Денот на црвот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/denot-na-crvot/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Aug 2022 10:58:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Денот на црвот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/denot-na-crvot/ 32 32 Врачување на наградата „Роман на годината“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vrachuvanje-na-nagradata-roman-na-godinata/ Tue, 30 Aug 2022 10:58:29 +0000 https://republika.mk/?p=545594

Вечерва во 20 часот во кафе барот „Филхармонија“ (во зградата на Филхармонија) Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ ќе ја додели наградата „Роман на годината“ за 2021 година.

Годинашен лауреат на наградата е Симона Јованоска за романот „Денот на црвот“ („Или-или“, 2021).

Романот „Денот на црвот“ е богат на ниво на стил, книжевна постапка, тон на раскажување, а хуморот, иронијата, суптилната пародија се само некои од стратегиите што авторката ги користи за да го збогати читателското искуство и да ги нијансира значењата на текстот, стои, меѓу другото, во образложението на жири-комисијата, во состав Владимир Јанковски, Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева.

За наградата „Роман на годината“ во најтесниот круг оваа година од 39 романи, влегоа четири романи и тоа Денот на црвот“ од Симона Јованоска (Или-или), „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски (Или-или), „Деса“ од Ивана Трајаноска (Арс Либрис) и „Ден за одмазда“ од Ивица Челиковиќ (Паблишер).

Наградата годинава се доделува по 23-ти пат и се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари, чиј Генерален покровител, веќе петта година по ред е „Комерцијална банка“ АД Скопје. Во последните неколку години наградата е финансиски поддржана и од Министерството за култура.

Лауреатката Симона Јованоска посочи дека е среќна и возбудена што е добитник на оваа награда, но како што рече, романот никогаш не е напишан за оваа цел, туку како што посочи, е пишуван во еден исклучително специфичен период.

Симона Јованоска е родена во 1985 година, во Гостивар. Во родниот град завршила средно економско училиште, а потоа Економски факултет во Скопје, отсек маркетинг. Во 2015 година ја објавува дебитантската книга раскази „Ги најдов во длабокото“, во издание на „Или-или“. Во 2021 го издава својот прв роман, „Денот на црвот“.

 

The post Врачување на наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва во 20 часот во кафе барот „Филхармонија“ (во зградата на Филхармонија) Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ ќе ја додели наградата „Роман на годината“ за 2021 година. Годинашен лауреат на наградата е Симона Јованоска за романот „Денот на црвот“ („Или-или“, 2021).
Романот „Денот на црвот“ е богат на ниво на стил, книжевна постапка, тон на раскажување, а хуморот, иронијата, суптилната пародија се само некои од стратегиите што авторката ги користи за да го збогати читателското искуство и да ги нијансира значењата на текстот, стои, меѓу другото, во образложението на жири-комисијата, во состав Владимир Јанковски, Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева.
За наградата „Роман на годината“ во најтесниот круг оваа година од 39 романи, влегоа четири романи и тоа Денот на црвот“ од Симона Јованоска (Или-или), „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски (Или-или), „Деса“ од Ивана Трајаноска (Арс Либрис) и „Ден за одмазда“ од Ивица Челиковиќ (Паблишер). Наградата годинава се доделува по 23-ти пат и се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари, чиј Генерален покровител, веќе петта година по ред е „Комерцијална банка“ АД Скопје. Во последните неколку години наградата е финансиски поддржана и од Министерството за култура. Лауреатката Симона Јованоска посочи дека е среќна и возбудена што е добитник на оваа награда, но како што рече, романот никогаш не е напишан за оваа цел, туку како што посочи, е пишуван во еден исклучително специфичен период. Симона Јованоска е родена во 1985 година, во Гостивар. Во родниот град завршила средно економско училиште, а потоа Економски факултет во Скопје, отсек маркетинг. Во 2015 година ја објавува дебитантската книга раскази „Ги најдов во длабокото“, во издание на „Или-или“. Во 2021 го издава својот прв роман, „Денот на црвот“.  

The post Врачување на наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>
Доделување на наградата „Роман на годината“ на 30 август https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dodeluvanje-na-nagradata-roman-na-godinata-na-30-avgust/ Mon, 29 Aug 2022 11:25:48 +0000 https://republika.mk/?p=545245

Во втоник, на 30 август во кафе барот „Филхармонија“ (во зградата на Филхармонија) ќе се додели наградата „Роман на годината“ за 2021 година, соопшти Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Годинашен лауреат на наградата е Симона Јованоска за романот „Денот на црвот“ („Или-или“, 2021).

