Денот на независноста Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/denot-na-nezavisnosta/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Sep 2024 17:30:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Денот на независноста Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/denot-na-nezavisnosta/ 32 32 Русија со честитка за Денот на независноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rusija-so-chestitka-za-denot-na-nezavisnosta/ Sun, 08 Sep 2024 17:13:18 +0000 https://republika.mk/?p=814436

Руската амбасада во земјава упати честитка по повод 8 Септември - Денот на независноста.

-На овој значаен ден пред 33 години македонските граѓани се определија за сувереноста и самостојноста на државата. Посакуваме овие принципи, кои ги оттогаш симболизира историскиот датум 8 Септември, да бидат и понатаму патоказ за македонскиот народ. Нека ви е честит Денот на независноста!, се вели во честитката објавена на Фејсбук страницата на Руската амбасада во Скопје и платформата Х

The post Русија со честитка за Денот на независноста appeared first on Република.

]]>

Руската амбасада во земјава упати честитка по повод 8 Септември - Денот на независноста. -На овој значаен ден пред 33 години македонските граѓани се определија за сувереноста и самостојноста на државата. Посакуваме овие принципи, кои ги оттогаш симболизира историскиот датум 8 Септември, да бидат и понатаму патоказ за македонскиот народ. Нека ви е честит Денот на независноста!, се вели во честитката објавена на Фејсбук страницата на Руската амбасада во Скопје и платформата Х

The post Русија со честитка за Денот на независноста appeared first on Република.

]]>
„Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zaedno-se-borime-zaedno-ke-uspeeme/ Sun, 08 Sep 2024 06:37:38 +0000 https://republika.mk/?p=814238

Под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ денеска со повеќе активности во организација на Владата, се одбележува Денот на независноста - 8 Септември.

Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје. Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески. Програмата ќе продолжи со изведби на дела од македонски автори поврзани со оваа тематика од страна на државниот џез оркестар.

Во рамките на свеченоста ќе биде прикажан и специјално подготвен пригоден видео спот од прославата на независноста кое вклучува архивски материјали од Референдумот во 1991 година.

На крајот од свечената програма, со говор ќе се обрати Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Настанот, како што најавуваат од владината прес-служба, е дел од пошироката иницијатива на Владата за подигање на свеста за значењето на независноста и заедничката борба на граѓаните за подобра иднина.

По повод одбележувањето на 8 Септември - Денот на независнота на Република Македонија, собраниска делегација предводена од потпретседателката Весна Бендевска, составена од пратениците Каролина Насковска и Митко Трајчулевски, денеска ќе положи венци свежо цвеќе пред вечното почивалиште на првиот претседател на Републиката, Киро Глигоров, вечното почивалиште на поранешниот претседател на Републиката, Борис Трајковски, вечното почивалиште на првиот претседател на Владата, Никола Кљусев и пред Споменикот на паднатите борци на НОБ.

Активностите стартуваа синоќа со почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје.

На свеченост во Собранието вчера на спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски, му беше доделана годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех Костовски го постигна како тренер на олимпиецот Дејан Георгиевски, кој го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во 2021 година.

Покрај Костовски, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ им додели признанија за остварувања во областа на спортот и на Мирко Димчевски, Рамадан Шабани, Зоран Бошковски и Димитар Јованов.

Претседателот на Собранието Африм Гаши на приемот што го организираше во Законодавниот дом по повод 8 Септември - Денот на независноста, завчера порача дека не постои поважен момент во историјата на една земја од нејзината самостојност.

Затоа секогаш кога доаѓа 8 Септември се враќа емоцијата на задоволство и гордост што роденденот на оваа земја го одбележуваме во мир, во соживот меѓу различните народи кои живеат во оваа земја, во добрососедски односи и во сигурни патишта кон подобра развојна и евроатланстска перспектива, истакна Гаши.

Собранискиот спикер нагласи дека секој има своја заслуга и свој придонес за овие достигнувања, посочувајќи оти не треба да бидеме ниту нихилисти, ниту дефетисти.

