Денови на македонската култура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/denovi-na-makedonskata-kultura/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Oct 2022 09:51:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Денови на македонската култура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/denovi-na-makedonskata-kultura/ 32 32 Денови на македонската култура во Корча, Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/denovi-na-makedonskata-kultura-vo-korcha-albanija/ Wed, 26 Oct 2022 09:51:13 +0000 https://republika.mk/?p=565793

Од четврток до крајот на наделава Корча ќе пулсира во духот на македонската култура. Во организација на македонската Амбасада и Културно-информативниот центар во Тирана ќе бидат организирани „Денови на македонската култура“. Манифестацијата е составена од повеќе настани од областа на културата, образованието и бизнисот, што ќе се реализираат на повеќе места во градот.

Во просториите на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Фан Ноли“, проф. Виолета Јанушева првпат пред студентите ќе го претстави курикулумот за предавања на курсевите по македонски јазик, а деканите на Падагошкиот и на Филолошкиот факултет ќе имаат работна средба во рамките на воспоставената соработка на универзитетите од Битола и од Корча.

Во делот на културно-музичкото претставување се изложбата на НУ Завод и музеј Битола со наслов „Невестински соништа“ и дел од културното наследство на Битола и Битолско, претставено од директорката Мери Стојанова, како и самостојната изложба на уметникот Зоран Кардула.

Посебен акцент на манифестацијата се средбите на директорите на државните агенции за туризам и претставници од бизнис-секторот. Директорот на Агенцијата за привлекување и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, и директорката на албанската Дирекција за туризам, Корнелија Феризај, ќе ги договараат модалитетите за заедничка соработка и настап на трети пазари.

Манифестацијата свечено ќе ја отворат амбасадорот Данчо Марковски и градоначалникот на Корча, Сотирач Фило, кои активно ќе се вклучат во настаните.

The post Денови на македонската култура во Корча, Албанија appeared first on Република.

]]>

Од четврток до крајот на наделава Корча ќе пулсира во духот на македонската култура. Во организација на македонската Амбасада и Културно-информативниот центар во Тирана ќе бидат организирани „Денови на македонската култура“. Манифестацијата е составена од повеќе настани од областа на културата, образованието и бизнисот, што ќе се реализираат на повеќе места во градот. Во просториите на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Фан Ноли“, проф. Виолета Јанушева првпат пред студентите ќе го претстави курикулумот за предавања на курсевите по македонски јазик, а деканите на Падагошкиот и на Филолошкиот факултет ќе имаат работна средба во рамките на воспоставената соработка на универзитетите од Битола и од Корча. Во делот на културно-музичкото претставување се изложбата на НУ Завод и музеј Битола со наслов „Невестински соништа“ и дел од културното наследство на Битола и Битолско, претставено од директорката Мери Стојанова, како и самостојната изложба на уметникот Зоран Кардула. Посебен акцент на манифестацијата се средбите на директорите на државните агенции за туризам и претставници од бизнис-секторот. Директорот на Агенцијата за привлекување и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, и директорката на албанската Дирекција за туризам, Корнелија Феризај, ќе ги договараат модалитетите за заедничка соработка и настап на трети пазари. Манифестацијата свечено ќе ја отворат амбасадорот Данчо Марковски и градоначалникот на Корча, Сотирач Фило, кои активно ќе се вклучат во настаните.

The post Денови на македонската култура во Корча, Албанија appeared first on Република.

]]>
Отворени „Денови на македонската култура“ во организација на Македонците во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvoreni-denovi-na-makedonskata-kultura-vo-organizacija-na-makedoncite-vo-belgrad/ Tue, 24 May 2022 18:06:12 +0000 https://republika.mk/?p=506491

Во организација на Здружението на Македонци „Македониум“ во Белград се одржува 11-та традиционалната културна манифестација „Денови на македонската култура „Допирот на Македонија“, која ќе трае од 23 мај до 31 мај, јави дописиникот на МИА од Белград.

Во рамки на манифестацијата предвидена е богата, повеќедневна програма, а љубителите на македонската култура и традиција во Белград ќе имаат можност да се запознаат и уживаат во различни културни содржини.

