Ден на пијаното Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/den-na-pijanoto/ За подобро да се разбереме Fri, 31 Mar 2023 07:50:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ден на пијаното Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/den-na-pijanoto/ 32 32 Државното музичко училиште од Битола со настап на 48 млади пијанисти го прослави светскиот Ден на пијаното https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/drzhavnoto-muzichko-uchilishte-od-bitola-so-nastap-na-48-mladi-pijanisti-go-proslavi-svetskiot-den-na-pijanoto/ Fri, 31 Mar 2023 07:50:12 +0000 https://republika.mk/?p=625673

Во свечената сала на Офицерскиот дом, целодневен бесплатен пијанистички маратон одржаа учениците на едно од најстарите музички училишта на Балканот, Државното музичко училиште од Битола.

Поводот беше денот кој го слави пијаното како инструмент, а акустичната сала и концертниот клавир беа совршен амбиент за овој целодневен музички настан.

Стотици деца и возрасни дојдоа да ги слушнат младите талентирани пијанисти кои на три големи концерти ја покажаа убавината на овој инструмент. 

„Ако треба да се набројат најголемите изуми на човештвото, покрај тркалото и космичкиот брод не смее да се изостави пијаното. Совршен – не механизам туку организам во кој хармонично се спојуваат сложената механика и инженерното пресметување, усогласеноста на материјалите, цврстината и приземноста, но истовремено и полетноста. Капакот мора да е отворен – тогаш тој, наликувајќи на едро ли, крило ли, ја ослободува душата на пијаното, неговиот глас, интимен, како за салони, моќен, како за големи концертни сали и отворени простори. Светот на пијаното е сеопфатен и безграничен: највозвишените дела на Бетовен, најбравурозните на Лист, најрафинираните на Шопен, најколористичните на Дебиси, најмоќните на Рахманинов и на други исклучителни гении кои пишувале за пијаното го сочинуваат немерливото богатство на човештвото. Но пијаното не е сноб: придружник е на танци и забави во периодот пред технолошките изуми – од шубертијадите и домашните приредби до салуните и баровите кадешто времето „се цепкало“ и се насетувал џезот, а тука се и немите филмови чијашто тишина се надминувала токму со звукот на пијаното и целата динамика и драматургија никнувала „тука и сега“ од рацете на пијанистот-импровизатор. Работник е и во подготовките на оперските и балетските претстави и симфониските партитури – бидејќи на пијаното може да се опфати и прозвучи и оркестар, и хор, и сè заедно. Пијаното им вели добредојде на врвните виртуози, но и на аматери; еден ист „кралски“ инструмент може да го допрат прстите на возрасните, но и рачињата на најмалите – и сите ќе го добијат неговиот пријателски одговор. Соло и придружба, концерти и домашно музицирање, четирирачно, шесторачно, осморачно свирење како врвна форма на дружење преку заедничка изведба, ансамбл како врвна форма на духовно заедништво – сè ова е пијаното. Да не го заборавиме и пијаниното, повеќе достапно во домовите, поскромно со изгледот и звучноста, а незаменливо на патот на поединецот кон музичките висини, но и градење на еден исклучителен сегмент на современата музичка култура на општеството. Прославувајќи го денот на пијаното со музиката за пијано, да се сетиме на изумителите на ова ремек дело, на мајсторите кои го градат, на штимерите кои го одржуваат во форма, на композиторите кои создаваат за него, на големите пијанистички имиња кои го оживуваат, на публиката која ужива во неговиот звук, на наставниците и учениците кои ја продолжуваат традицијата и откриваат нови патеки во бескрајот на пијаното и пијанизмот„ напиша во писмото Проф. д-р Викторија Коларовска-Гмирја од Факултетот за музичка уметност во чест на настанот во Битола. 

Државното музичко училиште во Битола постои 76 години, а пијано класата брои 21 наставник. Стотици врвни пијанисти поминале низ клупите на ова училиште.

„Државното музичко училиште, од кое потекнуваат бројни звучни имиња во светот на музиката со овој настан обезбеди уште еден начин младите пијанисти да ги покажат своите таленти. Настанот е и потсетник за моќта на музиката која ги зближува луѓето создавајќи чувство на заедница. Со вакви настани, јасно е дека пијаното ќе продолжи да биде сакан инструмент што ќе ги инспирира генерациите музичари што доаѓаат„- изјави Татјана Божиновска, пијанист и професор во ДМУ.

