Денови на македонска музика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/denovi-na-makedonska-muzika/ За подобро да се разбереме Sun, 15 Sep 2024 17:41:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Денови на македонска музика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/denovi-na-makedonska-muzika/ 32 32 Концерт на пијано дуо на „Денови на македонска музика” https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-pijano-duo-na-denovi-na-makedonska-muzika/ Sun, 15 Sep 2024 18:05:35 +0000 https://republika.mk/?p=816588

Во рамките на втората сезона на фестивалот на современа музика „Денови на македонска музика”, кој со есенското издание продолжува традицијата што успешно се воспоставува во последните години, СОКОМ го најавува концертот на пијано дуото во вторник во 20 часот во состав Јасмина Трајческа (Македонија) и Ловорка Немеш Дулар (Словенија), пренесува „Плусинфо“.

На концертот ќе бидат изведени дела за две пијана од реномираните македонски композитори Томислав Зографски (1934–2000) и Стојче Тошевски (1944–2008), со што ќе бидат одбележани два значајни јубилеја: 90 години од раѓањето на Зографски и 80 години од раѓањето на Тошевски. Покрај македонските творби, програмата вклучува и дело на словенечкиот композитор Јанез Матичич (1926–2022).

Концертот ќе го слави богатото музичко творештво на двете држави преку длабоки и впечатливи изведби, кои ќе понудат свеж поглед на делата на овие истакнати композитори.

Влезот на концертот на Пијано дуото Трајческа – Немеш Дулар на „Деновите на македонска музика”, е слободен.

The post Концерт на пијано дуо на „Денови на македонска музика” appeared first on Република.

]]>

Во рамките на втората сезона на фестивалот на современа музика „Денови на македонска музика”, кој со есенското издание продолжува традицијата што успешно се воспоставува во последните години, СОКОМ го најавува концертот на пијано дуото во вторник во 20 часот во состав Јасмина Трајческа (Македонија) и Ловорка Немеш Дулар (Словенија), пренесува „Плусинфо“. На концертот ќе бидат изведени дела за две пијана од реномираните македонски композитори Томислав Зографски (1934–2000) и Стојче Тошевски (1944–2008), со што ќе бидат одбележани два значајни јубилеја: 90 години од раѓањето на Зографски и 80 години од раѓањето на Тошевски. Покрај македонските творби, програмата вклучува и дело на словенечкиот композитор Јанез Матичич (1926–2022). Концертот ќе го слави богатото музичко творештво на двете држави преку длабоки и впечатливи изведби, кои ќе понудат свеж поглед на делата на овие истакнати композитори. Влезот на концертот на Пијано дуото Трајческа – Немеш Дулар на „Деновите на македонска музика”, е слободен.

The post Концерт на пијано дуо на „Денови на македонска музика” appeared first on Република.

]]>
Денови на македонска музика: Концерт на камерниот оркестар Профундис со солисти https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/denovi-na-makedonska-muzika-kontsert-na-kamerniot-orkestar-profundis-so-solisti/ Sun, 24 Mar 2024 11:11:00 +0000 https://republika.mk/?p=758059

Денес со почеток во 18:00 часот, во рамките на Деновите на македонска музика 2024, во малата сала на  Македонската Филхармонија ќе се одржи концертот на камерниот оркестар Профундис.

диригент: Ѓурѓица Дашиќ
солисти: Владимир Костов – виолина
Фана Спиркоска – виола

 

Програма:

Гоце Коларовски (1959-2006)
Скрб за гудачки оркестар (1994)

 

Гоце Гавриловски (1978)
REQUIEM FOR A NATURE за гудачки оркестар (2020)*светска премиера

Дарија Андовска (1979)
даМар за соло виола и гудачки ансамбл **македонска премиера
Фана Спиркоска -виола

 

Фатос Лумани (1983)
КОНЦЕРТ РАПСОДИЈА за соло виолина, пијано и гудачки оркестар (2005)
Владимир Костов – виолина
Марија Вршкова – пијано

Ангел Спироски (1996)
…seufztза гудачки оркестар (2021)**македонска премиера

Влезот е слободен

The post Денови на македонска музика: Концерт на камерниот оркестар Профундис со солисти appeared first on Република.

