По нагорна линија во јули се придвижиле каматните стапки одредени од банките за депозитите на граѓаните и компаниите, со што просечната стапка изнесува 1,93 проценти. Месечниот раст е за 0,05, а годишниот 0,43 процентни поени.
Просечната каматна стапка на новопримените депозити е 2,76 проценти. Зголемувањето е за месечни 0,24 и годишни 0,55 процентни поени.
За одобрените кредити се пресметува просечна каматна стапка од 5,46 проценти. До ова ниво е дојдено по јулскиот пад од 0,01 процентен поен. Годишното намалување е 0,03 процентни поени. Истиот месец каматите за новоодобрените кредити бележат раст од 0,04 п.п., кој на годишна основа се мери со 0,45 п.п. Просечната стапка е 5,12 проценти.
Што се однесува до кредитите, тие се потреба и за населението и за фирмите, па без оглед на цената што ја плаќаат за нивното користење, не се намалува интересот за позајмување пари. За потсетување, во јули годинава вкупната задолженост кај банките изнесува 7,55 милијарди евра, од кои 3,89 милијарди евра е долг на домаќинствата.
Податоците на Народната банка покажуваат дека каматната стапка што се применувала во јули за вкупните кредити на домаќинствата е 5,67%. Овде има месечна промена за 0,01 п.п, која произлегува од растот на стапките на денарските кредити без валутна клаузула. На годишно ниво има зголемување од 0,06 п.п.
Пораснала и стапката на новоодобрените кредити за 0,05 п.п. месечно и 0,02 п.п. годишно. Во седмиот месец е позиционирана на 5,34%. Месечното поместување се случило поради зголемените стапки на денарските кредити без валутна клаузула, како и на кредитите во странска валута.
За вкупните депозити на граѓаните во јули била важечка стапката од 1,89%, при што месечното зголемување е за 0,05 п.п., кое се базира на повисоките камати на депозитите – денарски без валутна клаузула, но и на девизните. Во споредба со јули минатата година, оваа стапка е повисока за 0,45 п.п.
Новопримените депозити во јули имале камата од 2,68%, со месечен раст од 0,13 п.п.. Нагорната промена е резултат на повисоките стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на депозитите во странска валута. Годишното зголемување е за 0,28 процентни поени.
По месечниот пад од 0,03 п.п., просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор изнесува 5,23%. Тоа е засновано на пониските каматни стапки на девизните и на денарските кредити со валутна клаузула. Јулската камата на новоодобрените кредити е 4,96%. Има месечен раст од 0,01 п.п поради зголемените стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула. На годишно ниво е забележано намалување од 0,79 п.п.
Просечната каматна стапка на депозитите во јули е повисока за 0,03 п.п. и изнесува 2,28%, а доаѓа од растот на каматите на денарските депозити без валутна клаузула. Притоа, годишното движење изнесува 0,26 п.п. Во седмиот месец од годинава стапката на новопримените депозити е зголемена за 0,64 п.п., па достигнува 3,03%. Растот е резултат на зголемените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на депозитите во странска валута. Годишното поместување кај каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е за 1,46 процентни поени.
The post Во јули паднале каматите на кредитите, а пораснале на депозитите appeared first on Република.
]]>The post Во јули паднале каматите на кредитите, а пораснале на депозитите appeared first on Република.
]]>Вкупните депозити во септември, на годишно ниво, се зголемени за 8,9%, како резултат на зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поголем придонес на секторот домаќинства, соопшти Народната банка. Годишниот пораст на кредитите, пак, е 5,8% и произлегува од повисокото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес на секторот домаќинства.
Во септември 2023 година, паричната маса бележи месечен пад од 0,5%, што во најголем дел се должи на намалувањето на краткорочните депозити и депозитните пари, а во помала мера и на пониските готови пари во оптек и долгорочните депозити до две години. Во споредба со септември претходната година, паричната маса е зголемена за 5,9% и главно произлегува од зголемувањето на депозитните пари и краткорочните депозити, при помало позитивно влијание и на готовите пари во оптек и долгорочните депозити до две години.
