демнење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/demnenje/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 16:38:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png демнење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/demnenje/ 32 32 Кривична пријава за демнење против 66-годишен неготинец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-za-demnene-protiv-66-godishen-negotinets/ Fri, 08 Nov 2024 16:57:22 +0000 https://republika.mk/?p=835676

ОВР Неготино, до Основно јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Љ.Т.(66) од Неготино поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „демнење“ по член 144-а став 1 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

По преземените мерки и активности од Надворешната канцеларија за криминалистички равоти при ОВР Неготино било утврдено дека пријавениот подолг период го следел и прогонувал, се мешал во личниот и приватниот живот на 41- годишен вработен како началник во ОВР Неготино, неговата сопруга и двете малолетни деца.

Имено, пријавениот, во повеќе наврати воспоставувал и настојувал да воспостави контакти со оштетениот со движење во службените простории на ОВР Неготино и во централното градско подрачје на општина Неготино, скоро секој ден го следел неговото движење, доаѓал во ОВР Неготино, постојано го барал, а кога не го добивал го чекал пред вратата на неговата канцеларија, како и пред ОВР Неготино, постојано му ѕвонел на мобилниот телефон, снимал и објавувал видео клипови на социјални мрежи со навредливи и содржини со кои имал намера да му наштети на угледот.

Со ваквото однесување, пријавениот го сторил делото за кое е поднесена пријавата.

The post Кривична пријава за демнење против 66-годишен неготинец appeared first on Република.

]]>

ОВР Неготино, до Основно јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Љ.Т.(66) од Неготино поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „демнење“ по член 144-а став 1 од Кривичниот законик, информираат од МВР. По преземените мерки и активности од Надворешната канцеларија за криминалистички равоти при ОВР Неготино било утврдено дека пријавениот подолг период го следел и прогонувал, се мешал во личниот и приватниот живот на 41- годишен вработен како началник во ОВР Неготино, неговата сопруга и двете малолетни деца. Имено, пријавениот, во повеќе наврати воспоставувал и настојувал да воспостави контакти со оштетениот со движење во службените простории на ОВР Неготино и во централното градско подрачје на општина Неготино, скоро секој ден го следел неговото движење, доаѓал во ОВР Неготино, постојано го барал, а кога не го добивал го чекал пред вратата на неговата канцеларија, како и пред ОВР Неготино, постојано му ѕвонел на мобилниот телефон, снимал и објавувал видео клипови на социјални мрежи со навредливи и содржини со кои имал намера да му наштети на угледот. Со ваквото однесување, пријавениот го сторил делото за кое е поднесена пријавата.

The post Кривична пријава за демнење против 66-годишен неготинец appeared first on Република.

]]>
Двајца мажи осомничени за демнење, испраќале писма на неколку службени адреси https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dvajtsa-mazhi-osomnicheni-za-demnene-isprakale-pisma-na-nekolku-sluzhbeni-adresi/ Fri, 13 Sep 2024 10:33:02 +0000 https://republika.mk/?p=816007

Дебарскaтa полиција поднесе кривични пријави против дебарчанец и жител на Струга, за сторено кривично дело „демнење“.

Поднесена е кривична пријава против Р.И.(43) од Дебар и Т.Б.(30) од струшкото село Корошишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Пријавениот Р.И. своерачно напишал повеќе анонимни писма со лажна и тенденциозна содржина, со користење на лични податоци на лице вработено во ОВР Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според него на 22 јуни годинава Р.И. му ги предал писмата на Т.Б., кој, како помагач и соизвршител на делото, писмата ги доставил во поштата во Струга и ги пуштил на неколку службени адреси.

Со ваквото постапување, пријавените кај оштетениот предизвикале психичка вознемиреност и чувство на несигурност, додаде Димоски.

The post Двајца мажи осомничени за демнење, испраќале писма на неколку службени адреси appeared first on Република.

]]>

Дебарскaтa полиција поднесе кривични пријави против дебарчанец и жител на Струга, за сторено кривично дело „демнење“. Поднесена е кривична пријава против Р.И.(43) од Дебар и Т.Б.(30) од струшкото село Корошишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Пријавениот Р.И. своерачно напишал повеќе анонимни писма со лажна и тенденциозна содржина, со користење на лични податоци на лице вработено во ОВР Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид. Според него на 22 јуни годинава Р.И. му ги предал писмата на Т.Б., кој, како помагач и соизвршител на делото, писмата ги доставил во поштата во Струга и ги пуштил на неколку службени адреси. Со ваквото постапување, пријавените кај оштетениот предизвикале психичка вознемиреност и чувство на несигурност, додаде Димоски.

The post Двајца мажи осомничени за демнење, испраќале писма на неколку службени адреси appeared first on Република.

]]>
Човек ќе одговара за „демнење“ – еве што направил https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chovek-ke-odgovara-za-demnene-eve-shto-napravil/ Tue, 13 Aug 2024 20:30:14 +0000 https://republika.mk/?p=806259

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ж.Ќ.(30) од кочанско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“.

Пријавениот ја следел и вознемирувал неговата поранешна девојка.