Манифестацијата, синоќа, во Педагошкиот музеј ја отвори в.д. амбасадорката во Белград, Михаела Веселинов, се концерт на дуото „Етно лирикс“ во состав Јелена Алексиќ -сопран и Магдица Манасиева-пијано, со репертоар сочинет од традиционални македонски песни споени во уникатен аранжман на класична музика, џез и фолклор, што е нов модерен пристап македонската народна уметност на композиторот Саша Ливрински, кој присуствуваше на концертот.

На 24 Мај во Конакот на кнегиња Љубица свечено ќе биде отворена изложба на слики „Македонска азбука“ на Сергеј Андреевски. Тоа е циклус кој содржи 31 слика за секоја буква на македонската азбука, посветена на великанот на македонски јазик Блаже Конески, а по повод одбележувањето на 100-годишнината од неговото раѓање, со цел запознавање на јавноста со значењето на македонското кирилично писмо и јазикот.

Како што највија организаторите на манифестацијата, на 25 мај во Конакот на кнегиња Љубица ќе се одржи промоција на книгата „Невино време“ на Иван Иванов, а на 26 мај проекција на документарниот филм „Манаки-проекција во слики“ во режија на Роберт Јанкуловски.

На 27 во Педагошки музеј ќе се одржи промоција на книгата „Воз на животот“ на Соња Коневска Жугиќ, а утредента концерт ќе има оперската пејачка Биљана Камчева од Скопје.

Програмата се затвора на 31 мај, со гостување на театарот „Провокација“ од Скопје со популарната романтична комедија „Разведи ме“ во режиија на Роберт Ристов.

Целта на манифестацијата „Денови на македонската култура во Белград“ е негување на пријателските и нераскинливи врски на двете земји или како што посочија Македонците во Белград, целта е „таа да биде мост меѓу нашите две татковини, односно во онаа во која живеема да и дадеме културна содржината од онаа од која потекнуваме“.

 

The post Отворени „Денови на македонската култура“ во организација на Македонците во Белград appeared first on Република.

]]>

Во организација на Здружението на Македонци „Македониум“ во Белград се одржува 11-та традиционалната културна манифестација „Денови на македонската култура „Допирот на Македонија“, која ќе трае од 23 мај до 31 мај, јави дописиникот на МИА од Белград. Во рамки на манифестацијата предвидена е богата, повеќедневна програма, а љубителите на македонската култура и традиција во Белград ќе имаат можност да се запознаат и уживаат во различни културни содржини. Манифестацијата, синоќа, во Педагошкиот музеј ја отвори в.д. амбасадорката во Белград, Михаела Веселинов, се концерт на дуото „Етно лирикс“ во состав Јелена Алексиќ -сопран и Магдица Манасиева-пијано, со репертоар сочинет од традиционални македонски песни споени во уникатен аранжман на класична музика, џез и фолклор, што е нов модерен пристап македонската народна уметност на композиторот Саша Ливрински, кој присуствуваше на концертот. На 24 Мај во Конакот на кнегиња Љубица свечено ќе биде отворена изложба на слики „Македонска азбука“ на Сергеј Андреевски. Тоа е циклус кој содржи 31 слика за секоја буква на македонската азбука, посветена на великанот на македонски јазик Блаже Конески, а по повод одбележувањето на 100-годишнината од неговото раѓање, со цел запознавање на јавноста со значењето на македонското кирилично писмо и јазикот. Како што највија организаторите на манифестацијата, на 25 мај во Конакот на кнегиња Љубица ќе се одржи промоција на книгата „Невино време“ на Иван Иванов, а на 26 мај проекција на документарниот филм „Манаки-проекција во слики“ во режија на Роберт Јанкуловски. На 27 во Педагошки музеј ќе се одржи промоција на книгата „Воз на животот“ на Соња Коневска Жугиќ, а утредента концерт ќе има оперската пејачка Биљана Камчева од Скопје. Програмата се затвора на 31 мај, со гостување на театарот „Провокација“ од Скопје со популарната романтична комедија „Разведи ме“ во режиија на Роберт Ристов. Целта на манифестацијата „Денови на македонската култура во Белград“ е негување на пријателските и нераскинливи врски на двете земји или како што посочија Македонците во Белград, целта е „таа да биде мост меѓу нашите две татковини, односно во онаа во која живеема да и дадеме културна содржината од онаа од која потекнуваме“.  

The post Отворени „Денови на македонската култура“ во организација на Македонците во Белград appeared first on Република.

]]>