Вкупните депозити во септември, се намалија за 0,2% на месечно ниво и во целост е одраз на падот на депозитите на корпоративниот сектор, при раст на депозитите на домаќинствата. Годишниот раст од 8,9% произлегува од зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поголем придонес на секторот „домаќинства“.
Во септември, вкупните кредити остварија месечно зголемување од 0,4%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор. Анализирано на годишна основа, кредитите растат за 5,8% што произлегува од повисокото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес на секторот „домаќинства“.
Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во септември, се намалија за 1,4% на месечна основа, главно под влијание на падот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, а во помала мера и на краткорочните депозити во денари, во услови на забележан раст на долгорочните депозити. Годишниот раст од 15,7% во поголем дел е одраз на зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута, депозитните пари и долгорочните депозити во денари.
Кредитите на корпоративниот сектор во септември бележат месечен раст од 0,5%, во целост како резултат на зголемувањето на кредитите во денари, при остварен пад на кредитите во странска валута. Во однос на септември минатата
година, кредитите на корпоративниот сектор се зголемија за 5,1%, што се должи на растот на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес кон растот на кредитите во денари.
Во септември, месечната стапка на раст на депозитите на домаќинствата изнесува 0,9% во поголем дел поради зголемените депозитни пари и долгорочните депозити, додека помало позитивно влијание и на краткорочните депозити. Анализирано на годишно ниво, депозитите на домаќинствата забележаа раст од 6,8%, што главно се должи на зголемувањето на долгорочните депозити и депозитните пари, а во помала мера и на краткорочните депозити во денари, во услови на остварен пад на краткорочните депозити во странска валута.
Кредитите на домаќинствата, во септември, остварија месечно зголемување од 0,3%, во поголем дел поради зголеменото кредитирање во странска валута, при позитивен придонес и на кредитите во денари. Годишниот раст од 6,4% се објаснува
со зголемувањето на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во странска валута.
Во септември, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, забележаа месечен раст од 0,4% и 0,8%, соодветно, како и годишно зголемување
од 6,0% и 10,7%, соодветно. Автомобилските кредити, во септември, се намалени за 1,5% на месечна основа, при годишен раст од 15,5%, додека кредитите одобрени на кредитни картички остварија месечно и годишно намалување од 0,6% и 2,6%, соодветно. Во септември, негативните салда на тековните сметки бележат пад од 1,1% на месечно ниво, додека на годишно ниво се зголемени за 7,9%. Кредитите одобрени врз други основи, во септември, се намалија на месечно и на годишно ниво за 1,8% и 17,4%, соодветно, се наведува во соопштението од НБ
The post НБ: Во септември годишен раст од 8,9% на вкупните депозити и 5,8% на кредитите appeared first on Република.
]]>The post НБ: Во септември годишен раст од 8,9% на вкупните депозити и 5,8% на кредитите appeared first on Република.
]]>Штедачите шитум Европа повлекуваат се повеќе од своите пари од банките, барајќи подобра зделка бидејќи заемодавачите се спротивставуваат да плаќаат за да ги задржат депозитите. Трендот се појави кога некои од најголемите заемодавци во регионот сигнализираа профитабилен почеток на годината со резултати кои исто така понудија увид во феноменот наречен „банка одење“ – бавен, но значителен одлив на готовина од клиенти.
Банките не губат време во зголемувањето на каматните стапки на заемите кога каматните стапки брзо се зголемија од речиси 15-годишното движење околу нулата, но повеќето се задржаа на зголемување на каматните стапки на депозитите за милиони клиенти. Тоа го зголеми профитот на многу големи банки над очекувањата на многу аналитичари, но ги остави штедачите незадоволни, поставувајќи нови прашања за долгорочната стабилност на секторот, анализира „Кликс.ба“.
Традиционалните банки мора да одлучат дали да го максимизираат приносот со тоа што ќе ги задржат стапките на депозитите што е можно пониски или да им дадат приоритет на нивната ликвидност и стабилност со зголемување на стапките и задржување на средствата од клиентите, вели Никола Маринели, доцент по финансии на Универзитетот „Реџент“ во Лондон.
