депонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/deponija/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 08:34:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png депонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/deponija/ 32 32 Масовна тепачка на депонија во Гевгелија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/masovna-tepachka-na-deponija-vo-gevgelija/ Tue, 12 Nov 2024 08:34:02 +0000 https://republika.mk/?p=836583

Полициски службеници од СВР Струмица во неделата во Гевгелија лишиле од слобода малолетник од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на градската депонија во Гевгелија, тој со метален предмет му нанел повреда на М.А.(27) од Кавадарци, со престој во Гевгелија.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

The post Масовна тепачка на депонија во Гевгелија appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Струмица во неделата во Гевгелија лишиле од слобода малолетник од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на градската депонија во Гевгелија, тој со метален предмет му нанел повреда на М.А.(27) од Кавадарци, со престој во Гевгелија. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.  

The post Масовна тепачка на депонија во Гевгелија appeared first on Република.

]]>
Дополнителни 400.000 eвра за чистење на депонијата во ОХИС обезбедени од Владата и https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dopolnitelni-400-000-evra-za-chistene-na-deponijata-vo-ohis-obezbedeni-od-vladata-i/ Wed, 23 Oct 2024 10:29:55 +0000 https://republika.mk/?p=830093

Владата на вчерашната седница донесе Одлука, Министерството за животна средина и просторно планирање да ги префрли средствата наменети за чистење на контаминираната локација во ОХИС на сметката на Мулти-партнерскиот фонд за животна средина, во висина од 24 453 000 денари.

Со ова, нашата држава ги исполнува обврските за обезбедување средства на годишно ниво, согласно одлуката на Владата од 2013, на која се обврза дека со постепено одвојување средства ќе го поддржи елиминирањето ка контаминираниот материјал од кругот на ОХИС, наведува МЖСПП.

Според Министерството, Мулти-партнерскиот фонд за животна средина е формиран од Владата за да се мобилизираат средства од повеќе извори за решавање на долгогодишниот проблем со историскиот отпад во кругот на ОХИС. За администрирање со средствата од овој фонд е задолжен УНОПС како имплементациона агенција која исто така има обврска да мобилизира дополнителни средства за комплетна ремедијација на малата депонија и изнаоѓање решенија за големата депонија, што е наведено во договорот за формирање на фондот помеѓу Владата на Република Македонија и УНОПС.

Досега се транспортирани и уништени 1 932,35 тони високо концентриран HCH отпад и 586,37 тони почва контаминирана со HCH. Досега се спроведени активности за чистење на малата депонија распределени на ЛОТ 1, ЛОТ 2, ЛОТ 3 и ЛОТ 4, согласно процедурите од јавна набавка објавена од страна на УНИДО и УНОПС. Активностите на ЛОТ 1 започнаа во септември 2021 година, на ЛОТ 2 во јуни 2022 година, на ЛОТ 3 во јуни 2023 година и ЛОТ 4 во март 2024 година. Собраниот високо концентриран HCH отпад е транспортиран и уништен во погоните на Треди во Франција додека почвата контаминирана со HCH се транспортира во постројката Индавер во Германија, соопшти МЖСПП.

За реализација на активностите се изработени планови за ремедијација за секој поединечен ЛОТ, доставени од страна на компанијата „Polyeco“ од Р. Грција, компанија кoja е избрана од страна на УНИДО и УНОПС преку постапка за јавна набавка. Според досегашните испитувања, треба да се отстранат уште 300 тона високо концентриран HCH отпад и 1 500 тони почва контаминирана со HCH изомери.

The post Дополнителни 400.000 eвра за чистење на депонијата во ОХИС обезбедени од Владата и appeared first on Република.

Бутелчанец и Косовар направиле голема дива депонија и ја палеле https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/butelchanets-i-kosovar-napravile-golema-diva-deponija-i-ja-palele/ Thu, 17 Oct 2024 08:05:20 +0000 https://republika.mk/?p=827874

Инспекторите за животна средина на Град Скопје денеска затекнаа и евидентираа лица во тек на исфрлање големи количини отпад, креирање дива депонија на приватен имот и нејзино палење, на територијата на општина Бутел, каде е затекнато огромна количина на отпад од метал, пластика и градежен шут, информираат од Град Скопје.

Оттаму велат дека за извршено кривично дело од страна на лицата С.М жител на општина Бутел и М.Д. државјанин на Косово, согласно членот 218 на Кривичниот законик, ќе поднесе кривична пријава за предизвикување значително оштетување на квалитетот на воздухот, водата и почвата, односно опасност за животот и здравјето на луѓето, дело казниво со затвор од четири до десет години.

На територијата на Скопје има вкупно 14 институции кои што во вакви ситуации имаат надлежност и обврска да постапуваат. Но, се досега единствено градот Скопје реагира, додека останатите не постапуваат иако за истото имаат законска обврска. За време на викендот инспекторите за животна средина на градот Скопје и комуналните инспектори имаат санкционирано со изречени казни над 20 сторители, се вели во денешното соопштение.

Од Градот Скопје потсетуваат дека годинава поднеле повеќе кривични пријави за исфрлање на опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад како случајот во општина Бутел каде затекнати лица истураа неколку тони отпад меѓу кои и опасен канцероген отпад во зелен појас со што се нагрдува градот и доведува во опасност на животот и здравјето на скопјани.

Апелираат до Владата на овој проблем да му пристапи сериозно, да реагира на пријавите на градот Скопје за поажурно контролирање на нелегалното исфрлање на отпад низ градот што е казниво и според Кривичниот законик, но и едновремено да ги ангажира и останатите надлежни институции, да започнат да постапуваат за детекција и санкционирање на сторителите.

The post Бутелчанец и Косовар направиле голема дива депонија и ја палеле appeared first on Република.

]]>

Инспекторите за животна средина на Град Скопје денеска затекнаа и евидентираа лица во тек на исфрлање големи количини отпад, креирање дива депонија на приватен имот и нејзино палење, на територијата на општина Бутел, каде е затекнато огромна количина на отпад од метал, пластика и градежен шут, информираат од Град Скопје. Оттаму велат дека за извршено кривично дело од страна на лицата С.М жител на општина Бутел и М.Д. државјанин на Косово, согласно членот 218 на Кривичниот законик, ќе поднесе кривична пријава за предизвикување значително оштетување на квалитетот на воздухот, водата и почвата, односно опасност за животот и здравјето на луѓето, дело казниво со затвор од четири до десет години.
На територијата на Скопје има вкупно 14 институции кои што во вакви ситуации имаат надлежност и обврска да постапуваат. Но, се досега единствено градот Скопје реагира, додека останатите не постапуваат иако за истото имаат законска обврска. За време на викендот инспекторите за животна средина на градот Скопје и комуналните инспектори имаат санкционирано со изречени казни над 20 сторители, се вели во денешното соопштение.
Од Градот Скопје потсетуваат дека годинава поднеле повеќе кривични пријави за исфрлање на опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад како случајот во општина Бутел каде затекнати лица истураа неколку тони отпад меѓу кои и опасен канцероген отпад во зелен појас со што се нагрдува градот и доведува во опасност на животот и здравјето на скопјани. Апелираат до Владата на овој проблем да му пристапи сериозно, да реагира на пријавите на градот Скопје за поажурно контролирање на нелегалното исфрлање на отпад низ градот што е казниво и според Кривичниот законик, но и едновремено да ги ангажира и останатите надлежни институции, да започнат да постапуваат за детекција и санкционирање на сторителите.

