дестабилизација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/destabilizacija/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Nov 2024 12:42:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дестабилизација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/destabilizacija/ 32 32 Палењето и газењето на државното знаме, добро смислено сценарио за дестабилизација на познати режисери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/paleneto-i-gazeneto-na-drzhavnoto-zname-dobro-smisleno-stsenario-za-destabilizatsija-na-poznati-rezhiseri/ Fri, 29 Nov 2024 12:38:48 +0000 https://republika.mk/?p=843065

Синоќешните настани кога се славеше денот на знамето на соседна Албанија лесно можеше да прерасне во меѓуетнички конфликт во „продукција“ на опозицијата.

Она што ДУИ го најавуваше, дека ќе се „кренат“ на протести и се оствари, овој пат го искористија настанот наречен прослава на Денот на албанското знаме.

Наместо мирен настан, собирот се претвори во понижување на државното знаме, како и нарушување на јавниот ред иако настанот бил пријавен во МВР.

Толпата го газеше и палеше македонското знаме а имаше обид да се „обои“ возилото на полицијата со црвените знамиња со двоглав орел.

Aдвокатот Јанаки Митровски за „Република“ ги коментира синоќешните настани по повод прославата за Денот на албанското знаме.

-Сторени се неколку неколку кривични дела, од полесното предизвикување на општа опасност со истрели од огнено оружје до потешки дела. За газењето и палењето на македонското знаме може да се одговара по два члена. Од повреда на угледот на Република Македонија, па може да се оди кон предизвикување на национална, расна и верска омраза која носи и до пет години затвор, коментира адвокатот за „Република“.

Дека ова е е обид за дестабилизација на земјата пред неколку месеци предупреди премиерот Мицкоски. Денешната негова изјава тоа го потврдува.

Тоа сепак претставува чин на агресија, нешто за кое ние предупредувавме дека ќе се случува, дека ваков тип на обиди за ескалација и креирање на етнички тензии дека ќе има и во иднина. Ако мислите дека ова ќе биде изолиран случај, нема да биде, очекувајте дека ќе ги има, бидејќи како правдата пополека, но сигурно се доближува до криминалците и како ќе затропа на нивните врати, така тие ќе стануваат понервозни, понетрпеливи и единствениот начин да го одбранат криминално стекнатиот капитал е токму вака со манипулирање и предизвикување ваков тип на инциденти“ изјави Мицкоски.

Во таа наскока е и денешната изјава на министерот Панче Тошковски. Тој упати  порака до сите оние кои сакаат да предизвикаат дестабилизација на државата, нагласувајќи дека на таквите обиди ќе се одговори жестоко.

„Сакам да упатам порака до сите кои имаат намера да предизвикаат дестабилизација на Македонија: ќе одговориме жестоко и сурово на било какви обиди и ќе се соочиме со сите предизвици. Полицијата реагира соодветно на сите предизвици. Времето на пајакот заврши, сите имаат име и презиме, и сите ќе одговараат“, додаде Тошковски.

Дека ДУИ си ја ишка мувата од главата потврдува и нивната т.н реакција за вчерашните настани. Од партијата во Мала Речица ги посочија полицајите дека биле виновни за инцидентите.

Наместо да го зачува јавниот ред, предизвика непотребни тензии и создаде клима на конфронтација, нарушувајќи го правото на граѓаните слободно да ја одбележат оваа значајна празнична традиција“, велат од ДУИ.

The post Палењето и газењето на државното знаме, добро смислено сценарио за дестабилизација на познати режисери appeared first on Република.

]]>

Синоќешните настани кога се славеше денот на знамето на соседна Албанија лесно можеше да прерасне во меѓуетнички конфликт во „продукција“ на опозицијата. Она што ДУИ го најавуваше, дека ќе се „кренат“ на протести и се оствари, овој пат го искористија настанот наречен прослава на Денот на албанското знаме. Наместо мирен настан, собирот се претвори во понижување на државното знаме, како и нарушување на јавниот ред иако настанот бил пријавен во МВР. Толпата го газеше и палеше македонското знаме а имаше обид да се „обои“ возилото на полицијата со црвените знамиња со двоглав орел. Aдвокатот Јанаки Митровски за „Република“ ги коментира синоќешните настани по повод прославата за Денот на албанското знаме.
-Сторени се неколку неколку кривични дела, од полесното предизвикување на општа опасност со истрели од огнено оружје до потешки дела. За газењето и палењето на македонското знаме може да се одговара по два члена. Од повреда на угледот на Република Македонија, па може да се оди кон предизвикување на национална, расна и верска омраза која носи и до пет години затвор, коментира адвокатот за „Република“.
Дека ова е е обид за дестабилизација на земјата пред неколку месеци предупреди премиерот Мицкоски. Денешната негова изјава тоа го потврдува.
Тоа сепак претставува чин на агресија, нешто за кое ние предупредувавме дека ќе се случува, дека ваков тип на обиди за ескалација и креирање на етнички тензии дека ќе има и во иднина. Ако мислите дека ова ќе биде изолиран случај, нема да биде, очекувајте дека ќе ги има, бидејќи како правдата пополека, но сигурно се доближува до криминалците и како ќе затропа на нивните врати, така тие ќе стануваат понервозни, понетрпеливи и единствениот начин да го одбранат криминално стекнатиот капитал е токму вака со манипулирање и предизвикување ваков тип на инциденти“ изјави Мицкоски.
Во таа наскока е и денешната изјава на министерот Панче Тошковски. Тој упати  порака до сите оние кои сакаат да предизвикаат дестабилизација на државата, нагласувајќи дека на таквите обиди ќе се одговори жестоко.
„Сакам да упатам порака до сите кои имаат намера да предизвикаат дестабилизација на Македонија: ќе одговориме жестоко и сурово на било какви обиди и ќе се соочиме со сите предизвици. Полицијата реагира соодветно на сите предизвици. Времето на пајакот заврши, сите имаат име и презиме, и сите ќе одговараат“, додаде Тошковски.
Дека ДУИ си ја ишка мувата од главата потврдува и нивната т.н реакција за вчерашните настани. Од партијата во Мала Речица ги посочија полицајите дека биле виновни за инцидентите.
Наместо да го зачува јавниот ред, предизвика непотребни тензии и создаде клима на конфронтација, нарушувајќи го правото на граѓаните слободно да ја одбележат оваа значајна празнична традиција“, велат од ДУИ.
   
