Ден на рударите Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/den-na-rudarite/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Aug 2024 08:45:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ден на рударите Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/den-na-rudarite/ 32 32 Мицкоски во посета на општините Пробиштип, Македонска Каменица и Берово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vo-poseta-na-opshtinite-probishtip-makedonska-kamenitsa-i-berovo/ Wed, 28 Aug 2024 08:45:18 +0000 https://republika.mk/?p=810787

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе ги посети општините Пробиштип, Македонска Каменица и Берово.

Како што е најавено од владината прес-служба, тој ќе присуствува во Општина Пробиштип по повод Денот на рудари и ден на градот.

Мицкоски ќе ги посети и Општина Македонска Каменица и Општина Берово.

The post Мицкоски во посета на општините Пробиштип, Македонска Каменица и Берово appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе ги посети општините Пробиштип, Македонска Каменица и Берово. Како што е најавено од владината прес-служба, тој ќе присуствува во Општина Пробиштип по повод Денот на рудари и ден на градот. Мицкоски ќе ги посети и Општина Македонска Каменица и Општина Берово.

The post Мицкоски во посета на општините Пробиштип, Македонска Каменица и Берово appeared first on Република.

]]>
Со музичка вечер одбележување на Денот на македонските рудари во Радовиш https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/so-muzichka-vecher-odbelezhuvane-na-denot-na-makedonskite-rudari-vo-radovish/ Wed, 28 Aug 2024 08:24:48 +0000 https://republika.mk/?p=810777

По повод Денот на македонските рудари и Денот на Радовиш денеска во овој град ќе биде организирана музичка вечер.

Најдоброто од македонската музичка сцена ќе се сплоти во едно кога маестро Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе бенд ќе ги изведе своите најголеми хитови. Спектаклот започнува во 21:00 часот и ќе трае два часа, носејќи ги присутните низ три децении музички креации како „Хотел Македонија“, „Каква е оваа ситуација“, „Да си жив и здрав“ и многу други. Прославата ќе продолжи во 23:00 часот со настапот на екс-ју рок иконите Црвена јабука, велат организаторите.

Тие додаваат дека вечерта ќе биде вистинско музичко патување низ времето, посветено на сите љубители на добрата музика.

The post Со музичка вечер одбележување на Денот на македонските рудари во Радовиш appeared first on Република.

]]>

По повод Денот на македонските рудари и Денот на Радовиш денеска во овој град ќе биде организирана музичка вечер.
Најдоброто од македонската музичка сцена ќе се сплоти во едно кога маестро Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе бенд ќе ги изведе своите најголеми хитови. Спектаклот започнува во 21:00 часот и ќе трае два часа, носејќи ги присутните низ три децении музички креации како „Хотел Македонија“, „Каква е оваа ситуација“, „Да си жив и здрав“ и многу други. Прославата ќе продолжи во 23:00 часот со настапот на екс-ју рок иконите Црвена јабука, велат организаторите.
Тие додаваат дека вечерта ќе биде вистинско музичко патување низ времето, посветено на сите љубители на добрата музика.

The post Со музичка вечер одбележување на Денот на македонските рудари во Радовиш appeared first on Република.

]]>
Музичка вечер во чест на Денот на македонските рудари во Радовиш https://arhiva3.republika.mk/scena/muzichka-vecher-vo-chest-na-denot-na-makedonskite-rudari-vo-radovish/ Fri, 16 Aug 2024 07:59:22 +0000 https://republika.mk/?p=807074

На 28 август срцето на Радовиш ќе пулсира во ритамот на незаборавната музичка вечер во чест на Денот на македонските рудари и Денот на градот Радовиш.

Најдоброто од македонската музичка сцена ќе се сплоти во едно кога маестро Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе бенд ќе ги изведе своите најголеми хитови. Спектаклот започнува во 21:00 часот и ќе трае два часа, носејќи ги присутните низ три децении музички креации како „Хотел Македонија“, „Каква е оваа ситуација“, „Да си жив и здрав“ и многу други.

Прославата ќе продолжи во 23:00 часот со настапот на екс-ју рок иконите Црвена јабука, кои ќе ги наполнат радовишките улици со звуците на нивните безвременски хитови како „Некако с прољеќа“, „Туго несреќо“ и „Моје најмилије“.

Организаторите ветуваат вечер исполнета со одлична забава, квалитетна музика и настан кој не само што не смее да се пропушти, туку ќе биде вистинско музичко патување низ времето, посветено на сите љубители на добрата музика.

Радовиш е подготвен за незаборавна вечер, а ние ве покануваме да ни се придружите и да го прославиме овој посебен ден заедно.

