Денот на аллбанската азбука Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/denot-na-allbanskata-azbuka/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Nov 2023 09:59:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Денот на аллбанската азбука Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/denot-na-allbanskata-azbuka/ 32 32 Честитка од Џафери за Денот на албанската азбука https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chestitka-od-dhaferi-za-denot-na-albanskata-azbuka/ Wed, 22 Nov 2023 09:59:44 +0000 https://republika.mk/?p=715028

Претседателот на Собранието на Република Македонија упати честитка по повод 22 Ноември, Денот на албанската азбука.

Дозволете во име на пратениците во Собранието на Република Македонија и во свое лично име да упатам искрени и срдечни честитки по повод 22 Ноември, Денот на албанската азбука до сите Албанци во Република Македонија и насекаде каде не има распространети низ светот. Најсилното орудие на еден народ, унифицираната азбука со која пишуваме, читаме и го шириме албанскиот јазик, албанската култура, обичаи, посебности и фолклорните традиции го започна својот пат пред точно 115 години на Битолскиот конгрес, на кој се собра интелектуалниот врв на Албанците и донесе одлука за азбуката која стана катализатор на интелектуалното, културното и уметничкото издигнување на Албанскиот народ, но над сѐ, наш идентитетски знак. Ние, како одговорни политичари, имаме обврска да го чуваме и надградиме тој аманет на секој чекор, со секое дело и со секоја иницијатива што ја преземаме а младите генерации треба да ја знаат вредноста на жртвата што е направена за да се постигне да се биде на рамништето на етаблирани светски нации со цврст и неоспорен идентитет. Јазикот е моќна алатка која не обединува помеѓу себе, а во Република Македонија, како земја во која се негуваат и почитуваат сите различности, тоа е додадена вредност која обединува и луѓе и идеи, придонесува во напредокот и развојот на државата. Драги сограѓани, Ви посакувам празникот да го поминете во убава и свечена атмосфера а убавиот збор нека биде водилка во нашето секојдневие. Честит 22 Ноември - Денот на албанската азбука!, се наведува во честитката на Џафери.

The post Честитка од Џафери за Денот на албанската азбука appeared first on Република.

]]>

Во Битола утре ќе се одбележува Денот на албанската азбука, од 8 до 18 часот ќе има посебен режим на сообраќај https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-bitola-utre-ke-se-odbelezhuva-denot-na-albanskata-azbuka-od-8-do-18-chasot-ke-ima-poseben-rezhim-na-soobrakaj/ Mon, 20 Nov 2023 07:36:36 +0000 https://republika.mk/?p=714177

По повод одбележувањето на 115 годишнината на Денот на албанската азбука, утре во Битола, во рамки на предвидените манифестации, како и поради присуство на владини делегации од државата и странство, на подрачјето на Ресен и Битола ќе биде применет посебен режим во сообраќајот.

Од СВР Битола информираат дека во посочениот термин ќе се врши запирање на сите возила и пропуштање на службените возила со првенство на минување.

Посебниот сообраќаен режим е со цел непречено и безбедно одвивање на закажаните настани за одбележување на годишнината од Битолскиот Конгрец, и за таа цел СВР Битола ќе воспостави посебен режим на сообраќај на улиците „Билбил камен“, „Довлеџик“, ,кружен тек кај Педагошка, булевар „Први Мај“ од двете страни до крстосница со улица „Столарска“, кружен тек кај местото викано „Безистен“, како и на улиците „Столарска“, „Добривоје Радосављевиќ“, „Лазо Трповски“, „Рузвелтова“, „Никола Тесла“, околу зградата Грозд и улицата „Димитар Илиевски Мурато“. Апелираме сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќајот, соопштија од СВР Битола.

Како што е познато во Битола деновиве се одржуваат повеќе манифестации во чест на Битолскиот Конгрес, денот кога се изврши уедначување на Албанската азбука, а централните свечености ќе се одржат утре кога во Битола се очекува доаѓање на претседателот на Република Албанија.

The post Во Битола утре ќе се одбележува Денот на албанската азбука, од 8 до 18 часот ќе има посебен режим на сообраќај appeared first on Република.

]]>

По повод одбележувањето на 115 годишнината на Денот на албанската азбука, утре во Битола, во рамки на предвидените манифестации, како и поради присуство на владини делегации од државата и странство, на подрачјето на Ресен и Битола ќе биде применет посебен режим во сообраќајот. Од СВР Битола информираат дека во посочениот термин ќе се врши запирање на сите возила и пропуштање на службените возила со првенство на минување.