Дентов синдром Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dentov-sindrom/ За подобро да се разбереме Wed, 01 Feb 2023 08:43:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дентов синдром Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dentov-sindrom/ 32 32 Ги запознаваме ретките болести: Дентов синдром https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/gi-zapoznavame-retkite-bolesti-dentov-sindrom/ Thu, 02 Feb 2023 08:14:26 +0000 https://republika.mk/?p=603195

Во месецот со најмалку денови во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена и оваа година, петта по ред, „Република“ во соработка со Супер радио, Здружението „Живот со предизвици“ и „Ретко е да си редок“ ќе се обиде да ја запознае јавноста со ретките болести, да ги дознае предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…

Дентов синдром/Dent syndrome
МКБ N 25.8
Преваленца (распространетост): непозната

Дентовиот синдром е ретко генетско нарушување на бубрезите кое се карактеризира со појава на повеќе протеини во урината, покачени нивоа на калциум во урината, калцификација во бубрезите (нефрокалциноза), повторливи епизоди на бубрежни камења (нефролитијаза), и на крајот, хронична бубрежна болест. Симптомите обично се појавуваат во детството, но некои пациенти можат да останат недијагностицирани до возрасно доба. Во некои случаи, нарушувањето прогресивно се влошува што доведува до сериозно заболување на бубрезите и бубрежна инсуфициенција. Има случаи каде што болеста останува блага до умерена до старост. Болеста може да се подели на два типа: Тип 1 кој се карактеризира со веќе споменатите нарушувања на бубрежниот систем; Тип 2 кој покрај со бубрежните симптоми, се карактеризира и со лесна интелектуална попреченост, намален мускулен тонус (хипотонија) и визуелни нарушувања. Дентовиот синдром Тип 1 е предизвикан од мутации во генот ЦЛЦН6 (CLCN5), додека пак, Тип 2 од мутации во генот ОЦРЛ1 (OCRL1). Овие мутации можат да се наследат од родителите или можат да се појават спонтано („de novo“), без претходна семејна историја. Болеста целосно се манифестира само кај мажите, додека некои жени кои го носат генот на болеста, можат да развијат благи симптоми, како што се протеини во урината, зголемен калциум во урината или, поретко, камења во бубрезите. Дентовиот синдром првпат е опишан во медицинската литература од Чарлс Енрике Дент и М. Фридман во 1964 година, кога пријавиле случај на две британски момчиња со рахитис поврзан со бубрежно тубуларно оштетување кое се карактеризира со хиперкалциурија, хиперфосфатурија, протеинурија и аминоацидурија. Овој спој на симптоми добил име дури 30 години подоцна, кога нефрологот Оливер Вронг подетално ја опишал болеста и ја именувал во чест на својот ментор.

Знаци и симптоми

Специфичните симптоми на болеста можат драстично да варираат од пациент до пациент. Малиот број на идентификувани случаи и недостатокот на големи клинички студии ги спречуваат лекарите да формираат целосна слика за симптомите и знаците на болеста и придружните симптоми, кои можат да се појават кај другите нарушувања. Вообичаени симптоми поврзани со Дентовиот синдром Тип 1 вклучуваат покачени нивоа на протеини со ниска молекуларна тежина и калциум во урината (протеинурија, хиперкалциурија). Овие можат да бидат единствените симптоми кај некои пациенти. Пациентите можат да имаат депозити на калциум, што доведува до калцификации во бубрезите (нефрокалциноза). Често се случуваат повторливи епизоди на формирање на бубрежни камења. Каменот може да предизвика различни симптоми, вклучувајќи крв во урината (хематурија), болно мокрење (дизурија), нагон за често мокрење, болка во лумбалните предели (ренална колика). Доаѓа до затнување на уринарниот тракт и чести инфекции. На крајот, нарушувањето може да премине во хронична бубрежна болест со прогресивен пад на нивната функција. Симптомите поврзани со напредната хронична бубрежна болест вклучуваат губење на апетитот, губење на тежината, замор и анемија. Во последните фази на болеста, на пациентите може да им биде потребна дијализа или трансплантација на бубрег. Дентовиот синдром Тип 2, покрај симптомите од Типот 1, може да се манифестира и со интелектуални нарушувања, хипотонија, заматување на леќата (катаракта).