 

The post Музичка вечер во чест на Денот на македонските рудари во Радовиш appeared first on Република.

]]>

На 28 август срцето на Радовиш ќе пулсира во ритамот на незаборавната музичка вечер во чест на Денот на македонските рудари и Денот на градот Радовиш. Најдоброто од македонската музичка сцена ќе се сплоти во едно кога маестро Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе бенд ќе ги изведе своите најголеми хитови. Спектаклот започнува во 21:00 часот и ќе трае два часа, носејќи ги присутните низ три децении музички креации како „Хотел Македонија“, „Каква е оваа ситуација“, „Да си жив и здрав“ и многу други. Прославата ќе продолжи во 23:00 часот со настапот на екс-ју рок иконите Црвена јабука, кои ќе ги наполнат радовишките улици со звуците на нивните безвременски хитови како „Некако с прољеќа“, „Туго несреќо“ и „Моје најмилије“. Организаторите ветуваат вечер исполнета со одлична забава, квалитетна музика и настан кој не само што не смее да се пропушти, туку ќе биде вистинско музичко патување низ времето, посветено на сите љубители на добрата музика. Радовиш е подготвен за незаборавна вечер, а ние ве покануваме да ни се придружите и да го прославиме овој посебен ден заедно.  

The post Музичка вечер во чест на Денот на македонските рудари во Радовиш appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Рудари, среќно! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-rudari-srekjno/ Sun, 28 Aug 2022 11:44:20 +0000 https://republika.mk/?p=544915

Со повеќе од 10 отсто во вкупното индустриско производство во државата, рударскиот сектор е клучен за нејзиниот напредок. Кај нас имаме над 100 активни рудници, кои заедно со своите придружни дејност вработуваат околу десет илјади луѓе.

Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски на пригодната свеченост на рудникот „Булмак 2016″ од Пробиштип со која денеска се одбележа 28 Август – Денот на рударите. На свеченоста премиерот Ковачевски беше  придружуван од министерот за внатрешпни работи Оливер Спасовски и министерот за земјоделство Љупчо Николоски, а присуствуваа и градоначалници од регионот, претставници од раководството на рудникот, рудари и други гости, при што беше направен краток осврт за досегашното постигнување на компанијата и инвестиците во рударството, како една од водечките извозни стопански дејности.

-Со повеќе од 10 отсто во вкупното индустриско производство во државата, рударскиот сектор е клучен за нејзиниот напредок. Кај нас имаме над 100 активни рудници, кои заедно со своите придружни дејност вработуваат околу десет илјади луѓе. Меѓу нив е рудникот во Злетово, кој со амбициозна стратегија и план, за краток временски период од стечај успеа да се врати во кондиција и да го рестартира производството. Компанијата „Булмак 2016″ која управува со овој и со рудникот Тораница, дури и во време на криза и пандемија е меѓу првите 30 во државата според успешност, рече премиерот Димитровски.

Во изминатиот период, додаде тој, во двата рудника вработени се околу 800 лица, зголемено е производството и платите на вработените.

-Исправивме огромна неправда за рударите што се провлекуваше низ годините, односно со измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, што Владата го направи во 2018 година, сега тие во пензија заминуваат со навршување на 40 години стаж за мажи, односно 35 години стаж за жени. Тоа значи ако претходно се пензионирале на 58-годишна возраст, сега во пензија заминуваат на возраст од 50 години, а во периодот од 2018 година до денес ова право го остварле 105 рудари. Преку системски решенија растат и минималната и просечната плата, која за месец јуни изнесува 31.800 денари, а платите на рударите се над овој просек, истакна премиерот Ковачевски.

Рудникот „Булмак 2016″ веќе доби дозвола за експлоатација и почнат е проект за отворање нов хоризонт за ископ од кој се очекуваат околу 800 илјади тони олово-цинкова руда. Изготвен е и проект за откопување 1,2 милиони тони рудни резерви од рудното наоѓалиште Плавица, а се инвестираат неколку милиони денари за инсталација на нова филтер преса за одводнување на рудниот концентрат.

На свеченоста по повод празникот на рударите, беше прочитано и поздравното писмо од Николја Волканов, директор на бугарската компанија „Минстрој” која стопанисува со рудникот во Пробиштип, а на најуспешните рудари им беа доделени награди и признанија. 

The post Ковачевски: Рудари, среќно! appeared first on Република.

