Ден на музеите Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/den-na-muzeite/ За подобро да се разбереме Sat, 18 May 2024 10:47:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ден на музеите Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/den-na-muzeite/ 32 32 Бисера Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bisera-kostadinovska-stojchevska-muzeite-imaat-zashtitnichka-uloga-za-nashata-istorija-kultura-i-identitet/ Sat, 18 May 2024 10:47:37 +0000 https://republika.mk/?p=779492

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на сите музејски работници им го честита Меѓународниот ден на музеите, за кои вели дека се огледало на минатото и на нашето културно наследство.

На 18 мај, Меѓународниот ден на музеите ја нагласуваме нивната заштитничка улога на историјата, културата и македонскиот идентитет. Музеите се инспирација за креативност, истражување и критика, уникатни локации за интерпретација на уметноста, археологијата и науката.

Со честитката до сите музејски работници ја нагласувам нивната посветеност во заштита на дејноста и придонесот за едукација на младите генерации во справувањето со комплексните општествени предизвици.

Денеска ја подигаме свеста и го насочуваме вниманието кон важноста на музејските институции со отворање на нивните врати за граѓаните.

Министерството за култура поддржува голем број проекти на музеите во остварување на заедничката цел за достојно почитување и вреднување на културата и културното наследство“, вели во честитката Костадиновска-Стојчевска.

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое денеска се одбележува Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, датум кој музејските институции низ светот со разновидни активности го одбележуваат од 1977 година.

На овој ден, музеите во земјава традиционално ги отворат своите врати и овозможуваат бесплатен влез за посетителите кои можат да ги видат актуелните изложби и да се запознаат со движното културно богатство.

Меѓународниот ден на музеите традиционално се одбележува секоја година на 18 мај со цел промоција на значењето на музејските институции во современото општество. Денот посветен на музеите е утврден од Меѓународниот совет на музеите – ИКОМ (ICOM – International Council Of Museums) со седиште во Париз.

The post Бисера Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет appeared first on Република.

]]>

Лица со попреченост ќе сликаат виножито в четврток на Денот на музеите во Неготино https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/litsa-so-poprechenost-ke-slikaat-vinozhito-v-chetvrtok-na-denot-na-muzeite-vo-negotino/ Wed, 17 May 2023 08:36:19 +0000 https://republika.mk/?p=641632

Лица со попреченост ќе сликаат виножито во четврток на Денот на музеите во Неготино, информираше попладнево, Драгица Чекорова, директорка на неготинскиот градски музеј.

– По повод 18 Мај, Меѓународниот ден на музеите, Музеј на град Неготино заедно со „Порака” од Неготино, организира ликовен хепенинг кој ќе се реализира во дворот на музејот. На ликовниот хепенинг ќе се создаваат ликовни дела од страна на лицата со попреченост од „Порака”,  ќе ги сликаат боите на виножитото. Целта на настанот е да покажеме дека различноста спојува а не раздвојува и дека сите луѓе имаат можности, само треба да се препознаат тие можности и да им се даде поддршка да бидат креативни, соопшти Чекорова.

Таа додаде дека целта на овој хепенинг, исто така, е, лицата со попреченост, како и сите други, да го меморираат 18 Мај како Меѓународен ден на музеите, а воедно и да ја доживеат атмосферата на создавање на ликовни дела.

The post Лица со попреченост ќе сликаат виножито в четврток на Денот на музеите во Неготино appeared first on Република.

]]>

Лица со попреченост ќе сликаат виножито во четврток на Денот на музеите во Неготино, информираше попладнево, Драгица Чекорова, директорка на неготинскиот градски музеј. – По повод 18 Мај, Меѓународниот ден на музеите, Музеј на град Неготино заедно со „Порака” од Неготино, организира ликовен хепенинг кој ќе се реализира во дворот на музејот. На ликовниот хепенинг ќе се создаваат ликовни дела од страна на лицата со попреченост од „Порака”,  ќе ги сликаат боите на виножитото. Целта на настанот е да покажеме дека различноста спојува а не раздвојува и дека сите луѓе имаат можности, само треба да се препознаат тие можности и да им се даде поддршка да бидат креативни, соопшти Чекорова. Таа додаде дека целта на овој хепенинг, исто така, е, лицата со попреченост, како и сите други, да го меморираат 18 Мај како Меѓународен ден на музеите, а воедно и да ја доживеат атмосферата на создавање на ликовни дела.

The post Лица со попреченост ќе сликаат виножито в четврток на Денот на музеите во Неготино appeared first on Република.

]]>