Денови на македонската музика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/denovi-na-makedonskata-muzika/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Oct 2024 07:59:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Денови на македонската музика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/denovi-na-makedonskata-muzika/ 32 32 Концерт на гудачкиот квартет „Атака“ на „47 .Денови на македонска музика“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-gudachkiot-kvartet-ataka-na-47-denovi-na-makedonska-muzika/ Wed, 02 Oct 2024 07:59:22 +0000 https://republika.mk/?p=821616

Вечерва со почеток во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонија, ќе се одржи последниот концерт во рамките на манифестацијата „47.Денови на македонска музика“, концерт на гудачкиот квартет „Атака“. Овој настан ќе биде единствена можност да се проследат дела од различни периоди и стилови на македонската музичка мисла посветена на камерниот состав – гудачки квартет.

Ќе бидат изведени делата на композиторите Валентина Велковска-Трајановска, Гоце Гавриловски, Филип Иванов и Академик Ристо Аврамовски.

Гудачкиот квартет „Атака“ го сочинуваат младите, извонредни уметници: Ева Богоевска – виолина, Марија Трајковска – виолина, Илза Бафтиари – виола, Маја Михајловска – виолончело. Фестивалот „47.Денови на македонска музика“ е во организација на Сојузот на композиторите на Македонија, а се одржува под покровителство на Претседателот на Македонија, со поддршка на Министерство за култура.

Влезот на концертот е слободен.

 

The post Концерт на гудачкиот квартет „Атака“ на „47 .Денови на македонска музика“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва со почеток во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонија, ќе се одржи последниот концерт во рамките на манифестацијата „47.Денови на македонска музика“, концерт на гудачкиот квартет „Атака“. Овој настан ќе биде единствена можност да се проследат дела од различни периоди и стилови на македонската музичка мисла посветена на камерниот состав – гудачки квартет. Ќе бидат изведени делата на композиторите Валентина Велковска-Трајановска, Гоце Гавриловски, Филип Иванов и Академик Ристо Аврамовски. Гудачкиот квартет „Атака“ го сочинуваат младите, извонредни уметници: Ева Богоевска – виолина, Марија Трајковска – виолина, Илза Бафтиари – виола, Маја Михајловска – виолончело. Фестивалот „47.Денови на македонска музика“ е во организација на Сојузот на композиторите на Македонија, а се одржува под покровителство на Претседателот на Македонија, со поддршка на Министерство за култура. Влезот на концертот е слободен.  

The post Концерт на гудачкиот квартет „Атака“ на „47 .Денови на македонска музика“ appeared first on Република.

]]>
Со концерт на Воениот оркестар на Армијата вечерва во Филхармонија почнуваат Деновите на македонската музика https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-kontsert-na-voeniot-orkestar-na-armijata-vecherva-vo-filharmonija-pochnuvaat-denovite-na-makedonskata-muzika/ Fri, 22 Mar 2024 09:17:01 +0000 https://republika.mk/?p=757283

Со концерт на Воениот оркестар на Армијата вечерва, на 22 март во Филхармонија (20 часот) почнува новото издание на фестивалот „Денови на македонската музика“. Диригент е Горан Илијевски.

На концертот ќе бидат изведени дела од македонските композитори создадени за голем дувачки оркестар. Програмата на 47. „Денови на македонската музика“ е во знакот на извонредното творештво на македонските композитори од поголем обем: симфониско, оперско, дела за гудачки оркестар, но и камерен опус. Со концертите ќе бидат одбележани и повеќе значајни јубилеи, на композиторите Томислав Зографски, Михајло Николовски, Стојче Тошевски, Живојин Глишиќ, Тодор Трајчевски, но и јубилеите на МРТВ – 80 години од основањето и НУ „Танец“ – 75 години од основањето.

Вториот концерт е на 24 март (недела), во малата сала на Филхармонијата, камерниот оркестар „Профундис“ и солисти ќе ги изведат делата на композиторите Гоце Коларовски, Фатос Лумани, Дарија Андовска, Гоце Гавриловски и Ангел Спироски.

