денар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/denar/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Apr 2024 15:03:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png денар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/denar/ 32 32 Се одбележуваат 32 години од воведувањето на денарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-odbelezhuvaat-32-godini-od-voveduvaneto-na-denarot/ Fri, 26 Apr 2024 15:03:34 +0000 https://republika.mk/?p=771475

На 26 април пред 32 години беше воведен денарот како национална валута и беше воспоставена институционална рамка на монетарниот систем, односно Народната банка започна да функционира како самостојна централна банка.

- Овој датум е значаен во нашата историја, бидејќи со монетарната самостојност се заокружи целовитоста на процесот на формирањето на нашата држава! Во изминатите 32 години, Народната банка се соочи со голем број предизвици, на кои успешно им одговори, додека денарот беше и ќе остане да биде „сидрото на стабилноста на нашата економија“, стои во објавата на Народната банка на Фејсбук.

The post Се одбележуваат 32 години од воведувањето на денарот appeared first on Република.

]]>

Народната банка го одбележува монетарното осамостојување преку едукативна кампања „Денарот го славиме!” https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/narodnata-banka-go-odbelezhuva-monetarnoto-osamostojuvane-preku-edukativna-kampana-denarot-go-slavime/ Mon, 24 Apr 2023 09:25:43 +0000 https://republika.mk/?p=633486

Народната банка во текот на претстојната седмица ќе реализира повеќе активности во насока на чествување на триесет и една година од монетарната самостојност, односно воведувањето на денарот како национална валута и осамостојувањето на Народната банка, под мотото „Денарот го славиме!”. Прогласувањето на монетарната самостојност на 26 април е значаен настан за нашата држава, а воедно и значаен чекор во заокружувањето на нејзината независност.

Низ годините Народната банка се градеше и се воспостави како современа, кредибилна и меѓународно призната, независна централна банка, но и како институција којашто ја поттикнува научната мисла и работа, постојаната едукација и финансиска писменост. Оттаму, во рамките на неделата на чествување ќе биде доделена и Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи.

За патот на креацијата и воспоставувањето на македонските книжни пари, се изработени два едукативни видеозаписа од страна на вработени во Музејот на Народната банка, Маја Хаџиманева, Ефтимија Павловска и Дијана Ванчевска. Видеозаписите, покрај тоа што ќе бидат објавени, ќе бидат доставени и до училиштата ширум земјата за да послужат во натамошниот едукативен процес за нашата историја и валута.

Со цел да се споделат историскиот процес и вредностите од кои се воделе носителите на политиките при монетарното осамостојување, подготвени се видеоизјави на дел од оние кои учествувале директно во процесот на воспоставување и градењето на монетарната независност, сопствената валута, но и придонесле и придонесуваат за афирмација на Народната банка како современа и кредибилна институција. Изјавите на сите досегашни гувернери Борко Станоевски, Љубе Трпевски, Петар Гошев, Димитар Богов, Анита Ангеловска-Бежоска, на други општествени чинители како Џевдет Хајредини, Трајко Славески, Михаил Петковски, Абдулменаф Беџети, Таки Фити, Глигор Бишев, Ванчо Каргов, како и видувањата вицегувернерките Емилија Нацевска и Ана Митреска ќе бидат објавени во текот на следните две недели на социјалните мрежи. Во рамките на чествувањето ќе бидат објавени и документи од Архивот на Народната банка, поврзани со монетарното осамостојување, коишто имаат непроценлива историска вредност за македонската историја.

The post Народната банка го одбележува монетарното осамостојување преку едукативна кампања „Денарот го славиме!” appeared first on Република.

]]>

Народната банка во текот на претстојната седмица ќе реализира повеќе активности во насока на чествување на триесет и една година од монетарната самостојност, односно воведувањето на денарот како национална валута и осамостојувањето на Народната банка, под мотото „Денарот го славиме!”. Прогласувањето на монетарната самостојност на 26 април е значаен настан за нашата држава, а воедно и значаен чекор во заокружувањето на нејзината независност. Низ годините Народната банка се градеше и се воспостави како современа, кредибилна и меѓународно призната, независна централна банка, но и како институција којашто ја поттикнува научната мисла и работа, постојаната едукација и финансиска писменост. Оттаму, во рамките на неделата на чествување ќе биде доделена и Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. За патот на креацијата и воспоставувањето на македонските книжни пари, се изработени два едукативни видеозаписа од страна на вработени во Музејот на Народната банка, Маја Хаџиманева, Ефтимија Павловска и Дијана Ванчевска. Видеозаписите, покрај тоа што ќе бидат објавени, ќе бидат доставени и до училиштата ширум земјата за да послужат во натамошниот едукативен процес за нашата историја и валута. Со цел да се споделат историскиот процес и вредностите од кои се воделе носителите на политиките при монетарното осамостојување, подготвени се видеоизјави на дел од оние кои учествувале директно во процесот на воспоставување и градењето на монетарната независност, сопствената валута, но и придонесле и придонесуваат за афирмација на Народната банка како современа и кредибилна институција. Изјавите на сите досегашни гувернери Борко Станоевски, Љубе Трпевски, Петар Гошев, Димитар Богов, Анита Ангеловска-Бежоска, на други општествени чинители како Џевдет Хајредини, Трајко Славески, Михаил Петковски, Абдулменаф Беџети, Таки Фити, Глигор Бишев, Ванчо Каргов, како и видувањата вицегувернерките Емилија Нацевска и Ана Митреска ќе бидат објавени во текот на следните две недели на социјалните мрежи. Во рамките на чествувањето ќе бидат објавени и документи од Архивот на Народната банка, поврзани со монетарното осамостојување, коишто имаат непроценлива историска вредност за македонската историја.

The post Народната банка го одбележува монетарното осамостојување преку едукативна кампања „Денарот го славиме!” appeared first on Република.