The post Палењето и газењето на државното знаме, добро смислено сценарио за дестабилизација на познати режисери appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Доколку има предизвици насочени кон дестабилизација, жестоко ќе одговориме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-dokolku-ima-predizvitsi-nasocheni-kon-destabilizatsija-zhestoko-ke-odgovorime/ Mon, 30 Sep 2024 09:39:56 +0000 https://republika.mk/?p=820963

Министерството за внатрешни работи е подготвено да одговори на секакви предизвици во иднина. Предизвици кои што ќе бидат насочени кон дестабилизација на Македонија, доколку ги има како такви во реалноста, жестоко ќе одговориме, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Во изјава за медиуми по отворањето на Регионалниот центар К9 во Полицискиот центар Ѓорче Петров, Тошковски посочи дека службите проследуваат соодветни информации до надлежните.

Службите во рамки на институционалните форми кои што ги имавме во државата, а се занимаваат со овој тип на надлежност, проследуваа и проследуваат соодветни информации до надлежните раководни органи во рамки на истите. Тие беа споделувани соодветно и со премиерот и со претседателката. Така што, сето она кое што сме го говореле во минатото, од аспект на обиди какви што веќе видовме во овие месец дена, за подгревање на меѓуетнички тензии, дека се реалност, соодветно одговоривме, соодветно ќе одговориме и во иднина. Кога велам соодветно одговараме, велам дека МВР ги има соодветните капацитети за да одговори на начин на кој што ќе биде потребно сè со цел сите граѓани да се чувствуваат безбедно и мирно и во рамки на тој безбеден и мирен систем да ги остварува правата, рече министерот.

Дополни дека МВР во изминатиот период има отворено голем број на истраги.

Потребно е време за во рамки на една законита процедура, почитувајќи ги сите правила и принципи на законито однесување од страна на секој еден кој што е инволвиран во рамки на овие предистражни, истражни постапки кои што сме ги презеле и ќе ги преземаме во иднина. Но, резултати ќе има. Таму каде што имаме докази, дека е прекршен законот и одредени стандардни оперативни процедури. Таму каде што ќе имаме докази дека душмански е краден македонскиот народ, соодветно ќе одговориме, со кривични пријави и со кривични постапки. Таму каде што ќе немаме докази, ќе си биде исто така соодветно постапено, посочи тој.

Прашан за нападот врз претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Мухамед Сејдини, што се случил во петокот, одговори дека е постапено и се преземаат дејствија.

Постапено е од страна на МВР во однос на предметниот случај кој што го споменавте. МВР ги презема сите потребни дејствија. Веднаш е одговорено по добиена пријава за конкретниот настан и се постапува. Сè уште не можам да одговорам на вашето прашање, рече министерот.

Тошковски информираше и дека во рамки на МВР во изминатиот период и во иднина ќе следат голем број на постапки врз основа на кои што ќе треба да се одбере соодветен раководен кадар.

Како на оние позиции каде што немаме моментално, како и на оние позиции кои што се нераководни, а има потреба од ангажирање на полициски службеници како од самото министерство, така и однадвор. Секое постапување ќе биде транспарентно споделено со јавноста во однос на сите дејствија што ги преземаме. Секој еден во рамки на МВР кој што исполнува соодветни законски услови ќе може да аплицира за предметното место за кое што има интерес и соодветна комисија во рамки на министерството ќе одлучи кој е во игра, кој не е во игра, рече тој.

The post Тошковски: Доколку има предизвици насочени кон дестабилизација, жестоко ќе одговориме appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи е подготвено да одговори на секакви предизвици во иднина. Предизвици кои што ќе бидат насочени кон дестабилизација на Македонија, доколку ги има како такви во реалноста, жестоко ќе одговориме, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Во изјава за медиуми по отворањето на Регионалниот центар К9 во Полицискиот центар Ѓорче Петров, Тошковски посочи дека службите проследуваат соодветни информации до надлежните.
Службите во рамки на институционалните форми кои што ги имавме во државата, а се занимаваат со овој тип на надлежност, проследуваа и проследуваат соодветни информации до надлежните раководни органи во рамки на истите. Тие беа споделувани соодветно и со премиерот и со претседателката. Така што, сето она кое што сме го говореле во минатото, од аспект на обиди какви што веќе видовме во овие месец дена, за подгревање на меѓуетнички тензии, дека се реалност, соодветно одговоривме, соодветно ќе одговориме и во иднина. Кога велам соодветно одговараме, велам дека МВР ги има соодветните капацитети за да одговори на начин на кој што ќе биде потребно сè со цел сите граѓани да се чувствуваат безбедно и мирно и во рамки на тој безбеден и мирен систем да ги остварува правата, рече министерот.
Дополни дека МВР во изминатиот период има отворено голем број на истраги.
Потребно е време за во рамки на една законита процедура, почитувајќи ги сите правила и принципи на законито однесување од страна на секој еден кој што е инволвиран во рамки на овие предистражни, истражни постапки кои што сме ги презеле и ќе ги преземаме во иднина. Но, резултати ќе има. Таму каде што имаме докази, дека е прекршен законот и одредени стандардни оперативни процедури. Таму каде што ќе имаме докази дека душмански е краден македонскиот народ, соодветно ќе одговориме, со кривични пријави и со кривични постапки. Таму каде што ќе немаме докази, ќе си биде исто така соодветно постапено, посочи тој.
Прашан за нападот врз претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Мухамед Сејдини, што се случил во петокот, одговори дека е постапено и се преземаат дејствија.
Постапено е од страна на МВР во однос на предметниот случај кој што го споменавте. МВР ги презема сите потребни дејствија. Веднаш е одговорено по добиена пријава за конкретниот настан и се постапува. Сè уште не можам да одговорам на вашето прашање, рече министерот.
Тошковски информираше и дека во рамки на МВР во изминатиот период и во иднина ќе следат голем број на постапки врз основа на кои што ќе треба да се одбере соодветен раководен кадар.
Како на оние позиции каде што немаме моментално, како и на оние позиции кои што се нераководни, а има потреба од ангажирање на полициски службеници како од самото министерство, така и однадвор. Секое постапување ќе биде транспарентно споделено со јавноста во однос на сите дејствија што ги преземаме. Секој еден во рамки на МВР кој што исполнува соодветни законски услови ќе може да аплицира за предметното место за кое што има интерес и соодветна комисија во рамки на министерството ќе одлучи кој е во игра, кој не е во игра, рече тој.

The post Тошковски: Доколку има предизвици насочени кон дестабилизација, жестоко ќе одговориме appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Се надевам дека ќе нема настани кои ќе подгреваат тензии, но ако има соодветно ќе одговориме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-se-nadevam-deka-ke-nema-nastani-koi-ke-podgrevaat-tenzii-no-ako-ima-soodvetno-ke-odgovorime/ Fri, 20 Sep 2024 16:58:03 +0000 https://republika.mk/?p=818282

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски порача дека МВР ќе ги преземе сите потребни мерки  со цел  граѓаните да бидат безбедни, а службите ги имаат потребните капацитети да делуват во насока соодветна согласно надлежности.