The post Бутелчанец и Косовар направиле голема дива депонија и ја палеле appeared first on Република.

]]>
Инспектори го фатија на дело како исфрла големи количини отпад во Карпош https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/inspektori-go-fatija-na-delo-kako-isfrla-golemi-kolichini-otpad-vo-karposh/ Sun, 13 Oct 2024 16:10:38 +0000 https://republika.mk/?p=826185

Инспектори за животна средина на Град Скопје, денеска, затекнале жител на Општина Бутел како исфрла големи количини отпад на територијата на општина Карпош кон Визбегово, соопштија од Град Скопје.

Во соопштението наведуваат дека против лицето З.М. ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување значително оштетување на квалитетот на воздухот, водата и почвата, односно опасност за животот и здравјето на луѓето, дело кое што е казниво со затвор од четири до десет години.

Инспекторите за животна средина на Град Скопје пред еден час затекнаа и евидентираа во тек на исфрлање големи количини отпад, правење дива депонија и нејзино палење на територијата на општина Карпош кон Визбегово. Град Скопје за извршено кривично дело од страна на лицeто З.М жител на општина Бутел, согласно членот 218 на Кривичниот законик, ќе поднесе кривична пријава за предизвикување значително оштетување на квалитетот на воздухот, водата и почвата, односно опасност за животот и здравјето на луѓето, дело казниво со затвор од четири до десет години, стои во соопштението.

Од Град Скопје велат дека на територијата на Скопје има вкупно 14 институции кои што имаат надлежност и обврска да постапуваат во вакви ситуации, нагласувајќи дека за време на викендот инспекторите за животна средина на Град Скопје, како и комуналните инспектори имаат санкционирано над 20 сторители.

Досега единствено Град Скопје реагира, додека останатите не постапуваат, иако за истото имаат законска обврска. За време на викендот инспекторите за животна средина на Град Скопје и комуналните инспектори имаат санкционирано над 20 сторители, наведуваат во соопштението.

Додаваат дека годинава имаат поднесено повеќе кривични пријави за исфрлање на опасен отпад и загрозување на животната средина за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад.

Како пример од Градот го посочуваат случајот во општина Бутел, каде затекнати лица истураа неколку тони отпад меѓу кои и опасен канцероген отпад во зелен појас, со што, велат, се нагрдува градот и доведува во опасност на животот и здравјето на скопјани.

Град Скопје годинава поднесе повеќе кривични пријави за исфрлање на опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад како случајот во општина Бутел каде затекнати лица истураа неколку тони отпад меѓу кои и опасен канцероген отпад во зелен појас со што се нагрдува градот и доведува во опасност на животот и здравјето на скопјани. Апелираме до Владата на овој проблем да му пристапи сериозно, да реагира на пријавите на Град Скопје за поажурно контролирање на нелегалното исфрлање на отпад низ градот што е казниво и според Кривичниот законик на Р. Македонија, но и едновремено да ги ангажира и останатите надлежни институции, да започнат да постапуваат за детекција и санкционирање на сторителите, наведуваат во соопштението.

The post Инспектори го фатија на дело како исфрла големи количини отпад во Карпош appeared first on Република.

]]>

Инспектори за животна средина на Град Скопје, денеска, затекнале жител на Општина Бутел како исфрла големи количини отпад на територијата на општина Карпош кон Визбегово, соопштија од Град Скопје. Во соопштението наведуваат дека против лицето З.М. ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување значително оштетување на квалитетот на воздухот, водата и почвата, односно опасност за животот и здравјето на луѓето, дело кое што е казниво со затвор од четири до десет години.
Инспекторите за животна средина на Град Скопје пред еден час затекнаа и евидентираа во тек на исфрлање големи количини отпад, правење дива депонија и нејзино палење на територијата на општина Карпош кон Визбегово. Град Скопје за извршено кривично дело од страна на лицeто З.М жител на општина Бутел, согласно членот 218 на Кривичниот законик, ќе поднесе кривична пријава за предизвикување значително оштетување на квалитетот на воздухот, водата и почвата, односно опасност за животот и здравјето на луѓето, дело казниво со затвор од четири до десет години, стои во соопштението.
Од Град Скопје велат дека на територијата на Скопје има вкупно 14 институции кои што имаат надлежност и обврска да постапуваат во вакви ситуации, нагласувајќи дека за време на викендот инспекторите за животна средина на Град Скопје, како и комуналните инспектори имаат санкционирано над 20 сторители.
Досега единствено Град Скопје реагира, додека останатите не постапуваат, иако за истото имаат законска обврска. За време на викендот инспекторите за животна средина на Град Скопје и комуналните инспектори имаат санкционирано над 20 сторители, наведуваат во соопштението.
Додаваат дека годинава имаат поднесено повеќе кривични пријави за исфрлање на опасен отпад и загрозување на животната средина за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад. Како пример од Градот го посочуваат случајот во општина Бутел, каде затекнати лица истураа неколку тони отпад меѓу кои и опасен канцероген отпад во зелен појас, со што, велат, се нагрдува градот и доведува во опасност на животот и здравјето на скопјани.
Град Скопје годинава поднесе повеќе кривични пријави за исфрлање на опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад како случајот во општина Бутел каде затекнати лица истураа неколку тони отпад меѓу кои и опасен канцероген отпад во зелен појас со што се нагрдува градот и доведува во опасност на животот и здравјето на скопјани. Апелираме до Владата на овој проблем да му пристапи сериозно, да реагира на пријавите на Град Скопје за поажурно контролирање на нелегалното исфрлање на отпад низ градот што е казниво и според Кривичниот законик на Р. Македонија, но и едновремено да ги ангажира и останатите надлежни институции, да започнат да постапуваат за детекција и санкционирање на сторителите, наведуваат во соопштението.

The post Инспектори го фатија на дело како исфрла големи количини отпад во Карпош appeared first on Република.

]]>
Повторно гори депонијата Острец во Делчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/povtoeno-gori-deponijata-ostrets-vo-delchevo/ Thu, 05 Sep 2024 14:09:31 +0000 https://republika.mk/?p=813578

Повторно гори градската депонија Острец во Делчево. Пожарот е пријавен до ТППЕ Делчево од каде информираат дека нивни екипи веќе се упатени на терен по што ќе пристапат кон нејзино гаснење.

Ова е чест проблем во летните месеци и затоа секогаш апелираме до граѓаните да се пријавуваат ваквите појави. Наша екипа е на терен и се надеваме ќе имаме брза реакција да не дојде до пожар од посериозни размери, информираа од ТППЕ Делчево.

Од Јавното комунално претпријатие ,,Брегалница" додадоа дека поради честото проблем депонијата периодично се затрупува со земја, но се случува повторно од стакленичките гасови и други причини повторно да дојде до нејзино палење.

