денга треска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/denga-treska/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jun 2024 10:14:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png денга треска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/denga-treska/ 32 32 Хондурас прогласи вонредна состојба поради денга треска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/honduras-proglasi-vonredna-sostojba-poradi-denga-treska/ Sun, 02 Jun 2024 10:14:23 +0000 https://republika.mk/?p=784102

Хондурас прогласи вонредна состојба по зголемениот број хоспитализации и смртни случаи од денга треска, објави Министерството за здравство на земјата.

Бројот на случаи на денга треска во Америка надминува 5,2 милиони, бидејќи епидемијата го надминува годишниот рекорд, според Панамериканската здравствена организација (PAHO), специјализираната агенција на Обединетите нации задолжена за меѓународна здравствена соработка во Америка.

Владата им нареди на здравствените службеници да ги преземат сите неопходни активности, вклучително и спроведување на мерки за превенција и контрола и идентификација на средства за справување со епидемијата, јавува Си-Ен-Ен.

Министерството за здравство на Хондурас во првите 20 недели од оваа година соопшти за 23.037 сомнителни случаи на денга, што е една од највисоките бројки во Америка, покажуваат податоците на Панамериканската здравствена организација.

Целиот регион во првите пет месеци од 2024 година веќе има пријавено повеќе од 8,65 милиони случаи, што е речиси двојно повеќе од 4,5 милиони случаи пријавени во цела 2023 година.

Податоците на РАНО покажуваат дека само Бразил има регистрирано 7,2 милиони случаи, додека Централна Америка и Карибите влегуваат во пикот на сезоната на денга.

„Хондурас влезе во зоната на епидемија поради зголемувањето на случаите во сите делови на земјата, како и бројот на пациенти примени во сите болници во земјата поради оваа болест“, соопшти во петокот Министерството за здравство на Хондурас.

PAHO и Светската здравствена организација препорачуваат земјите во тие области „да ги усвојат неопходните мерки за да подготват одговор на зголемувањето на денга треската, вклучително и организација на здравствени услуги за да се обезбеди соодветно клиничко управување, спречување на компликации и избегнување на заситеност на специјализираните услуги за нега “.

Денгата е вирус што го пренесуваат комарците и главно се шири од комарецот Aedes aegypti, кој, исто така, носи неколку други вируси, како што се жолта треска, чикунгуња и Зика, наведува американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

The post Хондурас прогласи вонредна состојба поради денга треска appeared first on Република.

]]>

Хондурас прогласи вонредна состојба по зголемениот број хоспитализации и смртни случаи од денга треска, објави Министерството за здравство на земјата. Бројот на случаи на денга треска во Америка надминува 5,2 милиони, бидејќи епидемијата го надминува годишниот рекорд, според Панамериканската здравствена организација (PAHO), специјализираната агенција на Обединетите нации задолжена за меѓународна здравствена соработка во Америка. Владата им нареди на здравствените службеници да ги преземат сите неопходни активности, вклучително и спроведување на мерки за превенција и контрола и идентификација на средства за справување со епидемијата, јавува Си-Ен-Ен. Министерството за здравство на Хондурас во првите 20 недели од оваа година соопшти за 23.037 сомнителни случаи на денга, што е една од највисоките бројки во Америка, покажуваат податоците на Панамериканската здравствена организација. Целиот регион во првите пет месеци од 2024 година веќе има пријавено повеќе од 8,65 милиони случаи, што е речиси двојно повеќе од 4,5 милиони случаи пријавени во цела 2023 година. Податоците на РАНО покажуваат дека само Бразил има регистрирано 7,2 милиони случаи, додека Централна Америка и Карибите влегуваат во пикот на сезоната на денга. „Хондурас влезе во зоната на епидемија поради зголемувањето на случаите во сите делови на земјата, како и бројот на пациенти примени во сите болници во земјата поради оваа болест“, соопшти во петокот Министерството за здравство на Хондурас. PAHO и Светската здравствена организација препорачуваат земјите во тие области „да ги усвојат неопходните мерки за да подготват одговор на зголемувањето на денга треската, вклучително и организација на здравствени услуги за да се обезбеди соодветно клиничко управување, спречување на компликации и избегнување на заситеност на специјализираните услуги за нега “. Денгата е вирус што го пренесуваат комарците и главно се шири од комарецот Aedes aegypti, кој, исто така, носи неколку други вируси, како што се жолта треска, чикунгуња и Зика, наведува американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

The post Хондурас прогласи вонредна состојба поради денга треска appeared first on Република.