Како и да е Македонија во својот 33. роденден е земја-членка на најмоќната безбедносна Алијанса како што е НАТО, со што се гарантира мирот на нејзините граници што е исклучително важно за секој проект додека е на добар пат да се приклучи и на најуспешната унија на демократија, мир, човекови права и благосостојба како што е Европската унија. Ова е повод како граѓанин на оваа држава, а уште повеќе како политичари на оваа земја, денеска да направиме една ретроспектива на она што сме го сториле, што сме можеле да го сториме и што можеме да го сториме секогаш во духот на тоа што рекол Џон Кенеди „Не прашувај се што сторила твојата татковина за тебе, туку прашувај се што си сторил ти за твојата татковина, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Пред 33 години на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава. Претходно, на 25 јануари 1991 година, беше усвоена Декларацијата за независност од првото повеќепартиско македонско Собрание, а два дена подоцна пратениците го избраа Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија. Важни чекори за утврдување на државноста беа усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година, монетарното осамостојување и воведувањето на денарот на 26 април 1992, формирањето на сопствени вооружение сили. Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година, кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, беше примена како 181. полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците од страна на Грција, која не го прифаќаше уставното име на Република Македонија, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна Југословенска Република Македонија.

Низ 33-годишното самостојно опстојување, државата помина низ низа проблеми и тешкотии. Троцифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат.

Спорот со Грција поради името, по долгогодишни разговори под покровителство на Обединетите нации, конечно беше решен на 17 јуни 2018 година во Преспа со попишување договор меѓу двете држави. Со тоа се отвори патот на земјава кон НАТО и ЕУ. На 27 март 2020 година Македонија стана 30 членка на НАТО. Како земја кандидат за членство во ЕУ веќе 18 години, со добиена прва препорака за почеток на преговори во 2009 година, државава сега се соочува со блокада од Бугарија.

The post „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ appeared first on Република.

]]>

Под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ денеска со повеќе активности во организација на Владата, се одбележува Денот на независноста - 8 Септември. Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје. Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески. Програмата ќе продолжи со изведби на дела од македонски автори поврзани со оваа тематика од страна на државниот џез оркестар. Во рамките на свеченоста ќе биде прикажан и специјално подготвен пригоден видео спот од прославата на независноста кое вклучува архивски материјали од Референдумот во 1991 година. На крајот од свечената програма, со говор ќе се обрати Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Настанот, како што најавуваат од владината прес-служба, е дел од пошироката иницијатива на Владата за подигање на свеста за значењето на независноста и заедничката борба на граѓаните за подобра иднина. По повод одбележувањето на 8 Септември - Денот на независнота на Република Македонија, собраниска делегација предводена од потпретседателката Весна Бендевска, составена од пратениците Каролина Насковска и Митко Трајчулевски, денеска ќе положи венци свежо цвеќе пред вечното почивалиште на првиот претседател на Републиката, Киро Глигоров, вечното почивалиште на поранешниот претседател на Републиката, Борис Трајковски, вечното почивалиште на првиот претседател на Владата, Никола Кљусев и пред Споменикот на паднатите борци на НОБ. Активностите стартуваа синоќа со почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје. На свеченост во Собранието вчера на спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски, му беше доделана годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех Костовски го постигна како тренер на олимпиецот Дејан Георгиевски, кој го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во 2021 година. Покрај Костовски, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ им додели признанија за остварувања во областа на спортот и на Мирко Димчевски, Рамадан Шабани, Зоран Бошковски и Димитар Јованов. Претседателот на Собранието Африм Гаши на приемот што го организираше во Законодавниот дом по повод 8 Септември - Денот на независноста, завчера порача дека не постои поважен момент во историјата на една земја од нејзината самостојност.
Затоа секогаш кога доаѓа 8 Септември се враќа емоцијата на задоволство и гордост што роденденот на оваа земја го одбележуваме во мир, во соживот меѓу различните народи кои живеат во оваа земја, во добрососедски односи и во сигурни патишта кон подобра развојна и евроатланстска перспектива, истакна Гаши.
Собранискиот спикер нагласи дека секој има своја заслуга и свој придонес за овие достигнувања, посочувајќи оти не треба да бидеме ниту нихилисти, ниту дефетисти.
Како и да е Македонија во својот 33. роденден е земја-членка на најмоќната безбедносна Алијанса како што е НАТО, со што се гарантира мирот на нејзините граници што е исклучително важно за секој проект додека е на добар пат да се приклучи и на најуспешната унија на демократија, мир, човекови права и благосостојба како што е Европската унија. Ова е повод како граѓанин на оваа држава, а уште повеќе како политичари на оваа земја, денеска да направиме една ретроспектива на она што сме го сториле, што сме можеле да го сториме и што можеме да го сториме секогаш во духот на тоа што рекол Џон Кенеди „Не прашувај се што сторила твојата татковина за тебе, туку прашувај се што си сторил ти за твојата татковина, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Пред 33 години на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава. Претходно, на 25 јануари 1991 година, беше усвоена Декларацијата за независност од првото повеќепартиско македонско Собрание, а два дена подоцна пратениците го избраа Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија. Важни чекори за утврдување на државноста беа усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година, монетарното осамостојување и воведувањето на денарот на 26 април 1992, формирањето на сопствени вооружение сили. Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година, кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, беше примена како 181. полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците од страна на Грција, која не го прифаќаше уставното име на Република Македонија, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна Југословенска Република Македонија. Низ 33-годишното самостојно опстојување, државата помина низ низа проблеми и тешкотии. Троцифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат. Спорот со Грција поради името, по долгогодишни разговори под покровителство на Обединетите нации, конечно беше решен на 17 јуни 2018 година во Преспа со попишување договор меѓу двете држави. Со тоа се отвори патот на земјава кон НАТО и ЕУ. На 27 март 2020 година Македонија стана 30 членка на НАТО. Како земја кандидат за членство во ЕУ веќе 18 години, со добиена прва препорака за почеток на преговори во 2009 година, државава сега се соочува со блокада од Бугарија.

