ден на жалост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/den-na-zalost/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Nov 2024 08:56:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ден на жалост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/den-na-zalost/ 32 32 Ден на жалост во Србија, тридневна жалост во Нови Сад- МНР во контакт со српските власти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/den-na-zhalost-vo-srbija-tridnevna-zhalost-vo-novi-sad-mnr-vo-kontakt-so-srpskite-vlasti/ Sat, 02 Nov 2024 08:56:25 +0000 https://republika.mk/?p=833389

Денеска е прогласен Ден на жалост во Србија, поради загинувањето на 14 лица врз кои се урна кровната конструкција на Железничката станица во Нови Сад.

Меѓу загинатите е и еден македонски државјанин, идентификуван како Васко Саздовски, роден 1979 година.

Бетонската конструкција на станицата се урна вчера пред пладне, усмртувајќи 14 лица и тешко повредувајќи уште тројца.

Одлуката за прогласување Ден на жалост во цела Србија ја потпиша премиерот Милош Вучевиќ.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, прогласи тридневна жалост во градот. Според законот, Ден на жалост се прогласува по особено тешка несреќа што резултира со смрт, повреди или сериозно оштетување на здравјето на повеќе лица, или по смрт на висок државен функционер, пренесува Данас.

Ден на жалост може да се прогласи и по смрт на личност која има големи заслуги за земјата, како и поради некој трагичен настан, доколку Владата така процени.

Од страна на Министерството за надворешни работи на Србија, македонската амбасада во Белград доцна синоќа беше информирана дека на 1 ноември, во Нови Сад, при пад на настрешница, животот го загубил В.С., роден 1979 година, државјанин на Македонија.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку македонската амбасада во Белград, останува во директна и редовна комуникација со српските власти во врска со конкретниот случај и за сите дополнителни информации јавноста ќе биде навремено информирана, велат од МНР.

The post Ден на жалост во Србија, тридневна жалост во Нови Сад- МНР во контакт со српските власти appeared first on Република.

]]>

Знамињата на половина копје: Велес жали за тројцата загинати во сообраќајката на автопатот Скопје-Велес https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/znaminata-na-polovina-kopje-veles-zhali-za-trojtsata-zaginati-vo-soobrakajkata-na-avtopatot-skopje-veles/ Fri, 18 Oct 2024 07:33:43 +0000 https://republika.mk/?p=828306

Во Велес денеска е Ден на жалост по повод трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа која се случи на 16 октомври 2024 година на автопатот Скопје-Велес. Градот е во жалост за загубата на овие животи.

Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција врз телата на тројцата загинати, со цел утврдување на причините.

Четворица од повредените во несреќа кај тунелот во близина на Катланово се пренесени на КАРИЛ, двајца од нив се уште се во критична состојба.

Несреќата се случи завчера попладне кога од за сега непознати причини патничко комбе се преврти при што три лица загинаа, а делницата беше блокирана за сообраќај цела вечер.

The post Знамињата на половина копје: Велес жали за тројцата загинати во сообраќајката на автопатот Скопје-Велес appeared first on Република.

]]>

Во Велес денеска е Ден на жалост по повод трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа која се случи на 16 октомври 2024 година на автопатот Скопје-Велес. Градот е во жалост за загубата на овие животи. Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција врз телата на тројцата загинати, со цел утврдување на причините. Четворица од повредените во несреќа кај тунелот во близина на Катланово се пренесени на КАРИЛ, двајца од нив се уште се во критична состојба. Несреќата се случи завчера попладне кога од за сега непознати причини патничко комбе се преврти при што три лица загинаа, а делницата беше блокирана за сообраќај цела вечер.  

The post Знамињата на половина копје: Велес жали за тројцата загинати во сообраќајката на автопатот Скопје-Велес appeared first on Република.

]]>
Утре Ден на жалост во Велес https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/utre-den-na-zhalost-vo-veles/ Thu, 17 Oct 2024 11:23:52 +0000 https://republika.mk/?p=828005

На денешната редовна 55. седница, Советот на Општина Велес донесе едногласна одлука, утрешниот ден, 18 октомври 2024 година, да го прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи вчера, на 16 октомври 2024 година, на автопатот Скопје-Велес.

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации закажани за утре, се одложуваат. Угостителските објекти кои се на територијата на Општина Велес ќе емитуваат сериозна музика.

The post Утре Ден на жалост во Велес appeared first on Република.