Апелираа на одговорно однесување на граѓаните и одбегнување палење на стрништа во близина на депонијата.

The post Повторно гори депонијата Острец во Делчево appeared first on Република.

]]>

Повторно гори градската депонија Острец во Делчево. Пожарот е пријавен до ТППЕ Делчево од каде информираат дека нивни екипи веќе се упатени на терен по што ќе пристапат кон нејзино гаснење.
Ова е чест проблем во летните месеци и затоа секогаш апелираме до граѓаните да се пријавуваат ваквите појави. Наша екипа е на терен и се надеваме ќе имаме брза реакција да не дојде до пожар од посериозни размери, информираа од ТППЕ Делчево.
Од Јавното комунално претпријатие ,,Брегалница" додадоа дека поради честото проблем депонијата периодично се затрупува со земја, но се случува повторно од стакленичките гасови и други причини повторно да дојде до нејзино палење. Апелираа на одговорно однесување на граѓаните и одбегнување палење на стрништа во близина на депонијата.

The post Повторно гори депонијата Острец во Делчево appeared first on Република.

]]>
Депониите станаа мета на пиромани, гореше депонијата во струмичко Ново Село https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/deponiite-stanaa-meta-na-piromani-goreshe-deponijata-vo-strumichko-novo-selo/ Tue, 27 Aug 2024 07:59:50 +0000 https://republika.mk/?p=810466

Депониите стана мета на пироманите. Нивното палење е лесно поради различниот отпад што го имаат, но во исто време е тешко истиот да се изгаси од страна на пожарникарите.

„Вчера, околу 16.00 часот избувна пожар кај депонијата во Ново Село. ТППЕ Струмица со 2 ПП возила и 6 пожарникари-спасители веднаш излезе на лице место и презеде мерки најпрво да го спречи ширењето на пожарот на околните ридови а после тоа кон гаснење на истиот. Гаснењето на овие пожари е исклучително тешко поради големата количина на различен отпаден материјал“, се вели во објавата на струмичките пожарникари.

Од противпожарната служба предупредуваат дека секоја запалена депонија го загадува воздухот, водата и почвата, и се шират зарази.

The post Депониите станаа мета на пиромани, гореше депонијата во струмичко Ново Село appeared first on Република.

]]>

Депониите стана мета на пироманите. Нивното палење е лесно поради различниот отпад што го имаат, но во исто време е тешко истиот да се изгаси од страна на пожарникарите. „Вчера, околу 16.00 часот избувна пожар кај депонијата во Ново Село. ТППЕ Струмица со 2 ПП возила и 6 пожарникари-спасители веднаш излезе на лице место и презеде мерки најпрво да го спречи ширењето на пожарот на околните ридови а после тоа кон гаснење на истиот. Гаснењето на овие пожари е исклучително тешко поради големата количина на различен отпаден материјал“, се вели во објавата на струмичките пожарникари.
 
Од противпожарната служба предупредуваат дека секоја запалена депонија го загадува воздухот, водата и почвата, и се шират зарази.

The post Депониите станаа мета на пиромани, гореше депонијата во струмичко Ново Село appeared first on Република.

]]>
Еколошка катастрофа во Кичево, пожар ја зафати дивата депонија направена од Општината https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ekoloshka-katastrofa-vo-kichevo-pozhar-ja-zafati-divata-deponija-napravena-od-opshtinata/ Mon, 05 Aug 2024 12:50:11 +0000 https://republika.mk/?p=803555

Пожар ја зафати дивата депонија во Кичево, која е направена од Општината и ЈП „Комуналец“ – Кичево, соопшти генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Ѓорѓија Сајкоски.

Во објава на „Фејсбук“, тој вели дека подолг период се случува „еколошка катастрофа“ во Кичево, каде што Општината и ЈП „Комуналец“ –Кичево фрлаат отпад во центарот на градот и побара одговорност за загрозување на животот на граѓаните од Општина Кичево.

– Еколошка катастрофа во Кичево. Веќе подолг период, Општината и комуналното претпријатие фрлаат отпад во центарот на градот. Смрдеа, глодачи, станува неподносливо да се живее. Ова кулминира со пожар, кој ја зафати оваа дива депонија направена од Општината. Мора да има одговорност за загрозувањето на животот на граѓаните на оваа наша прекрасна Општина. Иако, како ВМРО-ДПМНЕ, апелиравме и пријавуваме, се случува невиден хаос. Ги повикувам надлежните институциите да постапат веднаш – напиша Сајкоски на „Фејсбук“. 

The post Еколошка катастрофа во Кичево, пожар ја зафати дивата депонија направена од Општината appeared first on Република.

]]>

Пожар ја зафати дивата депонија во Кичево, која е направена од Општината и ЈП „Комуналец“ – Кичево, соопшти генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Ѓорѓија Сајкоски. Во објава на „Фејсбук“, тој вели дека подолг период се случува „еколошка катастрофа“ во Кичево, каде што Општината и ЈП „Комуналец“ –Кичево фрлаат отпад во центарот на градот и побара одговорност за загрозување на животот на граѓаните од Општина Кичево. – Еколошка катастрофа во Кичево. Веќе подолг период, Општината и комуналното претпријатие фрлаат отпад во центарот на градот. Смрдеа, глодачи, станува неподносливо да се живее. Ова кулминира со пожар, кој ја зафати оваа дива депонија направена од Општината. Мора да има одговорност за загрозувањето на животот на граѓаните на оваа наша прекрасна Општина. Иако, како ВМРО-ДПМНЕ, апелиравме и пријавуваме, се случува невиден хаос. Ги повикувам надлежните институциите да постапат веднаш – напиша Сајкоски на „Фејсбук“. 

The post Еколошка катастрофа во Кичево, пожар ја зафати дивата депонија направена од Општината appeared first on Република.

]]>
Чад го засмрди и зацрни Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/chad-go-zasmrdi-i-zatsrni-skopje/ Thu, 01 Aug 2024 13:22:48 +0000 https://republika.mk/?p=802382

Чад и сивило попладнево го затемнаа небото над Скопје. Тешка смрдеа се чувствува во Карпош, но и во останатите делови на Скопје.

Се претпоставува дека чадот можеби доаѓа од Јасен, каде со денови беснеат пожари. Од Центарот за управување со кризи велат дека во моментот проверуваат дали ветрот го носи чадот оттаму.

Засега известуваат дека во моментов гори депонија на последната автобуска постојка на линијата 41, Драчево Типо.

[caption id="attachment_802385" align="aligncenter" width="1600"] фото: ЦУК[/caption]

The post Чад го засмрди и зацрни Скопје appeared first on Република.

]]>

Чад и сивило попладнево го затемнаа небото над Скопје. Тешка смрдеа се чувствува во Карпош, но и во останатите делови на Скопје. Се претпоставува дека чадот можеби доаѓа од Јасен, каде со денови беснеат пожари. Од Центарот за управување со кризи велат дека во моментот проверуваат дали ветрот го носи чадот оттаму. Засега известуваат дека во моментов гори депонија на последната автобуска постојка на линијата 41, Драчево Типо. [caption id="attachment_802385" align="aligncenter" width="1600"] фото: ЦУК[/caption]

The post Чад го засмрди и зацрни Скопје appeared first on Република.

