Демотон од Дебармаало Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/demoton-od-debarmaalo/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Mar 2024 08:31:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Демотон од Дебармаало Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/demoton-od-debarmaalo/ 32 32 „Демонот од Дебармаало“ во Театар Штип во повод Светскиот ден на театарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/demonot-od-debarmaalo-vo-teatar-shtip-vo-povod-svetskiot-den-na-teatarot/ Wed, 27 Mar 2024 08:30:56 +0000 https://republika.mk/?p=758866

Во Театар Штип со почеток во 20:00 часот, вечерва, по повод Светскиот ден на театарот ќе биде изведена трагикомедијата „Демонот од Дебармаало“ од Горан Стефановски, а во режија на Наташа Поплавска.

“Демонот од Дебармаало” е приказна за „бивши луѓе, во бивша држава, со бившо минато и бивша иднина“. Тоа е приказна за берберинот Коце од скопското Дебармаало, кој по една несреќна случка во Штип, невино завршил во затвор.

По петнаесет години затвор, тој се враќа дома, но не може да го препознае својот град, ниту своето маало, не ја наоѓа својата куќа, ниту својата жена, ниту својата ќерка. Затоа тој решава да се одмазди и да го ослободи Дебармаало од сомнителни типови, протуви, наркодилери, криминалци, народни душмани, изроди и останат општествен отпад. Коце за едните станува Херојот на Дебармаало, а за другите тој е Демонот на Дебармаало. Тој е човек кој решава да ја одржи општествената хигиена во своето маало, во својот град, во својата држава. “Коце е еден обичен човек фатен во необични услови, еден нормален човек, фатен во ненормални услови, еден човек во транзиција” како што вели самиот Горан Стефановски. Со него е Мара, сосетка и сопственичка на ќебапчилница, која целиот свој живот го сака и го чека и, која сега му помага во оваа општествена чистка. Тие заедно го чистат маалото од општествениот отпад.

Преку приказната на маалскиот берберин и губењето на душата на Дебармаало, Стефановски ни раскажува приказна за губењето на општествените вредности: Нема држава, без маало! Во претставата “Демонот од Дебармаало” единствен простор и време се маалото и кафеаните. Преку животот во транзиција на Коце и Мара, ќе се сретнеме и со транзиционите профитери каков што е судијата Тасе кој е на врвот на урбаната мафија и неговиот телохрантел Џоџо, потоа ќерката на Коце, Бисера и нејзината љубов Иљо, двајца млади кои се борат да се снајдат во овие матни времиња одбивајќи да живеат во бивша иднина. Потоа тука се, Жената Претседател на државата, сомнителниот Шенген кој има има лепеза на понуди и Газдата кој руши и гради, како во село, така и во град.

 

„Демонот од Дебармаало“ е приказна за бивши луѓе, за нашите транзициски демони, за уништувањето на традицијата, за потребата да се живее минатото, за будењето на маалските духови кои чекаат да сториме нешто и да го направиме ова наше мало парче земја, подобро место за живеење. Стефановски во Скопје доаѓа на десет годиншна возраст по земјотресот во 1963 г. Тој живеел во Тафталиџе, но сепак, како свој вистински дом во Скопје, ја сметал куќата на дедо му во Дебармаало, каде се собирале сите пет синови на Стрезо и Алтана со семејствата за секој празник, особено за Свети Никола, нивната слава.

Во Дебармаало, Горан го започнал својот младешки живот каде се запознал со многу од неговите другари и пријатели, меѓу кои и со неговиот најдобар пријател до крајот на животот со кој делел многу нешта, посебно љубовта кон „Битлси“ и друга музика од 60-тите. Синот на партизанскиот херој Даме Крапчев, Владимир, кого сите го викаа Крап, му станал еден вид заштитник на Горан и тој имал посебно место во неговото срце. Тој бил, во одредена мера, инспирацијата за ликот на Коце во „Демонот од Дебармаало“ – пиеса што Горан ја пишува во 2006-та, непосредно по смртта на Крап.

 

Самиот Стефановски за „Демонот од Дебармаало“ ќе каже дека преку оваа пиеса тој го расчистува товарот од слатко – горчливите години на транзиција кои ги преживува нашиот народ. Дебармаало за Горан Стефановски беше точка на носталгија и фасцинација. Тој велеше: „Дебармаало е утопија. Место кое не постои.”

Автор: Горан Стефановски
Режија / дизајн на сцена и костими:
Наташа Поплавска
Драматург: Габриела Коцева Тулиев
Сценски движења: Ирена Лозинска
Музички соработник: Ристо Вртев
Видео анимации: Емил Петро – Aртериа

Улоги:
Пеце Ристевски – Коце
Марија Минчева Андонов – Мара
Стефанија Митовска – Бисера
Даријан Петров – Иљо
Владимир Тулиев – Судијата
Миле Вратеовски – Џоџо
Ефтим Трајчов-Ѓаурски – Газдата
Анѓелка Нашкова – Шенген
Елена Шорова Дербов – Претседателот
Раде Рогожарев – Старецот
Валентина Ѓоргиевска – Старицата

Цена на влезница: 200 денари.

