Денис Тот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/denis-tot/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Feb 2024 10:44:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Денис Тот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/denis-tot/ 32 32 За убиството на ракометарот Денис Тот, потврдени казните од 18 и од 16 години затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/za-ubistvoto-na-rakometarot-denis-tot-potvrdeni-kaznite-od-18-i-od-16-godini-zatvor/ Fri, 09 Feb 2024 10:42:48 +0000 https://republika.mk/?p=742159

Советот за казниви дела при Врховниот суд одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, по предметот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Македонија донесе пресуда КВП2-101/23, со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесени од осуденитe А. Ѓ., К.Л. и А.К. против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1768/22 од 30.11.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-224/23 од 05.06.2023 година, ги одби како неосновани“, соопшти Врховниот суд.

Претходно, Апелација ги потврди казните на сите осудени за убиството на Денис Тот. Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски издржува 18 години. Второобвинетата Клементина Лефковска исто така издржува 18 години затвор. И на третообвинетиот Андреј Костовски му е потврдена казната затвор од 16 години.

Пресудата за Денис Тот од Кривичен беше изречена во ноември 2022 година. Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ изрече високи затворски казни за тројцата, тогаш осомничени, сега правосилно осудени за убиството на Денис Тот.

Обвинетите негираа вина за делото убиство. Тие бараа да им се суди за тепачка. Тврдеа дека немале намера да го убијат Тот, ниту умисла, што е еден од условите за да се исполни битието на делото. Судскиот процес траеше два ипол месеца. Обвинителката Тања Трајчевска беше убедена дека докажала вина за убиството кај обвинетите. На судењата беа сослушани многубројни сведоци на настанот, како и вештаци. Клучни беа и снимките од видеонадзорот како од клубот пред кој Тот беше убиен така и снимките од градските камери.

Доколку ракометарот Денис Тот немал повреда на ‘рбетниот мозок, ќе преживеел. Ова го покажа вештачењето на Александар Станков, директор и доктор во Судска медицина при обдукција на телото. Докторот Станков вели: „Доколку таа повреда би ја немало, тој би можел да преживее“. Ударот во главата во тврда површина бил клучниот момент. Тој се случил кога Тот бил со бокс удрен од страна на обвинетиот Анџело Ѓорѓиевски. Сите обвинети се извинија за делото што го сториле.

Денис Тот беше убиен во април минатата година пред скопска дискотека. Во јавноста се рашири видео од тепачката пред дискотеката, на кое се гледа како обвинетите го удираат Тот, тој паѓа на асфалтот и останува без значи на живот.

Од април минатата година за неговото убиство во притвор се 28-годишниот Анџело Ѓорѓиевски, 19-годишната Клементина Лефковска и 22-годишниот Андреј Костовски. Обвинителниот акт беше поднесен на крајот од јули 2022 година.

„Обвинетите, на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди, од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал“, стои во обвинението.

The post За убиството на ракометарот Денис Тот, потврдени казните од 18 и од 16 години затвор appeared first on Република.

]]>

Советот за казниви дела при Врховниот суд одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, по предметот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Македонија донесе пресуда КВП2-101/23, со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесени од осуденитe А. Ѓ., К.Л. и А.К. против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1768/22 од 30.11.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-224/23 од 05.06.2023 година, ги одби како неосновани“, соопшти Врховниот суд.
Претходно, Апелација ги потврди казните на сите осудени за убиството на Денис Тот. Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски издржува 18 години. Второобвинетата Клементина Лефковска исто така издржува 18 години затвор. И на третообвинетиот Андреј Костовски му е потврдена казната затвор од 16 години. Пресудата за Денис Тот од Кривичен беше изречена во ноември 2022 година. Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ изрече високи затворски казни за тројцата, тогаш осомничени, сега правосилно осудени за убиството на Денис Тот. Обвинетите негираа вина за делото убиство. Тие бараа да им се суди за тепачка. Тврдеа дека немале намера да го убијат Тот, ниту умисла, што е еден од условите за да се исполни битието на делото. Судскиот процес траеше два ипол месеца. Обвинителката Тања Трајчевска беше убедена дека докажала вина за убиството кај обвинетите. На судењата беа сослушани многубројни сведоци на настанот, како и вештаци. Клучни беа и снимките од видеонадзорот како од клубот пред кој Тот беше убиен така и снимките од градските камери. Доколку ракометарот Денис Тот немал повреда на ‘рбетниот мозок, ќе преживеел. Ова го покажа вештачењето на Александар Станков, директор и доктор во Судска медицина при обдукција на телото. Докторот Станков вели: „Доколку таа повреда би ја немало, тој би можел да преживее“. Ударот во главата во тврда површина бил клучниот момент. Тој се случил кога Тот бил со бокс удрен од страна на обвинетиот Анџело Ѓорѓиевски. Сите обвинети се извинија за делото што го сториле. Денис Тот беше убиен во април минатата година пред скопска дискотека. Во јавноста се рашири видео од тепачката пред дискотеката, на кое се гледа како обвинетите го удираат Тот, тој паѓа на асфалтот и останува без значи на живот. Од април минатата година за неговото убиство во притвор се 28-годишниот Анџело Ѓорѓиевски, 19-годишната Клементина Лефковска и 22-годишниот Андреј Костовски. Обвинителниот акт беше поднесен на крајот од јули 2022 година. „Обвинетите, на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди, од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал“, стои во обвинението.  

The post За убиството на ракометарот Денис Тот, потврдени казните од 18 и од 16 години затвор appeared first on Република.

]]>
Апелација одлучи: Еве по колку ќе бидат во затвор Анџело, Клементина и Андреј за убиството на ракометарот Денис Тот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/apelatsija-odluchi-eve-po-kolku-ke-bidat-vo-zatvor-andhelo-klementina-i-andrej-za-ubistvoto-na-rakometarot-denis-tot/ Tue, 25 Jul 2023 14:48:18 +0000 https://republika.mk/?p=665181

Апелацискиот суд ги потврди казните на сите осудени за убиството на хравтскиот ракометар, Денис Тот.

Првообвинетиот, Анџело Ѓорѓиевски, доби казна од 18 години затвор исто колку и второобвинетата, Клементина Лефковска.

И на третообвинетиот Андреј Костовски му е потврдена казната затвор, а тој беше осуден на 16 години.

Промени има во пресудата само во делот на сумата на пари која треба да ја исплатат на членови на семејството Тот.

Апелациониот суд Скопје донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот А. Ѓ. е одбиена како неоснована, а жалбите на обвинетите А. К. и К. Л. се делумно уважени на начин што пресудата на Основниот кривичен суд се преиначува и во однос на досудениот износ на име нематеријална штета и обвинетите се задолжени, солидарно, на мајката на починатиот Денис Тот, Т. Т., да ѝ исплатат 4.000.000 денари. Идентичен износ ќе треба да му се исплати и на И. Т., татко на починатиот, а на Б. Т., брат на покојниот, досудена е исплата на име нематеријална штета во висина од 3.000.000 денари. Во согласност со пресудата, при исплатата ќе биде пресметана и законска казнена камата од денот на донесување на првостепената пресуда“, велат од скопска Апелација.

The post Апелација одлучи: Еве по колку ќе бидат во затвор Анџело, Клементина и Андреј за убиството на ракометарот Денис Тот appeared first on Република.

]]>

Апелацискиот суд ги потврди казните на сите осудени за убиството на хравтскиот ракометар, Денис Тот. Првообвинетиот, Анџело Ѓорѓиевски, доби казна од 18 години затвор исто колку и второобвинетата, Клементина Лефковска. И на третообвинетиот Андреј Костовски му е потврдена казната затвор, а тој беше осуден на 16 години. Промени има во пресудата само во делот на сумата на пари која треба да ја исплатат на членови на семејството Тот.
Апелациониот суд Скопје донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот А. Ѓ. е одбиена како неоснована, а жалбите на обвинетите А. К. и К. Л. се делумно уважени на начин што пресудата на Основниот кривичен суд се преиначува и во однос на досудениот износ на име нематеријална штета и обвинетите се задолжени, солидарно, на мајката на починатиот Денис Тот, Т. Т., да ѝ исплатат 4.000.000 денари. Идентичен износ ќе треба да му се исплати и на И. Т., татко на починатиот, а на Б. Т., брат на покојниот, досудена е исплата на име нематеријална штета во висина од 3.000.000 денари. Во согласност со пресудата, при исплатата ќе биде пресметана и законска казнена камата од денот на донесување на првостепената пресуда“, велат од скопска Апелација.

The post Апелација одлучи: Еве по колку ќе бидат во затвор Анџело, Клементина и Андреј за убиството на ракометарот Денис Тот appeared first on Република.

]]>
Jaвна седница на Апелација за убиството на ракометарот Тот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/javna-sednitsa-na-apelatsija-za-ubistvoto-na-rakometarot-tot/ Mon, 15 May 2023 06:04:00 +0000 https://republika.mk/?p=640817

Во Апелацискиот суд Скопје денеска ќе биде одржана јавна седница за кривичниот предмет за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

Од Апелација соопштија дека јаваната седница е закажана за 10:30 часот.

