депортација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/deportacija/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Sep 2024 07:20:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png депортација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/deportacija/ 32 32 Германија продолжува со депортации во Србија и Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-prodolzhuva-so-deportatsii-vo-srbija-i-kosovo/ Wed, 18 Sep 2024 07:20:46 +0000 https://republika.mk/?p=817293

Првиот чартер во рамките на новата депортациска офанзива на германската влада пред две недели полета за Авганистан. Вториот лет се реализираше вчера, од Хамбург до Белград и Скопје. Според дневниот весник „Билд“, вкупно 36 лица, претежно државјани на Србија и Косово, на кои им било одбиено правото на азил или имале други причини за протерување, беа вклучени на летот. Меѓу нив имало и осудени криминалци, пренесува Индекс.

Овој чартер лет на полската компанија „Ентер Ер“ бил закупен од сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, каде се претпоставува дека протераните лица биле регистрирани. За разлика од летот за Кабул на крајот од август, овој лет за Белград и Скопје не се смета за некаква сензација, пишува „Дојче веле“.

Иако организациите за човекови права укажуваат на лошата состојба во Авганистан и се противат на депортациите таму, протерувањата во Западен Балкан се сметаат за рутина. Во првиот квартал од оваа година, германските власти веќе протерале 795 лица во Србија и Косово. Западнобалканските земји, вклучувајќи ги Србија и Косово, од 2014 година се сметаат за „безбедни земји“, што овозможува депортација по скратена процедура.

Германската влада воведе олеснети правила за вработување на граѓани од Западен Балкан во 2015 година, што се покажа како успешно, па во јуни годинава беше продолжено на неодредено време.

The post Германија продолжува со депортации во Србија и Косово appeared first on Република.

]]>

Првиот чартер во рамките на новата депортациска офанзива на германската влада пред две недели полета за Авганистан. Вториот лет се реализираше вчера, од Хамбург до Белград и Скопје. Според дневниот весник „Билд“, вкупно 36 лица, претежно државјани на Србија и Косово, на кои им било одбиено правото на азил или имале други причини за протерување, беа вклучени на летот. Меѓу нив имало и осудени криминалци, пренесува Индекс. Овој чартер лет на полската компанија „Ентер Ер“ бил закупен од сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, каде се претпоставува дека протераните лица биле регистрирани. За разлика од летот за Кабул на крајот од август, овој лет за Белград и Скопје не се смета за некаква сензација, пишува „Дојче веле“. Иако организациите за човекови права укажуваат на лошата состојба во Авганистан и се противат на депортациите таму, протерувањата во Западен Балкан се сметаат за рутина. Во првиот квартал од оваа година, германските власти веќе протерале 795 лица во Србија и Косово. Западнобалканските земји, вклучувајќи ги Србија и Косово, од 2014 година се сметаат за „безбедни земји“, што овозможува депортација по скратена процедура. Германската влада воведе олеснети правила за вработување на граѓани од Западен Балкан во 2015 година, што се покажа како успешно, па во јуни годинава беше продолжено на неодредено време.

The post Германија продолжува со депортации во Србија и Косово appeared first on Република.

]]>
Македонските граѓани најмногу депортирани од Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskite-gragani-najmnogu-deportirani-od-germanija/ Fri, 30 Aug 2024 10:57:18 +0000 https://republika.mk/?p=811536

Во првите три месеци од годинава од Германија се протерани 483 македонски државјани. Соопшти германското Министерство за внатрешни работи. Податоците велат дека во првиот квартал од годинава од Германија во земјава депортирани се 483 граѓани. Лани пак бројот на граѓани од земјава кои престојувале или работеле во најсилната европска економија изнесува 1177 македонски граѓани.

Германските власти освен македонски државјани во последниве неколку години депортирале најмногу граѓани од Турција, Албанија, Србија, Авганистан и Сирија.

 

The post Македонските граѓани најмногу депортирани од Германија appeared first on Република.

]]>

Во првите три месеци од годинава од Германија се протерани 483 македонски државјани. Соопшти германското Министерство за внатрешни работи. Податоците велат дека во првиот квартал од годинава од Германија во земјава депортирани се 483 граѓани. Лани пак бројот на граѓани од земјава кои престојувале или работеле во најсилната европска економија изнесува 1177 македонски граѓани. Германските власти освен македонски државјани во последниве неколку години депортирале најмногу граѓани од Турција, Албанија, Србија, Авганистан и Сирија.  

