Ден на македонскиот јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/den-na-makedonskiot-jazik/ За подобро да се разбереме Sun, 05 May 2024 11:19:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ден на македонскиот јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/den-na-makedonskiot-jazik/ 32 32 Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик: Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pendarovski-po-povod-denot-na-makedonskiot-jazik-se-dodeka-go-zboruvame-se-dodeka-sozdavame-i-tvorime-na-makedonski-nashiot-jazik-ke-postoi-i-site-negovi-iratsionalni-negatsii-ke-bidat-bespredmetni/ Sun, 05 May 2024 09:32:34 +0000 https://republika.mk/?p=774437

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака:

Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на македонскиот јазик низ вековите конечно добива своја рамка и се формализира. Од првите црковнословенски ракописи од 10 век, преку јасно пројавената свест за неговата посебност во деветнаесеттиот век, што кулминира со делото на Мисирков, па понатаму преку Рацин до Конески, Кепески, Лапе..., сè до ден-денешен, македонскиот јазик се развива и се збогатува зацврстувајќи ја својата позиција во светското семејство на јазиците. Македонскиот јазик како официјален јазик во нашата татковина го зборуваат нашите граѓани, многубројните Македонци во дијаспората, но и многу вљубеници и почитувачи слависти-македонисти низ целиот свет.

Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни. Сè додека се живи говорителите ќе биде жив и јазикот, и сè додека е жив македонскиот јазик ќе постои и нашиот македонски идентитет. Затоа да го чуваме и да го негуваме, и секогаш да ги ползуваме најблагите и најубавите зборови изразувајќи си почит, внимание и љубов.

The post Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик: Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни appeared first on Република.

]]>

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака:
Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на македонскиот јазик низ вековите конечно добива своја рамка и се формализира. Од првите црковнословенски ракописи од 10 век, преку јасно пројавената свест за неговата посебност во деветнаесеттиот век, што кулминира со делото на Мисирков, па понатаму преку Рацин до Конески, Кепески, Лапе..., сè до ден-денешен, македонскиот јазик се развива и се збогатува зацврстувајќи ја својата позиција во светското семејство на јазиците. Македонскиот јазик како официјален јазик во нашата татковина го зборуваат нашите граѓани, многубројните Македонци во дијаспората, но и многу вљубеници и почитувачи слависти-македонисти низ целиот свет. Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни. Сè додека се живи говорителите ќе биде жив и јазикот, и сè додека е жив македонскиот јазик ќе постои и нашиот македонски идентитет. Затоа да го чуваме и да го негуваме, и секогаш да ги ползуваме најблагите и најубавите зборови изразувајќи си почит, внимание и љубов.  

The post Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик: Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни appeared first on Република.

]]>
Една приказна, а повеќе генерации – стихови за Денот на македонскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/edna-prikazna-a-poveke-generatsii-stihovi-za-denot-na-makedonskiot-jazik/ Tue, 09 May 2023 08:04:22 +0000 https://republika.mk/?p=638618

Послушајте Македонци! Јазикот е единствената наша татковина“, „Милоста кон родниот јазик е наш долг и наше право“, „Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки“, Тамо зората греит душата и с'нце светло зајдвит в гората“, „Кажете ѝ на мајка ми нека не жали оти сепак ние ќе победиме!“, „Кога ја љубев Дениција, како да учествував во создавањето на првата македонска држава“, „Со една надеж, за трошка љубов, за малку среќа, живееме“, како и „За овој свет, кој ни е единствен, и со детска насмевка треба да се бориме. За овој свет!“.

Свечена беше вечерта над македонското небо, достојна за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик, кога цитати кои будат длабоки чувства за македонскиот идентитет, литература и култура, за нашата самобитност, гордо и моќно беа прикажани преку видеопроекции на повеќе објекти во државава.

Стиховите на Блаже Конески, Крсте Петков Мисирков, Григор Прличев, Константин Миладинов, Марко Цепенков, Кочо Рацин, Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски, Ацо Караманов, Ацо Шопов, Видое Подгорец, Лазо Каровски, Влатко Стефановски, Тоше Проески и Весна Малинова се една приказна која поврзува повеќе генерации дејци и писатели, преку чии мисли и стихови се гради слика на македонската историја.

https://www.youtube.com/watch?v=KrZ6lTJSmc0

The post Една приказна, а повеќе генерации – стихови за Денот на македонскиот јазик appeared first on Република.