Кривичниот суд Скопје на 30 ноември лани, за убиството на Денис Тот на повеќегодишни затворски казни ги осуди Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски. Ѓорѓиевски и Левковска добија по 18, а Костовски 16 години затвор.

Дваесет и седумгодишниот Тот, кој настапуваше за македонскиот суперлигаш Бутел, почина на 8 април 2022 откако бил претепан пред ноќен клуб во Градски парк.

Според обвинителниот акт, Ѓорѓиевски, Левковска и Костовски, на 7 април по кратка расправија го нападнале Тот и му задале повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај него најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал.

Процесот го водеше судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а обвинението го застапуваше обвинителката Тања Трајчевска.

The post Jaвна седница на Апелација за убиството на ракометарот Тот appeared first on Република.

]]>

Во Апелацискиот суд Скопје денеска ќе биде одржана јавна седница за кривичниот предмет за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Од Апелација соопштија дека јаваната седница е закажана за 10:30 часот.
Кривичниот суд Скопје на 30 ноември лани, за убиството на Денис Тот на повеќегодишни затворски казни ги осуди Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски. Ѓорѓиевски и Левковска добија по 18, а Костовски 16 години затвор. Дваесет и седумгодишниот Тот, кој настапуваше за македонскиот суперлигаш Бутел, почина на 8 април 2022 откако бил претепан пред ноќен клуб во Градски парк. Според обвинителниот акт, Ѓорѓиевски, Левковска и Костовски, на 7 април по кратка расправија го нападнале Тот и му задале повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај него најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал. Процесот го водеше судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а обвинението го застапуваше обвинителката Тања Трајчевска.

The post Jaвна седница на Апелација за убиството на ракометарот Тот appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Пресуда за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-zivo-presuda-za-ubistvoto-na-hrvatskiot-rakometar-denis-tot/ Wed, 30 Nov 2022 08:04:42 +0000 https://republika.mk/?p=579880

Во Кривичниот суд денеска треба да биде објавена пресудата за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје на 7 април годинава.

За кривичното дело убиство, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје обвини три лица: Анџело Ѓоргиевски (28), Клементина Левковска (19) и Андреј Костовски (19).

Во завршните зборови на рочиште пред десетина дена, обвинителката Тања Трајчевска, побара тројцата обвинети да бидат прогласени за виновни бидејќи, според неа, во судскиот процес се докажало дека тие го сториле кривичното дело за кое се гонеле.

Имајќи предвид, како што истакна обвинителката во завршите зборови, дека откако Тот паднал на асфалтот бил удиран од обвинетите додека беспомошно лежел, тоа зборува дека тројцата обвинети го извршиле кривичното дело со умисла и оти биле свесни дека можат да настанат штетни последици.

Оштетениот, посочи Трајчевска, бил доведен во нерамноправна позиција бидејќи бил нападнат од тројца кои му задале удари по виталните делови од телото, во пределот на главата.

Одбраната, пак, побара ослободителна пресуда бидејќи според бранителите на тројцата обвините, никој од нив не ги задал ударите што биле фатални за хрватскиот ракометар, а обвинителството не докажало дека се исполнети „битијата“ за кривично дело убиство.

Адвокатот на обвинетата Клементина Лефковска во завршните зборови рече дека таа била жртва на Тот и дека се бранела од неговото малтретирање.

The post ВО ЖИВО: Пресуда за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот appeared first on Република.

]]>

Во Кривичниот суд денеска треба да биде објавена пресудата за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје на 7 април годинава. За кривичното дело убиство, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје обвини три лица: Анџело Ѓоргиевски (28), Клементина Левковска (19) и Андреј Костовски (19). Во завршните зборови на рочиште пред десетина дена, обвинителката Тања Трајчевска, побара тројцата обвинети да бидат прогласени за виновни бидејќи, според неа, во судскиот процес се докажало дека тие го сториле кривичното дело за кое се гонеле. Имајќи предвид, како што истакна обвинителката во завршите зборови, дека откако Тот паднал на асфалтот бил удиран од обвинетите додека беспомошно лежел, тоа зборува дека тројцата обвинети го извршиле кривичното дело со умисла и оти биле свесни дека можат да настанат штетни последици. Оштетениот, посочи Трајчевска, бил доведен во нерамноправна позиција бидејќи бил нападнат од тројца кои му задале удари по виталните делови од телото, во пределот на главата. Одбраната, пак, побара ослободителна пресуда бидејќи според бранителите на тројцата обвините, никој од нив не ги задал ударите што биле фатални за хрватскиот ракометар, а обвинителството не докажало дека се исполнети „битијата“ за кривично дело убиство. Адвокатот на обвинетата Клементина Лефковска во завршните зборови рече дека таа била жртва на Тот и дека се бранела од неговото малтретирање.

The post ВО ЖИВО: Пресуда за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот appeared first on Република.

]]>
Продолжува судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prodolzuva-sudenjeto-za-ubistvoto-na-hrvatskiot-rakometar-denis-tot-2/ Wed, 26 Oct 2022 08:48:33 +0000 https://republika.mk/?p=565763

Со изведување на материјални докази од обвинителството во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје.

Обвинителката Тања Трајчевска на денешното рочиште изведе материјални докази – рентген снимки од оштетениот Денис Тот изготвени од Судска медицина.

На минатото рочиште беа изведени видео материјали од безбедносните камери на дискотеката и Сејф сити системот, на кои се гледаат случувањата пред дискотеката на кобната ноќ на 7 април годинава во периодот од 3 и 25 до 3 и 45 минути.

Пред судот, исто така, беа изведени и материјални докази, меѓу кои извештаи од мобилни оператори за повеќе телефонски броеви, извештаи од МВР, упати и извештаи од Ургентен, Токсикологија, Неврохирургија, Радиологија и друга документација.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

– По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

The post Продолжува судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот appeared first on Република.

]]>

Со изведување на материјални докази од обвинителството во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје. Обвинителката Тања Трајчевска на денешното рочиште изведе материјални докази – рентген снимки од оштетениот Денис Тот изготвени од Судска медицина. На минатото рочиште беа изведени видео материјали од безбедносните камери на дискотеката и Сејф сити системот, на кои се гледаат случувањата пред дискотеката на кобната ноќ на 7 април годинава во периодот од 3 и 25 до 3 и 45 минути. Пред судот, исто така, беа изведени и материјални докази, меѓу кои извештаи од мобилни оператори за повеќе телефонски броеви, извештаи од МВР, упати и извештаи од Ургентен, Токсикологија, Неврохирургија, Радиологија и друга документација. Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. – По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава. Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.  

The post Продолжува судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот appeared first on Република.

]]>
Судењето за убиството на ракометарот Денис Тот продолжува на 26 октомври https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sudenjeto-za-ubistvoto-na-rakometarot-denis-tot-prodolzuva-na-26-oktomvri/ Mon, 17 Oct 2022 13:08:51 +0000 https://republika.mk/?p=562100

Судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје, продолжува на 26 октомври, откако на денешното рочиште, беа изведени видео материјали од безбедносните камери на дискотеката и Сејф сити системот, на кои се гледаат случувањата пред дискотеката на кобната ноќ на 7 април годинава во периодот од 3:25 до 3:45 часот.

Од видео снимките се гледа дека во 3:26 од дискотеката излегуваат обвинетата Клементина Левковска и Анџело Ѓоргиевски, а по кратко излегува и обвинетиот Андреј Костовски. Во 3:29 излегува и Денис Тот, се поздравува со Ѓоргиевски и сите влегуваат во такси возилото.

Костовски, кој седи напред излегува од таксито, доаѓа на задната лева врата, го влече Тот да излезе од возилото и со гард на рацете се повлекува.

Кратко потоа од возилото излегува и Левковска и го турка по градите Тот, кој ја оттурнува од себе назад кон такси возилото. Во тој момент се вклучува обвинетиот Ѓоргиевски, кој го удира по глава оштетениот Тот и тој паѓа на грб, а сите тројца обвинети се околу него.

За кратко до телото на Тот останува само едно лице, кое се обидува да му помогне, а обвинетите влегуваат во такси возилото, но повторно и се враќаат. Обвинетиот Ѓоргиевски и уште едно лице се обидуваат да му помогнат на Тот.

Сите тројца обвинети остануваат со Тот до пристигнувањето на Брзата помош во 3:49 часот.

Од друго кратко видео, кое исто така беше изведено пред Судот, се гледа како обвинетите Левковска и Ѓоргиевски со уште едно лице доаѓаат во дискотеката, а кратко по нив влегува и сега починатиот Денис Тот.

Во судница беа изведени и три аудио снимки од диспечерскиот систем на Брзата помош, на кои се слуша комуникација меѓу Брзата помош, женски глас што пријавува и Ургентен центар.

На едното аудио се слуша женски глас како се јавува во Брза помош и бара да биде испратено возило пред дискотеката „Привелиџ“, објаснувајќи дека имало тепачка и има паднат човек, кој не мрда, со отворени очи.

Потоа, на повторно јавување се слуша женски глас како ги моли брзата помош да дојде побрзо, на што диспечерката ја уверува дека брзата помош доаѓа и дека се јавиле само пред две минути.