The post Човек ќе одговара за „демнење“ – еве што направил appeared first on Република.

]]>

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ж.Ќ.(30) од кочанско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Пријавениот ја следел и вознемирувал неговата поранешна девојка.

The post Човек ќе одговара за „демнење“ – еве што направил appeared first on Република.

]]>
Пријава за „демнење“ за дечко од Македонска Каменица кој со месеци ја следел и малтретирал бившата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prijava-za-demnene-za-dechko-od-makedonska-kamenitsa-koj-so-mesetsi-ja-sledel-i-maltretiral-bivshata/ Wed, 15 May 2024 07:25:18 +0000 https://republika.mk/?p=778112

Надворешната канцеларија за криминалистички работи поднесе кривична пријава против И.Г.(32) од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“.

Како што соопштуваат од МВР, пријавениот, во последните шест месеци следел и на друг начин психички малтретирал девојка со која претходно бил во љубовна врска.

 

The post Пријава за „демнење“ за дечко од Македонска Каменица кој со месеци ја следел и малтретирал бившата appeared first on Република.

]]>

Надворешната канцеларија за криминалистички работи поднесе кривична пријава против И.Г.(32) од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Како што соопштуваат од МВР, пријавениот, во последните шест месеци следел и на друг начин психички малтретирал девојка со која претходно бил во љубовна врска.  

The post Пријава за „демнење“ за дечко од Македонска Каменица кој со месеци ја следел и малтретирал бившата appeared first on Република.

]]>
Aко демнете некого на интернет во ЕУ ќе бидете кривично гонети https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ako-demnete-nekogo-na-internet-vo-eu-ke-bidete-krivichno-goneti/ Wed, 07 Feb 2024 07:59:43 +0000 https://republika.mk/?p=741255

Осакатување на женските гениталии, принудните брак, споделувањето интимни фотографии без согласност и онлајн демнењето, вознемирувањето и поттикнувањето на омраза или насилство ќе станат кривични дела во Европската Унија по усвојувањето на директивата за спречување на насилството врз жените и семејното насилство, за чија содржина е постигнат договор меѓу белгиското претседателство со Советот на ЕУ и Европскиот парламент.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, овој прв посебен закон за оваа проблематика на ниво на ЕУ утврдува минимални правила во врска со дефинирањето на конкретни кривични дела и казни за справување со овие форми на насилство, а, исто така, ги регулира и правата на жртвите и предвидува нивна заштита.

Белгискиот вицепремиер и министер за правда и Северно Море, Пол Ван Тигхелт, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ, по постигнувањето на договорот за директивата изјави дека сексуалното и семејното насилство, уличното вознемирување или онлајн злоупотребите се секојдневни закани со кои се соочуваат многу жени во Европа.

Освен тоа, според него, жените премногу често плаќаат со своите животи за раскинување на врските, а дури и присилните бракови и гениталното осакатување не се целосно искоренети од европското општество.

- Мораме да ставиме крај на ова. Со новата директива, земјите членки преземаат важни чекори за колективно да се спротивстават на овие тешки злосторства, со акцент на превенцијата и доследното казнување, изјави Ван Тигхелт.

Слични гледишта беа искажани и од поединци на Твитер. Според нив, со изменет закон, ќе се доведе до несериозни обвиненија против мажи и ќе го направи опасно стапувањето во брак.

Според белгиската државна секретарка за родова еднаквост Мари-Колин Лероа, договорот претставува голем чекор напред за подобра заштита на жените и девојчињата од насилство во нивните домови, на работа, на улица, офлајн или онлајн.

- Директивата има важно поглавје за превенција за да се дејствува против основните модели на принуда, моќ и контрола и да се преземат конкретни мерки за спречување на силувањето. Земјите членки испраќаат силна порака: повеќе не прифаќаме дека сте повеќе изложени на ризик ако сте жена, отколку ако сте маж, изјави Лероа.

Покрај воведувањето заеднички правила на ниво на ЕУ за дефинирање на кривичните дела поврзани со семејното и насилството врз жените и казните за нив, директивата предвидува и „отежнувачки околности“, како што се повторување на делото, вршење насилство врз ранлива личност или дете или употреба на екстремен степен на насилство.

Со новиот закон на жртвите на овие форми на насилство им се овозможува полесен пристап до правдата и се обврзуваат земјите членки да обезбедат соодветно ниво на специјализирана заштита и поддршка.

Кога жртви на вакви форми на насилство се малолетници, се предвидува пружање помош од професионалци обучени да работат со деца. Доколку извршител на чинот на насилство е родител или старател, пред да го информираат за пријавувањето, властите ќе треба да преземат мерки за заштита на детето-жртва.

Владата на Република Македонија на последната седница ги разгледа и усвои Стратегијата и Акцискиот план за превенција и заштита на децата од насилство во Република Македонија.

За да се заштити приватноста на жртвите и да се спречи нивна повторна виктимизација, законот предвидува доказите поврзани со сексуалното однесување на жртвата во минатото да може да бидат презентирани во кривичната постапка само ако тоа е релевантно и неопходно.

Директивата, исто така, на жртвите на насилството им гарантира право да бараат целосна компензација од сторителите.

