ден на независноста Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/den-na-nezavisnosta/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Sep 2024 17:45:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ден на независноста Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/den-na-nezavisnosta/ 32 32 Француската амбасада со честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/frantsuskata-ambasada-so-chestitka-po-povod-8-septemvri-denot-na-nezavisnosta/ Sun, 08 Sep 2024 17:45:34 +0000 https://republika.mk/?p=814455

Честитка од Франција по повод 8 Септември – Денот на независноста.

– Амбасадорот учествуваше на свеченостите по повод 33-годишнината од независноста, со кои претседаваше Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Многу повеќе од обична прослава, овој ден го симболизира патот што го помина и предизвиците што ги надмина Македонија во овие 33 години. Среќен Ден на независноста!, објави на својот Фејсбук профил француската амбасада во Скопје.

Постојното претставништво на Франција во НАТО, исто така, упати честитки по повод Денот на независтноста.

– Среќен роденден на нашите сојузници во Македонија, објави на платформата Х, постојното претставништво на Франција во НАТО, споделувајќи видео честитка од Здружената команда на сојузничките сили на НАТО.

The post Француската амбасада со честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста appeared first on Република.

]]>

Честитка од Франција по повод 8 Септември – Денот на независноста.
– Амбасадорот учествуваше на свеченостите по повод 33-годишнината од независноста, со кои претседаваше Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Многу повеќе од обична прослава, овој ден го симболизира патот што го помина и предизвиците што ги надмина Македонија во овие 33 години. Среќен Ден на независноста!, објави на својот Фејсбук профил француската амбасада во Скопје.
Постојното претставништво на Франција во НАТО, исто така, упати честитки по повод Денот на независтноста.
– Среќен роденден на нашите сојузници во Македонија, објави на платформата Х, постојното претставништво на Франција во НАТО, споделувајќи видео честитка од Здружената команда на сојузничките сили на НАТО.

The post Француската амбасада со честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста appeared first on Република.

]]>
33 години независност: Она што Македонија го преживеа за 33 години на други држави им се потребни векови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/33-godini-nezavisnost-ona-shto-makedonija-go-prezhivea-za-33-godini-na-drugi-drzhavi-im-se-potrebni-vekovi/ Sun, 08 Sep 2024 06:11:43 +0000 https://republika.mk/?p=814160

33 години. Ни многу ни малку. Македонија ги живее исусовите години како независна држава. Како што се вели во една книга, „Да ти се погоди да живееш во интересни времиња“, овие нешто повеќе од три децении во Македонија беа повеќе од интересни.

Што сѐ не преживеавме и доживеавме, како ниту една држава во регионот и пошироко. Мирен излез од поранешната држава, економска блокада од Грција,промена на знаме, војна на Косово, војна или воен конфликт кај нас, Рамковен договор, Шарена револуција, промена на име и Устав, влез во НАТО, обид за промена на идентитет од страна на Бугарија...

Малку ли е?

Можеби и затоа во 2024 година сме таму кај што сме, и економски и политички. Политички, вечен кандидат за ЕУ, а економски на ниво на Босна и Херцеговина и Косово кои се полу држави полу протекторати.

Од 1991 до денеска речиси исто години беа на власт СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, различен беше само албанскиот коалициски партнер. Но, после 2001 година Македонија веќе не е иста држава и двете најголеми македонски партии често беа принудени да ги погазат сопствените принципи и да прават отстапки за да дојдат или за да останат на власт.

Тоа пак честопати беше злоупотребувано од албанските политички партии под превезот на „Едно општество за сите“ и „мултиетничноста“.

Попустилоста не доведе на ова дереџе, особено последниве шест-седум години. Дерогирана држава, разорени институции, разочаран народ, без разлика дали е Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Ром...

Како што е мотото за прославата оваа година „Заедно се бориме, заедно ќе успееме“, да се обидеме да ја кренеме повторно државата на нозе како што тоа пред многу години го направиле Илинденците и Партизаните.

The post 33 години независност: Она што Македонија го преживеа за 33 години на други држави им се потребни векови appeared first on Република.

]]>

33 години. Ни многу ни малку. Македонија ги живее исусовите години како независна држава. Како што се вели во една книга, „Да ти се погоди да живееш во интересни времиња“, овие нешто повеќе од три децении во Македонија беа повеќе од интересни. Што сѐ не преживеавме и доживеавме, како ниту една држава во регионот и пошироко. Мирен излез од поранешната држава, економска блокада од Грција,промена на знаме, војна на Косово, војна или воен конфликт кај нас, Рамковен договор, Шарена револуција, промена на име и Устав, влез во НАТО, обид за промена на идентитет од страна на Бугарија... Малку ли е? Можеби и затоа во 2024 година сме таму кај што сме, и економски и политички. Политички, вечен кандидат за ЕУ, а економски на ниво на Босна и Херцеговина и Косово кои се полу држави полу протекторати. Од 1991 до денеска речиси исто години беа на власт СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, различен беше само албанскиот коалициски партнер. Но, после 2001 година Македонија веќе не е иста држава и двете најголеми македонски партии често беа принудени да ги погазат сопствените принципи и да прават отстапки за да дојдат или за да останат на власт. Тоа пак честопати беше злоупотребувано од албанските политички партии под превезот на „Едно општество за сите“ и „мултиетничноста“. Попустилоста не доведе на ова дереџе, особено последниве шест-седум години. Дерогирана држава, разорени институции, разочаран народ, без разлика дали е Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Ром... Како што е мотото за прославата оваа година „Заедно се бориме, заедно ќе успееме“, да се обидеме да ја кренеме повторно државата на нозе како што тоа пред многу години го направиле Илинденците и Партизаните.

The post 33 години независност: Она што Македонија го преживеа за 33 години на други држави им се потребни векови appeared first on Република.

]]>
Денот на независноста одбележан во Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/denot-na-nezavisnosta-odbelezhan-vo-sobranieto/ Fri, 06 Sep 2024 16:53:41 +0000 https://republika.mk/?p=813908

Свесен за важноста на независната држава морам да кажам дека не постои поважен момент во историјата на една земја од нејзината самостојност. Затоа секогаш кога доаѓа 8 Септември се враќа емоцијата на задоволство и гордост што роденденот на оваа земја го одбележуваме во мир, во соживот меѓу различните народи кои живеат во оваа земја, во добрососедски односи и во сигурни патишта кон подобра развојна и евроатланстска перспектива. Ова го истакна денеска претседателот на Собранието Африм Гаши на приемот што го организираше во Законодавниот дом по повод 8 Септември – Денот на независноста.