Пред Судот беа изведени и материјални докази, меѓу кои извештаи од мобилни оператори за повеќе телефонски броеви, извештаи од МВР, упати и извештаи од Ургентниот центар и од клиниките за токсикологија, за неврохирургија и за радиологија, како и друга документација.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал - се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

The post Судењето за убиството на ракометарот Денис Тот продолжува на 26 октомври appeared first on Република.

]]>

Судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје, продолжува на 26 октомври, откако на денешното рочиште, беа изведени видео материјали од безбедносните камери на дискотеката и Сејф сити системот, на кои се гледаат случувањата пред дискотеката на кобната ноќ на 7 април годинава во периодот од 3:25 до 3:45 часот. Од видео снимките се гледа дека во 3:26 од дискотеката излегуваат обвинетата Клементина Левковска и Анџело Ѓоргиевски, а по кратко излегува и обвинетиот Андреј Костовски. Во 3:29 излегува и Денис Тот, се поздравува со Ѓоргиевски и сите влегуваат во такси возилото. Костовски, кој седи напред излегува од таксито, доаѓа на задната лева врата, го влече Тот да излезе од возилото и со гард на рацете се повлекува. Кратко потоа од возилото излегува и Левковска и го турка по градите Тот, кој ја оттурнува од себе назад кон такси возилото. Во тој момент се вклучува обвинетиот Ѓоргиевски, кој го удира по глава оштетениот Тот и тој паѓа на грб, а сите тројца обвинети се околу него. За кратко до телото на Тот останува само едно лице, кое се обидува да му помогне, а обвинетите влегуваат во такси возилото, но повторно и се враќаат. Обвинетиот Ѓоргиевски и уште едно лице се обидуваат да му помогнат на Тот. Сите тројца обвинети остануваат со Тот до пристигнувањето на Брзата помош во 3:49 часот. Од друго кратко видео, кое исто така беше изведено пред Судот, се гледа како обвинетите Левковска и Ѓоргиевски со уште едно лице доаѓаат во дискотеката, а кратко по нив влегува и сега починатиот Денис Тот. Во судница беа изведени и три аудио снимки од диспечерскиот систем на Брзата помош, на кои се слуша комуникација меѓу Брзата помош, женски глас што пријавува и Ургентен центар. На едното аудио се слуша женски глас како се јавува во Брза помош и бара да биде испратено возило пред дискотеката „Привелиџ“, објаснувајќи дека имало тепачка и има паднат човек, кој не мрда, со отворени очи. Потоа, на повторно јавување се слуша женски глас како ги моли брзата помош да дојде побрзо, на што диспечерката ја уверува дека брзата помош доаѓа и дека се јавиле само пред две минути. Пред Судот беа изведени и материјални докази, меѓу кои извештаи од мобилни оператори за повеќе телефонски броеви, извештаи од МВР, упати и извештаи од Ургентниот центар и од клиниките за токсикологија, за неврохирургија и за радиологија, како и друга документација. Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.
По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал - се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.
Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

The post Судењето за убиството на ракометарот Денис Тот продолжува на 26 октомври appeared first on Република.

]]>
Свесно знаеле што прават и кои се последиците, вели вештакот за обвинетите за убиството на Денис Тот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/svesno-znaele-shto-pravat-i-koi-se-posledicite-veli-veshtakot-za-obvinetite-za-ubistvoto-na-denis-tot/ Mon, 03 Oct 2022 11:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=556808

Со изведување на докази од Обвинителството, во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи доказната постапка за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје. На денешното рочиште сведочеа две вешти лица од Судската медицина.

Вештото лице Ана Ивчева рече дека настанатите повреди се механички повреди и се настанати со дејство на тапо-тврда сила во конкретните регии.

Во однос на севкупното дејство на повредите, станува збор за тешки телесни повреди со конкретна опасност по живот на повредениот, рече таа.

Како причина за смртта на сега покојниот Денис Тот таа го посочи нагмечувањето на ‘рбетниот и големиот мозок.

На прашање од одбраната дали нагмечувањето на ‘рбетниот мозок е нанесено со удар или со пад, вештото лице одговори дека е настаната поради дејство на тапо тврда сила која предизвикала ротација на главата а со тоа и последователна повреда на ‘рбетниот мозок.

Вештото лице од областа на психијатријата, Александар Марцикиќ, се изјасни за здравствената состојба на обвинетите која, како што рече, „ја констатирав на 28 април 2022 година, кога и го извршив прегледот“.

Тој посочи дека обвинетата Клементина Левковска е психички здрава индивидуа со уредна интелигенција.

Со прегледот се констатирани реакција на актуелната стресогена ситуација за неа која ценам дека е од висок степен поради настанот и исходот од настанот кој што се случил, како и репрекусиите кои дошле после тоа, во вид на кривична постапка и притвор, рече тој.

За обвинетите Анџело Георгиевски и Андреј Костовски, исто така, посочи, станува збор за психички здрави особи со просечна, односно уредни интелектуални капацитети и кај нив е констатирана психичка реакција на стресни ситуации во рамките на нормална реакција поради исходот од настанот, притворот и кривичната постапка која се води.

Во врска со прашањето дали обвинетите до сега страдале од некое минливо или трајно психичко пореметување, вештото лице одговори дека од прегледот, кој го направил констатирал дека кај обвинетата Клементина Лековска на 13 годишна возраст било констатирано минливо психичко пореметување во вид на пореметување на однесување во детска возраст.

Ова пореметување значи дека во тој период од животот таа манифестирала и однесување кое се карактеризирало со дисоцијални постапки, агресивност, раздразливост, кое го надминувало бунтовното и инаетливо однесување карактеристично за овој период во кој што таа се наоѓала, тоа е период на пубертет, рече тој.

Прашан дали обвинетите при прегледот биле агресивни, насилни или во состојба да ја искривуваат вистината, тој одговори дека при прегледот, ниту еден од обвинетите не манифестирал какви било знаци на пасивна или активна агресивност.

Како што опишав, кај нив беше актуелна психичката реакција на исходот од настанот и реперкусиите од нив, кои што воглавно се со слични манифестации, грижа на совест, чувство на вина, видлива вознемиреност поради исходот на случката и кривичната постапа против нив, страв или анксиозност од самата постапка и последиците, пред сѐ мислам на социјалните последици, рече тој.

На прашањето дали тројцата обвинети во моментот на извршувањето на кривичното дело можеле да го сфатат значењето на делото и дали истите можеле да управуваат со своите постапки, вештакот рече дека секој од обвинетите во време на настанот бил со запазено психичко здравје, така што, како што посочи, можеле да ги разберат своите постапки, да ги претпостават последиците од истите и да раководат со истите.

Одбраната во своите воведни зборови кажа дека не смета дека правната квалификација за кривичното дело „убиство“ кое им се става на товар на обвинетите за смртта на хрватскиот ракометар е одржлива и дека ќе докажува дека не постои умисла за истото.

Обвинителството, пак, на првото рочиште истакна дека располага со две ЦД-а од безбедносни камери од кои јасно може да се види целиот настан кој се случил критичната вечер, а пред сѐ, поединечно, дејствијата на секој од обвинетите кои ги презеле тој ден.

Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје, изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

The post Свесно знаеле што прават и кои се последиците, вели вештакот за обвинетите за убиството на Денис Тот appeared first on Република.

]]>

Со изведување на докази од Обвинителството, во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи доказната постапка за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје. На денешното рочиште сведочеа две вешти лица од Судската медицина. Вештото лице Ана Ивчева рече дека настанатите повреди се механички повреди и се настанати со дејство на тапо-тврда сила во конкретните регии.
Во однос на севкупното дејство на повредите, станува збор за тешки телесни повреди со конкретна опасност по живот на повредениот, рече таа.
Како причина за смртта на сега покојниот Денис Тот таа го посочи нагмечувањето на ‘рбетниот и големиот мозок. На прашање од одбраната дали нагмечувањето на ‘рбетниот мозок е нанесено со удар или со пад, вештото лице одговори дека е настаната поради дејство на тапо тврда сила која предизвикала ротација на главата а со тоа и последователна повреда на ‘рбетниот мозок. Вештото лице од областа на психијатријата, Александар Марцикиќ, се изјасни за здравствената состојба на обвинетите која, како што рече, „ја констатирав на 28 април 2022 година, кога и го извршив прегледот“. Тој посочи дека обвинетата Клементина Левковска е психички здрава индивидуа со уредна интелигенција.
Со прегледот се констатирани реакција на актуелната стресогена ситуација за неа која ценам дека е од висок степен поради настанот и исходот од настанот кој што се случил, како и репрекусиите кои дошле после тоа, во вид на кривична постапка и притвор, рече тој.
За обвинетите Анџело Георгиевски и Андреј Костовски, исто така, посочи, станува збор за психички здрави особи со просечна, односно уредни интелектуални капацитети и кај нив е констатирана психичка реакција на стресни ситуации во рамките на нормална реакција поради исходот од настанот, притворот и кривичната постапка која се води. Во врска со прашањето дали обвинетите до сега страдале од некое минливо или трајно психичко пореметување, вештото лице одговори дека од прегледот, кој го направил констатирал дека кај обвинетата Клементина Лековска на 13 годишна возраст било констатирано минливо психичко пореметување во вид на пореметување на однесување во детска возраст.
Ова пореметување значи дека во тој период од животот таа манифестирала и однесување кое се карактеризирало со дисоцијални постапки, агресивност, раздразливост, кое го надминувало бунтовното и инаетливо однесување карактеристично за овој период во кој што таа се наоѓала, тоа е период на пубертет, рече тој.
Прашан дали обвинетите при прегледот биле агресивни, насилни или во состојба да ја искривуваат вистината, тој одговори дека при прегледот, ниту еден од обвинетите не манифестирал какви било знаци на пасивна или активна агресивност.
Како што опишав, кај нив беше актуелна психичката реакција на исходот од настанот и реперкусиите од нив, кои што воглавно се со слични манифестации, грижа на совест, чувство на вина, видлива вознемиреност поради исходот на случката и кривичната постапа против нив, страв или анксиозност од самата постапка и последиците, пред сѐ мислам на социјалните последици, рече тој.
На прашањето дали тројцата обвинети во моментот на извршувањето на кривичното дело можеле да го сфатат значењето на делото и дали истите можеле да управуваат со своите постапки, вештакот рече дека секој од обвинетите во време на настанот бил со запазено психичко здравје, така што, како што посочи, можеле да ги разберат своите постапки, да ги претпостават последиците од истите и да раководат со истите. Одбраната во своите воведни зборови кажа дека не смета дека правната квалификација за кривичното дело „убиство“ кое им се става на товар на обвинетите за смртта на хрватскиот ракометар е одржлива и дека ќе докажува дека не постои умисла за истото. Обвинителството, пак, на првото рочиште истакна дека располага со две ЦД-а од безбедносни камери од кои јасно може да се види целиот настан кој се случил критичната вечер, а пред сѐ, поединечно, дејствијата на секој од обвинетите кои ги презеле тој ден. Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје, изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар. Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.
По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.
Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