The post Македонските граѓани најмногу депортирани од Германија appeared first on Република.

]]>
Турција ќе депортира роднини на чеченските опозиционери во Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turtsija-ke-deportira-rodnini-na-chechenskite-opozitsioneri-vo-rusija/ Sat, 24 Feb 2024 21:22:14 +0000 https://republika.mk/?p=747634

Турски адвокати предупредуваат дека Турција планира да ги депортира роднините на чеченските опозиционери во Русија.

Турските медиуми, повикувајќи се на адвокатката Зејнеп Ертекин и на претседателот на Здружението на адвокати и бранители на човекови права, Енес Кафадар, објавија дека на многу чеченски семејства им се одземени дозволите за престој во земјата.

Наводно, во последниов период, околу 30 роднини на чеченски опозиционери биле однесени во центрите за депортација.

The post Турција ќе депортира роднини на чеченските опозиционери во Русија appeared first on Република.

]]>

Турски адвокати предупредуваат дека Турција планира да ги депортира роднините на чеченските опозиционери во Русија. Турските медиуми, повикувајќи се на адвокатката Зејнеп Ертекин и на претседателот на Здружението на адвокати и бранители на човекови права, Енес Кафадар, објавија дека на многу чеченски семејства им се одземени дозволите за престој во земјата. Наводно, во последниов период, околу 30 роднини на чеченски опозиционери биле однесени во центрите за депортација.

The post Турција ќе депортира роднини на чеченските опозиционери во Русија appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: За да има помирување, Бугарија треба да се извини за депортацијата на македонските Евреи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-za-da-ima-pomiruvane-bugarija-treba-da-se-izvini-za-deportatsijata-na-makedonskite-evrei/ Sun, 12 Mar 2023 14:53:27 +0000 https://republika.mk/?p=618795

Никаде во Европа, морбидниот концепт наречен „конечно решение на Еврејското прашање“ не бил поефикасно спроведен отколку во тогашната окупирана Македонија. И во хебрејскиот и во македонскиот јазик изворното значење на зборот правда, упатува на она што одговара на вистината. Правда значи да се препознае и именува вистината и таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи.

Ова го порача претседателот Стево Пендаровски во обраќањето пред споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи - поранешен скопски Монопол кои токму од ова место пред 80 години во три конвои биле спроведени до железничката станица и депортирани во логорот Треблинка.

Меѓу шесте милиони Евреи кои настрадаа беа и нашите сонародници. Во нивната судбина можеме да ги препознаеме сите етапи на Холокаустот. Првиот чекор бил дискриминацијата. Фашистичкиот режим во тоа време во Софија го донел Законот за заштита на нацијата со кој македонските Евреи биле систематски дискриминирани. Лишени од државјанство и правна заштита, Евреите биле отпуштани од јавните служби, децата исфрлани од училиштата, семејствата протерувани од нивните домови. Вториот чекор бил изолација. По наредба на Комесаријатот за еврејски прашања, Евреите морале во јавност да ја носат жолтата давидова ѕвезда. На тој начин, вековниот симбол на еврејскиот идентитет беше злоупотребен за да ги стигматизира Евреите како различни, туѓи и опасни. Третиот чекор бил дехуманизацијата, истакна Пендаровски.

Речиси сите Евреи од Скопје, Битола и Штип, посочи Пендаровски, од скопскиот Монопол биле депортирани во Треблинка каде што во гасни комори згаснаа животите на близу еден милион лица, меѓу нив и на македонските Евреи кои претставуваа 98 проценти од севкупната македонска еврејска популација и третина од вкупните македонски жртви во Втората светска војна.

Соочени со овие факти, обврзани сме да ги поставиме следниве прашања: дали ние, денешните генерации имаме право да смируваме нечија нечиста совест околу Холокаустот на македонските Евреи? Дали смееме да молчиме пред историскиот ревизионизам што ги рехабилитира злосторниците и ги слави виновниците? Дали треба да заборавиме со чии потписи македонските Евреи беа систематски лишувани од нивните граѓански, економски и човечки права и испратени во смрт, праша Пендаровски.

Тој побара извинување од Бугарија за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи.