]]>

Денес со почеток во 18:00 часот, во рамките на Деновите на македонска музика 2024, во малата сала на  Македонската Филхармонија ќе се одржи концертот на камерниот оркестар Профундис.
диригент: Ѓурѓица Дашиќ солисти: Владимир Костов – виолина Фана Спиркоска – виола   Програма: Гоце Коларовски (1959-2006) Скрб за гудачки оркестар (1994)   Гоце Гавриловски (1978) REQUIEM FOR A NATURE за гудачки оркестар (2020)*светска премиера Дарија Андовска (1979) даМар за соло виола и гудачки ансамбл **македонска премиера Фана Спиркоска -виола   Фатос Лумани (1983) КОНЦЕРТ РАПСОДИЈА за соло виолина, пијано и гудачки оркестар (2005) Владимир Костов – виолина Марија Вршкова – пијано Ангел Спироски (1996) …seufztза гудачки оркестар (2021)**македонска премиера Влезот е слободен

The post Денови на македонска музика: Концерт на камерниот оркестар Профундис со солисти appeared first on Република.

]]>
47. „Денови на македонска музика“ во знакот на извонредното творештво на македонските композитори https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/47-denovi-na-makedonska-muzika-vo-znakot-na-izvonrednoto-tvoreshtvo-na-makedonskite-kompozitori/ Mon, 18 Mar 2024 07:48:44 +0000 https://republika.mk/?p=755719

На 22 март (петок) почнува новото издание на Фестивалот „Денови на македонска музика“ со концерт на Воениот оркестар на Армијата под диригентска палка на Горан Илијевски во големата сала на Филхармонија.

На концертот ќе бидат изведени дела од македонските композитори создадени за голем дувачки оркестар. Програмата на „47.Денови на македонска музика“ е во знакот на извонредното творештво на македонските композитори од поголем обем: симфониско, оперско, дела за гудачки оркестар, но и камерен опус. Со концертите ќе бидат одбележани и повеќе значајни јубилеи, на композиторите Томислав Зографски, Михајло Николовски, Стојче Тошевски, Живојин Глишиќ, Тодор Трајчевски,  но јубилеите на МРТВ - 80 години од основањето и Н.У. Танец - 75 години од основањето.

Вториот концерт е на 24.03.2024 (недела) во малата сала на Филхармонија, камерниот оркестар „Профундис“ со солисти ќе ги изведат делата на композиторите Гоце Коларовски, Фатос Лумани, Дарија Андовска, Гоце Гавриловски и Ангел Спироски.

Програмата на фестивалот вклучува премиерни изведби на дела од помладата генерација, како и изведбите на дела што се вбројуваат во ремек-делата на сите генерации композитори. Со свои концерти ќе се вклучат и Националната опера и балет, Филхармонија, камерниот ансамбл „Алтус“, а ќе заврши со традиционалната Трибина посветена на состојбите со творештвото на македонските композитори.

Уметничкиот одбор и СОКОМ при кониципирање на програмата поаѓа од фактот - домашното уметничко творештво зависи од сите нас, од нашата одговорност и од нашата грижа да овозможиме создавање, изведба и промоција на дела што го означуваат нашето минато, сегашност и иднина.

Влезот на сите концерти е слободен.

The post 47. „Денови на македонска музика“ во знакот на извонредното творештво на македонските композитори appeared first on Република.

]]>

На 22 март (петок) почнува новото издание на Фестивалот „Денови на македонска музика“ со концерт на Воениот оркестар на Армијата под диригентска палка на Горан Илијевски во големата сала на Филхармонија.

На концертот ќе бидат изведени дела од македонските композитори создадени за голем дувачки оркестар. Програмата на „47.Денови на македонска музика“ е во знакот на извонредното творештво на македонските композитори од поголем обем: симфониско, оперско, дела за гудачки оркестар, но и камерен опус. Со концертите ќе бидат одбележани и повеќе значајни јубилеи, на композиторите Томислав Зографски, Михајло Николовски, Стојче Тошевски, Живојин Глишиќ, Тодор Трајчевски,  но јубилеите на МРТВ - 80 години од основањето и Н.У. Танец - 75 години од основањето.

Вториот концерт е на 24.03.2024 (недела) во малата сала на Филхармонија, камерниот оркестар „Профундис“ со солисти ќе ги изведат делата на композиторите Гоце Коларовски, Фатос Лумани, Дарија Андовска, Гоце Гавриловски и Ангел Спироски.