]]>
Народна банка: Фиксниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина и стабилни очекувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/narodna-banka-fiksniot-kurs-na-denarot-e-mehanizam-za-makroekonomska-disciplina-i-stabilni-ochekuvanja/ Mon, 08 Aug 2022 09:20:12 +0000 https://republika.mk/?p=537897

Фиксниот курс на денарот дава стабилност на граѓаните, фирмите и компаниите во отплатата на нивните кредити врзани за еврото, а исто така влијае да се избегнат високи ценовни флуктуации како резултат на увозните цени, наведува Народната банка во објава на „Фејсбук“.

Во објавата се посочува дека стабилниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина и за стабилни очекувања и дека Народната банка со сите расположиви инструменти ќе го одржува курсот на денарот стабилен.

Треба да имаме предвид дека македонската економија се одликува со високо ниво на трговска размена со странство, којашто значи поголема подложност на надворешното окружување, вклучително и на промените на курсот на домашната валута во однос на странските валути. При флексибилен курс, тоа би значело релативно брзо и значајно пренесување ефекти од промените во девизниот курс врз домашните цени, со оглед на високото учество на производите кои се увезуваат. Друга одлика е тоа што нашата економија е нето-должник кон странство, што претставува и природна карактеристика за земја во оваа фаза на развој којашто има потреба од дополнителен капитал. При флексибилен девизен курс, хипотетичко намалување на вредноста на денарот би довела до повисок износ на задолженост и можна појава на потешкотии за сервисирање на постојниот долг. Истовремено, во услови на сѐ уште релативно високо ниво на евроизираност на нашата економија, промените во курсот би резултирале и со повисока задолженост на населението и фирмите со оглед на застапеноста на вкупните девизни кредити (вклучително и денарските кредити со валутна клаузула) во вкупните кредити, пишува во објавата.

Со одржување на стабилен девизен курс на денарот, велат од централната банка, економијата се штити од преголеми ценовни флуктуации и раст на долгот во странска валута и се обезбедуваат стабилни пазарни очекувања, а сето тоа е во прилог на обезбедување најповолен амбиент за економски раст.

The post Народна банка: Фиксниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина и стабилни очекувања appeared first on Република.

]]>

Фиксниот курс на денарот дава стабилност на граѓаните, фирмите и компаниите во отплатата на нивните кредити врзани за еврото, а исто така влијае да се избегнат високи ценовни флуктуации како резултат на увозните цени, наведува Народната банка во објава на „Фејсбук“. Во објавата се посочува дека стабилниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина и за стабилни очекувања и дека Народната банка со сите расположиви инструменти ќе го одржува курсот на денарот стабилен. Треба да имаме предвид дека македонската економија се одликува со високо ниво на трговска размена со странство, којашто значи поголема подложност на надворешното окружување, вклучително и на промените на курсот на домашната валута во однос на странските валути. При флексибилен курс, тоа би значело релативно брзо и значајно пренесување ефекти од промените во девизниот курс врз домашните цени, со оглед на високото учество на производите кои се увезуваат. Друга одлика е тоа што нашата економија е нето-должник кон странство, што претставува и природна карактеристика за земја во оваа фаза на развој којашто има потреба од дополнителен капитал. При флексибилен девизен курс, хипотетичко намалување на вредноста на денарот би довела до повисок износ на задолженост и можна појава на потешкотии за сервисирање на постојниот долг. Истовремено, во услови на сѐ уште релативно високо ниво на евроизираност на нашата економија, промените во курсот би резултирале и со повисока задолженост на населението и фирмите со оглед на застапеноста на вкупните девизни кредити (вклучително и денарските кредити со валутна клаузула) во вкупните кредити, пишува во објавата. Со одржување на стабилен девизен курс на денарот, велат од централната банка, економијата се штити од преголеми ценовни флуктуации и раст на долгот во странска валута и се обезбедуваат стабилни пазарни очекувања, а сето тоа е во прилог на обезбедување најповолен амбиент за економски раст.

The post Народна банка: Фиксниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина и стабилни очекувања appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Денарот останува стабилен, ја разгледуваме можноста за воведување на дигитален денар https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezoska-denarot-ostanuva-stabilen-ja-razgleduvame-moznosta-za-voveduvanje-na-digitalen-denar/ Thu, 28 Apr 2022 09:36:24 +0000 https://republika.mk/?p=494660

Стабилноста на денарот е јавно добро и е клучна за општата стабилност во економијата. Тоа укажува колку е голема одговорноста којашто ја има Народната банка, како институција којашто има мандат да се грижи за неговата стабилност - посочи на свеченоста за одбележување на 30 години монетарна самостојност гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

На овој свечен ден, кога чествуваме јубилеј којшто не е значаен само за Народната банка, туку за татковината и за нацијата во целина, стоејќи пред вас, уште еднаш нагласувам – стабилноста на денарот е загарантирана, истакна гувернерката на Народната банка.

Таа додаде и дека по примерот на Европската централна банка, Народната банка започнала и со првични активности за разгледување на можноста и потребата од воведување дигитален денар.

Ако анализите покажат дека е потребно и соодветно воведување дигитален денар, при некои од следните одбележувања на денот на монетарното осамостојување, се надевам веќе ќе говориме и за дигиталниот денар како официјално платежно средство во земјата - рече гувернерката.

Таа во своето обраќање посочи дека изминатите години Народната банка има постигнато значајни резултати.

На почетокот на 2019 година, како осумнаесетта земја во светот, беше достигнат највисокиот меѓународен статистички стандард на ММФ, а минатата година, Европската Комисија донесе одлука дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка е еквивалентна на европската и со тоа банката е вклучена на листата од само 26 земји во светот коишто ги исполнуваат овие стандарди - посочи Ангеловска-Бежоска.