Со договор, специјализираните центри за помош се обврзани да им бидат достапни на жртвите за совет и поддршка, да им дадат информации за пристап до правно советување и да им обезбедат помош за наоѓање засолниште и медицинска нега. Во тој контекст, секоја земја членка е обврзана да воведе бесплатна телефонска линија за помош на национално ниво, која ќе им биде достапна на жртвите на насилство 24 часа во текот на денот.

Дополнително, земјите на ЕУ мора да покренат кампањи за подигање на свеста за спречување на семејното и насилството врз жените, како и за разбивање на штетните родови стереотипи и за промовирање на родовата еднаквост и меѓусебно почитување.

- Насилството врз жените и девојчињата е едно од најсистематските и најчестите прекршувања на човековите права на глобално ниво. Директивата за која се согласија претседателството и Европскиот парламент ќе биде првиот правен инструмент кој конкретно го таргетира насилството врз жените и семејното насилство на ниво на ЕУ, посочува Европскиот совет

The post Aко демнете некого на интернет во ЕУ ќе бидете кривично гонети appeared first on Република.

]]>

Осакатување на женските гениталии, принудните брак, споделувањето интимни фотографии без согласност и онлајн демнењето, вознемирувањето и поттикнувањето на омраза или насилство ќе станат кривични дела во Европската Унија по усвојувањето на директивата за спречување на насилството врз жените и семејното насилство, за чија содржина е постигнат договор меѓу белгиското претседателство со Советот на ЕУ и Европскиот парламент. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, овој прв посебен закон за оваа проблематика на ниво на ЕУ утврдува минимални правила во врска со дефинирањето на конкретни кривични дела и казни за справување со овие форми на насилство, а, исто така, ги регулира и правата на жртвите и предвидува нивна заштита. Белгискиот вицепремиер и министер за правда и Северно Море, Пол Ван Тигхелт, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ, по постигнувањето на договорот за директивата изјави дека сексуалното и семејното насилство, уличното вознемирување или онлајн злоупотребите се секојдневни закани со кои се соочуваат многу жени во Европа. Освен тоа, според него, жените премногу често плаќаат со своите животи за раскинување на врските, а дури и присилните бракови и гениталното осакатување не се целосно искоренети од европското општество. - Мораме да ставиме крај на ова. Со новата директива, земјите членки преземаат важни чекори за колективно да се спротивстават на овие тешки злосторства, со акцент на превенцијата и доследното казнување, изјави Ван Тигхелт. Слични гледишта беа искажани и од поединци на Твитер. Според нив, со изменет закон, ќе се доведе до несериозни обвиненија против мажи и ќе го направи опасно стапувањето во брак. Според белгиската државна секретарка за родова еднаквост Мари-Колин Лероа, договорот претставува голем чекор напред за подобра заштита на жените и девојчињата од насилство во нивните домови, на работа, на улица, офлајн или онлајн. - Директивата има важно поглавје за превенција за да се дејствува против основните модели на принуда, моќ и контрола и да се преземат конкретни мерки за спречување на силувањето. Земјите членки испраќаат силна порака: повеќе не прифаќаме дека сте повеќе изложени на ризик ако сте жена, отколку ако сте маж, изјави Лероа. Покрај воведувањето заеднички правила на ниво на ЕУ за дефинирање на кривичните дела поврзани со семејното и насилството врз жените и казните за нив, директивата предвидува и „отежнувачки околности“, како што се повторување на делото, вршење насилство врз ранлива личност или дете или употреба на екстремен степен на насилство. Со новиот закон на жртвите на овие форми на насилство им се овозможува полесен пристап до правдата и се обврзуваат земјите членки да обезбедат соодветно ниво на специјализирана заштита и поддршка. Кога жртви на вакви форми на насилство се малолетници, се предвидува пружање помош од професионалци обучени да работат со деца. Доколку извршител на чинот на насилство е родител или старател, пред да го информираат за пријавувањето, властите ќе треба да преземат мерки за заштита на детето-жртва. Владата на Република Македонија на последната седница ги разгледа и усвои Стратегијата и Акцискиот план за превенција и заштита на децата од насилство во Република Македонија. За да се заштити приватноста на жртвите и да се спречи нивна повторна виктимизација, законот предвидува доказите поврзани со сексуалното однесување на жртвата во минатото да може да бидат презентирани во кривичната постапка само ако тоа е релевантно и неопходно. Директивата, исто така, на жртвите на насилството им гарантира право да бараат целосна компензација од сторителите. Со договор, специјализираните центри за помош се обврзани да им бидат достапни на жртвите за совет и поддршка, да им дадат информации за пристап до правно советување и да им обезбедат помош за наоѓање засолниште и медицинска нега. Во тој контекст, секоја земја членка е обврзана да воведе бесплатна телефонска линија за помош на национално ниво, која ќе им биде достапна на жртвите на насилство 24 часа во текот на денот. Дополнително, земјите на ЕУ мора да покренат кампањи за подигање на свеста за спречување на семејното и насилството врз жените, како и за разбивање на штетните родови стереотипи и за промовирање на родовата еднаквост и меѓусебно почитување. - Насилството врз жените и девојчињата е едно од најсистематските и најчестите прекршувања на човековите права на глобално ниво. Директивата за која се согласија претседателството и Европскиот парламент ќе биде првиот правен инструмент кој конкретно го таргетира насилството врз жените и семејното насилство на ниво на ЕУ, посочува Европскиот совет

The post Aко демнете некого на интернет во ЕУ ќе бидете кривично гонети appeared first on Република.