The post Свесно знаеле што прават и кои се последиците, вели вештакот за обвинетите за убиството на Денис Тот appeared first on Република.

]]>
Продолжува судењето за убиството на ракометарот Денис Тот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prodolzuva-sudenjeto-za-ubistvoto-na-rakometarot-denis-tot/ Mon, 03 Oct 2022 08:36:20 +0000 https://republika.mk/?p=556729

Во Основниот кривичен суд – Скопје продолжува судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и продолжува со изведување докази од обвинителството, откако на минатото рочиште беа сослушани вештите лица Александар Станков и Рената Јанкова од Судска медицина при Медицинскиот факултет во Скопје.

Вештите лица беа согласни дека повредите кои ги здобил сега покојниот се класифицирани како тешка телесна повреда со опасност по живот и истите се поврзани со смртниот исход на оштетениот.

Како причина за смрт наведено е дека смртта настанала заради нагмечување на големиот мозок и нагмечување на рбетниот мозок, меѓутоа, како критична повреда од настапување на смрт врз основа на целокупната клиничка слика кај сега починатиот е повредата на почетен дел од рбетниот мозок - појасни вештото лице Александар Станков.

Вештото лице Рената Јанкова кажа дека некои повреди може да се квалификуваат изолирано, па потоа да се зборува за севкупно дејство на повредите.

Меѓутоа, ако ги разгледуваме поединечно, на пример една од повредите, да ја земеме повредата која што довела до неконкретна скршеница на носната коска, може да биде телесна повреда, меѓутоа, ако истата таа повреда довела до потрес на мозокот во тешка форма, тогаш е тешка телесна повреда - изјави таа.

Одбраната во своите воведни зборови кажа дека не смета дека правната квалификација за кривичното дело „убиство“ кое им се става на товар на обвинетите за смртта на хрватскиот ракометар е одржлива и дека ќе докажува дека не постои умисла за истото.

Обвинителството, пак, на првото рочиште истакна дека располага со две ЦД-а од безбедносни камери од кои јасно може да се види целиот настан кој се случил критичната вечер, а пред сѐ, поединечно, дејствијата на секој од обвинетите кои ги презеле тој ден.

Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје, изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал - се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

The post Продолжува судењето за убиството на ракометарот Денис Тот appeared first on Република.

]]>

Во Основниот кривичен суд – Скопје продолжува судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје. Случајот се наоѓа во доказна постапка и продолжува со изведување докази од обвинителството, откако на минатото рочиште беа сослушани вештите лица Александар Станков и Рената Јанкова од Судска медицина при Медицинскиот факултет во Скопје. Вештите лица беа согласни дека повредите кои ги здобил сега покојниот се класифицирани како тешка телесна повреда со опасност по живот и истите се поврзани со смртниот исход на оштетениот.
Како причина за смрт наведено е дека смртта настанала заради нагмечување на големиот мозок и нагмечување на рбетниот мозок, меѓутоа, како критична повреда од настапување на смрт врз основа на целокупната клиничка слика кај сега починатиот е повредата на почетен дел од рбетниот мозок - појасни вештото лице Александар Станков.
Вештото лице Рената Јанкова кажа дека некои повреди може да се квалификуваат изолирано, па потоа да се зборува за севкупно дејство на повредите.
Меѓутоа, ако ги разгледуваме поединечно, на пример една од повредите, да ја земеме повредата која што довела до неконкретна скршеница на носната коска, може да биде телесна повреда, меѓутоа, ако истата таа повреда довела до потрес на мозокот во тешка форма, тогаш е тешка телесна повреда - изјави таа.
Одбраната во своите воведни зборови кажа дека не смета дека правната квалификација за кривичното дело „убиство“ кое им се става на товар на обвинетите за смртта на хрватскиот ракометар е одржлива и дека ќе докажува дека не постои умисла за истото. Обвинителството, пак, на првото рочиште истакна дека располага со две ЦД-а од безбедносни камери од кои јасно може да се види целиот настан кој се случил критичната вечер, а пред сѐ, поединечно, дејствијата на секој од обвинетите кои ги презеле тој ден. Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје, изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар. Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.
По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал - се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.
Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

The post Продолжува судењето за убиството на ракометарот Денис Тот appeared first on Република.

]]>
Повредата на ‘рбетниот мозок била пресудна за смртта на ракометарот Денис Тот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/povredata-na-rbetniot-mozok-bila-presudna-za-smrtta-na-rakometarot-denis-tot/ Mon, 26 Sep 2022 12:30:53 +0000 https://republika.mk/?p=554330

Доколку ракометарот Денис Тот немал повреда на ‘рбетниот мозок, ќе преживеел. Ова го покажува вештачењето на Александар Станков, директор и доктор во Судска медицина при обдукција на телото.

Оваа повреда Тот ја добива при падот, по првиот удар од страна на првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски. Докторот Станков вели: „Доколку таа повреда би ја немало, тој би можел да преживее“.

Доколку ја немал повредата на ‘рбетниот мозок и ги имал другите повреди, би имал многу поголеми шанси да преживее, отколку кога би ја имал повредата на ‘рбетниот мозок, кажа Станков.

Тој објасни дека сите повреди кај Тот се здобиени преку удари.

Повредите со кои се здобил Денис Тот се повреди кои се настанати под тапа сила, крвни подливи во пределот на лицето, со скршување на десната страна од носната коска, крвни подливи на меката поглавина… нагмечување на големиот мозок, нагмечување на вратниот дел од ‘рбетниот мост, односно високо во близина на продолжението мозок, додаде Станков. Ударот во главата во тврда површина бил клучниот момент. Тој се случил кога Тот бил со бокс удрен од страна на обвинетиот Анџело Ѓорѓиевски.

Како причина за смрт, наведено е дека смртта настанала поради нагмечување на големиот мозок и нагмечување на ‘рбетниот мозок. Меѓутоа, како критична повреда за смртниот исход, врз основа на целокупната клиничка слика, е повредата на почетниот дел од ‘рбетниот мозок, објасни докторот и вештак.

Тој дообјасни како станале повредите од тапа-тврда сила, кои можат да настанат од удар, при пад, при судар доколку телото и објектот се движат еден кон друг.

Нагмечувањето на мозочното ткиво настанало поради делување на сила во пределот на тилната регија на главата, а тоа се случило при падот. Додека, пак, повредата на почетниот дел на ‘рбетниот мозок е настаната поради ротациските движења на главата предизвикани од ударите во пределот на главата, додаде Станков.

Ни побрза реакција на докторите од Итната медицинска помош и Клиничкиот центар немало да го спасат Денис Тот, посочи докторот и вештак Станков.

И со таа повреда што ја има на ‘рбетниот мозок, не верувам дека некој ќе го спасил. Таа не се оперира. Притоа има повреди на големиот мозок, како поради повредите, така и поради престанок на работата на срцето па и дишењето, поврзано со повредите кои се зададени. Третманот кој му е пружен на сега покојниот би се пружил и ако веднаш се видени тие повреди. Доколку преживеел подолго време и му била направена втора компјутерска томографија, тогаш сигурно би се виделе овие повреди, додаде тој.

The post Повредата на ‘рбетниот мозок била пресудна за смртта на ракометарот Денис Тот appeared first on Република.