Јас сум свесен дека изградбата на оваа заедничка држава не била лесна работа и секогаш подеднакво прифатена. Сме имале периоди кога некој од нас имал поинаква перцепција и различни очекувања можеби. Сме имале моменти кога некој од нас мислел дека заслужува повеќе а добил помалку. Сме имале моменти кога сме биле можеби разочарани и сме рекле дека не вреди, но сепак сме нашле сила, сме нашле решенија и сме создавале можности да продолжиме понатаму. Затоа, денес кога ја одбележуваме оваа годишнина на нашето државјанство можам да ви тврдам дека пред нас се отвора нова развојна перспектива која доаѓа со новата генерација политичари и јас сум силно убеден дека тоа ќе резултира со многустран успех – рече Гаши.

Собранискиот спикер нагласи дека секој има своја заслуга и свој придонес за овие достигнувања, посочувајќи оти не треба да бидеме ниту нихилисти, ниту дефетисти.

Како и да е Македонија во својот 33. роденден е земја-членка на најмоќната безбедносна Алијанса како што е НАТО, со што се гарантира мирот на нејзините граници што е исклучително важно за секој проект додека е на добар пат да се приклучи и на најуспешната унија на демократија, мир, човекови права и благосостојба како што е Европската унија. Ова е повод како граѓанин на оваа држава, а уште повеќе како политичари на оваа земја, денеска да направиме една ретроспектива на она што сме го сториле, што сме можеле да го сториме и што можеме да го сториме секогаш во духот на тоа што рекол Џон Кенеди „Не прашувај се што сторила твојата татковина за тебе, туку прашувај се што си сторил ти за твојата татковина – рече претседателот на Собранието, Африм Гаши.

 

The post Денот на независноста одбележан во Собранието appeared first on Република.

]]>

Свесен за важноста на независната држава морам да кажам дека не постои поважен момент во историјата на една земја од нејзината самостојност. Затоа секогаш кога доаѓа 8 Септември се враќа емоцијата на задоволство и гордост што роденденот на оваа земја го одбележуваме во мир, во соживот меѓу различните народи кои живеат во оваа земја, во добрососедски односи и во сигурни патишта кон подобра развојна и евроатланстска перспектива. Ова го истакна денеска претседателот на Собранието Африм Гаши на приемот што го организираше во Законодавниот дом по повод 8 Септември – Денот на независноста.
Јас сум свесен дека изградбата на оваа заедничка држава не била лесна работа и секогаш подеднакво прифатена. Сме имале периоди кога некој од нас имал поинаква перцепција и различни очекувања можеби. Сме имале моменти кога некој од нас мислел дека заслужува повеќе а добил помалку. Сме имале моменти кога сме биле можеби разочарани и сме рекле дека не вреди, но сепак сме нашле сила, сме нашле решенија и сме создавале можности да продолжиме понатаму. Затоа, денес кога ја одбележуваме оваа годишнина на нашето државјанство можам да ви тврдам дека пред нас се отвора нова развојна перспектива која доаѓа со новата генерација политичари и јас сум силно убеден дека тоа ќе резултира со многустран успех – рече Гаши.
Собранискиот спикер нагласи дека секој има своја заслуга и свој придонес за овие достигнувања, посочувајќи оти не треба да бидеме ниту нихилисти, ниту дефетисти.
Како и да е Македонија во својот 33. роденден е земја-членка на најмоќната безбедносна Алијанса како што е НАТО, со што се гарантира мирот на нејзините граници што е исклучително важно за секој проект додека е на добар пат да се приклучи и на најуспешната унија на демократија, мир, човекови права и благосостојба како што е Европската унија. Ова е повод како граѓанин на оваа држава, а уште повеќе како политичари на оваа земја, денеска да направиме една ретроспектива на она што сме го сториле, што сме можеле да го сториме и што можеме да го сториме секогаш во духот на тоа што рекол Џон Кенеди „Не прашувај се што сторила твојата татковина за тебе, туку прашувај се што си сторил ти за твојата татковина – рече претседателот на Собранието, Африм Гаши.
 

The post Денот на независноста одбележан во Собранието appeared first on Република.

]]>
Денот на независноста на Македонија ќе се одбележи под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/denot-na-nezavisnosta-na-makedonija-ke-se-odbelezhi-pod-sloganot-zaedno-se-borime-zaedno-ke-uspeeme/ Fri, 06 Sep 2024 15:09:01 +0000 https://republika.mk/?p=813880

Со свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ Владата на 8 септември ќе го одбележи Денот на независноста.

Како што најави владината прес-служа, свечена академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје во 13:00 часот.

Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески.

Програмата ќе продолжи со изведби на дела од македонски автори поврзани со оваа тематика од страна на државниот џез оркестар.

Во рамките на свеченоста ќе биде прикажан и специјално подготвен пригоден видео спот од прославата на независноста кое вклучува архивски материјали од Референдумот во 1991 година.

На крајот од свечената програма ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.

Настанот е дел од пошироката иницијатива на Владата за подигање на свеста за значењето на независноста и заедничката борба на граѓаните за подобра иднина, соопшти владината прес-служба.

 

The post Денот на независноста на Македонија ќе се одбележи под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ appeared first on Република.

]]>

Со свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ Владата на 8 септември ќе го одбележи Денот на независноста. Како што најави владината прес-служа, свечена академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје во 13:00 часот. Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески. Програмата ќе продолжи со изведби на дела од македонски автори поврзани со оваа тематика од страна на државниот џез оркестар. Во рамките на свеченоста ќе биде прикажан и специјално подготвен пригоден видео спот од прославата на независноста кое вклучува архивски материјали од Референдумот во 1991 година. На крајот од свечената програма ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.
Настанот е дел од пошироката иницијатива на Владата за подигање на свеста за значењето на независноста и заедничката борба на граѓаните за подобра иднина, соопшти владината прес-служба.
 

The post Денот на независноста на Македонија ќе се одбележи под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: 8 Септември е круната на македонската борба за слобода, државност и независност, тој аманет имаме обврска да го оставиме на идните генерации по нас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-8-septemvri-e-krunata-na-makedonskata-borba-za-sloboda-drzhavnost-i-nezavisnost-toj-amanet-imame-obvrska-da-go-ostavime-na-idnite-generatsii-po-nas/ Fri, 08 Sep 2023 08:45:11 +0000 https://republika.mk/?p=679883

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември - Денот на независноста.

Честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија. Овој ден е круната на македонската борба за слобода, државност и независност. Овој ден е остварувањето на соништата на илјадници синови и ќерки од Илинденската борба, од Народноослободителната борба и од сите епопеи во македонската историја, кои своите животи ги положија за Македонија. Нивниот аманет денес го живееме и имаме обврска да го оставиме на идните генерации по нас, затоа што Македонија е наш дом.

Во 1991 година се исполни волјата на огромно мнозинство на народот да живее во независна Македонија. Тие генерации сонуваа за напредок и горда земја која ќе биде достоинствен и рамноправен член за европското семејство. Но, тој сон со годините полека бледнееше, за посебно денес истата таа генерација ги живее најмрачните години од самостојноста, години на безочен криминал, на сеприсутна корупција, на власт на која поважен и е личниот бизнис отколку животот на обичниот човек. Трагедиите во последните години ни станаа секојдневие, недостигаат лекови, недостигаат учебници, недостига правда, но најмногу од сé недостигаат граѓаните кои си заминуваат од својата татковина поради неуспесите, поразите, погазеното достоинство и распадот на системот.

Но овој празник е во исто време и празник на надеж и празник на борба за Македонија. Таа борба никогаш нема да престане. Овој народ е пиреј и ќе се избори со сите предизвици. Македонија ја заслужува таа борба и ќе победи против корумпираната елита на власт и нивните пиони. Сонцето на слободата и просперитетот ќе огрее пак над Македонија. Нашата обврска како ВМРО-ДПМНЕ е заедно со народот да го направиме тој ресет и да ја издигнеме Македонија од оваа апатија и овие црнила. Тоа ќе го успееме, затоа што силно веруваме во тоа. Нека е вековит Денот на независноста! Нека е вечна Македонија!“, се вели во честитката од Мицкоски.

The post Мицкоски: 8 Септември е круната на македонската борба за слобода, државност и независност, тој аманет имаме обврска да го оставиме на идните генерации по нас appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември - Денот на независноста.
Честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија. Овој ден е круната на македонската борба за слобода, државност и независност. Овој ден е остварувањето на соништата на илјадници синови и ќерки од Илинденската борба, од Народноослободителната борба и од сите епопеи во македонската историја, кои своите животи ги положија за Македонија. Нивниот аманет денес го живееме и имаме обврска да го оставиме на идните генерации по нас, затоа што Македонија е наш дом. Во 1991 година се исполни волјата на огромно мнозинство на народот да живее во независна Македонија. Тие генерации сонуваа за напредок и горда земја која ќе биде достоинствен и рамноправен член за европското семејство. Но, тој сон со годините полека бледнееше, за посебно денес истата таа генерација ги живее најмрачните години од самостојноста, години на безочен криминал, на сеприсутна корупција, на власт на која поважен и е личниот бизнис отколку животот на обичниот човек. Трагедиите во последните години ни станаа секојдневие, недостигаат лекови, недостигаат учебници, недостига правда, но најмногу од сé недостигаат граѓаните кои си заминуваат од својата татковина поради неуспесите, поразите, погазеното достоинство и распадот на системот. Но овој празник е во исто време и празник на надеж и празник на борба за Македонија. Таа борба никогаш нема да престане. Овој народ е пиреј и ќе се избори со сите предизвици. Македонија ја заслужува таа борба и ќе победи против корумпираната елита на власт и нивните пиони. Сонцето на слободата и просперитетот ќе огрее пак над Македонија. Нашата обврска како ВМРО-ДПМНЕ е заедно со народот да го направиме тој ресет и да ја издигнеме Македонија од оваа апатија и овие црнила. Тоа ќе го успееме, затоа што силно веруваме во тоа. Нека е вековит Денот на независноста! Нека е вечна Македонија!“, се вели во честитката од Мицкоски.

The post Мицкоски: 8 Септември е круната на македонската борба за слобода, државност и независност, тој аманет имаме обврска да го оставиме на идните генерации по нас appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Нека е вечна слободна, независна Македонија! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-neka-e-vechna-slobodna-nezavisna-makedonija/ Fri, 08 Sep 2023 08:02:14 +0000 https://republika.mk/?p=679864

Со стиховите од поемата Македонија, од Анте Поповски, придружени со видео од некои од најубавите пејсажи од Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го честита 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија.

Нека е вечна слободна, независна Македонија!, порачува Мицкоски.

The post Мицкоски: Нека е вечна слободна, независна Македонија! appeared first on Република.

]]>

Со стиховите од поемата Македонија, од Анте Поповски, придружени со видео од некои од најубавите пејсажи од Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го честита 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија.
Нека е вечна слободна, независна Македонија!, порачува Мицкоски.

The post Мицкоски: Нека е вечна слободна, независна Македонија! appeared first on Република.

]]>
Под мотото „Гласник на слободата“ Владата со неколку активности го одбележува Денот на независноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pod-mototo-glasnik-na-slobodata-vladata-so-nekolku-aktivnosti-go-odbelezhuva-denot-na-nezavisnosta/ Fri, 08 Sep 2023 06:01:29 +0000 https://republika.mk/?p=679826

Под мотото „Гласник на слободата“ денеска со повеќе активности, во организација  на Владата, се одбележува Денот на независноста на Република Македонија - 8 Септември. Најавена е бесплатна посета на музејски и галериски поставки во ликовните салони и археолошки локалитети низ целата држава, тактичко показни вежби и изложба на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, спортски активности во соработка со Агенцијата за млади и спорт, културно-уметнички програми, ...

Активностите стартуваа синоќа во Скопје со свечена академија на тема „32 години независност“ на која се обрати премиерот Димитар Ковачевски.

Во рамки на чествувањето 32 години од прогласувањето на независноста на државата, изутрина во 10:00 часот, владина делегација предводена од премиерот  Ковачевски, ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во Алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје. Во делегацијата ќе бидат првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за внатрешни работи Оливер Спасовски и за здравство Фатмир Меџити.

Активностите продолжуваат во ГОБ „8-ми Септември“ каде во присуство на премиерот Ковачевски и министерот Меџити ќе бидат презентирани нова опрема и апарати.

Традиционално, во Собранието ќе бидат доделени државните награди „8 Септември“ за 2023 година за остварување во областа на спортот, во организација на Агенцијата за млади и спорт и Одборот за доделување на Државната награда „8 Септември“.