]]>

На денешната редовна 55. седница, Советот на Општина Велес донесе едногласна одлука, утрешниот ден, 18 октомври 2024 година, да го прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи вчера, на 16 октомври 2024 година, на автопатот Скопје-Велес. Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации закажани за утре, се одложуваат. Угостителските објекти кои се на територијата на Општина Велес ќе емитуваат сериозна музика.

The post Утре Ден на жалост во Велес appeared first on Република.

]]>
Советот на министри на БиХ без одлука за прогласување Ден на жалост, утре е Ден на жалост во Република Српска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sovetot-na-ministri-na-bih-bez-odluka-za-proglasuvane-den-na-zhalost-utre-e-den-na-zhalost-vo-republika-srpska/ Mon, 07 Oct 2024 14:45:48 +0000 https://republika.mk/?p=823896

Советот на министри на Босна и Херцеговина на вонредна телефонска седница немаше кворум за работа и одлучување за донесување одлука за прогласување на 8 октомври 2024 година за Ден на жалост во целата земја, поради трагичното страдање на жителите на БиХ кои ги загубија животите поради катастрофалните поплави и лизгање на земјиштето.

За донесување на одлуката имаше седум гласа, додека тројца членови на Советот на министри на БиХ не гласаа.

Владата на Република Српска (РС) го прогласи вторник, 8 октомври, за Ден на жалост во овој ентитет на БиХ, поради страдањата на населението на територијата на Федерацијата Босна и Херцеговина (БиХ) предизвикани од катастрофалните поплави и свлечиштата. Утре на институциите на РС ќе бидат истакнати знамиња на половина копје, ќе бидат откажани културни манифестации и спортски настани прилагодени на дадениот момент, соопштија од Владата на РС.

Советот на министри на БиХ и Владата на Федерацијата БиХ сè уште немаат донесено одлуки за денот на жалост поради страдањата на населението во областа Јабланица, Коњица, Фојница, Кисељак и Крешево.

Досега во поплавите на подрачјето на тие општини животот го загубија 20 лица, а потрагата по исчезнатите се уште трае.

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина донесе одлука за одложување на локалните избори во тие општини, кои вчера се одржаа во остатокот од Босна и Херцеговина.

The post Советот на министри на БиХ без одлука за прогласување Ден на жалост, утре е Ден на жалост во Република Српска appeared first on Република.

]]>

Советот на министри на Босна и Херцеговина на вонредна телефонска седница немаше кворум за работа и одлучување за донесување одлука за прогласување на 8 октомври 2024 година за Ден на жалост во целата земја, поради трагичното страдање на жителите на БиХ кои ги загубија животите поради катастрофалните поплави и лизгање на земјиштето. За донесување на одлуката имаше седум гласа, додека тројца членови на Советот на министри на БиХ не гласаа. Владата на Република Српска (РС) го прогласи вторник, 8 октомври, за Ден на жалост во овој ентитет на БиХ, поради страдањата на населението на територијата на Федерацијата Босна и Херцеговина (БиХ) предизвикани од катастрофалните поплави и свлечиштата. Утре на институциите на РС ќе бидат истакнати знамиња на половина копје, ќе бидат откажани културни манифестации и спортски настани прилагодени на дадениот момент, соопштија од Владата на РС. Советот на министри на БиХ и Владата на Федерацијата БиХ сè уште немаат донесено одлуки за денот на жалост поради страдањата на населението во областа Јабланица, Коњица, Фојница, Кисељак и Крешево. Досега во поплавите на подрачјето на тие општини животот го загубија 20 лица, а потрагата по исчезнатите се уште трае. Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина донесе одлука за одложување на локалните избори во тие општини, кои вчера се одржаа во остатокот од Босна и Херцеговина.

The post Советот на министри на БиХ без одлука за прогласување Ден на жалост, утре е Ден на жалост во Република Српска appeared first on Република.

]]>
Додик жали за настраданите во поплавите, но одбива да се прогласи ден на жалост во државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dodik-zhali-za-nastradanite-vo-poplavite-no-odbiva-da-se-proglasi-den-na-zhalost-vo-drzhavata/ Sat, 05 Oct 2024 16:04:52 +0000 https://republika.mk/?p=823203

И покрај катастрофалните поплави во кои загинаа најмалку 16 лица, политичарите во БиХ не можат да се договорат кој треба да прогласи ден на жалост.

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик изјави дека му е жал за луѓето кои загинаа во поплавите во БиХ или останаа без имот, но ја отфрли можноста во земјата да се прогласи ден на жалост.