Ковачевски во Њујорк: Со заштитата на македонскиот јазик ја заштитивме и суштината на нашето постоење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-vo-nujork-so-zashtitata-na-makedonskiot-jazik-ja-zashtitivme-i-sushtinata-na-nasheto-postoene/ Sat, 06 May 2023 08:32:30 +0000 https://republika.mk/?p=637562

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, во рамки на посетата на САД, се обрати на прием по повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик.

Во продолжение ви го пренесуваме обраќањето на премиерот:

„Денеска, 5 мај, оддаваме почит на македонскиот јазик и на сите создатели на писмениот, литературен и стандарден македонски јазик. Владата на Република Македонија во 2019 година овој ден го прогласи за Ден на македонскиот јазик во чест на 5 мај 1945 година кога Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо во државата.

Се гордеам што како држава, како народ, успеавме да добиеме шанса и статусот на македонскиот стандарден јазик да го втемелиме во европското законодавство. Да биде признат и почитуван од нашите меѓународни пријатели, дипломати, државници, да биде рамноправен со сите други јазици кои се зборуваат во Европската Унија. Знае професорот Малески којшто е тука и амбасадорот Фрчковски какви се предизвици имавме и имале и какви јас имав во делот на преговорите на практично внесување на македонскиот јазик во ОН потоа во НАТО, финално во јазиците на ЕУ, меѓутоа со потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС и неговата ратификација, македонскиот јазик се издигна на рамноправно рамниште со сите други јазици кои се зборуваат во Европската Унија.

Тоа е практично прв договор кој е потпишан на сите јазици во ЕУ и на македонски јазик и одобрен од сите членки на ЕУ вклучително Грција и Бугарија.

Со заштитата на македонскиот јазик го заштитивме и нашиот идентитет, нашата култура и ги втемеливме како дел од мозаикот на европските јазици и европската разноликост. Македонскиот јазик го обликува нашиот идентитет, нашето културно наследство, па затоа нашиот услов од кој не отстапивме пред почетокот на преговорите беше македонскиот јазик да биде службен и единствен официјален јазик. Историски успех е што на македонски јазик ќе се зборува официјално и во Брисел и во сите европски престолнини. За идентитетот и јазикот не постојат фусноти, додавки, објаснувања, ѕвездички – македонски јазик е македонски јазик!

Почитувани пријатели и драги гости,

Јазикот е коренот од кој растеме. Тој е нашиот столб на образованието, културата, на нашата национална смисла. Со тоа што го заштитивме јазикот, ја заштитивме и суштината на нашето постоење.

Вклучувањето на македонскиот јазик во светската ризница на јазици е еден од приоритетите на Владата. Во соработка со Институтот за македонски јазик дадовме поддршка за активности за негова континуирана афирмација. Овде ќе ја спомнам интернет-платформата makedonski.gov.mk на која е поставен дигитализираниот „Толковен речник на македонскиот јазик“. Се гордеам што тој бесплатен дигитален толковен речник е достапен насекаде во светот, вклучително и на вас кои сте тука присутни, на вашите пријатели, на вашите роднини кои денес не можеа да бидат со нас. И насекаде во светот на нашите граѓани, соседи, на нашинците во дијаспората, на научниците, лингвисти, писатели, бизнисмени, сите кои сакаат да го користат македонскиот јазик.

Толковниот речник се надоврза на претходната иницијатива на Владата кога беше дигитализиран и Правописот на македонскиот јазик.

Владата останува посветена на развојот и афирмацијата на македонскиот јазик. Влгот во јазикот е влог во иднината на нашата земја, затоа и оваа година и минатата ги зајакнавме капацитетите на институтот за македонски јазик, ги вработивме 24 нови научници кои го сочуваат македонскиот јазик и тоа е обврска на сите нас кои што во моментов ја имаме честа и одговорноста да ја водиме Владата, а пред се моја одговорност и обврска е да го предадеме сето тоа во наследство на нашите поколенија.