]]>
Апсење во Тетово: Му раскинала, па почнал да ја следи и малтретира https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/apsene-vo-tetovo-mu-raskinala-pa-pochnal-da-ja-sledi-i-maltretira/ Wed, 31 Jan 2024 12:39:28 +0000 https://republika.mk/?p=738997

Вчера околу 16 часот и 10 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 32-годишниот Ч.Б. од тетовски Бродец.

Тој претходно бил пријавен од неговата поранешна 41-годишна партнерка од Тетово дека и по прекинувањето на врската продолжил да ја следи, малтретира и да ѝ се заканува.

Од СВР Тетово велат дека тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

The post Апсење во Тетово: Му раскинала, па почнал да ја следи и малтретира appeared first on Република.

]]>

Вчера околу 16 часот и 10 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 32-годишниот Ч.Б. од тетовски Бродец. Тој претходно бил пријавен од неговата поранешна 41-годишна партнерка од Тетово дека и по прекинувањето на врската продолжил да ја следи, малтретира и да ѝ се заканува. Од СВР Тетово велат дека тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

The post Апсење во Тетово: Му раскинала, па почнал да ја следи и малтретира appeared first on Република.

]]>
Паѓаат првите кривични за „демнење“, маж следел и вознемирувал жена во Делчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pagaat-prvite-krivichni-za-demnene-mazh-sledel-i-voznemiruval-zhena-vo-delchevo/ Mon, 29 Jan 2024 15:57:08 +0000 https://republika.mk/?p=738265

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Н.И.(32) од с.Косевица, општина Македонска Kаменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“.

Како што информира МВР, на 15.01.2024 во Делчево, пријавениот следел жена од Делчево, додека на 30.12.2023 тој ѝ напишал порака на социјалните мрежи со вулгарна и заканувачка содржина и телефонски ја вознемирувал.

The post Паѓаат првите кривични за „демнење“, маж следел и вознемирувал жена во Делчево appeared first on Република.

]]>

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Н.И.(32) од с.Косевица, општина Македонска Kаменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Како што информира МВР, на 15.01.2024 во Делчево, пријавениот следел жена од Делчево, додека на 30.12.2023 тој ѝ напишал порака на социјалните мрежи со вулгарна и заканувачка содржина и телефонски ја вознемирувал.

The post Паѓаат првите кривични за „демнење“, маж следел и вознемирувал жена во Делчево appeared first on Република.

]]>
Му раскинала, па два месеца ја следел: Старец ќе одговара за „демнење“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mu-raskinala-pa-dva-mesetsa-ja-sledel-starets-ke-odgovara-za-demnene/ Fri, 05 Jan 2024 16:10:22 +0000 https://republika.mk/?p=730162

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против К.З.(74) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“.

Пријавениот, во последните два месеца следел жена со која претходно бил во љубовна врска.

The post Му раскинала, па два месеца ја следел: Старец ќе одговара за „демнење“ appeared first on Република.

]]>

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против К.З.(74) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Пријавениот, во последните два месеца следел жена со која претходно бил во љубовна врска.

The post Му раскинала, па два месеца ја следел: Старец ќе одговара за „демнење“ appeared first on Република.

]]>
Неготинец доби кривична пријава за „демнење“ – ја вознемирувал поранешната вереница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/negotinets-dobi-krivichna-prijava-za-demnene-ja-voznemiruval-poraneshnata-verenitsa/ Tue, 27 Jun 2023 16:10:50 +0000 https://republika.mk/?p=655756

Полицијата од Неготино поднесе кривична пријава против 35 годишен жител на Неготино, поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „демнење“.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, пријавениот се сомничи дека ја демнел жртвата во периодот од февруари 2023 до мај 2023 година.

Во периодот од февруари 2023 до мај 2023 година, пријавениот неовластено ја следел неговата поранешна вереница и ја вознемирувал со пораки преку вибер и со испраќање писма до домот во кој што таа живее, стои во соопштението од МВР.

 

The post Неготинец доби кривична пријава за „демнење“ – ја вознемирувал поранешната вереница appeared first on Република.

]]>

Полицијата од Неготино поднесе кривична пријава против 35 годишен жител на Неготино, поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „демнење“. Како што информира Министерството за внатрешни работи, пријавениот се сомничи дека ја демнел жртвата во периодот од февруари 2023 до мај 2023 година.
Во периодот од февруари 2023 до мај 2023 година, пријавениот неовластено ја следел неговата поранешна вереница и ја вознемирувал со пораки преку вибер и со испраќање писма до домот во кој што таа живее, стои во соопштението од МВР.
 

The post Неготинец доби кривична пријава за „демнење“ – ја вознемирувал поранешната вереница appeared first on Република.