]]>

Со повеќе од 10 отсто во вкупното индустриско производство во државата, рударскиот сектор е клучен за нејзиниот напредок. Кај нас имаме над 100 активни рудници, кои заедно со своите придружни дејност вработуваат околу десет илјади луѓе. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски на пригодната свеченост на рудникот „Булмак 2016″ од Пробиштип со која денеска се одбележа 28 Август – Денот на рударите. На свеченоста премиерот Ковачевски беше  придружуван од министерот за внатрешпни работи Оливер Спасовски и министерот за земјоделство Љупчо Николоски, а присуствуваа и градоначалници од регионот, претставници од раководството на рудникот, рудари и други гости, при што беше направен краток осврт за досегашното постигнување на компанијата и инвестиците во рударството, како една од водечките извозни стопански дејности.
-Со повеќе од 10 отсто во вкупното индустриско производство во државата, рударскиот сектор е клучен за нејзиниот напредок. Кај нас имаме над 100 активни рудници, кои заедно со своите придружни дејност вработуваат околу десет илјади луѓе. Меѓу нив е рудникот во Злетово, кој со амбициозна стратегија и план, за краток временски период од стечај успеа да се врати во кондиција и да го рестартира производството. Компанијата „Булмак 2016″ која управува со овој и со рудникот Тораница, дури и во време на криза и пандемија е меѓу првите 30 во државата според успешност, рече премиерот Димитровски.
Во изминатиот период, додаде тој, во двата рудника вработени се околу 800 лица, зголемено е производството и платите на вработените.
-Исправивме огромна неправда за рударите што се провлекуваше низ годините, односно со измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, што Владата го направи во 2018 година, сега тие во пензија заминуваат со навршување на 40 години стаж за мажи, односно 35 години стаж за жени. Тоа значи ако претходно се пензионирале на 58-годишна возраст, сега во пензија заминуваат на возраст од 50 години, а во периодот од 2018 година до денес ова право го остварле 105 рудари. Преку системски решенија растат и минималната и просечната плата, која за месец јуни изнесува 31.800 денари, а платите на рударите се над овој просек, истакна премиерот Ковачевски.
Рудникот „Булмак 2016″ веќе доби дозвола за експлоатација и почнат е проект за отворање нов хоризонт за ископ од кој се очекуваат околу 800 илјади тони олово-цинкова руда. Изготвен е и проект за откопување 1,2 милиони тони рудни резерви од рудното наоѓалиште Плавица, а се инвестираат неколку милиони денари за инсталација на нова филтер преса за одводнување на рудниот концентрат. На свеченоста по повод празникот на рударите, беше прочитано и поздравното писмо од Николја Волканов, директор на бугарската компанија „Минстрој” која стопанисува со рудникот во Пробиштип, а на најуспешните рудари им беа доделени награди и признанија. 

The post Ковачевски: Рудари, среќно! appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Што поскоро да продолжи нормално да функционира руникот Бучим и Боров Дол https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mickoski-shto-poskoro-da-prodolzi-normalno-da-funkcionira-runikot-buchim-i-borov-dol/ Sun, 28 Aug 2022 10:57:20 +0000 https://republika.mk/?p=544901

„На сите оние рудари кои што работниот ден го поминуваат во рударските окна сакам да им посакам успех, среќа, бидејќи ова е нивни ден. Иако за жал еве денеска добивме непријатна вест дека рудникот Бучим и Боров Дол поради официјално технички зафати го прекинуваат производството на неопределено. И се надевам дека тие технички зафати брзо ќе бидат завршени и дека ќе продолжи нормално да функционира производството во рудникот Бучим и Боров Дол и ќе можат 100-тици семејства од југоистокот на нашата Македонија да ги прехранат своите семејства работејќи и остварувајќи го својот работен ден таму“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес од Берово.

Мицкоски рече дека се надева дека набргу ќе завршат технички зафати во Бучим и Боров Дол и ќе можат 100-тици семејства од југоистокот на Македонија да ги прехранат своите семејства работејќи и остварувајќи го својот работен ден таму.

Почитувани граѓани на Македонија ви посакувам здравје, среќа и успех вам и на вашите семејства, на православните христијани им го честитам овој голем ден Успение на Пресвета Богородица, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

The post Мицкоски: Што поскоро да продолжи нормално да функционира руникот Бучим и Боров Дол appeared first on Република.