Она коешто беше во изминатиот период информација, а се слеваше преку безбедносните служби, до мене лично и до премиерот., говореше во насока на тоа дека ќе постојат обиди каков што беше примерот со оној не сакан настан којшто го имавме во рамки на општина Гостивар.  Тоа како настан е да речеме дека се случи, се надевам дека во иднина нема повеќе да имаме настани кои што ќе подгреваат било како меѓуетнички или меѓу верски, или било какви други тензии. Но доколку ги има соодветно ќе одговориме, истакнаТошковски.

Прашан зошто бил разрешен полицискиот началник Наим Рамука од Регионален центар Север, Тошковски одговори дека е поради поведена дисциплинска постапка поврзана со настанот со претседателот на Собранието.

Секој еден во рамки на министерството кој што презема одредени дејствија треба да ги преземе, особено дејствијата кои ги презема во рамки на службата, односно во рамки на постапувањето согласно закон и подзаконски акти за интерес за граѓаните да ги преземат овие согласности согласно закон и согласно подзаконскиот акти.

Онаму каде што ќе биде утврдена повреда, особено за време на вршење на работа ќе биде соодветно постепено. Никако не е постапено поинаку барем за изминатиот период додека јас не одам со Министерството, потенцираше Тошковски.

На новинарско барање за коментар за наводите на СДСМ преку прес-конференција за ослободување на телохранител на премиерот Христијан  Мицкоски од одговорност и негово унапредување, Тошковски рече дека лицето било суспендирано од работа и била поведена постапка, а надлежниот јавен обвинител во конкретниот предмет утврдил дека  полициски службеник треба да се ослободи од одговорност.

Актот е доставен во рамки на дисциплинската постапка која што е водена во Министерството за внатрешни работи и од страна на дисциплинската комисија е утврдено дека за предметното службено лице не постојат услови за да биде санкциониран во рамки на дисциплинската постапка која што е спроведена во министерството. Тоа значи дека откако е завршена постапката во рамки на јавното обвинителство, на начин кој што е завршена е завршена и постапката во рамки на Министерството за внатрешни работи, рече Тошковски.

Тој апеираше до опозицијата и сите останати, како што рече, да не ја манипулираат јавноста за случаите поврзани со МВР.

The post Тошковски: Се надевам дека ќе нема настани кои ќе подгреваат тензии, но ако има соодветно ќе одговориме appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски порача дека МВР ќе ги преземе сите потребни мерки  со цел  граѓаните да бидат безбедни, а службите ги имаат потребните капацитети да делуват во насока соодветна согласно надлежности.
Она коешто беше во изминатиот период информација, а се слеваше преку безбедносните служби, до мене лично и до премиерот., говореше во насока на тоа дека ќе постојат обиди каков што беше примерот со оној не сакан настан којшто го имавме во рамки на општина Гостивар.  Тоа како настан е да речеме дека се случи, се надевам дека во иднина нема повеќе да имаме настани кои што ќе подгреваат било како меѓуетнички или меѓу верски, или било какви други тензии. Но доколку ги има соодветно ќе одговориме, истакнаТошковски.
Прашан зошто бил разрешен полицискиот началник Наим Рамука од Регионален центар Север, Тошковски одговори дека е поради поведена дисциплинска постапка поврзана со настанот со претседателот на Собранието.
Секој еден во рамки на министерството кој што презема одредени дејствија треба да ги преземе, особено дејствијата кои ги презема во рамки на службата, односно во рамки на постапувањето согласно закон и подзаконски акти за интерес за граѓаните да ги преземат овие согласности согласно закон и согласно подзаконскиот акти.   Онаму каде што ќе биде утврдена повреда, особено за време на вршење на работа ќе биде соодветно постепено. Никако не е постапено поинаку барем за изминатиот период додека јас не одам со Министерството, потенцираше Тошковски.
На новинарско барање за коментар за наводите на СДСМ преку прес-конференција за ослободување на телохранител на премиерот Христијан  Мицкоски од одговорност и негово унапредување, Тошковски рече дека лицето било суспендирано од работа и била поведена постапка, а надлежниот јавен обвинител во конкретниот предмет утврдил дека  полициски службеник треба да се ослободи од одговорност.
Актот е доставен во рамки на дисциплинската постапка која што е водена во Министерството за внатрешни работи и од страна на дисциплинската комисија е утврдено дека за предметното службено лице не постојат услови за да биде санкциониран во рамки на дисциплинската постапка која што е спроведена во министерството. Тоа значи дека откако е завршена постапката во рамки на јавното обвинителство, на начин кој што е завршена е завршена и постапката во рамки на Министерството за внатрешни работи, рече Тошковски.
Тој апеираше до опозицијата и сите останати, како што рече, да не ја манипулираат јавноста за случаите поврзани со МВР.

The post Тошковски: Се надевам дека ќе нема настани кои ќе подгреваат тензии, но ако има соодветно ќе одговориме appeared first on Република.

]]>
Трајанов: Власта има капацитет да спречи меѓуетнички конфликт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trajanov-vlasta-ima-kapatsitet-da-sprechi-meguetnichki-konflikt/ Sat, 14 Sep 2024 08:34:54 +0000 https://republika.mk/?p=816259

Новата власт има политички и институционални капацитети да спречи меѓуетнички конфликти од пошироки размери, вели во интервју за неделникот „Фокус“ актуелниот национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам и поранешен министер за внатрешни работи, Павле Трајанов.

Законот за јазиците и балансерот сами по себе се наметнуваат како тригер за некое проблематично сценарио. Дали владата има капацитет овие горчливи прашања да ги реши без поголема ескалација?

Едни од клучните прашања е јазикот, кој треба да биде средство за разбирање, а не основа за манипулации и конфликти. Во Законот за јазиците има решенија што треба да се усогласат со меѓународните конвенции и Уставот на Македонија, посебно околу меѓународната употреба.

„Бадентер“, „Балансерот“, партизацијата и корупцијата, станаа вредносни категории, ги разнебитија институциите и државата ја доведоа во колапс. Водството на ДУИ мошне умешно ги користеше етничките механизми и алчноста за власт на партиите од мнозинскиот народ, сѐ до последните парламентарни избори. ДУИ е во опозиција и тоа треба да ги прифати.