]]>
Десеткратно зголемување на регистрираните случаи на денга треска за 20 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/desetkratno-zgolemuvane-na-registriranite-sluchai-na-denga-treska-za-20-godini/ Sat, 23 Dec 2023 11:09:05 +0000 https://republika.mk/?p=725906

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пријавените случаи на денга треска низ светот се зголемени за десет пати во текот на изминатите 20 години, пред се поради климатските промени и зголеменото ширење на комарците кои го носат вирусот се делумно виновни за преносот на вирусот. Денга треската и натаму преовладува првенствено во Северна и Јужна Америка.

СЗО соопшти дека регистрираните случаи се искачиле на рекордни 5,2 милиони во 2019 година, од 500.000 во 2000 година, во 129 земји низ светот - бројки кои веројатно го потценуваат вистинскиот број на жртви.

Во јануари, СЗО предупреди дека денга треската претставува закана за пандемија и е најбрзо распространета болест која ја пренесуваат комарците во светот. Иако постојат вакцини и специјално одгледани комарци кои содржат бактерија наречена Wolbachia за борба против денга, не постојат специфични третмани за вирусот штом некој ќе се зарази.

Повеќе од пет милиони случаи и над 5.000 смртни случаи поврзани со денга се пријавени оваа година, соопшти СЗО. Промените во дистрибуцијата на комарците кои шират денга, заедно со поголемите врнежи од дожд, влажноста и топлината поврзани со климатските промени, се фактори за порастот на случаите.

Послабите здравствени системи и слабиот мониторинг исто така одиграа улога.

Денгата оваа година ја зафати целата западна хемисфера. Не е утврдена во Европа, иако од 2010 година некои случаи на локално ширење се појавија во јужниот дел на континентот.

Регионите вклучувајќи ги Америка, Карибите и Бангладеш пријавуваат рекорден број случаи во 2023 година

The post Десеткратно зголемување на регистрираните случаи на денга треска за 20 години appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пријавените случаи на денга треска низ светот се зголемени за десет пати во текот на изминатите 20 години, пред се поради климатските промени и зголеменото ширење на комарците кои го носат вирусот се делумно виновни за преносот на вирусот. Денга треската и натаму преовладува првенствено во Северна и Јужна Америка. СЗО соопшти дека регистрираните случаи се искачиле на рекордни 5,2 милиони во 2019 година, од 500.000 во 2000 година, во 129 земји низ светот - бројки кои веројатно го потценуваат вистинскиот број на жртви. Во јануари, СЗО предупреди дека денга треската претставува закана за пандемија и е најбрзо распространета болест која ја пренесуваат комарците во светот. Иако постојат вакцини и специјално одгледани комарци кои содржат бактерија наречена Wolbachia за борба против денга, не постојат специфични третмани за вирусот штом некој ќе се зарази. Повеќе од пет милиони случаи и над 5.000 смртни случаи поврзани со денга се пријавени оваа година, соопшти СЗО. Промените во дистрибуцијата на комарците кои шират денга, заедно со поголемите врнежи од дожд, влажноста и топлината поврзани со климатските промени, се фактори за порастот на случаите. Послабите здравствени системи и слабиот мониторинг исто така одиграа улога. Денгата оваа година ја зафати целата западна хемисфера. Не е утврдена во Европа, иако од 2010 година некои случаи на локално ширење се појавија во јужниот дел на континентот. Регионите вклучувајќи ги Америка, Карибите и Бангладеш пријавуваат рекорден број случаи во 2023 година

The post Десеткратно зголемување на регистрираните случаи на денга треска за 20 години appeared first on Република.

]]>
Глобалното затоплување ќе доведе до ширење на денга треска по целиот свет https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/globalnoto-zatopluvane-ke-dovede-do-shirene-na-denga-treska-po-tseliot-svet/ Tue, 17 Oct 2023 16:46:43 +0000 https://republika.mk/?p=692230

Денга треската оваа деценија ќе стане голема закана во јужна Европа, југот на САД и во делови од Африка затоа што повисоките температури создаваат поволни услови за комарците кои ја пшренесуваат заразата, предупредува Светската здравствена организација.

Болеста долго време постоеше само во голем дел од Азија и Латинска Америка и беше вновна за околу 20.000 смртни случаи годишно. Од 2000 година досега стапката на болеста е зголемен за осум пати на глобално ниво, главно проади климатските промени, како и поради поголемото движење на луѓето и урбанизацијата, пренесува Reuters.

Многу случаи на оваа треска остануваат незабележани, но во 2022 година во светот биле пријавени 4,2 милиони случаи, а одговорните за јавното здравје предупредија дека за годинава се очекуваат рекордни бројки. Бангладеш моментално се соочува со најголемата епидемија на денга треска досега, со над 1.000 смртни случаи.

Од СЗО велат дека мора проактивно да се разговара за денга треската и навистина да се подготват земјите за дополнителниот притисок со кој ќе се соочат допрва.

