депортација на македонските Евреи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/deportacija-na-makedonskite-evrei/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Mar 2023 10:28:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png депортација на македонските Евреи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/deportacija-na-makedonskite-evrei/ 32 32 Пендаровски останува на ставот за депортацијата на македонските Евреи од страна на Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ostanuva-na-stavot-za-deportatsijata-na-makedonskite-evrei-od-strana-na-bugarija/ Mon, 13 Mar 2023 13:35:48 +0000 https://republika.mk/?p=619191

Шефот на државата Стево Пендаровски нема намера да коментира или пак да се извинува за изјавата дека „Бугарија треба да се извини за депортацијата на македонските Евреи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-odgovara-bugarski-aktivist-mu-se-zakani-na-pendarovski/

 

„Сметаме дека од наша страна нема потреба за дополнителна изјава затоа што претседателот Пендаровски ги искажа јасно своите ставови во обраќањето вчера. Впрочем и гостите кои беа на комеморативниот настан за одбележување 80 години од холокаустот на македонските Евреи, меѓу кои и од Светскиот Еврејски Конгрес, Европскиот Еврејски Конгрес, Еврејската заедница во Република Македонија и „Симон Визентал“ центарот од Виена ги потврдија наводите изнесени во обраќањето на претседателот“, соопштија од Кабинетот на претседателот.

The post Пендаровски останува на ставот за депортацијата на македонските Евреи од страна на Бугарија appeared first on Република.

]]>

Шефот на државата Стево Пендаровски нема намера да коментира или пак да се извинува за изјавата дека „Бугарија треба да се извини за депортацијата на македонските Евреи. https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-odgovara-bugarski-aktivist-mu-se-zakani-na-pendarovski/  
„Сметаме дека од наша страна нема потреба за дополнителна изјава затоа што претседателот Пендаровски ги искажа јасно своите ставови во обраќањето вчера. Впрочем и гостите кои беа на комеморативниот настан за одбележување 80 години од холокаустот на македонските Евреи, меѓу кои и од Светскиот Еврејски Конгрес, Европскиот Еврејски Конгрес, Еврејската заедница во Република Македонија и „Симон Визентал“ центарот од Виена ги потврдија наводите изнесени во обраќањето на претседателот“, соопштија од Кабинетот на претседателот.

The post Пендаровски останува на ставот за депортацијата на македонските Евреи од страна на Бугарија appeared first on Република.

]]>
Македонија се сеќава: Осумдесет години од погромот и депортацијата на битолските Евреи од бугарскиот фашистички окупатор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-se-sekava-osumdeset-godini-od-pogromot-i-deportatsijata-na-bitolskite-evrei-od-bugarskiot-fashistichki-okupator/ Sat, 11 Mar 2023 08:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=618383

Големиот погром и прогон на битолските Евреи е извршен утрото на 11 март 1943 година кога во Треблинка беа депортирани 3.351 жители на градот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-klub-vo-bitola-e-smesten-vo-kukja-na-deportirani-evrei-germanska-novinarka-ja-otkri-surovata-vistina/

Според сочувани списоци депортирани се 973 семејства, меѓу кои едно семејство со 12 членови, две семејства со 11 членови, четири семејства со по 10 членови, четиринаесет семејства со девет членови во семејството... а најмногубројни биле семејствата со три или два членови кои пеш биле однесени до Железничката станица во Битола, каде што, со последниот претрес, им биле одземени златните прстени, часовници, бисери и друг накит.

таа депортација ја изврши царска Бугарија, Филов, Габровски и Белев… не бугарскиот народ. Тие беа окупатори и фашисти, а не администратори. Ниту еден од депортираните не преживеа.

Во последно време на Бугарија почнува се повеќе да и пречи и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија.

За релативно кратко време, во дел од медиумите во Софија, па и во Скопје се појавија текстови со кои во основа се доведува во прашање автентичноста на експонатите, посебно на железничкиот вагон, со што практично под знак прашалник се поставува и постоењето на самиот Центар, но и депортацијата на македонските Евреи и посебно улогата на бугарската окупациска власт во тој тргичен настан од Втората светска војна.

https://republika.mk/vesti/makedonija/na-bugarite-sega-im-prechi-i-memorijalniot-tsentar-na-holokaustot-problem-vidoa-i-vo-natpisite-na-vagonot-na-smrtta/

Во списокот на депортираните во Треблинка се и 129 ученици и 115 ученички, родени во иста година, сите депортирани во ист ден. Во Главните ученички книги од учебната 1942-1943 година што се чуваат во битолскиот Историски архив, на страницата на ученици Евреи, тогашните одделенски раководители напишале „Иселен на 11.03.1943 год.“, за како што нагласуваат хроничари, да се скрие насилството врз Евреите гимназијалци од Битола.

https://republika.mk/vesti/makedonija/brakjata-manaki-odigrale-kluchna-uloga-vo-registracija-na-bitolskite-evrei-koi-trebalo-da-bidat-deportirani/

Како што е познато, масовното населување на Евреи во Битола е регистрирано во 1497 година, а нивните огништа згаснаа со депортацијата на 11 март 1943 година.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-prakjajte-gi-evreite-vo-gasnite-komori-po-vtor-pat-otvorenoto-pismo-na-viktor-mizrahi-objaveno-na-ilinden/

The post Македонија се сеќава: Осумдесет години од погромот и депортацијата на битолските Евреи од бугарскиот фашистички окупатор appeared first on Република.