Во поглед на траснапрентноста, како што додаде, Народната банка е втора централна банка во светот, за којашто ММФ направи оцена според најновиот Кодекс и нè радува што констатираше висок степен на транспарентност.

-Секој историски значаен јубилеј, во извесна мера нè поставува на крстопат, при што осврнувајќи се на веќе оствареното, треба да донесеме одлука или да потврдиме по кој пат продолжуваме понатаму. Затоа, морам да истакнам дека независно од тоа како ќе се одвива евроинтегративниот процес на земјата, европските стандарди ќе продолжат да бидат наша водилка кон европското семејство на централни банки. А тогаш кога ќе се заокружи европско поглавје од нашата приказна и денарот ќе остане наш историски симбол на стабилност, верувам дека уште еднаш ќе се потврди дека како централна банка сме чекореле по вистинскиот пат, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска.

The post Ангеловска-Бежоска: Денарот останува стабилен, ја разгледуваме можноста за воведување на дигитален денар appeared first on Република.

]]>

Стабилноста на денарот е јавно добро и е клучна за општата стабилност во економијата. Тоа укажува колку е голема одговорноста којашто ја има Народната банка, како институција којашто има мандат да се грижи за неговата стабилност - посочи на свеченоста за одбележување на 30 години монетарна самостојност гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.
На овој свечен ден, кога чествуваме јубилеј којшто не е значаен само за Народната банка, туку за татковината и за нацијата во целина, стоејќи пред вас, уште еднаш нагласувам – стабилноста на денарот е загарантирана, истакна гувернерката на Народната банка. Таа додаде и дека по примерот на Европската централна банка, Народната банка започнала и со првични активности за разгледување на можноста и потребата од воведување дигитален денар.
Ако анализите покажат дека е потребно и соодветно воведување дигитален денар, при некои од следните одбележувања на денот на монетарното осамостојување, се надевам веќе ќе говориме и за дигиталниот денар како официјално платежно средство во земјата - рече гувернерката.
Таа во своето обраќање посочи дека изминатите години Народната банка има постигнато значајни резултати.
На почетокот на 2019 година, како осумнаесетта земја во светот, беше достигнат највисокиот меѓународен статистички стандард на ММФ, а минатата година, Европската Комисија донесе одлука дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка е еквивалентна на европската и со тоа банката е вклучена на листата од само 26 земји во светот коишто ги исполнуваат овие стандарди - посочи Ангеловска-Бежоска.
Во поглед на траснапрентноста, како што додаде, Народната банка е втора централна банка во светот, за којашто ММФ направи оцена според најновиот Кодекс и нè радува што констатираше висок степен на транспарентност. -Секој историски значаен јубилеј, во извесна мера нè поставува на крстопат, при што осврнувајќи се на веќе оствареното, треба да донесеме одлука или да потврдиме по кој пат продолжуваме понатаму. Затоа, морам да истакнам дека независно од тоа како ќе се одвива евроинтегративниот процес на земјата, европските стандарди ќе продолжат да бидат наша водилка кон европското семејство на централни банки. А тогаш кога ќе се заокружи европско поглавје од нашата приказна и денарот ќе остане наш историски симбол на стабилност, верувам дека уште еднаш ќе се потврди дека како централна банка сме чекореле по вистинскиот пат, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска.

The post Ангеловска-Бежоска: Денарот останува стабилен, ја разгледуваме можноста за воведување на дигитален денар appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Денарот останува еден од клучните столбови на стабилноста на македонската економија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-denarot-ostanuva-eden-od-kluchnite-stolbovi-na-stabilnosta-na-makedonskata-ekonomija/ Wed, 27 Apr 2022 20:24:36 +0000 https://republika.mk/?p=494458

Народната банка е институција чијшто кредибилитет и интегритет постојано се потврдуваа во текот на изминатите 30 години. Денарот е и останува еден од клучните столбови на стабилноста на македонската економија, истакна премиерот Димитар Ковачевски вечерва на свеченоста по повод јубилејот 30 години од монетарното осамостојување.

Ковачевски истакна дека стабилноста на денарот е од исклучителна важност во актуелниот период на глобалната економска криза, а последниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд од февруари оваа година, јасно посочи дека воопшто не се доведува во прашање стабилноста на курсот на денарот.

Тоа, посочи премиерот, го потврдува институционалниот капацитет на банката којашто со соодветен монетарен инструментариум ја одржува стабилноста на денарот.

Претпазливата монетарна политика, како и добрата координација со другите макроекономски политики, имаат доведено до непрекинат раст на девизните резерви. Девизните резерви денес се на историски највисокото ниво и директно ја зацврстуваат стабилноста на девизниот курс. Народната банка беше значаен фактор за справување со тогашната глобална финансиска криза и постојаната комуникација со Владата за координирано усогласување на владините политики за соочување со ризиците од актуелната криза, даваат резултати, рече Ковачевски и дополни дека од огромно значење е улогата на Народната банка за позитивната перцепција за домашниот банкарски систем од страна на финансиските институции и инвеститори.

Премиерот Ковачевски укажа и дека интеграцијата на нашиот во европскиот финансиски систем ги подобри можностите за финансирање на нашите институции на странските и домашните пазари на капитал. Европската комисија оцени дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка, се во согласност со стандардите на ЕУ. Оваа оценка на ЕК, посочи премиерот, ја вклучува Македонија на листата од само 26 земји во светот, меѓу кои САД, Канада, Јапонија и Нов Зеланд, чија банкарска регулатива и начинот на вршење на супервизија на банките е еквивалентна на онаа којашто се спроведува во ЕУ. Со тоа се создаваат можности за поголема интеграција на нашиот банкарски систем во европскиот финансиски систем, како и можности за финансирање на нашите институции на домашниот пазар и на меѓународните пазари под поповолни услови.