Благодарам за присуството, благодарам на овие познати наши изведувачи тука кои што ќе изведат неколку наши нумери. Благодарам и на овој млад господин тука што е со нас, јас во текот на овие денови успеав да ја посетам и синагогата во Њујорк каде што практично е синагогата и на нашите битолски Евреи кои што се дојдени овде, со кои навистина имавме емотивно дружење завчера.“

The post Ковачевски во Њујорк: Со заштитата на македонскиот јазик ја заштитивме и суштината на нашето постоење appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, во рамки на посетата на САД, се обрати на прием по повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик. Во продолжение ви го пренесуваме обраќањето на премиерот:
„Денеска, 5 мај, оддаваме почит на македонскиот јазик и на сите создатели на писмениот, литературен и стандарден македонски јазик. Владата на Република Македонија во 2019 година овој ден го прогласи за Ден на македонскиот јазик во чест на 5 мај 1945 година кога Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо во државата. Се гордеам што како држава, како народ, успеавме да добиеме шанса и статусот на македонскиот стандарден јазик да го втемелиме во европското законодавство. Да биде признат и почитуван од нашите меѓународни пријатели, дипломати, државници, да биде рамноправен со сите други јазици кои се зборуваат во Европската Унија. Знае професорот Малески којшто е тука и амбасадорот Фрчковски какви се предизвици имавме и имале и какви јас имав во делот на преговорите на практично внесување на македонскиот јазик во ОН потоа во НАТО, финално во јазиците на ЕУ, меѓутоа со потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС и неговата ратификација, македонскиот јазик се издигна на рамноправно рамниште со сите други јазици кои се зборуваат во Европската Унија. Тоа е практично прв договор кој е потпишан на сите јазици во ЕУ и на македонски јазик и одобрен од сите членки на ЕУ вклучително Грција и Бугарија. Со заштитата на македонскиот јазик го заштитивме и нашиот идентитет, нашата култура и ги втемеливме како дел од мозаикот на европските јазици и европската разноликост. Македонскиот јазик го обликува нашиот идентитет, нашето културно наследство, па затоа нашиот услов од кој не отстапивме пред почетокот на преговорите беше македонскиот јазик да биде службен и единствен официјален јазик. Историски успех е што на македонски јазик ќе се зборува официјално и во Брисел и во сите европски престолнини. За идентитетот и јазикот не постојат фусноти, додавки, објаснувања, ѕвездички – македонски јазик е македонски јазик! Почитувани пријатели и драги гости, Јазикот е коренот од кој растеме. Тој е нашиот столб на образованието, културата, на нашата национална смисла. Со тоа што го заштитивме јазикот, ја заштитивме и суштината на нашето постоење. Вклучувањето на македонскиот јазик во светската ризница на јазици е еден од приоритетите на Владата. Во соработка со Институтот за македонски јазик дадовме поддршка за активности за негова континуирана афирмација. Овде ќе ја спомнам интернет-платформата makedonski.gov.mk на која е поставен дигитализираниот „Толковен речник на македонскиот јазик“. Се гордеам што тој бесплатен дигитален толковен речник е достапен насекаде во светот, вклучително и на вас кои сте тука присутни, на вашите пријатели, на вашите роднини кои денес не можеа да бидат со нас. И насекаде во светот на нашите граѓани, соседи, на нашинците во дијаспората, на научниците, лингвисти, писатели, бизнисмени, сите кои сакаат да го користат македонскиот јазик. Толковниот речник се надоврза на претходната иницијатива на Владата кога беше дигитализиран и Правописот на македонскиот јазик. Владата останува посветена на развојот и афирмацијата на македонскиот јазик. Влгот во јазикот е влог во иднината на нашата земја, затоа и оваа година и минатата ги зајакнавме капацитетите на институтот за македонски јазик, ги вработивме 24 нови научници кои го сочуваат македонскиот јазик и тоа е обврска на сите нас кои што во моментов ја имаме честа и одговорноста да ја водиме Владата, а пред се моја одговорност и обврска е да го предадеме сето тоа во наследство на нашите поколенија. Благодарам за присуството, благодарам на овие познати наши изведувачи тука кои што ќе изведат неколку наши нумери. Благодарам и на овој млад господин тука што е со нас, јас во текот на овие денови успеав да ја посетам и синагогата во Њујорк каде што практично е синагогата и на нашите битолски Евреи кои што се дојдени овде, со кои навистина имавме емотивно дружење завчера.“

The post Ковачевски во Њујорк: Со заштитата на македонскиот јазик ја заштитивме и суштината на нашето постоење appeared first on Република.