Во Градскиот парк во Скопје, на просторот во близина на локацијата „Школка“, пак,  ќе се одржи тактичко-показни вежби на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи. На локацијата „Школка“ е предвидена и културно-уметничка програма, во рамки на која ќе учествува воениот оркестар на Армијата, културно-уметнички друштва, членовите на „Златно славејче, како и програма за деца, со учество на Театарот за деца и младинци кои ќе ја одиграат претстава „Гига Мега бајка“, во режија на Хана Миленковска, дело на Горјан Милошевски (по мотиви од Ш. Перо). Во текот на денот, на истата локација, сите заинтересирани ќе имаат можност да бидат дел од серија спортски активности организирани во соработка со Агенцијата за млади и спорт.

На манифестацијата во Градскиот парк, ќе присуствуваат премиерот и членови на Владата.

Дополнително, како дел од одбележувањето на Денот на Независноста, во организација на Владата, покрај многубројните пригодни манифестации, за граѓаните, од 11:00 часот во целата држава, ќе почне културната манифестација „Отворен ден за граѓаните“, во чии рамки ќе се обезбеди бесплатен влез за граѓаните во културните установи, музеи и галерии во целата Република.

Сите заинтересирани граѓани ширум државата, ќе имаат можност да ги посетат археолошките наоѓалишта „Стоби“, „Хераклеја“, „Баргала“, мегалитската опсерваторија „Кокино“,  Музејот Охрид, музеите и заводите во Прилеп, Битола, Штип и Струмица, музеите на Куманово, на Крушево и на Гевгелија, како и во Тетово: Музејот на Тетовскиот крај и Уметничката галерија. Бесплатен влез за граѓаните ќе биде и во Спомен-куќата на Тодор Проески во Крушево. Во Битола, граѓаните ќе имаат можност за бесплатен влез во Музејот на албанската азбука како и во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј, во Кичево пак, во Музејот на Западна Македонија во НОВ, додека во Струга ќе биде бесплатен влезот во Музејот д-р Никола Незлобински.

Во Скопје ќе бидат отворени за посета Археолошкиот, Природонаучниот музеј, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Македонија, Музејот на современата уметност, Националната Галерија на Македонија, Спомен-куќата на Мајка Тереза како и Конзерваторскиот центар (црквата Св. Спас).

Во Музејот на македонската борба за самостојност на 8 септември во 12:00 часот, гудачкиот квартет „Луј“ од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје ќе одржи концерт на кој ќе бидат изведени дела од Равел, Дворжак, Пјацола и други. Посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат и привремената изложба „Темелник на државноста“, посветена на клучните настани во формирањето на државата – Илинден 1903, Илинден 1944 и прогласувањето на независноста во 1991 година.

Националната опера и балет се приклучува во прославата со концерт на познати оперски арии, кој на 8 септември во 20:00 часот ќе се одржи пред платото на институцијата.

По повод Денот на независноста, во Кинотеката во 18:00 часот ќе се прикаже еден од најтрофејните македонски документарни филмови, „Медена земја“, во режија на Тамара Kотевска и Љубомир Стефанов. Во 20:00 часот ќе се прикаже филмот „Исцелител“, кој е прв дебитантски долгометражен филм на режисерот и сценарист Ѓорче Ставрески.

The post Под мотото „Гласник на слободата“ Владата со неколку активности го одбележува Денот на независноста appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Гласник на слободата“ денеска со повеќе активности, во организација  на Владата, се одбележува Денот на независноста на Република Македонија - 8 Септември. Најавена е бесплатна посета на музејски и галериски поставки во ликовните салони и археолошки локалитети низ целата држава, тактичко показни вежби и изложба на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, спортски активности во соработка со Агенцијата за млади и спорт, културно-уметнички програми, ... Активностите стартуваа синоќа во Скопје со свечена академија на тема „32 години независност“ на која се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Во рамки на чествувањето 32 години од прогласувањето на независноста на државата, изутрина во 10:00 часот, владина делегација предводена од премиерот  Ковачевски, ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во Алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје. Во делегацијата ќе бидат првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за внатрешни работи Оливер Спасовски и за здравство Фатмир Меџити. Активностите продолжуваат во ГОБ „8-ми Септември“ каде во присуство на премиерот Ковачевски и министерот Меџити ќе бидат презентирани нова опрема и апарати. Традиционално, во Собранието ќе бидат доделени државните награди „8 Септември“ за 2023 година за остварување во областа на спортот, во организација на Агенцијата за млади и спорт и Одборот за доделување на Државната награда „8 Септември“. Во Градскиот парк во Скопје, на просторот во близина на локацијата „Школка“, пак,  ќе се одржи тактичко-показни вежби на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи. На локацијата „Школка“ е предвидена и културно-уметничка програма, во рамки на која ќе учествува воениот оркестар на Армијата, културно-уметнички друштва, членовите на „Златно славејче, како и програма за деца, со учество на Театарот за деца и младинци кои ќе ја одиграат претстава „Гига Мега бајка“, во режија на Хана Миленковска, дело на Горјан Милошевски (по мотиви од Ш. Перо). Во текот на денот, на истата локација, сите заинтересирани ќе имаат можност да бидат дел од серија спортски активности организирани во соработка со Агенцијата за млади и спорт. На манифестацијата во Градскиот парк, ќе присуствуваат премиерот и членови на Владата. Дополнително, како дел од одбележувањето на Денот на Независноста, во организација на Владата, покрај многубројните пригодни манифестации, за граѓаните, од 11:00 часот во целата држава, ќе почне културната манифестација „Отворен ден за граѓаните“, во чии рамки ќе се обезбеди бесплатен влез за граѓаните во културните установи, музеи и галерии во целата Република. Сите заинтересирани граѓани ширум државата, ќе имаат можност да ги посетат археолошките наоѓалишта „Стоби“, „Хераклеја“, „Баргала“, мегалитската опсерваторија „Кокино“,  Музејот Охрид, музеите и заводите во Прилеп, Битола, Штип и Струмица, музеите на Куманово, на Крушево и на Гевгелија, како и во Тетово: Музејот на Тетовскиот крај и Уметничката галерија. Бесплатен влез за граѓаните ќе биде и во Спомен-куќата на Тодор Проески во Крушево. Во Битола, граѓаните ќе имаат можност за бесплатен влез во Музејот на албанската азбука како и во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј, во Кичево пак, во Музејот на Западна Македонија во НОВ, додека во Струга ќе биде бесплатен влезот во Музејот д-р Никола Незлобински. Во Скопје ќе бидат отворени за посета Археолошкиот, Природонаучниот музеј, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Македонија, Музејот на современата уметност, Националната Галерија на Македонија, Спомен-куќата на Мајка Тереза како и Конзерваторскиот центар (црквата Св. Спас). Во Музејот на македонската борба за самостојност на 8 септември во 12:00 часот, гудачкиот квартет „Луј“ од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје ќе одржи концерт на кој ќе бидат изведени дела од Равел, Дворжак, Пјацола и други. Посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат и привремената изложба „Темелник на државноста“, посветена на клучните настани во формирањето на државата – Илинден 1903, Илинден 1944 и прогласувањето на независноста во 1991 година. Националната опера и балет се приклучува во прославата со концерт на познати оперски арии, кој на 8 септември во 20:00 часот ќе се одржи пред платото на институцијата. По повод Денот на независноста, во Кинотеката во 18:00 часот ќе се прикаже еден од најтрофејните македонски документарни филмови, „Медена земја“, во режија на Тамара Kотевска и Љубомир Стефанов. Во 20:00 часот ќе се прикаже филмот „Исцелител“, кој е прв дебитантски долгометражен филм на режисерот и сценарист Ѓорче Ставрески.