The post „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ appeared first on Република.

]]>
Косово ни го честита Денот на независноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kosovo-ni-go-chestita-denot-na-nezavisnosta/ Fri, 08 Sep 2023 15:47:09 +0000 https://republika.mk/?p=679999

Претседателката на Косово, Вјоса Османи им го честита на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски и на македонскиот народ Денот на независноста – 8 Септември, јави дописникот на МИА од Приштина.

На нејзината официјална страница на платформата „Х“ (поранешен Твитер), Османи порача дека со нетрпение очекува да ја продолжи соработката со Пендаровски за натамошно унапредување на односите меѓу двете држави.

- Честитки за Денот на независноста до претседателот Стево Пендаровски и нашите пријатели во Македонија. Со нетрпение очекувам да ја продолжиме заедничката работа за да го издигнеме нашето партнерство до нови височини и да придонесеме заедно за посветла евроатлантска иднина за нашите две демократски земји, напиша Османи.

Пендаровски во завчерашното интервју за весникот „Коха“ најави дека идниот понеделник, на 11 септември, заедно со Османи, во Амбасадата на Република Косово во Скопје, ќе откријат биста на Мајка

The post Косово ни го честита Денот на независноста appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Косово, Вјоса Османи им го честита на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски и на македонскиот народ Денот на независноста – 8 Септември, јави дописникот на МИА од Приштина. На нејзината официјална страница на платформата „Х“ (поранешен Твитер), Османи порача дека со нетрпение очекува да ја продолжи соработката со Пендаровски за натамошно унапредување на односите меѓу двете држави.
- Честитки за Денот на независноста до претседателот Стево Пендаровски и нашите пријатели во Македонија. Со нетрпение очекувам да ја продолжиме заедничката работа за да го издигнеме нашето партнерство до нови височини и да придонесеме заедно за посветла евроатлантска иднина за нашите две демократски земји, напиша Османи.
Пендаровски во завчерашното интервју за весникот „Коха“ најави дека идниот понеделник, на 11 септември, заедно со Османи, во Амбасадата на Република Косово во Скопје, ќе откријат биста на Мајка

The post Косово ни го честита Денот на независноста appeared first on Република.

