демократска бугарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/demokratska-bugarija/ За подобро да се разбереме Sun, 19 Jun 2022 09:08:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png демократска бугарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/demokratska-bugarija/ 32 32 „Демократска Бугарија“ ќе го поддржи францускиот предлог: За Иванов тој е многу добар https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/demokratska-bugarija-kje-go-poddrzi-francuskiot-predlog-za-ivanov-toj-e-mnogu-dobar/ Sun, 19 Jun 2022 09:08:47 +0000 https://republika.mk/?p=517178

Лидерот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, кој е еден од коалициските партнери на бугарскиот премиер Кирил Петков, смета дека францускиот предлог за решение на спорот помеѓу Софија и Скопје и преговарачката рамка, е исклучително добар за неговата земја.

Во утринската емисија „Разбуди се“ на Нова ТВ тој најави дека пратениците од неговата партија ќе го поддржат предлогот доколку дојде до расправа и гласање на пленарна седница во бугарското Собрание.

„Покрај владината криза, онаа со владејачкото мнозинство, Бугарија е и пред многу важна одлука поврзана со Република Македонија. Ова не е важно само за Македонија, туку и за нас, но ќе пропаднеме, ќе долее бензин на огнот“ вели Иванов коментирајќи за сценариото доколку Бугарија не го прифати предлого

Втор предлог, вели тој, не се знае кога ќе има, и предупредува дека Бугарија е спремна да го фрли во ѓубре францускиот поради тоа што се наоѓа во домашна политичка криза.

„Конечно го добивме резултатот од посредничкиот напор што го правеше Франција. Многу внимателно го прочитав предлогот. Разговарав и со многу авторитетни дипломати од различни политички сили. Општо мислење е дека ова е многу добар предлог за Бугарија. Сакам сите да ме слушнат – ова е исклучително добар предлог за Бугарија, кој ние сме подготвени да го фрлиме во ѓубре бидејќи во моментов сме во домашен скандал“ вели Иванов.

Според лидерот на Демократска Бугарија, би било национално предавство доколку неговата земја не го прифати предлогот на француското претседателство.

За Слави Трифонов од Има таков народ (ИТН) чие напуштање на владејачката коалиција ја втурна Бугарија во политичка криза, Христо Иванов вели дека се обидува да ја користи темата за Македонија за да си обезбеди алиби за некои негови внатрешно-политички дејствувања и порачува дека тоа е неодговорно.

Лидерот на ИТН, пак, вчера го критикуваше францускиот предлог со забелешки дека во него се споменува „малцинство“, а тој смета дека во Македонија нема бугарско малцинство туку има Бугари. Исто така, имаше и забелешки зошто во предлогот се користи македонски јазик бидејќи, според него, таков не постои.

 

The post „Демократска Бугарија“ ќе го поддржи францускиот предлог: За Иванов тој е многу добар appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, кој е еден од коалициските партнери на бугарскиот премиер Кирил Петков, смета дека францускиот предлог за решение на спорот помеѓу Софија и Скопје и преговарачката рамка, е исклучително добар за неговата земја. Во утринската емисија „Разбуди се“ на Нова ТВ тој најави дека пратениците од неговата партија ќе го поддржат предлогот доколку дојде до расправа и гласање на пленарна седница во бугарското Собрание. „Покрај владината криза, онаа со владејачкото мнозинство, Бугарија е и пред многу важна одлука поврзана со Република Македонија. Ова не е важно само за Македонија, туку и за нас, но ќе пропаднеме, ќе долее бензин на огнот“ вели Иванов коментирајќи за сценариото доколку Бугарија не го прифати предлого Втор предлог, вели тој, не се знае кога ќе има, и предупредува дека Бугарија е спремна да го фрли во ѓубре францускиот поради тоа што се наоѓа во домашна политичка криза. „Конечно го добивме резултатот од посредничкиот напор што го правеше Франција. Многу внимателно го прочитав предлогот. Разговарав и со многу авторитетни дипломати од различни политички сили. Општо мислење е дека ова е многу добар предлог за Бугарија. Сакам сите да ме слушнат – ова е исклучително добар предлог за Бугарија, кој ние сме подготвени да го фрлиме во ѓубре бидејќи во моментов сме во домашен скандал“ вели Иванов. Според лидерот на Демократска Бугарија, би било национално предавство доколку неговата земја не го прифати предлогот на француското претседателство. За Слави Трифонов од Има таков народ (ИТН) чие напуштање на владејачката коалиција ја втурна Бугарија во политичка криза, Христо Иванов вели дека се обидува да ја користи темата за Македонија за да си обезбеди алиби за некои негови внатрешно-политички дејствувања и порачува дека тоа е неодговорно. Лидерот на ИТН, пак, вчера го критикуваше францускиот предлог со забелешки дека во него се споменува „малцинство“, а тој смета дека во Македонија нема бугарско малцинство туку има Бугари. Исто така, имаше и забелешки зошто во предлогот се користи македонски јазик бидејќи, според него, таков не постои.  

The post „Демократска Бугарија“ ќе го поддржи францускиот предлог: За Иванов тој е многу добар appeared first on Република.

]]>