Тој смета дека државата нема никаква врска со прогласување ден на жалост и дека такви одлуки можат да носат само ентитетите.

Советот на министри на Босна и Херцеговина не е овластен да го стори тоа и нема да донесе таква одлука, но тоа ќе го сторат владите на Федерацијата Босна и Херцеговина и РС, изјави Додик за новинарите во Бања Лука.

Министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ, кој доаѓа од РС, изјави дека би поддржал одлука за прогласување на ден на жалост, но според него, одлуката е во рацете на ентитетите.

The post Додик жали за настраданите во поплавите, но одбива да се прогласи ден на жалост во државата appeared first on Република.

]]>

И покрај катастрофалните поплави во кои загинаа најмалку 16 лица, политичарите во БиХ не можат да се договорат кој треба да прогласи ден на жалост. Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик изјави дека му е жал за луѓето кои загинаа во поплавите во БиХ или останаа без имот, но ја отфрли можноста во земјата да се прогласи ден на жалост. Тој смета дека државата нема никаква врска со прогласување ден на жалост и дека такви одлуки можат да носат само ентитетите. Советот на министри на Босна и Херцеговина не е овластен да го стори тоа и нема да донесе таква одлука, но тоа ќе го сторат владите на Федерацијата Босна и Херцеговина и РС, изјави Додик за новинарите во Бања Лука. Министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ, кој доаѓа од РС, изјави дека би поддржал одлука за прогласување на ден на жалост, но според него, одлуката е во рацете на ентитетите.

The post Додик жали за настраданите во поплавите, но одбива да се прогласи ден на жалост во државата appeared first on Република.

]]>
Ден на жалост во Прилеп за смртта на докторите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/den-na-zhalost-vo-prilep-za-smrtta-na-doktorite/ Fri, 04 Oct 2024 07:49:19 +0000 https://republika.mk/?p=822467

- Денешниот ден, петок 4 октомври е ден на жалост во Прилеп поради трагичната смрт на трите медицински лица кои вчера изутрината загинаа во тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола. Во несреќата загинаа: радиологот примариус д-р Александар Ристески, гинекологот Никола Василески и Фанче  Јованоска, радиолошки технолог.

Советот на општина Прилеп одлуката ја донесе синоќа на вонредна седница.

Денеска знамињата во Општината се истакнати на половина копје, а сите културни и спортски манифестации се одложуваат за наредниот ден.

-Прилеп и Македонија загубија врвни лекари специјалисти, еминетни и почитувани луѓе,  посветени и одговорни граѓани, кои спасувале илјадници човечки животи и помагале на многу луѓе со својата специјалност, но ги загубија животите, патувајќи токму, на своите работни места во Битола за да им помогнат на други луѓе. Прилеп вечно ќе се сеќава  на прим. д-р Александар Ристески, спец. радиолог, д-р Никола Василески гинеколог и Фанче Јованоска радиолошкиот технолог, кои ќе бидат вечна наша тага и непребол, рече прилепскиот градоначалник Борче Јовчески по донесувањето на одлуката на Советот за денешниот ден, петок, 4 октомври, да биде ден на жалост во Прилеп.

The post Ден на жалост во Прилеп за смртта на докторите appeared first on Република.

]]>

- Денешниот ден, петок 4 октомври е ден на жалост во Прилеп поради трагичната смрт на трите медицински лица кои вчера изутрината загинаа во тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола. Во несреќата загинаа: радиологот примариус д-р Александар Ристески, гинекологот Никола Василески и Фанче  Јованоска, радиолошки технолог. Советот на општина Прилеп одлуката ја донесе синоќа на вонредна седница. Денеска знамињата во Општината се истакнати на половина копје, а сите културни и спортски манифестации се одложуваат за наредниот ден.
-Прилеп и Македонија загубија врвни лекари специјалисти, еминетни и почитувани луѓе,  посветени и одговорни граѓани, кои спасувале илјадници човечки животи и помагале на многу луѓе со својата специјалност, но ги загубија животите, патувајќи токму, на своите работни места во Битола за да им помогнат на други луѓе. Прилеп вечно ќе се сеќава  на прим. д-р Александар Ристески, спец. радиолог, д-р Никола Василески гинеколог и Фанче Јованоска радиолошкиот технолог, кои ќе бидат вечна наша тага и непребол, рече прилепскиот градоначалник Борче Јовчески по донесувањето на одлуката на Советот за денешниот ден, петок, 4 октомври, да биде ден на жалост во Прилеп.