Според Ковачевски, Народната банка преку своите политики испорача соодветни одговори на тековните економски предизвици, предизвикани од продолжената пандемија и воениот конфликт во Украина.

На ризиците од овие фактори на глобалната економска криза, Народната банка реагираше со умерено зголемување на каматната стапка, со цел стабилизирање на инфлациските очекувања во домашната економија. На ваков начин, централната банка придонесува за одржување на макроекономската стабилност, во услови на последователни надворешни шокови. Потврда за добрите економски политики, стигна и преку последната препорака на Меѓународниот монетарен фонд нашата земја да добие пристап до финансиски средства во рамки на Кредитната линија за ликвидност и претпазливост. Ова е дотолку позначајно заради фактот што овој финансиски инструмент се става на располагање само на земји со здрави економски фундаменти и кои практикуваат и се очекува да практикуваат, здрави економски политики, рече Ковачевски, честитајќи го јубилејот 30 години од монетарното осамостојување.

Пред 30 години, на 26 април, беа поставени основите на монетарната самостојност, беше воведен денарот како наша парична единица, којашто го замени тогашниот југословенски динар, а Народната банка почна да функционира како самостојна централна банка. Со ова беше целосно заокружена независноста на нашата држава.

На свечениот јубилеј вечерва се обратија и гувернерката на Народна Банка, Анита Ангеловска-Бежоска, министерот за финансии, Фатмир Бесими, како и претседателот на државата Стево Пендаровски.

The post Ковачевски: Денарот останува еден од клучните столбови на стабилноста на македонската економија appeared first on Република.

]]>

Народната банка е институција чијшто кредибилитет и интегритет постојано се потврдуваа во текот на изминатите 30 години. Денарот е и останува еден од клучните столбови на стабилноста на македонската економија, истакна премиерот Димитар Ковачевски вечерва на свеченоста по повод јубилејот 30 години од монетарното осамостојување. Ковачевски истакна дека стабилноста на денарот е од исклучителна важност во актуелниот период на глобалната економска криза, а последниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд од февруари оваа година, јасно посочи дека воопшто не се доведува во прашање стабилноста на курсот на денарот. Тоа, посочи премиерот, го потврдува институционалниот капацитет на банката којашто со соодветен монетарен инструментариум ја одржува стабилноста на денарот.
Претпазливата монетарна политика, како и добрата координација со другите макроекономски политики, имаат доведено до непрекинат раст на девизните резерви. Девизните резерви денес се на историски највисокото ниво и директно ја зацврстуваат стабилноста на девизниот курс. Народната банка беше значаен фактор за справување со тогашната глобална финансиска криза и постојаната комуникација со Владата за координирано усогласување на владините политики за соочување со ризиците од актуелната криза, даваат резултати, рече Ковачевски и дополни дека од огромно значење е улогата на Народната банка за позитивната перцепција за домашниот банкарски систем од страна на финансиските институции и инвеститори.
Премиерот Ковачевски укажа и дека интеграцијата на нашиот во европскиот финансиски систем ги подобри можностите за финансирање на нашите институции на странските и домашните пазари на капитал. Европската комисија оцени дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка, се во согласност со стандардите на ЕУ. Оваа оценка на ЕК, посочи премиерот, ја вклучува Македонија на листата од само 26 земји во светот, меѓу кои САД, Канада, Јапонија и Нов Зеланд, чија банкарска регулатива и начинот на вршење на супервизија на банките е еквивалентна на онаа којашто се спроведува во ЕУ. Со тоа се создаваат можности за поголема интеграција на нашиот банкарски систем во европскиот финансиски систем, како и можности за финансирање на нашите институции на домашниот пазар и на меѓународните пазари под поповолни услови. Според Ковачевски, Народната банка преку своите политики испорача соодветни одговори на тековните економски предизвици, предизвикани од продолжената пандемија и воениот конфликт во Украина.
На ризиците од овие фактори на глобалната економска криза, Народната банка реагираше со умерено зголемување на каматната стапка, со цел стабилизирање на инфлациските очекувања во домашната економија. На ваков начин, централната банка придонесува за одржување на макроекономската стабилност, во услови на последователни надворешни шокови. Потврда за добрите економски политики, стигна и преку последната препорака на Меѓународниот монетарен фонд нашата земја да добие пристап до финансиски средства во рамки на Кредитната линија за ликвидност и претпазливост. Ова е дотолку позначајно заради фактот што овој финансиски инструмент се става на располагање само на земји со здрави економски фундаменти и кои практикуваат и се очекува да практикуваат, здрави економски политики, рече Ковачевски, честитајќи го јубилејот 30 години од монетарното осамостојување.
Пред 30 години, на 26 април, беа поставени основите на монетарната самостојност, беше воведен денарот како наша парична единица, којашто го замени тогашниот југословенски динар, а Народната банка почна да функционира како самостојна централна банка. Со ова беше целосно заокружена независноста на нашата држава. На свечениот јубилеј вечерва се обратија и гувернерката на Народна Банка, Анита Ангеловска-Бежоска, министерот за финансии, Фатмир Бесими, како и претседателот на државата Стево Пендаровски.

The post Ковачевски: Денарот останува еден од клучните столбови на стабилноста на македонската економија appeared first on Република.

]]>
Годинава се одбележуваат 30 години од воведувањето на денарот и самостојноста на Народната банка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/godinava-se-odbelezuvaat-30-godini-od-voveduvanjeto-na-denarot-i-samostojnosta-na-narodnata-banka/ Thu, 17 Mar 2022 12:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=474329

Годинава прославуваме 30 години од монетарното осамостојување. Пред 30 години, на 26 април, беа поставени основите на монетарната самостојност: беше воведен денарот како наша парична единица, којашто го замени тогашниот југословенски динар, а Народната банка почна да функционира како самостојна централна банка. Со ова беше целосно заокружена независноста на нашата држава.