Сепак, ДУИ не се помирува со тоа и најави битка за легитимитетот. Што мислите за правилото „победник со победник“?

Нема ниту уставна, ниту законска основа, ниту, пак, решенија во Охридскиот рамковен договор на кои се повикува влада да се формира „победник со победник“, односно ДУИ да биде дел од власта, и покрај тоа што на изборите беше во коалиција со партии што ги застапуваат интересите на други етнички заедници. ВЛЕН е составена од четири албански партии и е легитимен претставник во власта.

Тоа што се случи по конфликтот, паравоена формација да се трансформира во партија и да владее 20 години е историски преседан и најавите дека тоа може да се повтори е луда идеја.

За тоа дека има такво сценарио за дестабилизација на Македонија има предупредувања од познавачи на состојбите во ДУИ од Албанија и Косово, но и од други држави.

The post Трајанов: Власта има капацитет да спречи меѓуетнички конфликт appeared first on Република.

]]>

Новата власт има политички и институционални капацитети да спречи меѓуетнички конфликти од пошироки размери, вели во интервју за неделникот „Фокус“ актуелниот национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам и поранешен министер за внатрешни работи, Павле Трајанов. Законот за јазиците и балансерот сами по себе се наметнуваат како тригер за некое проблематично сценарио. Дали владата има капацитет овие горчливи прашања да ги реши без поголема ескалација? Едни од клучните прашања е јазикот, кој треба да биде средство за разбирање, а не основа за манипулации и конфликти. Во Законот за јазиците има решенија што треба да се усогласат со меѓународните конвенции и Уставот на Македонија, посебно околу меѓународната употреба. „Бадентер“, „Балансерот“, партизацијата и корупцијата, станаа вредносни категории, ги разнебитија институциите и државата ја доведоа во колапс. Водството на ДУИ мошне умешно ги користеше етничките механизми и алчноста за власт на партиите од мнозинскиот народ, сѐ до последните парламентарни избори. ДУИ е во опозиција и тоа треба да ги прифати. Сепак, ДУИ не се помирува со тоа и најави битка за легитимитетот. Што мислите за правилото „победник со победник“? Нема ниту уставна, ниту законска основа, ниту, пак, решенија во Охридскиот рамковен договор на кои се повикува влада да се формира „победник со победник“, односно ДУИ да биде дел од власта, и покрај тоа што на изборите беше во коалиција со партии што ги застапуваат интересите на други етнички заедници. ВЛЕН е составена од четири албански партии и е легитимен претставник во власта. Тоа што се случи по конфликтот, паравоена формација да се трансформира во партија и да владее 20 години е историски преседан и најавите дека тоа може да се повтори е луда идеја. За тоа дека има такво сценарио за дестабилизација на Македонија има предупредувања од познавачи на состојбите во ДУИ од Албанија и Косово, но и од други држави.

The post Трајанов: Власта има капацитет да спречи меѓуетнички конфликт appeared first on Република.

]]>
Mицкоски за најавите за можна дестaбилизација: Ќе се обидат преку етнички тензии, бидејќи немаат друг начин https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-najavite-za-mozhna-destabilizatsija-ke-se-obidat-preku-etnichki-tenzii-bidejki-nemaat-drug-nachin/ Mon, 26 Aug 2024 18:16:08 +0000 https://republika.mk/?p=810364

Во однос на најавите за можна дестабилизација на земјата наесен, Мицкоски, рече дека луѓето што изминатите седум години ја претвориле државата во „своина и мислеле дека се незаменливи и вечни“ ќе бараат маргинализирани групи кои за пари ќе ги мотивираат да дестабилизираат.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-najavite-za-apsena-graganite-da-bidat-trpelivi-ne-sakame-da-pravime-estrada/

-  Ќе се обидат преку етнички тензии тоа да го направат, бидејќи немаат друг начин. Не можат да магнетизираат луѓе, затоа што дури и нивните поддржувачи од минатото сега не ги поддржуваат. Во отсуство на долготрајни масовни протести, бидејќи за нив парите не се проблем, ќе бараат маргинализирани групи што со пари ќе ги мотивираат да дестабилизираат. Тоа им е единствен простор, изјави Мицкоски.

Тие, според Мицкоски, сакаат да бидеме генератор на нестабилност и затоа, како што нагласи „не смееме да дозволиме тоа да се случи и да наседнеме на тие провокации“.

- Ние не можеме сите тие провокации да ги спречиме. Тие ќе се случуваат, и важно е ние како ќе реагираме... Затоа ние не смееме да дозволиме тоа да се случи и за ова работиме сериозно со сите наши партнери од меѓународната заедница, изјави Мицкоски.

The post Mицкоски за најавите за можна дестaбилизација: Ќе се обидат преку етнички тензии, бидејќи немаат друг начин appeared first on Република.

]]>

Во однос на најавите за можна дестабилизација на земјата наесен, Мицкоски, рече дека луѓето што изминатите седум години ја претвориле државата во „своина и мислеле дека се незаменливи и вечни“ ќе бараат маргинализирани групи кои за пари ќе ги мотивираат да дестабилизираат. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-najavite-za-apsena-graganite-da-bidat-trpelivi-ne-sakame-da-pravime-estrada/
-  Ќе се обидат преку етнички тензии тоа да го направат, бидејќи немаат друг начин. Не можат да магнетизираат луѓе, затоа што дури и нивните поддржувачи од минатото сега не ги поддржуваат. Во отсуство на долготрајни масовни протести, бидејќи за нив парите не се проблем, ќе бараат маргинализирани групи што со пари ќе ги мотивираат да дестабилизираат. Тоа им е единствен простор, изјави Мицкоски.
Тие, според Мицкоски, сакаат да бидеме генератор на нестабилност и затоа, како што нагласи „не смееме да дозволиме тоа да се случи и да наседнеме на тие провокации“.
- Ние не можеме сите тие провокации да ги спречиме. Тие ќе се случуваат, и важно е ние како ќе реагираме... Затоа ние не смееме да дозволиме тоа да се случи и за ова работиме сериозно со сите наши партнери од меѓународната заедница, изјави Мицкоски.

The post Mицкоски за најавите за можна дестaбилизација: Ќе се обидат преку етнички тензии, бидејќи немаат друг начин appeared first on Република.

]]>
Стејт департмент за ризикот од дестабилизација: САД се во редовен контакт со владини функционери за прашања од меѓусебна загриженост https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stej-department-za-rizikot-od-destabilizatsija-sad-se-vo-redoven-kontakt-so-vladini-funktsioneri-za-prashana-od-megusebna-zagrizhenost/ Tue, 20 Aug 2024 06:10:17 +0000 https://republika.mk/?p=808078

САД се во редовен контакт со владини официјални лица за прашања од меѓусебна загриженост, изјавија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на прашањата дали САД имаат информации за наводен ризик од дестабилизација во Македонија, како што предупреди премиерот Христијан Мицкоски, како и дали на оваа тема разговарале со македонската влада.

