ден на ослободување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/den-na-osloboduvanje/ За подобро да се разбереме Sun, 05 Nov 2023 09:48:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ден на ослободување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/den-na-osloboduvanje/ 32 32 Битола го одбележа 4 Ноември – Денот на ослободување на градот од фашистичкиот окупатор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bitola-go-odbelezha-4-noemvri-denot-na-osloboduvane-na-gradot-od-fashistichkiot-okupator/ Sun, 05 Nov 2023 09:48:18 +0000 https://republika.mk/?p=698350

Општина Битола, со гости од државата и странство, синоќа со свечена академија го одбележа 4 Ноември, денот кога во 1944 година градот беше ослободен од фашистичка окупација.

Според востановената традиција, на свечената академија градоначалникот Тони Коњановски информира за постигнатите резултати на локалната самоуправа во изминатиот период, а комисијата за доделување на награди и признанија ги соопшти годинешните лауреати, меѓу кои и наградата за животно дело која му беше врачена на Димче Миновски (81 г.), новинар во пензија.

Во текот на мојот живот имам добиено безброј награди и признанија, меѓутоа ова што вечерва ми се случува навистина е нешто што никогаш нема да го заборавам. Сите во животот правиме чекори, но во разни чевли. Но, покрај чекорењето, најважното е какви траги ќе оставиме зад себе, а јас мислам дека оставив зад себе некои траги со пишувањето на книгите и она што го имам сработено во работниот век и како пензионер. Сакам да им порачам на помладите колеги да пишуваат, но и останатите кои се доволно стручни во своите дејности. Наградата секако е поттик и мотивација за продолжување со работа, истакна Миновски, спортски новинар кој иако навлезен во деветтата деценија од живот, денес соработува со битолскиот портал Битолањус.

На синоќешната свеченост во Битола, годишни награди за постигнувања во струката добија Здружение на пијанисти и мизчки педагози „Пијано“, Јован Стефановски, научен работник, Гордана Такец, писателка, Фанче Јошевска, доктор на науки, и НУ Народен театар-Битола.

The post Битола го одбележа 4 Ноември – Денот на ослободување на градот од фашистичкиот окупатор appeared first on Република.

]]>

Општина Битола, со гости од државата и странство, синоќа со свечена академија го одбележа 4 Ноември, денот кога во 1944 година градот беше ослободен од фашистичка окупација. Според востановената традиција, на свечената академија градоначалникот Тони Коњановски информира за постигнатите резултати на локалната самоуправа во изминатиот период, а комисијата за доделување на награди и признанија ги соопшти годинешните лауреати, меѓу кои и наградата за животно дело која му беше врачена на Димче Миновски (81 г.), новинар во пензија.
Во текот на мојот живот имам добиено безброј награди и признанија, меѓутоа ова што вечерва ми се случува навистина е нешто што никогаш нема да го заборавам. Сите во животот правиме чекори, но во разни чевли. Но, покрај чекорењето, најважното е какви траги ќе оставиме зад себе, а јас мислам дека оставив зад себе некои траги со пишувањето на книгите и она што го имам сработено во работниот век и како пензионер. Сакам да им порачам на помладите колеги да пишуваат, но и останатите кои се доволно стручни во своите дејности. Наградата секако е поттик и мотивација за продолжување со работа, истакна Миновски, спортски новинар кој иако навлезен во деветтата деценија од живот, денес соработува со битолскиот портал Битолањус.
На синоќешната свеченост во Битола, годишни награди за постигнувања во струката добија Здружение на пијанисти и мизчки педагози „Пијано“, Јован Стефановски, научен работник, Гордана Такец, писателка, Фанче Јошевска, доктор на науки, и НУ Народен театар-Битола.

The post Битола го одбележа 4 Ноември – Денот на ослободување на градот од фашистичкиот окупатор appeared first on Република.

]]>
Битола го слави Денот на ослободувањето на градот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bitola-go-slavi-denot-na-osloboduvaneto-na-gradot/ Sat, 04 Nov 2023 09:13:22 +0000 https://republika.mk/?p=698048

Општина Битола со празнични манифестации денеска го слави 4 ноември - Денот на ослободувањето на градот во 1944 година.

Според востановената традиција, претпладнево делегација на Општина Битола предводена од градоначалникот Тони Коњановски и гости од државата и странство ќе положат цвеќе пред споменикот на НОВ и револуцијата што се наоѓа на плоштадот „Гоце Делчев“, а потоа градоначалникот Коњановски ќе приреди прием во локалната самоуправа.

Напладне, во свечената сала на битолскиот Офицерски дом ќе се одржи „Музички маратон“ што ќе го приредат ученици од Државното музичко училиште, а вечерва на свечена академија ќе бидат доделени годишните награди и признанија на Општина Битола.

Како што е познато, добитник на наградата за животно дело е новинарот Димче Миновски, а ќе бидат доделени и годишни признанија на здруженија и поединци за постигнувања во струката. По завршувањето на свечената академија што ќе се одржи во НУ Народен театар, во фоајето ќе биде отворена фото изложба „Битола, некогаш и сега“ од авторот Петар Ставрев.

The post Битола го слави Денот на ослободувањето на градот appeared first on Република.

]]>

Општина Битола со празнични манифестации денеска го слави 4 ноември - Денот на ослободувањето на градот во 1944 година. Според востановената традиција, претпладнево делегација на Општина Битола предводена од градоначалникот Тони Коњановски и гости од државата и странство ќе положат цвеќе пред споменикот на НОВ и револуцијата што се наоѓа на плоштадот „Гоце Делчев“, а потоа градоначалникот Коњановски ќе приреди прием во локалната самоуправа. Напладне, во свечената сала на битолскиот Офицерски дом ќе се одржи „Музички маратон“ што ќе го приредат ученици од Државното музичко училиште, а вечерва на свечена академија ќе бидат доделени годишните награди и признанија на Општина Битола. Како што е познато, добитник на наградата за животно дело е новинарот Димче Миновски, а ќе бидат доделени и годишни признанија на здруженија и поединци за постигнувања во струката. По завршувањето на свечената академија што ќе се одржи во НУ Народен театар, во фоајето ќе биде отворена фото изложба „Битола, некогаш и сега“ од авторот Петар Ставрев.

The post Битола го слави Денот на ослободувањето на градот appeared first on Република.

]]>