ден на нато Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/den-na-nato/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Mar 2024 08:56:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ден на нато Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/den-na-nato/ 32 32 Во Тетово утре изменет сообраќаен режим поради одбележување на Денот на НАТО https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vo-tetovo-utre-izmenet-soobrakaen-rezhim-poradi-odbelezhuvane-na-denot-na-nato/ Sat, 16 Mar 2024 09:24:07 +0000 https://republika.mk/?p=755336

СВР Тетово најави дека во недела од 9 до 17 часот во градот ќе има изменет сообраќаен режим поради одбележување на Денот на НАТО и четири години полноправно членство на Македонија. На градскиот плоштад во Тетово ќе биде организиран настан во организација на Министерството за одбрана.

По повод 17 март Денот на НАТО и четири години полноправно членство во оваа организација, на Градскиот плоштад во Тетово ќе биде организиран, односно ќе се одржи техничко-тактички збор, чиј носител е Министерството за одбрана.Со цел непречено и безбедно да се одвива техничко-тактичкиот збор и сообраќајот во централното тетовско подрачје, СВР Тетово од 9 до 17 часот ќе воведе посебен сообраќаен режим. Одвивањето на сообраќајот на овие улици ќе го регулираат полициски службеници и до возачите се апелира целосно да ги почитуваат нивните наредби и насоки и да имаат трпение и разбирање за измените на сообраќајниот режим, информираат од СВР Тетово.

Во овој период ќе биде дозволено движење на возилата по улица „Илинденска“ до кружниот тек со улица „Маршал Тито“, по улицата „Тодор Циповски-Мерџан“ до крстосницата со улицата „Страшо Пинџур“, по улицата „Страшо Пинџур“ до крстосницата со улицата „Никола Тесла“ и по улицата „Маршал Тито“ до крстосницата со улицата „Јане Сандански“.

The post Во Тетово утре изменет сообраќаен режим поради одбележување на Денот на НАТО appeared first on Република.

]]>

Петровска: Ние сме на праведната страна на историјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-nie-sme-na-pravednata-strana-na-istorijata/ Mon, 04 Apr 2022 09:19:46 +0000 https://republika.mk/?p=482998

Патот кон НАТО го трасиравме одамна, во далечната 1993 година, а по речиси три децении ја минавме и целта. Гледано од денешна перспектива, сосема е јасно – станавме членка на Алијансата во вистински момент. Тоа ја потврдува исправноста на нашите разумни, храбри и прагматични одлуки. Со членството во НАТО стабилноста на државата не може да биде разнишана, а безбедноста здружено ја гарантираат Македонија и 29-те сојузници, рече денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска во обраќањето на настанот „Денот на НАТО – 4 Април“.

Петровска порача, „ние сме НАТО, а Денот на НАТО е и наш ден, ние сме на праведната страна на историјата. Цврсто веруваме во принципот на Алијансата: еден за сите – сите за еден.“

Не дозволивме фрустрацијата од чекалната во НАТО да не поколеба. За сето време демонстриравме капацитет и историска мудрост, но не ја загубивме и амбицијата да бидеме уште подобри дури и кога го минавме прагот на НАТО. Денес повторно сме соочени со предизвици, со немилосрдна војна. Оваа криза покажува колку е непредвидлив светот во кој живееме и колку е важно да имаме сојузници, подвлече министерката.

Таа напомена и дека земјава е рекордер по брзината со која го заврши процесот на воена интеграција во Алијансата. Ние сме, додаде, целосно посветени на колективната одбрана и на одвраќањето на секоја потенцијална закана.

Со досега невидени инвестиции во опрема и модернизација, ја зацврстуваме нашата сила на копно, а заедно со НАТО го зацврстивме нашиот суверенитет и во воздух. Не ја изгубивме амбицијата да бидеме уште подобри, дури и кога го минавме прагот на НАТО. Рекордери сме во брзината со која го завршивме процесот на воена интеграција во Алијансата кој за нас траеше само 19 месеци по членството. Со над 30 проценти од одбранбениот буџет наменет за опремување и модернизација, денеска сме дел од 24-те сојузници кои веќе ги исполнија насоките од Самитот на НАТО во Велс, а посветени сме да го исполниме и вториот критериум – до 2024 година да одвојуваме два процента од бруто-домашниот производ годишно за одбраната и Армијата. Имајќи предвид дека го дуплиравме нашиот одбранбен буџет за само четири години, немам сомнеж дека ќе ја достигнеме и оваа цел, истакна Петровска.