- Додека генерално не обезбедуваме соопштенија од дипломатски состаноци, ние сме во редовен контакт со владини функционери за широк спектар на прашања од меѓусебна загриженост, одговорија од прес-службата на Стејт департментот.

Мицкоски, при посетата на Царинската управа на 15 август, рече дека високи функционери во поранешни влади се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен и да „провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија“.

-Индиции имаме за елементи, кои што располагаат со огромни милионски суми на пари, дел од нив се и високи функционери во поранешни влади и кои што се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен, во најголемиот дел да манипулираат, и она што мене посебно ме загрижува е тоа што се обидуваат да провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија. Тоа е она кое што најмногу ме вознемирува бидејќи сфаќаат дека на друг начин тие не може да мобилизираат луѓе, и сега единствениот начин е да испровоцираат ваков тип на конфликт. Тоа нема да го дозволиме. Апелирам, и до јавноста, и до медиумите и до граѓаните, да се воздржат од какви било провокации, да ги игнорираат, порано или подоцна сторителите на овој тип на провокации ќе одговараат, изјави Мицкоски.

Гласот на Америка потестува дека Мицкоски, за време на прес-конференцијата со косовскиот премиер Албин Курти на 5 август во Скопје, рече дека има информации од повеќе канали оти раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе преземе чекори во насока на дестабилизација на државата, во обид да го заштити капиталот што партијата го создавала изминативе 20 години.

ДУИ ги негираше изјавите на Мицкоски, додека на почетокот на јуни најави дека ќе стори се` во рамките на демократските мерки за да го спречи „понижувањето на Албанците“.

- ДУИ е државотворна партија, а непостоечките тврдења на премиерот Мицковски за сценарија за дестабилизација се невистинити и претставуваат намерни и опасни владини сценарија за обвинување други за да се дефокусира јавноста од недостатокот од резултати и секојдневни владини скандали, соопшти ДУИ.

Во врска со изјавите на Мицкоски за потенцијална нестабилност, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова рече дека нема да го свика Советот за безбедност, бидејќи сметала дека за тоа нема потреба.

The post Стејт департмент за ризикот од дестабилизација: САД се во редовен контакт со владини функционери за прашања од меѓусебна загриженост appeared first on Република.

]]>

САД се во редовен контакт со владини официјални лица за прашања од меѓусебна загриженост, изјавија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на прашањата дали САД имаат информации за наводен ризик од дестабилизација во Македонија, како што предупреди премиерот Христијан Мицкоски, како и дали на оваа тема разговарале со македонската влада. - Додека генерално не обезбедуваме соопштенија од дипломатски состаноци, ние сме во редовен контакт со владини функционери за широк спектар на прашања од меѓусебна загриженост, одговорија од прес-службата на Стејт департментот. Мицкоски, при посетата на Царинската управа на 15 август, рече дека високи функционери во поранешни влади се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен и да „провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија“. -Индиции имаме за елементи, кои што располагаат со огромни милионски суми на пари, дел од нив се и високи функционери во поранешни влади и кои што се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен, во најголемиот дел да манипулираат, и она што мене посебно ме загрижува е тоа што се обидуваат да провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија. Тоа е она кое што најмногу ме вознемирува бидејќи сфаќаат дека на друг начин тие не може да мобилизираат луѓе, и сега единствениот начин е да испровоцираат ваков тип на конфликт. Тоа нема да го дозволиме. Апелирам, и до јавноста, и до медиумите и до граѓаните, да се воздржат од какви било провокации, да ги игнорираат, порано или подоцна сторителите на овој тип на провокации ќе одговараат, изјави Мицкоски. Гласот на Америка потестува дека Мицкоски, за време на прес-конференцијата со косовскиот премиер Албин Курти на 5 август во Скопје, рече дека има информации од повеќе канали оти раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе преземе чекори во насока на дестабилизација на државата, во обид да го заштити капиталот што партијата го создавала изминативе 20 години. ДУИ ги негираше изјавите на Мицкоски, додека на почетокот на јуни најави дека ќе стори се` во рамките на демократските мерки за да го спречи „понижувањето на Албанците“.
- ДУИ е државотворна партија, а непостоечките тврдења на премиерот Мицковски за сценарија за дестабилизација се невистинити и претставуваат намерни и опасни владини сценарија за обвинување други за да се дефокусира јавноста од недостатокот од резултати и секојдневни владини скандали, соопшти ДУИ.
Во врска со изјавите на Мицкоски за потенцијална нестабилност, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова рече дека нема да го свика Советот за безбедност, бидејќи сметала дека за тоа нема потреба.

The post Стејт департмент за ризикот од дестабилизација: САД се во редовен контакт со владини функционери за прашања од меѓусебна загриженост appeared first on Република.

]]>
Mицкоски: Имаме индиции за лица кои имаат милиони и се обидуваат да мобилизираат луѓе за дестабилизација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-imame-inditsii-za-litsa-koi-imaat-milioni-i-se-obiduvaat-da-mobiliziraat-luge-za-destabilizatsija/ Thu, 15 Aug 2024 10:50:20 +0000 https://republika.mk/?p=806819

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека имаат индиции за лица, кои располагаат со милионски суми, а дел од нив биле високи функционери во поранешни влади, кои се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен со цел да се дестабилизира меѓуетничката хармонија во земјава и нагласи дека порано или подоцна сторителите на овие провокации ќе одговараат.

-Имаме индиции за елементи, кои што располагаат со огромни милионски суми на пари, дел од нив се високи функционери во поранешни влади и кои што се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен, во најголем дел да манипулираат и она што мене особено ме загрижува е тоа што се обидуваат да провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија. Тоа е она кое што најмногу ме вознемирува бидејќи сфаќаат дека на друг начин тие не може да мобилизираат луѓе и сега единствениот начин е да испровоцираат ваков тип на конфликт. Тоа нема да го дозволиме. Апелирам и до јавноста и до медиумите  и до граѓаните да се воздржат од какви било провокации, да ги игнорираат, изјави Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска тврдењата дека има лица, кои работат на дестабилизација на државата.

Тој денеска по посетата на Царинската управа нагласи дека порано или подоцна сторителите на овој тип на провокации ќе одговараат и упати молба до јавноста да го задржи трпението.