И во хебрејскиот и во македонскиот јазик изворното значење на зборот правда, упатува на она што одговара на вистината. Правда значи да се препознае и именува вистината и таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи, потенцира Пендаровски.

Ова, додаде Пендаровски, е критично време кога бројот на преживеани сведоци на Холокаусот се намалува, а антисемитизмот се зголемува.

Нашите институции се должни да ги спроведат обврските што како држава ги имаме преземено на меѓународниот форум за Холокаустот во Малме.А тоа е преку наставната програма и задолжителната посета на Меморијалниот центар на Холокаустот да ги едуцираме учениците за вистината за овој геноцид и да ги заштитиме од опасниот вирус на антисемитизмот. Добитникот на Нобеловата награда за мир, Ели Визел, наречен совеста на светот, во една прилика рече: „Ако нешто може да го спаси човештвото, само меморијата може. За мене, надеж без меморија е налик на меморија без надеж“. Затоа, наша морална обврска е да се сеќаваме и да не забораваме, за да не дозволиме, никогаш повеќе силите на злото да добијат шанса да го повторат злосторството, порача претседателот Пендаровски.

The post Пендаровски: За да има помирување, Бугарија треба да се извини за депортацијата на македонските Евреи appeared first on Република.

]]>

Никаде во Европа, морбидниот концепт наречен „конечно решение на Еврејското прашање“ не бил поефикасно спроведен отколку во тогашната окупирана Македонија. И во хебрејскиот и во македонскиот јазик изворното значење на зборот правда, упатува на она што одговара на вистината. Правда значи да се препознае и именува вистината и таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи. Ова го порача претседателот Стево Пендаровски во обраќањето пред споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи - поранешен скопски Монопол кои токму од ова место пред 80 години во три конвои биле спроведени до железничката станица и депортирани во логорот Треблинка.
Меѓу шесте милиони Евреи кои настрадаа беа и нашите сонародници. Во нивната судбина можеме да ги препознаеме сите етапи на Холокаустот. Првиот чекор бил дискриминацијата. Фашистичкиот режим во тоа време во Софија го донел Законот за заштита на нацијата со кој македонските Евреи биле систематски дискриминирани. Лишени од државјанство и правна заштита, Евреите биле отпуштани од јавните служби, децата исфрлани од училиштата, семејствата протерувани од нивните домови. Вториот чекор бил изолација. По наредба на Комесаријатот за еврејски прашања, Евреите морале во јавност да ја носат жолтата давидова ѕвезда. На тој начин, вековниот симбол на еврејскиот идентитет беше злоупотребен за да ги стигматизира Евреите како различни, туѓи и опасни. Третиот чекор бил дехуманизацијата, истакна Пендаровски.
Речиси сите Евреи од Скопје, Битола и Штип, посочи Пендаровски, од скопскиот Монопол биле депортирани во Треблинка каде што во гасни комори згаснаа животите на близу еден милион лица, меѓу нив и на македонските Евреи кои претставуваа 98 проценти од севкупната македонска еврејска популација и третина од вкупните македонски жртви во Втората светска војна.
Соочени со овие факти, обврзани сме да ги поставиме следниве прашања: дали ние, денешните генерации имаме право да смируваме нечија нечиста совест околу Холокаустот на македонските Евреи? Дали смееме да молчиме пред историскиот ревизионизам што ги рехабилитира злосторниците и ги слави виновниците? Дали треба да заборавиме со чии потписи македонските Евреи беа систематски лишувани од нивните граѓански, економски и човечки права и испратени во смрт, праша Пендаровски.
Тој побара извинување од Бугарија за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи.
И во хебрејскиот и во македонскиот јазик изворното значење на зборот правда, упатува на она што одговара на вистината. Правда значи да се препознае и именува вистината и таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи, потенцира Пендаровски.
Ова, додаде Пендаровски, е критично време кога бројот на преживеани сведоци на Холокаусот се намалува, а антисемитизмот се зголемува.
Нашите институции се должни да ги спроведат обврските што како држава ги имаме преземено на меѓународниот форум за Холокаустот во Малме.А тоа е преку наставната програма и задолжителната посета на Меморијалниот центар на Холокаустот да ги едуцираме учениците за вистината за овој геноцид и да ги заштитиме од опасниот вирус на антисемитизмот. Добитникот на Нобеловата награда за мир, Ели Визел, наречен совеста на светот, во една прилика рече: „Ако нешто може да го спаси човештвото, само меморијата може. За мене, надеж без меморија е налик на меморија без надеж“. Затоа, наша морална обврска е да се сеќаваме и да не забораваме, за да не дозволиме, никогаш повеќе силите на злото да добијат шанса да го повторат злосторството, порача претседателот Пендаровски.