Програмата на фестивалот вклучува премиерни изведби на дела од помладата генерација, како и изведби на дела што се вбројуваат во ремек-делата на сите генерации композитори. Со свои концерти ќе се вклучат и Националната опера и балет, Филхармонијата, камерниот ансамбл „Алтус“, а ќе заврши со традиционалната трибина посветена на состојбите со творештвото на македонските композитори.

Уметничкиот одбор и СОКОМ, при кониципирањето на програмата, поаѓаат од фактот – домашното уметничко творештво зависи од сите нас, од нашата одговорност и од нашата грижа да овозможиме создавање, изведба и промоција на дела што ги означуваат нашите минато, сегашност и иднина.

Влезот на сите концерти е слободен.

 

The post Со концерт на Воениот оркестар на Армијата вечерва во Филхармонија почнуваат Деновите на македонската музика appeared first on Република.

]]>

Со концерт на Воениот оркестар на Армијата вечерва, на 22 март во Филхармонија (20 часот) почнува новото издание на фестивалот „Денови на македонската музика“. Диригент е Горан Илијевски. На концертот ќе бидат изведени дела од македонските композитори создадени за голем дувачки оркестар. Програмата на 47. „Денови на македонската музика“ е во знакот на извонредното творештво на македонските композитори од поголем обем: симфониско, оперско, дела за гудачки оркестар, но и камерен опус. Со концертите ќе бидат одбележани и повеќе значајни јубилеи, на композиторите Томислав Зографски, Михајло Николовски, Стојче Тошевски, Живојин Глишиќ, Тодор Трајчевски, но и јубилеите на МРТВ – 80 години од основањето и НУ „Танец“ – 75 години од основањето. Вториот концерт е на 24 март (недела), во малата сала на Филхармонијата, камерниот оркестар „Профундис“ и солисти ќе ги изведат делата на композиторите Гоце Коларовски, Фатос Лумани, Дарија Андовска, Гоце Гавриловски и Ангел Спироски. Програмата на фестивалот вклучува премиерни изведби на дела од помладата генерација, како и изведби на дела што се вбројуваат во ремек-делата на сите генерации композитори. Со свои концерти ќе се вклучат и Националната опера и балет, Филхармонијата, камерниот ансамбл „Алтус“, а ќе заврши со традиционалната трибина посветена на состојбите со творештвото на македонските композитори. Уметничкиот одбор и СОКОМ, при кониципирањето на програмата, поаѓаат од фактот – домашното уметничко творештво зависи од сите нас, од нашата одговорност и од нашата грижа да овозможиме создавање, изведба и промоција на дела што ги означуваат нашите минато, сегашност и иднина. Влезот на сите концерти е слободен.  

The post Со концерт на Воениот оркестар на Армијата вечерва во Филхармонија почнуваат Деновите на македонската музика appeared first on Република.

]]>
„Денови на македонска музика “ со оркестарот на Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/denovi-na-makedonska-muzika-so-orkestarot-na-filharmonija/ Mon, 11 Apr 2022 06:52:25 +0000 https://republika.mk/?p=486445

Овој четврток, во 20 часот ќе се одржи концерт во рамки на програмата на фестивалот „Денови на македонска музика“. Диригент е Борјан Цанев, а како солисти ќе настапат Билјана Камчева-флејта, Лазар Соколов- кларинет, Огненка Герасимовска-Димитровска – пијано и Горан Начевски – баритон. На програмата се Концертот за флејта, кларинет и оркестар од Љубомир Бранѓолица кој ќе доживее премиерна изведба, Концертот за пијано и оркестар од Властимир Николовски и Симфонијата „Убави денови“ од Живоин Глишиќ.