]]>
Денот на независноста, 8 Септември е неработен за сите граѓани https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/denot-na-nezavisnosta-8-septemvri-e-neraboten-za-site-gragani/ Tue, 05 Sep 2023 14:27:56 +0000 https://republika.mk/?p=679047

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека, согласно со Законот за празниците на РМ, 8 Септември 2023 година (петок), Денот на независноста, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на независноста.

 

The post Денот на независноста, 8 Септември е неработен за сите граѓани appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека, согласно со Законот за празниците на РМ, 8 Септември 2023 година (петок), Денот на независноста, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на независноста.  

The post Денот на независноста, 8 Септември е неработен за сите граѓани appeared first on Република.

]]>
Прославата на Денот на независноста во темница во скопско маало за владата е достоинствена! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/proslavata-na-denot-na-nezavisnosta-vo-temnica-vo-skopsko-maalo-za-vladata-e-dostoinstvena/ Fri, 09 Sep 2022 12:40:36 +0000 https://republika.mk/?p=549102

„Во целата држава со многубројни музички манифестации и културни настани достојно се чествуваше и се одбележа Денот на независноста – 8 Септември“-сметаат од Владата.

Ваквата реакција од Владата откако во медиумите имаше бројни реакции за тоа како беше прославен денот на независноста-„8 септември“.

Прославата беше во паркот „Ибни Пајко“ пред стотина граѓани кои гледаа скромна прослава.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-go-proslavi-denot-na-nezavisnosta-vo-tesno-uliche/

Во првите редови беа премиерот Ковачевски и претседателката на Уставниот суд со неколкумина министри и пратеници.

Граѓаните се уште се сеќаваат на прославата во 2011 година кога се славеше 20 години од независноста. Тогаш на плоштадот „Македонија“ се собраа околку 50.000 граѓани.

 

The post Прославата на Денот на независноста во темница во скопско маало за владата е достоинствена! appeared first on Република.

]]>

„Во целата држава со многубројни музички манифестации и културни настани достојно се чествуваше и се одбележа Денот на независноста – 8 Септември“-сметаат од Владата.
Ваквата реакција од Владата откако во медиумите имаше бројни реакции за тоа како беше прославен денот на независноста-„8 септември“. Прославата беше во паркот „Ибни Пајко“ пред стотина граѓани кои гледаа скромна прослава. https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-go-proslavi-denot-na-nezavisnosta-vo-tesno-uliche/ Во првите редови беа премиерот Ковачевски и претседателката на Уставниот суд со неколкумина министри и пратеници. Граѓаните се уште се сеќаваат на прославата во 2011 година кога се славеше 20 години од независноста. Тогаш на плоштадот „Македонија“ се собраа околку 50.000 граѓани.  

The post Прославата на Денот на независноста во темница во скопско маало за владата е достоинствена! appeared first on Република.

]]>
Со емотивна изведба на Нешто ќе те питам бабо, Некст Тајм го честитаа Денот на независноста https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/so-emotivna-izvedba-na-neshto-kje-te-pitam-babo-nekst-tajm-go-chestitaa-denot-na-nezavisnosta/ Thu, 08 Sep 2022 11:37:45 +0000 https://republika.mk/?p=548653

Со видео од синоќешната изведба на Нешто ќе те питам бабо, момците од Некст Тајм го честитаа денешиот празник - Денот на независноста на Македонија.

Честит ден на независноста на Република Македонија!!! стои до видеото објавено на фејсбук страницата на Некст Тајм.

Повеќе од 5.000 граѓани се собраа вчера на плоштадот во Автокоманда, каде со голем музички настан беше одбележан 8ми Септември, Денот на независноста на Македонија.

The post Со емотивна изведба на Нешто ќе те питам бабо, Некст Тајм го честитаа Денот на независноста appeared first on Република.