Програмата на фестивалот вклучува премиерни изведби на дела од помладата генерација, како и изведбите на дела што се вбројуваат во ремек-делата на сите генерации композитори. Со свои концерти ќе се вклучат и Националната опера и балет, Филхармонија, камерниот ансамбл „Алтус“, а ќе заврши со традиционалната Трибина посветена на состојбите со творештвото на македонските композитори.

Уметничкиот одбор и СОКОМ при кониципирање на програмата поаѓа од фактот - домашното уметничко творештво зависи од сите нас, од нашата одговорност и од нашата грижа да овозможиме создавање, изведба и промоција на дела што го означуваат нашето минато, сегашност и иднина.

Влезот на сите концерти е слободен.

The post 47. „Денови на македонска музика“ во знакот на извонредното творештво на македонските композитори appeared first on Република.

]]>
ДММ 2022: Концерт на Женскиот хор „ПРО АРС“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dmm-2022-koncert-na-zenskiot-hor-pro-ars/ Sun, 10 Apr 2022 17:21:30 +0000 https://republika.mk/?p=486316

В понеделник, (11 април) во Фоајето на Националната опера и балет, со почеток во 20 часот, ќе се одржи Концерт на Женскиот хор ПРО АРС под диригентската палка на Сашо Татарчевски
За програмата
На концертот во рамките на „Деновите на македонска музика“, професионалниот камерен хор „Про Арс“ ќе настапи со својата женска секција, претставувајќи ја македонската хорска творечка мисла како една од најекпонираните форми на музички израз на нашите автори преку избор од опусот на композитори од неколку различни творечки генерации. Овој состав на „Про Арс“ на публиката ќе ѝ понуди можност да ужива во креациите на хорски дела од Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски, Драган Шуплевски, Томе Прошев, Димче Николески, Михајло Николовски, Стојче Тошевски, Јане Коџабашија, Томе Манчев и Гоце Гавриловски.

За хорот ПРО АРС
Професионалниот мешан хор „Про Арс“ е формиран 2011 година од страна диригентот Сашо Татарчевски по негово повеќегодишно делување во сферата на хорската уметност и анализа што укажа на недостатокот од еден ваков ансамбл, кој професионално и пред сѐ квалитетно би одговорил на потребите на музичката сцена во Македонија.

Предностите на хорот станаа видливи уште во првата година од неговата активност, презентирајќи висок квалитет на изведбите, мобилност и можност за изведба на широк репертоар со различна жанровска определба. Посебен акцент и посветеност се дава на веќе постоечкото македонско хорско творештво, но и на поттикнувањето на младите автори за пишување нова хорска музика. Во своето десет годишно делување, хорот оствари самостојни концерти со уметничка хорска музика, концерти на „Деновите на македонска музика“ со праизведби на композиции од македонски и странски автори, концерти на реномирани фестивали како Охридско лето, Денови на македонска музика, Есенски музички свечености, соработка со разни фондации и здруженија во реализирање концертни програми со хетерогена жанровска определба. Од 2018 година хорот е редовен гостин на концертите со вокално-инструментална музика на Македонската филхармонија, настапувајќи не само со местро Татарчевски, туку и со диригенти како Густав Кун, Емил Табаков, Габриел Бебешелеа и др. Про Арс во последните шест години реализирал огромен број студиски снимки за едукативни програми,  солистички албуми, како и филмска музика за високобуџетни интернационални филмски остварувања во студиото F.A.M.E.S. Од 2017 година хорот ја започна и својата меѓународна афирмација со настапите на престижни сцени во Солун, Софија и Виена.

Во креациите на дела од македонски автори хорот „Про Арс“ музичката критика редовно го истакнува „потенцијалот на хористите за отсликување на тонскиот квалитет на делата, конзистентно мелодиско фразирање и хармонски спој, јасно дефинирање на естетиката и експресијата на музичката партитура“. 

Сашо Татарчевски дипломира и магистрира на ФМУ во Скопје, работејќи со Драган Шуплевски, Фимчо Муратовски и Саша Николовски. Посетува и мајсторски курсеви кај познати диригенти во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Фиренца, Сартеано и Санкт Петерсбург. Настапувал со голем број ансамбли вклучувајќи ги Македонската филхармонија, Македонската опера и балет, Камерниот оркестар на Битола, Симфонискиот оркестар на ИКО од Рим, Оркестарот на Ермитаж од Санкт Петерсбург, Симфонискиот оркестар на ФМУ, Битолската опера, ансамблите за современа музика „Алеа“ и „КонТемпора“ и други камерни и симфониски состави. Редовно снима со различни ансамбли во студиото F.A.M.E.S.