]]>
Џамбазов: На македонски плачевме, на македонски се молиме, пееме и сакаме, на македонски веруваме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhambazov-na-makedonski-plachevme-na-makedonski-se-molime-peeme-i-sakame-na-makedonski-veruvame/ Fri, 05 May 2023 16:20:14 +0000 https://republika.mk/?p=637415

Актерот и шоумен, Игор Џамбазов, објави јавна порака по повод Денот на македонскиот јазик.

The post Џамбазов: На македонски плачевме, на македонски се молиме, пееме и сакаме, на македонски веруваме appeared first on Република.

Шаќири: Градиме квалитетно образование кое е темел за унапредување и афирмација на македонскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-gradime-kvalitetno-obrazovanie-koe-e-temel-za-unapreduvanje-i-afirmacija-na-makedonskiot-jazik/ Thu, 05 May 2022 12:56:45 +0000 https://republika.mk/?p=498063

Негувањето, заштитата, унапредувањето и афирмацијата на македонскиот јазик може да се издига само врз цврсти темели, што ги поставува образованието. Оттука и важноста на континуираното вложување во подобрувањето и развојот на образованието, што за оваа Влада и за Министерството за образование и наука е приоритет, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на одбележувањето на Денот на македонскиот јазик, во организација на Министерството за култура.

Министерот нагласи дека темелната реформа на образованието што почна оваа учебна година, продолжува етапно и следната.

Оваа година учениците од прво и четврто одделение изучуваа македонски јазик од нови материјали за учење, а следната учебна година јазични компетенции од нови учебници ќе стекнуваат и учениците од второ и од петто одделение. Во тек е Јавниот оглас за рецензенти на учебници и ги поканувам наставниците кои ги исполнуваат условите да се пријават, затоа што стручното вреднување на учебниците ги ослободува од грешки, посочи Шаќири.

Нагласувајќи ја клучната улога на наставникот во градењето правилен однос на ученикот кон стандардниот македонски јазик и неговите правописни правила, министерот Шаќири укажа на важноста на педагошките факултети во создавањето квалитетни наставници, кои ја  воспитуваат и обрзуваат иднината на оваа држава.

Добрите наставници се пресудни за добро образование. Ме радува што оваа академска година бројот на запишани студенти во прва година, во прв циклус на студии на студиската програма по македонски јазик е речиси двојно поголем од минатата година.  Во 2021/22 запишани се 25 студенти, наспроти 14 во академската 2020/21. Ова е резултат на активните политики за стипендирање на Министерството за образование и наука, со кои ги поттикнуваме студентите да ги одберат токму програмите за образование на наставен кадар, укажа министерот.

МОН воведе посебна категорија на стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, кои постигнале особено висок успех во учењето од првата до тековно запишаната студиска година, најмалку 8,00 просечен успех и тоа за студенти запишани на студиски програми по македонски јазик, македонска книжевност и јужнословенски книжевности.

Во делот на науката, Министерството за образование и наука го финансира работењето на Јавната научна установа Институт за македонски јазик ,,Крсте Мисирков‘‘Скопје, вклучувајќи ја издавачката дејност, учеството на меѓународни конкурси и научни конференции во странство како  и организација на научни собири во земјата. Лани, Министерството за образование и наука ја поддржа и ја операционализира одлуката за трајно откупување на материјалните права од составувачите на Толковниот речник на македонскиот јазик и тој е сега јавен ресурс, достапен за сите што сакаат да го користат македонскиот јазик, граѓаните на Македонија,  сонародниците од македонската дијаспора и сите други заинтересирани поединци, научници и деловни луѓе во целиот свет.

Осврнувајќи се на актуелните предизвици поврзани со македонскиот јазик, министерот Шаќири потенцираше дека клучот за нивно надминување се наоѓа во научната мисла, која потврдува дека македонскиот јазик има и просторен и временски континуум, ги има поминато сите фази на создавање, кодификација, пробив и препознавање, и денес е меѓународно признат како посебен јазик и е дел од светската ризница на јазици.