]]>

Доколку ракометарот Денис Тот немал повреда на ‘рбетниот мозок, ќе преживеел. Ова го покажува вештачењето на Александар Станков, директор и доктор во Судска медицина при обдукција на телото. Оваа повреда Тот ја добива при падот, по првиот удар од страна на првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски. Докторот Станков вели: „Доколку таа повреда би ја немало, тој би можел да преживее“.
Доколку ја немал повредата на ‘рбетниот мозок и ги имал другите повреди, би имал многу поголеми шанси да преживее, отколку кога би ја имал повредата на ‘рбетниот мозок, кажа Станков.
Тој објасни дека сите повреди кај Тот се здобиени преку удари.
Повредите со кои се здобил Денис Тот се повреди кои се настанати под тапа сила, крвни подливи во пределот на лицето, со скршување на десната страна од носната коска, крвни подливи на меката поглавина… нагмечување на големиот мозок, нагмечување на вратниот дел од ‘рбетниот мост, односно високо во близина на продолжението мозок, додаде Станков. Ударот во главата во тврда површина бил клучниот момент. Тој се случил кога Тот бил со бокс удрен од страна на обвинетиот Анџело Ѓорѓиевски.
Како причина за смрт, наведено е дека смртта настанала поради нагмечување на големиот мозок и нагмечување на ‘рбетниот мозок. Меѓутоа, како критична повреда за смртниот исход, врз основа на целокупната клиничка слика, е повредата на почетниот дел од ‘рбетниот мозок, објасни докторот и вештак. Тој дообјасни како станале повредите од тапа-тврда сила, кои можат да настанат од удар, при пад, при судар доколку телото и објектот се движат еден кон друг.
Нагмечувањето на мозочното ткиво настанало поради делување на сила во пределот на тилната регија на главата, а тоа се случило при падот. Додека, пак, повредата на почетниот дел на ‘рбетниот мозок е настаната поради ротациските движења на главата предизвикани од ударите во пределот на главата, додаде Станков.
Ни побрза реакција на докторите од Итната медицинска помош и Клиничкиот центар немало да го спасат Денис Тот, посочи докторот и вештак Станков.
И со таа повреда што ја има на ‘рбетниот мозок, не верувам дека некој ќе го спасил. Таа не се оперира. Притоа има повреди на големиот мозок, како поради повредите, така и поради престанок на работата на срцето па и дишењето, поврзано со повредите кои се зададени. Третманот кој му е пружен на сега покојниот би се пружил и ако веднаш се видени тие повреди. Доколку преживеел подолго време и му била направена втора компјутерска томографија, тогаш сигурно би се виделе овие повреди, додаде тој.

The post Повредата на ‘рбетниот мозок била пресудна за смртта на ракометарот Денис Тот appeared first on Република.

]]>
Видов како го шутира – во случајот Тот сведочеше девојка која повикала Брза помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vidov-kako-go-shutira-vo-sluchajot-tot-svedocheshe-devojka-koja-povikala-brza-pomosh/ Wed, 14 Sep 2022 14:47:46 +0000 https://republika.mk/?p=550777

Како сведок на одбраната денес на судењето за убиството на ракометарот Денис Тот сведочеше Рената Соколовска, девојката која повикала Итна помош. Таа рече дека го познавала ракометарот Тот, излегувале во иста дискотека. Вечерта пред да биде убиен Тот, кусо време седела на истата маса заедно со него и тројцата обвинети. Сведочи дека во еден момент Тот и Андреј Костовски, третообвинетиот, се скарале.

Андреј се закара нешто со Тот на сепарето каде што седеа. Не сум сигурна дека се искараа, но така ми изгледаше. Прашав другар на Денис што е работата, ми рече ништо, ништо - рече Соколовска.

Таа не била сведок на тепањето пред дискотеката оти во тој момент, како што објасни, била кај нејзиниот автомобил, паркиран подалеку од влезот на дискотеката. Но, кога забележале дека има некаков метеж, застанала да види што се случува.

Видов како Клементина мава во нешто, не бев сигурна дали шутира предмет или човек, не се гледаше убаво. Подзастанав да видам, видов како таа пак се враќа, маваше во него, не можев ни да претпоставам дека некој може да мава во човек. Излегов и видов дека е човек и дека е Денис. Викав Денис, Денис, не реагираше. Не знаев дали паднал сам или нешто друго се случило. Повикав Итна помош. Ми личеше дека им треба многу време да дојат, но другите ми кажаа дека поминале десет минути. Јас се јавив три – четири пати пред да дојдат. Андреј му даваше вештачко дишење. Анџело беше тука, се обидуваше да го разбуди - сведочеше Соколовска.

Денис Тот, според нејзиното сведочење, често доаѓал во дискотеката, се случувало да биде пијан но никогаш не правел неред.

Дека нешто се случило во дискотеката пред да излезат, сведочеше и Виктор Серфимовски. Тој рече дека сите пиеле виски и Денис Тот, исто како и самиот сведок, биле пијани.

Цело обезбедување дојде внатре, ни пристапи. Починатиот одеше по маси, од маса на маса, беше во видно алкохолизирана состојба, и јас бев - рече Серафимовски.

Пред судот рече дека не знае дали одејќи од маса на маса Тот ги вознемирувал останатите гости, но оти било доцна решиле да си одат. Тој излегол прв од дискотеката и не забележал како се случило Тот да заврши на земја.

Се слушна галама, викање, како расправија. Анџело зад мене некому му рече ‘што ме маваш бе’. Не мислев дека е нешто сериозно. Кога се свртев дечкото беше на земја - рече Серафимовски објаснувајќи дека не видел дали некој го удира оти погледот му го попречувало такси возило. Си заминал заедно со Андреј и третиот сведок на одбраната Даниел.

Бранителите на денешшното судење кажаа дека обвинетите немале заеднички мотив да го убијат Тот, туку едноставно за да заштедат, оти живеат во иста населба, решиле во едно такси да си одат дома кога се случила тепачката. Нивниот став е и дека ниту еден од ударите на обвинетите не бил смртоносен. Смртоносен бил ударот во теменотилната регија, од падот.

27-годишниот хрватски ракометар Денис Тот, кој играше за РК „Бутел“ почина во април годинава по тепачка пред дискотека во Скопје. За неговото убиство од април годинава во притвор се 28-годишниот Анџело Ѓорѓиевски, 19-годишната Клементина Лефковска и 22-годишниот Андреј Костовски.

The post Видов како го шутира – во случајот Тот сведочеше девојка која повикала Брза помош appeared first on Република.

]]>

Како сведок на одбраната денес на судењето за убиството на ракометарот Денис Тот сведочеше Рената Соколовска, девојката која повикала Итна помош. Таа рече дека го познавала ракометарот Тот, излегувале во иста дискотека. Вечерта пред да биде убиен Тот, кусо време седела на истата маса заедно со него и тројцата обвинети. Сведочи дека во еден момент Тот и Андреј Костовски, третообвинетиот, се скарале.
Андреј се закара нешто со Тот на сепарето каде што седеа. Не сум сигурна дека се искараа, но така ми изгледаше. Прашав другар на Денис што е работата, ми рече ништо, ништо - рече Соколовска.
Таа не била сведок на тепањето пред дискотеката оти во тој момент, како што објасни, била кај нејзиниот автомобил, паркиран подалеку од влезот на дискотеката. Но, кога забележале дека има некаков метеж, застанала да види што се случува.
Видов како Клементина мава во нешто, не бев сигурна дали шутира предмет или човек, не се гледаше убаво. Подзастанав да видам, видов како таа пак се враќа, маваше во него, не можев ни да претпоставам дека некој може да мава во човек. Излегов и видов дека е човек и дека е Денис. Викав Денис, Денис, не реагираше. Не знаев дали паднал сам или нешто друго се случило. Повикав Итна помош. Ми личеше дека им треба многу време да дојат, но другите ми кажаа дека поминале десет минути. Јас се јавив три – четири пати пред да дојдат. Андреј му даваше вештачко дишење. Анџело беше тука, се обидуваше да го разбуди - сведочеше Соколовска.
Денис Тот, според нејзиното сведочење, често доаѓал во дискотеката, се случувало да биде пијан но никогаш не правел неред. Дека нешто се случило во дискотеката пред да излезат, сведочеше и Виктор Серфимовски. Тој рече дека сите пиеле виски и Денис Тот, исто како и самиот сведок, биле пијани.
Цело обезбедување дојде внатре, ни пристапи. Починатиот одеше по маси, од маса на маса, беше во видно алкохолизирана состојба, и јас бев - рече Серафимовски.
Пред судот рече дека не знае дали одејќи од маса на маса Тот ги вознемирувал останатите гости, но оти било доцна решиле да си одат. Тој излегол прв од дискотеката и не забележал како се случило Тот да заврши на земја.
Се слушна галама, викање, како расправија. Анџело зад мене некому му рече ‘што ме маваш бе’. Не мислев дека е нешто сериозно. Кога се свртев дечкото беше на земја - рече Серафимовски објаснувајќи дека не видел дали некој го удира оти погледот му го попречувало такси возило. Си заминал заедно со Андреј и третиот сведок на одбраната Даниел.
Бранителите на денешшното судење кажаа дека обвинетите немале заеднички мотив да го убијат Тот, туку едноставно за да заштедат, оти живеат во иста населба, решиле во едно такси да си одат дома кога се случила тепачката. Нивниот став е и дека ниту еден од ударите на обвинетите не бил смртоносен. Смртоносен бил ударот во теменотилната регија, од падот. 27-годишниот хрватски ракометар Денис Тот, кој играше за РК „Бутел“ почина во април годинава по тепачка пред дискотека во Скопје. За неговото убиство од април годинава во притвор се 28-годишниот Анџело Ѓорѓиевски, 19-годишната Клементина Лефковска и 22-годишниот Андреј Костовски.