]]>

Големиот погром и прогон на битолските Евреи е извршен утрото на 11 март 1943 година кога во Треблинка беа депортирани 3.351 жители на градот. https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-klub-vo-bitola-e-smesten-vo-kukja-na-deportirani-evrei-germanska-novinarka-ja-otkri-surovata-vistina/ Според сочувани списоци депортирани се 973 семејства, меѓу кои едно семејство со 12 членови, две семејства со 11 членови, четири семејства со по 10 членови, четиринаесет семејства со девет членови во семејството... а најмногубројни биле семејствата со три или два членови кои пеш биле однесени до Железничката станица во Битола, каде што, со последниот претрес, им биле одземени златните прстени, часовници, бисери и друг накит. таа депортација ја изврши царска Бугарија, Филов, Габровски и Белев… не бугарскиот народ. Тие беа окупатори и фашисти, а не администратори. Ниту еден од депортираните не преживеа.
Во последно време на Бугарија почнува се повеќе да и пречи и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија. За релативно кратко време, во дел од медиумите во Софија, па и во Скопје се појавија текстови со кои во основа се доведува во прашање автентичноста на експонатите, посебно на железничкиот вагон, со што практично под знак прашалник се поставува и постоењето на самиот Центар, но и депортацијата на македонските Евреи и посебно улогата на бугарската окупациска власт во тој тргичен настан од Втората светска војна. https://republika.mk/vesti/makedonija/na-bugarite-sega-im-prechi-i-memorijalniot-tsentar-na-holokaustot-problem-vidoa-i-vo-natpisite-na-vagonot-na-smrtta/
Во списокот на депортираните во Треблинка се и 129 ученици и 115 ученички, родени во иста година, сите депортирани во ист ден. Во Главните ученички книги од учебната 1942-1943 година што се чуваат во битолскиот Историски архив, на страницата на ученици Евреи, тогашните одделенски раководители напишале „Иселен на 11.03.1943 год.“, за како што нагласуваат хроничари, да се скрие насилството врз Евреите гимназијалци од Битола. https://republika.mk/vesti/makedonija/brakjata-manaki-odigrale-kluchna-uloga-vo-registracija-na-bitolskite-evrei-koi-trebalo-da-bidat-deportirani/ Како што е познато, масовното населување на Евреи во Битола е регистрирано во 1497 година, а нивните огништа згаснаа со депортацијата на 11 март 1943 година. https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-prakjajte-gi-evreite-vo-gasnite-komori-po-vtor-pat-otvorenoto-pismo-na-viktor-mizrahi-objaveno-na-ilinden/

The post Македонија се сеќава: Осумдесет години од погромот и депортацијата на битолските Евреи од бугарскиот фашистички окупатор appeared first on Република.

]]>
Евреите од Македонија прашуваат: До кога Владата ќе го толерира бугарскиот фашизам, што е следно, здружение „Адолф Хитлер“?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/evreite-od-makedonija-prashuvaat-do-koga-vladata-kje-go-tolerira-bugarskiot-fashizam-shto-e-sledno-zdruzenie-adolf-hitler/ Thu, 11 Aug 2022 19:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=539271

Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и навредени од регистрaцијата на Здружението Цар Борис III Охрид и од леснотијата со која во нашата држава се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза.

Очигледно е дека зачестија регистрации на здруженија со бугарска самосвест кои носат називи на докажани соработници на нацистичка Германија. Тоа е свесна провокација и навреда за Еврејската заедница, навреда за македонската држaва и за нејзините граѓани... или некој можеби мисли поинаку, дека на овој начин, со промоција и величење на фашизмот и нацизмот, се зајакнуваат добрососедските односи?!

Името цар Борис III е поврзано со прогонот и уништувањето на Евреите од окупираните територии од страна на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна. Да потсетиме, цар Борис III и владата на Царска Бугарија се директни виновници за депортацијата на повеќе од 11.300 Евреи од окупираните територии во Македонија, Грција и Србија, од кои 7.144 се Евреи од Македонија, во центарот за убивање Треблика, во окупирана Полска. Цар Борис III на 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија „Eден цар, еден народ, една држава“ и е докажан заговорник за спроведување на таканараченото „Конечно решение на еврејското прашање“.

Ова е еклатантен пример на негирање и искривоколчување на холокаустот, на исмевање и навреда за Евреите.

На 18.04.2022 година во нашата реакција за отворањето на културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола повикавме „Да се поведе постапка околу правната издржаност културни и други центри, граѓански здруженија и сл. да носат имиња на потврдени фашисти и докажани соработници на нацистите“.

