејќи е добро познато дека НАТО испраќа оружје во Украина по почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина.

Кинеската мисија во ЕУ оценува дека НАТО е остаток од Студената војна и дека „не само што не размислува за својата улога како таква, туку продолжи да го шири својот географски обем и опсег на операции и сè повеќе ја таргетира Кина“.

Ова е сериозен предизвик со кој се соочуваат глобалниот мир и стабилноста - се додава во соопштението на Мисијата.

The post Кинеската мисија во ЕУ: НАТО е тој што ја дестабилизира безбедноста, а не Кина appeared first on Република.

]]>

Кинеската мисија во Европската Унија порача дека НАТО, а не Пекинг, ја дестабилизира меѓународната безбедност, пренесува Кинеското меѓународно радио, повикувајќи се на соопштението на Мисијата.
Од почетокот на украинската криза, Кина секогаш одржува објективен и правичен став, остана посветена на промовирање на мировните разговори и направи позитивни напори кон деескалација на ситуацијата - соопштија од кинеската мисија во ЕУ, по повод изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека Кина не е подготвена да ја осуди руската агресија.
Во соопштението се наведува дека она што го направила Кина е „спротивно на обидите да се разгорува оган и да се долее масло на огнот, како што прават некои организации“, бидејќи е добро познато дека НАТО испраќа оружје во Украина по почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина. Кинеската мисија во ЕУ оценува дека НАТО е остаток од Студената војна и дека „не само што не размислува за својата улога како таква, туку продолжи да го шири својот географски обем и опсег на операции и сè повеќе ја таргетира Кина“.