The post Видов како го шутира – во случајот Тот сведочеше девојка која повикала Брза помош appeared first on Република.

]]>
Таткото на убиениот ракометар Денис Тот: Ја очекуваме вистината, животот ни застана https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tatkoto-na-ubieniot-rakometar-denis-tot-ja-ochekuvame-vistinata-zivotot-ni-zastana/ Wed, 14 Sep 2022 12:28:36 +0000 https://republika.mk/?p=550733

Таткото на починатиот ракометар Денис Тот се приклучи кон кривичниот прогон на обвинетите
Скопје, 14 септември 2022 (МИА) – Таткото на хрватскиот ракометар Денис Тот кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје, денеска пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд во Скопје изјави дека се приклучува кон кривичниот прогон на обвинетите.

Игор Тот, таткото на Денис, кажа дека од денот кога тоа се случи, за нив затанал животот.

Повеќе сме на доктор и на лекови, многу тешко функционираме, и сопругата и јас и брат му кој е во Холандија, работи, игра. Денеска само очекуваме конечно да се дознае вистината. Да видиме како било, дали обвинетите се виновни, и ако се виновни соодветно да се казнат, рече Игор Тот.

Во судот денеска беа испрашувани и тројца сведоци на настанот, кои пред Судечкиот Совет одговараа на прашања во врска со детали од случувањето.

Претходно, одбраната во своите воведни зборови кажа дека не смета дека правната квалификација за кривичното дело „убиство“ кое им се става на товар на обвинетите за смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот е одржлива и дека ќе докажува дека не постои умисла за истото.

Обвинителството, пак, на првото рочиште истакна дека располага со две ЦД-а од безбедносни камери од кои јасно може да се види целиот настан кој се случил критичната вечер, а пред сѐ, поединечно, дејствијата на секој од обвинетите кои ги презеле тој ден.

Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар на изминатото, прво рочиште пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје, изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ.

https://republika.mk/vesti/nikoj-od-nas-ne-sakashe-da-go-ubie-denis-tot-se-branea-trojcata-osomnieni-za-ubistvoto-rakometarot/

The post Таткото на убиениот ракометар Денис Тот: Ја очекуваме вистината, животот ни застана appeared first on Република.

]]>

Таткото на починатиот ракометар Денис Тот се приклучи кон кривичниот прогон на обвинетите Скопје, 14 септември 2022 (МИА) – Таткото на хрватскиот ракометар Денис Тот кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје, денеска пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд во Скопје изјави дека се приклучува кон кривичниот прогон на обвинетите. Игор Тот, таткото на Денис, кажа дека од денот кога тоа се случи, за нив затанал животот.
Повеќе сме на доктор и на лекови, многу тешко функционираме, и сопругата и јас и брат му кој е во Холандија, работи, игра. Денеска само очекуваме конечно да се дознае вистината. Да видиме како било, дали обвинетите се виновни, и ако се виновни соодветно да се казнат, рече Игор Тот.
Во судот денеска беа испрашувани и тројца сведоци на настанот, кои пред Судечкиот Совет одговараа на прашања во врска со детали од случувањето. Претходно, одбраната во своите воведни зборови кажа дека не смета дека правната квалификација за кривичното дело „убиство“ кое им се става на товар на обвинетите за смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот е одржлива и дека ќе докажува дека не постои умисла за истото. Обвинителството, пак, на првото рочиште истакна дека располага со две ЦД-а од безбедносни камери од кои јасно може да се види целиот настан кој се случил критичната вечер, а пред сѐ, поединечно, дејствијата на секој од обвинетите кои ги презеле тој ден. Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар на изминатото, прво рочиште пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје, изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар. Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.
По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.
Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ. https://republika.mk/vesti/nikoj-od-nas-ne-sakashe-da-go-ubie-denis-tot-se-branea-trojcata-osomnieni-za-ubistvoto-rakometarot/

The post Таткото на убиениот ракометар Денис Тот: Ја очекуваме вистината, животот ни застана appeared first on Република.

]]>
Продолжува судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prodolzuva-sudenjeto-za-ubistvoto-na-hrvatskiot-rakometar-denis-tot/ Wed, 14 Sep 2022 09:57:36 +0000 https://republika.mk/?p=550637

Со воведен говор на одбраната, во Основниот Кривичен суд – Скопје денеска продолжи судењето за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во градскиот парк во Скопје.

Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар Тот, Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски, на изминатото, прво рочиште пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје, изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар.

На првото рочиште од процесот, обвинителката Тања Трајчевска, исто така, го даде воведниот говор на Обвинителството во кој го образложи обвинителниот акт со кој го опиша настанот во кој хрватскиот ракометар беше претепан до смрт.

Трајчевска посочи на листата на докази со кои располага Обвинителство, а помеѓу кои се записник за претрес на дом и други простории, потврди за привремено одземени предмети, со кои што, како што рече, е одземена облеката од оштетениот и дел од облеката на обвинетиот Анџело Ѓорѓиевски.

– Располага со две ЦД-а од безбедносни камери од кои јасно може да се види целиот настан кој се случил критичната вечер, а пред сѐ, поединечно, дејствијата на секој од обвинетите кои ги презеле тој ден, рече таа.

Дополни дека Обвинителство располага и со вештачење на облеката, вешти наоди и мислења по однос на пресметливоста на сите кои се обвинети, како и медицинска документација од која произлегуваат видот и карактерот на повредите кои оштетениот ги здобил критичната ноќ.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство” од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

– По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ.

The post Продолжува судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот appeared first on Република.

]]>

Со воведен говор на одбраната, во Основниот Кривичен суд – Скопје денеска продолжи судењето за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во градскиот парк во Скопје. Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар Тот, Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски, на изминатото, прво рочиште пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје, изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар. На првото рочиште од процесот, обвинителката Тања Трајчевска, исто така, го даде воведниот говор на Обвинителството во кој го образложи обвинителниот акт со кој го опиша настанот во кој хрватскиот ракометар беше претепан до смрт. Трајчевска посочи на листата на докази со кои располага Обвинителство, а помеѓу кои се записник за претрес на дом и други простории, потврди за привремено одземени предмети, со кои што, како што рече, е одземена облеката од оштетениот и дел од облеката на обвинетиот Анџело Ѓорѓиевски. – Располага со две ЦД-а од безбедносни камери од кои јасно може да се види целиот настан кој се случил критичната вечер, а пред сѐ, поединечно, дејствијата на секој од обвинетите кои ги презеле тој ден, рече таа. Дополни дека Обвинителство располага и со вештачење на облеката, вешти наоди и мислења по однос на пресметливоста на сите кои се обвинети, како и медицинска документација од која произлегуваат видот и карактерот на повредите кои оштетениот ги здобил критичната ноќ. Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство” од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.   Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. – По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава. Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ.  

The post Продолжува судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот appeared first on Република.

]]>
Обвинетите за убиството на Денис Тот не се чувствуваат виновни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obvinetite-za-ubistvoto-na-denis-tot-ne-se-chuvstvuvaat-vinovni/ Mon, 05 Sep 2022 09:53:53 +0000 https://republika.mk/?p=547574

Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски денеска пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар.

На денешното, прво рочиште од процесот, обвинителката Тања Трајчевска го даде воведниот говор на Обвинителството во кој го образложи обвинителниот акт со кој го опиша настанот во кој хрватскиот ракометар, Денис Тот, беше претепан до смрт пред ноќен клуб во градскиот парк во Скопје.

[caption id="attachment_547576" align="aligncenter" width="1280"] (фото: МИА)[/caption]

Од сите тие удари оштетениот се здобил со повеќе повреди, како и тешки телесни повреди и како резултат на сите тие повреди кај оштетениот настанала коматозна состојба. Истиот веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Клиничкиот центар Мајка Тереза, рече таа.

Дополни дека како резултат на повредите и настанатата траума на главата дошло до пореметување и прекин на мозочните неурони кое резултирало со смртен исход на 8 април 2022 година во 11:40 часот.

Трајчевска посочи на листата на докази со кои располага Обвинителство, а помеѓу кои се записник за претрес на дом и други простории, потврди за привремено одземени предмети, со кои што, како што рече, е одземена облеката од оштетениот и дел од облеката на обвинетиот Анџело Ѓорѓиевски.

Раполага со две ЦД-а од безбедносни камери од кои јасно може да се види целиот настан кој се случил критичната вечер, а пред сѐ, поединечно, дејствијата на секој од обвинетите кои ги презеле тој ден, рече таа.

Дополни дека Обвинителство располага и со вештачење на облеката, вешти наоди и мислења по однос на пресметливоста на сите кои се обвинити, како и медицинска документација од која произлегуваат видот и карактерот на повредите кои оштетениот ги здобил критичната ноќ.