Љубомир Бранѓолица (1932) е уникатна фигура на македонската музичка сцена во втората половина на дваесеттиот век. Во неговиот исклучително богат творечки опус има и опери и балети, и камерни и хорски композиции, како и популарни песни и аранжмани на творби од други, наши и странски автори. Неговите дела се тонални, со раскошна мелодика и со вешта оркестрација. Тоа е една од причините што постојано живеат на репертоарот на македонските и на светските музички уметници и ансамбли. Концерт за флејта, кларинет и оркестар е напишан во типичен стил на композиторот кој претставува фузија на неокласика, неоромантизам. Има елегичен призвук, потенциран преку мелодиските линии во флејтата и кларинетот, но и во богатата оркестарска делница. Во некои делови од концертот се чувствуваат и влијанијата од барокот потенцирани преку полифоните структури кои се јавуваат како далечно ехо и реминисценција.

Творештвото на Властимир Николовски (1925-2001) е исклучително богато и разновидно. Опфаќа над 140 музички композиции од речиси сите видови и жанрови на класичната музика, како и голем број публицистички трудови во кои обработува различни прашања од музичката уметност. Концертот за пијано и оркестар му е посветен на пијанистот Владимир Крпан и е напишан во 1979 година.

Живоин Глишиќ (1954) образованието го завршува во Скопје. Интересот кон музиката и музичкото творештво Живоин Глишиќ го пројавува многу рано. Влијание на определено насочување на тој интерес извршува Драган Ѓаконовски Шпато, со кого соработува до крајот на неговиот живот. „Убави денови“ е прва симфонија во неговиот композиторски опус. Напишана е во 2021 година, а се изведе истата година на прославата на 30 годишнината од независноста на државата во изведба на оркестарот на Македонската филхармонија. Има два става, и се базира на елементи од македонскиот фоклор, а стилот е неокласичен.

Добитникот на македонското признание Виртуози „Најдобар музички изведувач во 2013 година“, диригентот Борјан Цанев, се смета за еден од најпрефинетите музичари во Македонија. Од 1999 година е постојан диригент на Македонската филхармонија и на чело на овој оркестар постигнува забележителни резултати во својата земја и во странство. Настапувал со светски реномирани солисти, меѓу кои: Иво Погорелиќ, Јоханес Мозер, Готје Капусон, Сергеј Накарјаков, Иља Гринголц, Даниел Милер-Шот, Сајака Шоџи, Симон Трпчески, Штефан Дор, Џозеф Алези, Дејвид Герет, Стефан Миленковиќ, Алексеј Огринчук, Акико Суванаи, Роман Симовиќ, Зи Зи, Стјепан Хаузер, Евгени Божанов, Криштоф Барати, Моника Лесковар, Тине Тинг Хелсет, Антал Залаи, Емануел Сејсон, Питер Лукаш-Граф, Бранимир Слокар, Ана Дурловски, Благој Нацоски и многу други. Диригирал на сите реномирани фестивали во Македонија, како и на многу фестивали во странство вклучувајќи ги: Жорж Енеску, Котор арт, Загрепски летни вечери, Варненско лето, НОМУС, Светот на музиката - Загреб и др. Борјан Цанев како диригент се појавува во САД, Англија, Јапонија, Италија, Франција, Чешка, Полска, Хрватска, Србија, Бугарија, Црна Гора, Турција, Романија, Босна и Херцеговина, Казахстан, а има направено снимки за Македонската радио-телевизија, за Бугарското национално радио, како и за „F.A.M.E'S“ Македонија. Во 2010 година, Сојузот на композиторите на Македонија му ја додели наградата „Георги Божиков“ за најдобра изведба на дело од македонски композитор. Во 2015 година ја предводи Македонската филхармонија на првото гостување на оркестарот во САД, вклучувајќи два концерта во Њујорк, во „Карнеги хол“ и во Музичкиот центар „Кауфман“.