Фондовите на пазарот на пари се покажаа популарни кај штедачите кои бараат повисоки приноси на нивните пари додека високите нивоа на инфлација опстојуваат.
Во Германија, податоците на Бундесбанк покажаа дека депозитите на домаќинствата паднале за речиси 8 отсто во однос на претходната година, при што Дојче банк, најголемата банка во земјата, делумно го припишува сопствениот пад од 4,7 отсто во првиот квартал на стравувањата од ширење на банкарската криза во САД и Швајцарија.
The post Штедачите во Европа повлекуваат милиони евра, затоа што банките не даваат повисоки камати appeared first on Република.
]]>Традиционалните банки мора да одлучат дали да го максимизираат приносот со тоа што ќе ги задржат стапките на депозитите што е можно пониски или да им дадат приоритет на нивната ликвидност и стабилност со зголемување на стапките и задржување на средствата од клиентите, вели Никола Маринели, доцент по финансии на Универзитетот „Реџент“ во Лондон.Фондовите на пазарот на пари се покажаа популарни кај штедачите кои бараат повисоки приноси на нивните пари додека високите нивоа на инфлација опстојуваат. Во Германија, податоците на Бундесбанк покажаа дека депозитите на домаќинствата паднале за речиси 8 отсто во однос на претходната година, при што Дојче банк, најголемата банка во земјата, делумно го припишува сопствениот пад од 4,7 отсто во првиот квартал на стравувањата од ширење на банкарската криза во САД и Швајцарија.
The post Штедачите во Европа повлекуваат милиони евра, затоа што банките не даваат повисоки камати appeared first on Република.
]]>Во јануари годинава, во согласност со сезонската динамика, паричната маса забележа пад од 1,7 отсто на месечна основа, што се должи на надолните движења кај сите компоненти, со поголем придонес на депозитните пари, готовите пари во оптек и краткорочните депозити. На годишна основа, паричната маса е зголемена за 4,5 отсто, во најголем дел како резултат на растот на краткорочните депозити и депозитните пари, информираат од Народната банка.
Посочуваат дека вкупните депозити во јануари се намалени за 1,2 отсто на месечно ниво, во целост како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор. Анализирано на годишна основа, вкупните депозити бележат раст од 4,5 отсто, којшто во поголем дел се должи на повисоките депозити на секторот „домаќинства“.
Во јануари, вкупните кредити бележат месечен пад од 0,8 проценти, којшто во целост се должи на намаленото кредитирање на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 8,5 отсто како резултат на повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор, се наведува во денешното соопштението од Народната банка за монетарните движења.
Минатиот месец вкупните депозити на корпоративниот сектор се намалени за 4,1 отсто на месечна основа.
Надолната промена пред сè е резултат на падот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута. Споредено на годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор се зголемени за 2,6 отсто, во поголем дел како резултат на растот на краткорочните депозити во странска валута и во денари, при дополнителен придонес и на депозитните пари, а во услови на пад на долгорочните депозити во странска валута и во денари, посочуваат од Народната банка.
Оттаму информираат дека кредитите на корпоративниот сектор овој месец бележат месечен пад од 1,6 отсто, којшто се должи на пониските одобрени кредити во денари и во странска валута, со поголем придонес на денарските кредити.
Во споредба со јануари претходната година, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 9,7 проценти, како резултат на повисокото кредитирање во денари и во странска валута, поизразено кај кредитите одобрени во странска валута, нагласуваат од Народната банка.
Депозитите на домаќинствата во јануари, како што е наведено во соопштението, се непроменети на месечна основа. Анализирано на годишна основа, овие депозити се зголемени за 5,9 отсто, како резултат на растот на краткорочните депозити во странска валута, депозитните пари и долгорочните депозити во странска валута, при забележан пад на краткорочните и долгорочните депозити во денари.
Во јануари, кај кредитите на домаќинствата е забележан минимален месечен раст од 0,1 отсто, којшто во целост се должи на растот на кредитите одобрени во странска валута во услови на пад на денарските кредити. Во споредба со истиот месец претходната година, кредитите на домаќинствата се зголемени за 7,4 проценти, поради растот на кредитите одобрени во денари и во странска валута, којшто е поизразен кај кредитите во странска валута, велат од Народната банка.