The post Под мотото „Гласник на слободата“ Владата со неколку активности го одбележува Денот на независноста appeared first on Република.

]]>
За многу години Македонци! 32 години од независноста на Република Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-mnogu-godini-makedontsi-32-godini-od-nezavisnosta-na-republika-makedonija/ Fri, 08 Sep 2023 05:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=679821

Пред 32 години на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава, Република Македонија.

Претходно, на 25 јануари 1991 година, беше усвоена Декларацијата за независност од првото повеќепартиско македонско Собрание, а два дена подоцна пратениците го избраа Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија. Важни чекори за утврдување на државноста беа усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година, монетарното осамостојување и воведувањето на денарот на 26 април 1992, формирањето на сопствени вооружение сили.

Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година, кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, беше примена како 181. полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците од страна на Грција, која не го прифаќаше уставното име на Република Македонија, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна Југословенска Република Македонија.

Низ 32-годишното самостојно опстојување, државата помина низ низа проблеми и тешкотии. Троцифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат.

На 17 јуни 2018 година, во Прeспа, со потпишување договор меѓу Република Македонија и Грција, името на државата беше сменет во Република Cеверна Македонија. На 27 март 2020 година Македонија стана 30 членка на НАТО.

Како земја кандидат за членство во ЕУ веќе 18 години, со добиена прва препорака за почеток на преговори во 2009 година, државава сега се соочува со блокада од Бугарија, која бара промена на Уставот, како услов да го тргне ветото за почнување на преговарачкиот процес со Унијата. За да почне земјава да отвора кластери во преговорите со ЕУ Софија бара Бугарите да бидат вклучени во Уставот.

Во Собранието минатиот месец почна пленарната седница за усвојувањето на амандманите за уставни измени, но поради тоа што Владата го нема потребното двотретинско мнозинство, односно нема поддршка од опозицијата, седницата е одложена до моментто кога ќе се создадат соодветни услови, односно ќе има доволен број пратеници за да гласаат за уставните измени.

Триесет и вториот роденден државата го одбележува со стапка на невработеност од 13,1 процент, раст на БДП од 2,5 отсто, 36 527 денари просечна нето плата и инфлација од 8,3 отсто

The post За многу години Македонци! 32 години од независноста на Република Македонија appeared first on Република.

]]>

Пред 32 години на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава, Република Македонија. Претходно, на 25 јануари 1991 година, беше усвоена Декларацијата за независност од првото повеќепартиско македонско Собрание, а два дена подоцна пратениците го избраа Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија. Важни чекори за утврдување на државноста беа усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година, монетарното осамостојување и воведувањето на денарот на 26 април 1992, формирањето на сопствени вооружение сили. Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година, кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, беше примена како 181. полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците од страна на Грција, која не го прифаќаше уставното име на Република Македонија, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна Југословенска Република Македонија. Низ 32-годишното самостојно опстојување, државата помина низ низа проблеми и тешкотии. Троцифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат. На 17 јуни 2018 година, во Прeспа, со потпишување договор меѓу Република Македонија и Грција, името на државата беше сменет во Република Cеверна Македонија. На 27 март 2020 година Македонија стана 30 членка на НАТО. Како земја кандидат за членство во ЕУ веќе 18 години, со добиена прва препорака за почеток на преговори во 2009 година, државава сега се соочува со блокада од Бугарија, која бара промена на Уставот, како услов да го тргне ветото за почнување на преговарачкиот процес со Унијата. За да почне земјава да отвора кластери во преговорите со ЕУ Софија бара Бугарите да бидат вклучени во Уставот. Во Собранието минатиот месец почна пленарната седница за усвојувањето на амандманите за уставни измени, но поради тоа што Владата го нема потребното двотретинско мнозинство, односно нема поддршка од опозицијата, седницата е одложена до моментто кога ќе се создадат соодветни услови, односно ќе има доволен број пратеници за да гласаат за уставните измени. Триесет и вториот роденден државата го одбележува со стапка на невработеност од 13,1 процент, раст на БДП од 2,5 отсто, 36 527 денари просечна нето плата и инфлација од 8,3 отсто

The post За многу години Македонци! 32 години од независноста на Република Македонија appeared first on Република.

]]>
„Гласник на слободата“: Власта ќе го прославува Денот на независноста без да го наведе името на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/glasnik-na-slobodata-vlasta-ke-go-proslavuva-denot-na-nezavisnosta-bez-da-go-navede-imeto-na-drzhavata/ Thu, 07 Sep 2023 06:55:31 +0000 https://republika.mk/?p=679521

Со Свечена академија - „32 години независност“ што ќе се одржи попладнево во Филхармонијата, почнува одбележувањето на Денот на независноста.

Свечената академија на која ќе присуствува и ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски, ќе се пренесува во живо на Националната радио-телевизија, како и на каналите на социјалните мрежи на Владата.

Одбележувањето на државниот празник кое е организирано од Владата под мотото „Гласник на слободата“, продолжува утре со повеќе културни, забавни и спортски настани.

По повод 32 години од прогласувањето на независноста на државата, утре владина делегација предводена од премиерот Ковачевски, во чиј состав ќе бидат првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за здравство Фатмир Меџити, ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во Алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

Потоа премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство Фатмир Меџити заедно со директорот на ГОБ „8-ми Септември“ др. Христијан Костов, во ГОБ „8-ми Септември“ ќе присуствуваат на презентација на нова опрема и апарати.

