Ден Рапопорт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/den-rapoport/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Aug 2022 16:20:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ден Рапопорт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/den-rapoport/ 32 32 Mистерија: Oд што почина големиот критичар на Путин? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/misterija-od-shto-pochina-golemiot-kritichar-na-putin/ Sat, 20 Aug 2022 16:19:47 +0000 https://republika.mk/?p=542381

Полицијата во Вашингтон сè уште води истрага за смртта на американски брокер кој успеа да заработи милиони долари во Русија во 90-те и 2000-те, а кој беше пронајден мртов неделава пред ексклузивна станбена зграда во Џорџтаун.

Ден Рапопорт (52), успешен бизнисмен и вокален критичар на рускиот претседател Владимир Путин, беше роден во поранешен СССР, во Летонија. Во 80-те заедно со родителите емигрирал во САД каде добил политички азил, пренесе Фокс њуз.

Според првичниот полициски извештај објавен синоќа, службениците во неделата одговориле на анонимен повик на „скокач“. Лицето подоцна идентификувано како Рапопорт, било однесено во блиската билница каде била констатирана смрт.

Според извештајот, полицајците откриле 2.620 долари во готовина  кога го пронашле неговото тело на тротоарот, но и слушалки, скршен телефон, возачка дозвола издадена од државата Флорида и други работи.

Пријавено е дека бил без придружба, нема сведоци и полицијата нема информација дека тој оставил  посмртна порака или докази дека смртта настапила по насилен пат. Обдукцијата на телото сè уште не е завршена. Од ФБИ не потврдиле дали се вклучени во истрагата.

Рапопорт е еден од низата западни и руски финансиери и брокери кои заработија богатства на рускиот пазар во 90-те, и во 2000-те, кога земјата беше отворена за западниот капитал и инвестиции а економијата во бум поради високите цени на нафтата.

Како дипломец на Универзитет Хјустон, во 1991 година тој се враќа во Русија и го отвора московскиот ноќен клуб „Soho Rooms,“ ексклузивна локација со години посетувана од познатите лица на рускиот шоу-бизнис.

Во втората деценија од 21 век Рапопорт започна со поддршка за руската опозиицја и критики да власта. Тој отворено застана зад опозицииски политичар Алексеј Навални, сега е во затвор. Најверојатно поради тоа, заедно со својата сопруга, руски модел, се пресели во САД во 2012 година. По разводот со неа во 2016 година тој ја продал својата куќа во елитниот дел на Вашингтон на Џаред Кушнер и Иванка Трамп, двајцата таму живееја за време четиригодишниот мандат на екс-претседателот Доналд Трамп.

Рапопорт во 2016 година замина за Киев, Украина, када продолжи со ангажман во инвестиции и други бизнис проекти

Во 2014 година, кога проруски бунтовници окупираа делови од регионот Донбас во Украина, а по анкесијата на Крим, Рапопорт започна да изнесува остри критики против режимот во Москва.

Во Фејсбук пост од 2014 година за Путин тој пишува: „Овој зол, корумпиран, лажлив и опасен човек ја води својата земја и народот во конфронтација со цивилизираниот свет. Не, студена војна, можна е жешка војна. И тој не го прави ова за доброто на Русија, а да го одвлече вниманието на народот од економските тешкотии поврзани со систематската корупција и санкциите“.

Кога Русија изврши инвазија на Украина, тој излезе со поддршка за Украинците.

– Ниту еден голем конфликт во изминатите 75 години толку јасно не раздојува бело од црно, вековната борба на ропството против солободата, на тоталитарзимот против демократијата, на суровоста против хуманоста, напиша тој.

Сопругата од Украина, Алена, со негова помош евакуирана во Лондон заедно со ќерката, ја потврди смртта на Рапопорт. На прашање од новинари дали тој се самоубил, таа демантира, укажувајќи дека „имаше закажано низа состаноци, планот беше по враќањето од Украина да се сретнеме во САД“.