The post Ден на жалост во Прилеп за смртта на докторите appeared first on Република.

]]>
Во Прилеп утре Ден на жалост по трагичната несреќа во која загинаа три медицински лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-prilep-utre-den-na-zhalost-po-tragichnata-nesreka-vo-koja-zaginaa-tri-meditsinski-litsa/ Thu, 03 Oct 2024 17:47:49 +0000 https://republika.mk/?p=822352

Во Прилеп, утрешниот ден се прогласува за Ден на жалост поради трагично загинатите медицински лица, кои утрово ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола.

Одлуката беше донесена од страна на Советот на Општина Прилеп на вонредна седница.

The post Во Прилеп утре Ден на жалост по трагичната несреќа во која загинаа три медицински лица appeared first on Република.

]]>

Во Прилеп, утрешниот ден се прогласува за Ден на жалост поради трагично загинатите медицински лица, кои утрово ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола. Одлуката беше донесена од страна на Советот на Општина Прилеп на вонредна седница.  

The post Во Прилеп утре Ден на жалост по трагичната несреќа во која загинаа три медицински лица appeared first on Република.

]]>
Ден на жалост утре во Косово поради смртта на албанскиот писател Исмаил Кадаре https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/den-na-zhalost-utre-vo-kosovo-poradi-smrtta-na-albanskiot-pisatel-ismail-kadare/ Tue, 02 Jul 2024 10:29:43 +0000 https://republika.mk/?p=792726

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, ја прогласи среда (3 јули) за ден на национална жалост поради смртта на писателот Исмаил Кадаре.

Кабинетот на Османи соопшти дека среда е прогласена за ден на жалост, на денот кога ќе се изврши неговиот погреб.

На Државниот протокол му е наложено да ги преземе потребните активности.

„Претседателката Османи, во јуни минатата година, го одликува писателот Кадаре со Орденот „Хасан Приштина“, меѓу највисоките признанија што Република Косово ги доделува на најистакнатите личности на нацијата. Претседателката во август го објави указот со кој светски познатиот албански писател Исмаил Кадаре доби државјанство на Република Косово“, се наведува во соопштението од кабинетот на Османи.

Денешниот и утрешниот ден се прогласени за денови на жалост и во Албанија.иа/ сд/

The post Ден на жалост утре во Косово поради смртта на албанскиот писател Исмаил Кадаре appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, ја прогласи среда (3 јули) за ден на национална жалост поради смртта на писателот Исмаил Кадаре. Кабинетот на Османи соопшти дека среда е прогласена за ден на жалост, на денот кога ќе се изврши неговиот погреб. На Државниот протокол му е наложено да ги преземе потребните активности. „Претседателката Османи, во јуни минатата година, го одликува писателот Кадаре со Орденот „Хасан Приштина“, меѓу највисоките признанија што Република Косово ги доделува на најистакнатите личности на нацијата. Претседателката во август го објави указот со кој светски познатиот албански писател Исмаил Кадаре доби државјанство на Република Косово“, се наведува во соопштението од кабинетот на Османи. Денешниот и утрешниот ден се прогласени за денови на жалост и во Албанија.иа/ сд/  

The post Ден на жалост утре во Косово поради смртта на албанскиот писател Исмаил Кадаре appeared first on Република.

]]>
Косово жали за убиените жени и девојки https://arhiva3.republika.mk/vesti/kosovo-zhali-za-ubienite-zheni-i-devojki/ Wed, 17 Apr 2024 07:26:42 +0000 https://republika.mk/?p=766985

Претседателката на Косово, Вјоса Османи го прогласи денешниот ден, 17 април, за ден на жалост во спомен на убиените жени и девојки во Косово како последица на родово засновано насилство, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според синоќешното соопштение од кабинетот на Османи, општеството треба да биде во жалост секој ден се додека има убиства на жени.

- Утре ќе биде национален ден на жалост во Косово, но нашето општество ќе биде во жалост секој ден се додека има убиства на наши жени и девојки, се наведува во соопштението.

Една жена е убиена вчера во градот Пеќ, а осомничен за убиството е нејзиниот сопруг, кој, како што е соопштено, ја застрелал со пиштол.

Во петокот (12 април) 21-годишна жена беше убиена во Урошевац во Центарот за социјална работа од страна на поранешниот сопруг. Притоа беше ранет и 15-годишниот брат на жртвата.