Денот на македонскиот јазик се одбележува по четврти пат, во чест на 5 мај 1945 година, кога тогашната Влада на Народна Република Македонија ја усвојува азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

The post Шаќири: Градиме квалитетно образование кое е темел за унапредување и афирмација на македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>

Негувањето, заштитата, унапредувањето и афирмацијата на македонскиот јазик може да се издига само врз цврсти темели, што ги поставува образованието. Оттука и важноста на континуираното вложување во подобрувањето и развојот на образованието, што за оваа Влада и за Министерството за образование и наука е приоритет, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на одбележувањето на Денот на македонскиот јазик, во организација на Министерството за култура. Министерот нагласи дека темелната реформа на образованието што почна оваа учебна година, продолжува етапно и следната.
Оваа година учениците од прво и четврто одделение изучуваа македонски јазик од нови материјали за учење, а следната учебна година јазични компетенции од нови учебници ќе стекнуваат и учениците од второ и од петто одделение. Во тек е Јавниот оглас за рецензенти на учебници и ги поканувам наставниците кои ги исполнуваат условите да се пријават, затоа што стручното вреднување на учебниците ги ослободува од грешки, посочи Шаќири.
Нагласувајќи ја клучната улога на наставникот во градењето правилен однос на ученикот кон стандардниот македонски јазик и неговите правописни правила, министерот Шаќири укажа на важноста на педагошките факултети во создавањето квалитетни наставници, кои ја  воспитуваат и обрзуваат иднината на оваа држава.
Добрите наставници се пресудни за добро образование. Ме радува што оваа академска година бројот на запишани студенти во прва година, во прв циклус на студии на студиската програма по македонски јазик е речиси двојно поголем од минатата година.  Во 2021/22 запишани се 25 студенти, наспроти 14 во академската 2020/21. Ова е резултат на активните политики за стипендирање на Министерството за образование и наука, со кои ги поттикнуваме студентите да ги одберат токму програмите за образование на наставен кадар, укажа министерот.
МОН воведе посебна категорија на стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, кои постигнале особено висок успех во учењето од првата до тековно запишаната студиска година, најмалку 8,00 просечен успех и тоа за студенти запишани на студиски програми по македонски јазик, македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Во делот на науката, Министерството за образование и наука го финансира работењето на Јавната научна установа Институт за македонски јазик ,,Крсте Мисирков‘‘Скопје, вклучувајќи ја издавачката дејност, учеството на меѓународни конкурси и научни конференции во странство како  и организација на научни собири во земјата. Лани, Министерството за образование и наука ја поддржа и ја операционализира одлуката за трајно откупување на материјалните права од составувачите на Толковниот речник на македонскиот јазик и тој е сега јавен ресурс, достапен за сите што сакаат да го користат македонскиот јазик, граѓаните на Македонија,  сонародниците од македонската дијаспора и сите други заинтересирани поединци, научници и деловни луѓе во целиот свет. Осврнувајќи се на актуелните предизвици поврзани со македонскиот јазик, министерот Шаќири потенцираше дека клучот за нивно надминување се наоѓа во научната мисла, која потврдува дека македонскиот јазик има и просторен и временски континуум, ги има поминато сите фази на создавање, кодификација, пробив и препознавање, и денес е меѓународно признат како посебен јазик и е дел од светската ризница на јазици. Денот на македонскиот јазик се одбележува по четврти пат, во чест на 5 мај 1945 година, кога тогашната Влада на Народна Република Македонија ја усвојува азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

The post Шаќири: Градиме квалитетно образование кое е темел за унапредување и афирмација на македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>
Се одбележува Денот на македонскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/se-odbelezuva-denot-na-makedonskiot-jazik/ Thu, 05 May 2022 06:27:23 +0000 https://republika.mk/?p=497806

Со неколку настани денеска ќе биде одбележан Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, кој беше прогласен во 2019 година со одлука на Владата.

На овој ден во 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и правописот на македонскиот јазик. Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со основоположничките дела на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.

Од тој момент, македонската азбука и правопис почнуваат да се користат во практиката и се впрегнуваат во секојдневната јазична употреба од сите сфери на животот. Тестот на писмената практика – македонскиот јазик го положува со највисока оцена. Доказ за тоа се илјадниците дела напишани на македонски јазик со македонска азбука и правопис: и тоа од уметничка литература до врвни научни дела, од разговорен јазик до јазик на општеството, просветата, културата и медиумите, соопшти Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

По повод 5 Мај, Катедрата нагласува дека повеќе од седум децении македонскиот јазик е признат член на светското јазично семејство, на чие истражување работат не само македонските туку и голем број познати странски научници.