The post Пендаровски: За да има помирување, Бугарија треба да се извини за депортацијата на македонските Евреи appeared first on Република.

]]>
Македонија се сеќава: Осумдесет години од погромот и депортацијата на битолските Евреи од бугарскиот фашистички окупатор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-se-sekava-osumdeset-godini-od-pogromot-i-deportatsijata-na-bitolskite-evrei-od-bugarskiot-fashistichki-okupator/ Sat, 11 Mar 2023 08:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=618383

Големиот погром и прогон на битолските Евреи е извршен утрото на 11 март 1943 година кога во Треблинка беа депортирани 3.351 жители на градот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-klub-vo-bitola-e-smesten-vo-kukja-na-deportirani-evrei-germanska-novinarka-ja-otkri-surovata-vistina/

Според сочувани списоци депортирани се 973 семејства, меѓу кои едно семејство со 12 членови, две семејства со 11 членови, четири семејства со по 10 членови, четиринаесет семејства со девет членови во семејството... а најмногубројни биле семејствата со три или два членови кои пеш биле однесени до Железничката станица во Битола, каде што, со последниот претрес, им биле одземени златните прстени, часовници, бисери и друг накит.

таа депортација ја изврши царска Бугарија, Филов, Габровски и Белев… не бугарскиот народ. Тие беа окупатори и фашисти, а не администратори. Ниту еден од депортираните не преживеа.

Во последно време на Бугарија почнува се повеќе да и пречи и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија.

За релативно кратко време, во дел од медиумите во Софија, па и во Скопје се појавија текстови со кои во основа се доведува во прашање автентичноста на експонатите, посебно на железничкиот вагон, со што практично под знак прашалник се поставува и постоењето на самиот Центар, но и депортацијата на македонските Евреи и посебно улогата на бугарската окупациска власт во тој тргичен настан од Втората светска војна.

https://republika.mk/vesti/makedonija/na-bugarite-sega-im-prechi-i-memorijalniot-tsentar-na-holokaustot-problem-vidoa-i-vo-natpisite-na-vagonot-na-smrtta/

Во списокот на депортираните во Треблинка се и 129 ученици и 115 ученички, родени во иста година, сите депортирани во ист ден. Во Главните ученички книги од учебната 1942-1943 година што се чуваат во битолскиот Историски архив, на страницата на ученици Евреи, тогашните одделенски раководители напишале „Иселен на 11.03.1943 год.“, за како што нагласуваат хроничари, да се скрие насилството врз Евреите гимназијалци од Битола.

https://republika.mk/vesti/makedonija/brakjata-manaki-odigrale-kluchna-uloga-vo-registracija-na-bitolskite-evrei-koi-trebalo-da-bidat-deportirani/

Како што е познато, масовното населување на Евреи во Битола е регистрирано во 1497 година, а нивните огништа згаснаа со депортацијата на 11 март 1943 година.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-prakjajte-gi-evreite-vo-gasnite-komori-po-vtor-pat-otvorenoto-pismo-na-viktor-mizrahi-objaveno-na-ilinden/

The post Македонија се сеќава: Осумдесет години од погромот и депортацијата на битолските Евреи од бугарскиот фашистички окупатор appeared first on Република.