-Македонија треба да се консолидира, индикаторите во јули се одлични во Царинската управа и во УЈП, еве и уште неколку податоци споделив, за патарините итн. Тоа значи дека слободниот пад е сопрен. Сега треба полека да ја вратиме состојбата на некоја нула, за да можеме потоа да си ја развиваме државата. Ние сме фокусирани на тоа. Не сме фокусирани на реални шоуа, не сме фокусирани на спектакли, благовремено јавноста ќе биде информирана буквално за секоја постапка на оваа Влада. Ние сакаме Македонија да ја развиваме онака како што заслужува да биде развиена, истакна Мицкоски.

Во врска со одговорноста за поранешни функционери, за кои имаат одредени индиции за начинот на кој работеле истакна дека очекува до средината на септември да заврши целосната транзиција во рамките на институциите, на нивото за кое што е одговорна Владата.

-Понатаму, раководните лица во тие институции претпоставувам вертикално надолу ќе го продолжат тој процес. Но, она ниво кое што зависи од самата Влада ценам дека некаде средината на септември ќе заврши, што значи дека за од прилика помалку од три месеци откако е избрана новата Влада тој прв круг на транзиција би требало да заврши и очекувам од сите тие кои што ќе бидат дел од тие институции прво да ги стабилизираат институциите, а попатно додека ги стабилизираат очекувам да направат сериозна ревизија и анализа на тоа што се случувало во минатото по принципот како досега, рече Мицкоски.

Нагласи дека располагаат со сериозни индиции за незаконско работење во многу институции, но претпочитаат да обезбедат сериозно цврсти докази.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-tsarinskata-uprava-e-znachaen-segment-i-stolb-za-stabilnosta-na-drzhavata-vo-borbata-protiv-kriminalot-i-koruptsijata/

-Не сакаме да оставиме простор за какво било толкување дека тоа е политичка хајка кон некого. Не сакаме да одиме чекор напред, чекор назад па потоа во јавноста да има мислење дека еве се договорија и овие се исти како и претходните, го уапсија, направија спектакл па за три дена го пуштија, тука има вака, има така. Не, не сакаме така. Еве во времето на техничката влада видовте како документиран беше еден случај каде што беа би рекол осомничени и приведени еден врховен судија, односно судија којшто е дел од Врховниот суд и еден претседател на Советот на јавни обвинители. Тука имаме признавање на вина, спогодување што значи дека акцијата била поткрепена со докази. Не сакаме да правиме спектакли, театри како што тоа го правеше претходната влада, рече Мицкоски.

Премиерот истакна оти не сакаат никого да понижуваат, туку нивната намера е да обезбедат владеење на правото и законот да важи за сите подеднакво на целата територија на Република Македонија

The post Mицкоски: Имаме индиции за лица кои имаат милиони и се обидуваат да мобилизираат луѓе за дестабилизација appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека имаат индиции за лица, кои располагаат со милионски суми, а дел од нив биле високи функционери во поранешни влади, кои се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен со цел да се дестабилизира меѓуетничката хармонија во земјава и нагласи дека порано или подоцна сторителите на овие провокации ќе одговараат.
-Имаме индиции за елементи, кои што располагаат со огромни милионски суми на пари, дел од нив се високи функционери во поранешни влади и кои што се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен, во најголем дел да манипулираат и она што мене особено ме загрижува е тоа што се обидуваат да провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија. Тоа е она кое што најмногу ме вознемирува бидејќи сфаќаат дека на друг начин тие не може да мобилизираат луѓе и сега единствениот начин е да испровоцираат ваков тип на конфликт. Тоа нема да го дозволиме. Апелирам и до јавноста и до медиумите  и до граѓаните да се воздржат од какви било провокации, да ги игнорираат, изјави Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска тврдењата дека има лица, кои работат на дестабилизација на државата.
Тој денеска по посетата на Царинската управа нагласи дека порано или подоцна сторителите на овој тип на провокации ќе одговараат и упати молба до јавноста да го задржи трпението.
-Македонија треба да се консолидира, индикаторите во јули се одлични во Царинската управа и во УЈП, еве и уште неколку податоци споделив, за патарините итн. Тоа значи дека слободниот пад е сопрен. Сега треба полека да ја вратиме состојбата на некоја нула, за да можеме потоа да си ја развиваме државата. Ние сме фокусирани на тоа. Не сме фокусирани на реални шоуа, не сме фокусирани на спектакли, благовремено јавноста ќе биде информирана буквално за секоја постапка на оваа Влада. Ние сакаме Македонија да ја развиваме онака како што заслужува да биде развиена, истакна Мицкоски.
Во врска со одговорноста за поранешни функционери, за кои имаат одредени индиции за начинот на кој работеле истакна дека очекува до средината на септември да заврши целосната транзиција во рамките на институциите, на нивото за кое што е одговорна Владата.
-Понатаму, раководните лица во тие институции претпоставувам вертикално надолу ќе го продолжат тој процес. Но, она ниво кое што зависи од самата Влада ценам дека некаде средината на септември ќе заврши, што значи дека за од прилика помалку од три месеци откако е избрана новата Влада тој прв круг на транзиција би требало да заврши и очекувам од сите тие кои што ќе бидат дел од тие институции прво да ги стабилизираат институциите, а попатно додека ги стабилизираат очекувам да направат сериозна ревизија и анализа на тоа што се случувало во минатото по принципот како досега, рече Мицкоски.
Нагласи дека располагаат со сериозни индиции за незаконско работење во многу институции, но претпочитаат да обезбедат сериозно цврсти докази. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-tsarinskata-uprava-e-znachaen-segment-i-stolb-za-stabilnosta-na-drzhavata-vo-borbata-protiv-kriminalot-i-koruptsijata/
-Не сакаме да оставиме простор за какво било толкување дека тоа е политичка хајка кон некого. Не сакаме да одиме чекор напред, чекор назад па потоа во јавноста да има мислење дека еве се договорија и овие се исти како и претходните, го уапсија, направија спектакл па за три дена го пуштија, тука има вака, има така. Не, не сакаме така. Еве во времето на техничката влада видовте како документиран беше еден случај каде што беа би рекол осомничени и приведени еден врховен судија, односно судија којшто е дел од Врховниот суд и еден претседател на Советот на јавни обвинители. Тука имаме признавање на вина, спогодување што значи дека акцијата била поткрепена со докази. Не сакаме да правиме спектакли, театри како што тоа го правеше претходната влада, рече Мицкоски.
Премиерот истакна оти не сакаат никого да понижуваат, туку нивната намера е да обезбедат владеење на правото и законот да важи за сите подеднакво на целата територија на Република Македонија

The post Mицкоски: Имаме индиции за лица кои имаат милиони и се обидуваат да мобилизираат луѓе за дестабилизација appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Дестабилизацијата е осуетена – Спасовски: Ова е замајување на јавноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-destabilizatsijata-e-osuetena-spasovski-ova-e-zamajuvane-na-javnosta/ Sat, 10 Aug 2024 17:05:33 +0000 https://republika.mk/?p=805268

Планот за дестабилизација на државата е осуетен, велат од ВМРО-ДПМНЕ, чиј претседател Христијан Мицкоски неодамна кажа дека ДУИ наесен планира да ја дестабилизира земјата. Од владејачката партија, тежиштето од ДУИ сега го преместија кон СДСМ.