]]>
Постои злоупотреба на интернет просторот: Законските измени за „демнењето“ заглавени во собраниски процедури https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/postoi-zloupotreba-na-internet-prostorot-zakonskite-izmeni-za-demnenjeto-zaglaveni-vo-sobraniski-proceduri/ Sat, 01 Jan 2022 09:14:57 +0000 https://republika.mk/?p=439199

Напредокот во технологијата за социјално вмрежување ја подобрува социјализацијата меѓу корисниците и тие стануваат поотворени во искажувањето на своите размислувања и споделувањето информации, а сето ова носи и пораст на прекршувањата/злоупотребата во дигиталниот простор. Следење, чекање пред домот или работното место, доближување, непожелни пораки и повици, давање подароци што не се посакувани, појавување на места каде што е жртвата, се дејства со кои се означува новото кривично дело „демнење“, кое се очекува да биде воведено во новите измени во Кривичниот законик што се во собраниска процедура.

Во новите законски измени во Кривичниот законик што ги подготви Министерството за правда се предвидени и затворски казни до три години. Ќе се казнуваат парично или до три години затвор оние што подолго време следат некого, прогонуваат или се мешаат во личниот живот на друг, при што ги злоупотребуваат личните податоци на жртвите, телекомуникациските или други системи на комуникација. Овие законски измени дојдоа откако на почетокот на 2021 година се актуализираше групата „Јавна соба“ на мобилната апликација „Телеграм“, каде што се споделуваа експлицитни фотографии, видеоматеријали со порнографска содржина и телефонски броеви со ценовници за наводни услуги на девојките. Групата броеше повеќе од 7.400 членови, меѓу кои имаше и малолетници. Досега за овој случај судски постапки се поведени против креаторот и администраторот на групата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/eksplicitni-videa-i-fotografii-povtorno-se-spodeluvaat-na-javna-soba-na-telegram/

Од Министерството за правда за МИА велат дека овие измени уште пред неколку месеци Владата ги усвои и се пратени во Собранието. Посочуваат дека измените на КЗ веќе се поминати на една од комисиите – Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и ќе треба да поминат и на уште неколку комисии за да се најде на пленарна седница пред пратениците.

Податоците од истражување направено во 2020 година од Реактор – Истражување во акција говорат дека 80,1 отсто од испитаничките имале искуство со вознемирување или кибернасилство. Речиси половина од испитаничките – 47 отсто добиле пораки со вулгарна содржина, повеќе од една третина – 34,8 отсто биле навредени или континуирано вознемирувани, повеќе од секоја четврта испитаничка – 26,2 отсто добила експлицитни фотографии (со гениталии и сл.) и на повеќе од секоја четврта ѝ се случило некој да ѝ побара да прати експлицитна фотографија од себе – 26 отсто. Повеќе од секоја петта испитаничка – 22,9 отсто имала онлајн демнач, и нешто помалку од една петтина имале искуство со хакиран профил на социјална мрежа.

Додека, од Министерството за внатрешни работи за МИА потенцираат дека во текот на 2020 година на подрачјето на СВР Скопје се пријавени вкупно шест кривични дела од кои четири кривични дела по член 144 ст 4 „загрозување на сигурноста“ и две кривични дела по член 193 „прикажување порнографски материјал на малолетник“.

Во текот на 2021 година, односно од 1.1.2021 до 31.11.2021 година на подрачјето на СВР Скопје се пријавени вкуно две кривични дела, од кои едно кривично дело по член 193 „прикажување порнографски материјал на малолетник“ и едно кривично дело по член 193-б „намамување на обљуба или др. полово дејство на малолетник“.

Ана Аврамовска Нушкова, правна советничка од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, за МИА истакнува дека демнењето е дејство што е повторливо и оти треба да биде санкционирано, бидејќи, како што вели, е кривично дело што може да превенира потешки кривични дела. Таа вели дека според статистиките од европски и американски истражувања, еден демнач ја демне жртвата најмалку две години пред да настане потешко кривично дело, како тешко телесна повреда или убиство, односно фемицид.

Жртвата ќе знае дека е демнета затоа што нема да го препознае како збор, но ќе знае дека има лошо чувство, дека е заплашена и едноставно личноста се појавува цело време на места каде што е таа или ја чека од работа или пред домот. Демнењето треба да се пријавува, независно дали ќе настапат за брзо време измените на Кривичниот законик, сепак како поим и како дејство и како вид насилство е препознаено и во граѓанскиот закон можат да се изречат привремени мерки за заштита што би ја заштитиле по првичната пријава - вели Аврамовска Нушкова.

Фросина Ивановска, психотерапевтка од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, во изјава за МИА вели дека прегледот на повеќе студии што го проучуваат овој феномен и особено влијанието врз жртвите укажува на повеќекратни штетни последици по менталното здравје.

