Демони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/demoni/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Jul 2022 14:05:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Демони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/demoni/ 32 32 Интимна модерна анти-бајка одиграа актерите на Народниот театар Битола на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/intimna-moderna-anti-bajka-odigraa-akterite-na-narodniot-teatar-bitola-na-ohridsko-leto/ Sun, 17 Jul 2022 14:05:35 +0000 https://republika.mk/?p=530348

Интимна модерна анти-бајка, духовита и истовремено сурова, одиграа актерите на Народниот театар Битола вчеравечер во рамки на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“.

Носејќи ја театарската претстава „Демони“ на текст од Ларс Норен, а во режија на Васил Христов, актерите Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Марија Стефановска и Здравко Стојмиров одглумија  две двојки-сопружници преку кои ги извадија на површина скриените внатрешни демони што постојат во човекот.

Илина Чоревска ја играше улогата на Катарина, жената којашто се повлекла во својот свет и  живее со сопругот кого го сака неизмерно за да го убие  на крајот.

На почетокот бев скептична бидејќи скандинавските автори не одговараат на мојот сензибилитет, но кога го прочитав делото, морам да признам дека се воодушевив. Се работи за текст којшто е автентичен и говори за времето во кое Ларс Норен го напишал, но и за времето во кое живееме ние. Текстот звучи ултрамодерно. Се занимава со машко-женските односи, со љубовта која често е невозвратена, со омразата кон жените..., појаснува актерката Чоревска.

Директорот на Народниот театар Битола, Иван Јерчиќ, вели дека актерите  од овој театарски ансамбл секогаш со голема радост учествуваат на „Охридско лето“, но годинава доаѓаат со камерна претстава, малку поинаква од оние кои претходно ги одиграле пред фестивалската публика.

„Демони“ е една исклучителна претстава која говори точно за нашето време и за два млади брачни парови кои живеат во иста зграда и се борат со своите сопствени демони. Чисто актерска претстава без многу сценографија. Инаку, покрај одобрените проекти од страна на министерството за култура, работиме уште неколку други  претстави со сопствени средства. Капацитетот го вративме на сто отсто. На моја среќа, публиката  се врати во театарот и некако го премостивме периодот на пандемија, додава директорот Јерчиќ.

Ова е прва соработка на Битолскиот народен театар со режисерот Васил Христов за кого битолските актери велат дека го сработил делото суптилно исто како и авторот на текстот.

Ова е моја прва соработка со Битолскиот народен театар и со фестивалот „Охридско лето“. Поради  постпандемиските проблеми се оддолжи  целиот процес, но ете, со задоволство го завршивме и сум презадоволен  од соработката со Народниот театар Битола и со фестивалот „Охридско лето“, појаснува режисерот Христов.

Текстот на „Демони“ е напишан во 1982 година од страна еден од најголемите шведски драмски автори Ларс Норен и кај нас првпат се поставува  токму преку режисерот Христов и Битолскиот театар.