]]>

Големиот погром и прогон на битолските Евреи е извршен утрото на 11 март 1943 година кога во Треблинка беа депортирани 3.351 жители на градот. https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-klub-vo-bitola-e-smesten-vo-kukja-na-deportirani-evrei-germanska-novinarka-ja-otkri-surovata-vistina/ Според сочувани списоци депортирани се 973 семејства, меѓу кои едно семејство со 12 членови, две семејства со 11 членови, четири семејства со по 10 членови, четиринаесет семејства со девет членови во семејството... а најмногубројни биле семејствата со три или два членови кои пеш биле однесени до Железничката станица во Битола, каде што, со последниот претрес, им биле одземени златните прстени, часовници, бисери и друг накит. таа депортација ја изврши царска Бугарија, Филов, Габровски и Белев… не бугарскиот народ. Тие беа окупатори и фашисти, а не администратори. Ниту еден од депортираните не преживеа.
Во последно време на Бугарија почнува се повеќе да и пречи и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија. За релативно кратко време, во дел од медиумите во Софија, па и во Скопје се појавија текстови со кои во основа се доведува во прашање автентичноста на експонатите, посебно на железничкиот вагон, со што практично под знак прашалник се поставува и постоењето на самиот Центар, но и депортацијата на македонските Евреи и посебно улогата на бугарската окупациска власт во тој тргичен настан од Втората светска војна. https://republika.mk/vesti/makedonija/na-bugarite-sega-im-prechi-i-memorijalniot-tsentar-na-holokaustot-problem-vidoa-i-vo-natpisite-na-vagonot-na-smrtta/
Во списокот на депортираните во Треблинка се и 129 ученици и 115 ученички, родени во иста година, сите депортирани во ист ден. Во Главните ученички книги од учебната 1942-1943 година што се чуваат во битолскиот Историски архив, на страницата на ученици Евреи, тогашните одделенски раководители напишале „Иселен на 11.03.1943 год.“, за како што нагласуваат хроничари, да се скрие насилството врз Евреите гимназијалци од Битола. https://republika.mk/vesti/makedonija/brakjata-manaki-odigrale-kluchna-uloga-vo-registracija-na-bitolskite-evrei-koi-trebalo-da-bidat-deportirani/ Како што е познато, масовното населување на Евреи во Битола е регистрирано во 1497 година, а нивните огништа згаснаа со депортацијата на 11 март 1943 година. https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-prakjajte-gi-evreite-vo-gasnite-komori-po-vtor-pat-otvorenoto-pismo-na-viktor-mizrahi-objaveno-na-ilinden/

The post Македонија се сеќава: Осумдесет години од погромот и депортацијата на битолските Евреи од бугарскиот фашистички окупатор appeared first on Република.

]]>
Зеленски повика да се реши проблемот со депортациите во Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-povika-da-se-reshi-problemot-so-deportatsiite-vo-rusija/ Thu, 26 Jan 2023 07:44:28 +0000 https://republika.mk/?p=601134

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика висок функционер на Обединетите нации (ОН) да помогне да се најде начин да се реши, како што велат украинските власти, сериозна последица од 11-месечната војна – депортацијата на илјадници возрасни и деца во Русија.

Украина со месеци ги осудува извештаите за масовни депортации во Русија, често во региони на илјадници километри од Украина. Русија негира какви било сугестии за малтретирање или криминални намери, опишувајќи ги масовните движења како евакуација.

„Дискусијата пред сè се фокусираше на нашите луѓе кои беа депортирани во Русија од окупаторите“, рече Зеленски во видео-обраќањето во текот на ноќта, осврнувајќи се на разговорите со високиот комесаријат на ОН за бегалци Филип Гранди претходно во средата.

„Потребен е механизам за да се заштитат и да се вратат луѓето и да се изведат пред лицето на правдата сите оние кои се виновни за депортации. Сигурен сум дека институциите на ОН можат да покажат лидерство во решавањето на овој проблем“, додаде тој.

Зеленски ја опиша руската политика на затворање и принудување бегалци да земат руско државјанство како геноцид.

Украинскиот министер за надворешни работи го осуди „државно организираното одземање деца“.

Гранди, кој ја заврши турнејата во шест градови низ Украина, рече дека е особено трогнат од последиците од ракетниот напад во кој загинаа 46 луѓе во централниот град Дњепар минатата недела.

„Сум бил сведок на војна на многу места. Но, кога ќе ги видам тие станови кои се поделени на два дела… Кога ќе дознаам дека во еден удар загинале луѓе, меѓу кои и шест деца под урнатините, имам малку што да кажам“, рече тој во видеото објавено на Твитер профилот на УНХЦР.

Зеленски ги критикуваше како неефикасни напорите на другите меѓународни организации за решавање на проблемот со депортациите, вклучително и Меѓународниот комитет на Црвениот крст и 57-члената Организација за безбедност и соработка во Европа.