Освен на сцените низ Македонија, вклучувајќи ги и најреномираните манифестации како „Охридско лето“, „Денови на македонска музика“, „Интерфест“, „Скопско лето“ и многу други, има настапувано и освоено награди со повеќе ансамбли во голем број европски земји. Во моментов работи на ФМУ во Скопје како професор по група предмети од областа на диригирањето, хорот „Драган Шуплевски“ и камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“. Освен тоа, Татарчевски е уметнички раководител на професионалниот хор „Про Арс“ и диригент на Женскиот младински хор при МКЦ. Редовен член е на неколку жири комисии на интернационални хорски натпревари како и раководител на Меѓународниот хорски форум во Струга.

Влезот е на концертот е слободен. 

The post ДММ 2022: Концерт на Женскиот хор „ПРО АРС“ appeared first on Република.

]]>

В понеделник, (11 април) во Фоајето на Националната опера и балет, со почеток во 20 часот, ќе се одржи Концерт на Женскиот хор ПРО АРС под диригентската палка на Сашо Татарчевски За програмата На концертот во рамките на „Деновите на македонска музика“, професионалниот камерен хор „Про Арс“ ќе настапи со својата женска секција, претставувајќи ја македонската хорска творечка мисла како една од најекпонираните форми на музички израз на нашите автори преку избор од опусот на композитори од неколку различни творечки генерации. Овој состав на „Про Арс“ на публиката ќе ѝ понуди можност да ужива во креациите на хорски дела од Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски, Драган Шуплевски, Томе Прошев, Димче Николески, Михајло Николовски, Стојче Тошевски, Јане Коџабашија, Томе Манчев и Гоце Гавриловски. За хорот ПРО АРС Професионалниот мешан хор „Про Арс“ е формиран 2011 година од страна диригентот Сашо Татарчевски по негово повеќегодишно делување во сферата на хорската уметност и анализа што укажа на недостатокот од еден ваков ансамбл, кој професионално и пред сѐ квалитетно би одговорил на потребите на музичката сцена во Македонија. Предностите на хорот станаа видливи уште во првата година од неговата активност, презентирајќи висок квалитет на изведбите, мобилност и можност за изведба на широк репертоар со различна жанровска определба. Посебен акцент и посветеност се дава на веќе постоечкото македонско хорско творештво, но и на поттикнувањето на младите автори за пишување нова хорска музика. Во своето десет годишно делување, хорот оствари самостојни концерти со уметничка хорска музика, концерти на „Деновите на македонска музика“ со праизведби на композиции од македонски и странски автори, концерти на реномирани фестивали како Охридско лето, Денови на македонска музика, Есенски музички свечености, соработка со разни фондации и здруженија во реализирање концертни програми со хетерогена жанровска определба. Од 2018 година хорот е редовен гостин на концертите со вокално-инструментална музика на Македонската филхармонија, настапувајќи не само со местро Татарчевски, туку и со диригенти како Густав Кун, Емил Табаков, Габриел Бебешелеа и др. Про Арс во последните шест години реализирал огромен број студиски снимки за едукативни програми,  солистички албуми, како и филмска музика за високобуџетни интернационални филмски остварувања во студиото F.A.M.E.S. Од 2017 година хорот ја започна и својата меѓународна афирмација со настапите на престижни сцени во Солун, Софија и Виена. Во креациите на дела од македонски автори хорот „Про Арс“ музичката критика редовно го истакнува „потенцијалот на хористите за отсликување на тонскиот квалитет на делата, конзистентно мелодиско фразирање и хармонски спој, јасно дефинирање на естетиката и експресијата на музичката партитура“.  Сашо Татарчевски дипломира и магистрира на ФМУ во Скопје, работејќи со Драган Шуплевски, Фимчо Муратовски и Саша Николовски. Посетува и мајсторски курсеви кај познати диригенти во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Фиренца, Сартеано и Санкт Петерсбург. Настапувал со голем број ансамбли вклучувајќи ги Македонската филхармонија, Македонската опера и балет, Камерниот оркестар на Битола, Симфонискиот оркестар на ИКО од Рим, Оркестарот на Ермитаж од Санкт Петерсбург, Симфонискиот оркестар на ФМУ, Битолската опера, ансамблите за современа музика „Алеа“ и „КонТемпора“ и други камерни и симфониски состави. Редовно снима со различни ансамбли во студиото F.A.M.E.S. Освен на сцените низ Македонија, вклучувајќи ги и најреномираните манифестации како „Охридско лето“, „Денови на македонска музика“, „Интерфест“, „Скопско лето“ и многу други, има настапувано и освоено награди со повеќе ансамбли во голем број европски земји. Во моментов работи на ФМУ во Скопје како професор по група предмети од областа на диригирањето, хорот „Драган Шуплевски“ и камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“. Освен тоа, Татарчевски е уметнички раководител на професионалниот хор „Про Арс“ и диригент на Женскиот младински хор при МКЦ. Редовен член е на неколку жири комисии на интернационални хорски натпревари како и раководител на Меѓународниот хорски форум во Струга. Влезот е на концертот е слободен. 

