демократи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/demokrati/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 19:23:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png демократи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/demokrati/ 32 32 Демократите во шок по поразот на Камала Харис https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/demokratite-vo-shok-po-porazot-na-kamala-haris/ Wed, 06 Nov 2024 19:15:23 +0000 https://republika.mk/?p=834909

Меѓу членовите на Демократската партија има незадоволство и преиспитување откако американската потпретседателка Камала Харис доживеа шокантен изборен пораз, пренесоа американските медиуми.

Харис се сметаше за аутсајдер на нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп, откако влезе во трката само три месеци пред изборите, но природата на нејзиниот пораз доведе до тоа некои демократи да покренат прашања за иднината на партијата, јавија американските медиуми.

Најжестоките критики беа упатени кон врвот на партијата, со обвинувања дека демократските поддржувачи се хранат со невистини за менталното здравје на претседателот Џозеф Бајден, се додека катастрофалниот ТВ-дуел со Трамп во јуни не го вклучи алармот и на крајот доведе до откажување на претседателот од кандидатурата.

Сепак, најавата на Бајден во април 2023 година, кога потврди дека ќе се кандидира за втор мандат, беше дочекана со скептицизам од многу демократи, но скептиците брзо се согласија да се приклучат на неговата кампања како советници, наместо да му се спротивстават.

„На партијата и е потребно целосно рестартирање. Го лажеа американскиот народ за здравјето и когнитивните способности на претседателот“, рече менаџерот на хеџ фондот Бил Акман, долгогодишен донатор на демократите кој го поддржа Трамп во 2024 година.

Камала Харис ќе даде изјава денеска во 16:00 часот (21:00 GMT), соопшти Белата куќа, нејзин прв одговор на изборниот пораз од Доналд Трамп. Харис, која ќе зборува на Универзитетот Хауард во Вашингтон, беше убедливо победена од Трамп и покрај повеќето анкети кои укажуваат на тесна трка.

The post Демократите во шок по поразот на Камала Харис appeared first on Република.

]]>

Меѓу членовите на Демократската партија има незадоволство и преиспитување откако американската потпретседателка Камала Харис доживеа шокантен изборен пораз, пренесоа американските медиуми. Харис се сметаше за аутсајдер на нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп, откако влезе во трката само три месеци пред изборите, но природата на нејзиниот пораз доведе до тоа некои демократи да покренат прашања за иднината на партијата, јавија американските медиуми. Најжестоките критики беа упатени кон врвот на партијата, со обвинувања дека демократските поддржувачи се хранат со невистини за менталното здравје на претседателот Џозеф Бајден, се додека катастрофалниот ТВ-дуел со Трамп во јуни не го вклучи алармот и на крајот доведе до откажување на претседателот од кандидатурата. Сепак, најавата на Бајден во април 2023 година, кога потврди дека ќе се кандидира за втор мандат, беше дочекана со скептицизам од многу демократи, но скептиците брзо се согласија да се приклучат на неговата кампања како советници, наместо да му се спротивстават. „На партијата и е потребно целосно рестартирање. Го лажеа американскиот народ за здравјето и когнитивните способности на претседателот“, рече менаџерот на хеџ фондот Бил Акман, долгогодишен донатор на демократите кој го поддржа Трамп во 2024 година. Камала Харис ќе даде изјава денеска во 16:00 часот (21:00 GMT), соопшти Белата куќа, нејзин прв одговор на изборниот пораз од Доналд Трамп. Харис, која ќе зборува на Универзитетот Хауард во Вашингтон, беше убедливо победена од Трамп и покрај повеќето анкети кои укажуваат на тесна трка.

The post Демократите во шок по поразот на Камала Харис appeared first on Република.