Во јануари годинава анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките кредити, како најзастапена категорија, како што е наведено во соопштението, е забележан месечен пад од 0,5 отсто, при годишен раст од 6,5 проценти.
Одобрените станбени кредити, овој месец, бележат раст од 0,4 отсто и 12,6 проценти, на месечна и годишна основа, соодветно. Во јануари, кај автомобилските кредити и кредитите одобрени на кредитни картички е остварен месечен пад од 0,8 отсто и 0,9 проценти, соодветно, додека на годишна основа е забележан раст од 10,7 отсто и 1,0 проценти соодветно. Овој месец, негативните салда на тековните сметки се зголемени за 8,7 отсто на месечна основа и 0,9 проценти на годишна основа, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи бележат месечен и годишен пад за 1,1 отсто и 15,1 проценти, соодветно, се наведува во соопштението од Народната банка.
The post Во јануари годишен раст од 4,5 отсто на вкупните депозити и од 8,5 проценти на вкупната кредитна поддршка appeared first on Република.
]]>The post Во јануари годишен раст од 4,5 отсто на вкупните депозити и од 8,5 проценти на вкупната кредитна поддршка appeared first on Република.
]]>Во последните месеци може да се забележи нагорно придвижување на каматните стапки за денарските депозити, вели вицегувернерката на Народната банка Емилија Нацеска.
Потребно е време за соодветни ефекти од затегнувањето на монетарната политика, особено ако истото се одвива постепено, во услови на отсуство на значителни притисоци на страната на побарувачката и во насока на задржување на стабилноста. Сепак, веќе во последните месеци, може да се забележи нагорно придвижување на каматните стапки за денарските депозити, вели Нацевска во интервју за Банкарство.мк.
Таа истакнува дека за одржување на среднорочната ценовна стабилност, којашто е впрочем целта, централните банки на скоро сите економии во светот работат на стабилизирање на инфлациските очекувања предизвикани од тековната глобална криза, преку затегнување на монетарната политика, односно со покачувањето на основната камата, со што делуваат врз притисоците од страната на побарувачката.
Целта на овие политики е да се закотват пред сè инфлациските очекувања. Целиот процес се води постепено, анализирајќи ги детално сите податоци и движења во светски рамки и дома и имајќи ја како приоритет макроекономската и финансиската стабилност. Банкарскиот сектор е стабилен, соодветно капитализиран и овозможува соодветна поддршка на приватниот сектор, посочува Нацевска.
Додава дека зголемувањето на основната каматна стапка е дополнето и со мерки за промени во системот на задолжителна резерва, заради поттикнување на денаризацијата, односно штедењето во денари, преку просторот којшто им се остава на банките за да можат да понудат поповолни каматни услови за денарските депозити. Вицегувернерката во интервјуто ја нагласува и сигурноста што за економските субјекти и за населението ја нуди долго применуваната стратегија на стабилен номинален курс на денарот во однос на еврото.
Мерките со корекција на задолжителната резерва заради поголема денаризација и повисоки каматни стапки за денарски депозити би придонесле за зголемено штедење во денари. Се очекува дека на среден рок ќе продолжи трендот на раст на депозитите, вели вицегувернерката и посочува дека заклучно со септември растот на депозитите изнесува 3,4 проценти на годишно ниво, кој главно се должи на растот на депозитите кај секторот домаќинства од 5,3 проценти.
The post Нацеска: Се забележува нагорно придвижување на каматните стапки за денарските депозити appeared first on Република.
]]>The post Нацеска: Се забележува нагорно придвижување на каматните стапки за денарските депозити appeared first on Република.
]]>The post Годишен раст на вкупните депозити и кредити во август appeared first on Република.
]]>Вкупните кредити, пак, на месечна основа се пониски за 0,3 проценти што се должи на намаленото кредитирање на корпоративниот сектор, во услови на раст на кредитите кај домаќинствата. На годишна основа има раст од 9,7 проценти поради повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор.