The post ДММ 2022: Концерт на Женскиот хор „ПРО АРС“ appeared first on Република.

]]>
ДММ 2022: Концерт на Ансамблот „Меитар“ од Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dmm-2022-koncert-na-ansamblot-meitar-od-izrael/ Sat, 09 Apr 2022 10:58:55 +0000 https://republika.mk/?p=485782

Денеска, (сабота, 9 април) во Музеј на македонската борба, со почеток во 20 часот, во рамките на манифестацијата „Денови на македонска музика“ , концерт ќе одржи Ансамблот „МЕИТАР“ - Израел: Талиа Херцлих - виолина, Јони Готлибович - виолончело, Амит Долберт - пијано.
„Деновите на македонска музика“ и на ова издание на својата публика ќе ѝ овозможи откривање на современата музика други културни средини. Фестивалот оваа година повторно ќе биде домаќин на врвниот ансамбл „Меитар“, чие прво гостување во нашата земја се случи токму на „Деновите“ во 2018 година. Ансамблот „Меитар“ на ова гостување ќе престави дел од актуелното македонско и израелско творештво, изведувајќи дела од македонските композитори Сотир Голбовски, Мирослав Спасов и Михаило Трандафиловски и израелските автори Арик Шапира, Ели Корман, Јаир Клартаг.  На овој начин, преку ваквите гостувања, ДММ продолжуваат да поттикнуваат значајна меѓукултурна размена и да создаваат инспиративна база за меѓусебна комуникација и интеракција помеѓу музичарите, композиторите и публиката. 

За Ансамблот МЕИТАР
Признаен од страна на New York Times за својата „извонредност, грациозност и прецизност“ во музицирањето, ансамблот „Меитар“, основан во 2004 година од страна на уметничкиот директор и пијанист Амит Долберг се етаблира како еден од водечките ансамбли специјализирани за изведба на нова музика во Израел, чии членови се истакнати виртуози и музички професионалци. Од Тел Авив, ансамблот постојано гостува ширум светот каде настапува во некои од најпрестижните концертни сали и фестивали како Центарот Помпиду во Париз, Собата на Персел во Лондон, Московскиот конзерваториум, Универзитет Јеил, Биеналето за современа музика во Венеција, Фестивалот Фруелинг во Хајделберг, 92Y во Њујорк, Фестивалот „Звучни бранови“ во Санкт Петербург и многу други. Членовите на ансамблот имаат реализирано уметнички резиденции во рамките на фестивалот МАТА во Њујорк, на Универзитетот Дармут, во рамките на фестивалот Zeitkunst во Берлин, на Израелскиот конзерваториум за музика во Тел Авив.

Во изминатите петнаесеттина години, ансамблот има нарачано и премиерно изведено преку 300 нови дела, а редовно соработува со композитори како Фабијан Панисело, Марк Андре, Валтер Зимерман, Филип Леру, Матијас Пинчер, Даниел Питер Биро, Иван Феделе, Чаја Черновин, Владимир Тарнополски, Гија Канчели, со издавачките куќи VERSO од Шпанија, ALBANY од САД, музичкото издаваштво при Израелскиот институт за музика и други.

Во текот на годините, ансамблот се закитил со бројни признанија за особен придонес во развојот на израелската музика и култура, меѓу кои наградите „Бинијами“ (2006), „Партош“ (2008) и „Ландау“ (2010). Ансамблот „Меитар“ е иницијатор на уникатна образовна програма за млади, наречена Проектот Тедарим, што им овозможува на музичари од различни полиња на делување (изведба, диригирање и композиција) можност да се едуцираат и да истражуваат нови хоризонти на современа музика и на специјалната програма за современа музика за деца насловена „Што е бука?“, која доживува огромен успех во Израел.

