денот на рударите Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/denot-na-rudarite/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Aug 2024 13:22:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png денот на рударите Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/denot-na-rudarite/ 32 32 Божиновска: Рударите се ударни и клучни двигатели на домашната економија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bozhinovska-rudarite-se-udarni-i-kluchni-dvigateli-na-domashnata-ekonomija/ Wed, 28 Aug 2024 13:22:53 +0000 https://republika.mk/?p=810908

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска присуствуваше на одбележувањето на Денот на рударите во Пробиштип и во Македонска Каменица.

Како што информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, министерката Божиновска им го честиташе празникот на рударите и се осврна на значењето на работниците и на пристапот на Владата кон оваа стопанско-индустриска гранка.

- Особено се радувам и почестена сум што денеска имам можност, на најзначајниот ден за рударите, да се сретнам, да се соочам и да се запознам  со ударните и клучни двигатели на една од најтешките и најризични професии во светот.  Фактот што за првпат во Македонија е формирано Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, доволно говори за сериозноста со која Владата сака да пристапи кон ефективно подобрување на условите во оваа дејност, нагласила Божиновска.

Според Божиновска, инвестиции се потребни и нив во рударството треба да ги има.

- Но, важно е континуирано да се стремиме кон подобрување на условите за работа и инсистираме на целосна примена на стандардите за заштита и здравје при работа. Партнерството со приватниот сектор од индустријата е исклучително важно. Делење на исти стратешки цели, при што позицијата на вработените, модернизацијата на работните процеси и заштитата на животната средина ќе бидат приоритети кон сѐ што ќе работи ова министерство. Само на тој начин ќе бидеме на сигурната страна дека се стремиме кон позитивни промени во секоја смисла, истакнала Божиновска.

The post Божиновска: Рударите се ударни и клучни двигатели на домашната економија appeared first on Република.

]]>

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска присуствуваше на одбележувањето на Денот на рударите во Пробиштип и во Македонска Каменица. Како што информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, министерката Божиновска им го честиташе празникот на рударите и се осврна на значењето на работниците и на пристапот на Владата кон оваа стопанско-индустриска гранка.
- Особено се радувам и почестена сум што денеска имам можност, на најзначајниот ден за рударите, да се сретнам, да се соочам и да се запознам  со ударните и клучни двигатели на една од најтешките и најризични професии во светот.  Фактот што за првпат во Македонија е формирано Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, доволно говори за сериозноста со која Владата сака да пристапи кон ефективно подобрување на условите во оваа дејност, нагласила Божиновска.
Според Божиновска, инвестиции се потребни и нив во рударството треба да ги има.
- Но, важно е континуирано да се стремиме кон подобрување на условите за работа и инсистираме на целосна примена на стандардите за заштита и здравје при работа. Партнерството со приватниот сектор од индустријата е исклучително важно. Делење на исти стратешки цели, при што позицијата на вработените, модернизацијата на работните процеси и заштитата на животната средина ќе бидат приоритети кон сѐ што ќе работи ова министерство. Само на тој начин ќе бидеме на сигурната страна дека се стремиме кон позитивни промени во секоја смисла, истакнала Божиновска.

The post Божиновска: Рударите се ударни и клучни двигатели на домашната економија appeared first on Република.

]]>
Бектеши и Ковачевски: Големото значење на рударите се покажа во текот на енергетската криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-i-kovachevski-golemoto-znachenje-na-rudarite-se-pokaza-vo-tekot-na-energetskata-kriza/ Fri, 26 Aug 2022 15:19:01 +0000 https://republika.mk/?p=544507

“Рударите се наш бесценет човечки ресурс. Рударството е основна гранка за индустриски развој на државата, а следејќи ги актуелните случувања во светот, оваа индустрија ќе стане основен фактор за опстанок и развој. Македонија има непроценливо природно богатство и затоа треба со особено внимание да се грижиме за наоѓалиштата на минерални суровини кај нас“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на свеченоста по повод Денот на рударите во РЕК Битола.

Министерот потенцираше дека оваа година вниманието на Министерството за економија, како и на владата, е насочено кон спречување и надминување на енергетската криза која ја зафати цел Европа па и светот.

Сигурноста во снабдувањето со енергија денес претставува основен универзален услов за стопански развој на една земја или регион. Според степенот на користење на енергијата може да се согледа нивото на економска, технолошка и културна подготвеност на секоја средина, кажа министерот Бектеши.

Министерот забележа дека во изминатиов период се соочивме со сериозни предизвици во секторот рударство особено од аспект на заштита на животната средина, што резултираше со законски измени со кои значително се зајакнува контролата над работата на концесионерите, но од друга страна пак се олеснува патот за компаниите кои сакаат да вложат во оваа индустрија и истовремено да ги почитуваат и применуваат највисоките стандарди за работа, овозможувајќи безбедност при работа на рударите кои се изложени на највисок ризик при работењето.

Министерството за економија со несмалено темпо ќе ги продолжи планираните активности во секторот рударство, обрнувајќи посебно внимание на овој економски сегмент во насока на одржлив раст и развој, остварувајќи партнерски однос со човечкиот потенцијал кој работи во овој значаен економски сектор, кажа Бектеши.

Генералниот директор и претседател на УО на на АД Електрани на Македонија-ЕСМ, м-р Васко Ковачевски, во своето обраќање истакна дека една грејна сезона успешно е зад нас, но следува уште една, нова, потешка, по сите предвидувања можеби најтешка во последните 70 години во Европа.

