Демократси сојуз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/demokratsi-sojuz/ За подобро да се разбереме Sat, 25 Mar 2023 13:47:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Демократси сојуз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/demokratsi-sojuz/ 32 32 Демократскиот сојуз: За уставни измени неопходно е Бугарија да го признае правото на организирање на Македонците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/demokratskiot-sojuz-za-ustavni-izmeni-neophodno-e-bugarija-da-go-priznae-pravoto-na-organizirane-na-makedontsite/ Sat, 25 Mar 2023 12:57:16 +0000 https://republika.mk/?p=623584

Централниот совет на Демократскиот сојуз расправаше за актуелните политички состојби во земјата при што оцени дека евроинтеграциските процеси се врвен приоритет, но власта нема никакви реформи поврзани со судскиот систем, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Се наведува дека кај граѓаните постои огромно незадоволство од нефункционирањето на државните институции, сиромаштијата и заминувањето на младите од државата.

„Од јули 2022 година, Владата ги најавува уставните измени, а досега не видовме ништо од нив, никаков текст, никаква расправа за суштината и контекстот на спорот со Бугарија туку само политички манипулации и поделби. Демократскиот сојуз го афирмира ставот дека можно е Бугарите да бидат внесени во Уставот, но на реципрочна основа, односно да биде признаено правото на организирање на Македонците во Бугарија“, велат од Демократскиот сојуз.

За нови членови на Претседателството избрани се Елисавета Јаневска, која е избрана и за претседател на Демократскиот сојуз на жените, Богоја Петровски, кој е избран и за претседател на младите на Демократскиот сојуз, како и Емилија Тошевска.

The post Демократскиот сојуз: За уставни измени неопходно е Бугарија да го признае правото на организирање на Македонците appeared first on Република.

]]>

Централниот совет на Демократскиот сојуз расправаше за актуелните политички состојби во земјата при што оцени дека евроинтеграциските процеси се врвен приоритет, но власта нема никакви реформи поврзани со судскиот систем, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата. Се наведува дека кај граѓаните постои огромно незадоволство од нефункционирањето на државните институции, сиромаштијата и заминувањето на младите од државата. „Од јули 2022 година, Владата ги најавува уставните измени, а досега не видовме ништо од нив, никаков текст, никаква расправа за суштината и контекстот на спорот со Бугарија туку само политички манипулации и поделби. Демократскиот сојуз го афирмира ставот дека можно е Бугарите да бидат внесени во Уставот, но на реципрочна основа, односно да биде признаено правото на организирање на Македонците во Бугарија“, велат од Демократскиот сојуз. За нови членови на Претседателството избрани се Елисавета Јаневска, која е избрана и за претседател на Демократскиот сојуз на жените, Богоја Петровски, кој е избран и за претседател на младите на Демократскиот сојуз, како и Емилија Тошевска.

The post Демократскиот сојуз: За уставни измени неопходно е Бугарија да го признае правото на организирање на Македонците appeared first on Република.

]]>