Официјалниот украински портал „Деца на војната“ (Children of War) наведува дека досега во конфликтот од 26 јануари се убиени 459 деца, а 916 се ранети. Исто така се наведува дека 14.711 деца биле депортирани, а 126 се вратени.

Украинските застапници за човекови права зборуваат за можна депортација на стотици илјади граѓани.

Стејт департментот на САД наведе бројка меѓу 900.000 и 1,6 милиони депортирани Украинци, вклучувајќи 260.000 деца.

Извор: МИА

The post Зеленски повика да се реши проблемот со депортациите во Русија appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика висок функционер на Обединетите нации (ОН) да помогне да се најде начин да се реши, како што велат украинските власти, сериозна последица од 11-месечната војна – депортацијата на илјадници возрасни и деца во Русија. Украина со месеци ги осудува извештаите за масовни депортации во Русија, често во региони на илјадници километри од Украина. Русија негира какви било сугестии за малтретирање или криминални намери, опишувајќи ги масовните движења како евакуација.
„Дискусијата пред сè се фокусираше на нашите луѓе кои беа депортирани во Русија од окупаторите“, рече Зеленски во видео-обраќањето во текот на ноќта, осврнувајќи се на разговорите со високиот комесаријат на ОН за бегалци Филип Гранди претходно во средата.
„Потребен е механизам за да се заштитат и да се вратат луѓето и да се изведат пред лицето на правдата сите оние кои се виновни за депортации. Сигурен сум дека институциите на ОН можат да покажат лидерство во решавањето на овој проблем“, додаде тој. Зеленски ја опиша руската политика на затворање и принудување бегалци да земат руско државјанство како геноцид. Украинскиот министер за надворешни работи го осуди „државно организираното одземање деца“. Гранди, кој ја заврши турнејата во шест градови низ Украина, рече дека е особено трогнат од последиците од ракетниот напад во кој загинаа 46 луѓе во централниот град Дњепар минатата недела.
„Сум бил сведок на војна на многу места. Но, кога ќе ги видам тие станови кои се поделени на два дела… Кога ќе дознаам дека во еден удар загинале луѓе, меѓу кои и шест деца под урнатините, имам малку што да кажам“, рече тој во видеото објавено на Твитер профилот на УНХЦР.
Зеленски ги критикуваше како неефикасни напорите на другите меѓународни организации за решавање на проблемот со депортациите, вклучително и Меѓународниот комитет на Црвениот крст и 57-члената Организација за безбедност и соработка во Европа. Официјалниот украински портал „Деца на војната“ (Children of War) наведува дека досега во конфликтот од 26 јануари се убиени 459 деца, а 916 се ранети. Исто така се наведува дека 14.711 деца биле депортирани, а 126 се вратени. Украинските застапници за човекови права зборуваат за можна депортација на стотици илјади граѓани. Стејт департментот на САД наведе бројка меѓу 900.000 и 1,6 милиони депортирани Украинци, вклучувајќи 260.000 деца.
Извор: МИА

The post Зеленски повика да се реши проблемот со депортациите во Русија appeared first on Република.

]]>
Oдбележани 79 години од депортацијата на македонските Евреи во Tреблинка https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/odbelezani-79-godini-od-deportacijata-na-makedonskite-evrei-vo-treblinka/ Fri, 11 Mar 2022 17:18:41 +0000 https://republika.mk/?p=471440

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, организираше прием за претставници од Еврејската заедница по повод одбележување 79 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во 1943 година во нацистичкиот логор на смртта, Треблинка.

На приемот присуствуваа и амбасадорката на Израел во Македонија, Н.Е. Симона Франкел и претседателот на Еврејската заедница во РМ, Пепо Леви.

Амбасадорката на Израел, Н.Е. Симона Франкел и претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, изразија благодарност до градоначалничката Арсовска, за почитта што секоја година Градот Скопје му ја оддава на еврејскиот народ одбележувајќи го овој датум, за да се запамети и никогаш да не се заборави.

The post Oдбележани 79 години од депортацијата на македонските Евреи во Tреблинка appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, организираше прием за претставници од Еврејската заедница по повод одбележување 79 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во 1943 година во нацистичкиот логор на смртта, Треблинка. На приемот присуствуваа и амбасадорката на Израел во Македонија, Н.Е. Симона Франкел и претседателот на Еврејската заедница во РМ, Пепо Леви. Амбасадорката на Израел, Н.Е. Симона Франкел и претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, изразија благодарност до градоначалничката Арсовска, за почитта што секоја година Градот Скопје му ја оддава на еврејскиот народ одбележувајќи го овој датум, за да се запамети и никогаш да не се заборави.