]]>

Со видео од синоќешната изведба на Нешто ќе те питам бабо, момците од Некст Тајм го честитаа денешиот празник - Денот на независноста на Македонија.
Честит ден на независноста на Република Македонија!!! стои до видеото објавено на фејсбук страницата на Некст Тајм.
Повеќе од 5.000 граѓани се собраа вчера на плоштадот во Автокоманда, каде со голем музички настан беше одбележан 8ми Септември, Денот на независноста на Македонија.

The post Со емотивна изведба на Нешто ќе те питам бабо, Некст Тајм го честитаа Денот на независноста appeared first on Република.

]]>
Николоски: Во овие 31 година независност, Македонија е под голем удар, но ќе ја изградиме во модерна и економски напредна држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-vo-ovie-31-godina-nezavisnost-makedonija-e-pod-golemm-udar-no-kje-ja-izgradime-vo-moderna-i-ekonomski-napredna-drzava/ Thu, 08 Sep 2022 10:25:35 +0000 https://republika.mk/?p=548621

По повод одбележување на 8 Септември – Денот на независноста на државата, делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од потпретседателот Александар Николоски, утрово положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и на првиот премиер Никола Кљусев.

31 година независна Македонија е вековен сон на македонскиот народ. Под голем удар во овие години, но ќе ја сочуваме и изградиме во модерна, економски напредна држава. Почит за првиот Премиер Никола Кљусев, првиот Претседател Киро Глигоров и Претседателот Борис Трајковски, пишува Николоски на Фејсбук.

The post Николоски: Во овие 31 година независност, Македонија е под голем удар, но ќе ја изградиме во модерна и економски напредна држава appeared first on Република.

]]>

По повод одбележување на 8 Септември – Денот на независноста на државата, делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од потпретседателот Александар Николоски, утрово положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и на првиот премиер Никола Кљусев.
31 година независна Македонија е вековен сон на македонскиот народ. Под голем удар во овие години, но ќе ја сочуваме и изградиме во модерна, економски напредна држава. Почит за првиот Премиер Никола Кљусев, првиот Претседател Киро Глигоров и Претседателот Борис Трајковски, пишува Николоски на Фејсбук.

The post Николоски: Во овие 31 година независност, Македонија е под голем удар, но ќе ја изградиме во модерна и економски напредна држава appeared first on Република.

]]>
Груевски: На 31 година од независноста на државата молиме за маски, вакцини, гас, жито https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gruevski-na-31-godina-od-nezavisnosta-na-drzavata-molime-za-maski-vakcini-gas-zito/ Thu, 08 Sep 2022 08:44:42 +0000 https://republika.mk/?p=548608

31-та годишнина од независноста Македонија ја дочекува со слаба власт која не испорачува резултати, која за работи кои порано сами како држава сме ги решавале и обезбедувале, и не биле воопшто тема бидејќи било сосема нормално сами да ги решаваме (маски, ракавици, вакцини, жито, струја, гас, гасење пожари, набавка на медицинска опрема и апарати итн). Сега постојано и речиси без исклучок се бара помош од соседите или од други земји, нешто што наликува на просење, се моли за донации и некој друг да ги решава проблемите и да ги извршува обврските за кои таа е избрана. Тоа може да функционира, но тоа има своја не само матерјална, туку и политичка цена која носи нови одстапки, потчинетост, нова апатија, разочарувања, порази и иселување, пишува на социјалните мрежи поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

Неговиот статус го пренесуваме во целост.