Освен тоа, ансамблот е основач на Фестивалот за нова музика CEME како и мастер класови за млади професионални музичари, каде досега настапиле Иван Феделе, Фабијан Панизело, Пјер Андре Валаде, членовите на Ансамблот „Модерн“ и други истакнати уметници.

Влезот е на концертот е слободен.

The post ДММ 2022: Концерт на Ансамблот „Меитар“ од Израел appeared first on Република.

]]>

Денеска, (сабота, 9 април) во Музеј на македонската борба, со почеток во 20 часот, во рамките на манифестацијата „Денови на македонска музика“ , концерт ќе одржи Ансамблот „МЕИТАР“ - Израел: Талиа Херцлих - виолина, Јони Готлибович - виолончело, Амит Долберт - пијано. „Деновите на македонска музика“ и на ова издание на својата публика ќе ѝ овозможи откривање на современата музика други културни средини. Фестивалот оваа година повторно ќе биде домаќин на врвниот ансамбл „Меитар“, чие прво гостување во нашата земја се случи токму на „Деновите“ во 2018 година. Ансамблот „Меитар“ на ова гостување ќе престави дел од актуелното македонско и израелско творештво, изведувајќи дела од македонските композитори Сотир Голбовски, Мирослав Спасов и Михаило Трандафиловски и израелските автори Арик Шапира, Ели Корман, Јаир Клартаг.  На овој начин, преку ваквите гостувања, ДММ продолжуваат да поттикнуваат значајна меѓукултурна размена и да создаваат инспиративна база за меѓусебна комуникација и интеракција помеѓу музичарите, композиторите и публиката.  За Ансамблот МЕИТАР Признаен од страна на New York Times за својата „извонредност, грациозност и прецизност“ во музицирањето, ансамблот „Меитар“, основан во 2004 година од страна на уметничкиот директор и пијанист Амит Долберг се етаблира како еден од водечките ансамбли специјализирани за изведба на нова музика во Израел, чии членови се истакнати виртуози и музички професионалци. Од Тел Авив, ансамблот постојано гостува ширум светот каде настапува во некои од најпрестижните концертни сали и фестивали како Центарот Помпиду во Париз, Собата на Персел во Лондон, Московскиот конзерваториум, Универзитет Јеил, Биеналето за современа музика во Венеција, Фестивалот Фруелинг во Хајделберг, 92Y во Њујорк, Фестивалот „Звучни бранови“ во Санкт Петербург и многу други. Членовите на ансамблот имаат реализирано уметнички резиденции во рамките на фестивалот МАТА во Њујорк, на Универзитетот Дармут, во рамките на фестивалот Zeitkunst во Берлин, на Израелскиот конзерваториум за музика во Тел Авив. Во изминатите петнаесеттина години, ансамблот има нарачано и премиерно изведено преку 300 нови дела, а редовно соработува со композитори како Фабијан Панисело, Марк Андре, Валтер Зимерман, Филип Леру, Матијас Пинчер, Даниел Питер Биро, Иван Феделе, Чаја Черновин, Владимир Тарнополски, Гија Канчели, со издавачките куќи VERSO од Шпанија, ALBANY од САД, музичкото издаваштво при Израелскиот институт за музика и други. Во текот на годините, ансамблот се закитил со бројни признанија за особен придонес во развојот на израелската музика и култура, меѓу кои наградите „Бинијами“ (2006), „Партош“ (2008) и „Ландау“ (2010). Ансамблот „Меитар“ е иницијатор на уникатна образовна програма за млади, наречена Проектот Тедарим, што им овозможува на музичари од различни полиња на делување (изведба, диригирање и композиција) можност да се едуцираат и да истражуваат нови хоризонти на современа музика и на специјалната програма за современа музика за деца насловена „Што е бука?“, која доживува огромен успех во Израел. Освен тоа, ансамблот е основач на Фестивалот за нова музика CEME како и мастер класови за млади професионални музичари, каде досега настапиле Иван Феделе, Фабијан Панизело, Пјер Андре Валаде, членовите на Ансамблот „Модерн“ и други истакнати уметници. Влезот е на концертот е слободен.

The post ДММ 2022: Концерт на Ансамблот „Меитар“ од Израел appeared first on Република.

]]>