Македонскиот јазик е темелот на македонскиот идентитет. Круната на неговата кодификација е 5 мај 1945, денот што денес го прославуваме. Иако  првпат е прогласен за службен јазик во нашата држава на 2 август 1944, на Првото заседание на АСНОМ, континуитетот во развојот на македонскиот јазик го следиме уште од X-XI век, кога во црковнословенските ракописи се појавуваат првите типично македонски зборови. Тој развој продолжува низ вековите, со засилено навлегување на македонскиот народен јазик во ракописите од крајот на XVI век. Во XIX век веќе се појавува и јасна свест за посебноста на македонскиот јазик и за неговото место во јазичното семејство на светот, свест што кулминира во делото „За македонските работи“ од Крсте Петков Мисирков, објавено во 1903 година, посочува Катедрата за македонски јазик.

Оваа година одбележувањето на Денот на македонскиот јазик за Катедрата има посебно значење зашто по 30 години двете македонистички катедри на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ги допрецизираа и ги сменија своите називи: Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици се преименува во Катедра за македонски јазик, а Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности во Катедра за македонски јазик и култура.

Со овој чекор комплетно се заокружува македонистиката на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Денес им оддаваме почит на сите луѓе, овде и во светот, кои со почит и со љубов се однесуваат кон македонскиот јазик. Денес им оддаваме почит и на сите лингвисти и македонисти што се грижат за унапредување на македонистиката како наука за нашето најголемо, културно и духовно богатство – македонскиот јазик, но и се обврзуваме и понатаму да го чуваме, негуваме, да го афирмираме и да го развиваме како најважен столб на нашиот идентитет и најскапоцено наследство за идните генерации, наведува Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ за Денот на македонскиот јазик денеска ќе организира настан на кој гости ќе бидат студентите по македонски јазик и македонска книжевност од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и од Универзитетот во Тетово, како и учениците од СУГС „Никола Карев“ – Скопје. Излагање на тема „Местото на македонскиот јазик во балканскиот јазичен простор“ ќе има проф. д-р Веселинка Лаброска, а избрани извадоци од македонската литература ќе чита актерот Васил Зафирчев.

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, пак,  ќе го организира настанот „Лексикографски факти во НУБ – од  Пулевски до денес!“ Лексикографскиот развој на македонската авторско-истражувачка  и издавачка  продукција ќе биде претставена преку изложба на речници одПулевски до денес.

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ исто така денеска ќе го одбележи Денот на македонскиот јазик, а издавачката куќа ,,Арс Ламина“ на Саемот на книгата ќе организира промотивен настан „Македонски книжевни класици – Подарок за поколенијата!” – осврт на најзначајните творци на македонската книжевност, меѓу кои  Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Оливера Николова, Ѓорѓи Абаџиев, Димитар Солев.

The post Се одбележува Денот на македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>

Со неколку настани денеска ќе биде одбележан Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, кој беше прогласен во 2019 година со одлука на Владата. На овој ден во 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и правописот на македонскиот јазик. Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со основоположничките дела на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.
Од тој момент, македонската азбука и правопис почнуваат да се користат во практиката и се впрегнуваат во секојдневната јазична употреба од сите сфери на животот. Тестот на писмената практика – македонскиот јазик го положува со највисока оцена. Доказ за тоа се илјадниците дела напишани на македонски јазик со македонска азбука и правопис: и тоа од уметничка литература до врвни научни дела, од разговорен јазик до јазик на општеството, просветата, културата и медиумите, соопшти Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
По повод 5 Мај, Катедрата нагласува дека повеќе од седум децении македонскиот јазик е признат член на светското јазично семејство, на чие истражување работат не само македонските туку и голем број познати странски научници.
Македонскиот јазик е темелот на македонскиот идентитет. Круната на неговата кодификација е 5 мај 1945, денот што денес го прославуваме. Иако  првпат е прогласен за службен јазик во нашата држава на 2 август 1944, на Првото заседание на АСНОМ, континуитетот во развојот на македонскиот јазик го следиме уште од X-XI век, кога во црковнословенските ракописи се појавуваат првите типично македонски зборови. Тој развој продолжува низ вековите, со засилено навлегување на македонскиот народен јазик во ракописите од крајот на XVI век. Во XIX век веќе се појавува и јасна свест за посебноста на македонскиот јазик и за неговото место во јазичното семејство на светот, свест што кулминира во делото „За македонските работи“ од Крсте Петков Мисирков, објавено во 1903 година, посочува Катедрата за македонски јазик.
Оваа година одбележувањето на Денот на македонскиот јазик за Катедрата има посебно значење зашто по 30 години двете македонистички катедри на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ги допрецизираа и ги сменија своите називи: Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици се преименува во Катедра за македонски јазик, а Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности во Катедра за македонски јазик и култура.
Со овој чекор комплетно се заокружува македонистиката на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Денес им оддаваме почит на сите луѓе, овде и во светот, кои со почит и со љубов се однесуваат кон македонскиот јазик. Денес им оддаваме почит и на сите лингвисти и македонисти што се грижат за унапредување на македонистиката како наука за нашето најголемо, културно и духовно богатство – македонскиот јазик, но и се обврзуваме и понатаму да го чуваме, негуваме, да го афирмираме и да го развиваме како најважен столб на нашиот идентитет и најскапоцено наследство за идните генерации, наведува Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ за Денот на македонскиот јазик денеска ќе организира настан на кој гости ќе бидат студентите по македонски јазик и македонска книжевност од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и од Универзитетот во Тетово, како и учениците од СУГС „Никола Карев“ – Скопје. Излагање на тема „Местото на македонскиот јазик во балканскиот јазичен простор“ ќе има проф. д-р Веселинка Лаброска, а избрани извадоци од македонската литература ќе чита актерот Васил Зафирчев. Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, пак,  ќе го организира настанот „Лексикографски факти во НУБ – од  Пулевски до денес!“ Лексикографскиот развој на македонската авторско-истражувачка  и издавачка  продукција ќе биде претставена преку изложба на речници одПулевски до денес. Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ исто така денеска ќе го одбележи Денот на македонскиот јазик, а издавачката куќа ,,Арс Ламина“ на Саемот на книгата ќе организира промотивен настан „Македонски книжевни класици – Подарок за поколенијата!” – осврт на најзначајните творци на македонската книжевност, меѓу кои  Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Оливера Николова, Ѓорѓи Абаџиев, Димитар Солев.

