денга Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/denga/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Mar 2024 10:15:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png денга Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/denga/ 32 32 Порторико прогласи епидемија од денга https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/portoriko-proglasi-epidemija-od-denga/ Tue, 26 Mar 2024 10:15:04 +0000 https://republika.mk/?p=758832

Министерот за здравство на Порторико прогласи епидемија на денга по порастот на бројот на случаите со заразната болест во американската карипска територија од 3,2 милиони луѓе.

Најмалку 549 случаи со денга се регистрирани годинава, а вкупно 1.293 биле регистрирани во цела 2023 година. Најмногу нови случаи се регистрирани во главниот град Сан Хуан.

Повеќе од 340 луѓе се лекуваат во болница поради вирусот што го пренесуваат комарците, соопшти Министерството за здравство на островската територија.

Порторико последен пат прогласи епидемија на денга во 2012 година.

Над пет милиони случаи со заразната болест се регистрирани минатата година во светот. Осумдесет отсто од нив биле на западната хемисфера, објави Светската здравствена организација. Од почетокот на оваа година во тој регион се регистрирани околу три милиони нови случаи, а здравствените власти велат дека обилните врнежи од дожд, заедно со високата влажност и топлината предизвикани од климатските промени, придонеле за порастот на заболените.

Вирусот може да предизвика силна главоболка, треска, повраќање, осип и други симптоми. Додека повеќето заразени луѓе не покажуваат симптоми, кај други акутниот тек на болеста може да доведе до акумулација на течност во стомакот и градите и смрт.

The post Порторико прогласи епидемија од денга appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство на Порторико прогласи епидемија на денга по порастот на бројот на случаите со заразната болест во американската карипска територија од 3,2 милиони луѓе. Најмалку 549 случаи со денга се регистрирани годинава, а вкупно 1.293 биле регистрирани во цела 2023 година. Најмногу нови случаи се регистрирани во главниот град Сан Хуан. Повеќе од 340 луѓе се лекуваат во болница поради вирусот што го пренесуваат комарците, соопшти Министерството за здравство на островската територија. Порторико последен пат прогласи епидемија на денга во 2012 година. Над пет милиони случаи со заразната болест се регистрирани минатата година во светот. Осумдесет отсто од нив биле на западната хемисфера, објави Светската здравствена организација. Од почетокот на оваа година во тој регион се регистрирани околу три милиони нови случаи, а здравствените власти велат дека обилните врнежи од дожд, заедно со високата влажност и топлината предизвикани од климатските промени, придонеле за порастот на заболените. Вирусот може да предизвика силна главоболка, треска, повраќање, осип и други симптоми. Додека повеќето заразени луѓе не покажуваат симптоми, кај други акутниот тек на болеста може да доведе до акумулација на течност во стомакот и градите и смрт.

The post Порторико прогласи епидемија од денга appeared first on Република.

]]>
Бројот на болни од денга во Аргентина е на пат да собори рекорди https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brojot-na-bolni-od-denga-vo-argentina-e-na-pat-da-sobori-rekordi/ Wed, 20 Mar 2024 20:42:28 +0000 https://republika.mk/?p=756835

Големата епидемија на денга во Аргентина, болест што ја пренесуваат комарците и потенцијално фатална, е на пат да ги собори претходните рекорди, одразувајќи ја загриженоста во Јужна Америка, каде што пожешкото и повлажното време доведе до пораст на случаите.

Аргентина досега има регистрирано над 120.000 случаи во сезоната 2023/24, повеќето од нив во последните два месеци.

– Ја доживуваме најголемата епидемија на денга во Аргентина, изјави Маријана Мантека Акоста, директорка на Институтот Малбран и специјалист за заразни болести

The post Бројот на болни од денга во Аргентина е на пат да собори рекорди appeared first on Република.

]]>

Големата епидемија на денга во Аргентина, болест што ја пренесуваат комарците и потенцијално фатална, е на пат да ги собори претходните рекорди, одразувајќи ја загриженоста во Јужна Америка, каде што пожешкото и повлажното време доведе до пораст на случаите. Аргентина досега има регистрирано над 120.000 случаи во сезоната 2023/24, повеќето од нив во последните два месеци.
– Ја доживуваме најголемата епидемија на денга во Аргентина, изјави Маријана Мантека Акоста, директорка на Институтот Малбран и специјалист за заразни болести

The post Бројот на болни од денга во Аргентина е на пат да собори рекорди appeared first on Република.

]]>