Деспотовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/despotovski/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 19:32:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Деспотовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/despotovski/ 32 32 Деспотовски: Со актуелното раководство на СДСМ не можеме да се надеваме на добар резултат на избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/despotovski-so-aktuelnoto-rakovodstvo-na-sdsm-ne-mozheme-da-se-nadevame-na-dobar-rezultat-na-izbori/ Mon, 11 Nov 2024 19:17:27 +0000 https://republika.mk/?p=836513

По катастрофалниот пораз во мај, СДСМ не може да се надева на поразличен резултат во моментов. Барањето за предвремени парламентарни избори наликува на гол популизам. Видниот член на социјалдемократите и поранешен директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, за Алфа вели СДСМ е силна, но се сомнева колку актуелните раководни структури имаат моќ да ја консолидираат партијата.

-Во моментов за жал не можам да видам дека имаме некаков тип на иницијатива, дека имаме некаква новина или дека имаме нешто што ново би понудиле на избирачите. Само шест месеци повторно ќе кажам по изборите кои што завршија, на начин кој што завршија. Не мислам дека раководството на СДСМ, актуелното раководство има оправдана причина да бара избори или да се надеваме за некаков подобар резултат на тие избори, освен купување време, изјави Деспотовски.

Деспотовски вели дека ситуацијата била слична и во 2006-та, кога СДСМ ја загуби власта, но тогаш партијата многу побрзо од сега се консолидирала.

-Впечатокот кај јавноста, кај луѓето, кај членовите на партијата со кои што и јас комуницирам прилично редовно е дека работите се движат со некоја ај да кажаме забавена динамика. Ќе направам една паралела со сличен процес кој што се случуваше 2006-та година, кога СДСМ исто ги загуби изборите. Во период од неколку месеци имаше и отчетен конгрес, се изгласа недоверба на тогашниот претседател, се изгласа ново раководство, така што партијата застана релативно брзо на нозе, збориме за период од два, три, четири месеци, изјави Деспотовски.

Освен Венко Филипче кој што беше избран за претседател, СДСМ во моментов се уште нема раководство. Новите структури треба да се изберат на 24 ноември на конгрес. Деспотовски вели

-Тие наши партиски другари не би требало да бидат дел ниту од новото раководство на партијата, меѓутоа не би требало да се појавуваат толку многу во јавноста и да ги застапуваат ставовите на партијата. Проблемот настанува колку актуелниот партиски врв навистина е подготвен да се соочи, навистина е подготвен да извади нешто ново, изјави Деспотовски.

Деспотовски беше и кандидат за претседател на СДСМ, на последните внатрепартиски избори.

The post Деспотовски: Со актуелното раководство на СДСМ не можеме да се надеваме на добар резултат на избори appeared first on Република.

]]>

По катастрофалниот пораз во мај, СДСМ не може да се надева на поразличен резултат во моментов. Барањето за предвремени парламентарни избори наликува на гол популизам. Видниот член на социјалдемократите и поранешен директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, за Алфа вели СДСМ е силна, но се сомнева колку актуелните раководни структури имаат моќ да ја консолидираат партијата. -Во моментов за жал не можам да видам дека имаме некаков тип на иницијатива, дека имаме некаква новина или дека имаме нешто што ново би понудиле на избирачите. Само шест месеци повторно ќе кажам по изборите кои што завршија, на начин кој што завршија. Не мислам дека раководството на СДСМ, актуелното раководство има оправдана причина да бара избори или да се надеваме за некаков подобар резултат на тие избори, освен купување време, изјави Деспотовски. Деспотовски вели дека ситуацијата била слична и во 2006-та, кога СДСМ ја загуби власта, но тогаш партијата многу побрзо од сега се консолидирала. -Впечатокот кај јавноста, кај луѓето, кај членовите на партијата со кои што и јас комуницирам прилично редовно е дека работите се движат со некоја ај да кажаме забавена динамика. Ќе направам една паралела со сличен процес кој што се случуваше 2006-та година, кога СДСМ исто ги загуби изборите. Во период од неколку месеци имаше и отчетен конгрес, се изгласа недоверба на тогашниот претседател, се изгласа ново раководство, така што партијата застана релативно брзо на нозе, збориме за период од два, три, четири месеци, изјави Деспотовски. Освен Венко Филипче кој што беше избран за претседател, СДСМ во моментов се уште нема раководство. Новите структури треба да се изберат на 24 ноември на конгрес. Деспотовски вели -Тие наши партиски другари не би требало да бидат дел ниту од новото раководство на партијата, меѓутоа не би требало да се појавуваат толку многу во јавноста и да ги застапуваат ставовите на партијата. Проблемот настанува колку актуелниот партиски врв навистина е подготвен да се соочи, навистина е подготвен да извади нешто ново, изјави Деспотовски. Деспотовски беше и кандидат за претседател на СДСМ, на последните внатрепартиски избори.