The post Се одбележува Денот на македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>
Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид со пригодна програма ќе го одбележи 5. мај – Денот на македонскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bibliotekata-grigor-prlichev-od-ohrid-so-prigodna-programa-kje-go-odbelezi-5-maj-denot-na-makedonskiot-jazik/ Wed, 04 May 2022 09:33:24 +0000 https://republika.mk/?p=497352

Утре, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на свечен начин и со пригодна програма ќе го одбележи 5. Мај – Денот на македонскиот јазик.

На 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.

Владата на Република Македонија во 2019 година донесе одлука 5. мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик, во чест токму на ова решение.

Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем.

Утре,  по тој повод библиотеката во Охрид ќе потсети на значењето на Денот.

Членови на Културолошката иницијатива „ 5 до 12 “ од Охрид ќе читаат сопствена поезија и песни од познати македонски автори.

Ќе учествува и Пејачката група и оркестарот при  КУД „ Ѓердан од бисери“ од Охрид. Тие ќе изведат перформанс во живо во стилот на „Бушава азбука“ во придружба на народни инструменти.

Присутните во аудио форма ќе го слушнат и сеќавањето на проф. д-р Људмил Спасов на втемелувачот на нашиот македонски јазик, големиот Блаже Конески.

Библиотеката на настанот закажан за утре во 12 часот посебно ги поканува наставници по македонски јазик од основните и средните училишта во Охрид и роднокрајни писатели.

The post Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид со пригодна програма ќе го одбележи 5. мај – Денот на македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>

Утре, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на свечен начин и со пригодна програма ќе го одбележи 5. Мај – Денот на македонскиот јазик. На 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик. Владата на Република Македонија во 2019 година донесе одлука 5. мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик, во чест токму на ова решение. Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем. Утре,  по тој повод библиотеката во Охрид ќе потсети на значењето на Денот. Членови на Културолошката иницијатива „ 5 до 12 “ од Охрид ќе читаат сопствена поезија и песни од познати македонски автори. Ќе учествува и Пејачката група и оркестарот при  КУД „ Ѓердан од бисери“ од Охрид. Тие ќе изведат перформанс во живо во стилот на „Бушава азбука“ во придружба на народни инструменти. Присутните во аудио форма ќе го слушнат и сеќавањето на проф. д-р Људмил Спасов на втемелувачот на нашиот македонски јазик, големиот Блаже Конески. Библиотеката на настанот закажан за утре во 12 часот посебно ги поканува наставници по македонски јазик од основните и средните училишта во Охрид и роднокрајни писатели.

The post Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид со пригодна програма ќе го одбележи 5. мај – Денот на македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>