Пред 31 година се создаде историски момент и историска шанса за создавање самостојна, суверена и независна држава Република Македонија.
Падот на социјализмот предизвика демократски бран во источна Европа кој никој неможеше да го спречи. Паднаа комунистичките режими насекаде а некаде се трансформираа и ребрендираа со ново име а истите луѓе, но мораа да прифатат нов начин на владеење, преку слободни избори, повеќепартиски систем и слободно одлучување на новите власти и граѓаните.
Југославија 10 години по смртта на Тито беше економски и морално опадната, па ни привремениот раст создаден со реформите на Анте Марковиќ не успеа да ги запре долго пригушените желби за национални самостојни и суверени држави, но и национализмот кој за кратко време исплива на површина и доведе до една од најкрвавите војни во 20 век по втората светска војна на просторот на поранешната Југославија.
Во тој хаос и покрај големите внатрешни несогласувања помеѓу политичките елити, Македонија добро се снајде.
Главна улога имаа Претседателот Киро Глигоров кој носеше подолго политичко искуство, па дури и воено искуство од втората светска војна, Парламентот кој беше многу жив, динамичен, активен и во голема мера продуктивен, експертската влада предводена од академик Кљусев која освен стручност носеше и силен национален жар, решителност и порив за осамостојување и секако клучните политички партии и нивните лидери во тоа време.
Сепак, клучната улога ја имаше народот од тоа генерација, не само на изборите во есента 1990 година кога направи исправна колективна одлука, туку и на референдумот за осамостојување на 8. Септември 1991 година.
Но, мала нација неможе така лесно да направи самостојна држава ако нема пошироко “поклопување на коцките” на меѓународен план. Јасно е дека распадот на Југославија беше посакувана опција за повеќето големи сили кои не беа среќни со нејзината сила безмалку половина век. Во ситуација кога истокот беше во длабока транзиција и заслабнат, западните сили оставија простор за креирање на малата држава на Балканот која колку и на почетокот да личеше на “не посакувано дете”, пред се поради проблемот со името кој веднаш беше издигнат од многу помоќниот јужен сосед, сепак го најде својот пат и со многу тешкотии и стагнации, падови и успони растеше во овие 31 година.
Кој колку допринел за нејзиниот раст или назадување, како внатре, така и од надвор ќе си каже историјата од една поголема временска дистанца.
Кратко кажано и колективно гледано, добар спој на одлучна и храбра генерација Македонци, снаодливи и одлучни водачи и погодни меѓународни околности.
Денес, 31 година подоцна, Македонија е полна со предизвици и противречности, неправди и разочарувања, погрешни одлуки и наметнати решенија.
Суверенитетот и сувереното носење одлуки на државната власт но и на некои од партиите е значително намалено, агонијата, бесот и фрустрациите кај мнозинството граѓани очигледна.
Избраниот пат за членство во ЕУ и НАТО уште по прогласувањето самостојност во 1991 година е исправен, но цената која се плати и треба да се плати кажано со еконосмки речник е “не пазарна” , не фер и прескапа споредена со цената кои другите поранешни совијалистички држави ја добија. Прескапа, до степен на не издржливост, со сериозни ризици за асимилација или обезличување на Македонците, што благодарение на веќе изградената национална свест во минатото, нема да е лесно да се случи, но оставениот простор за некој да може со децении да прави обиди за тоа, ќе донесе многу проблеми и големи загуби.
Потребна е многу поголема мудрост и посветеност за тоа да се промени, да се оствари целта а да се плати прифатлива, издржлива и одржлива цена.
Формално гледано Македонија е сеуште независна и суверена земја, иако со многу слаби и без елементарна доверба кај граѓаните институции, нефункционален систем, судство и медиуми во голема мера контролирани од власта со чија помош се одржува, политички мотивирани прогони на политичките неистомисленици кои однадвор се толерира заради одстапките по националните прашања на актуелната власт, сервилноста и послушноста карактеристична за протекторати и “свитканата кичма” која за волја на вистината навреме беше најавена. И со многу економски проблеми, 400 илјади граѓани кои живеат во сиромаштија, но и проблеми поврзани со моралот и општата правичност и правда во општеството, односно неправдите во донесувањето на одлуките при секојдневното владеење, криминал и корупцијата кој многу ретко се открива заради контролата на правосудниот систем. Заради сето ова рекорден е бројот на лица кои се иселуваат или го планираат тоа во блиска иднина.
31та годишница Македонија ја дочекува со слаба власт која не испорачува резултати, која за работи кои порано сами како држава сме ги решавале и обезбедувале, и не биле воопшто тема бидејќи било сосема нормално сами да ги решаваме (маски, ракавици, вакцини, жито, струја, гас, гасење пожари, набавка на медицинска опрема и апарати итн), сега постојано и речиси без исклучок се бара помош од соседите или од други земји, нешто што наликува на просење, се моли за донации и некој друг да ги решава проблемите и да ги извршува обврските за кои таа е избрана. Тоа може да функционира, но тоа има своја не само матерјална, туку и политичка цена која носи нови одстапки, потчинетост, нова апатија, разочарувања, порази и иселување.
Да ја чуваме и зајакнуваме сувереноста и независноста на државата. Да ја градиме државата на начин што државниот и националниот интерес ќе биде на прво место, суштински, не само формално. Да градиме функционална држава и институции. Правда и силна економија, со многу инвестиции, работни места и повисок стандард. Пријателства и партнерства на основ на наши успеси и сила, а не на сервилност, просење и потчинетост. Ние почесто да им помагаме на другите земји во регионот, а поретко тие нам. Водачите да се силни и независни, народот да се чуствува свој на своето. Во ЕУ да влеземе исправени, силни, со достоинство и со крената глава, а не “на носилки”, понижени и фрустрирани.
Да ја исправиме кичмата и никогаш повеќе да не ја свиткаме!
Нека е вечен празникот на независноста и самостојноста!
Нека е вечна европска но и суверена и силна Македонија!
Да живее Македонија!