Негативните емоции и физички симптоми вклучуваат: анксиозност, депресија, тага, лутина, страв, срам, изолација, ниска самодоверба, параноја, болки во стомакот, напади на паника, сè до самоповредувачко однесување. Девет студии покажуваат дека некои жртви се самоповредиле или имале самоубиствени мисли, а неколку изјавиле и дека се обиделе да се самоубијат - вели таа

Ивановска вели дека често срамот и стравот од осуда, исмевање, јавно понижување, ја оставаат жртвата подолго време сама и изолирана без никаква поддршка, со демнач/вознемирувач, кој поради карактеристиките на дигиталниот простор (онлајн комуникација 24/7, неможност да се избега на безбедно место и глобалниот пристап до информации) со своето однесување може многу поинтензивно да дејствува и сето ова да придонесе до катастрофални последици по менталното здравје, особено кај младата популација, рече Ивановска.

И комуникологот – специјалист за односи со јавност и нови медиуми Бојан Кордалов во изјава за МИА посочува дека е потребно многу повеќе да ја подигнуваме јавната и индивидуалната свест, да едуцираме, а секогаш кога ќе се премине дозволената линија и да казнуваме, бидејќи демнењето, како и другите негативни појави на интернет, како што вели, можат да доведат до многу несакани последици, особено кај децата, почнувајќи од вознемиреност, нарушување на менталното здравје, па сè до посегнување до личниот интегритет и живот.

Како комуниколог поддржувам сè што води кон инклузивно општество, гради имуни и отпорни граѓани на правење прекршочни и кривични дела, но и обезбедува демократска одржливост на нашето општество. Едноставно, општество во кое и со носењето закони ќе пратиме јасни пораки дека секој човек ни е во центарот, дека веруваме во зрелоста на секој наш граѓанин. Комуникација со која јасно ќе покажеме дека граѓаните се партнери на власта во спроведувањето на законите, сојузници без чија заедничка комуникација и дејствување ништо не може да се промени на подобро - вели Кордалов.

Александар Видиновски, портпарол во Министерството за правда, за МИА вели дека тие како Министерство, тоа е максимумот што можат да го направат – закон по кој институциите потоа ќе издејствуваат за појави на вознемирување жени во дигиталниот свет за да се намали колку што може повеќе.

Во однос на заштитата, Аврамовска посочува дека на жртвите во располагање им стои и
Граѓанскиот законик за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, каде што имаат можност доколку една жртва е демнета да побара или да поднесе до Центарот за социјална работа и доколку ги има доказите со кои би можело да се потврди тоа, центарот преку своите стручни и професионални вработени да поднесе предлог до судот за изрекување привремена мерка за заштита, кои се во времетраење од три месеци со можност за продолжување до една година.

Генерално институциите не посветуваат доволно внимание на случувањата во интернет-просторот, другите држави работат со многу отворени очи на ова поле

Кордалов смета дека како општество, вклучително како институции генерално не посветуваме доволно внимание на случувањата во интернет-просторот.

Како да не сакаме да се помириме дека општествата неповратно се менуваат во насока на дигитализација.

 

Второ, нашето општество е склоно кон поддршка само на санкции, кои се секако неопходни, но притоа забораваме дека најзначајниот дел е превенцијата. Токму целта на секое решение, на секоја казна е да превенира, а само по исклучок, ако се прекрши правилото, да казнува - вели Кордалов.

Тој смета дека како општествено-политички чинители многу зборуваме, а малку преземаме.

Секако секој во рамките на своите надлежности. Да го промениме ваквиот пристап и особено да најдеме начин да им објасниме на дел од институциите дека нивната одговорност е клучна во овој процес бидејќи зборуваме за процеси во кои секој од нас е засегнат - вели Кордалов.

Во однос на тоа како се справуваат другите држави со ваквите напади преку социјалните мрежи, Кордалов посочува дека работат со многу отворени очи, разработка на оваа тема во рамките на своите надлежности, со ангажирање и доквалификување стручни луѓе по институциите во оваа област со цел нејзино препознавање, превенирање и брзо санкционирање секогаш кога е потребно.

Секако, со добри законски прописи, но најважно и со нивно постојано адаптирање, како и прифаќање дека сѐ што важи во секојдневната, се применува и во виртуелната реалност - вели тој.

Жртвите немаат доверба во институциите, кривичните дела ги пријавуваат кај невладините и психолозите

Аврамовска Нушкова истакнува дека жртвите во принцип немаат голема доверба во институциите, но сепак, вели таа, единствени надлежни за решавањето на нивните проблеми, а поврзани со насилството и семејното насилство, се сепак на првата линија полициските станици, односно претполициските службеници и центрите за социјална работа.

Довербата кон граѓанските организации ја имаат повеќе, а тоа се докажа посебно за време на првата година од здравствената криза од пандемијата, односно првите месеци кога главното пријавување на семејното насилство беше преку граѓанските организации, кои беа препознаени на првата линија каде што можат да им ја дадат првата помош и поддршка на жртвите на насилство - вели таа.

Видиновски вели дека во случајот со Јавна соба 1 и 2, каде што дел од жртвите јавно проговорија дека не им веруваат на институциите кога биле да го пријавуваат бидејќи немале никаква реакција од институционална основа по однос на нивната жалба дека биле вознемирувани, дека им биле злоупотребувани личните податоци, односно на некој начин биле прогонувани во обид да се воспостави контакт, сега откако ќе се изгласаат измените на Кривичниот законик, делото демнење ќе влезе во нашиот законски систем и тогаш полицијата и обвинителството ќе можат да постапуваат по конкретно дело.