The post Годишен раст на вкупните депозити и кредити во август appeared first on Република.
]]>Во мај годинава вкупните депозити на годишна основа бележат раст од 2,4 отсто при зголемување на депозитите на секторот домаќинства, а вкупните кредити се зголемени за 9,9 отсто, како одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ).
Паричната маса (монетарниот агрегат М3 1,2 ), во мај 2022 година оствари пад од 0,1 отсто на месечна основа, пред сè како резултат на намалувањето на краткорочните депозити, готовите пари во оптек и долгорочните депозити до две години, а во услови на раст на депозитните пари. Анализирано на годишно ниво, паричната маса е зголемена за 2,7 отсто, речиси целосно поради зголемувањето на краткорочните депозити, при пад на долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек, соопшти НБ.
Вкупните депозити во мај годинава, се истакнува во соопштението, останаа непроменети споредено со претходниот месец. Годишната промена е позитивна и изнесува 2,4 отсто, што целосно произлегува од зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“.
Вкупните кредити забележаа месечен раст од 0,8 отсто во текот на овој месец, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“. Годишната стапка на раст од 9,9 отсто е одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, кое е поизразено кај корпоративниот сектор, се нагласува во соопштението од НБ.
Во мај, како што се посочува, вкупните депозити на корпоративниот сектор се зголемија за 0,1 отсто на месечно ниво, пред сè како резултат на зголемените депозитни пари, а во помала мера и на долгорочните депозити во денари, во услови на остварен пад кај останатите компоненти.
Споредено со мај минатата година, вкупните депозити на корпоративниот сектор се пониски за 1,6 отсто, главно заради намалувањето на долгорочните депозити во странска валута, како и краткорочните и долгорочните депозити во денари, а во помал дел и заради депозитните пари, при забележан раст на краткорочните депозити во странска валута. Кај кредитите на корпоративниот сектор , овој месец е забележан месечен раст од 0,5 отсто и годишен од 11,9 отсто поради растот на кредитите во денари и во странска валута, кој е поизразен кај кредитите во денари, нагласуваат од НБ.
Депозитите на домаќинствата, посочуваат, бележат раст од 0,2 отсто во мај во однос на претходниот месец.
Растот во поголем дел се должи на зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута, при дополнителен позитивен придонес и на депозитните пари и долгорочните депозити во странска валута, а во услови на пад кај денарските долгорочни и краткорочни депозити. Годишниот раст изнесува 4,5 отсто и пред сè се објаснува со зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута, при помало позитивно влијание и на долгорочните депозити во странска валута и депозитните пари, во услови на пад кај денарските долгорочни и краткорочни депозити. Овој месец, вкупните кредити на домаќинствата растат со стапка од 1,1 отсто, како резултат на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, малку поизразено во денари. Споредено на годишна основа, овие кредити бележат раст од 8 отсто и во поголем дел се должи на кредитите одобрени во денари, прецизираат од НБ.
Нагласуваат дека во мај, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките кредити остварија месечен раст од 0,8 отсто, а станбените од 1,2 отсто, додека на годишно ниво се зголемени за 6,9, односно за 15,8 отсто.
Во мај, автомобилските кредити бележат месечно намалување од 2,4 отсто и годишно и од 8,9 отсто. Кредитите одобрени на кредитни картички овој месец се зголемени за 0,7% отсто на месечна основа, додека на годишна основа тие се намалени за 2,2 отсто. Во мај, кај негативните салда на тековните сметки е забележан месечен раст од 2,1 отсто и годишен од 0,5 отсто. Кредитите одобрени врз други основи се пониски на месечно ниво за 1,9 отсто и на годишно ниво за 34,4 отсто, посочуваат од НБ
The post НБ: Во мај годишен раст од 2,4 отсто на вкупните депозити и 9,9 отсто на вкупната кредитна поддршка appeared first on Република.
]]>The post НБ: Во мај годишен раст од 2,4 отсто на вкупните депозити и 9,9 отсто на вкупната кредитна поддршка appeared first on Република.
]]>УНИБанка АД Скопје изврши зголемување на каматните стапки на депозитите на физички и правни лица во валута МКД и ЕУР дури до 0,4пп.
