дереџе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/deredhe/ За подобро да се разбереме Wed, 01 May 2024 14:17:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дереџе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/deredhe/ 32 32 Димитриевски до СДСМ: Ароганцијата ве донесе до ова дереџе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-do-sdsm-arogantsijata-ve-donese-do-ova-deredhe/ Wed, 01 May 2024 14:17:05 +0000 https://republika.mk/?p=773029

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот организираше пикник во Пелинце. Претседателот Максим Димитриевски во изјавата за медиумите им го честиташе празникот на сите граѓани и работници и им посака здравје, успех и среќа. Тој рече дека работничката класа е онаа што ја дигнала Македонија да стане држава.

Димитриевски од Пелинце испрати порака до раководството на СДСМ:

„Истите тие коишто дозволија да се отвараат бугарски клубови кои го содржат името Ванчо Михајлов во текот на нивниот мандат и ја згазија не само социјалдемократијата, туку и илинденските и асномските левичарски вредности и принципи, не обвинија дека сме човек партија.

Нивната ароганција е ненадминлива. Ова раководство на СДСМ, со овој арогантен пристап ја доведе партијата до историски најслабиот резултат.

Не само што ја навредија ЗНАМ, лично мене, навредија и уште 84 илјади граѓани кои го дадоа својот глас за движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија.

Ниското ниво на комуникација нема да го прифатиме. Но, како и да е, ние позитивно продолжуваме понатаму и чест ми е што денеска токму овде традиционално во Меморијалниот центар Пелинце- АСНОМ, каде што се удрени темелите на современата македонска држава, гледам голем број на мои поранешни соборци и сопартијци, коишто ни се придружија на овој настан во организација на Движење ЗНАМ – За наша Македонија и нивниот број секојдневно расте.

За разлика од раководството на СДСМ, тие ја прифатија подадената рака. Нашата цел е да продолжиме да ги обединуваме граѓаните и ние ќе работиме исклучиво во интерес на Македонија, државните и националните интереси“.

 

The post Димитриевски до СДСМ: Ароганцијата ве донесе до ова дереџе appeared first on Република.

]]>

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот организираше пикник во Пелинце. Претседателот Максим Димитриевски во изјавата за медиумите им го честиташе празникот на сите граѓани и работници и им посака здравје, успех и среќа. Тој рече дека работничката класа е онаа што ја дигнала Македонија да стане држава. Димитриевски од Пелинце испрати порака до раководството на СДСМ:
„Истите тие коишто дозволија да се отвараат бугарски клубови кои го содржат името Ванчо Михајлов во текот на нивниот мандат и ја згазија не само социјалдемократијата, туку и илинденските и асномските левичарски вредности и принципи, не обвинија дека сме човек партија. Нивната ароганција е ненадминлива. Ова раководство на СДСМ, со овој арогантен пристап ја доведе партијата до историски најслабиот резултат. Не само што ја навредија ЗНАМ, лично мене, навредија и уште 84 илјади граѓани кои го дадоа својот глас за движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија. Ниското ниво на комуникација нема да го прифатиме. Но, како и да е, ние позитивно продолжуваме понатаму и чест ми е што денеска токму овде традиционално во Меморијалниот центар Пелинце- АСНОМ, каде што се удрени темелите на современата македонска држава, гледам голем број на мои поранешни соборци и сопартијци, коишто ни се придружија на овој настан во организација на Движење ЗНАМ – За наша Македонија и нивниот број секојдневно расте.
За разлика од раководството на СДСМ, тие ја прифатија подадената рака. Нашата цел е да продолжиме да ги обединуваме граѓаните и ние ќе работиме исклучиво во интерес на Македонија, државните и националните интереси“.  

The post Димитриевски до СДСМ: Ароганцијата ве донесе до ова дереџе appeared first on Република.

]]>