Токму заради тоа и се прави, да не рече некоја немам по што да гонам некој што се обидува десет пати да те контактира не по твоја желба, сега ќе може тоа да го направи. Сепак, мора да се каже дека ние како Министерство за правда дека со носење на ова дело или со измените на КЗ дека ќе го решиме проблемот, меѓутоа е како една добра појдовна точка да можат полицијата, судовите и обвинителството да постапуваат. Ако не се држат сите според овие измени на КЗ што ќе бидат донесени, додека не заживее во дело во практиката, не сме направиле ништо - вели  Видиновски.

За превенција потребни обуки со полицајци и препораки за жртвите како побезбедно да ги користат социјалните мрежи

Ивановска вели дека за превенирање на последиците од вознемирување на социјалните мрежи потребно е да се организираат обуки за користење директни и електронски методи за интервенирање и спречување на овој вид вознемирување.

На жртвите им е потребна поддршка, меѓутоа и видлива и ефективна заштита, со препораки и насоки како побезбедно да ги користат социјалните мрежи, особено при споделување на нивните лични информации - вели таа.

Слично мислење има и Аврамовска Нушкова, која вели и дека останува потребата од голем број обуки и работа, не само со полицислите службеници, со центрите за социјална работа, туку најмногу фокусот да биде ставен на јавните обвинители и судиите.

Од Министерството за правда очекуваат да нема пратеник што би бил гласал против овие измени, но секако, како што велат, доколку некој пратеник смета дека може некако да се подобрат измените, тоа да го приложи.

Знаеме што се случуваше во изминатиот период. Имаше период каде што поради изборите кога Собранието не работеше и, за жал, се одолговлекува целиот процес. Очекуваме конструктивна дебата и без ниту еден глас против да се донесат овие измени. Во новите измени на КЗ е внесен еден голем спектар на заштита на жените не само од демнење, туку и од полов напад, од сексуално вознемирување на работно место или дома - истакнува Видиновски.

The post Постои злоупотреба на интернет просторот: Законските измени за „демнењето“ заглавени во собраниски процедури appeared first on Република.