Оттогаш, низ годините, вработените на Народната банка со многу посветеност, пожртвуваност и визија работеa на градењето на она што го имаме денес ‒ стабилна домашна валута и современа, кредибилна и меѓународно призната, независна централна банка. На овој пат, институцијата се соочуваше со голем број предизвици, како во однос на спроведувањето значајни пазарно ориентирани реформи во банкарскиот систем, така и во однос на справувањето со шокови од различна природа. Во сите тие ситуации беа остварени основните цели на работењето на Народната банка.

Во изминатите години, Народната банка доби голем број признанија од страна на меѓународните институции и за нејзиното функционирање, и за политиките коишто ги спроведува.

Изминатите 30 години на успешна работа на Народната банка се гаранција дека и во следниот период ќе имаме капацитет за справување со предизвиците коишто ги носи актуелната ситуација. И натаму ја чуваме стабилноста на денарот, како од економски, така и од неекономски закани – шпекулациите и лажните вести, коишто се подеднакво опасни.

Додека ја чуваме стабилноста на денарот и финансиската стабилност, истовремено се ориентираме и кон иднината, по примерот на најголемите централни банки. Нашите идни активности се насочени и кон овозможување подобри и поевтини банкарски услуги преку финтек-секторот, имајќи ја предвид и кибербезбедноста. Понатаму, нашата заложба ги опфаќа и зелените финансии, бидејќи сите носители на политиките треба да бидат свесни дека климатските промени ќе бидат една од најголемите закани на 21 век.

Со цел да го одбележиме овој важен национален јубилеј, Народната банка планира повеќе настани, меѓу кои и централниот – Свечената академија по повод јубилејот и Истражувачката конференција на Народната банка, којашто оваа година ќе се организира во партнерство со Европската инвестициска банка (ЕИБ), на која ќе учествуваат гувернери и вицегувернери на централни банки од регионот и од Европа, како и претставници на меѓународни финансиски организации, на научната јавност и на банкарскиот сектор.

The post Годинава се одбележуваат 30 години од воведувањето на денарот и самостојноста на Народната банка appeared first on Република.

]]>

Годинава прославуваме 30 години од монетарното осамостојување. Пред 30 години, на 26 април, беа поставени основите на монетарната самостојност: беше воведен денарот како наша парична единица, којашто го замени тогашниот југословенски динар, а Народната банка почна да функционира како самостојна централна банка. Со ова беше целосно заокружена независноста на нашата држава. Оттогаш, низ годините, вработените на Народната банка со многу посветеност, пожртвуваност и визија работеa на градењето на она што го имаме денес ‒ стабилна домашна валута и современа, кредибилна и меѓународно призната, независна централна банка. На овој пат, институцијата се соочуваше со голем број предизвици, како во однос на спроведувањето значајни пазарно ориентирани реформи во банкарскиот систем, така и во однос на справувањето со шокови од различна природа. Во сите тие ситуации беа остварени основните цели на работењето на Народната банка. Во изминатите години, Народната банка доби голем број признанија од страна на меѓународните институции и за нејзиното функционирање, и за политиките коишто ги спроведува. Изминатите 30 години на успешна работа на Народната банка се гаранција дека и во следниот период ќе имаме капацитет за справување со предизвиците коишто ги носи актуелната ситуација. И натаму ја чуваме стабилноста на денарот, како од економски, така и од неекономски закани – шпекулациите и лажните вести, коишто се подеднакво опасни. Додека ја чуваме стабилноста на денарот и финансиската стабилност, истовремено се ориентираме и кон иднината, по примерот на најголемите централни банки. Нашите идни активности се насочени и кон овозможување подобри и поевтини банкарски услуги преку финтек-секторот, имајќи ја предвид и кибербезбедноста. Понатаму, нашата заложба ги опфаќа и зелените финансии, бидејќи сите носители на политиките треба да бидат свесни дека климатските промени ќе бидат една од најголемите закани на 21 век. Со цел да го одбележиме овој важен национален јубилеј, Народната банка планира повеќе настани, меѓу кои и централниот – Свечената академија по повод јубилејот и Истражувачката конференција на Народната банка, којашто оваа година ќе се организира во партнерство со Европската инвестициска банка (ЕИБ), на која ќе учествуваат гувернери и вицегувернери на централни банки од регионот и од Европа, како и претставници на меѓународни финансиски организации, на научната јавност и на банкарскиот сектор.  

The post Годинава се одбележуваат 30 години од воведувањето на денарот и самостојноста на Народната банка appeared first on Република.

]]>
Комитет за финансиска стабилност: Финансиската и стабилноста на курсот на денарот успешно се одржуваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/komitet-za-finansiska-stabilnost-finansiskata-i-stabilnosta-na-kursot-na-denarot-uspeshno-se-odrzuvaat/ Wed, 09 Mar 2022 11:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=470038

Денарот е стабилен, а финансискиот систем исто така е стабилен и подготвен да одговори на предизвиците што би произлегле од руско-украинскиот конфликт, порачува Комитетот за финансиска стабилност при Народната банка.

Оттаму велат дека сите финансиски услуги непречено се вршат и ќе продолжат да се вршат и понатаму во согласност со потребите на граѓаните и на корпоративниот сектор.

Надлежните регулатори координирано ги следат состојбите и се подготвени брзо да делуваат, да ги прилагодуваат политиките во согласност со случувањата и да ја одржат финансиската стабилност која е приоритет, се наведува во соопштението испратено по денешниот состанок на Комитетот за финансиска стабилност на кој биле разгледани најновите движења во финансискиот сектор.

Досега, поизразени директни влијанија врз домашниот финансиски сектор нема и не се очекува да има поради слабите финансиски врски со Русија и Украина и отсуството на капитал од овие две држави во банкарскиот сектор.