Генерален покровител на наградата е „Комерцијална банка“ АД Скопје, а наградата е поддржана од Министерството за култура.

The post Доделување на наградата „Роман на годината“ на 30 август appeared first on Република.

]]>

Во втоник, на 30 август во кафе барот „Филхармонија“ (во зградата на Филхармонија) ќе се додели наградата „Роман на годината“ за 2021 година, соопшти Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Годинашен лауреат на наградата е Симона Јованоска за романот „Денот на црвот“ („Или-или“, 2021). Генерален покровител на наградата е „Комерцијална банка“ АД Скопје, а наградата е поддржана од Министерството за култура.

The post Доделување на наградата „Роман на годината“ на 30 август appeared first on Република.

]]>
Промоција на романот „Денот на црвот“ од Симона Јованоска во Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-romanot-denot-na-crvot-od-simona-jovanoska-vo-kumanovo/ Tue, 10 May 2022 07:45:54 +0000 https://republika.mk/?p=500222

Вечерва во 19 часот, во фоајето на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ -Куманово ќе се одржи промоција на романот „Денот на црвот“ од Симона Јованоска.

Симона Јованоска е родена во Гостивар, завршила средно Економско училиште во родниот град, а потоа и Економски факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Својата прва дебитантска книга ја објавува во 2015 година под наслов „Ги најдов во длабокото“. „Денот на црвот“ е нејзин прв роман, но и како првенче во конкуренција од 39 книжевни остварувања е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2021 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

„Со чудата треба да се внимава“- „Во вторник на промоцијата ние ќе внимаваме, „чудата“ се околу нас, во фоајето, помеѓу кориците на романот но и помеѓу читателите. Автентични ликови, широк спектар од компарации овозможуваат читателска сладост и желба за сопствена но и општествена слобода, ослододување од личните и колективните стеги, посочува организаторот.

 

The post Промоција на романот „Денот на црвот“ од Симона Јованоска во Куманово appeared first on Република.

]]>

Вечерва во 19 часот, во фоајето на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ -Куманово ќе се одржи промоција на романот „Денот на црвот“ од Симона Јованоска. Симона Јованоска е родена во Гостивар, завршила средно Економско училиште во родниот град, а потоа и Економски факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Својата прва дебитантска книга ја објавува во 2015 година под наслов „Ги најдов во длабокото“. „Денот на црвот“ е нејзин прв роман, но и како првенче во конкуренција од 39 книжевни остварувања е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2021 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
„Со чудата треба да се внимава“- „Во вторник на промоцијата ние ќе внимаваме, „чудата“ се околу нас, во фоајето, помеѓу кориците на романот но и помеѓу читателите. Автентични ликови, широк спектар од компарации овозможуваат читателска сладост и желба за сопствена но и општествена слобода, ослододување од личните и колективните стеги, посочува организаторот.
 

The post Промоција на романот „Денот на црвот“ од Симона Јованоска во Куманово appeared first on Република.

]]>
„Денот на црвот“ од Симона Јовановска добитник на наградата „Роман на годината“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/denot-na-crvot-od-simona-jovanovska-dobitnik-na-nagradata-roman-na-godinata/ Tue, 15 Mar 2022 12:49:32 +0000 https://republika.mk/?p=473180

„Денот на црвот“ од Симона Јовановска во издание на издавачката куќа „Или-или“ е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2021 година. Според жири комисијата, романот претставува успешно книжевно остварување, во кое авторката на умешен начин комбинира различни приказни, егзестенцијални ситуации и човечки судбини.

Оваа награда ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, а претседателот на жири комисијата Владимир Јанковски на денешната прес-конференција посочи дека комисијата на последниот состанок со мнозинство гласови се одлучи за овој роман.

Жири комисијата одржа четири состаноци, при што по три изборни круга без избрани четири дела кои влегоа во најтесниот избор на наградата „Денот на црвот“ од Симона Јованоска (Или-или), „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски (Или-или), „Деса“ од Ивана Трајаноска (Арс Либрис) и „Ден за одмазда“ од Ивица Челиковиќ (Паблишер). На последниот состанок комисијата со мнозинство гласови одлучи роман на годината за 2021 година да биде „Денот на црвот“ од Симона Јовановска, посочи Јанковски, читајќи го образложението од жири комисијата.