The post „Демонот од Дебармаало“ во Театар Штип во повод Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>

Во Театар Штип со почеток во 20:00 часот, вечерва, по повод Светскиот ден на театарот ќе биде изведена трагикомедијата „Демонот од Дебармаало“ од Горан Стефановски, а во режија на Наташа Поплавска. “Демонот од Дебармаало” е приказна за „бивши луѓе, во бивша држава, со бившо минато и бивша иднина“. Тоа е приказна за берберинот Коце од скопското Дебармаало, кој по една несреќна случка во Штип, невино завршил во затвор. По петнаесет години затвор, тој се враќа дома, но не може да го препознае својот град, ниту своето маало, не ја наоѓа својата куќа, ниту својата жена, ниту својата ќерка. Затоа тој решава да се одмазди и да го ослободи Дебармаало од сомнителни типови, протуви, наркодилери, криминалци, народни душмани, изроди и останат општествен отпад. Коце за едните станува Херојот на Дебармаало, а за другите тој е Демонот на Дебармаало. Тој е човек кој решава да ја одржи општествената хигиена во своето маало, во својот град, во својата држава. “Коце е еден обичен човек фатен во необични услови, еден нормален човек, фатен во ненормални услови, еден човек во транзиција” како што вели самиот Горан Стефановски. Со него е Мара, сосетка и сопственичка на ќебапчилница, која целиот свој живот го сака и го чека и, која сега му помага во оваа општествена чистка. Тие заедно го чистат маалото од општествениот отпад. Преку приказната на маалскиот берберин и губењето на душата на Дебармаало, Стефановски ни раскажува приказна за губењето на општествените вредности: Нема држава, без маало! Во претставата “Демонот од Дебармаало” единствен простор и време се маалото и кафеаните. Преку животот во транзиција на Коце и Мара, ќе се сретнеме и со транзиционите профитери каков што е судијата Тасе кој е на врвот на урбаната мафија и неговиот телохрантел Џоџо, потоа ќерката на Коце, Бисера и нејзината љубов Иљо, двајца млади кои се борат да се снајдат во овие матни времиња одбивајќи да живеат во бивша иднина. Потоа тука се, Жената Претседател на државата, сомнителниот Шенген кој има има лепеза на понуди и Газдата кој руши и гради, како во село, така и во град.   „Демонот од Дебармаало“ е приказна за бивши луѓе, за нашите транзициски демони, за уништувањето на традицијата, за потребата да се живее минатото, за будењето на маалските духови кои чекаат да сториме нешто и да го направиме ова наше мало парче земја, подобро место за живеење. Стефановски во Скопје доаѓа на десет годиншна возраст по земјотресот во 1963 г. Тој живеел во Тафталиџе, но сепак, како свој вистински дом во Скопје, ја сметал куќата на дедо му во Дебармаало, каде се собирале сите пет синови на Стрезо и Алтана со семејствата за секој празник, особено за Свети Никола, нивната слава. Во Дебармаало, Горан го започнал својот младешки живот каде се запознал со многу од неговите другари и пријатели, меѓу кои и со неговиот најдобар пријател до крајот на животот со кој делел многу нешта, посебно љубовта кон „Битлси“ и друга музика од 60-тите. Синот на партизанскиот херој Даме Крапчев, Владимир, кого сите го викаа Крап, му станал еден вид заштитник на Горан и тој имал посебно место во неговото срце. Тој бил, во одредена мера, инспирацијата за ликот на Коце во „Демонот од Дебармаало“ – пиеса што Горан ја пишува во 2006-та, непосредно по смртта на Крап.   Самиот Стефановски за „Демонот од Дебармаало“ ќе каже дека преку оваа пиеса тој го расчистува товарот од слатко – горчливите години на транзиција кои ги преживува нашиот народ. Дебармаало за Горан Стефановски беше точка на носталгија и фасцинација. Тој велеше: „Дебармаало е утопија. Место кое не постои.” Автор: Горан Стефановски Режија / дизајн на сцена и костими: Наташа Поплавска Драматург: Габриела Коцева Тулиев Сценски движења: Ирена Лозинска Музички соработник: Ристо Вртев Видео анимации: Емил Петро – Aртериа Улоги: Пеце Ристевски – Коце Марија Минчева Андонов – Мара Стефанија Митовска – Бисера Даријан Петров – Иљо Владимир Тулиев – Судијата Миле Вратеовски – Џоџо Ефтим Трајчов-Ѓаурски – Газдата Анѓелка Нашкова – Шенген Елена Шорова Дербов – Претседателот Раде Рогожарев – Старецот Валентина Ѓоргиевска – Старицата Цена на влезница: 200 денари.

The post „Демонот од Дебармаало“ во Театар Штип во повод Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>