Исто така, изготвен е и писмен извештај за извршена обдукција од 9 април 2022 година од Институт за судска медицина при Mедицинскиот факултет во Скопје, во прилог ЦД од извршена обдукција, како и писмен извештај за извршени вештачење од 20 јуни 2022 година од Институт, а од кои произлегува причината за смртта на оштетениот како и причинско последичната врска помеѓу смртта, која настапила кај оштетениот и дејствијата кои ги презеле обвинетите критичниот ден, образложи таа.

[caption id="attachment_547579" align="aligncenter" width="1536"] (фото: МИА)[/caption]

Од страна на Обвинителството, дополни, биле испитани законскиот застапник на оштетениот Денис Тот, неговиот татко Игор Тот, како и сведоците кои биле присутни на настанот.

Со ваквите докази сметам дека ќе докажеме дека обвинетите го сториле кривичното дело на начин време и место како е опишано во обвинителниот акт, рече Трајчевска.

На денешното рочиште тројцата обвинети изјавија дека го разбираат обвинението кое им се става на товар и изјавија дека не се чувствуваат виновни во врска со истото.

Воведните зборови на одбраната се одложија за наредното рочиште поради барање на еден од бранителите.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април 2022 година, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а наредното рочиште е насрочено за 14 септември.

The post Обвинетите за убиството на Денис Тот не се чувствуваат виновни appeared first on Република.

]]>

Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски денеска пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар. На денешното, прво рочиште од процесот, обвинителката Тања Трајчевска го даде воведниот говор на Обвинителството во кој го образложи обвинителниот акт со кој го опиша настанот во кој хрватскиот ракометар, Денис Тот, беше претепан до смрт пред ноќен клуб во градскиот парк во Скопје. [caption id="attachment_547576" align="aligncenter" width="1280"] (фото: МИА)[/caption]
Од сите тие удари оштетениот се здобил со повеќе повреди, како и тешки телесни повреди и како резултат на сите тие повреди кај оштетениот настанала коматозна состојба. Истиот веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Клиничкиот центар Мајка Тереза, рече таа.
Дополни дека како резултат на повредите и настанатата траума на главата дошло до пореметување и прекин на мозочните неурони кое резултирало со смртен исход на 8 април 2022 година во 11:40 часот. Трајчевска посочи на листата на докази со кои располага Обвинителство, а помеѓу кои се записник за претрес на дом и други простории, потврди за привремено одземени предмети, со кои што, како што рече, е одземена облеката од оштетениот и дел од облеката на обвинетиот Анџело Ѓорѓиевски.
Раполага со две ЦД-а од безбедносни камери од кои јасно може да се види целиот настан кој се случил критичната вечер, а пред сѐ, поединечно, дејствијата на секој од обвинетите кои ги презеле тој ден, рече таа.
Дополни дека Обвинителство располага и со вештачење на облеката, вешти наоди и мислења по однос на пресметливоста на сите кои се обвинити, како и медицинска документација од која произлегуваат видот и карактерот на повредите кои оштетениот ги здобил критичната ноќ.
Исто така, изготвен е и писмен извештај за извршена обдукција од 9 април 2022 година од Институт за судска медицина при Mедицинскиот факултет во Скопје, во прилог ЦД од извршена обдукција, како и писмен извештај за извршени вештачење од 20 јуни 2022 година од Институт, а од кои произлегува причината за смртта на оштетениот како и причинско последичната врска помеѓу смртта, која настапила кај оштетениот и дејствијата кои ги презеле обвинетите критичниот ден, образложи таа.
[caption id="attachment_547579" align="aligncenter" width="1536"] (фото: МИА)[/caption] Од страна на Обвинителството, дополни, биле испитани законскиот застапник на оштетениот Денис Тот, неговиот татко Игор Тот, како и сведоците кои биле присутни на настанот.
Со ваквите докази сметам дека ќе докажеме дека обвинетите го сториле кривичното дело на начин време и место како е опишано во обвинителниот акт, рече Трајчевска.
На денешното рочиште тројцата обвинети изјавија дека го разбираат обвинението кое им се става на товар и изјавија дека не се чувствуваат виновни во врска со истото. Воведните зборови на одбраната се одложија за наредното рочиште поради барање на еден од бранителите.   Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април 2022 година, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.
По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.
Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а наредното рочиште е насрочено за 14 септември.

The post Обвинетите за убиството на Денис Тот не се чувствуваат виновни appeared first on Република.

]]>
Започна судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zapochna-sudenjeto-za-ubistvoto-na-hrvatskiot-rakometar-denis-tot/ Mon, 05 Sep 2022 08:59:43 +0000 https://republika.mk/?p=547564

Со воведен говор на јавниот обвинител, во Основниот Кривичен суд – Скопје денеска започна судењето за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во градскиот парк во Скопје.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

The post Започна судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот appeared first on Република.

]]>

Со воведен говор на јавниот обвинител, во Основниот Кривичен суд – Скопје денеска започна судењето за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во градскиот парк во Скопје. Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ. Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.
По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

The post Започна судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот appeared first on Република.

]]>
Судењето за убиството на ракометарот Денис Тот почнува на 5 септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sudenjeto-za-ubistvoto-na-rakometarot-denis-tot-pochnuva-na-5-septemvri/ Thu, 25 Aug 2022 18:35:23 +0000 https://republika.mk/?p=544140

Судењето за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во градскиот парк во Скопје, почнува на 5 септември.

Случајот, како што потврдуваат за МИА од Основниот кривичен суд Скопје ќе го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ.

Обвинетите за убиството се Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт обвинетите се товарат дека на 7 април пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

– По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

The post Судењето за убиството на ракометарот Денис Тот почнува на 5 септември appeared first on Република.

]]>

Судењето за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во градскиот парк во Скопје, почнува на 5 септември. Случајот, како што потврдуваат за МИА од Основниот кривичен суд Скопје ќе го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ. Обвинетите за убиството се Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски. Основното јавно обвинителство Скопје ги гони за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт обвинетите се товарат дека на 7 април пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. – По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

The post Судењето за убиството на ракометарот Денис Тот почнува на 5 септември appeared first on Република.

]]>
Поднесено обвинение за убиството на ракометарот Денис Тот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/podneseno-obvinenie-za-ubistvoto-na-rakometarot-denis-tot/ Thu, 21 Jul 2022 12:41:52 +0000 https://republika.mk/?p=531841

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Обвинетите, на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за тројцата обвинети, бидејќи се уште постојат околностите поради кои таа мерка им беше определена во текот на истрагата.

The post Поднесено обвинение за убиството на ракометарот Денис Тот appeared first on Република.

]]>

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Обвинетите, на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал. Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за тројцата обвинети, бидејќи се уште постојат околностите поради кои таа мерка им беше определена во текот на истрагата.

The post Поднесено обвинение за убиството на ракометарот Денис Тот appeared first on Република.

]]>
Ковачки бара Спасовски да се извини за изјавата дека човек близок до Мицкоски го убил ракометарот Тот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kovachki-bara-spasovski-da-se-izvini-za-izjavata-deka-chovek-blizok-do-mickoski-go-ubil-rakometarot-tot/ Thu, 28 Apr 2022 18:17:36 +0000 https://republika.mk/?p=494934

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ е револтиран од денешните зборови на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој на пратенички прашања без никаков доказ рече дека човек близок до Мицкоски го убил ракометарот Денис Тот.
Вечерва Претседателот Христијан Мицкоски е во Велес во манастирот Св. Димитрија.
Министре Спасовски, имаш опција веднаш да ги пратиш твоите режимски полицајци да го уапсат или да се извиниш за тоа што го тврдиш.
Ако ништо од ова не направиш, биди сигурен дека набргу од денес некој ќе дојде по тебе

The post Ковачки бара Спасовски да се извини за изјавата дека човек близок до Мицкоски го убил ракометарот Тот appeared first on Република.

Сали: Уште се чека резултатот од судска медицина за смртта на ракометарот Денис Тот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sali-ushte-se-cheka-rezultatot-od-sudska-medicina-za-smrtta-na-rakometarot-denis-tot/ Thu, 21 Apr 2022 11:27:06 +0000 https://republika.mk/?p=491740

Извештајот од Институтот за судска медицина од кој ќе бидат познати причините и начинот на кој настанала смртта на ракометарот Денис Тот не е готов и го чекаме, но не би сакале да правиме притисок врз институцијата, рече денеска министерот за здравство Беким Сали одговарајќи на новинарски прашања.

Обдукцијата на ракометарот заврши пред речиси две недели, исто како и стручниот надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат на КАРИЛ, меѓутоа јавноста уште нема информации што тие содржат. Министерот Сали само кратко рече дека немало пропусти во начинот на кој ракометарот бил третиран на КАРИЛ.

Најави и дека по комплетирање на сите документи, ќе се формира комисија.

The post Сали: Уште се чека резултатот од судска медицина за смртта на ракометарот Денис Тот appeared first on Република.

]]>

Извештајот од Институтот за судска медицина од кој ќе бидат познати причините и начинот на кој настанала смртта на ракометарот Денис Тот не е готов и го чекаме, но не би сакале да правиме притисок врз институцијата, рече денеска министерот за здравство Беким Сали одговарајќи на новинарски прашања. Обдукцијата на ракометарот заврши пред речиси две недели, исто како и стручниот надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат на КАРИЛ, меѓутоа јавноста уште нема информации што тие содржат. Министерот Сали само кратко рече дека немало пропусти во начинот на кој ракометарот бил третиран на КАРИЛ. Најави и дека по комплетирање на сите документи, ќе се формира комисија.