Бидејќи се работи за неекономски шок, чијшто иден развој е тешко да се предвиди, прерано е да се извлечат заклучоци за долгорочните влијанија врз домашната економија. Сепак, она што е извесно е дека досега поизразени директни влијанија врз домашниот финансиски сектор нема и не се очекува да има, што се должи на многу слабите финансиски врски со Русија и Украина. Дополнителен фактор е отсуството на капитал од овие две земји во домашниот банкарски сектор. Ова е важна предност во овие околности, особено ако се земат предвид предизвиците со кои се соочија некои од соседните земји во кои беа присутни руски банки, се вели во соопштението.

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска посочила дека девизните резерви се на високо ниво, што ја гарантира стабилноста на денарот и дека домашниот банкарски сектор е сигурен, ликвиден и соодветно капитализиран, подготвен за справување со евентуалните шокови.

За време на корона-кризата, банкарскиот сектор покажа дека умее да амортизира ризици, и кога тие се нови и дотогаш невидени, и по размер и по карактеристики. Банкарскиот сектор покажа дека е способен да ја поддржи економијата и во сложени услови и да одговори на барањата на граѓаните и корпоративниот сектор. Според сите показатели, ваквите капацитети се задржани и дополнително зајакнати во овој период - истакнала Ангеловска-Бежоска.

Министерот за финансии Фатмир Бесими порачал дека фискалната политика ќе биде поставена така за преку соодветни мерки и политики се амортизираат ударите што ќе доаѓаат однадвор за домашната економија и за стандардот на граѓаните.

Тие ќе дојдат преку европската економија и главно ќе се одразат врз потрошувачката, преку ценовните притисоци од увезените примарни производи. Преку фискалната политика ќе се заложиме за граѓаните и стопанството да ги амортизираме тие притисоци. Веќе е изготвен сет на антикризни мерки, кој Владата набрзо ќе го презентира - рекол Бесими.

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност Нора Алити посочила дека ескалацијата на руско-украинскиот конфликт довела до првични негативни рефлексии врз тргувањето на берзата, пропратено со еднократен пад од 8.39 проценти на МБИ 10 на берзанскиот ден, кога започнаа воените дејствија, се до нормализирано и вообичаено тргување, без драматичен предзнак.

Кај нето-вредноста на отворените инвестициски фондови, заклучно со февруари, се забележува намалување од 2,4 проценти во однос на јануари. Приливите се стабилни, додека одливите се благо зголемени (7,34 проценти). Ваквите показатели за фондовите влегуваат во стандардните динамики и нема позначителни отстапувања од нивната кондиција. Имајќи предвид дека вредноста на вложувањата во хартии од вредност од руски компании изнесуваат околу 1,5 милиони евра или 0,76 проценти во вкупната нето вредност на сите отворени инвестициски фондови, очекувана е и таква пропорција на неповолен импакт - посочила Алити.

Внимателно се следат и состојбите кај пензиските друштва. Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али информирал дека капитално финансираното пензиско осигурување делува стабилно и транспарентно со идентификувани ризици коишто се анализираат и се контролираат на редовна основа, со посебно внимание на инвестирањето на средствата на пензиските фондови.

Во делот на осигурителниот пазар било посочено дека развојот на настаните во Украина не се рефлектираат неповолно врз осигурителниот пазар. Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), Крсте Шајноски информирал дека во 2021 година е регистриран пад од 15 проценти на осигурителниот пазар.

На седницата е констатирано дека сите регулатори на финансискиот систем имаат доволен опсег на инструменти што може да ги користат доколку е потребно.

The post Комитет за финансиска стабилност: Финансиската и стабилноста на курсот на денарот успешно се одржуваат appeared first on Република.