Како лош предвесник, последниот Фејсбук пост на Рапопорт со дата 11 август е слика со Марлон Брандо како полковник Курц од филмот „Апокалипса сега“, со коментар „хоророт, хоророт

The post Mистерија: Oд што почина големиот критичар на Путин? appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Вашингтон сè уште води истрага за смртта на американски брокер кој успеа да заработи милиони долари во Русија во 90-те и 2000-те, а кој беше пронајден мртов неделава пред ексклузивна станбена зграда во Џорџтаун. Ден Рапопорт (52), успешен бизнисмен и вокален критичар на рускиот претседател Владимир Путин, беше роден во поранешен СССР, во Летонија. Во 80-те заедно со родителите емигрирал во САД каде добил политички азил, пренесе Фокс њуз. Според првичниот полициски извештај објавен синоќа, службениците во неделата одговориле на анонимен повик на „скокач“. Лицето подоцна идентификувано како Рапопорт, било однесено во блиската билница каде била констатирана смрт. Според извештајот, полицајците откриле 2.620 долари во готовина  кога го пронашле неговото тело на тротоарот, но и слушалки, скршен телефон, возачка дозвола издадена од државата Флорида и други работи. Пријавено е дека бил без придружба, нема сведоци и полицијата нема информација дека тој оставил  посмртна порака или докази дека смртта настапила по насилен пат. Обдукцијата на телото сè уште не е завршена. Од ФБИ не потврдиле дали се вклучени во истрагата. Рапопорт е еден од низата западни и руски финансиери и брокери кои заработија богатства на рускиот пазар во 90-те, и во 2000-те, кога земјата беше отворена за западниот капитал и инвестиции а економијата во бум поради високите цени на нафтата. Како дипломец на Универзитет Хјустон, во 1991 година тој се враќа во Русија и го отвора московскиот ноќен клуб „Soho Rooms,“ ексклузивна локација со години посетувана од познатите лица на рускиот шоу-бизнис. Во втората деценија од 21 век Рапопорт започна со поддршка за руската опозиицја и критики да власта. Тој отворено застана зад опозицииски политичар Алексеј Навални, сега е во затвор. Најверојатно поради тоа, заедно со својата сопруга, руски модел, се пресели во САД во 2012 година. По разводот со неа во 2016 година тој ја продал својата куќа во елитниот дел на Вашингтон на Џаред Кушнер и Иванка Трамп, двајцата таму живееја за време четиригодишниот мандат на екс-претседателот Доналд Трамп. Рапопорт во 2016 година замина за Киев, Украина, када продолжи со ангажман во инвестиции и други бизнис проекти Во 2014 година, кога проруски бунтовници окупираа делови од регионот Донбас во Украина, а по анкесијата на Крим, Рапопорт започна да изнесува остри критики против режимот во Москва. Во Фејсбук пост од 2014 година за Путин тој пишува: „Овој зол, корумпиран, лажлив и опасен човек ја води својата земја и народот во конфронтација со цивилизираниот свет. Не, студена војна, можна е жешка војна. И тој не го прави ова за доброто на Русија, а да го одвлече вниманието на народот од економските тешкотии поврзани со систематската корупција и санкциите“. Кога Русија изврши инвазија на Украина, тој излезе со поддршка за Украинците. – Ниту еден голем конфликт во изминатите 75 години толку јасно не раздојува бело од црно, вековната борба на ропството против солободата, на тоталитарзимот против демократијата, на суровоста против хуманоста, напиша тој. Сопругата од Украина, Алена, со негова помош евакуирана во Лондон заедно со ќерката, ја потврди смртта на Рапопорт. На прашање од новинари дали тој се самоубил, таа демантира, укажувајќи дека „имаше закажано низа состаноци, планот беше по враќањето од Украина да се сретнеме во САД“. Како лош предвесник, последниот Фејсбук пост на Рапопорт со дата 11 август е слика со Марлон Брандо како полковник Курц од филмот „Апокалипса сега“, со коментар „хоророт, хоророт

The post Mистерија: Oд што почина големиот критичар на Путин? appeared first on Република.

]]>