The post Деспотовски: Со актуелното раководство на СДСМ не можеме да се надеваме на добар резултат на избори appeared first on Република.

]]>
Петровска до Деспотовски: Изборот за лидер на СДСМ не треба да го правиме реалити шоу https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-do-despotovski-izborot-za-lider-na-sdsm-ne-treba-da-go-pravime-realiti-shou/ Tue, 11 Jun 2024 20:48:12 +0000 https://republika.mk/?p=786749

Откако денеска кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски повторно ги покани своите противкандидати на јавна дебата со свој коментар се јави Славјанка Петровска.

Таа посочи дека веќе одамна дебатира со членството за прашањата кои се од интерес на партијата, и побара да не се прави шоу од внатрепартиските избори.

– Претседател на СДСМ е премногу сериозна и премногу одговорна позиција за да се сведе на секојдневно лиферување соопштенија и скапо платена пр агенција. Ги повикувам кандидатите и членовите на СДСМ во име на социјалдемократијата да ја заштитиме партијата и изборот за Претседател на СДСМ да не го претвориме во реалити шоу. – вели Славјанка Петровска-кандидат за лидер на СДСМ.

The post Петровска до Деспотовски: Изборот за лидер на СДСМ не треба да го правиме реалити шоу appeared first on Република.

]]>

Откако денеска кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски повторно ги покани своите противкандидати на јавна дебата со свој коментар се јави Славјанка Петровска. Таа посочи дека веќе одамна дебатира со членството за прашањата кои се од интерес на партијата, и побара да не се прави шоу од внатрепартиските избори. – Претседател на СДСМ е премногу сериозна и премногу одговорна позиција за да се сведе на секојдневно лиферување соопштенија и скапо платена пр агенција. Ги повикувам кандидатите и членовите на СДСМ во име на социјалдемократијата да ја заштитиме партијата и изборот за Претседател на СДСМ да не го претвориме во реалити шоу. – вели Славјанка Петровска-кандидат за лидер на СДСМ.

The post Петровска до Деспотовски: Изборот за лидер на СДСМ не треба да го правиме реалити шоу appeared first on Република.

]]>
Битиќи и Деспотовски со германски компании во Франкфурт: Македонија нуди компетитивни и предвидливи услови за странските инвеститори https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-i-despotovski-so-germanski-kompanii-vo-frankfurt-severna-makedonija-nudi-kompetitivni-i-predvidlivi-uslovi-za-stranskite-investitori/ Tue, 05 Sep 2023 12:38:21 +0000 https://republika.mk/?p=679031

Интересот кој беше пројавен од претставниците на германската бизнис заедница, нѐ прави уверени дека германските компании ќе продолжат активно да учествуваат во технолошкото унапредување, одржливиот раст и развој на нашата економија“, изјави заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи, кој престојува во Франкфурт, на тркалезна маса заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Јован Деспотовски, пред претставниците на силната германска индустрија, компании од повеќе сектори, ги претстави можностите за инвестирање во нашата држава, за владините мерки и поддршката која странските компании ја добиваат.