The post Интимна модерна анти-бајка одиграа актерите на Народниот театар Битола на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Интимна модерна анти-бајка, духовита и истовремено сурова, одиграа актерите на Народниот театар Битола вчеравечер во рамки на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“. Носејќи ја театарската претстава „Демони“ на текст од Ларс Норен, а во режија на Васил Христов, актерите Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Марија Стефановска и Здравко Стојмиров одглумија  две двојки-сопружници преку кои ги извадија на површина скриените внатрешни демони што постојат во човекот. Илина Чоревска ја играше улогата на Катарина, жената којашто се повлекла во својот свет и  живее со сопругот кого го сака неизмерно за да го убие  на крајот.
На почетокот бев скептична бидејќи скандинавските автори не одговараат на мојот сензибилитет, но кога го прочитав делото, морам да признам дека се воодушевив. Се работи за текст којшто е автентичен и говори за времето во кое Ларс Норен го напишал, но и за времето во кое живееме ние. Текстот звучи ултрамодерно. Се занимава со машко-женските односи, со љубовта која често е невозвратена, со омразата кон жените..., појаснува актерката Чоревска.
Директорот на Народниот театар Битола, Иван Јерчиќ, вели дека актерите  од овој театарски ансамбл секогаш со голема радост учествуваат на „Охридско лето“, но годинава доаѓаат со камерна претстава, малку поинаква од оние кои претходно ги одиграле пред фестивалската публика.
„Демони“ е една исклучителна претстава која говори точно за нашето време и за два млади брачни парови кои живеат во иста зграда и се борат со своите сопствени демони. Чисто актерска претстава без многу сценографија. Инаку, покрај одобрените проекти од страна на министерството за култура, работиме уште неколку други  претстави со сопствени средства. Капацитетот го вративме на сто отсто. На моја среќа, публиката  се врати во театарот и некако го премостивме периодот на пандемија, додава директорот Јерчиќ.
Ова е прва соработка на Битолскиот народен театар со режисерот Васил Христов за кого битолските актери велат дека го сработил делото суптилно исто како и авторот на текстот.
Ова е моја прва соработка со Битолскиот народен театар и со фестивалот „Охридско лето“. Поради  постпандемиските проблеми се оддолжи  целиот процес, но ете, со задоволство го завршивме и сум презадоволен  од соработката со Народниот театар Битола и со фестивалот „Охридско лето“, појаснува режисерот Христов.
Текстот на „Демони“ е напишан во 1982 година од страна еден од најголемите шведски драмски автори Ларс Норен и кај нас првпат се поставува  токму преку режисерот Христов и Битолскиот театар.  

The post Интимна модерна анти-бајка одиграа актерите на Народниот театар Битола на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
„Демони“ во режија на Васил Христов вечерва на сцената на Битолски театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/demoni-vo-rezija-na-vasil-hristov-vecherva-na-scenata-na-bitolski-teatar/ Wed, 01 Jun 2022 08:51:24 +0000 https://republika.mk/?p=509626

Претставата „Демони“ во режија на Васил Христов вечерва во 20 часот ќе биде одиграна на сцената на Битолски театар.

Претстава говори за длабоки интимни меѓучовечки односи, за домашното насилство, мизогинијата, траумите, загубата... љубовта...

Ве очекуваме утре 01.06 во 20.00ч да бидете со нас и да ја погледнете!
местата се со ограничен број па резервирајте навреме,
работно време на билетарата на НТБ од 18.00 до 20.00 часот.

The post „Демони“ во режија на Васил Христов вечерва на сцената на Битолски театар appeared first on Република.

]]>

Претставата „Демони“ во режија на Васил Христов вечерва во 20 часот ќе биде одиграна на сцената на Битолски театар. Претстава говори за длабоки интимни меѓучовечки односи, за домашното насилство, мизогинијата, траумите, загубата... љубовта...
Ве очекуваме утре 01.06 во 20.00ч да бидете со нас и да ја погледнете! местата се со ограничен број па резервирајте навреме, работно време на билетарата на НТБ од 18.00 до 20.00 часот.

The post „Демони“ во режија на Васил Христов вечерва на сцената на Битолски театар appeared first on Република.

]]>
Во битолскиот театар вечер премиера на претставата „Демони“ од Ларс Норен во режија на Васил Христов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-bitolskiot-teatar-vecher-premiera-na-pretstavata-demoni-od-lars-noren-vo-rezija-na-vasil-hristov/ Fri, 25 Feb 2022 11:39:18 +0000 https://republika.mk/?p=463778

Актери од НУ Народен театар-Битола вечер на сцената со ротација ќе ја изведат првата годинешна премиера, претставата „Демони“ од Ларс Норен, во режија на Васил Христов.

