Денови на македонската литература Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/denovi-na-makedonskata-literatura/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Apr 2024 08:54:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Денови на македонската литература Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/denovi-na-makedonskata-literatura/ 32 32 „Денови на македонската литература“ на Филолошкиот факултет при УКИМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/denovi-na-makedonskata-literatura-na-filoloshkiot-fakultet-pri-ukim/ Mon, 01 Apr 2024 08:54:12 +0000 https://republika.mk/?p=760826

Оваа недела, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе ја посвети на македонската литература. Во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура ќе се одржи годинешното издание на манифестацијата „Денови на македонската литература“. Со предавања на еминентни професори од земјата и од странство и со настан преку кој се обедини креативниот потенцијал на студентите од повеќе генерации.

Мнифестацијата ќе биде отворена на 3 април 2024 година (среда), во 12 часот, со предавање на проф. д-р Виолета Пирузе-Тасевска, којашто сиот свој работен век го мина на оваа Катедра на Филолошкиот факултет. Предавањето ќе биде на тема „Српскиот и македонскиот книжевен романтизам“, а ќе се одржи во Библиотеката за македонска книжевност и култура на Филолошкиот факултет.

На отворањето, пред присутните ќе се обратат деканот на Филолошкиот факултет, проф. д-р Владимир Мартиновски и раководителот на Катедрата, проф. д-р Трајче Стамески.

Истиот ден, со почеток во 18 часот, во амфитеатарот 3 на Филолошкиот факултет ќе се одржи студентска вечер на македонската книжевност и култура „Непрочитано писмо“. Токму преку програмата на овој настан, студенти од повеќе генерации го обединија својот креативен потенцијал и подготвија програма со која преку рецитал, драматизација, музички точки и видео-проекции ќе се претстави дел од развојот на македонската книжевност и култура, со антологиски дела по нивен избор.

Вториот ден од манифестацијата, 4 април 2024 година (четврток) ќе биде посветен на професори што предаваат македонска книжевност на странски универзитети. Нивните предавања во рамките на манифестацијата ќе се одржат виртуелно, преку платформата Зум.

Истиот ден, во 10 часот, предавање ќе одржи проф. д-р Жељко Милановиќ од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Нови Сад. Предавањето ќе биде на тема „Како се предава македонската книжевност на Филозофскиот факултет во Нови Сад?“. Потоа, во 11 часот, предавање ќе одржи проф. д-р Намита Субиото од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, на тема „Рецепцијата на расказот ’Вампир’ од Петре М. Андреевски во Словенија: од превод до адаптација во музичко-раскажувачки перформанс“.

Гостинските предавања на професорите по македонска книжевност од странските универзитети се планира да бидат и натамошна постојана практика во рамките на настаните што на Филолошкиот факултет се организираат со влог на Катедрата за македонска книжевност и култура.

Сите настани од програмата на манифестацијата „Денови на македонската литература“ се од отворен карактер.

 

The post „Денови на македонската литература“ на Филолошкиот факултет при УКИМ appeared first on Република.

]]>

Оваа недела, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе ја посвети на македонската литература. Во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура ќе се одржи годинешното издание на манифестацијата „Денови на македонската литература“. Со предавања на еминентни професори од земјата и од странство и со настан преку кој се обедини креативниот потенцијал на студентите од повеќе генерации. Мнифестацијата ќе биде отворена на 3 април 2024 година (среда), во 12 часот, со предавање на проф. д-р Виолета Пирузе-Тасевска, којашто сиот свој работен век го мина на оваа Катедра на Филолошкиот факултет. Предавањето ќе биде на тема „Српскиот и македонскиот книжевен романтизам“, а ќе се одржи во Библиотеката за македонска книжевност и култура на Филолошкиот факултет. На отворањето, пред присутните ќе се обратат деканот на Филолошкиот факултет, проф. д-р Владимир Мартиновски и раководителот на Катедрата, проф. д-р Трајче Стамески. Истиот ден, со почеток во 18 часот, во амфитеатарот 3 на Филолошкиот факултет ќе се одржи студентска вечер на македонската книжевност и култура „Непрочитано писмо“. Токму преку програмата на овој настан, студенти од повеќе генерации го обединија својот креативен потенцијал и подготвија програма со која преку рецитал, драматизација, музички точки и видео-проекции ќе се претстави дел од развојот на македонската книжевност и култура, со антологиски дела по нивен избор. Вториот ден од манифестацијата, 4 април 2024 година (четврток) ќе биде посветен на професори што предаваат македонска книжевност на странски универзитети. Нивните предавања во рамките на манифестацијата ќе се одржат виртуелно, преку платформата Зум. Истиот ден, во 10 часот, предавање ќе одржи проф. д-р Жељко Милановиќ од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Нови Сад. Предавањето ќе биде на тема „Како се предава македонската книжевност на Филозофскиот факултет во Нови Сад?“. Потоа, во 11 часот, предавање ќе одржи проф. д-р Намита Субиото од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, на тема „Рецепцијата на расказот ’Вампир’ од Петре М. Андреевски во Словенија: од превод до адаптација во музичко-раскажувачки перформанс“. Гостинските предавања на професорите по македонска книжевност од странските универзитети се планира да бидат и натамошна постојана практика во рамките на настаните што на Филолошкиот факултет се организираат со влог на Катедрата за македонска книжевност и култура. Сите настани од програмата на манифестацијата „Денови на македонската литература“ се од отворен карактер.  

The post „Денови на македонската литература“ на Филолошкиот факултет при УКИМ appeared first on Република.

]]>