The post Косово жали за убиените жени и девојки appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Косово, Вјоса Османи го прогласи денешниот ден, 17 април, за ден на жалост во спомен на убиените жени и девојки во Косово како последица на родово засновано насилство, јави дописникот на МИА од Приштина. Според синоќешното соопштение од кабинетот на Османи, општеството треба да биде во жалост секој ден се додека има убиства на жени. - Утре ќе биде национален ден на жалост во Косово, но нашето општество ќе биде во жалост секој ден се додека има убиства на наши жени и девојки, се наведува во соопштението. Една жена е убиена вчера во градот Пеќ, а осомничен за убиството е нејзиниот сопруг, кој, како што е соопштено, ја застрелал со пиштол. Во петокот (12 април) 21-годишна жена беше убиена во Урошевац во Центарот за социјална работа од страна на поранешниот сопруг. Притоа беше ранет и 15-годишниот брат на жртвата.

The post Косово жали за убиените жени и девојки appeared first on Република.

]]>
Утре во Русија ќе биде ден на национална жалост https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/utre-vo-rusija-ke-bide-den-na-natsionalna-zhalost/ Sat, 23 Mar 2024 13:42:04 +0000 https://republika.mk/?p=757805

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека утре во Русија ќе биде ден на национална жалост поради жртвите од терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ ​​во Москва.

„Го прогласувам 24 март за ден на национална жалост“, рече Путин во обраќањето до Русите по терористичкиот напад.

Бројот на загинати во терористичкиот напад во концертната салата „Крокус“ ​​во близина на Москва се зголеми на 143, соопшти денеска Кремљ.

Нападот се случи кога неидентификувани маскирани вооружени лица синоќа отворија оган во концертна сала „Крокус“ во Красногорск, административен центар на московската област.

Прес-службата на Кремљ соопшти дека уапсени се 11 лица.

The post Утре во Русија ќе биде ден на национална жалост appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека утре во Русија ќе биде ден на национална жалост поради жртвите од терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ ​​во Москва. „Го прогласувам 24 март за ден на национална жалост“, рече Путин во обраќањето до Русите по терористичкиот напад. Бројот на загинати во терористичкиот напад во концертната салата „Крокус“ ​​во близина на Москва се зголеми на 143, соопшти денеска Кремљ. Нападот се случи кога неидентификувани маскирани вооружени лица синоќа отворија оган во концертна сала „Крокус“ во Красногорск, административен центар на московската област. Прес-службата на Кремљ соопшти дека уапсени се 11 лица.

The post Утре во Русија ќе биде ден на национална жалост appeared first on Република.

]]>
В сабота е Ден на жалост во Чешка заради масовното убиство во Прага https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/v-sabota-e-den-na-zhalost-vo-cheshka-zaradi-masovnoto-ubistvo-vo-praga/ Fri, 22 Dec 2023 07:55:14 +0000 https://republika.mk/?p=725511

Чешкиот премиер Петр Фијала соопшти дека владата донесе одлука 23 декември ( сабота) да биде Ден на национална жалост поради пукањето на Карловиот универзитет во Прага, во кое загинаа најмалку 15 лица, вклучувајќи го и напаѓачот.

Владата донесе заклучок во кој изразува длабоко сочувство до семејствата на жртвите и со едноминутно молчење на почетокот на владината седница им оддаде почит на жртвите од престрелката, рече Фијала синоќа, пренесен од чешките медиуми.

Премиерот ги повика граѓаните на Чешка на 23 декември во 12 часот со едноминутно молчење да им оддадат почит на жртвите, додавајќи дека во тоа време ќе бијат и црковните ѕвона низ целата земја.

Вчера на плоштадот Јан Плач во Прага се случи пукање на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во кое според последните информации од полицијата загинаа 15 лица, меѓу кои и напаѓачот, додека 24 се повредени.

The post В сабота е Ден на жалост во Чешка заради масовното убиство во Прага appeared first on Република.

]]>

Чешкиот премиер Петр Фијала соопшти дека владата донесе одлука 23 декември ( сабота) да биде Ден на национална жалост поради пукањето на Карловиот универзитет во Прага, во кое загинаа најмалку 15 лица, вклучувајќи го и напаѓачот.
Владата донесе заклучок во кој изразува длабоко сочувство до семејствата на жртвите и со едноминутно молчење на почетокот на владината седница им оддаде почит на жртвите од престрелката, рече Фијала синоќа, пренесен од чешките медиуми.
Премиерот ги повика граѓаните на Чешка на 23 декември во 12 часот со едноминутно молчење да им оддадат почит на жртвите, додавајќи дека во тоа време ќе бијат и црковните ѕвона низ целата земја. Вчера на плоштадот Јан Плач во Прага се случи пукање на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во кое според последните информации од полицијата загинаа 15 лица, меѓу кои и напаѓачот, додека 24 се повредени.