]]>
Демократите ќе бараат Бајден да се повлече од трката по вчерашниот дебакл? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/demokratite-ke-baraat-bajden-da-se-povleche-od-trkata-po-vcherashniot-debakl/ Fri, 28 Jun 2024 07:40:58 +0000 https://republika.mk/?p=791448

Американскиот претседател Џо Бајден мисли дека бил добар во ноќешната предизборна дебата со Доналд Трамп, во која, според општиот суд на јавноста остави многу лош и несигурен впечаток.

Така, меѓутоа, не мислат и анкетираните набљудувачи, од кои две третини сметаат дека победата во соочувањето ја извојува поранешниот претседател Трамп.

https://republika.mk/vesti/svet/tramp-go-sogazi-bajden-na-prvata-debata-pokazhuvaat-anketite-demokratite-zagrizheni/

Новинарите го прашаа Бајден дали е загрижен за неговиот настап.

Тешко е да се дебатира со лажго. Само „Њујорк Тајмс“ забележа дека дури 26 пати тој изговори крупни лаги, одговори Бајден.

Несигурниот настап на Бајден предизвика голема вознемиреност кај демократите, меѓу кои се постави прашањето дали 81-годишниот претседател е престар за уште еден мандат. Еден од главните донатори на Бајден, кој сакаше да остане анонимен, настапот на Бајден го оцени за „дисквалификувачки“ и рече дека очекува нова рунда повици за тој да се повлече пред националната конвенција на партијата во август.

Британски Телеграф пишува дека веќе имало дискусија во Демократската партија за повлекување на Бајден од кампањата. Тие наведуваат дека група демократски претставници веќе разговарале за потребата од нов претседателски кандидат откако виделе дека пред нивните очи се случува „катастрофа“.

Поранешниот висок советник на Барак Обама, Дејвид Акселрод, исто така, најави дебата во Демократската партија за тоа дали Бајден треба да се повлече.

Проблемот е што, меѓутоа, во моментов нема јасен кандидат кој би можел да го замени Бајден, бидејќи до изборите остануваат само неколку месеци.

Белата куќа го оправда слабиот настап на Бајден - со настинка.

The post Демократите ќе бараат Бајден да се повлече од трката по вчерашниот дебакл? appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден мисли дека бил добар во ноќешната предизборна дебата со Доналд Трамп, во која, според општиот суд на јавноста остави многу лош и несигурен впечаток. Така, меѓутоа, не мислат и анкетираните набљудувачи, од кои две третини сметаат дека победата во соочувањето ја извојува поранешниот претседател Трамп. https://republika.mk/vesti/svet/tramp-go-sogazi-bajden-na-prvata-debata-pokazhuvaat-anketite-demokratite-zagrizheni/ Новинарите го прашаа Бајден дали е загрижен за неговиот настап.
Тешко е да се дебатира со лажго. Само „Њујорк Тајмс“ забележа дека дури 26 пати тој изговори крупни лаги, одговори Бајден.
Несигурниот настап на Бајден предизвика голема вознемиреност кај демократите, меѓу кои се постави прашањето дали 81-годишниот претседател е престар за уште еден мандат. Еден од главните донатори на Бајден, кој сакаше да остане анонимен, настапот на Бајден го оцени за „дисквалификувачки“ и рече дека очекува нова рунда повици за тој да се повлече пред националната конвенција на партијата во август. Британски Телеграф пишува дека веќе имало дискусија во Демократската партија за повлекување на Бајден од кампањата. Тие наведуваат дека група демократски претставници веќе разговарале за потребата од нов претседателски кандидат откако виделе дека пред нивните очи се случува „катастрофа“. Поранешниот висок советник на Барак Обама, Дејвид Акселрод, исто така, најави дебата во Демократската партија за тоа дали Бајден треба да се повлече. Проблемот е што, меѓутоа, во моментов нема јасен кандидат кој би можел да го замени Бајден, бидејќи до изборите остануваат само неколку месеци. Белата куќа го оправда слабиот настап на Бајден - со настинка.

The post Демократите ќе бараат Бајден да се повлече од трката по вчерашниот дебакл? appeared first on Република.

]]>