The post Сали: Уште се чека резултатот од судска медицина за смртта на ракометарот Денис Тот appeared first on Република.

]]>
„Јутарњи лист“: Вистинскиот газда на ноќниот клуб го избришал профилот по смртта на ракометарот Денис Тот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/jutarnji-list-vistinskiot-gazda-na-nokjniot-klub-go-izbrishal-profilot-po-smrtta-na-rakometarot-denis-tot/ Tue, 19 Apr 2022 06:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=490301

Хрватскиот најтиражен весник „Јутарњи“ објавува шокантни информации за мрежата која стои зад клубот Привилеџ каде беше убиен хрватскиот ракометар Денис Тот.

Иако Стефан Стаменков официјално е наведен како одговорно лице во скопската фирма „Супер лајт парк“, која стои зад дискотеката „Привилиџ“ во скопскиот градски парк, јавна тајна е дека сопственик на дискотеката е Цветко Дичевски, подобро познат како Цветко или „Цвеле привилиџ“. Се работи за лице кое има досие за убиство во обид со нанесување тешки телесни повреди во 2013 година, а откако хрватскиот ракометар Денис Тот (27), кој настапуваше за скопски РК „Бутел“, беше претепан до смрт пред тој фолк клуб на На 7 април околу 3,30 часот, дотичниот го избришал својот Фејсбук профил.

Покрај таа дискотека, го поврзуваат и со кафулето „Манго“, чии активности сега на својот профил ги објавува неговиот татко Митре Дицевски. Затоа, не е чудно што кога се распрашувавме во Скопје за вистинските сопственици на „Привилиџ“, многу наши соговорници избегнаа да одговорат. Народниот клуб „Привелиџ“ е запечатен со решение на Државниот пазарен инспекторат при Министерството за економија на Македонија на 12 февруари, бидејќи на Стаменков не можел да му биде врачено решение за затворање на клубот на 16 февруари бидејќи немал важечка лиценца. Иако државниот инспекторат ја има адресата и бројот на мобилниот телефон на одговорното лице! Увидот бил извршен на 13 февруари, кога било констатирано дека фирмата со која раководи Стаменков нема дозвола за работа - пишува „Јутарњи“.

Хрватскиот весник пренесува и анализа на ИРЛ за хаосот со ноќните клубови во Скопје.

„Хаос и беззаконие“ е главниот лајтмотив на истражувачката статија за ноќните клубови во Скопје, објавена на порталот Research Reporters’ Laboratory Macedonia само осум дена пред да биде убиен хрватски ракометар во клубот „Привилиџ“ во градскиот парк во Скопје. Новинарите на тој портал спроведоа опсежна истрага, поткрепена со документи, интервјуа и сведоштва кои укажуваат дека ноќните клубови како „Привилиџ“ се надвор или на работ на законот.

„Ноќна шема на Скопје: чии се ноќните клубови“ е насловот на текстот. Луѓето од бизнисот, политиката и забавата го чуваат просторот за дискотеки во градскиот парк. Работат на црно и без договори и лиценци, но се надвор од радарот на институциите кои ги штитат. Тие се дел од општеството на Енвер Малиќи. Дарко Гелев Брејк, поп ѕвезда и бизнисмен е дел од луѓето кои се занимаваат со овој бизнис. Тој е зет на Светозар Јаневски, попознат по прекарот Свето Пивара, кој во 90-тите стана сопственик на Пивара Скопје, која од него ја купија Хајнекен и Кока Кола пред повеќе од една деценија, а тој сега е посветен на виното -  пренесува „Јутарњи“.

Целиот текст на „Јутарњи“.

The post „Јутарњи лист“: Вистинскиот газда на ноќниот клуб го избришал профилот по смртта на ракометарот Денис Тот appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот најтиражен весник „Јутарњи“ објавува шокантни информации за мрежата која стои зад клубот Привилеџ каде беше убиен хрватскиот ракометар Денис Тот.
Иако Стефан Стаменков официјално е наведен како одговорно лице во скопската фирма „Супер лајт парк“, која стои зад дискотеката „Привилиџ“ во скопскиот градски парк, јавна тајна е дека сопственик на дискотеката е Цветко Дичевски, подобро познат како Цветко или „Цвеле привилиџ“. Се работи за лице кое има досие за убиство во обид со нанесување тешки телесни повреди во 2013 година, а откако хрватскиот ракометар Денис Тот (27), кој настапуваше за скопски РК „Бутел“, беше претепан до смрт пред тој фолк клуб на На 7 април околу 3,30 часот, дотичниот го избришал својот Фејсбук профил.   Покрај таа дискотека, го поврзуваат и со кафулето „Манго“, чии активности сега на својот профил ги објавува неговиот татко Митре Дицевски. Затоа, не е чудно што кога се распрашувавме во Скопје за вистинските сопственици на „Привилиџ“, многу наши соговорници избегнаа да одговорат. Народниот клуб „Привелиџ“ е запечатен со решение на Државниот пазарен инспекторат при Министерството за економија на Македонија на 12 февруари, бидејќи на Стаменков не можел да му биде врачено решение за затворање на клубот на 16 февруари бидејќи немал важечка лиценца. Иако државниот инспекторат ја има адресата и бројот на мобилниот телефон на одговорното лице! Увидот бил извршен на 13 февруари, кога било констатирано дека фирмата со која раководи Стаменков нема дозвола за работа - пишува „Јутарњи“.
Хрватскиот весник пренесува и анализа на ИРЛ за хаосот со ноќните клубови во Скопје.
„Хаос и беззаконие“ е главниот лајтмотив на истражувачката статија за ноќните клубови во Скопје, објавена на порталот Research Reporters’ Laboratory Macedonia само осум дена пред да биде убиен хрватски ракометар во клубот „Привилиџ“ во градскиот парк во Скопје. Новинарите на тој портал спроведоа опсежна истрага, поткрепена со документи, интервјуа и сведоштва кои укажуваат дека ноќните клубови како „Привилиџ“ се надвор или на работ на законот.   „Ноќна шема на Скопје: чии се ноќните клубови“ е насловот на текстот. Луѓето од бизнисот, политиката и забавата го чуваат просторот за дискотеки во градскиот парк. Работат на црно и без договори и лиценци, но се надвор од радарот на институциите кои ги штитат. Тие се дел од општеството на Енвер Малиќи. Дарко Гелев Брејк, поп ѕвезда и бизнисмен е дел од луѓето кои се занимаваат со овој бизнис. Тој е зет на Светозар Јаневски, попознат по прекарот Свето Пивара, кој во 90-тите стана сопственик на Пивара Скопје, која од него ја купија Хајнекен и Кока Кола пред повеќе од една деценија, а тој сега е посветен на виното -  пренесува „Јутарњи“.
Целиот текст на „Јутарњи“.

The post „Јутарњи лист“: Вистинскиот газда на ноќниот клуб го избришал профилот по смртта на ракометарот Денис Тот appeared first on Република.

]]>
„Јутарњи лист“: Хаос и беззаконие владее во ноќните клубови во Скопје кои ги контролира мафијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jutarnji-list-haos-i-bezzakonie-vladee-vo-nokjnite-klubovi-vo-skopje-koi-gi-kontrolira-mafijata/ Sun, 17 Apr 2022 13:00:55 +0000 https://republika.mk/?p=489562

Хрватските медиуми се упорни да се дознае вистината  за убиството на ракометарот Денис Тот пред клубот „Привилиџ“ во Градскиот парк.

„Јутарњи лист“ објавува информации за можните сопственици за дискотеката. Се споменува името на извезен Цветко Дичевски со прекар Цвеле Привилиџ“ кој наводно има досие за обид за убиство од 2013 година и кој по последниот настан го избришал Фејсбук профилот.

„Јутарњи“ забележува дека е тешко да се дознае кои се вистинските газди на дискотеката која ја нарекуваат „народњачки“ клуб.

Хаос и беззаконие е описот на „Јутарњи“ за ноќните клубови во Скопје.

Мафијата историски отсекогаш се обидувала да го контролира ноќниот живот до одреден степен затоа што им нуди многу придобивки: од нелегалниот пазар на дрога до голем број креативни начини за перење валкани пари-пишува „Јутарњи“.

The post „Јутарњи лист“: Хаос и беззаконие владее во ноќните клубови во Скопје кои ги контролира мафијата appeared first on Република.

]]>

Хрватските медиуми се упорни да се дознае вистината  за убиството на ракометарот Денис Тот пред клубот „Привилиџ“ во Градскиот парк. „Јутарњи лист“ објавува информации за можните сопственици за дискотеката. Се споменува името на извезен Цветко Дичевски со прекар Цвеле Привилиџ“ кој наводно има досие за обид за убиство од 2013 година и кој по последниот настан го избришал Фејсбук профилот. „Јутарњи“ забележува дека е тешко да се дознае кои се вистинските газди на дискотеката која ја нарекуваат „народњачки“ клуб. Хаос и беззаконие е описот на „Јутарњи“ за ноќните клубови во Скопје.