]]>

„На сите оние рудари кои што работниот ден го поминуваат во рударските окна сакам да им посакам успех, среќа, бидејќи ова е нивни ден. Иако за жал еве денеска добивме непријатна вест дека рудникот Бучим и Боров Дол поради официјално технички зафати го прекинуваат производството на неопределено. И се надевам дека тие технички зафати брзо ќе бидат завршени и дека ќе продолжи нормално да функционира производството во рудникот Бучим и Боров Дол и ќе можат 100-тици семејства од југоистокот на нашата Македонија да ги прехранат своите семејства работејќи и остварувајќи го својот работен ден таму“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес од Берово. Мицкоски рече дека се надева дека набргу ќе завршат технички зафати во Бучим и Боров Дол и ќе можат 100-тици семејства од југоистокот на Македонија да ги прехранат своите семејства работејќи и остварувајќи го својот работен ден таму.
Почитувани граѓани на Македонија ви посакувам здравје, среќа и успех вам и на вашите семејства, на православните христијани им го честитам овој голем ден Успение на Пресвета Богородица, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
 

The post Мицкоски: Што поскоро да продолжи нормално да функционира руникот Бучим и Боров Дол appeared first on Република.

]]>
Ристов: Владата да спречи затворање на рудниците кои се во тешка состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ristov-vladata-da-sprechi-zatvoranje-na-rudnicite-koi-se-vo-teshka-sostojba/ Fri, 26 Aug 2022 14:43:33 +0000 https://republika.mk/?p=544498

Почитувани сограѓани,

Во предвечерието на големиот христијански празник Успение на Мајка Богородица би сакал оваа прилика да ја искористам да го честитам празникот на сите христијани кои што го слават, меѓутоа денеска имаме еден посебен повод за кој сакам да се обратам до сите граѓани и до сите вработени во рудниците Бучим и Боров Дол.

Како што знаете овој празник Успение на Пресвета Богородица исто така заштитничка на рударите е празникот кои што рударите секоја година го слават, а тие се дел од нашето општество, тие се дел од нашиот град, и би сакал во оваа прилика да им го честитам празникот надевајќи се дека ќе ги заштити, надевајќи се дека ќе продолжат со својата работа и во годините пред нас.

Би сакал да кажам во оваа прилика дека во овие денови до мене стигаат неофицијални информации околу развој на настаните со рудникот поради енергетската и финансиската криза пред се, дека се случуваат некакви превирања околу рудниците за кои што ние немаме никакви официјални информации.

Би сакал да ја повикам пред се Владата на Република Македонија и менаџментот на рудникот Боров Дол и рудникот Бучим под итно да стапат во меѓусебна комуникација и да пробаат да најдат решение за сите проблеми кои што се ставени на маса. Знам дека ова е многу тежок период за сите компании, знам дека тежок период е за сите влади, меѓутоа Радовиш постоел и ќе постои исклучиво засновано освен на сите други дејности, една од основната дејност е рударството. И Радовиш без рударството и без функција на овие два рудника би се нашол во многу тешка положба.

Затоа апелирам, да се седне под итно да се изнајде решение, дали ќе биде тоа во вид на субвенција на електрична енергија, дали ќе бидат во вид на други поволности кои што владата мора да ги овозможи за да може рудникот да остане да работи, да се направи под итно.

За нас неприфатливо и недозволиво е да се размислува воопшто за други опции, бидејќи Радовиш е основа на традицијата на рударството, поврзана е практично целата индустрија и целиот град и споредни дејности за функционирање на овој гигантски објект кој е и носител на економскиот развој и за нас е неприфатливо да се размислува воопшто за други алтернативи. Затоа уште еднаш би апелирал до менаџментот бидејќи се работи за долгогодишна соработка меѓу општината, тие се сепак странски инвеститори во нашата општина, сериозно да ги разгледаат сите можности и опции, меѓутоа најважната опција да бидат згрижени сите вработени, да не се размислува воопшто за било какви отпуштања во периодот пред нас.

Ние како Општина сме спремни, и јас како градоначалник да се заложам ако можам во моќта на моите ингеренции да помогнам во комуникации и врски со Владата на Република Македонија да се изнајдат соодветни решенија. Засега никој не се обратил, никој не побарал никаква помош. Се надевам дека овие вакви неофицијални информации нема да се случат, затоа што тоа ние нема да го дозволиме. Прашање дали и колку сме моќни локално да не го дозволиме. Меѓутоа апелирам дека има начини, има методи кои што би ги примениле во случај и да треба да се бориме за правата на работниците.

Знам дека се овие тешки времиња, знам дека ова наместо да биде денеска еден среќен ден и да биде ден за честитање на промовирање на успеси, се надевам дека ова ќе биде премостено во периодот кој што е пред нас и се надевам дека до година овој прекрасен празник ќе го славиме сите заедно. Навикнати сме на нови победи на рударите, односно на надминување на своите норми кои што самите ги поставуваат.

Да повторам уште еднаш, се работи за национално богатство, се работи за богатство на општина Радовиш, и треба работата да се сфати максимално сериозно.