The post В сабота е Ден на жалост во Чешка заради масовното убиство во Прага appeared first on Република.

]]>
На ЕУ и пречи прогласениот Ден на жалост во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-eu-i-prechi-proglaseniot-den-na-zhalost-vo-srbija/ Thu, 28 Sep 2023 16:44:19 +0000 https://republika.mk/?p=686130

Европската Унија суштински се противи на  глорификацијата на криминалците, терористите и жалоста за нив, изјави за Радио Слободна Европа портпаролот на ЕУ, Петер Стано, по повод прогласувањето Ден на жалост во Србија по нападот во селото Бањска во општина Звечан, северно Косово.

Стано потврди дека на 25 септември, кога беше прогласен ден на жалост во Косово, Канцеларијата на ЕУ во Приштина го спушти знамето на ЕУ на половина копје во чест на убиените и ранетите косовски полицајци, „жртви на страшниот терористички напад во неделата“. Тој потенцираше дека тоа не го направила делегацијата на ЕУ во Белград на 27 септември, кога во Србија беше ден на жалост.

Напаѓачите никогаш не треба да се поистоветуваат со жртвите, рече Стано во писмената реакција до Радио Слободна Европа.

Во неделата, косовската полиција го истражувала теренот околу селото Бањска на северот на земјата, кога во раните утрински часови група маскирани и вооружени лица ја нападнаа полицијата. Во престрелката убиен е еден полицаец, како и тројца напаѓачи од српска националност.

Овој напад наиде на осуда од меѓународната заедница, а ЕУ оцени дека станува збор за „терористички напад“.

The post На ЕУ и пречи прогласениот Ден на жалост во Србија appeared first on Република.

]]>

Европската Унија суштински се противи на  глорификацијата на криминалците, терористите и жалоста за нив, изјави за Радио Слободна Европа портпаролот на ЕУ, Петер Стано, по повод прогласувањето Ден на жалост во Србија по нападот во селото Бањска во општина Звечан, северно Косово. Стано потврди дека на 25 септември, кога беше прогласен ден на жалост во Косово, Канцеларијата на ЕУ во Приштина го спушти знамето на ЕУ на половина копје во чест на убиените и ранетите косовски полицајци, „жртви на страшниот терористички напад во неделата“. Тој потенцираше дека тоа не го направила делегацијата на ЕУ во Белград на 27 септември, кога во Србија беше ден на жалост. Напаѓачите никогаш не треба да се поистоветуваат со жртвите, рече Стано во писмената реакција до Радио Слободна Европа. Во неделата, косовската полиција го истражувала теренот околу селото Бањска на северот на земјата, кога во раните утрински часови група маскирани и вооружени лица ја нападнаа полицијата. Во престрелката убиен е еден полицаец, како и тројца напаѓачи од српска националност. Овој напад наиде на осуда од меѓународната заедница, а ЕУ оцени дека станува збор за „терористички напад“.

The post На ЕУ и пречи прогласениот Ден на жалост во Србија appeared first on Република.

]]>
Ден на жалост утре во Македонска Каменица https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/den-na-zhalost-utre-vo-makedonska-kamenitsa/ Mon, 19 Jun 2023 15:29:18 +0000 https://republika.mk/?p=653163

Во Македонска Каменица прогласен е Ден на жалост. Одлуката ја донесе Советот на општина Македонска Каменица на денешната седница, поради трагичен настан во кој животот го загуби млад жител од Општина Македонска Каменица. За Ден на жалост, како што беше соопштено на седницата, се прогласува утрешниот ден, вторник, 20 јуни 2023 година.

Трагичниот настан, како што претходно беше објавено во полицискиот билтен, се случил вчера попладне околу 15.20 часот, кога во Полициската станица Делчево било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица – селото Цера, кај место викано „Ајдарска маала“, А.С.(28) од Македонска Каменица, управувајќи мотоцикл со регистарски ознаки од Македонска Каменица, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот, соопшти полицијата.

Во тешката несреќа момчето починало на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Делчево. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

The post Ден на жалост утре во Македонска Каменица appeared first on Република.