Што треба да очекуваме да се случи следно? Регистрација на здруженија што го носат името на Александар Белев – комесар за еврејски прашања, Петар Габровски – министер за внатрешни работи и јавно здравје, Богдан Филов – премиер на Царска Бугарија, или можеби на Адолф Хитлер?

Несфатлива е рамнодушноста на надлежните органи во прилики кога одредени поединци на најгруб начин ја искривуваат историјата и газат по достоинството на Евреите и на сите граѓани на Македонија.

Кои се тие лојални граѓани на Македонија кои сеат омраза и глорифицираат антисемити, фашисти и нацисти основајќи вакви и слични „културни здруженија“?

Почитувани претставници на Владата, до каде е спроведувањето на двете заложби на државата преземени во Малме на Меѓународниот форум за сеќавање на холокаустот и борбата против антисемитизмот „Remember - React”, 12-14.10.2021 год., а поврзани со Заклучоците на Владата на Р Македонија од 14 септември 2021 година: 1. проширување на наставната програма за борба против антисемитизмот и негирање на холокаустот за учениците од 8. и 9. одделение; 2. задолжителна посета на Меморијалниот центар на холокаустот за учениците од основното и од средното образование?

Тоа е вистинскиот пат и начин како да се сузбие говорот на омраза и да се оневозможи искривување на историјата.

Нашата држава може и мора да застане на патот на сè позачестените појави на регистрирање вакви здруженија, кои со своите провокации и навреди шират говор на омраза и остануваат неказнети под превезот на слобода на говорот или добрососедство. Тоа е класичен пример за искривување на историските факти и величење на фашизмот и нацизмот. Чин што не е во духот на мултикултурализмот во нашата држава и не е во духот на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија.

The post Евреите од Македонија прашуваат: До кога Владата ќе го толерира бугарскиот фашизам, што е следно, здружение „Адолф Хитлер“?! appeared first on Република.

]]>

Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и навредени од регистрaцијата на Здружението Цар Борис III Охрид и од леснотијата со која во нашата држава се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза. Очигледно е дека зачестија регистрации на здруженија со бугарска самосвест кои носат називи на докажани соработници на нацистичка Германија. Тоа е свесна провокација и навреда за Еврејската заедница, навреда за македонската држaва и за нејзините граѓани... или некој можеби мисли поинаку, дека на овој начин, со промоција и величење на фашизмот и нацизмот, се зајакнуваат добрососедските односи?! Името цар Борис III е поврзано со прогонот и уништувањето на Евреите од окупираните територии од страна на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна. Да потсетиме, цар Борис III и владата на Царска Бугарија се директни виновници за депортацијата на повеќе од 11.300 Евреи од окупираните територии во Македонија, Грција и Србија, од кои 7.144 се Евреи од Македонија, во центарот за убивање Треблика, во окупирана Полска. Цар Борис III на 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија „Eден цар, еден народ, една држава“ и е докажан заговорник за спроведување на таканараченото „Конечно решение на еврејското прашање“. Ова е еклатантен пример на негирање и искривоколчување на холокаустот, на исмевање и навреда за Евреите. На 18.04.2022 година во нашата реакција за отворањето на културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола повикавме „Да се поведе постапка околу правната издржаност културни и други центри, граѓански здруженија и сл. да носат имиња на потврдени фашисти и докажани соработници на нацистите“. Што треба да очекуваме да се случи следно? Регистрација на здруженија што го носат името на Александар Белев – комесар за еврејски прашања, Петар Габровски – министер за внатрешни работи и јавно здравје, Богдан Филов – премиер на Царска Бугарија, или можеби на Адолф Хитлер? Несфатлива е рамнодушноста на надлежните органи во прилики кога одредени поединци на најгруб начин ја искривуваат историјата и газат по достоинството на Евреите и на сите граѓани на Македонија. Кои се тие лојални граѓани на Македонија кои сеат омраза и глорифицираат антисемити, фашисти и нацисти основајќи вакви и слични „културни здруженија“? Почитувани претставници на Владата, до каде е спроведувањето на двете заложби на државата преземени во Малме на Меѓународниот форум за сеќавање на холокаустот и борбата против антисемитизмот „Remember - React”, 12-14.10.2021 год., а поврзани со Заклучоците на Владата на Р Македонија од 14 септември 2021 година: 1. проширување на наставната програма за борба против антисемитизмот и негирање на холокаустот за учениците од 8. и 9. одделение; 2. задолжителна посета на Меморијалниот центар на холокаустот за учениците од основното и од средното образование? Тоа е вистинскиот пат и начин како да се сузбие говорот на омраза и да се оневозможи искривување на историјата. Нашата држава може и мора да застане на патот на сè позачестените појави на регистрирање вакви здруженија, кои со своите провокации и навреди шират говор на омраза и остануваат неказнети под превезот на слобода на говорот или добрососедство. Тоа е класичен пример за искривување на историските факти и величење на фашизмот и нацизмот. Чин што не е во духот на мултикултурализмот во нашата држава и не е во духот на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија.

The post Евреите од Македонија прашуваат: До кога Владата ќе го толерира бугарскиот фашизам, што е следно, здружение „Адолф Хитлер“?! appeared first on Република.

]]>