]]>
Вака изгледа депонијата каде што била фрлена малата Данка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vaka-izgleda-deponijata-kade-shto-bila-frlena-malata-danka/ Thu, 04 Apr 2024 09:06:53 +0000 https://republika.mk/?p=762031

На местото на дивата депонија каде што била фрлена малата Данка во моментов се лоцирани екипи на форензичар и багер. Депонијата се наоѓа на сред пат од Бањско Поље до селото Брестовац од каде што се родителите на мајката Ивана.

https://republika.mk/vesti/balkan/danka-ja-zgazile-komunaltsi-ja-stavile-vo-gepek-i-ja-ja-frlile-vo-deponija/

Таму ја фрлиле двајца вработени од Јавното претпријатие во Бор откако претходно ја згазиле со службеното возило Фиат Панда.

The post Вака изгледа депонијата каде што била фрлена малата Данка appeared first on Република.

]]>

На местото на дивата депонија каде што била фрлена малата Данка во моментов се лоцирани екипи на форензичар и багер. Депонијата се наоѓа на сред пат од Бањско Поље до селото Брестовац од каде што се родителите на мајката Ивана. https://republika.mk/vesti/balkan/danka-ja-zgazile-komunaltsi-ja-stavile-vo-gepek-i-ja-ja-frlile-vo-deponija/ Таму ја фрлиле двајца вработени од Јавното претпријатие во Бор откако претходно ја згазиле со службеното возило Фиат Панда.  

The post Вака изгледа депонијата каде што била фрлена малата Данка appeared first on Република.

]]>
Во вторник ќе се знае колку е опасен по здравјето отпадот во скопско Орман близу Лепенец https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-vtornik-ke-se-znae-kolku-e-opasen-po-zdravjeto-otpadot-vo-skopsko-orman-blizu-lepenets/ Sat, 28 Oct 2023 09:39:46 +0000 https://republika.mk/?p=695758

Колку е штетен по здравјето отпадот од оловна згура околу 500 –тини тони складиран на приватен имот во скопско Орман близу реката Лепенец ќе се знае најдоцна во вторник. Во тек се хемиските анализи на примероците земени од топените акумулатори и батерии пред неколку дена од страна на Инспекторатот за животна средина.

Иако првично работите упатуваат во таква насока дека се работи за опасен отпад. Сè ќе биде познато до понеделник, вторник кога и официјално ќе дадеме изјави. Она што засега се знае според информациите од Државниот инспекторат е дека таму се работело надвор законите. За тоа ќе има и пријави и нема да дозволиме такви прекршувања. Документацијата ја прегледуваат и од Инспекторатот и ние како министерство проверуваме со кои дозволи располага компанијата, рече министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

За опасниот отпад алармираше овластен инспектор за животна средина од Ѓорче Петров кој ја лоцирал големата количина на оловна згура на посочената локација на 10-ти месецов.

Од Општината посочија дека на нивна територија не постоиу фирма со А –интегрирана дозвола што преработува ваков тип отпад.

Дека спаѓа во класата опасен потврдија и од Инспекторатот за животна средина.

The post Во вторник ќе се знае колку е опасен по здравјето отпадот во скопско Орман близу Лепенец appeared first on Република.

]]>

Колку е штетен по здравјето отпадот од оловна згура околу 500 –тини тони складиран на приватен имот во скопско Орман близу реката Лепенец ќе се знае најдоцна во вторник. Во тек се хемиските анализи на примероците земени од топените акумулатори и батерии пред неколку дена од страна на Инспекторатот за животна средина.
Иако првично работите упатуваат во таква насока дека се работи за опасен отпад. Сè ќе биде познато до понеделник, вторник кога и официјално ќе дадеме изјави. Она што засега се знае според информациите од Државниот инспекторат е дека таму се работело надвор законите. За тоа ќе има и пријави и нема да дозволиме такви прекршувања. Документацијата ја прегледуваат и од Инспекторатот и ние како министерство проверуваме со кои дозволи располага компанијата, рече министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.
За опасниот отпад алармираше овластен инспектор за животна средина од Ѓорче Петров кој ја лоцирал големата количина на оловна згура на посочената локација на 10-ти месецов. Од Општината посочија дека на нивна територија не постоиу фирма со А –интегрирана дозвола што преработува ваков тип отпад. Дека спаѓа во класата опасен потврдија и од Инспекторатот за животна средина.

The post Во вторник ќе се знае колку е опасен по здравјето отпадот во скопско Орман близу Лепенец appeared first on Република.

]]>
Осум дена по пожарот, сè уште чад се крева од изгорениот смет од депонијата во близина на Волковија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osum-dena-po-pozharot-se-ushte-chad-se-kreva-od-izgoreniot-smet-od-deponijata-vo-blizina-na-volkovija/ Tue, 29 Aug 2023 09:51:56 +0000 https://republika.mk/?p=676852

Изгорениот смет на депонијата кај тетовска Волковија осми ден по почнувањето на пожарот сè уште предизвикува чад и ширење на непријатна миризба.

Жителите на Волковија се најблиску до оваа локација и велат дека имаат проблеми поради чадот и смрдеата.

Непријатната миризба и чадот не се како дента на пожарот, но сè уште се чувствува и е тешкотија за дишење, велат мештаните.

Дека продолжува да чади од изгорениот смет сведочат и фотографиите и видеоснимки направени од воздух со употреба на дрон од страна на меѓународната телевизиска мрежа Ал Џезира.

[caption id="" align="alignnone" width="2048"] фото: Ал Џезира[/caption]

Од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово информираат дека сите овие изминати денови по потреба интервенирале кај запалениот смет.

Таму продолжува закопувањето на сметот во земја, а по потреба одиме и ние да интервенираме. Сме праќале по еден камион-цистерна за да направи некоја интервенција, информира Авни Амети од ТППЕ Тетово.

Пожарот избувна на ноќта меѓу 21 и 22 август. Државниот инспекторат за животна средина на крајот на минатата недела донесе решение со кое се изрекува парична казна за фирмата ДТУ „Еко Ливинг“ ДООЕЛ Чегране за пожарот што се случи на таа локација.

Фирмата доби платни налози за правното (9000 евра) и физичкото лице (500 евра), а со решение е задолжена комуналниот отпад од локацијата што се запали во рок од 90 дена да го однесе на депонијата Русино и забрана да носи комунален отпад на истата локација.

The post Осум дена по пожарот, сè уште чад се крева од изгорениот смет од депонијата во близина на Волковија appeared first on Република.