The post Oдбележани 79 години од депортацијата на македонските Евреи во Tреблинка appeared first on Република.

]]>
Пандемијата многу ги намали депортациите од Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pandemijata-mnogu-gi-namali-deportaciite-od-germanija/ Wed, 09 Feb 2022 08:35:15 +0000 https://republika.mk/?p=455977

Германија депортирала многу помалку луѓе во 2021 година отколку во периодот пред пандемијата на корона вирусот. Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека минатата година имало 11.982 депортации.

Во 2020 година, кога имаше посилни меѓународни ограничувања за патување, германските власти извршиле 10.800 депортации.

За споредба, во 2019 година имало околу 22.100 депортации од Германија.

Најмногу депортации минатата година по воздушен пат имало во Грузија и Албанија, кога 1.116 и 908 лица биле вратени назад.

Во 470 случаи, сириски државјани кои незаконски престојуваат во Германија биле депортирани, но не во Сирија.

Минатата година имало околу 400 депортации на луѓе од Турција или Косово.

The post Пандемијата многу ги намали депортациите од Германија appeared first on Република.

]]>

Германија депортирала многу помалку луѓе во 2021 година отколку во периодот пред пандемијата на корона вирусот. Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека минатата година имало 11.982 депортации. Во 2020 година, кога имаше посилни меѓународни ограничувања за патување, германските власти извршиле 10.800 депортации. За споредба, во 2019 година имало околу 22.100 депортации од Германија. Најмногу депортации минатата година по воздушен пат имало во Грузија и Албанија, кога 1.116 и 908 лица биле вратени назад. Во 470 случаи, сириски државјани кои незаконски престојуваат во Германија биле депортирани, но не во Сирија. Минатата година имало околу 400 депортации на луѓе од Турција или Косово.

The post Пандемијата многу ги намали депортациите од Германија appeared first on Република.

]]>
Сојузниот суд во Австралија ја откри главната причина за депортацијата на Ѓоковиќ https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/sojuzniot-sud-vo-avstralija-ja-otkri-glavnata-prichina-za-deportacijata-na-gjokovikj/ Thu, 20 Jan 2022 08:21:49 +0000 https://republika.mk/?p=446933

Сојузниот суд на Австралија јавно ги достави сите детали од донесената пресуда за случајот „Новак Ѓоковиќ“, а во документот кој содржи точно 106 точки, се наведуваат сите сомнителни потези на светскиот рекет број еден во обидот да добие краткорочна виза за престој во Мелбурн за време на Австралија Опен.

Новак ја доби првата битка на Федералниот суд и направи поништената виза да му биде вратена, но по 11 дена минати во Австралија, на крајот беше депортиран откако Сојузниот суд по вторпат му го одзема правото да биде слободен граѓанин во државата Викторија.

Во објавената пресуда се образложени сите дејствија на Ѓоковиќ со царинската полиција и неговите контроверзни активности при добиениот позитивен ПЦР тест на 16-ти декември, а од тоа што е прикажано во документацијата, слободно може да се заклучи дека Новак на крајот е депортиран поради неговот појавување во јавноста со позитивен тест.

Министерот за имиграција Алекс Хок во својот извештај наведе дека тоа е лош пример за граѓаните во Австралија и може да донесе контра-ефект, а ваквиот став на министерот беше усвоен од сојузниот Суд.

Во прикажаните документи за да добие виза и медицинско ослободување, Новак навел дека бил позитивен на Ковид 19 на 16-ти декември, но еден ден подоцна делел трофеи во Белград, а наредниот одработил интервју со „Л’Екип“ иако знаел дека има позитивен ПЦР тест. Оваа ставка се споменува како пресудна за депортацијата на светскиот рекет број еден, кој на крајот остана без шанса да ја брани освоената титула на својот омилен грен слем турнир.

The post Сојузниот суд во Австралија ја откри главната причина за депортацијата на Ѓоковиќ appeared first on Република.