Инаку, секој 88 ден во годината, ширум светот се слави Денот на пијаното, а бројот 88 е поврзан со бројот на клавиши на клавијатурата. 

The post Државното музичко училиште од Битола со настап на 48 млади пијанисти го прослави светскиот Ден на пијаното appeared first on Република.

]]>

Пијаното ја слави музиката од минатото и ја промовира нејзината еволуција https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pijanoto-ja-slavi-muzikata-od-minatoto-i-ja-promovira-nejzinata-evolucija/ Mon, 09 May 2022 07:35:05 +0000 https://republika.mk/?p=499739

Со промоција на нови звуци, композиции од светски познати композитори, кои за првпат ќе бидат изведени кај нас, Културно-информативниот центар во Скопје се вклучува во одбележување на Светскиот ден на пијаното кој ќе се случи на 9 мај, во (Салон 19:19) во 18 часот.

На сцената ќе зазвучат дела од Виталиј Неугасимов, Тимоти Браун, Брајан Филд, Мехрож Мухторов, Ратко Делорко, Алексеј Шор, Оскар Гигеле. Ќе биде одбележана годишнина, 150 години од раѓањето на Александар Скрјабин, а ќе бидат изведени и бисери на класиката.

Специјален гостин ќе биде современиот австриски композитор Оскар Гигеле, чие гостување е под покровителство на Австриската амбасада Скопје.

Светскиот ден на пијаното ја слави музиката од минатото и ја промовира нејзината еволуција. Денот на пијаното се одржува на 88-от ден во годината (29-ти март или 28-ми март во престапна година) како прослава и повикување на 88-те клавиши на пијаното. Празникот е изум на германскиот музичар и композитор Нилс Фрам, кој е познат по комбинирањето на класичното пијано со електронската музика, а го воспоставува 2015 година.

Настанот, кој се одбележува по шести пат во земјава, се одржува во организација на м-р Светлана Димитриевска, професорка по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. На настанот ќе бидат доделени наградите за најнадежен млад пијанист од публика и од стручната комисија. Комисијата беше во состав: проф. д-р Марија Ѓошевска, м-р Даница Стојанова, м-р Светлана Димитриевска, м-р Марија Максимова и д-р Татјана Божиновска.

The post Пијаното ја слави музиката од минатото и ја промовира нејзината еволуција appeared first on Република.

]]>

Со промоција на нови звуци, композиции од светски познати композитори, кои за првпат ќе бидат изведени кај нас, Културно-информативниот центар во Скопје се вклучува во одбележување на Светскиот ден на пијаното кој ќе се случи на 9 мај, во (Салон 19:19) во 18 часот. На сцената ќе зазвучат дела од Виталиј Неугасимов, Тимоти Браун, Брајан Филд, Мехрож Мухторов, Ратко Делорко, Алексеј Шор, Оскар Гигеле. Ќе биде одбележана годишнина, 150 години од раѓањето на Александар Скрјабин, а ќе бидат изведени и бисери на класиката. Специјален гостин ќе биде современиот австриски композитор Оскар Гигеле, чие гостување е под покровителство на Австриската амбасада Скопје. Светскиот ден на пијаното ја слави музиката од минатото и ја промовира нејзината еволуција. Денот на пијаното се одржува на 88-от ден во годината (29-ти март или 28-ми март во престапна година) како прослава и повикување на 88-те клавиши на пијаното. Празникот е изум на германскиот музичар и композитор Нилс Фрам, кој е познат по комбинирањето на класичното пијано со електронската музика, а го воспоставува 2015 година. Настанот, кој се одбележува по шести пат во земјава, се одржува во организација на м-р Светлана Димитриевска, професорка по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. На настанот ќе бидат доделени наградите за најнадежен млад пијанист од публика и од стручната комисија. Комисијата беше во состав: проф. д-р Марија Ѓошевска, м-р Даница Стојанова, м-р Светлана Димитриевска, м-р Марија Максимова и д-р Татјана Божиновска.