Како што појасни, композициски, книгата може да се чита како еден вид книжевна симфонија во која голем број елементи дијалогизираат едни со други, на моменти се оддалечуваат и се доближуваат, за повторно да се спојат и обединат во една смисловна целина.

Јанковски напомена дека романот е богат на ниво на стил, книжевна постапка, тон на раскажување, а хуморот, иронијата, суптилната пародија се само некои од стратегиите што авторката ги користи за да го збогати читателското искуство и да ги нијансира значењата на текстот.

Посочи дека станува збор за полиперспективен книжевен текст, во кој контрапунктот и пресвртот, варијациите на темите и мотивите, нивната игрива и луцидна поственост создаваат богат и слоевит роман.

Извршниот директор на Фондацијата „Славко Јаневски“, Ѕвездан Георгиевски на прес-конференцијата денеска истакна оти е горд на фактот што наградата се доделува 23 години во континуитет, и со тоа и е дадено соодветно место во македонската литература, но и соодветно значење.

Тоа е ентузијастички голема награда уште во времето кога ја доделуваше Утрински весник, а уште поентузијастички е од кога ја презеде Фондацијата „Славко Јаневски“. На тоа сме особено горди. Тоа немаше да успееме да го направиме без да се препознае наградата во пошироката јавност, додаде Георгиевски.

Потсети дека во последните неколку години наградата е финансиски поддржана од Министерството за култура, но ова е петта година како генерален покровител на наградата е Комерцијална банка АД Скопје.

Во овие 23 години наградата е доделена на многу важни номинирани автори во нашата држава, но е доделена и на многу млади или дотогаш недоволно афирмирани автори, кои преку оваа награда практично влегоа во македонската литература на малку поголема врата и на овој или на оној начин ја оправдаа довербата што жирито им ја додели, рече Георгиевски.

Тој напомена дека и оваа година лауреатка е млада авторка, и како што рече, се надева дека ќе продолжи традицијата на промовирање на нови имиња, на кои наградата ќе им биде своевиден поттик за сериозно занимавање со литература.

Директорот на самостојната дирекција за маркетинг на Комерцијална банка, Андреј Јовковски напомена дека Комерцијалната банка е горда што е покровител на ова значајно признание, бидејќи нивната поддршка значи наградување на најквалитетните литературни дела, но и поддршка на домашната продукција и на мадите автори.

Лауреатката Симона Јовановска посочи дека е среќна и возбудена што е добитник на оваа награда, но како што рече, романот никогаш не е напишан за оваа цел, туку како што посочи, е пишуван во еден исклучително специфичен период.

Многу сум среќна, возбудена, многу ја сакав оваа награда. Нема да бидам скромна, да кажам дека не ја сакав, никогаш овој роман не го напишав со таа цел, за да добијам што било. Беше пишуван во еден исклучително специфичен период за мене, во време кога почна пандемијата. На кратко, станав мајка по втор пат, се најдов дома затворена и под еден таков исклучително тежок период, кој што во сите други ситуации можеби би ме бутнал, кај мене делуваше обратно. Ме поттикна, ми беше „тригер“ за да напишам нешто, и на тој начин да си помогнам на себе си, рече лауреатката на денешната прес-конференција.

Напомена дека наградата ќе и претставува дополнителна мотивација за во иднина.

Мило ми е што од еден таков тежок период, за мене излезе една ваква мал или голема победа, која дополнитлено во иднина би ми претставувало мотивација плус да правам подобро. Никогаш нема да пишувам наменски или за да се допаднам на кој било. Секогаш ќе пишувам за да држам до себе, и да останам своја, додаде Јовановска.

Оваа година во конкуренција за наградата беа 39 романи, а жири комисијата ја сочинуваа претседателот Владимир Јанковски и претставниците на Фондацијата Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева.