The post Груевски: На 31 година од независноста на државата молиме за маски, вакцини, гас, жито appeared first on Република.

]]>

31-та годишнина од независноста Македонија ја дочекува со слаба власт која не испорачува резултати, која за работи кои порано сами како држава сме ги решавале и обезбедувале, и не биле воопшто тема бидејќи било сосема нормално сами да ги решаваме (маски, ракавици, вакцини, жито, струја, гас, гасење пожари, набавка на медицинска опрема и апарати итн). Сега постојано и речиси без исклучок се бара помош од соседите или од други земји, нешто што наликува на просење, се моли за донации и некој друг да ги решава проблемите и да ги извршува обврските за кои таа е избрана. Тоа може да функционира, но тоа има своја не само матерјална, туку и политичка цена која носи нови одстапки, потчинетост, нова апатија, разочарувања, порази и иселување, пишува на социјалните мрежи поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Неговиот статус го пренесуваме во целост. Пред 31 година се создаде историски момент и историска шанса за создавање самостојна, суверена и независна држава Република Македонија. Падот на социјализмот предизвика демократски бран во источна Европа кој никој неможеше да го спречи. Паднаа комунистичките режими насекаде а некаде се трансформираа и ребрендираа со ново име а истите луѓе, но мораа да прифатат нов начин на владеење, преку слободни избори, повеќепартиски систем и слободно одлучување на новите власти и граѓаните. Југославија 10 години по смртта на Тито беше економски и морално опадната, па ни привремениот раст создаден со реформите на Анте Марковиќ не успеа да ги запре долго пригушените желби за национални самостојни и суверени држави, но и национализмот кој за кратко време исплива на површина и доведе до една од најкрвавите војни во 20 век по втората светска војна на просторот на поранешната Југославија. Во тој хаос и покрај големите внатрешни несогласувања помеѓу политичките елити, Македонија добро се снајде. Главна улога имаа Претседателот Киро Глигоров кој носеше подолго политичко искуство, па дури и воено искуство од втората светска војна, Парламентот кој беше многу жив, динамичен, активен и во голема мера продуктивен, експертската влада предводена од академик Кљусев која освен стручност носеше и силен национален жар, решителност и порив за осамостојување и секако клучните политички партии и нивните лидери во тоа време. Сепак, клучната улога ја имаше народот од тоа генерација, не само на изборите во есента 1990 година кога направи исправна колективна одлука, туку и на референдумот за осамостојување на 8. Септември 1991 година. Но, мала нација неможе така лесно да направи самостојна држава ако нема пошироко “поклопување на коцките” на меѓународен план. Јасно е дека распадот на Југославија беше посакувана опција за повеќето големи сили кои не беа среќни со нејзината сила безмалку половина век. Во ситуација кога истокот беше во длабока транзиција и заслабнат, западните сили оставија простор за креирање на малата држава на Балканот која колку и на почетокот да личеше на “не посакувано дете”, пред се поради проблемот со името кој веднаш беше издигнат од многу помоќниот јужен сосед, сепак го најде својот пат и со многу тешкотии и стагнации, падови и успони растеше во овие 31 година. Кој колку допринел за нејзиниот раст или назадување, како внатре, така и од надвор ќе си каже историјата од една поголема временска дистанца. Кратко кажано и колективно гледано, добар спој на одлучна и храбра генерација Македонци, снаодливи и одлучни водачи и погодни меѓународни околности. Денес, 31 година подоцна, Македонија е полна со предизвици и противречности, неправди