Дијагноза

Дијагнозата на Дентовиот синдром се заснова на идентификација на карактеристични симптоми, детална анамнеза, клиничка проценка на пациентот и разни специјализирани тестови. За болеста може да се посомневаме кај луѓе со високи нивоа на протеини со ниска молекуларна тежина во урината, вишок калциум во урината и едно од следниве: нефрокалциноза, нефролитијаза, хематурија, хипофосфатемија, хронична бубрежна болест, докази за наследување. Хемиската анализа на примероците на урина може да открие покачени нивоа на протеини и калциум со ниска молекуларна тежина. Дијагнозата на болеста се потврдува со молекуларно генетско тестирање кое ги идентификува мутациите во гените. Ова понекогаш не е неопходно, освен ако има типични клинички наоди (протеинурија, хиперкалциурија кај мажи).

Терапија

Третманот на Дентовиот синдром е фокусиран на специфични симптоми кои се очигледни кај секој пациент. За адекватен третман неопходни се координирани напори на тим од специјалисти (педијатри, интернисти, нефролози, уролози, нутриционисти). Генетското советување може да биде од голема корист за пациентите, како и за нивните семејства. Не постојат стандардизирани протоколи за третман. Поради ниската инциденца на оваа болест, сè уште нема спроведени студии на голема група пациенти. Лековите познати како тиазиди можат да се користат за да се спречи повторување на бубрежните калкулози и да се намалат нивоата на калциум во урината. Сепак, поради можните несакани ефекти, овие лекови мораат да се користат со претпазливост. Витаминот Д за третман на рахитис, доколку се користи, мора да се користи со претпазливост бидејќи прекумерната количина на витамин Д може да го зголеми нивото на калциум во урината. Нарушувањето на растот кај децата може да се третира со хормон за раст. Ако бубрежната функција продолжи прогресивно да опаѓа или ако болеста се дијагностицира доцна, може да биде потребен поагресивен третман, вклучувајќи хемодијализа, перитонеална дијализа и трансплантација на бубрег. Конечно, потребни се повеќе истражувања, на големи модели, за да се утврдат најефективните методи на лекување кои ќе обезбедат долгорочна безбедност и подобар исход за пациентите.

за проектот

Гордана Лолеска, Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ и овој февруари, во рамките на петтата сезона од проектот „Ги запознаваме ретките болести“, Ве запознаваат со ретките болести во Република Македонија, со надеж дека преку овие нови 28 ретки дијагнози сите заедно ќе успеене да го кренеме гласот за проблемите со кои се среќаваат лицата со ретки болести, но и нивните семејства.

Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови.

Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018 година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.

Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се приклучи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции - колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.

https://youtu.be/f_9P8xmSddM

The post Ги запознаваме ретките болести: Дентов синдром appeared first on Република.