]]>

Изгорениот смет на депонијата кај тетовска Волковија осми ден по почнувањето на пожарот сè уште предизвикува чад и ширење на непријатна миризба. Жителите на Волковија се најблиску до оваа локација и велат дека имаат проблеми поради чадот и смрдеата.
Непријатната миризба и чадот не се како дента на пожарот, но сè уште се чувствува и е тешкотија за дишење, велат мештаните.
Дека продолжува да чади од изгорениот смет сведочат и фотографиите и видеоснимки направени од воздух со употреба на дрон од страна на меѓународната телевизиска мрежа Ал Џезира. [caption id="" align="alignnone" width="2048"] фото: Ал Џезира[/caption] Од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово информираат дека сите овие изминати денови по потреба интервенирале кај запалениот смет.
Таму продолжува закопувањето на сметот во земја, а по потреба одиме и ние да интервенираме. Сме праќале по еден камион-цистерна за да направи некоја интервенција, информира Авни Амети од ТППЕ Тетово.
Пожарот избувна на ноќта меѓу 21 и 22 август. Државниот инспекторат за животна средина на крајот на минатата недела донесе решение со кое се изрекува парична казна за фирмата ДТУ „Еко Ливинг“ ДООЕЛ Чегране за пожарот што се случи на таа локација. Фирмата доби платни налози за правното (9000 евра) и физичкото лице (500 евра), а со решение е задолжена комуналниот отпад од локацијата што се запали во рок од 90 дена да го однесе на депонијата Русино и забрана да носи комунален отпад на истата локација.

The post Осум дена по пожарот, сè уште чад се крева од изгорениот смет од депонијата во близина на Волковија appeared first on Република.

]]>
Сопственик на депонија од тетовско се заканува и ги навредува медиумските екипи, не им дозволува да снимаат! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sopstvenik-na-deponija-od-tetovsko-se-zakanuva-i-gi-navreduva-mediumskite-ekipi-ne-im-dozvoluva-da-snimaat/ Wed, 23 Aug 2023 14:40:14 +0000 https://republika.mk/?p=675038

Сопственикот на депонијата за собирање отпад во општина Берверница денеска им се заканувал и ги навредувал медиумските екипи не дозволувајќи им да снимаат видео од пожарот на оваа депонија, пишува ТВ21.

На ова место ѓубре гори речиси 2 дена, а граѓаните се жалат на смрдеа.

Според информациите, пожарникарите се на терен и работат на гаснење на пожарот.

фото и видео: ТВ 21

The post Сопственик на депонија од тетовско се заканува и ги навредува медиумските екипи, не им дозволува да снимаат! appeared first on Република.

]]>

Сопственикот на депонијата за собирање отпад во општина Берверница денеска им се заканувал и ги навредувал медиумските екипи не дозволувајќи им да снимаат видео од пожарот на оваа депонија, пишува ТВ21. На ова место ѓубре гори речиси 2 дена, а граѓаните се жалат на смрдеа. Според информациите, пожарникарите се на терен и работат на гаснење на пожарот. фото и видео: ТВ 21

The post Сопственик на депонија од тетовско се заканува и ги навредува медиумските екипи, не им дозволува да снимаат! appeared first on Република.

]]>
Д-р Давидовски: Од горењето на сметот се појавуваат канцерогени материи, мора да се превенираат пожари на отпад https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-davidovski-od-goreneto-na-smetot-se-pojavuvaat-kantserogeni-materii-mora-da-se-preveniraat-pozhari-na-otpad/ Wed, 23 Aug 2023 13:58:42 +0000 https://republika.mk/?p=674997

Раководителот на одделението по хигиена и здравствена екологија при Центар за јавно здравје Тетово д-р Ратко Давидовски предупредува дека мора да се превенираат и спречуваат пожари на комунален отпад поради појавата на канцерогените материи.

Овие два дена нарушувањето на квалитетот на воздухот е докажано со евиденција на зголеменото присуство на ПМ10 и ПМ2,5 кои се мерат, но според Давидовски уште поопасни материи се создаваат при горењето отпад за кои државата нема мерења.

Овие два дена за жал после подолг период, дојде до нарушување на квалитетот на воздухот односно покачување на ПМ10 и ПМ 2,5 се должи на горењето на комунален отпад на импровизирана привремена депонија и ние сите го почувствуваме а посебно хроничните болни и децата. Имаме акутно влошување на хронични состојби кај луѓето со ХОББ, со астма, со бронхитис. Имаме непријатности кај сите и кај здравите луѓе, навечер не можеме око да склопиме. Најголема опасност покрај овие мерлививе концентрации, при горење на депонии, е појавата на диоксини и фурани докажани канцерогени материи од прв ред, изјави д-р Давидовски.

Тој потсетува дека при секое депонирање на смет настануваа сложени хемиско-биолошки процеси на разградување на комунален отпад.

Ние не смееме да имаме ваква импровизација на депонија. Треба да имаме една регионална депонија со сите хигиено-технички норми запазени да не се случува ова што се случува. Кога би имале уредена депонија со сите параметри што треба ги има таа депонија со слој на земја кој постојано би се компостирал мислам дека не би се случувало вакви работи. Крајно време е да се преземат мерки за да изгради една регионална депонија која ќе ги задоволува европски норми, изјави д-р Давидовски.

На повик на командирот на Територијалната противпожарна единица Тетово на местото дојде и директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Иако вчера даде ТППЕ се од себе поради спецификите на гаснење донесовме одлука депонијата да биде затрупана. Денес се работи, сопственикот ќе се обиде со поголем број на тешка механизација да ја затрупа и да спречи понатамошно горење, изјави Ангелов.

Депонијата со смет кај Волковија се гаси втор ден, а чадот и миризбата се чувствуваат во Тетово и Гостивар и повеќе села помеѓу нив.

The post Д-р Давидовски: Од горењето на сметот се појавуваат канцерогени материи, мора да се превенираат пожари на отпад appeared first on Република.

]]>

Раководителот на одделението по хигиена и здравствена екологија при Центар за јавно здравје Тетово д-р Ратко Давидовски предупредува дека мора да се превенираат и спречуваат пожари на комунален отпад поради појавата на канцерогените материи. Овие два дена нарушувањето на квалитетот на воздухот е докажано со евиденција на зголеменото присуство на ПМ10 и ПМ2,5 кои се мерат, но според Давидовски уште поопасни материи се создаваат при горењето отпад за кои државата нема мерења.
Овие два дена за жал после подолг период, дојде до нарушување на квалитетот на воздухот односно покачување на ПМ10 и ПМ 2,5 се должи на горењето на комунален отпад на импровизирана привремена депонија и ние сите го почувствуваме а посебно хроничните болни и децата. Имаме акутно влошување на хронични состојби кај луѓето со ХОББ, со астма, со бронхитис. Имаме непријатности кај сите и кај здравите луѓе, навечер не можеме око да склопиме. Најголема опасност покрај овие мерлививе концентрации, при горење на депонии, е појавата на диоксини и фурани докажани канцерогени материи од прв ред, изјави д-р Давидовски.
Тој потсетува дека при секое депонирање на смет настануваа сложени хемиско-биолошки процеси на разградување на комунален отпад.
Ние не смееме да имаме ваква импровизација на депонија. Треба да имаме една регионална депонија со сите хигиено-технички норми запазени да не се случува ова што се случува. Кога би имале уредена депонија со сите параметри што треба ги има таа депонија со слој на земја кој постојано би се компостирал мислам дека не би се случувало вакви работи. Крајно време е да се преземат мерки за да изгради една регионална депонија која ќе ги задоволува европски норми, изјави д-р Давидовски.
На повик на командирот на Територијалната противпожарна единица Тетово на местото дојде и директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Иако вчера даде ТППЕ се од себе поради спецификите на гаснење донесовме одлука депонијата да биде затрупана. Денес се работи, сопственикот ќе се обиде со поголем број на тешка механизација да ја затрупа и да спречи понатамошно горење, изјави Ангелов.
Депонијата со смет кај Волковија се гаси втор ден, а чадот и миризбата се чувствуваат во Тетово и Гостивар и повеќе села помеѓу нив.

