ден на ромскиот јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/den-na-romskiot-jazik/ За подобро да се разбереме Sun, 05 Nov 2023 13:10:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ден на ромскиот јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/den-na-romskiot-jazik/ 32 32 Честитка од министерката за култура Костадиновска Стојчевска по повод Меѓународниот ден на ромскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/chestitka-od-ministerkata-za-kultura-kostadinovska-stojchevska-po-povod-megunarodniot-den-na-romskiot-jazik/ Sun, 05 Nov 2023 13:10:34 +0000 https://republika.mk/?p=698436

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска го честита 5 ноември, Меѓународен ден на ромскиот јазик.

Ја славиме културата на Ромите како дел од заедничкото културно богатство. Празнувајќи го 5-ти ноември како Меѓународен ден на ромскиот јазик, повикани сме да го даваме нашиот придонес во чувањето и негувањето на културните особености на Ромската заедница. Прифаќањето на важноста и еднаквоста на сите јазици е нашиот влог за богатството на нашето општество како мултикултурна ризница и на обединети различности на кои треба да бидеме горди. Во новата Стратегија за Роми 2022-2030 година, предвидуваме конкретни цели и мерки насочени кон развој на кадри кои ја негуваат ромската култура, традиција и јазик преку обезбедување стипендии по профили и можности за отворање признаени курсеви, катедри за создавање на наставници за изучување на ромскиот јазик, напиша министерката на својот профил на Фејсбук.

The post Честитка од министерката за култура Костадиновска Стојчевска по повод Меѓународниот ден на ромскиот јазик appeared first on Република.

]]>

Пендаровски со честитка по повод 5 Ноември – Светскиот ден на ромскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-so-chestitka-po-povod-5-noemvri-svetskiot-den-na-romskiot-jazik/ Sun, 05 Nov 2023 09:27:07 +0000 https://republika.mk/?p=698340

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 5 ноември - Светскиот ден на ромскиот јазик, упати порака до припадниците на ромската заедница во Република Македонија.

Ромскиот јазик е значаен дел од идентитетот на ромскиот народ. Тој претставува сведоштво за историјата на ромската заедница и придонесува во зачувувањето на нивната уникатна култура којашто со своите карактеристики ја збогатува севкупната културна ризница во нашата држава. На Светскиот ден на ромскиот јазик, го истакнуваме значењето на негувањето на ромскиот јазик како чувар на традицијата, фолклорот и културата. Прикажувајќи ја суштината на ромскиот начин на живот, нивните приказни и нивните вредности, ромскиот јазик претставува мост до разновидното наследство на ромската заедница. Поддршката за негувањето на ромскиот јазик е важна не само за зачувување на културното наследство на ромската заедница, туку претставува и начин за јакнење и збогатување на нашето мултикултурно општество. Унапредувањето на севкупниот образовен процес на децата Роми и обезбедувањето на соодветните услови е од клучно значење за натамошното негување на ромскиот јазик. Во таа насока, особено се значајни заложбите и посветеноста кон обезбедување услови за поголема институционална поддршка за изучување, употреба и зачувување на ромскиот јазик. Честит 5 Ноември - Светски ден на ромскиот јазик, се вели во честитката од претседателот Пендаровски.

The post Пендаровски со честитка по повод 5 Ноември – Светскиот ден на ромскиот јазик appeared first on Република.