]]>

Сојузниот суд на Австралија јавно ги достави сите детали од донесената пресуда за случајот „Новак Ѓоковиќ“, а во документот кој содржи точно 106 точки, се наведуваат сите сомнителни потези на светскиот рекет број еден во обидот да добие краткорочна виза за престој во Мелбурн за време на Австралија Опен. Новак ја доби првата битка на Федералниот суд и направи поништената виза да му биде вратена, но по 11 дена минати во Австралија, на крајот беше депортиран откако Сојузниот суд по вторпат му го одзема правото да биде слободен граѓанин во државата Викторија. Во објавената пресуда се образложени сите дејствија на Ѓоковиќ со царинската полиција и неговите контроверзни активности при добиениот позитивен ПЦР тест на 16-ти декември, а од тоа што е прикажано во документацијата, слободно може да се заклучи дека Новак на крајот е депортиран поради неговот појавување во јавноста со позитивен тест. Министерот за имиграција Алекс Хок во својот извештај наведе дека тоа е лош пример за граѓаните во Австралија и може да донесе контра-ефект, а ваквиот став на министерот беше усвоен од сојузниот Суд. Во прикажаните документи за да добие виза и медицинско ослободување, Новак навел дека бил позитивен на Ковид 19 на 16-ти декември, но еден ден подоцна делел трофеи во Белград, а наредниот одработил интервју со „Л’Екип“ иако знаел дека има позитивен ПЦР тест. Оваа ставка се споменува како пресудна за депортацијата на светскиот рекет број еден, кој на крајот остана без шанса да ја брани освоената титула на својот омилен грен слем турнир.

The post Сојузниот суд во Австралија ја откри главната причина за депортацијата на Ѓоковиќ appeared first on Република.

]]>
Ѓоковиќ го напушта Мелбурн со полициска придружба https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gjokovikj-go-napushta-melburn-so-policiska-pridruzba/ Sun, 16 Jan 2022 11:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=445244

Новак Ѓоковиќ со полициска придружба се наоѓа на аеродромот во Мелбурн и наскоро ја напушта Австралија.

Со лет преку Дубаи, Ѓоковиќ за околу еден час заминува од државата. Највено беше дека депортацијата ќе биде спроведена многу брзо откако судот ја одби жалбата на адвокатскиот тим
на тенисерот, а тој најави дека веќе нема да поднесува други жалби.

 

 

The post Ѓоковиќ го напушта Мелбурн со полициска придружба appeared first on Република.

]]>

Новак Ѓоковиќ со полициска придружба се наоѓа на аеродромот во Мелбурн и наскоро ја напушта Австралија. Со лет преку Дубаи, Ѓоковиќ за околу еден час заминува од државата. Највено беше дека депортацијата ќе биде спроведена многу брзо откако судот ја одби жалбата на адвокатскиот тим на тенисерот, а тој најави дека веќе нема да поднесува други жалби.    

The post Ѓоковиќ го напушта Мелбурн со полициска придружба appeared first on Република.

]]>
Сакаат да го понижат до крај: Новак ќе го депортираат на терен пред првиот меч? https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/sakaat-da-go-ponizat-do-kraj-novak-kje-go-deportiraat-na-teren-pred-prviot-mech/ Fri, 14 Jan 2022 10:12:32 +0000 https://republika.mk/?p=444490

Почна сослушувањето на Новак Ѓоковиќ откако денеска австралиските власти му ја поништија визата и тој мора да го напушти континентот.

Но, тоа нема да оди брзо бидејќи адвокатите на тенисерот вложија жалба. Според српските медиуми планот е Австралија целосно да го понижи и да го депортира пред првиот меч или можеби додека Ноле настапува во првото коло.

The post Сакаат да го понижат до крај: Новак ќе го депортираат на терен пред првиот меч? appeared first on Република.

]]>

Почна сослушувањето на Новак Ѓоковиќ откако денеска австралиските власти му ја поништија визата и тој мора да го напушти континентот. Но, тоа нема да оди брзо бидејќи адвокатите на тенисерот вложија жалба. Според српските медиуми планот е Австралија целосно да го понижи и да го депортира пред првиот меч или можеби додека Ноле настапува во првото коло.

The post Сакаат да го понижат до крај: Новак ќе го депортираат на терен пред првиот меч? appeared first on Република.

]]>