Наградата „Роман на годината“ се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

The post „Денот на црвот“ од Симона Јовановска добитник на наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>

„Денот на црвот“ од Симона Јовановска во издание на издавачката куќа „Или-или“ е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2021 година. Според жири комисијата, романот претставува успешно книжевно остварување, во кое авторката на умешен начин комбинира различни приказни, егзестенцијални ситуации и човечки судбини. Оваа награда ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, а претседателот на жири комисијата Владимир Јанковски на денешната прес-конференција посочи дека комисијата на последниот состанок со мнозинство гласови се одлучи за овој роман.
Жири комисијата одржа четири состаноци, при што по три изборни круга без избрани четири дела кои влегоа во најтесниот избор на наградата „Денот на црвот“ од Симона Јованоска (Или-или), „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски (Или-или), „Деса“ од Ивана Трајаноска (Арс Либрис) и „Ден за одмазда“ од Ивица Челиковиќ (Паблишер). На последниот состанок комисијата со мнозинство гласови одлучи роман на годината за 2021 година да биде „Денот на црвот“ од Симона Јовановска, посочи Јанковски, читајќи го образложението од жири комисијата.
Како што појасни, композициски, книгата може да се чита како еден вид книжевна симфонија во која голем број елементи дијалогизираат едни со други, на моменти се оддалечуваат и се доближуваат, за повторно да се спојат и обединат во една смисловна целина. Јанковски напомена дека романот е богат на ниво на стил, книжевна постапка, тон на раскажување, а хуморот, иронијата, суптилната пародија се само некои од стратегиите што авторката ги користи за да го збогати читателското искуство и да ги нијансира значењата на текстот. Посочи дека станува збор за полиперспективен книжевен текст, во кој контрапунктот и пресвртот, варијациите на темите и мотивите, нивната игрива и луцидна поственост создаваат богат и слоевит роман. Извршниот директор на Фондацијата „Славко Јаневски“, Ѕвездан Георгиевски на прес-конференцијата денеска истакна оти е горд на фактот што наградата се доделува 23 години во континуитет, и со тоа и е дадено соодветно место во македонската литература, но и соодветно значење.
Тоа е ентузијастички голема награда уште во времето кога ја доделуваше Утрински весник, а уште поентузијастички е од кога ја презеде Фондацијата „Славко Јаневски“. На тоа сме особено горди. Тоа немаше да успееме да го направиме без да се препознае наградата во пошироката јавност, додаде Георгиевски.
Потсети дека во последните неколку години наградата е финансиски поддржана од Министерството за култура, но ова е петта година како генерален покровител на наградата е Комерцијална банка АД Скопје.
Во овие 23 години наградата е доделена на многу важни номинирани автори во нашата држава, но е доделена и на многу млади или дотогаш недоволно афирмирани автори, кои преку оваа награда практично влегоа во македонската литература на малку поголема врата и на овој или на оној начин ја оправдаа довербата што жирито им ја додели, рече Георгиевски.
Тој напомена дека и оваа година лауреатка е млада авторка, и како што рече, се надева дека ќе продолжи традицијата на промовирање на нови имиња, на кои наградата ќе им биде своевиден поттик за сериозно занимавање со литература. Директорот на самостојната дирекција за маркетинг на Комерцијална банка, Андреј Јовковски напомена дека Комерцијалната банка е горда што е покровител на ова значајно признание, бидејќи нивната поддршка значи наградување на најквалитетните литературни дела, но и поддршка на домашната продукција и на мадите автори. Лауреатката Симона Јовановска посочи дека е среќна и возбудена што е добитник на оваа награда, но како што рече, романот никогаш не е напишан за оваа цел, туку како што посочи, е пишуван во еден исклучително специфичен период.
Многу сум среќна, возбудена, многу ја сакав оваа награда. Нема да бидам скромна, да кажам дека не ја сакав, никогаш овој роман не го напишав со таа цел, за да добијам што било. Беше пишуван во еден исклучително специфичен период за мене, во време кога почна пандемијата. На кратко, станав мајка по втор пат, се најдов дома затворена и под еден таков исклучително тежок период, кој што во сите други ситуации можеби би ме бутнал, кај мене делуваше обратно. Ме поттикна, ми беше „тригер“ за да напишам нешто, и на тој начин да си помогнам на себе си, рече лауреатката на денешната прес-конференција.
Напомена дека наградата ќе и претставува дополнителна мотивација за во иднина.
Мило ми е што од еден таков тежок период, за мене излезе една ваква мал или голема победа, која дополнитлено во иднина би ми претставувало мотивација плус да правам подобро. Никогаш нема да пишувам наменски или за да се допаднам на кој било. Секогаш ќе пишувам за да држам до себе, и да останам своја, додаде Јовановска.
Оваа година во конкуренција за наградата беа 39 романи, а жири комисијата ја сочинуваа претседателот Владимир Јанковски и претставниците на Фондацијата Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева. Наградата „Роман на годината“ се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

The post „Денот на црвот“ од Симона Јовановска добитник на наградата „Роман на годината“ appeared first on Република.

]]>