]]>

Во Македонска Каменица прогласен е Ден на жалост. Одлуката ја донесе Советот на општина Македонска Каменица на денешната седница, поради трагичен настан во кој животот го загуби млад жител од Општина Македонска Каменица. За Ден на жалост, како што беше соопштено на седницата, се прогласува утрешниот ден, вторник, 20 јуни 2023 година. Трагичниот настан, како што претходно беше објавено во полицискиот билтен, се случил вчера попладне околу 15.20 часот, кога во Полициската станица Делчево било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица – селото Цера, кај место викано „Ајдарска маала“, А.С.(28) од Македонска Каменица, управувајќи мотоцикл со регистарски ознаки од Македонска Каменица, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот, соопшти полицијата. Во тешката несреќа момчето починало на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Делчево. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

The post Ден на жалост утре во Македонска Каменица appeared first on Република.

]]>
Поради Ден на жалост концертот на Пијан Славеј наместо вечерва, ќе се одржи в петок https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/poradi-den-na-zhalost-kontsertot-na-pijan-slavej-namesto-vecherva-ke-se-odrzhi-v-petok/ Mon, 13 Feb 2023 14:31:34 +0000 https://republika.mk/?p=608473

Концертот на ПИЈАН СЛАВЕЈ кој требаше да биде вечерва во Народен театар Битола, заради ден на жалост беше одложен.

Новата дата е 17 февруари, петок со почеток во 20 часот.
Сите купени билети се важечки

Ве очекуваме на музичко уживање со новата македонска шансона на Бранислав Николов, фронтменот на "Фолтин", кој заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев и Андреа Мирческа подготвуваат патување низ музика и поезија кое ќе се памети, соопштија организаторите.

The post Поради Ден на жалост концертот на Пијан Славеј наместо вечерва, ќе се одржи в петок appeared first on Република.

]]>

Концертот на ПИЈАН СЛАВЕЈ кој требаше да биде вечерва во Народен театар Битола, заради ден на жалост беше одложен.

Новата дата е 17 февруари, петок со почеток во 20 часот. Сите купени билети се важечки

Ве очекуваме на музичко уживање со новата македонска шансона на Бранислав Николов, фронтменот на "Фолтин", кој заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев и Андреа Мирческа подготвуваат патување низ музика и поезија кое ќе се памети, соопштија организаторите.

The post Поради Ден на жалост концертот на Пијан Славеј наместо вечерва, ќе се одржи в петок appeared first on Република.

]]>
Центар за култура-Битола ги откажа сите настани планирани за денеска поради Ден на жалост за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tsentar-za-kultura-bitola-gi-otkazha-site-nastani-planirani-za-deneska-poradi-den-na-zhalost-za-zhrtvite-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/ Mon, 13 Feb 2023 11:27:53 +0000 https://republika.mk/?p=608371

Центар за култура-Битола ги откажа сите настани планирани за денеска поради Ден на жалост за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија.

The post Центар за култура-Битола ги откажа сите настани планирани за денеска поради Ден на жалост за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија appeared first on Република.

Поради Ден на жалост, откажани денешните настани од ,,Недела на виното” во Неготино https://arhiva3.republika.mk/zivot/poradi-den-na-zhalost-otkazhani-deneshnite-nastani-od-nedela-na-vinoto-vo-negotino/ Mon, 13 Feb 2023 11:20:23 +0000 https://republika.mk/?p=608363

Откажани се денешните настани од манифестацијата ,,Недела на виното" во Неготино, поради прогласениот ден на жалост, информира Методи Митрев, портпарол во Општината.

Се работи за настаните предвидени во програмата по повод одбележувањето на ,,Свети Трифун", што се смета за заштитник на лозарите и винарите. Откажувањето на планираните активности е согласно одлуката на Владата, за прогласување на денешниот ден за ден на жалост, во вечен спомен на загинатите во катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија, појаснува Митрев.

Тој додава дека во текот на утрешниот ден, ќе се реализира предвидената програма за одбележување на празникот. Централниот настан ќе се одржи на градскиот плоштад со почеток од 12 часот.

The post Поради Ден на жалост, откажани денешните настани од ,,Недела на виното” во Неготино appeared first on Република.

Денеска е ден на жалост https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-e-den-na-zhalost/ Mon, 13 Feb 2023 07:42:28 +0000 https://republika.mk/?p=608197

Денеска е ден на жалост во Македонија, во чест и спомен на жртвите од стравичните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија.

Согласно таквата одлука, радиодифузерите (телевизиите и радијата) треба соодветно да ја прилагодат програмата и да емитуваат содржини кои по својата медиумска функција одговараат на ден на жалост.