„СДС не може да остане нем посматрач, мора да кажат дали и тие чекаа на ДУИ за да ја дестабилизира државата? Па сега и едните и другите откако претседателот Мицкоски им го осуети планот се прегрупираат и се вадат дека само ќе протестираат. И СДС и ДУИ имаат само една цел, нивните корумпирани функционери да не одговараат за криминалот и грабежот на државата.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен пратеник на СДСМ, Оливер Спасовски претходно ги оцени тврдењата на Мицкоски како „замајување на јавноста“. Во телевизиско интервју тој истакна дека во случај ваквите информации да биле точни тогаш веднаш би требало да реагира Јавното обвинителство, а претседателката на државата да свика седница на Советот за безбедност. Според Спасовски, многу е несериозно премиер на држава да изнесува информации за дестабилизација, а државните органи да не преземаат ништо.

„Треба веднаш да се реагира и да тие коишто тоа го подготвуваат бидат приведени и таа група да сноси одговорност. Е сега, бидејќи тоа не се случува – ова е чисто замајување на јавноста. Ќе фрлите информација во јавноста, демек ќе се случува нешто крупно во државата, за да ги прикриете сите овие работи коишто катастрофално се спроведуваат од почетокот на формирањето на оваа Влада.“, рече Спасовски.

И СДСМ, но и владиниот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“, веќе го повикаа премиерот Мицкоски да ги сподели информациите во Јавното обвинителство.

Од „Вреди“ повторија дека не знаат со какви информации располага Мицкоски, но истакнаа дека ДУИ е немоќна да направи дестабилизација и се обидува да направи паника. На прашањето што подразбирал премиерот Мицкоски кога кажал „дестабилизација“, од Вреди одговорија:

„Изразот дестабилизација е израз кој не извира, во оваа околност, не извира од владината коалиција, не извира од другите политички партии, туку е израз кој потекнува од самото ДУИ.“, вели Фари Хисени.

Функционери на ДУИ претходно ги квалификуваа изјавите на Мицкоски како политички блеф, но нагласија дека ќе ги користат сите демократски методи за да ја спречат, како што велат, мајоризацијата и понижувањето на гласот на Албанецот.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Дестабилизацијата е осуетена – Спасовски: Ова е замајување на јавноста appeared first on Република.

]]>

Планот за дестабилизација на државата е осуетен, велат од ВМРО-ДПМНЕ, чиј претседател Христијан Мицкоски неодамна кажа дека ДУИ наесен планира да ја дестабилизира земјата. Од владејачката партија, тежиштето од ДУИ сега го преместија кон СДСМ.
„СДС не може да остане нем посматрач, мора да кажат дали и тие чекаа на ДУИ за да ја дестабилизира државата? Па сега и едните и другите откако претседателот Мицкоски им го осуети планот се прегрупираат и се вадат дека само ќе протестираат. И СДС и ДУИ имаат само една цел, нивните корумпирани функционери да не одговараат за криминалот и грабежот на државата.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен пратеник на СДСМ, Оливер Спасовски претходно ги оцени тврдењата на Мицкоски како „замајување на јавноста“. Во телевизиско интервју тој истакна дека во случај ваквите информации да биле точни тогаш веднаш би требало да реагира Јавното обвинителство, а претседателката на државата да свика седница на Советот за безбедност. Според Спасовски, многу е несериозно премиер на држава да изнесува информации за дестабилизација, а државните органи да не преземаат ништо.
„Треба веднаш да се реагира и да тие коишто тоа го подготвуваат бидат приведени и таа група да сноси одговорност. Е сега, бидејќи тоа не се случува – ова е чисто замајување на јавноста. Ќе фрлите информација во јавноста, демек ќе се случува нешто крупно во државата, за да ги прикриете сите овие работи коишто катастрофално се спроведуваат од почетокот на формирањето на оваа Влада.“, рече Спасовски.
И СДСМ, но и владиниот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“, веќе го повикаа премиерот Мицкоски да ги сподели информациите во Јавното обвинителство. Од „Вреди“ повторија дека не знаат со какви информации располага Мицкоски, но истакнаа дека ДУИ е немоќна да направи дестабилизација и се обидува да направи паника. На прашањето што подразбирал премиерот Мицкоски кога кажал „дестабилизација“, од Вреди одговорија:
„Изразот дестабилизација е израз кој не извира, во оваа околност, не извира од владината коалиција, не извира од другите политички партии, туку е израз кој потекнува од самото ДУИ.“, вели Фари Хисени.
Функционери на ДУИ претходно ги квалификуваа изјавите на Мицкоски како политички блеф, но нагласија дека ќе ги користат сите демократски методи за да ја спречат, како што велат, мајоризацијата и понижувањето на гласот на Албанецот.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Дестабилизацијата е осуетена – Спасовски: Ова е замајување на јавноста appeared first on Република.

]]>
СДСМ да се изјасни дали се оградува од планот на ДУИ за дестабилизација? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-da-se-izjasni-dali-se-ograduva-od-planot-na-dui-za-destabilizatsija/ Fri, 09 Aug 2024 11:29:11 +0000 https://republika.mk/?p=804931

ДУИ незадоволна од тоа што е во опозиција со месеци прави потези кои имаат за цел да финализираат со дестабилизација, но изјавата на претседателот Мицкоски ги осуети нивните планови па сега бараат начин да се регрупираат, рече на денешната прес-конференција пратеникот и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