The post Д-р Давидовски: Од горењето на сметот се појавуваат канцерогени материи, мора да се превенираат пожари на отпад appeared first on Република.

]]>
Повторно запалена депонијата Острец во Делчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/povtorno-zapalena-deponijata-ostrets-vo-delchevo/ Wed, 26 Jul 2023 10:43:39 +0000 https://republika.mk/?p=665487

Градската депонија Острец од утрово повторно гори со засилен интензитет. Причина за запалувањето, како што информираа од делчевското комунално претпријатие, е човечки фактор заради што, најавуваат, ќе биде поднесена кривична пријава.

При редовна обиколка на теренот наши екипи забележале собирачи на пластика и железо во близина на запалената депонија заради што ќе поднесеме кривична пријава.
Наши вработени со градежни машини и во моментот се на терен и работат на затрупување на депонијата со земја, информираа од претпријатието.

Нагласија дека ова не е прв пат поради човечки фактор да се случува вакво нешто на депонијата.

- Остануваме и понатаму со наши екипи да работиме се до целосно гаснење кое е отежнато поради ветарот, додадоа од претпријатието.

Чадот што се шири од депонијата од утрово најмногу е забележлив од жителите на делчевското село Габрово, но, миризбата на запалено констатно е присутна и во самиот град Делчево.

The post Повторно запалена депонијата Острец во Делчево appeared first on Република.

]]>

Градската депонија Острец од утрово повторно гори со засилен интензитет. Причина за запалувањето, како што информираа од делчевското комунално претпријатие, е човечки фактор заради што, најавуваат, ќе биде поднесена кривична пријава.
При редовна обиколка на теренот наши екипи забележале собирачи на пластика и железо во близина на запалената депонија заради што ќе поднесеме кривична пријава. Наши вработени со градежни машини и во моментот се на терен и работат на затрупување на депонијата со земја, информираа од претпријатието.
Нагласија дека ова не е прв пат поради човечки фактор да се случува вакво нешто на депонијата.
- Остануваме и понатаму со наши екипи да работиме се до целосно гаснење кое е отежнато поради ветарот, додадоа од претпријатието.
Чадот што се шири од депонијата од утрово најмногу е забележлив од жителите на делчевското село Габрово, но, миризбата на запалено констатно е присутна и во самиот град Делчево.

The post Повторно запалена депонијата Острец во Делчево appeared first on Република.

]]>
Пожарот на штипската депонија „Трештена скала“ поширен и надвор од кругот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozharot-na-shtipskata-deponija-treshtena-skala-poshiren-i-nadvor-od-krugot/ Tue, 18 Jul 2023 12:35:34 +0000 https://republika.mk/?p=662758

Пожарот на депонијата „Трештена скала“ во близина на Штип е надвор од контрола, односно е проширен и надвор од кругот на депонијата.

Командиторот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека на терен се веќе 12 пожарникари со три противпожарни возила, се гасне со вода, но и со пожарникарски метли, бидејќи околината околу депонијата е сува трева и ниска вегетација.

Според известувањето во Регионалниот Центар за управување со кризи-Штип пожарот на депонијата „Трештена скала“ е пријавен во 13:25 часот.

Ова не е првпат да се пали депонијата „Трештена скала“. Пред десетина дена исто така беше запалена депонијата, а граѓаните на Штип ја чувствуваа неподнислива реа.

The post Пожарот на штипската депонија „Трештена скала“ поширен и надвор од кругот appeared first on Република.

]]>

Пожарот на депонијата „Трештена скала“ во близина на Штип е надвор од контрола, односно е проширен и надвор од кругот на депонијата. Командиторот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека на терен се веќе 12 пожарникари со три противпожарни возила, се гасне со вода, но и со пожарникарски метли, бидејќи околината околу депонијата е сува трева и ниска вегетација. Според известувањето во Регионалниот Центар за управување со кризи-Штип пожарот на депонијата „Трештена скала“ е пријавен во 13:25 часот. Ова не е првпат да се пали депонијата „Трештена скала“. Пред десетина дена исто така беше запалена депонијата, а граѓаните на Штип ја чувствуваа неподнислива реа.

The post Пожарот на штипската депонија „Трештена скала“ поширен и надвор од кругот appeared first on Република.

]]>
Затрупан влезот во градската депонија на Кочани, отпадот се истура покрај патот кон Пониква https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/zatrupan-vlezot-vo-gradskata-deponija-na-kochani-otpadot-se-istura-pokraj-patot-kon-ponikva/ Sat, 17 Jun 2023 14:08:42 +0000 https://republika.mk/?p=652463

Влезот во градската депонија на Кочани денеска е затрупан со отпад и комуналните возила на КЈП „Водовод“ не можат да влезат внатре за да го депонираат ѓубрето.

Купиштата отпад се расфрлани и од двете страни на регионалниот патен правец кон Пониква, а од распаѓањето на органските отпадоци се шири силна смрдеа и се излева течност по асфалтот и ги контаминира возилата кои поминуваат.

Ова е одлична промоција на депониски туризам во Кочани. Очигледно е дека никому не му е грижа како и каде се исфрла отпадот, па за кратко време тој целосно ќе се најде и на асфалтот. Машината што се користи за растурање на ѓубрето е неисправна и стои на просторот во депонијата. На коловозот се испишани пораки со барање за оставка на директорот на „Водовод“. Ниту информативната табла на проектот за регионалната депонија, што го поддржува ЕУ, не поминала подобро, исчкртана е со вулгарни пораки. Ова е срам за сите, а одговорност мора да понесат надлежните, реагираат граѓаните на социјалните мрежи.

На влезот во кочанската градска депонија веќе се натрупани десетици тони отпад за чие отстранување ќе биде потребен подолг период. Состојбата уште повеќе се влошува затоа што овде се носи и ѓубрето од соседните општини, во рамки на проектот за отстранување на дивите депонии и нивно регионално решавање.

Од комуналното претпријатие „Водовод“ истакнаа дека ќе направат контрола на терен за причините поради кои отпадот се исфрла на влезот од депонијата, по што ќе се преземат мерки за расчистување.

The post Затрупан влезот во градската депонија на Кочани, отпадот се истура покрај патот кон Пониква appeared first on Република.