Како што прогнозираат, заразата веројатно ќе стане ендемична во делови од САД, ЕВропа и Африка, региони во кои веќе имало ограничен локален пренос, бидејќи глобалното затоплување на новите подрачја ги прави гостољубиви за комарци кои ја шират треската. Тоа ќе создаде голем притисок врз болниците во многу земји, предупредуваат.

Најголем дел од луѓето кои ќе се заразат со денга немаат симптоми, што знали дека се смета дека стапката на заразени случаи е многу поголема од пријавените бројки. Мешу симптомите се треска, грчеви на мускулите и болки во зглобовите, а кај помалку од 1% болеста резултира со смрт. Не постои специфичен лек за болеста, иако постои вакцина. Пред неколку дена СЗО ја препорача вакцината Qdenga на компанијата Takeda Pharmaceuticals за деца од 6 до 16 години во подрачка каде што инфекцијата е значаен проблем за јавното здравство.

Qdenga ја одобрја и ЕУ регулаторите, но Takeda ја повлече својата пријава во САД.


Извор: Al Jazeera Balkans

The post Глобалното затоплување ќе доведе до ширење на денга треска по целиот свет appeared first on Република.

]]>

Денга треската оваа деценија ќе стане голема закана во јужна Европа, југот на САД и во делови од Африка затоа што повисоките температури создаваат поволни услови за комарците кои ја пшренесуваат заразата, предупредува Светската здравствена организација. Болеста долго време постоеше само во голем дел од Азија и Латинска Америка и беше вновна за околу 20.000 смртни случаи годишно. Од 2000 година досега стапката на болеста е зголемен за осум пати на глобално ниво, главно проади климатските промени, како и поради поголемото движење на луѓето и урбанизацијата, пренесува Reuters. Многу случаи на оваа треска остануваат незабележани, но во 2022 година во светот биле пријавени 4,2 милиони случаи, а одговорните за јавното здравје предупредија дека за годинава се очекуваат рекордни бројки. Бангладеш моментално се соочува со најголемата епидемија на денга треска досега, со над 1.000 смртни случаи. Од СЗО велат дека мора проактивно да се разговара за денга треската и навистина да се подготват земјите за дополнителниот притисок со кој ќе се соочат допрва. Како што прогнозираат, заразата веројатно ќе стане ендемична во делови од САД, ЕВропа и Африка, региони во кои веќе имало ограничен локален пренос, бидејќи глобалното затоплување на новите подрачја ги прави гостољубиви за комарци кои ја шират треската. Тоа ќе создаде голем притисок врз болниците во многу земји, предупредуваат. Најголем дел од луѓето кои ќе се заразат со денга немаат симптоми, што знали дека се смета дека стапката на заразени случаи е многу поголема од пријавените бројки. Мешу симптомите се треска, грчеви на мускулите и болки во зглобовите, а кај помалку од 1% болеста резултира со смрт. Не постои специфичен лек за болеста, иако постои вакцина. Пред неколку дена СЗО ја препорача вакцината Qdenga на компанијата Takeda Pharmaceuticals за деца од 6 до 16 години во подрачка каде што инфекцијата е значаен проблем за јавното здравство. Qdenga ја одобрја и ЕУ регулаторите, но Takeda ја повлече својата пријава во САД.
Извор: Al Jazeera Balkans

The post Глобалното затоплување ќе доведе до ширење на денга треска по целиот свет appeared first on Република.

]]>
Комарци шират денга треска, 40 починати, 60.000 заразени во Аргентина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/komartsi-shirat-denga-treska-40-pochinati-60-000-zarazeni-vo-argentina/ Sat, 22 Apr 2023 10:51:31 +0000 https://republika.mk/?p=632961

Аргентина се соочува со епидемија на денга треска, од која починаа 40 луѓе, а повеќе од 60.000 се заразени, главно во северозападниот дел на земјата.

Инфекцијата ја шират комарците од жолта треска, а последната епидемија ја погоди Аргентина во 2020 година, наведува „Би-Би-Си“.

Меѓутоа, Министерството за здравство вели дека бројот на случаи со денга почнува да се намалува.

The post Комарци шират денга треска, 40 починати, 60.000 заразени во Аргентина appeared first on Република.

]]>

Аргентина се соочува со епидемија на денга треска, од која починаа 40 луѓе, а повеќе од 60.000 се заразени, главно во северозападниот дел на земјата. Инфекцијата ја шират комарците од жолта треска, а последната епидемија ја погоди Аргентина во 2020 година, наведува „Би-Би-Си“. Меѓутоа, Министерството за здравство вели дека бројот на случаи со денга почнува да се намалува.

The post Комарци шират денга треска, 40 починати, 60.000 заразени во Аргентина appeared first on Република.

]]>