Ден на албанската азбука Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/den-na-albanskata-azbuka/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Nov 2022 16:04:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ден на албанската азбука Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/den-na-albanskata-azbuka/ 32 32 Ковачевски: Почитувањето на јазиците е цивилизиран и напреден начин на функционирање на светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-pochituvanjeto-na-jazicite-e-civiliziran-i-napreden-nachin-na-funkcioniranje-na-svetot/ Tue, 22 Nov 2022 16:04:14 +0000 https://republika.mk/?p=577015

Чинот на уважување и почитување на јазиците покажува еден европски, цивилизиран и напреден начин на функционирање во светот. Aлбанскиот јазик не е мој мајчин јазик, но албанскиот јазик е мој братски јазик, истакна премиерот Димитар Ковачевски на настанот по повод 114-годишнината од Конгресот во Битола и Денот на азбуката на албански јазик.

– Тука сме на годишнината од создавањето на албанската азбука во 1908 година. Со завршувањето на Битолскиот конгрес, започнува користењето на стандардизираната албанска азбука, а започнува со работа и првата печатница којашто ќе ги печати првите дела со албанска азбука, меѓу кои буквари, читанки и неделникот „Башкими и комбит“, рече Ковачевски.

Додаде дека Битолскиот конгрес се смета за еден од најзначајните културни настани во историјата на Албанците. Тоа е ден-темел на албанските идентитетски карактеристики.

– Во една недела, помеѓу 14 и 22 ноември 1908, сите важни политички личности под претседавање на претседателот на Конгресот, Митат Фрашери го заокружиле еден од најзначајните идентитетски карактеристики и ја усвоиле азбуката, посочи премиерот.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, како домаќин на организацијата, го честиташе Денот на албанската азбука со цитати од претседателот на Комисијата за изготвување на азбуката во Битолскиот конгрес Ѓерѓ Фишта од 1924 година.

– Со поклонение пред сите тие мажи и жени на нацијата низ декади и векови, ви го честитам 22 ноември на сите Албанци – Денот на Битолскиот конгрес, на албанската азбука, рече Груби.

Според претседателот на Собранието, Талат Џафери, ова е најзначајниот празник во историјата на политичкиот и културниот развој на Албанците, денот кога се одбележуваат 114 години од Битолскиот конгрес каде се донесени суштинските одлуки коишто ги сочинуваат столбовите кои го детерминирале правецот на албанскиот народ во иднина.

– Најценетиот продукт за еден народ, унифицираната азбука со која пишуваме, читаме и го шириме нашиот јазик, култура, обичаите, посебностите и фолклорните традиции и уште поважно, азбуката со која се роди и го започна својот пат националната борба за културно осамостојување на светско ниво, беше силна поддршка и на националниот идентитет и политичкото осамостојување на албанскиот народ, истакна Џафери.

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети посочи дека овие настани се случиле пред 114 години, во време кога таму живееле и Македонци и Албанци и како што посочи неслучајно и настаните во Крушево, недалеку од Битола, се случиле со договорот што го направиле Албанците, Македонците и Власите за овие простории.

– Овие настани како што се во Битола и Крушево, треба да ни служат за нашите цели, за посилна, постабилна Македонија и посилна и постабилна земја што ја градиме со европски стандарди. Исто како што сме во НАТО, да бидеме во Европската Унија, да бидеме успешни во борбата против криминалот, корупцијата, да бидеме успешни во воспоставувањето ред во сите институции, без разлика дали се политички, законодавни, органи на прогонот или структури кои го одржуваат редот и мирот, нагласи Ахмети.

Битолскиот конгрес се одржа од 14 до 18 ноември 1908 година. На него учествуваа 50 делегати и албански интелектуалци од целиот свет. На Конгресот усвоена е одлуката да се прифати латиницата со извесни промени на буквите адаптирани на особеностите на албанскиот јазик.

The post Ковачевски: Почитувањето на јазиците е цивилизиран и напреден начин на функционирање на светот appeared first on Република.

]]>

Пендаровски: Нека ни е честит 22 Ноември, Денот на албанската азбука https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-neka-ni-e-chestit-22-noemvri-denot-na-albanskata-azbuka/ Tue, 22 Nov 2022 08:18:33 +0000 https://republika.mk/?p=576780

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на албанската азбука, упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија.

Почитувани сограѓани Албанци,

Нека е честит 22 Ноември, Денот на албанската азбука. На овој празник се потсетуваме на еден од најважните моменти од развојот на албанскиот јазик и култура. Свесни дека, според зборовите на Ѓерѓ Фишта, се собрани за да ја изберат азбуката, којашто ќе биде најполезна за образовно и културно издигнување на народот, делегатите на Битолскиот конгрес во 1908 година донеле историски одлуки за унифицирање на албанската азбука. Со тоа, тие го отворија патот за натамошен образовен и културен развој на албанскиот народ и го отклучија творечкиот потенцијал на генерации автори кои ќе создаваат вредни книжевни дела.

Чествувајќи го овој празник ја потврдуваме посветеноста на Република Македонија кон негувањето на соживотот во македонското мултиетничко и мултијазично општество. Соживотот е плод на довербата која, пак, фаќа корен тогаш кога луѓето го почитуваат и поддржуваат идентитетот на другиот. Ваквата доверба е неопходна за поуспешно да се справуваме со нашите заеднички предизвици и да градиме праведно општество со еднакви можности за сите македонски граѓани.

Нека ни е честит 22 Ноември, Денот на албанската азбука.

The post Пендаровски: Нека ни е честит 22 Ноември, Денот на албанската азбука appeared first on Република.