Ден на лицата со Даунов синдром Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/den-na-licata-so-daunov-sindrom/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Mar 2024 14:14:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ден на лицата со Даунов синдром Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/den-na-licata-so-daunov-sindrom/ 32 32 Денеска се одбележува Светскиот ден на Даунов синдром https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/deneska-se-odbelezhuva-svetskiot-den-na-daunov-sindrom/ Thu, 21 Mar 2024 14:14:28 +0000 https://republika.mk/?p=757031

Светскиот ден на Даунов синдром официјално се слави од Обединетите нации на 21 март од 2012 година.

Овој датум е симболично означен на 21-от ден од третиот месец во годината, за да се одбележи карактеристичното трипликација на 21-от хромозом, што предизвикува Даунов синдром.

Даунов синдром (или трисомија 21) е состојба во која лицето има дополнителен хромозом. Хромозомите се еден вид „пакети“ гени во телото, сместени во јадрото на секоја клетка. Клетката на човечкото тело има 46 хромозоми, или две групи од по 23 хромозоми, каде што едната група доаѓа од мајката, а другата од таткото, со што се формираат 23 пара хромозоми. Тие одредуваат како се формира и функционира телото на бебето за време на растот.

Околу едно од 800 до 1.000 бебиња се раѓа со Даунов синдром. Даунов синдром се јавува природно – нема позната причина, а веројатноста се зголемува со возраста на родителите (од 0,1 отсто кај 20-годишни мајки до 3 отсто на возраст од 45 години). Даунов синдром обично предизвикува различни степени на интелектуална и физичка попреченост и поврзани медицински состојби.

 

The post Денеска се одбележува Светскиот ден на Даунов синдром appeared first on Република.

]]>

Светскиот ден на Даунов синдром официјално се слави од Обединетите нации на 21 март од 2012 година. Овој датум е симболично означен на 21-от ден од третиот месец во годината, за да се одбележи карактеристичното трипликација на 21-от хромозом, што предизвикува Даунов синдром. Даунов синдром (или трисомија 21) е состојба во која лицето има дополнителен хромозом. Хромозомите се еден вид „пакети“ гени во телото, сместени во јадрото на секоја клетка. Клетката на човечкото тело има 46 хромозоми, или две групи од по 23 хромозоми, каде што едната група доаѓа од мајката, а другата од таткото, со што се формираат 23 пара хромозоми. Тие одредуваат како се формира и функционира телото на бебето за време на растот. Околу едно од 800 до 1.000 бебиња се раѓа со Даунов синдром. Даунов синдром се јавува природно – нема позната причина, а веројатноста се зголемува со возраста на родителите (од 0,1 отсто кај 20-годишни мајки до 3 отсто на возраст од 45 години). Даунов синдром обично предизвикува различни степени на интелектуална и физичка попреченост и поврзани медицински состојби.  

The post Денеска се одбележува Светскиот ден на Даунов синдром appeared first on Република.

]]>
Одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/odbelezan-svetskiot-den-na-licata-so-daunov-sindrom/ Mon, 21 Mar 2022 14:23:38 +0000 https://republika.mk/?p=476172

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска,  заедно со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска на стадионот „Млади лавови“ присуствуваа на настанот организиран од ООУ Димитар Беровски по повод Светски ден на Даунов синдром.

На овој настан, педесетина деца вклучени во пет групи низ игра и дружба реализираа активности за анимација на сите деца.

Градот Скопје контиунирано поддржува активности со цел обезбедување соодветни услови за зголемена инклузија на лицата со Даунов синдром, како и голем број активности за поинклузивно Скопје, се со цел поттикнување на еднаквост, взаемна почит и соработка на сите општествени сфери од секојдневието.

The post Одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска,  заедно со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска на стадионот „Млади лавови“ присуствуваа на настанот организиран од ООУ Димитар Беровски по повод Светски ден на Даунов синдром. На овој настан, педесетина деца вклучени во пет групи низ игра и дружба реализираа активности за анимација на сите деца. Градот Скопје контиунирано поддржува активности со цел обезбедување соодветни услови за зголемена инклузија на лицата со Даунов синдром, како и голем број активности за поинклузивно Скопје, се со цел поттикнување на еднаквост, взаемна почит и соработка на сите општествени сфери од секојдневието.