Го истакнавме високото ниво на економска соработка помеѓу Македонија и Германија, како одлично искуство и за понатамошно зголемување на бројот на германски компании, кој е повеќе од 200, кои имаат реализирано инвестиција и вработуваат над 22.000 граѓани, на кои редовно им се исплатуваат конкурентни плати, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека германските компании се од голема помош во делот на прилагодувањето на стандардите во македонската економија со тие на ЕУ.

Искуство кое на нашето стопанство му е потребно, како навреме би се подготвило за интегрирање во економскиот простор на ЕУ. Овие придобивки, очекуваме да продолжат, да се продлабочат и прошират, рече Битиќи во неговата изјава за медиумите после тркалезната маса.

Вицепремиерот Битиќи, изјави дека од интересот кој беше пројавен на тркалезната маса со претставници на германската бизнис заедница, реално е да имаме очекување дека германските компании ќе продолжат активно да учествуваат во технолошкото унапредување, одржливиот раст и развој на нашата економија.

Она што е важно, зборуваме за технолошки напредни компании, етаблирани на глобалните пазари, кои своите успеси не ги темелат на евтина работна сила, туку на човечки ресурси кои се одликуваат со напредно знаење, иновативност, со изградени вештини да бидат дел од најсовремени технолошко производствени процеси, изјави Битиќи.

Директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски, подвлече две клучни пораки од денешните средби со германски компании.

Прво дека Македонија е стабилна држава, мала но флексибилна која може да се прилагоди на барањата на инвеститорите, а тоа истовремено да е во корист на граѓаните, и второ, уште поважно е дека во земјата имаме вредни и трудољубиви луѓе. Но нашата јасна порака е дека тие треба се платат и она што ме радува е дека високи плати повеќе за кои ние се залагаме се сѐ поприфатливи за компаниите. Сега во фокусот се вештините на младите, рече Деспотовски, и најави нови германски инвестиции во земјата.

Антје Ванделт, директор на АХК Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство, информираше дека 25 германски компании беа дел од тркалезна маса која се одржа во германската комора во Франкфурт, претежно компании од финансискиот сектор, металопраработувачка индустрија, ИТ секторот и инвестициски консалтинг, и беа позитивно изненадени од можностите кои ги нуди Македонија.

Најмногу се интересираа за едуцираниот кадар, инфраструктурата, и за кадарот со стручно образование. Дел од компаниите веќе се присутни на пазарот и се интересираат за понатамошни можности, за дел од нив земјата е нов пазар кој разбуди сериозен интерес, изјави Ванделт,

Инаку, вицепремиерот Битиќи заедно со директорот на дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Јован Деспотовски престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, при што во понеделник во Франкфурт се потпиша договор со германската компанија за производство на литиум-јонски батерии „БМЗ“, за реализација на нова германска инвестиција во Македонија, која ќе обезбеди над 750 нови вработувања.

The post Битиќи и Деспотовски со германски компании во Франкфурт: Македонија нуди компетитивни и предвидливи услови за странските инвеститори appeared first on Република.

Митева: Деспотовски јавно да објави барем една инвестиција која тој лично успеал да ја привлече https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miteva-despotovski-javno-da-objavi-barem-edna-investicija-koja-toj-lichno-uspeal-da-ja-privleche/ Wed, 09 Nov 2022 12:20:52 +0000 https://republika.mk/?p=571892

Функционерите на власта решаваат да се сокријат преку пишани статуси на социјални мрежи, со бледи, несодржински и празни статуси, наместо да одговорат конкретно на прашањата на јавноста. Согласно тврдењата на Деспотовски, во Македонија за помалку од две години има договори за нови инвестиции од над 620 милиони евра и тоа над 70% биле нови компании кои за прв пат инвестирале во Македонија, па го повикуваме јавно Деспотовски да ги објави и барем за една од тие да каже како тој лично ја привлекол инвестицијата, кои методи и знаења ги употребил“ рече на денешната прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа напомена дека „повеќето т.н „нови инвестиции” се всушност проширување или реинвестиции на претходните чие доаѓање тогаш беше критикувано дека се случува само поради високи субвенции. Сега нивните, претходно планирани проширувања, се претставуваат како нови инвестиции и проекти, а се доделува дополнителна државна помош“.