Одбележувањето на Денот на независноста ќе продолжи во Градскиот парк во Скопје, на просторот во близина на локацијата „Школка“, каде ќе се одржат тактичко-показни вежби на единиците на Армијата на Република Македонија и на Министерството за внатрешни работи. На локацијата „Школка“ е предвидена и културно-уметничка програма, во рамки на која ќе учествува воениот оркестар на Армијата на Македонија, културно-уметнички друштва, членовите на „Златно славејче, како и програма за деца, со учество на Театарот за деца и младинци кои ќе ја одиграат претстава „Гига Мега бајка“, во режија на Хана Миленковска, дело на Горјан Милошевски (по мотиви од Ш. Перо).

Во текот на денот, на истата локација, сите заинтересирани ќе имаат можност да бидат дел од серија спортски активности организирани во соработка со Агенција за Млади и Спорт.

На манифестацијата во Градскиот парк, ќе присуствуваат претседателот на Владата Ковачевски и членови на Владата на Република Македонија.

Дополнително, како дел од одбележувањето на Денот на Независноста, во организација на Владата, покрај многубројните пригодни манифестации, за граѓаните, од 11:00 часот во целата држава, ќе почне културната манифестација „Отворен ден за граѓаните“, во чии рамки ќе се обезбеди бесплатен влез за граѓаните во културните установи, музеи и галерии во целата Република.

The post „Гласник на слободата“: Власта ќе го прославува Денот на независноста без да го наведе името на државата appeared first on Република.

]]>

Со Свечена академија - „32 години независност“ што ќе се одржи попладнево во Филхармонијата, почнува одбележувањето на Денот на независноста. Свечената академија на која ќе присуствува и ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски, ќе се пренесува во живо на Националната радио-телевизија, како и на каналите на социјалните мрежи на Владата. Одбележувањето на државниот празник кое е организирано од Владата под мотото „Гласник на слободата“, продолжува утре со повеќе културни, забавни и спортски настани. По повод 32 години од прогласувањето на независноста на државата, утре владина делегација предводена од премиерот Ковачевски, во чиј состав ќе бидат првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за здравство Фатмир Меџити, ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во Алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје. Потоа премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство Фатмир Меџити заедно со директорот на ГОБ „8-ми Септември“ др. Христијан Костов, во ГОБ „8-ми Септември“ ќе присуствуваат на презентација на нова опрема и апарати. Одбележувањето на Денот на независноста ќе продолжи во Градскиот парк во Скопје, на просторот во близина на локацијата „Школка“, каде ќе се одржат тактичко-показни вежби на единиците на Армијата на Република Македонија и на Министерството за внатрешни работи. На локацијата „Школка“ е предвидена и културно-уметничка програма, во рамки на која ќе учествува воениот оркестар на Армијата на Македонија, културно-уметнички друштва, членовите на „Златно славејче, како и програма за деца, со учество на Театарот за деца и младинци кои ќе ја одиграат претстава „Гига Мега бајка“, во режија на Хана Миленковска, дело на Горјан Милошевски (по мотиви од Ш. Перо). Во текот на денот, на истата локација, сите заинтересирани ќе имаат можност да бидат дел од серија спортски активности организирани во соработка со Агенција за Млади и Спорт. На манифестацијата во Градскиот парк, ќе присуствуваат претседателот на Владата Ковачевски и членови на Владата на Република Македонија. Дополнително, како дел од одбележувањето на Денот на Независноста, во организација на Владата, покрај многубројните пригодни манифестации, за граѓаните, од 11:00 часот во целата држава, ќе почне културната манифестација „Отворен ден за граѓаните“, во чии рамки ќе се обезбеди бесплатен влез за граѓаните во културните установи, музеи и галерии во целата Република.

The post „Гласник на слободата“: Власта ќе го прославува Денот на независноста без да го наведе името на државата appeared first on Република.

]]>
Владата го прослави Денот на независноста во тесно уличе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-go-proslavi-denot-na-nezavisnosta-vo-tesno-uliche/ Fri, 09 Sep 2022 07:28:36 +0000 https://republika.mk/?p=548932

Мизерно изледаше прославата на Денот на независноста организирана од страна на Владата. Наместо како што доликува таа да биде одблежана на плоштадот „Македонија“ со многу народ тоа се случи во Ибни Пајко“ маало.

Неразбирливо е зошто владата се одлучи за оваа локација иако партиски извори говорат дека тоа е избрано бидејќи тоа е единственото нешто што го направиле за време на нивното владеење.

Атмосферата наместо славеничка беше траорна, со стотина луѓе пред бината кои беа незаинтересирани и си гледаа во своите мобилни телефони.

Нејасен беше и слоганот „Обединети во слободата“? На овој ден Македонија не се ослободила од никого туку прогласи независност од Југославија.

Се чини дека националните празници стануваат терет на власта наместо радост и можност да се биде со народот.

The post Владата го прослави Денот на независноста во тесно уличе appeared first on Република.

]]>

Мизерно изледаше прославата на Денот на независноста организирана од страна на Владата. Наместо како што доликува таа да биде одблежана на плоштадот „Македонија“ со многу народ тоа се случи во Ибни Пајко“ маало. Неразбирливо е зошто владата се одлучи за оваа локација иако партиски извори говорат дека тоа е избрано бидејќи тоа е единственото нешто што го направиле за време на нивното владеење. Атмосферата наместо славеничка беше траорна, со стотина луѓе пред бината кои беа незаинтересирани и си гледаа во своите мобилни телефони. Нејасен беше и слоганот „Обединети во слободата“? На овој ден Македонија не се ослободила од никого туку прогласи независност од Југославија. Се чини дека националните празници стануваат терет на власта наместо радост и можност да се биде со народот.

The post Владата го прослави Денот на независноста во тесно уличе appeared first on Република.

]]>
Амбасадата на САД го честита 8 Септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ambasadata-na-sad-go-chestita-8-septemvri/ Thu, 08 Sep 2022 12:42:21 +0000 https://republika.mk/?p=548683

Амбасадата на Соединетите Американски Држави на Фејсбук го честита 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.

-Од сите нас во Амбасадата испраќаме честитки по повод 31 година од вашата независност. Честит ден на независноста – се вели во честитката.