Уште еднаш, на сите граѓани и на сите рудари би им го честитал празникот со надеж дека годините пред нас ќе бидат исполнети со радост, со среќа, со здравје. И се надевам дека мајка Богородица ќе ни помогне сите да се искачиме чекор погоре како би можеле да дојдеме до целта, а тоа е убав и здрав живот во општина Радовиш.

Ацо Ристов, градоначалник на општина Радовиш

The post Ристов: Владата да спречи затворање на рудниците кои се во тешка состојба appeared first on Република.

]]>

Почитувани сограѓани, Во предвечерието на големиот христијански празник Успение на Мајка Богородица би сакал оваа прилика да ја искористам да го честитам празникот на сите христијани кои што го слават, меѓутоа денеска имаме еден посебен повод за кој сакам да се обратам до сите граѓани и до сите вработени во рудниците Бучим и Боров Дол. Како што знаете овој празник Успение на Пресвета Богородица исто така заштитничка на рударите е празникот кои што рударите секоја година го слават, а тие се дел од нашето општество, тие се дел од нашиот град, и би сакал во оваа прилика да им го честитам празникот надевајќи се дека ќе ги заштити, надевајќи се дека ќе продолжат со својата работа и во годините пред нас. Би сакал да кажам во оваа прилика дека во овие денови до мене стигаат неофицијални информации околу развој на настаните со рудникот поради енергетската и финансиската криза пред се, дека се случуваат некакви превирања околу рудниците за кои што ние немаме никакви официјални информации. Би сакал да ја повикам пред се Владата на Република Македонија и менаџментот на рудникот Боров Дол и рудникот Бучим под итно да стапат во меѓусебна комуникација и да пробаат да најдат решение за сите проблеми кои што се ставени на маса. Знам дека ова е многу тежок период за сите компании, знам дека тежок период е за сите влади, меѓутоа Радовиш постоел и ќе постои исклучиво засновано освен на сите други дејности, една од основната дејност е рударството. И Радовиш без рударството и без функција на овие два рудника би се нашол во многу тешка положба. Затоа апелирам, да се седне под итно да се изнајде решение, дали ќе биде тоа во вид на субвенција на електрична енергија, дали ќе бидат во вид на други поволности кои што владата мора да ги овозможи за да може рудникот да остане да работи, да се направи под итно. За нас неприфатливо и недозволиво е да се размислува воопшто за други опции, бидејќи Радовиш е основа на традицијата на рударството, поврзана е практично целата индустрија и целиот град и споредни дејности за функционирање на овој гигантски објект кој е и носител на економскиот развој и за нас е неприфатливо да се размислува воопшто за други алтернативи. Затоа уште еднаш би апелирал до менаџментот бидејќи се работи за долгогодишна соработка меѓу општината, тие се сепак странски инвеститори во нашата општина, сериозно да ги разгледаат сите можности и опции, меѓутоа најважната опција да бидат згрижени сите вработени, да не се размислува воопшто за било какви отпуштања во периодот пред нас. Ние како Општина сме спремни, и јас како градоначалник да се заложам ако можам во моќта на моите ингеренции да помогнам во комуникации и врски со Владата на Република Македонија да се изнајдат соодветни решенија. Засега никој не се обратил, никој не побарал никаква помош. Се надевам дека овие вакви неофицијални информации нема да се случат, затоа што тоа ние нема да го дозволиме. Прашање дали и колку сме моќни локално да не го дозволиме. Меѓутоа апелирам дека има начини, има методи кои што би ги примениле во случај и да треба да се бориме за правата на работниците. Знам дека се овие тешки времиња, знам дека ова наместо да биде денеска еден среќен ден и да биде ден за честитање на промовирање на успеси, се надевам дека ова ќе биде премостено во периодот кој што е пред нас и се надевам дека до година овој прекрасен празник ќе го славиме сите заедно. Навикнати сме на нови победи на рударите, односно на надминување на своите норми кои што самите ги поставуваат. Да повторам уште еднаш, се работи за национално богатство, се работи за богатство на општина Радовиш, и треба работата да се сфати максимално сериозно. Уште еднаш, на сите граѓани и на сите рудари би им го честитал празникот со надеж дека годините пред нас ќе бидат исполнети со радост, со среќа, со здравје. И се надевам дека мајка Богородица ќе ни помогне сите да се искачиме чекор погоре како би можеле да дојдеме до целта, а тоа е убав и здрав живот во општина Радовиш. Ацо Ристов, градоначалник на општина Радовиш

The post Ристов: Владата да спречи затворање на рудниците кои се во тешка состојба appeared first on Република.

]]>