Изминатата грејна сезона покажа дека со силен ангажман на сите, почнувајќи од вработените, раководителите, директорите, менаџментот, сите заедно, можеме да ги пребродиме сите кризи. Јагленот е основата на производството на електрична енергија од АД ЕСМ и значењето на рударите за нашиот систем дојде до целосен израз во условите на енергетската криза, кога се води засилен процес што повеќе јаглен да се ископа и истиот да се донесе до термоелектраната, кадешто исто така вработените вложуваат максимални напори системот да работи со целосна снага и да се држи функционален. РЕК Битола останува основата на електро-енергетскиот систем на нашата држава. Наша цел како компанија е во иднина повеќе да вложуваме и тоа и го правиме: и во постоечките, но и во нови производни капацитети, кажа Ковачевски.

Директорот додаде дека вложуваат и ќе вложуваат и понатаму во обновливи извори на енергија, што е согласно со државната енергетска стратегија.

Но вложуваме и во одржување на другите електрани, посебно во РЕК Битола, од причини што во овие услови без енергија од термоелектрани е невозможно да се одржи стабилен и сигурен енергетски систем, кажа Ковачевски.

The post Бектеши и Ковачевски: Големото значење на рударите се покажа во текот на енергетската криза appeared first on Република.

Аца Лукас не е дел од „Џој Фест“, ќе пее за Денот на рударите, вели градоначалникот на Крива Паланка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aca-lukas-ne-e-del-od-dzoj-fest-kje-pee-za-denot-na-rudarite-veli-gradonachalnikot-na-kriva-palanka/ Thu, 18 Aug 2022 09:26:46 +0000 https://republika.mk/?p=541619

Откако Министерството за култура објави дека нема да префрли средства на Општина Крива Паланка за организирање на музичкиот фестивал „Џој Фест“, бидејќи ќе настапи Аца Лукас, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, уверува дека настапот на српскиот турбо-фолк пејач е во чест на Денот на рударите, како и по повод 29 август, прославата на патрон-празникот на градот и чествувањето на светецот –закрилник на оваа општина, Јоаким Осоговски.

Парите од Министерство за култура не се префрлени на сметка на општината, досега само е склучен договор. Настапите на сите учесници на „Џој Фест“, кои се исклучиво македонски изведувачи, како и концертот на Аца Лукас, веќе се платени од спонзори. Министерство за култура не мора да ги префрла предвидените средства, иако станува збор за недоразбирање. Тие средства, вкупно 153.000 денари секако беа наменети за македонските пејачи кои ќе настапат на „Џој Фест“: Каролина Гочева, Бени „Нон Стоп“, Гоце Саф, „Бас брадарс“ и други, што значи исклучиво македонски пејачи. Но и за нив тие 153.000 денари од Министерство за култура не се доволни, поради што бројни спонзори и донатори обезбедија средства и овие пејачи веќе исплатени – вели Митовски.

Основан како рок-фестивал, „Џој Фест“ годинава ќе се одржи по деветти пат, по две години пауза поради ковид-пандемијата. Иницијативата за формирање на фестивалот е од група музичари од градот кои го отстапија на органзиација на Општина Крива Паланка.

Годинашниот фестивал е дел од „Кривопаланечко културно лето 2022“ поддржано од Министерство за култура, Општина Крива Паланка, Националан установа Центар за култура Крива Паланка, Локална установа Градски музеј Крива Паланка, со поддршка и од Европска куќа Крива Паланка на дел од настаните.

The post Аца Лукас не е дел од „Џој Фест“, ќе пее за Денот на рударите, вели градоначалникот на Крива Паланка appeared first on Република.

]]>

Откако Министерството за култура објави дека нема да префрли средства на Општина Крива Паланка за организирање на музичкиот фестивал „Џој Фест“, бидејќи ќе настапи Аца Лукас, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, уверува дека настапот на српскиот турбо-фолк пејач е во чест на Денот на рударите, како и по повод 29 август, прославата на патрон-празникот на градот и чествувањето на светецот –закрилник на оваа општина, Јоаким Осоговски.
Парите од Министерство за култура не се префрлени на сметка на општината, досега само е склучен договор. Настапите на сите учесници на „Џој Фест“, кои се исклучиво македонски изведувачи, како и концертот на Аца Лукас, веќе се платени од спонзори. Министерство за култура не мора да ги префрла предвидените средства, иако станува збор за недоразбирање. Тие средства, вкупно 153.000 денари секако беа наменети за македонските пејачи кои ќе настапат на „Џој Фест“: Каролина Гочева, Бени „Нон Стоп“, Гоце Саф, „Бас брадарс“ и други, што значи исклучиво македонски пејачи. Но и за нив тие 153.000 денари од Министерство за култура не се доволни, поради што бројни спонзори и донатори обезбедија средства и овие пејачи веќе исплатени – вели Митовски.
Основан како рок-фестивал, „Џој Фест“ годинава ќе се одржи по деветти пат, по две години пауза поради ковид-пандемијата. Иницијативата за формирање на фестивалот е од група музичари од градот кои го отстапија на органзиација на Општина Крива Паланка. Годинашниот фестивал е дел од „Кривопаланечко културно лето 2022“ поддржано од Министерство за култура, Општина Крива Паланка, Националан установа Центар за култура Крива Паланка, Локална установа Градски музеј Крива Паланка, со поддршка и од Европска куќа Крива Паланка на дел од настаните.  