Настанот „Денот на НАТО – 4 Април“ традиционално го организира Евроатлантскиот совет на Македонија и на него, покрај одбележувањето на годишнината од потпишувањето на Вашингтонскиот договор и формирањето на НАТО, јавноста се информира за развојот на настаните на глобално ниво, придонесот на државава и бенефитите од членството во Алијансата. На настанот се презентираат и реформите и напредокот на годишно ниво, со посебен осврт на Армијата. Оваа година посебен фокус е ставен на пандемијата и војната во Украина, во пресрет на Самитот на НАТО во Мадрид.

Пред присутните, освен министерката Петровска, се обратија и премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на Евроатланскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани и американската амбасадорка Кејт Брнз.

The post Петровска: Ние сме на праведната страна на историјата appeared first on Република.

]]>

Патот кон НАТО го трасиравме одамна, во далечната 1993 година, а по речиси три децении ја минавме и целта. Гледано од денешна перспектива, сосема е јасно – станавме членка на Алијансата во вистински момент. Тоа ја потврдува исправноста на нашите разумни, храбри и прагматични одлуки. Со членството во НАТО стабилноста на државата не може да биде разнишана, а безбедноста здружено ја гарантираат Македонија и 29-те сојузници, рече денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска во обраќањето на настанот „Денот на НАТО – 4 Април“. Петровска порача, „ние сме НАТО, а Денот на НАТО е и наш ден, ние сме на праведната страна на историјата. Цврсто веруваме во принципот на Алијансата: еден за сите – сите за еден.“
Не дозволивме фрустрацијата од чекалната во НАТО да не поколеба. За сето време демонстриравме капацитет и историска мудрост, но не ја загубивме и амбицијата да бидеме уште подобри дури и кога го минавме прагот на НАТО. Денес повторно сме соочени со предизвици, со немилосрдна војна. Оваа криза покажува колку е непредвидлив светот во кој живееме и колку е важно да имаме сојузници, подвлече министерката.
Таа напомена и дека земјава е рекордер по брзината со која го заврши процесот на воена интеграција во Алијансата. Ние сме, додаде, целосно посветени на колективната одбрана и на одвраќањето на секоја потенцијална закана.
Со досега невидени инвестиции во опрема и модернизација, ја зацврстуваме нашата сила на копно, а заедно со НАТО го зацврстивме нашиот суверенитет и во воздух. Не ја изгубивме амбицијата да бидеме уште подобри, дури и кога го минавме прагот на НАТО. Рекордери сме во брзината со која го завршивме процесот на воена интеграција во Алијансата кој за нас траеше само 19 месеци по членството. Со над 30 проценти од одбранбениот буџет наменет за опремување и модернизација, денеска сме дел од 24-те сојузници кои веќе ги исполнија насоките од Самитот на НАТО во Велс, а посветени сме да го исполниме и вториот критериум – до 2024 година да одвојуваме два процента од бруто-домашниот производ годишно за одбраната и Армијата. Имајќи предвид дека го дуплиравме нашиот одбранбен буџет за само четири години, немам сомнеж дека ќе ја достигнеме и оваа цел, истакна Петровска.
Настанот „Денот на НАТО – 4 Април“ традиционално го организира Евроатлантскиот совет на Македонија и на него, покрај одбележувањето на годишнината од потпишувањето на Вашингтонскиот договор и формирањето на НАТО, јавноста се информира за развојот на настаните на глобално ниво, придонесот на државава и бенефитите од членството во Алијансата. На настанот се презентираат и реформите и напредокот на годишно ниво, со посебен осврт на Армијата. Оваа година посебен фокус е ставен на пандемијата и војната во Украина, во пресрет на Самитот на НАТО во Мадрид. Пред присутните, освен министерката Петровска, се обратија и премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на Евроатланскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани и американската амбасадорка Кејт Брнз.