Со оваа промена го продолжуваме поволниот тренд кај депозитите во зависност од рочноста, валутата и начинот на исплата на каматата.
Со ревидирањето на каматните стапки на своите депозити УНИБанка го следи сигналот на НБРМ која ги зголеми истите на благајничките записи за 0,5пп до Мај, како превентивен одговор на нагорните движења кај инфлациските очекувања. Со зголемувањето веруваме дека Банката обезбедува додадена вредност за клиентите на долг рок.
Нашата политика е да одржуваме продукти со фиксни конкурентни каматни стапки, кои на клиентите им даваат сигурен принос во договорниот период, а воедно и можност за неограничено дополнително вложување на средства на постоечкиот депозит. Депозитите на физички лица се осигурани во Фондот за осигурување на депозити.
На своите клиенти, постоечки и идни, им овозможуваме да го изберат депозитниот продукт кој најмногу одговара на нивниот финансиски план и ќе им помогне да ја зголемат заработката.
Умната Депозитна Сметка е продукт кој овозможува каматна стапка која прогресивно расте дури до 3%.
Можноста за слободна уплата и се разбира исплата на средства од сметката во секое време, го прави уникатен продукт на пазарот. На клиентите им нуди чувство на сигурност и слобода во располагањето со сопствените средства.
Се разбира тука е и Депозитот Фикс, како и Детското штедење со фиксна каматна стапка дури до 2,1%.
Во чекор со дигиталните трендови ја поттикнуваме опцијата за орочување и дополнување на депозити преку платформата за електронско банкарство.
Направете добра и важна одлука со депозитните продукти на УНИБанка!
Повеќе информации на www.unibank.mk, во експозитурите на Банката, или преку контакт центарот - 02/ 3 111 - 111.
The post УНИБанка АД Скопје изврши зголемување на каматните стапки на депозитите на физички и правни лица appeared first on Република.
]]>The post УНИБанка АД Скопје изврши зголемување на каматните стапки на депозитите на физички и правни лица appeared first on Република.
]]>На 10 мај 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани најновите движења на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.
По промените во инструментот задолжителна резерва и зголемувањето на основната каматна стапка во април на 1,5%, како превентивен одговор на нагорните движења кај инфлациските очекувања, на мајската седница на Комитетот беше одлучено да се изврши дополнително зголемување на каматната стапка за 0,25 п.п., на нивото од 1,75%. Понудата на благајнички записи на денешната аукција изнесува 10 милијарди денари.
При донесувањето на ваквата одлука, беа земени предвид најновите движења кај инфлацијата, којашто и во април забрза, како и влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања. Одлуката за натамошно затегнување на монетарната политика се заснова врз оцените дека увозните ценовни притисоци се подолготрајни и посилни, што создава одредени преносни ефекти кај повеќе ценовни категории и делува врз инфлациските очекувања. Оттука е и потребата од монетарна реакција, и покрај надолните ризици за економскиот раст и за домашната побарувачка.
Најновите податоци покажуваат дека инфлацијата, во април 2022 година, забрза и достигна годишна стапка од 10,5%, што упатува дека оваа година инфлацијата ќе биде повисока од очекувањата според последните проекции. Движењата кај домашната инфлација се во согласност и со глобалната инфлација, вклучително и со инфлацијата во регионот на Централна и Југоисточна Европа, каде што просечната инфлација за април е околу 11%. Главните фактори за поместувањата на ценовното ниво и понатаму се факторите на страната на понудата, пред сѐ цените на храната и енергијата, поради растот на цените на примарните производи на светските берзи. Овие преносни ефекти се видливи особено кај економиите како нашата, каде што голем дел од потрошувачката е увозна и каде што учеството на храната и енергијата во потрошувачката кошничка е високо. Имајќи предвид дека храната и енергијата се влезна компонента кај повеќе други производи и услуги, растот на цените станува пошироко распространет. Оттука, поголема динамика се забележува и кај движењето на базичната инфлација. Тековните оцени и натаму упатуваат на отсуство на поизразени притисоци од побарувачката врз цените, а со воениот конфликт во Украина се нагласуваат надолните ризици за домашната побарувачка во следниот период. Сепак, неопходни се претпазливи домашни политики коишто нема да предизвикаат дополнителни притисоци и од страната на потрошувачката.