и разочарувања, погрешни одлуки и наметнати решенија. Суверенитетот и сувереното носење одлуки на државната власт но и на некои од партиите е значително намалено, агонијата, бесот и фрустрациите кај мнозинството граѓани очигледна. Избраниот пат за членство во ЕУ и НАТО уште по прогласувањето самостојност во 1991 година е исправен, но цената која се плати и треба да се плати кажано со еконосмки речник е “не пазарна” , не фер и прескапа споредена со цената кои другите поранешни совијалистички држави ја добија. Прескапа, до степен на не издржливост, со сериозни ризици за асимилација или обезличување на Македонците, што благодарение на веќе изградената национална свест во минатото, нема да е лесно да се случи, но оставениот простор за некој да може со децении да прави обиди за тоа, ќе донесе многу проблеми и големи загуби. Потребна е многу поголема мудрост и посветеност за тоа да се промени, да се оствари целта а да се плати прифатлива, издржлива и одржлива цена. Формално гледано Македонија е сеуште независна и суверена земја, иако со многу слаби и без елементарна доверба кај граѓаните институции, нефункционален систем, судство и медиуми во голема мера контролирани од власта со чија помош се одржува, политички мотивирани прогони на политичките неистомисленици кои однадвор се толерира заради одстапките по националните прашања на актуелната власт, сервилноста и послушноста карактеристична за протекторати и “свитканата кичма” која за волја на вистината навреме беше најавена. И со многу економски проблеми, 400 илјади граѓани кои живеат во сиромаштија, но и проблеми поврзани со моралот и општата правичност и правда во општеството, односно неправдите во донесувањето на одлуките при секојдневното владеење, криминал и корупцијата кој многу ретко се открива заради контролата на правосудниот систем. Заради сето ова рекорден е бројот на лица кои се иселуваат или го планираат тоа во блиска иднина. 31та годишница Македонија ја дочекува со слаба власт која не испорачува резултати, која за работи кои порано сами како држава сме ги решавале и обезбедувале, и не биле воопшто тема бидејќи било сосема нормално сами да ги решаваме (маски, ракавици, вакцини, жито, струја, гас, гасење пожари, набавка на медицинска опрема и апарати итн), сега постојано и речиси без исклучок се бара помош од соседите или од други земји, нешто што наликува на просење, се моли за донации и некој друг да ги решава проблемите и да ги извршува обврските за кои таа е избрана. Тоа може да функционира, но тоа има своја не само матерјална, туку и политичка цена која носи нови одстапки, потчинетост, нова апатија, разочарувања, порази и иселување. Да ја чуваме и зајакнуваме сувереноста и независноста на државата. Да ја градиме државата на начин што државниот и националниот интерес ќе биде на прво место, суштински, не само формално. Да градиме функционална држава и институции. Правда и силна економија, со многу инвестиции, работни места и повисок стандард. Пријателства и партнерства на основ на наши успеси и сила, а не на сервилност, просење и потчинетост. Ние почесто да им помагаме на другите земји во регионот, а поретко тие нам. Водачите да се силни и независни, народот да се чуствува свој на своето. Во ЕУ да влеземе исправени, силни, со достоинство и со крената глава, а не “на носилки”, понижени и фрустрирани. Да ја исправиме кичмата и никогаш повеќе да не ја свиткаме! Нека е вечен празникот на независноста и самостојноста! Нека е вечна европска но и суверена и силна Македонија! Да живее Македонија!

The post Груевски: На 31 година од независноста на државата молиме за маски, вакцини, гас, жито appeared first on Република.

]]>