]]>

Влезот во градската депонија на Кочани денеска е затрупан со отпад и комуналните возила на КЈП „Водовод“ не можат да влезат внатре за да го депонираат ѓубрето. Купиштата отпад се расфрлани и од двете страни на регионалниот патен правец кон Пониква, а од распаѓањето на органските отпадоци се шири силна смрдеа и се излева течност по асфалтот и ги контаминира возилата кои поминуваат.
Ова е одлична промоција на депониски туризам во Кочани. Очигледно е дека никому не му е грижа како и каде се исфрла отпадот, па за кратко време тој целосно ќе се најде и на асфалтот. Машината што се користи за растурање на ѓубрето е неисправна и стои на просторот во депонијата. На коловозот се испишани пораки со барање за оставка на директорот на „Водовод“. Ниту информативната табла на проектот за регионалната депонија, што го поддржува ЕУ, не поминала подобро, исчкртана е со вулгарни пораки. Ова е срам за сите, а одговорност мора да понесат надлежните, реагираат граѓаните на социјалните мрежи.
На влезот во кочанската градска депонија веќе се натрупани десетици тони отпад за чие отстранување ќе биде потребен подолг период. Состојбата уште повеќе се влошува затоа што овде се носи и ѓубрето од соседните општини, во рамки на проектот за отстранување на дивите депонии и нивно регионално решавање. Од комуналното претпријатие „Водовод“ истакнаа дека ќе направат контрола на терен за причините поради кои отпадот се исфрла на влезот од депонијата, по што ќе се преземат мерки за расчистување.

The post Затрупан влезот во градската депонија на Кочани, отпадот се истура покрај патот кон Пониква appeared first on Република.

]]>
Чади кумановската депонија „Краста“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chadi-kumanovskata-deponija-krasta/ Mon, 27 Feb 2023 09:41:26 +0000 https://republika.mk/?p=613631

Чади депонијата „Краста“ кај кумановското село Пчиња. Екипите на „Чистота и Зеленило“ со поддршка на механизација и денеска ќе ја покриваат со земја, зафатениот дел од депонијата, соопштија денеска надлежните од претпријатието.

На депонијата вчера се забележуваше и пламен кој беше видлив од повисоките локации од Куманово. Зафатен е горниот дел од депонијата од платформата.

Поради силниот ветер, вчера се запали градската депонија „Краста“, веднаш интервенираа екипите на ЈП, асистираа и пожарникарите од ТППЕ Куманово. За жал, водата не ја гаси депонијата, горат гасовите и потребно е санирање и нанесување количини на земја, изјави директорот на ЈП, Даниел Стојчевски.

Од претпријатието побарале и поддршка од приватни стопанственици кои располагаат со земја која ќе се употреби за санација.

Околу 70 проценти од зафатеното подрачје е намалено горењето, остануваат уште 30 осто. Се надеваме дека во текот на денот ќе се санираат и останатите. Станува збор за ризичен предел, земјата е мека и ризична, изјави Стојчевски.

И лани, во два-три наврати чадеше депонијата и надлежните од „Чистота и Зеленило“ сметаа дека е човечки фактор. Случаите се пријавени и во полицијата. Сега надлежните сметаат дека силниот ветер е причина за зачадувањето на депонијата.

Ветерот турна и големо дрво во стариот градски парк, искршени се неколку гранки од повеќе локации. Екипите на „Чистота и Зеленило“ ги отстрануваат дрвјата и гранките. Од претпријатието велат дека работат на кастрење на гранки, отстранување на стари дрвја по насоки на стручна комисија.

The post Чади кумановската депонија „Краста“ appeared first on Република.

]]>

Чади депонијата „Краста“ кај кумановското село Пчиња. Екипите на „Чистота и Зеленило“ со поддршка на механизација и денеска ќе ја покриваат со земја, зафатениот дел од депонијата, соопштија денеска надлежните од претпријатието. На депонијата вчера се забележуваше и пламен кој беше видлив од повисоките локации од Куманово. Зафатен е горниот дел од депонијата од платформата.
Поради силниот ветер, вчера се запали градската депонија „Краста“, веднаш интервенираа екипите на ЈП, асистираа и пожарникарите од ТППЕ Куманово. За жал, водата не ја гаси депонијата, горат гасовите и потребно е санирање и нанесување количини на земја, изјави директорот на ЈП, Даниел Стојчевски.
Од претпријатието побарале и поддршка од приватни стопанственици кои располагаат со земја која ќе се употреби за санација.
Околу 70 проценти од зафатеното подрачје е намалено горењето, остануваат уште 30 осто. Се надеваме дека во текот на денот ќе се санираат и останатите. Станува збор за ризичен предел, земјата е мека и ризична, изјави Стојчевски.
И лани, во два-три наврати чадеше депонијата и надлежните од „Чистота и Зеленило“ сметаа дека е човечки фактор. Случаите се пријавени и во полицијата. Сега надлежните сметаат дека силниот ветер е причина за зачадувањето на депонијата. Ветерот турна и големо дрво во стариот градски парк, искршени се неколку гранки од повеќе локации. Екипите на „Чистота и Зеленило“ ги отстрануваат дрвјата и гранките. Од претпријатието велат дека работат на кастрење на гранки, отстранување на стари дрвја по насоки на стручна комисија.

The post Чади кумановската депонија „Краста“ appeared first on Република.

]]>
Наместо депонија, современ парк од 7500 м2 во село Драчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/namesto-deponija-sovremen-park-od-7500-m2-vo-selo-drachevo/ Wed, 30 Nov 2022 14:14:56 +0000 https://republika.mk/?p=580087

Нов рекреативен парк со самонаводнување никнува на местото од дивата депонија во селото Драчево. Во месноста Оскиген, на површина од 7500 м2, Општина Кисела Вода гради рекреативен центар каде во своето слободно време ќе можат да уживаат граѓани од сите возрасти.

Покрај голема површина на зеленило кое ќе се одржува преку систем за самонаводнување, просторот ќе нуди и детски катчиња, сквер, патеки, летниковци како и фитнес справи. Љубителите на фудбалот и баскетот пак, ќе имаат прилика да спортуваат на комплетно нови целосно освтлени игралишта.

Градежните работи се во полн ек и наскоро, ова ќе биде новото собиралиште за одмор и рекреација на сите жители од овој дел на градот.

По повеќе од три децении празни ветувања, дивата депонија во местото викано Оксиген ја претвораме во огромен рекреативен парк со самонаводнување од 7500m2! Во селото Драчево, огромната површина во Оксиген во изминативе триесеттина години служеше како депонија која во еколошка и естетска смисла го нарушуваше животот и здравјето на моите сограѓани.

Тоа не би било така доколку властите во изминатите неколку децении го сределе ова место. Напротив, беше уште едно лажно ветување дека оваа депонија ќе прерасне во парк, особено пред секои избори.

На тоа решивме да му ставиме крај и конечно ова место да стане современ рекреативен центар каде во своето слободно време ќе можат да уживаат сите возрасти, изјави Ѓорѓиевски.

Рекреативниот парк ќе се простира на површина од 7500 м2 и ќе нуди детски катчиња, сквер, патеки, летниковци како и фитнес справи.

Љубителите на фудбалот и баскетот пак, ќе имаат прилика да спортуваат на комплетно новите игралишта, но и да уживаат во фудбалските натпревари од трибини во денот, но и навечер бидејќи целиот парк ќе биде осветлен.

Паркот ќе има има и голема површина на зеленило за сето ова убаво да изгледа и зеленило кое ќе содржи систем за самонаводнување преку атмосферски бунар.