]]>

Во месецот со најмалку денови во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена и оваа година, петта по ред, „Република“ во соработка со Супер радио, Здружението „Живот со предизвици“ и „Ретко е да си редок“ ќе се обиде да ја запознае јавноста со ретките болести, да ги дознае предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?… Дентов синдром/Dent syndrome МКБ N 25.8 Преваленца (распространетост): непозната Дентовиот синдром е ретко генетско нарушување на бубрезите кое се карактеризира со појава на повеќе протеини во урината, покачени нивоа на калциум во урината, калцификација во бубрезите (нефрокалциноза), повторливи епизоди на бубрежни камења (нефролитијаза), и на крајот, хронична бубрежна болест. Симптомите обично се појавуваат во детството, но некои пациенти можат да останат недијагностицирани до возрасно доба. Во некои случаи, нарушувањето прогресивно се влошува што доведува до сериозно заболување на бубрезите и бубрежна инсуфициенција. Има случаи каде што болеста останува блага до умерена до старост. Болеста може да се подели на два типа: Тип 1 кој се карактеризира со веќе споменатите нарушувања на бубрежниот систем; Тип 2 кој покрај со бубрежните симптоми, се карактеризира и со лесна интелектуална попреченост, намален мускулен тонус (хипотонија) и визуелни нарушувања. Дентовиот синдром Тип 1 е предизвикан од мутации во генот ЦЛЦН6 (CLCN5), додека пак, Тип 2 од мутации во генот ОЦРЛ1 (OCRL1). Овие мутации можат да се наследат од родителите или можат да се појават спонтано („de novo“), без претходна семејна историја. Болеста целосно се манифестира само кај мажите, додека некои жени кои го носат генот на болеста, можат да развијат благи симптоми, како што се протеини во урината, зголемен калциум во урината или, поретко, камења во бубрезите. Дентовиот синдром првпат е опишан во медицинската литература од Чарлс Енрике Дент и М. Фридман во 1964 година, кога пријавиле случај на две британски момчиња со рахитис поврзан со бубрежно тубуларно оштетување кое се карактеризира со хиперкалциурија, хиперфосфатурија, протеинурија и аминоацидурија. Овој спој на симптоми добил име дури 30 години подоцна, кога нефрологот Оливер Вронг подетално ја опишал болеста и ја именувал во чест на својот ментор. Знаци и симптоми Специфичните симптоми на болеста можат драстично да варираат од пациент до пациент. Малиот број на идентификувани случаи и недостатокот на големи клинички студии ги спречуваат лекарите да формираат целосна слика за симптомите и знаците на болеста и придружните симптоми, кои можат да се појават кај другите нарушувања. Вообичаени симптоми поврзани со Дентовиот синдром Тип 1 вклучуваат покачени нивоа на протеини со ниска молекуларна тежина и калциум во урината (протеинурија, хиперкалциурија). Овие можат да бидат единствените симптоми кај некои пациенти. Пациентите можат да имаат депозити на калциум, што доведува до калцификации во бубрезите (нефрокалциноза). Често се случуваат повторливи епизоди на формирање на бубрежни камења. Каменот може да предизвика различни симптоми, вклучувајќи крв во урината (хематурија), болно мокрење (дизурија), нагон за често мокрење, болка во лумбалните предели (ренална колика). Доаѓа до затнување на уринарниот тракт и чести инфекции. На крајот, нарушувањето може да премине во хронична бубрежна болест со прогресивен пад на нивната функција. Симптомите поврзани со напредната хронична бубрежна болест вклучуваат губење на апетитот, губење на тежината, замор и анемија. Во последните фази на болеста, на пациентите може да им биде потребна дијализа или трансплантација на бубрег. Дентовиот синдром Тип 2, покрај симптомите од Типот 1, може да се манифестира и со интелектуални нарушувања, хипотонија, заматување на леќата (катаракта). Дијагноза Дијагнозата на Дентовиот синдром се заснова на идентификација на карактеристични симптоми, детална анамнеза, клиничка проценка на пациентот и разни специјализирани тестови. За болеста може да се посомневаме кај луѓе со високи нивоа на протеини со ниска молекуларна тежина во урината, вишок калциум во урината и едно од следниве: нефрокалциноза, нефролитијаза, хематурија, хипофосфатемија, хронична бубрежна болест, докази за наследување. Хемиската анализа на примероците на урина може да открие покачени нивоа на протеини и калциум со ниска молекуларна тежина. Дијагнозата на болеста се потврдува со молекуларно генетско тестирање кое ги идентификува мутациите во гените. Ова понекогаш не е неопходно, освен ако има типични клинички наоди (протеинурија, хиперкалциурија кај мажи). Терапија Третманот на Дентовиот синдром е фокусиран на специфични симптоми кои се очигледни кај секој пациент. За адекватен третман неопходни се координирани напори на тим од специјалисти (педијатри, интернисти, нефролози, уролози, нутриционисти). Генетското советување може да биде од голема корист за пациентите, како и за нивните семејства. Не постојат стандардизирани протоколи за третман. Поради ниската инциденца на оваа болест, сè уште нема спроведени студии на голема група пациенти. Лековите познати како тиазиди можат да се користат за да се спречи повторување на бубрежните калкулози и да се намалат нивоата на калциум во урината. Сепак, поради можните несакани ефекти, овие лекови мораат да се користат со претпазливост. Витаминот Д за третман на рахитис, доколку се користи, мора да се користи со претпазливост бидејќи прекумерната количина на витамин Д може да го зголеми нивото на калциум во урината. Нарушувањето на растот кај децата може да се третира со хормон за раст. Ако бубрежната функција продолжи прогресивно да опаѓа или ако болеста се дијагностицира доцна, може да биде потребен поагресивен третман, вклучувајќи хемодијализа, перитонеална дијализа и трансплантација на бубрег. Конечно, потребни се повеќе истражувања, на големи модели, за да се утврдат најефективните методи на лекување кои ќе обезбедат долгорочна безбедност и подобар исход за пациентите. за проектот Гордана Лолеска, Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ и овој февруари, во рамките на петтата сезона од проектот „Ги запознаваме ретките болести“, Ве запознаваат со ретките болести во Република Македонија, со надеж дека преку овие нови 28 ретки дијагнози сите заедно ќе успеене да го кренеме гласот за проблемите со кои се среќаваат лицата со ретки болести, но и нивните семејства. Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018 година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година. Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се приклучи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции - колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести. https://youtu.be/f_9P8xmSddM

The post Ги запознаваме ретките болести: Дентов синдром appeared first on Република.

]]>