The post Амбасадата на САД го честита 8 Септември appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на Соединетите Американски Држави на Фејсбук го честита 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.
-Од сите нас во Амбасадата испраќаме честитки по повод 31 година од вашата независност. Честит ден на независноста – се вели во честитката.

The post Амбасадата на САД го честита 8 Септември appeared first on Република.

]]>
8 септември ќе се одбележува под мотото: „Обединети во слободата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/8-septemvri-kje-se-odbelezuva-pod-mototo-obedineti-vo-slobodata/ Tue, 06 Sep 2022 16:47:51 +0000 https://republika.mk/?p=542073

Во организација на Владата, по повод чествувањето на големиот празник, 8 Септември – Денот на независноста, под мотото: „Обединети во слободата“ ќе бидат одржани повеќе свечени и културни активности во целата држава.

Централната свечена прослава, кога ја славиме сувереноста, независноста и самостојноста на нашата држава и македонскиот народ ќе се одржи во четврток на 8 септември во 19:30 часот на платото кај паркот „Ибни Пајко“ и ќе се пренесува во живо на Националната радио-телевизија, како и на каналите на социјалните мрежи на Владата - информираат од владината прес-служба.

Во рамки на централната прослава, на која ќе се обрати претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, се планирани изведби и музички солистички нумери од познати пејачи и групи, како и атрактивно шоу на диск-џокеј.

Одбележувањето на 31-годишнината од независноста на нашата татковина, на 8 септември (четврток), ќе почне во 8:45 часот, кога премиерот Димитар Ковачевски со владина делегација во состав: Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славјанка Петровска, министерка за одбрана, Беким Сали, министер за здравство како и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе оддадат почит и ќе положат свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“.

Од 10:00 часот, премиерот Ковачевски ќе присуствува на Свечената церемонија на доделување ордени од страна на претседателот на државата, Стево Пендаровски во вилата на Водно.

Од 11:00 часот до 14:00 часот, во Скопје, во Градскиот парк на „Школка“ ќе се одржи манифестација која вклучува програма за деца, со учество на Театарот за деца и младинци кои ќе ја одиграат куклената претстава „Лакомата Меца“, како и тактичко-показни вежби на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи. Во 12:30 часот, предвидено е изјави за медиумите да дадат министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Дополнително, од 11:00 часот во целата држава, ќе започне културната манифестација „Отворен ден за граѓаните“, во чии рамки се обезбедува бесплатен влез за граѓаните во културните установи, музеи и галерии во целата Република.

Сите заинтересирани граѓани, ќе имаат можност до 20:00 часот бесплатно да ги посетат археолошките наоѓалишта „Стоби“ и „Хераклеја“, Музејот Охрид и Куќата на Робевци, музеите и заводите во Прилеп, Штип и Струмица, музеите на Куманово, на Крушево и на Гевгелија и во Тетово: Музејот на Тетовскиот крај и Уметничката галерија.

Граѓаните и во Битола, имаат можност за бесплатен влез во Музејот на албанската азбука, како и Музејот на Западна Македонија во НОВ во Кичево.

Во Скопје, ќе бидат отворени, со бесплатен влез за сите заинтересирани граѓани Археолошкиот, Природонаучниот музеј, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Македонија, Музејот на современата уметност, како и Даут пашиниот амам и Чифте амамот.

The post 8 септември ќе се одбележува под мотото: „Обединети во слободата“ appeared first on Република.

]]>

Во организација на Владата, по повод чествувањето на големиот празник, 8 Септември – Денот на независноста, под мотото: „Обединети во слободата“ ќе бидат одржани повеќе свечени и културни активности во целата држава.
Централната свечена прослава, кога ја славиме сувереноста, независноста и самостојноста на нашата држава и македонскиот народ ќе се одржи во четврток на 8 септември во 19:30 часот на платото кај паркот „Ибни Пајко“ и ќе се пренесува во живо на Националната радио-телевизија, како и на каналите на социјалните мрежи на Владата - информираат од владината прес-служба.
Во рамки на централната прослава, на која ќе се обрати претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, се планирани изведби и музички солистички нумери од познати пејачи и групи, како и атрактивно шоу на диск-џокеј. Одбележувањето на 31-годишнината од независноста на нашата татковина, на 8 септември (четврток), ќе почне во 8:45 часот, кога премиерот Димитар Ковачевски со владина делегација во состав: Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славјанка Петровска, министерка за одбрана, Беким Сали, министер за здравство како и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе оддадат почит и ќе положат свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“. Од 10:00 часот, премиерот Ковачевски ќе присуствува на Свечената церемонија на доделување ордени од страна на претседателот на државата, Стево Пендаровски во вилата на Водно. Од 11:00 часот до 14:00 часот, во Скопје, во Градскиот парк на „Школка“ ќе се одржи манифестација која вклучува програма за деца, со учество на Театарот за деца и младинци кои ќе ја одиграат куклената претстава „Лакомата Меца“, како и тактичко-показни вежби на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи. Во 12:30 часот, предвидено е изјави за медиумите да дадат министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Дополнително, од 11:00 часот во целата држава, ќе започне културната манифестација „Отворен ден за граѓаните“, во чии рамки се обезбедува бесплатен влез за граѓаните во културните установи, музеи и галерии во целата Република. Сите заинтересирани граѓани, ќе имаат можност до 20:00 часот бесплатно да ги посетат археолошките наоѓалишта „Стоби“ и „Хераклеја“, Музејот Охрид и Куќата на Робевци, музеите и заводите во Прилеп, Штип и Струмица, музеите на Куманово, на Крушево и на Гевгелија и во Тетово: Музејот на Тетовскиот крај и Уметничката галерија. Граѓаните и во Битола, имаат можност за бесплатен влез во Музејот на албанската азбука, како и Музејот на Западна Македонија во НОВ во Кичево. Во Скопје, ќе бидат отворени, со бесплатен влез за сите заинтересирани граѓани Археолошкиот, Природонаучниот музеј, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Македонија, Музејот на современата уметност, како и Даут пашиниот амам и Чифте амамот.

The post 8 септември ќе се одбележува под мотото: „Обединети во слободата“ appeared first on Република.

]]>
Паралелно со 50 земји, Денот на независноста на Украина одбележан и на плоштадот „Македонија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/paralelno-so-50-zemji-denot-na-nezavisnosta-na-ukraina-odbelezan-i-na-ploshtadot-makedonija/ Wed, 24 Aug 2022 13:21:03 +0000 https://republika.mk/?p=543694

Истовремено во 50 држави во светот, вклучувајќи ја и Македонија денеска беше пуштена украинската химна по повод одбележување на 24 август – Денот на независноста на Украина. Преку формирање жив синџир, беше поставен светски рекорд за изведување на Националната химна на Украина, во рамки на глобалната иницијатива „The free world gathering“.