Девизните резерви и натаму се во сигурната зона. Со оглед на високото ниво на девизните резерви во претпандемичниот период и натамошниот раст во двете години од пандемијата, тековно девизните резерви се на соодветното ниво согласно со сите меѓународни стандарди. Од почетокот на годината, на девизниот пазар имаше зголемена потреби за девизи од компаниите заради повисокиот увоз на енергенси, во услови на значителен раст на светските цени на овие производи. Во текот на април и мај овие притисоци значително се намалија, заедно со притисоците поврзани со неоснованите шпекулации за курсот, при што тековно девизниот пазар е стабилен, а се забележува и сезонски поголема понуда на девизи.
Во однос на движењата во реалната економија, во 2021 година беше остварен реален економски раст од 4%, во рамките на очекувањата. Расположливите високофреквентни податоци за првиот квартал од 2022 година упатуваат на натамошен раст на домашната економија во овој период. Но, со воената ескалација помеѓу Русија и Украина од крајот на февруари, дополнително се влошија веќе нарушените глобални синџири на снабдување и пазарот на енергија, како и довербата на економските субјекти. Ова придонесе за влошување на очекувањата за раст на глобалната, а пред сѐ на европската економија, што неповолно делува врз економските изгледи и врз динамиката на закрепнување на домашната економија за оваа и за следната година, односно растот би бил понизок од очекувањата.
Од аспект на движењата во монетарниот сектор, според првичните податоци за април 2022 година, годишниот раст на кредитите и натаму е солиден, при поумерен раст кај депозитите. Притоа, кај депозитите на населението се забележува раст на месечна основа во април.
Општо земено, најновите оцени за основните макроекономски параметри упатуваат на потреба од натамошно затегнување на монетарната политика, и покрај надолните ризици за економскиот раст и за побарувачката. Ризиците за целокупниот макроекономски контекст се поизразени, а се поврзани главно со надворешното окружување. Ефектите од пандемијата сѐ уште постојат, а нарушувањата во синџирите на снабдување и енергетска криза се уште понагласени заради воениот конфликт во Украина. И понатаму има голема неизвесност, особено околу времетраењето и интензитетот на војната во Украина и ефектите од тековните и идните санкции кон Русија. Оттука, неопходни се претпазливи макроекономски политики коишто ќе бидат целни, заради ублажување на ефектите од кризата, но водејќи сметка за инфлациските притисоци. Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици и соодветно ќе реагира заради постепена нормализација на монетарната политика.
The post Се зголемуваат каматите на кредитите и депозитите appeared first on Република.
]]>The post Се зголемуваат каматите на кредитите и депозитите appeared first on Република.
]]>Вкупните депозити во февруари се зголемени за 6,1 процент на годишна основа што се должи на зголемените депозити и кај корпоративниот сектор и кај домаќинствата, но со поголем придонес на домаќинствата. На месечно ниво се бележи пад од 0,4 проценти како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор и умерениот раст на депозитите на домаќинствата.
Кај кредитите се бележи раст од 8,9 проценти на годишно ниво како резултат на зголеменото кредитирање кај двата сектора, но повеќе изразено кај корпортивниот сектор. Кај кредитите има зголемување и на месечно ниво од 0,9 проценти.
Потрошувачките кредити за физичките лица се зголемени за 7,2 проценти на годишно ниво, а станбените кредити за 15,5 проценти. Намалување има кај автомобилските кредити од 15,6 проценти и кај кредитите одобрени на кредитни картички за 5,7 проценти на годишно ниво.
The post НБ: Во февруари годишен раст од 6,1 процент на вкупните депозити и од 8,9 проценти на вкупната кредитна поддршка appeared first on Република.
]]>The post НБ: Во февруари годишен раст од 6,1 процент на вкупните депозити и од 8,9 проценти на вкупната кредитна поддршка appeared first on Република.
]]>