]]>

Денарот е стабилен, а финансискиот систем исто така е стабилен и подготвен да одговори на предизвиците што би произлегле од руско-украинскиот конфликт, порачува Комитетот за финансиска стабилност при Народната банка. Оттаму велат дека сите финансиски услуги непречено се вршат и ќе продолжат да се вршат и понатаму во согласност со потребите на граѓаните и на корпоративниот сектор. Надлежните регулатори координирано ги следат состојбите и се подготвени брзо да делуваат, да ги прилагодуваат политиките во согласност со случувањата и да ја одржат финансиската стабилност која е приоритет, се наведува во соопштението испратено по денешниот состанок на Комитетот за финансиска стабилност на кој биле разгледани најновите движења во финансискиот сектор. Досега, поизразени директни влијанија врз домашниот финансиски сектор нема и не се очекува да има поради слабите финансиски врски со Русија и Украина и отсуството на капитал од овие две држави во банкарскиот сектор. Бидејќи се работи за неекономски шок, чијшто иден развој е тешко да се предвиди, прерано е да се извлечат заклучоци за долгорочните влијанија врз домашната економија. Сепак, она што е извесно е дека досега поизразени директни влијанија врз домашниот финансиски сектор нема и не се очекува да има, што се должи на многу слабите финансиски врски со Русија и Украина. Дополнителен фактор е отсуството на капитал од овие две земји во домашниот банкарски сектор. Ова е важна предност во овие околности, особено ако се земат предвид предизвиците со кои се соочија некои од соседните земји во кои беа присутни руски банки, се вели во соопштението. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска посочила дека девизните резерви се на високо ниво, што ја гарантира стабилноста на денарот и дека домашниот банкарски сектор е сигурен, ликвиден и соодветно капитализиран, подготвен за справување со евентуалните шокови.
За време на корона-кризата, банкарскиот сектор покажа дека умее да амортизира ризици, и кога тие се нови и дотогаш невидени, и по размер и по карактеристики. Банкарскиот сектор покажа дека е способен да ја поддржи економијата и во сложени услови и да одговори на барањата на граѓаните и корпоративниот сектор. Според сите показатели, ваквите капацитети се задржани и дополнително зајакнати во овој период - истакнала Ангеловска-Бежоска.
Министерот за финансии Фатмир Бесими порачал дека фискалната политика ќе биде поставена така за преку соодветни мерки и политики се амортизираат ударите што ќе доаѓаат однадвор за домашната економија и за стандардот на граѓаните.
Тие ќе дојдат преку европската економија и главно ќе се одразат врз потрошувачката, преку ценовните притисоци од увезените примарни производи. Преку фискалната политика ќе се заложиме за граѓаните и стопанството да ги амортизираме тие притисоци. Веќе е изготвен сет на антикризни мерки, кој Владата набрзо ќе го презентира - рекол Бесими.
Претседателката на Комисијата за хартии од вредност Нора Алити посочила дека ескалацијата на руско-украинскиот конфликт довела до првични негативни рефлексии врз тргувањето на берзата, пропратено со еднократен пад од 8.39 проценти на МБИ 10 на берзанскиот ден, кога започнаа воените дејствија, се до нормализирано и вообичаено тргување, без драматичен предзнак.
Кај нето-вредноста на отворените инвестициски фондови, заклучно со февруари, се забележува намалување од 2,4 проценти во однос на јануари. Приливите се стабилни, додека одливите се благо зголемени (7,34 проценти). Ваквите показатели за фондовите влегуваат во стандардните динамики и нема позначителни отстапувања од нивната кондиција. Имајќи предвид дека вредноста на вложувањата во хартии од вредност од руски компании изнесуваат околу 1,5 милиони евра или 0,76 проценти во вкупната нето вредност на сите отворени инвестициски фондови, очекувана е и таква пропорција на неповолен импакт - посочила Алити.
Внимателно се следат и состојбите кај пензиските друштва. Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али информирал дека капитално финансираното пензиско осигурување делува стабилно и транспарентно со идентификувани ризици коишто се анализираат и се контролираат на редовна основа, со посебно внимание на инвестирањето на средствата на пензиските фондови. Во делот на осигурителниот пазар било посочено дека развојот на настаните во Украина не се рефлектираат неповолно врз осигурителниот пазар. Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), Крсте Шајноски информирал дека во 2021 година е регистриран пад од 15 проценти на осигурителниот пазар. На седницата е констатирано дека сите регулатори на финансискиот систем имаат доволен опсег на инструменти што може да ги користат доколку е потребно.

The post Комитет за финансиска стабилност: Финансиската и стабилноста на курсот на денарот успешно се одржуваат appeared first on Република.

]]>
Митреска: Денарот е стабилен, девизните резерви се високи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitreska-denarot-e-stabilen-deviznite-rezervi-se-visoki/ Tue, 01 Mar 2022 10:18:47 +0000 https://republika.mk/?p=465773

Курсот на денарот е стабилен, девизните резерви се на исклучително солидно ниво и имаме капацитет и простор да ја одржуваме стабилноста на девизниот курс, истакна вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска.

Денарот е стабилен. Јас само би напоменала дека со оглед на режимот на девизен курс што го имаме, она што е за нас клучно е девизниот пазар и девизните резерви. Досега сите промени кај девизните резерви, во целост се конзистентни со нашите очекувања. Нивото е високо, некаде околу 3,4 милијарди евра, и да нагласам дека ова ниво е повисоко и во однос на нивото коешто го имавме на самиот почеток на пандемијата. Всушност, по сите параметри на резервите што ги следиме, тие се адекватни и се, де факто, огледало на нашиот капацитет да ја одржуваме стабилноста на курсот - рече Митреска во вчерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Таа посочи дека и Меѓународниот монетарен фонд во извештајот за нашата економија јасно и експлицитно кажува дека курсот е целосно конзистентен, не само со економските параметри, туку и со политиките што се водат и дека нема апсолутно никаква потреба од промена на нивото на курсот.

The post Митреска: Денарот е стабилен, девизните резерви се високи appeared first on Република.

Одговорните уверуваат: Денарот и финансискиот систем ќе останат стабилни https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/odgovornite-uveruvaat-denarot-i-finansiskiot-sistem-kje-ostanat-stabilni/ Fri, 25 Feb 2022 11:29:04 +0000 https://republika.mk/?p=463769

Соодветното ниво на девизните резерви овозможува доволен простор за обезбедување доволна девизна ликвидност на домашната економија, а денарот и финансискиот систем ќе останат стабилни. Министерството за финансии и Народната банка (НБ) будно ги следат состојбите, при што навремено се разменуваат информациите и ќе се реагира соодветно на случувањата, секој во рамки на надлежностите на својот мандат.

Ова беше посочено на денешната средба помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии Фатмир Бесими, на која стана збор за актуелните меѓународни случувања, ефектите врз глобалната економија, како и очекувањата за македонската економија од руско-украинскиот конфликт.

Монетарните и фискалните власти, како што порачуваат од НБ, се координираат и внимателно ги следат меѓународните случувања и нивните потенцијални ефекти врз домашната економија и подготвени се соодветно да ги прилагодуваат политиките.

На денешната средба, информираат од НБ, беше посочено дека светот се соочува со уште еден нов глобален предизвик по пандемијата. Почетокот на руско-украинската војна имаше ефект врз глобалните пазари и инвеститорите. Цените на примарните производи, храната и енергенсите пораснаа, додека цените на акциите се намалија, што е очекувано однесување кај инвеститорите во вакви случаи. Ова ќе повлијае и на процесот на опоравување на глобалните синџири, со оглед на улогата на Русија и Украина во нив, како едни од најголемите производители на енергенси и жито.