Одбележувањето на плоштадот „Македонија“ во Скопје го организираа Амбасадата на Украина во државава и Здружението на Украинци „Лесја Украинка“.

На одбележувањето поддршка за Украина дадоа и амбасадорите на Германија, Соединетите Американски Држави, Холандија, Шведска во Македонија.

Руман Буга, прв секретар во Украинската амбасада во Македонија, порача дека војната во Украина промени се, како и за државата, така и за Европа и за светот.

Да се потсетиме на патот по кој ние Украинците тргнавме и колку успеавме да промениме. Украинците докажаа дека се непобедливи. Им благодариме на сите кои ја покажаа својата сила во ова време, сите кои се бореа и се борат за Украина и им помогнаа на нашите војници. Благодарност и до сите наши пријатели ширум светот за помош и поддршка за Украина, додаде тој.

Олександар Урбановиќ од Здружението „Лесја Украинка“ се заблагодари на Македонија за помошта, опишувајќи ја како „мала земја со лавовско срце“.

Дадовте дури и повеќе од што можевте и никогаш нема да заборавиме. 24 Август за Украинците е најзначаен празник бидејќи независноста е токму тоа за што се бори денес Украина, порача Урбановиќ.

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешното обраќањето по повод Денот на независноста вети дека неговата земја ќе се бори против руската инвазија „до крај“ и нема да прави „никаква отстапка или компромиси“.

Инвазијата на Русија врз Украина почна пред шест месеци, а утрово одекнаа експлозии во Харков, североисточниот дел на Украина, како и во централните градови Запорожје и Днепар, соопштија локалните власти.

Украина прогласи независност од СССР на 24 август 1991 година, а нејзината независност е финализирана на 25 декември истата година. Службен јазик во државата е украинскиот, а доминантна религија е православието.

The post Паралелно со 50 земји, Денот на независноста на Украина одбележан и на плоштадот „Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Истовремено во 50 држави во светот, вклучувајќи ја и Македонија денеска беше пуштена украинската химна по повод одбележување на 24 август – Денот на независноста на Украина. Преку формирање жив синџир, беше поставен светски рекорд за изведување на Националната химна на Украина, во рамки на глобалната иницијатива „The free world gathering“. Одбележувањето на плоштадот „Македонија“ во Скопје го организираа Амбасадата на Украина во државава и Здружението на Украинци „Лесја Украинка“. На одбележувањето поддршка за Украина дадоа и амбасадорите на Германија, Соединетите Американски Држави, Холандија, Шведска во Македонија. Руман Буга, прв секретар во Украинската амбасада во Македонија, порача дека војната во Украина промени се, како и за државата, така и за Европа и за светот.
Да се потсетиме на патот по кој ние Украинците тргнавме и колку успеавме да промениме. Украинците докажаа дека се непобедливи. Им благодариме на сите кои ја покажаа својата сила во ова време, сите кои се бореа и се борат за Украина и им помогнаа на нашите војници. Благодарност и до сите наши пријатели ширум светот за помош и поддршка за Украина, додаде тој.
Олександар Урбановиќ од Здружението „Лесја Украинка“ се заблагодари на Македонија за помошта, опишувајќи ја како „мала земја со лавовско срце“.
Дадовте дури и повеќе од што можевте и никогаш нема да заборавиме. 24 Август за Украинците е најзначаен празник бидејќи независноста е токму тоа за што се бори денес Украина, порача Урбановиќ.
  Украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешното обраќањето по повод Денот на независноста вети дека неговата земја ќе се бори против руската инвазија „до крај“ и нема да прави „никаква отстапка или компромиси“. Инвазијата на Русија врз Украина почна пред шест месеци, а утрово одекнаа експлозии во Харков, североисточниот дел на Украина, како и во централните градови Запорожје и Днепар, соопштија локалните власти. Украина прогласи независност од СССР на 24 август 1991 година, а нејзината независност е финализирана на 25 декември истата година. Службен јазик во државата е украинскиот, а доминантна религија е православието.

The post Паралелно со 50 земји, Денот на независноста на Украина одбележан и на плоштадот „Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Струга ќе го одбележува Денот на неавиноста на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/struga-kje-go-odbelezuva-denot-na-neavinosta-na-kosovo/ Thu, 03 Feb 2022 12:55:01 +0000 https://republika.mk/?p=453602

Градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко денеска го посети Конзулатот на Република Косово во Струга и оствари средба со конзулот Агим Красниќи.

На средбата, како што соопшти општинската прес-служба, било разговарано за долгогодишната соработка меѓу Струга и Република Косово, како и за одбележувањето на Денот на независноста во Косово.

Соработката меѓу Струга и Република Косово има долга историја. Во духот на оваа соработка очекуваме реализација на низа проекти и збратимување меѓу повеќе општини и основни и средни училишта. Се разговараше и за одбележувањето на Денот на независноста на Република Косово, проблемите со кои се соочуваат граѓаните и посветеноста на институциите да ги разгледаат и реализираат нивните барања, стои во соопштението.

Градоначалникот Мерко, како што е наведено, изразил задоволство што Република Косово има конзул во Струга, што ја олеснува соработката со косовските општини.

The post Струга ќе го одбележува Денот на неавиноста на Косово appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко денеска го посети Конзулатот на Република Косово во Струга и оствари средба со конзулот Агим Красниќи. На средбата, како што соопшти општинската прес-служба, било разговарано за долгогодишната соработка меѓу Струга и Република Косово, како и за одбележувањето на Денот на независноста во Косово.
Соработката меѓу Струга и Република Косово има долга историја. Во духот на оваа соработка очекуваме реализација на низа проекти и збратимување меѓу повеќе општини и основни и средни училишта. Се разговараше и за одбележувањето на Денот на независноста на Република Косово, проблемите со кои се соочуваат граѓаните и посветеноста на институциите да ги разгледаат и реализираат нивните барања, стои во соопштението.
Градоначалникот Мерко, како што е наведено, изразил задоволство што Република Косово има конзул во Струга, што ја олеснува соработката со косовските општини.

The post Струга ќе го одбележува Денот на неавиноста на Косово appeared first on Република.

]]>