The post Одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром appeared first on Република.

]]>
Да ги напуштиме стереотипите, да се фокусираме на функционалноста и развојот на вештините, порача Пендаровски на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/da-gi-napushtime-stereotipite-da-se-fokusirame-na-funkcionalnosta-i-razvojot-na-veshtinite-poracha-pendarovski-na-svetskiot-den-na-licata-so-daunov-sindrom/ Mon, 21 Mar 2022 11:04:13 +0000 https://republika.mk/?p=476041

По повод одбележувањето на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателот Пендаровски ја упати следнава порака:

Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, 21-от ден од третиот месец, како симбол за трите копии на 21-от хромозом што ги носат лицата со Даунов синдром, е само еден од низата поводи кој нè потсетува што сме направиле за лицата кои живеат со оваа состојба и кои се идните чекори кои треба да ги преземеме за обезбедување на нивен рамноправен и квалитетен живот.

Уверен сум дека со континуирано подигање на јавната свест и јакнење на инклузивните услуги, можеме да им овозможиме на нашите сограѓани со Даунов синдром да имаат исполнет живот, базиран врз еднаквост и недискриминација.

Да ги напуштиме стереотипите, да се фокусираме на функционалноста и развојот на вештините на лицата со Даунов синдром, со цел да им дадеме простор во нашето заедничко општество.

Со цел непречено интегрирање на лицата со Даунов синдром во целокупното општество, потребна ни е планирана и координирана реализација на активностите на сите засегнати страни: државните институции, здравствените установи, образовните институции, социјалните центри и граѓанските организации.

Изразувам безрезервна поддршка на сите родители и семејства на лицата со Даунов синдром, и благодарност до сите институции и поединци кои се вклучени во нивниот едукативен процес, медицинска нега и социјална заштита.

Нашиот однос кон лицата со попреченост е уште еден тест на декларативните заложби за изградба на инклузивно општество во кое подеднакво се уживаат човековите слободи и права, се вели во пораката на Пендаровски.

 

The post Да ги напуштиме стереотипите, да се фокусираме на функционалноста и развојот на вештините, порача Пендаровски на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром appeared first on Република.

]]>

По повод одбележувањето на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателот Пендаровски ја упати следнава порака: Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, 21-от ден од третиот месец, како симбол за трите копии на 21-от хромозом што ги носат лицата со Даунов синдром, е само еден од низата поводи кој нè потсетува што сме направиле за лицата кои живеат со оваа состојба и кои се идните чекори кои треба да ги преземеме за обезбедување на нивен рамноправен и квалитетен живот. Уверен сум дека со континуирано подигање на јавната свест и јакнење на инклузивните услуги, можеме да им овозможиме на нашите сограѓани со Даунов синдром да имаат исполнет живот, базиран врз еднаквост и недискриминација. Да ги напуштиме стереотипите, да се фокусираме на функционалноста и развојот на вештините на лицата со Даунов синдром, со цел да им дадеме простор во нашето заедничко општество. Со цел непречено интегрирање на лицата со Даунов синдром во целокупното општество, потребна ни е планирана и координирана реализација на активностите на сите засегнати страни: државните институции, здравствените установи, образовните институции, социјалните центри и граѓанските организации. Изразувам безрезервна поддршка на сите родители и семејства на лицата со Даунов синдром, и благодарност до сите институции и поединци кои се вклучени во нивниот едукативен процес, медицинска нега и социјална заштита. Нашиот однос кон лицата со попреченост е уште еден тест на декларативните заложби за изградба на инклузивно општество во кое подеднакво се уживаат човековите слободи и права, се вели во пораката на Пендаровски.  

The post Да ги напуштиме стереотипите, да се фокусираме на функционалноста и развојот на вештините, порача Пендаровски на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром appeared first on Република.

]]>