 

The post „Денови на македонска музика “ со оркестарот на Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Овој четврток, во 20 часот ќе се одржи концерт во рамки на програмата на фестивалот „Денови на македонска музика“. Диригент е Борјан Цанев, а како солисти ќе настапат Билјана Камчева-флејта, Лазар Соколов- кларинет, Огненка Герасимовска-Димитровска – пијано и Горан Начевски – баритон. На програмата се Концертот за флејта, кларинет и оркестар од Љубомир Бранѓолица кој ќе доживее премиерна изведба, Концертот за пијано и оркестар од Властимир Николовски и Симфонијата „Убави денови“ од Живоин Глишиќ. Љубомир Бранѓолица (1932) е уникатна фигура на македонската музичка сцена во втората половина на дваесеттиот век. Во неговиот исклучително богат творечки опус има и опери и балети, и камерни и хорски композиции, како и популарни песни и аранжмани на творби од други, наши и странски автори. Неговите дела се тонални, со раскошна мелодика и со вешта оркестрација. Тоа е една од причините што постојано живеат на репертоарот на македонските и на светските музички уметници и ансамбли. Концерт за флејта, кларинет и оркестар е напишан во типичен стил на композиторот кој претставува фузија на неокласика, неоромантизам. Има елегичен призвук, потенциран преку мелодиските линии во флејтата и кларинетот, но и во богатата оркестарска делница. Во некои делови од концертот се чувствуваат и влијанијата од барокот потенцирани преку полифоните структури кои се јавуваат како далечно ехо и реминисценција. Творештвото на Властимир Николовски (1925-2001) е исклучително богато и разновидно. Опфаќа над 140 музички композиции од речиси сите видови и жанрови на класичната музика, како и голем број публицистички трудови во кои обработува различни прашања од музичката уметност. Концертот за пијано и оркестар му е посветен на пијанистот Владимир Крпан и е напишан во 1979 година. Живоин Глишиќ (1954) образованието го завршува во Скопје. Интересот кон музиката и музичкото творештво Живоин Глишиќ го пројавува многу рано. Влијание на определено насочување на тој интерес извршува Драган Ѓаконовски Шпато, со кого соработува до крајот на неговиот живот. „Убави денови“ е прва симфонија во неговиот композиторски опус. Напишана е во 2021 година, а се изведе истата година на прославата на 30 годишнината од независноста на државата во изведба на оркестарот на Македонската филхармонија. Има два става, и се базира на елементи од македонскиот фоклор, а стилот е неокласичен. Добитникот на македонското признание Виртуози „Најдобар музички изведувач во 2013 година“, диригентот Борјан Цанев, се смета за еден од најпрефинетите музичари во Македонија. Од 1999 година е постојан диригент на Македонската филхармонија и на чело на овој оркестар постигнува забележителни резултати во својата земја и во странство. Настапувал со светски реномирани солисти, меѓу кои: Иво Погорелиќ, Јоханес Мозер, Готје Капусон, Сергеј Накарјаков, Иља Гринголц, Даниел Милер-Шот, Сајака Шоџи, Симон Трпчески, Штефан Дор, Џозеф Алези, Дејвид Герет, Стефан Миленковиќ, Алексеј Огринчук, Акико Суванаи, Роман Симовиќ, Зи Зи, Стјепан Хаузер, Евгени Божанов, Криштоф Барати, Моника Лесковар, Тине Тинг Хелсет, Антал Залаи, Емануел Сејсон, Питер Лукаш-Граф, Бранимир Слокар, Ана Дурловски, Благој Нацоски и многу други. Диригирал на сите реномирани фестивали во Македонија, како и на многу фестивали во странство вклучувајќи ги: Жорж Енеску, Котор арт, Загрепски летни вечери, Варненско лето, НОМУС, Светот на музиката - Загреб и др. Борјан Цанев како диригент се појавува во САД, Англија, Јапонија, Италија, Франција, Чешка, Полска, Хрватска, Србија, Бугарија, Црна Гора, Турција, Романија, Босна и Херцеговина, Казахстан, а има направено снимки за Македонската радио-телевизија, за Бугарското национално радио, како и за „F.A.M.E'S“ Македонија. Во 2010 година, Сојузот на композиторите на Македонија му ја додели наградата „Георги Божиков“ за најдобра изведба на дело од македонски композитор. Во 2015 година ја предводи Македонската филхармонија на првото гостување на оркестарот во САД, вклучувајќи два концерта во Њујорк, во „Карнеги хол“ и во Музичкиот центар „Кауфман“.  

The post „Денови на македонска музика “ со оркестарот на Филхармонија appeared first on Република.

]]>