демографска криза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/demografska-kriza/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Sep 2022 19:23:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png демографска криза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/demografska-kriza/ 32 32 Економист: Демографската криза во Кина ќе го забави економскиот раст на земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ekonomist-demografskata-kriza-vo-kina-kje-go-zabavi-ekonomskiot-rast-na-zemjata/ Sun, 11 Sep 2022 19:23:58 +0000 https://republika.mk/?p=549846

Демографската криза во Кина може да доведе до забавување на економскиот раст на земјата во следните 10 години, прогнозира „Економист“.

„Растот на БДП на Кина можеби е најголем во светот, но ќе почне да заостанува во следните 10-15 години, бидејќи демографскиот пад во НР Кина ќе стане поизразен“, забележува весникот.

Изданието наведува дека кинескиот БДП во 2021 година достигнал 17,7 трилиони долари, а тој на САД сега изнесува 23 трилиони долари. Економскиот раст на Кина пропадна поради политиката на нулта толеранција за коронавирусот, тешката ситуација на пазарот на недвижности, технолошката војна со САД и одбивањето да се реформираат државните претпријатија.

Во написот се наведува и дека кинескиот БДП се предвидува да порасне за 47 отсто до 2031 година со просечна годишна стапка на раст од 4 отсто. Во исто време, цените во Кина ќе пораснат за речиси една третина (+30%), а курсот ќе се зголеми за 13 отсто.

На 6 септември, Ченг Хонгганг, висок соработник во тинк-тенк Таихе, изјави дека санкциите на ЕУ наметнати на Русија имале позитивно влијание врз трговските односи меѓу Русија и Кина. ссм/

The post Економист: Демографската криза во Кина ќе го забави економскиот раст на земјата appeared first on Република.

]]>

Демографската криза во Кина може да доведе до забавување на економскиот раст на земјата во следните 10 години, прогнозира „Економист“.
„Растот на БДП на Кина можеби е најголем во светот, но ќе почне да заостанува во следните 10-15 години, бидејќи демографскиот пад во НР Кина ќе стане поизразен“, забележува весникот.
Изданието наведува дека кинескиот БДП во 2021 година достигнал 17,7 трилиони долари, а тој на САД сега изнесува 23 трилиони долари. Економскиот раст на Кина пропадна поради политиката на нулта толеранција за коронавирусот, тешката ситуација на пазарот на недвижности, технолошката војна со САД и одбивањето да се реформираат државните претпријатија. Во написот се наведува и дека кинескиот БДП се предвидува да порасне за 47 отсто до 2031 година со просечна годишна стапка на раст од 4 отсто. Во исто време, цените во Кина ќе пораснат за речиси една третина (+30%), а курсот ќе се зголеми за 13 отсто. На 6 септември, Ченг Хонгганг, висок соработник во тинк-тенк Таихе, изјави дека санкциите на ЕУ наметнати на Русија имале позитивно влијание врз трговските односи меѓу Русија и Кина. ссм/

The post Економист: Демографската криза во Кина ќе го забави економскиот раст на земјата appeared first on Република.

]]>
Албанија официјално во демографска криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/albanija-oficijalno-vo-demografska-kriza/ Fri, 15 Apr 2022 17:58:32 +0000 https://republika.mk/?p=489118

Податоците на Институтот за статистика (ИНСТАТ) покажуваат дека населението во Албанија се намалило на 2,79 милиони жители, што е за над 36 илјади помалку од пред една година, што дополнително ги влошува демографските показатели на земјата.

-Економските неможности и желбата за подобар живот предизвикаа над 42 илјади луѓе да ја напуштат земјата минатата година, речиси двојно повеќе од 2020 година, што е многу загрижувачка бројка за Албанија, која официјално е во демографска криза, констатира Топ чанел.

Падот на наталитетот и зголемувањето на морталитетот, главно поради пандемијата, направија природниот прираст минатата година да биде негативен со 3.200 смртни случаи повеќе од новородени. Вкупно минатата година животот го загубија над 30.000 луѓе.

-Исто така миграциските движења во земјата се зголемија, бидејќи населението во руралните области се повеќе се приближува кон урбаните центри, како што се Тирана, Драч и Фиер, кои имаат најголем дел од населението во земјата, над половина од вкупната популација. Ова се должи на поголемите можности што овие региони ги нудат како во однос на вработување, така и во однос на услугите, со што тие имаат и најголем удел во економијата на земјата, наведува телевизијата.

Официјалната статистика потврдува дека во текот на 2021 година, од 12 окрузи само еден од нив бележи пораст на населението и тоа е токму главниот град, додека во другите 11 окрузи населението бележи намалување. Најголемо намалување на бројот на жители е забележано во регионите на Ѓирокастро, Берат и Пешкопеја.

Населението во Албанија исто така забрзано старее, бидејќи просечната возраст достигна 38,2 години, од 37,6 години, колку што беше лани

The post Албанија официјално во демографска криза appeared first on Република.

]]>

Податоците на Институтот за статистика (ИНСТАТ) покажуваат дека населението во Албанија се намалило на 2,79 милиони жители, што е за над 36 илјади помалку од пред една година, што дополнително ги влошува демографските показатели на земјата. -Економските неможности и желбата за подобар живот предизвикаа над 42 илјади луѓе да ја напуштат земјата минатата година, речиси двојно повеќе од 2020 година, што е многу загрижувачка бројка за Албанија, која официјално е во демографска криза, констатира Топ чанел. Падот на наталитетот и зголемувањето на морталитетот, главно поради пандемијата, направија природниот прираст минатата година да биде негативен со 3.200 смртни случаи повеќе од новородени. Вкупно минатата година животот го загубија над 30.000 луѓе. -Исто така миграциските движења во земјата се зголемија, бидејќи населението во руралните области се повеќе се приближува кон урбаните центри, како што се Тирана, Драч и Фиер, кои имаат најголем дел од населението во земјата, над половина од вкупната популација. Ова се должи на поголемите можности што овие региони ги нудат како во однос на вработување, така и во однос на услугите, со што тие имаат и најголем удел во економијата на земјата, наведува телевизијата. Официјалната статистика потврдува дека во текот на 2021 година, од 12 окрузи само еден од нив бележи пораст на населението и тоа е токму главниот град, додека во другите 11 окрузи населението бележи намалување. Најголемо намалување на бројот на жители е забележано во регионите на Ѓирокастро, Берат и Пешкопеја. Населението во Албанија исто така забрзано старее, бидејќи просечната возраст достигна 38,2 години, од 37,6 години, колку што беше лани

The post Албанија официјално во демографска криза appeared first on Република.

]]>