„Johnson Controls (JCI) I Johnson Matthey дојдоа во Македонија во 2007 и 2008 година. До 2022, овие две компании или во случајот на JCI ја користиме Аптив како наследник на проектот во истиот објект сеуште се помеѓу 5-те најнапредни и најсофистицирани странски директни инвестиции во Македонија. Од каде тогаш коментарот дека сега се привлекуваат понапредни компании? Дали на инвестицијата од Питсбург во Жабени или Корејската од ТИРЗ Скопје 2, кои беа претходно најавени се откажани бидејќи не беа доволно напредни или можеби пак е обратно, поради капацитетите на Дирекцијата кои се нотирани и во извештајот на ДЗР, инвеститорите сфатија со кого си имаат работа, па се повлекоа?“ вели таа.

„Бидејќи Јован Деспотовски вели дека резултатите во делот на странските инвестиции се видливи еве повторно јавно го прашуваме која е стратегијата за привлекување на странски директни инвестиции – кој точно привлекува нови инвестиции, на кој начин и каде? Кои се приоритетни сектори и кој кадар има знаење и искуство во истите за да ги анализира и избере таргетираните компании? Кој, како и за колку пари ја промовира Македонија како инвестициска локација?“ напомена Митева.

The post Митева: Деспотовски јавно да објави барем една инвестиција која тој лично успеал да ја привлече appeared first on Република.

]]>

Функционерите на власта решаваат да се сокријат преку пишани статуси на социјални мрежи, со бледи, несодржински и празни статуси, наместо да одговорат конкретно на прашањата на јавноста. Согласно тврдењата на Деспотовски, во Македонија за помалку од две години има договори за нови инвестиции од над 620 милиони евра и тоа над 70% биле нови компании кои за прв пат инвестирале во Македонија, па го повикуваме јавно Деспотовски да ги објави и барем за една од тие да каже како тој лично ја привлекол инвестицијата, кои методи и знаења ги употребил“ рече на денешната прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Таа напомена дека „повеќето т.н „нови инвестиции” се всушност проширување или реинвестиции на претходните чие доаѓање тогаш беше критикувано дека се случува само поради високи субвенции. Сега нивните, претходно планирани проширувања, се претставуваат како нови инвестиции и проекти, а се доделува дополнителна државна помош“. „Johnson Controls (JCI) I Johnson Matthey дојдоа во Македонија во 2007 и 2008 година. До 2022, овие две компании или во случајот на JCI ја користиме Аптив како наследник на проектот во истиот објект сеуште се помеѓу 5-те најнапредни и најсофистицирани странски директни инвестиции во Македонија. Од каде тогаш коментарот дека сега се привлекуваат понапредни компании? Дали на инвестицијата од Питсбург во Жабени или Корејската од ТИРЗ Скопје 2, кои беа претходно најавени се откажани бидејќи не беа доволно напредни или можеби пак е обратно, поради капацитетите на Дирекцијата кои се нотирани и во извештајот на ДЗР, инвеститорите сфатија со кого си имаат работа, па се повлекоа?“ вели таа. „Бидејќи Јован Деспотовски вели дека резултатите во делот на странските инвестиции се видливи еве повторно јавно го прашуваме која е стратегијата за привлекување на странски директни инвестиции – кој точно привлекува нови инвестиции, на кој начин и каде? Кои се приоритетни сектори и кој кадар има знаење и искуство во истите за да ги анализира и избере таргетираните компании? Кој, како и за колку пари ја промовира Македонија како инвестициска локација?“ напомена Митева.  

The post Митева: Деспотовски јавно да објави барем една инвестиција која тој лично успеал да ја привлече appeared first on Република.

]]>