Директната изложеност на нашата економија кон овие две економии е многу мала. Тие не се присутни во финансискиот сектор, а странските директни инвестиции и дознаките кои доаѓаат оттаму, имаат учество под 1 отсто во вкупните вредности. Но, со оглед на учеството на Русија и Украина во понудата на глобалните пазари на суровини, очекувани се индиректни ефекти преку цените на примарните производи. Дополнително, доколку овие состојби се одразат на растот на европската економија, можно е влијание и врз инвестициите – домашни и странски, а со тоа и влијание врз економската активност, порачуваат од НБ.

На средбата, додаваат, беше истакнато дека просторот за ублажување на потенцијалните ефекти преку политиките е адекватен, а стабилноста на финансискиот систем е исто така поддршка на отпорноста на економијата. Изминатите години се креирани соодветни заштитни механизми во финансискиот систем, што ќе овозможи негово непречено функционирање и натамошна кредитна поддршка на економската активност.

The post Одговорните уверуваат: Денарот и финансискиот систем ќе останат стабилни appeared first on Република.

]]>

Соодветното ниво на девизните резерви овозможува доволен простор за обезбедување доволна девизна ликвидност на домашната економија, а денарот и финансискиот систем ќе останат стабилни. Министерството за финансии и Народната банка (НБ) будно ги следат состојбите, при што навремено се разменуваат информациите и ќе се реагира соодветно на случувањата, секој во рамки на надлежностите на својот мандат. Ова беше посочено на денешната средба помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии Фатмир Бесими, на која стана збор за актуелните меѓународни случувања, ефектите врз глобалната економија, како и очекувањата за македонската економија од руско-украинскиот конфликт. Монетарните и фискалните власти, како што порачуваат од НБ, се координираат и внимателно ги следат меѓународните случувања и нивните потенцијални ефекти врз домашната економија и подготвени се соодветно да ги прилагодуваат политиките. На денешната средба, информираат од НБ, беше посочено дека светот се соочува со уште еден нов глобален предизвик по пандемијата. Почетокот на руско-украинската војна имаше ефект врз глобалните пазари и инвеститорите. Цените на примарните производи, храната и енергенсите пораснаа, додека цените на акциите се намалија, што е очекувано однесување кај инвеститорите во вакви случаи. Ова ќе повлијае и на процесот на опоравување на глобалните синџири, со оглед на улогата на Русија и Украина во нив, како едни од најголемите производители на енергенси и жито. Директната изложеност на нашата економија кон овие две економии е многу мала. Тие не се присутни во финансискиот сектор, а странските директни инвестиции и дознаките кои доаѓаат оттаму, имаат учество под 1 отсто во вкупните вредности. Но, со оглед на учеството на Русија и Украина во понудата на глобалните пазари на суровини, очекувани се индиректни ефекти преку цените на примарните производи. Дополнително, доколку овие состојби се одразат на растот на европската економија, можно е влијание и врз инвестициите – домашни и странски, а со тоа и влијание врз економската активност, порачуваат од НБ. На средбата, додаваат, беше истакнато дека просторот за ублажување на потенцијалните ефекти преку политиките е адекватен, а стабилноста на финансискиот систем е исто така поддршка на отпорноста на економијата. Изминатите години се креирани соодветни заштитни механизми во финансискиот систем, што ќе овозможи негово непречено функционирање и натамошна кредитна поддршка на економската активност.

The post Одговорните уверуваат: Денарот и финансискиот систем ќе останат стабилни appeared first on Република.

]]>
Поповски: Нема сценарио во кое може да се зборува за девалвација на денарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/popovski-nema-scenario-vo-koe-moze-da-se-zboruva-za-devalvacija-na-denarot/ Tue, 22 Feb 2022 09:38:00 +0000 https://republika.mk/?p=461798

Универзитетскиот професор Никола Поповски, кој е поранешен министер за финансии и член на Советот на Народната банка смета дека земјава ќе остане во зоната на умерена инфлација и дека нема сценарио во кое може да има удар врз курсот на денарот.

Поповски во гостување на емисијата „24 анализа“ посочи дека инфлаторните притисоци се застапени секаде – во Еврозоната, во Германија како нејзина најголема економија, во САД, каде инфлацијата е околу 7 проценти. Нагласи дека нашата економија е само мал остров во океанот и дека поскапувањата се резултат на она што се случува глобално.

Според Поповски, нема сценарио во кое може да се зборува за девалвација на денарот.

Нашата инфлација веројатно до крајот на годината ќе се намали. Ударот беше јануарски, поради еднократното зголемување на цените на електричната енергија и парното. Девизните резерви се на високо ниво, на тоа упатува и извештајот на ММФ, каде што се тоа се квантифицира. Во услови на врзан курс со еврото, ние ги имаме сите инструменти кај нас на располагање па дури и кога има инфлација. Оваа е умерена инфлација. И во теоријата кога е едноцифрена инфлацијата, таа е умерена. Ние ќе останеме во зоната на умерена инфлација - оценува Поповски.

Како предизвици кои доаѓаат за ценовните движења, Поповски ги посочува и развојот на руско-украинскиот конфликт, како и одмрзнувањето на цените на храната, која беше привремена мерка.

The post Поповски: Нема сценарио во кое може да се зборува за девалвација на денарот appeared first on Република.

]]>

Универзитетскиот професор Никола Поповски, кој е поранешен министер за финансии и член на Советот на Народната банка смета дека земјава ќе остане во зоната на умерена инфлација и дека нема сценарио во кое може да има удар врз курсот на денарот. Поповски во гостување на емисијата „24 анализа“ посочи дека инфлаторните притисоци се застапени секаде – во Еврозоната, во Германија како нејзина најголема економија, во САД, каде инфлацијата е околу 7 проценти. Нагласи дека нашата економија е само мал остров во океанот и дека поскапувањата се резултат на она што се случува глобално. Според Поповски, нема сценарио во кое може да се зборува за девалвација на денарот.