десет наслови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/deset-naslovi/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Mar 2024 10:35:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png десет наслови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/deset-naslovi/ 32 32 Десет наслови во трката за „Роман на годината“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/deset-naslovi-vo-trkata-za-roman-na-godinata/ Tue, 05 Mar 2024 10:35:47 +0000 https://republika.mk/?p=751423

Комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на Комисијата), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), селектираше десет романи што останаа во трката за наградата „Роман на годината“.

На годинашниот конкурс пристигнаа 36 романи. Комисијата во првата селекција одбра 19 наслови, а сега списокот го стесни на десет романи:

– „Не кажувам“, Петар Андоновски, „Полица“;

– „Мина“, Игор Анѓелков, „Или-или“;

– „Единствен матичен број“, Лидија Димковска, „Три“;

– „Среќните луѓе не слават родендени“, Сашо Кокаланов, „Или-или“;

– „Гени, мени, сени (потеклото на бабите)“, Владимир Лукаш, „Супрема издателство“;

– „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“, Блаже Миневски, „Матица македонска“;

– „Заборав“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“;

– „Сѐ уште можам нешто да сторам“, Фросина Пармаковска, „Или-или“;

– „Зелениот дворец“, Сибо, „Арс Либрис“;

– „Бела Сама“, Виолета Танчева-Златева, „Три“.

Наградата „Роман на годината“ е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, а нејзин генерален покровител е Комерцијална банка АД, Скопје. Наградата се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 15 март.

The post Десет наслови во трката за „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>

Комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на Комисијата), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), селектираше десет романи што останаа во трката за наградата „Роман на годината“. На годинашниот конкурс пристигнаа 36 романи. Комисијата во првата селекција одбра 19 наслови, а сега списокот го стесни на десет романи:
– „Не кажувам“, Петар Андоновски, „Полица“; – „Мина“, Игор Анѓелков, „Или-или“; – „Единствен матичен број“, Лидија Димковска, „Три“; – „Среќните луѓе не слават родендени“, Сашо Кокаланов, „Или-или“; – „Гени, мени, сени (потеклото на бабите)“, Владимир Лукаш, „Супрема издателство“; – „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“, Блаже Миневски, „Матица македонска“; – „Заборав“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“; – „Сѐ уште можам нешто да сторам“, Фросина Пармаковска, „Или-или“; – „Зелениот дворец“, Сибо, „Арс Либрис“; – „Бела Сама“, Виолета Танчева-Златева, „Три“. Наградата „Роман на годината“ е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, а нејзин генерален покровител е Комерцијална банка АД, Скопје. Наградата се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка. Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 15 март.

The post Десет наслови во трката за „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>