Местото веќе почнува да го добива својот лик, работите се одвиваат со полна пареа за овие мои сограѓани да го имаат тоа што го заслужуваат.

Убеден сум дека ова ќе биде ново место на кое сите ќе се собираме, ќе се дружиме и ќе остане да сведочи за новата иднина која ја испишуваме за нашата Кисела Вода.

Продолжуваме да креираме иднина, преку дела кои мојот народ ги препознава“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски при увидот во градежните активности.

The post Наместо депонија, современ парк од 7500 м2 во село Драчево appeared first on Република.

]]>

Нов рекреативен парк со самонаводнување никнува на местото од дивата депонија во селото Драчево. Во месноста Оскиген, на површина од 7500 м2, Општина Кисела Вода гради рекреативен центар каде во своето слободно време ќе можат да уживаат граѓани од сите возрасти. Покрај голема површина на зеленило кое ќе се одржува преку систем за самонаводнување, просторот ќе нуди и детски катчиња, сквер, патеки, летниковци како и фитнес справи. Љубителите на фудбалот и баскетот пак, ќе имаат прилика да спортуваат на комплетно нови целосно освтлени игралишта. Градежните работи се во полн ек и наскоро, ова ќе биде новото собиралиште за одмор и рекреација на сите жители од овој дел на градот.
По повеќе од три децении празни ветувања, дивата депонија во местото викано Оксиген ја претвораме во огромен рекреативен парк со самонаводнување од 7500m2! Во селото Драчево, огромната површина во Оксиген во изминативе триесеттина години служеше како депонија која во еколошка и естетска смисла го нарушуваше животот и здравјето на моите сограѓани.   Тоа не би било така доколку властите во изминатите неколку децении го сределе ова место. Напротив, беше уште едно лажно ветување дека оваа депонија ќе прерасне во парк, особено пред секои избори.   На тоа решивме да му ставиме крај и конечно ова место да стане современ рекреативен центар каде во своето слободно време ќе можат да уживаат сите возрасти, изјави Ѓорѓиевски.
Рекреативниот парк ќе се простира на површина од 7500 м2 и ќе нуди детски катчиња, сквер, патеки, летниковци како и фитнес справи. Љубителите на фудбалот и баскетот пак, ќе имаат прилика да спортуваат на комплетно новите игралишта, но и да уживаат во фудбалските натпревари од трибини во денот, но и навечер бидејќи целиот парк ќе биде осветлен. Паркот ќе има има и голема површина на зеленило за сето ова убаво да изгледа и зеленило кое ќе содржи систем за самонаводнување преку атмосферски бунар.
Местото веќе почнува да го добива својот лик, работите се одвиваат со полна пареа за овие мои сограѓани да го имаат тоа што го заслужуваат.   Убеден сум дека ова ќе биде ново место на кое сите ќе се собираме, ќе се дружиме и ќе остане да сведочи за новата иднина која ја испишуваме за нашата Кисела Вода.   Продолжуваме да креираме иднина, преку дела кои мојот народ ги препознава“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски при увидот во градежните активности.
 
The post Наместо депонија, современ парк од 7500 м2 во село Драчево appeared first on Република.

]]>
По Вардaриште се запали и штипската депонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/po-vardrishte-se-zapali-i-shtipskata-deponija/ Sat, 23 Jul 2022 19:41:15 +0000 https://republika.mk/?p=532534

Депонијата „Трештена Скала“ во Штип попладнево се самозапали од високите температури.

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов за МИА изјави дека причина за денешниот пожар на депонијата се високите температури, за разлика од пред неколку дена, кога непознат сторител на неа исфрлил индустриско масло, други лесно запаливи материјали и го искршил и видео надзорот.

– На депонијата се пожарникари со две цистерни со вода и багер. Од гаснењето со вода се издига чадот, додека со помош на багерот се потрупува со земја, вели Јорданов.

https://republika.mk/vesti/skopje/pozarot-e-vo-deponijata-vardarishte/

Во рок од еден месец во три наврати беше актуелна штипската депонија, во првиот по претставка на граѓани инспектори од Државниот инспектор за животна средина направија увид и на комуналното претпријатие „Исар“ му беа дадени и рокови да ги отстрани пропустите. Во вториот, стануваше збор за намерно предизвикан пожар, а во третиот, денешен се самозапали од високите температури.

Иако, депонијата од градот Штип е оддалечена над десеттина километри, сепак граѓаните можат да го видат црниот чад, но и да чувствуваат смрдеа

The post По Вардaриште се запали и штипската депонија appeared first on Република.

]]>

Депонијата „Трештена Скала“ во Штип попладнево се самозапали од високите температури. Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов за МИА изјави дека причина за денешниот пожар на депонијата се високите температури, за разлика од пред неколку дена, кога непознат сторител на неа исфрлил индустриско масло, други лесно запаливи материјали и го искршил и видео надзорот. – На депонијата се пожарникари со две цистерни со вода и багер. Од гаснењето со вода се издига чадот, додека со помош на багерот се потрупува со земја, вели Јорданов. https://republika.mk/vesti/skopje/pozarot-e-vo-deponijata-vardarishte/
Во рок од еден месец во три наврати беше актуелна штипската депонија, во првиот по претставка на граѓани инспектори од Државниот инспектор за животна средина направија увид и на комуналното претпријатие „Исар“ му беа дадени и рокови да ги отстрани пропустите. Во вториот, стануваше збор за намерно предизвикан пожар, а во третиот, денешен се самозапали од високите температури.
Иако, депонијата од градот Штип е оддалечена над десеттина километри, сепак граѓаните можат да го видат црниот чад, но и да чувствуваат смрдеа

The post По Вардaриште се запали и штипската депонија appeared first on Република.

]]>
Започна чистењето на депонија на приватен имот спроти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zapochna-chistenjeto-na-deponija-na-privaten-imot-sproti-klinichkiot-centar-majka-tereza/ Tue, 22 Mar 2022 14:42:30 +0000 https://republika.mk/?p=476732

Инспекторатот на Град Скопје заедно со инспекторите од Општина Центар започнаа координирана акција за расчистување на голема депонија на приватен имот, лоцирана на улица „Мајка Тереза“, спроти Клиничкиот центар.

Станува збор за депонија која е распространета на две парцели и е создавана со децении, а на самата локација има и повеќе диво населени лица-собирачи на отпад. Ваквите диви населби претставуваат потенцијална опасност за загадување на животната средина и здравјето на граѓаните, соопштија од Град Скопје.

На сопствениците на парцелите им е издаден налог за целосно расчистување на депониите од нивните имоти, а доколку не постапат по налогот во утврдениот рок, имотите ќе се исчистат од јавните комунални претпријатија на трошок на сопствениците.

За решавањето со проблемот со лицата кои престојуваат дивата населба, е појава која е присутна повеќе децении и во наредниот период ќе се преземат мерки за нивно институционални згрижување. Чистењето на сите диви депонии во Скопје е приоритет, со цел превенција од загадување на воздухот, почвата и водите и заштита на здравјето на граѓаните, велат од Градот.

The post Започна чистењето на депонија на приватен имот спроти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ appeared first on Република.