Забавните шоу програми, хумористичните емисии или играна програма од жанрот комедија кои биле планирани да се емитуваат да се распределат за други денови во седмицата, а музиката да биде од соодветни музички жанрови. Доколку тоа го дозволуваат веќе склучените договори, препорачливо е да не се емитува рекламирање, соопшти ААВМУ

The post Денеска е ден на жалост appeared first on Република.

]]>

Денеска е ден на жалост во Македонија, во чест и спомен на жртвите од стравичните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија. Согласно таквата одлука, радиодифузерите (телевизиите и радијата) треба соодветно да ја прилагодат програмата и да емитуваат содржини кои по својата медиумска функција одговараат на ден на жалост.
Забавните шоу програми, хумористичните емисии или играна програма од жанрот комедија кои биле планирани да се емитуваат да се распределат за други денови во седмицата, а музиката да биде од соодветни музички жанрови. Доколку тоа го дозволуваат веќе склучените договори, препорачливо е да не се емитува рекламирање, соопшти ААВМУ

The post Денеска е ден на жалост appeared first on Република.

]]>
АВМУ: Радиодифузерите утре да ја прилагодат програмата со денот на жалост https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avmu-radiodifuzerite-utre-da-ja-prilagodat-programata-so-denot-na-zhalost/ Sun, 12 Feb 2023 21:05:11 +0000 https://republika.mk/?p=608163

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги повикува радиодифузерите утре соодветно да ја прилагодат програмата и да емитуваат содржини кои по својата медиумска функција одговараат на ден на жалост, што го прогласи Владата за жртвите од земјотресите во Турција и Сирија.

-Забавните шоу програми, хумористичните емисии или играна програма од жанрот комедија кои биле планирани да се емитуваат утре, да се распределат за други денови во седмицата, а музиката да биде од соодветни музички жанрови. Доколку тоа го дозволуваат веќе склучените договори, препорачливо е да не се емитува рекламирање, соопшти ААВМУ

The post АВМУ: Радиодифузерите утре да ја прилагодат програмата со денот на жалост appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги повикува радиодифузерите утре соодветно да ја прилагодат програмата и да емитуваат содржини кои по својата медиумска функција одговараат на ден на жалост, што го прогласи Владата за жртвите од земјотресите во Турција и Сирија. -Забавните шоу програми, хумористичните емисии или играна програма од жанрот комедија кои биле планирани да се емитуваат утре, да се распределат за други денови во седмицата, а музиката да биде од соодветни музички жанрови. Доколку тоа го дозволуваат веќе склучените договори, препорачливо е да не се емитува рекламирање, соопшти ААВМУ

The post АВМУ: Радиодифузерите утре да ја прилагодат програмата со денот на жалост appeared first on Република.

]]>
Владата го прогласи 13 февруари за Ден на жалост како израз на солидарност со жртвите во Турција и Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-go-proglasi-13-fevruari-za-den-na-zhalost-kako-izraz-na-solidarnost-so-zhrtvite-vo-turtsija-i-sirija/ Sun, 12 Feb 2023 16:40:22 +0000 https://republika.mk/?p=608080

Владата донесе одлука со којашто утрешниот ден, 13-ти февруари, понеделник, е прогласен за Ден на жалост на Република Македонија.

Одлуката е донесена како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Република Турција и во Арапската Република Сирија, на 6-ти февруари 2023 година.

За време на утрешниот Ден на жалост, знамето на Република Македонија, ќе биде истакнато на половина копје, во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва во странство.

На почетокот на владината седница беше оддадена почит за жртвите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Владата на Република Македонија изразува длабоко сочувство за загубите, до целиот турски народ и до блиските на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија.

The post Владата го прогласи 13 февруари за Ден на жалост како израз на солидарност со жртвите во Турција и Сирија appeared first on Република.

]]>

Владата донесе одлука со којашто утрешниот ден, 13-ти февруари, понеделник, е прогласен за Ден на жалост на Република Македонија. Одлуката е донесена како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Република Турција и во Арапската Република Сирија, на 6-ти февруари 2023 година. За време на утрешниот Ден на жалост, знамето на Република Македонија, ќе биде истакнато на половина копје, во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва во странство. На почетокот на владината седница беше оддадена почит за жртвите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Владата на Република Македонија изразува длабоко сочувство за загубите, до целиот турски народ и до блиските на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија.

The post Владата го прогласи 13 февруари за Ден на жалост како израз на солидарност со жртвите во Турција и Сирија appeared first on Република.

]]>