Во „Демони“ настапуваат актерката Илина Чоревска, актерот Огнен Дранговски, актерката Марија Стефанова и актерот Здравко Стојмиров кои на публиката и нудат интимна модерна анти-бајка за две двојки, навидум сосема различни, но поврзани во несреќата и неможноста да љубат.

Претставата „Демони“ е прва изведба на македонската театарска сцена, информираа од НУ Народен театар-Битола.

Делото на Ларс Норен „Демони“ за премиерната претстава на НУ Народен театар-Битола, превод од англиски на македонски јазик направи Снежана Плушковска, сценографијата ја подготви Валентин Светозарев, а костимите, Андреј Ѓоргиевски.

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола веднаш по вечерашната премиера почнува со подготовки за гостување во соседна Србија, во Нови Сад каде пред тамошната публика ќе ја одиграат претставата „Бакхи, краток преглед на распадот“.

The post Во битолскиот театар вечер премиера на претставата „Демони“ од Ларс Норен во режија на Васил Христов appeared first on Република.

]]>

Актери од НУ Народен театар-Битола вечер на сцената со ротација ќе ја изведат првата годинешна премиера, претставата „Демони“ од Ларс Норен, во режија на Васил Христов. Во „Демони“ настапуваат актерката Илина Чоревска, актерот Огнен Дранговски, актерката Марија Стефанова и актерот Здравко Стојмиров кои на публиката и нудат интимна модерна анти-бајка за две двојки, навидум сосема различни, но поврзани во несреќата и неможноста да љубат. Претставата „Демони“ е прва изведба на македонската театарска сцена, информираа од НУ Народен театар-Битола. Делото на Ларс Норен „Демони“ за премиерната претстава на НУ Народен театар-Битола, превод од англиски на македонски јазик направи Снежана Плушковска, сценографијата ја подготви Валентин Светозарев, а костимите, Андреј Ѓоргиевски. Ансамблот на НУ Народен театар-Битола веднаш по вечерашната премиера почнува со подготовки за гостување во соседна Србија, во Нови Сад каде пред тамошната публика ќе ја одиграат претставата „Бакхи, краток преглед на распадот“.

The post Во битолскиот театар вечер премиера на претставата „Демони“ од Ларс Норен во режија на Васил Христов appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Демони“ во режија на Васил Христов во Народен театар Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-demoni-vo-rezija-na-vasil-hristov-vo-naroden-teatar-bitola/ Thu, 24 Feb 2022 08:28:40 +0000 https://republika.mk/?p=462850

В сабота (20 часот) на цената на Народен театар Битола е закажана премиерата на претставата „Демони“ од Ларс Норен во режија на Васил Христов.

Во „Демони“ улогата на Катарина ја толкува актерката Илина Чоревска, улогата на Френк ја толкува актерот Огнен Дранговски, а на сцената под ротација во битолскиот театар ќе настапат и актерите Марија Стефанова и Здравко Стојмиров.

Претставата „Демони“ е интимна модерна анти-бајка за две двојки, навидум сосема различни но поврзани во несреќата, траумата, неможноста да љубат…Првата премиера во новата театарска сезона всушност е и прва изведба на „Демони“ на македонската театарска сцена, информираа од НУ Народен театар-Битола.

Делото на Ларс Норен „Демони“ за премиерната претстава на НУ Народен театар-Битола, превод од англиски на македонски јазик направи Снежана Плушковска, сценографијата ја подготви Валентин Светозарев, а костимите, Андреј Ѓоргиевски.

The post Премиера на „Демони“ во режија на Васил Христов во Народен театар Битола appeared first on Република.

]]>

В сабота (20 часот) на цената на Народен театар Битола е закажана премиерата на претставата „Демони“ од Ларс Норен во режија на Васил Христов. Во „Демони“ улогата на Катарина ја толкува актерката Илина Чоревска, улогата на Френк ја толкува актерот Огнен Дранговски, а на сцената под ротација во битолскиот театар ќе настапат и актерите Марија Стефанова и Здравко Стојмиров.