ДУИ треба да одговори кој го работи сценариото со кое сакаат да ја доведат државата до дестабилизација. Нарачаните анализи или како и да ги нарекуваат нивните памфлети за дефокус од вистинските причини не поминуваат. СДС да не молчат и да не се кријат, мислејќи дека на никој нема да му текне да ги праша, дали ги поддржуваат ДУИ во идејата за дестабилизација на државата или не. ДУИ се соголија, признаа дека планираат протести и дестабилизација на државата, затоа доколку СДС веднаш не се оградат ќе значи дека и сега како и до сега во власта, се само помал партнер за правење на криминал во режија на ДУИ. Филипче ќе покаже дека само чека насока од Речица за да знае кој политички дискурс да го фати. Молкот од СДС, пак, покажува до кое дереџе дојде оваа партија, која наместо да биде конструктувна опозиција е привезок на ДУИ за дестабилизација и темн сценарија. СДС имаат уште малку време да излезат од прегратките на ДУИ и да се оградат од нивните планови, истакна Митева.

https://www.youtube.com/watch?v=E8HQAXY0DRY

Знаеме дека Венко Филипче е уплашен за себе, свесен дека ќе треба да одговара, но тој треба да знае дека соработката со ДУИ нема да го спаси, бидејќи и нивните планови веќе пропаднаа, а тој само се соголи пред целата јавност, додава Митева

The post СДСМ да се изјасни дали се оградува од планот на ДУИ за дестабилизација? appeared first on Република.

]]>

ДУИ незадоволна од тоа што е во опозиција со месеци прави потези кои имаат за цел да финализираат со дестабилизација, но изјавата на претседателот Мицкоски ги осуети нивните планови па сега бараат начин да се регрупираат, рече на денешната прес-конференција пратеникот и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

ДУИ треба да одговори кој го работи сценариото со кое сакаат да ја доведат државата до дестабилизација. Нарачаните анализи или како и да ги нарекуваат нивните памфлети за дефокус од вистинските причини не поминуваат. СДС да не молчат и да не се кријат, мислејќи дека на никој нема да му текне да ги праша, дали ги поддржуваат ДУИ во идејата за дестабилизација на државата или не. ДУИ се соголија, признаа дека планираат протести и дестабилизација на државата, затоа доколку СДС веднаш не се оградат ќе значи дека и сега како и до сега во власта, се само помал партнер за правење на криминал во режија на ДУИ. Филипче ќе покаже дека само чека насока од Речица за да знае кој политички дискурс да го фати. Молкот од СДС, пак, покажува до кое дереџе дојде оваа партија, која наместо да биде конструктувна опозиција е привезок на ДУИ за дестабилизација и темн сценарија. СДС имаат уште малку време да излезат од прегратките на ДУИ и да се оградат од нивните планови, истакна Митева.
https://www.youtube.com/watch?v=E8HQAXY0DRY Знаеме дека Венко Филипче е уплашен за себе, свесен дека ќе треба да одговара, но тој треба да знае дека соработката со ДУИ нема да го спаси, бидејќи и нивните планови веќе пропаднаа, а тој само се соголи пред целата јавност, додава Митева

The post СДСМ да се изјасни дали се оградува од планот на ДУИ за дестабилизација? appeared first on Република.

]]>
Тошковски за наводниот план на ДУИ за дестабилизација: Тешко е за некој кој 20 години бил на власт да прифати да биде опозиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-za-navodniot-plan-na-dui-za-destabilizatsija-teshko-e-za-nekoj-koj-20-godini-bil-na-vlast-da-prifati-da-bide-opozitsija/ Tue, 06 Aug 2024 18:28:37 +0000 https://republika.mk/?p=804022

Не треба да бидат загрижени граѓаните за безбедносната состојба во Македонија, Министерството за внатрешни работи и останатите институции ќе одговорат соодветно во рамки на законските надлежности, рече вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во врска со изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ), планира наесен да преземе чекори коишто се во насока на дестабилизирање на државата.

Во гостување на „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, Тошковски вели точно е дека постојат информации кои се во оваа насока и нагласи дека граѓаните треба да бидат запознаени со сите факти коишто се од интерес за јавноста.

Точно е дека постојат информации коишто се во насока кон тоа што го говори премиерот и сметам дека јавноста треба да биде запознаена со сите факти коишто се од интерес за јавноста, а ова е секако во интерес на јавноста. Едноставно кажано, факт е дека е тешко за некој којшто 20 години бил на власт да прифати да биде опозиција, нагласи Тошковски.

Министерот истакна дека е нормално да има реакции, но, како што вели, доколку тие се во рамки на демократските механизми, посочувајќи го правото на протест.

Особено тешко е кога знае дека позади себе има огромни индиции коишто секојдневно стигаат до институции во насока на сторен криминал, душмански насочен, насочен кон грабеж на државата и нормално дека ќе бидат вознемирени, нормално дека ќе гледаат да реагираат и сето тоа би било нормално доколку тоа го прават во рамки на едни демократски механизми, во делот на протести и така натаму, но не е нормално доколку нивната крајна цел е токму дестабилизација, рече Тошковски.

Прашан дали разговарале со коалициониот партнер „Вреди“ за ваквите индиции за опозициската ДУИ, Тошковски вели целта на оваа Влада е да го создаде системот, бидејќи, како што рече, системот бил уништен.

За нас како власт тотално е небитно дали станува збор за член на политичка партија, член на невладина организација, човек или пак правно лице коешто никако не е поврзано со никого. Нас не интересира да создадеме систем. Целта на оваа Влада е да го создаде системот, затоа што системот бил уништен. Не само во делот на справување со криминал и организиран криминал итн. Тоа го гледаме и во делот на пожарите, тоа го гледаме и во делот на секое едно во делот на здравство, во делот на образование. Секој еден сегмент во рамки на општеството е уништен. Ние треба моментално да ја возобновиме државата во насока на нормалност и во насока на одговорно и чесно работење, рече Тошковски.

Мицкоски деновиве изјави дека ДУИ ја загрозува интеретничката слика во државата и претставува закана по мирот и стабилноста на Македонија како држава. Суштината на ваквите потези, вели премиерот, е да се одбрани капиталот стекнат во изминативе 20 години на власт, но како што рече, не се исклучува и можноста некои групи да бидат несвесно изманипулирани и да го предизвикаат територијалниот интегритет и суверенитет.

The post Тошковски за наводниот план на ДУИ за дестабилизација: Тешко е за некој кој 20 години бил на власт да прифати да биде опозиција appeared first on Република.

]]>

Не треба да бидат загрижени граѓаните за безбедносната состојба во Македонија, Министерството за внатрешни работи и останатите институции ќе одговорат соодветно во рамки на законските надлежности, рече вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во врска со изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ), планира наесен да преземе чекори коишто се во насока на дестабилизирање на државата. Во гостување на „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, Тошковски вели точно е дека постојат информации кои се во оваа насока и нагласи дека граѓаните треба да бидат запознаени со сите факти коишто се од интерес за јавноста.