]]>

Напредокот во технологијата за социјално вмрежување ја подобрува социјализацијата меѓу корисниците и тие стануваат поотворени во искажувањето на своите размислувања и споделувањето информации, а сето ова носи и пораст на прекршувањата/злоупотребата во дигиталниот простор. Следење, чекање пред домот или работното место, доближување, непожелни пораки и повици, давање подароци што не се посакувани, појавување на места каде што е жртвата, се дејства со кои се означува новото кривично дело „демнење“, кое се очекува да биде воведено во новите измени во Кривичниот законик што се во собраниска процедура. Во новите законски измени во Кривичниот законик што ги подготви Министерството за правда се предвидени и затворски казни до три години. Ќе се казнуваат парично или до три години затвор оние што подолго време следат некого, прогонуваат или се мешаат во личниот живот на друг, при што ги злоупотребуваат личните податоци на жртвите, телекомуникациските или други системи на комуникација. Овие законски измени дојдоа откако на почетокот на 2021 година се актуализираше групата „Јавна соба“ на мобилната апликација „Телеграм“, каде што се споделуваа експлицитни фотографии, видеоматеријали со порнографска содржина и телефонски броеви со ценовници за наводни услуги на девојките. Групата броеше повеќе од 7.400 членови, меѓу кои имаше и малолетници. Досега за овој случај судски постапки се поведени против креаторот и администраторот на групата. https://republika.mk/vesti/makedonija/eksplicitni-videa-i-fotografii-povtorno-se-spodeluvaat-na-javna-soba-na-telegram/ Од Министерството за правда за МИА велат дека овие измени уште пред неколку месеци Владата ги усвои и се пратени во Собранието. Посочуваат дека измените на КЗ веќе се поминати на една од комисиите – Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и ќе треба да поминат и на уште неколку комисии за да се најде на пленарна седница пред пратениците.
Податоците од истражување направено во 2020 година од Реактор – Истражување во акција говорат дека 80,1 отсто од испитаничките имале искуство со вознемирување или кибернасилство. Речиси половина од испитаничките – 47 отсто добиле пораки со вулгарна содржина, повеќе од една третина – 34,8 отсто биле навредени или континуирано вознемирувани, повеќе од секоја четврта испитаничка – 26,2 отсто добила експлицитни фотографии (со гениталии и сл.) и на повеќе од секоја четврта ѝ се случило некој да ѝ побара да прати експлицитна фотографија од себе – 26 отсто. Повеќе од секоја петта испитаничка – 22,9 отсто имала онлајн демнач, и нешто помалку од една петтина имале искуство со хакиран профил на социјална мрежа.
Додека, од Министерството за внатрешни работи за МИА потенцираат дека во текот на 2020 година на подрачјето на СВР Скопје се пријавени вкупно шест кривични дела од кои четири кривични дела по член 144 ст 4 „загрозување на сигурноста“ и две кривични дела по член 193 „прикажување порнографски материјал на малолетник“. Во текот на 2021 година, односно од 1.1.2021 до 31.11.2021 година на подрачјето на СВР Скопје се пријавени вкуно две кривични дела, од кои едно кривично дело по член 193 „прикажување порнографски материјал на малолетник“ и едно кривично дело по член 193-б „намамување на обљуба или др. полово дејство на малолетник“. Ана Аврамовска Нушкова, правна советничка од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, за МИА истакнува дека демнењето е дејство што е повторливо и оти треба да биде санкционирано, бидејќи, како што вели, е кривично дело што може да превенира потешки кривични дела. Таа вели дека според статистиките од европски и американски истражувања, еден демнач ја демне жртвата најмалку две години пред да настане потешко кривично дело, како тешко телесна повреда или убиство, односно фемицид.
Жртвата ќе знае дека е демнета затоа што нема да го препознае како збор, но ќе знае дека има лошо чувство, дека е заплашена и едноставно личноста се појавува цело време на места каде што е таа или ја чека од работа или пред домот. Демнењето треба да се пријавува, независно дали ќе настапат за брзо време измените на Кривичниот законик, сепак како поим и како дејство и како вид насилство е препознаено и во граѓанскиот закон можат да се изречат привремени мерки за заштита што би ја заштитиле по првичната пријава - вели Аврамовска Нушкова.
Фросина Ивановска, психотерапевтка од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, во изјава за МИА вели дека прегледот на повеќе студии што го проучуваат овој феномен и особено влијанието врз жртвите укажува на повеќекратни штетни последици по менталното здравје.
Негативните емоции и физички симптоми вклучуваат: анксиозност, депресија, тага, лутина, страв, срам, изолација, ниска самодоверба, параноја, болки во стомакот, напади на паника, сè до самоповредувачко однесување. Девет студии покажуваат дека некои жртви се самоповредиле или имале самоубиствени мисли, а неколку изјавиле и дека се обиделе да се самоубијат - вели таа
Ивановска вели дека често срамот и стравот од осуда, исмевање, јавно понижување, ја оставаат жртвата подолго време сама и изолирана без никаква поддршка, со демнач/вознемирувач, кој поради карактеристиките на дигиталниот простор (онлајн комуникација 24/7, неможност да се избега на безбедно место и глобалниот пристап до информации) со своето однесување може многу поинтензивно да дејствува и сето ова да придонесе до катастрофални последици по менталното здравје, особено кај младата популација, рече Ивановска. И комуникологот – специјалист за односи со јавност и нови медиуми Бојан Кордалов во изјава за МИА посочува дека е потребно многу повеќе да ја подигнуваме јавната и индивидуалната свест, да едуцираме, а секогаш кога ќе се премине дозволената линија и да казнуваме, бидејќи демнењето, како и другите негативни појави на интернет, како што вели, можат да доведат до многу несакани последици, особено кај децата, почнувајќи од вознемиреност, нарушување на менталното здравје, па сè до посегнување до личниот интегритет и живот.
Како комуниколог поддржувам сè што води кон инклузивно општество, гради имуни и отпорни граѓани на правење прекршочни и кривични дела, но и обезбедува демократска одржливост на нашето општество. Едноставно, општество во кое и со носењето закони ќе пратиме јасни пораки дека секој човек ни е во центарот, дека веруваме во зрелоста на секој наш граѓанин. Комуникација со која јасно ќе покажеме дека граѓаните се партнери на власта во спроведувањето на законите, сојузници без чија заедничка комуникација и дејствување ништо не може да се промени на подобро - вели Кордалов.
Александар Видиновски, портпарол во Министерството за правда, за МИА вели дека тие како Министерство, тоа е максимумот што можат да го направат – закон по кој институциите потоа ќе издејствуваат за појави на вознемирување жени во дигиталниот свет за да се намали колку што може повеќе. Во однос на заштитата, Аврамовска посочува дека на жртвите во располагање им стои и Граѓанскиот законик за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, каде што имаат можност доколку една жртва е демнета да побара или да поднесе до Центарот за социјална работа и доколку ги има доказите со кои би можело да се потврди тоа, центарот преку своите стручни и професионални вработени да поднесе предлог до судот за изрекување привремена мерка за заштита, кои се во времетраење од три месеци со можност за продолжување до една година. Генерално институциите не посветуваат доволно внимание на случувањата во интернет-просторот, другите држави работат со многу отворени очи на ова поле Кордалов смета дека како општество, вклучително како институции генерално не посветуваме доволно внимание на случувањата во интернет-просторот.
Како да не сакаме да се помириме дека општествата неповратно се менуваат во насока на дигитализација.   Второ, нашето општество е склоно кон поддршка само на санкции, кои се секако неопходни, но притоа забораваме дека најзначајниот дел е превенцијата. Токму целта на секое решение, на секоја казна е да превенира, а само по исклучок, ако се прекрши правилото, да казнува - вели Кордалов.
Тој смета дека како општествено-политички чинители многу зборуваме, а малку преземаме.
Секако секој во рамките на своите надлежности. Да го промениме ваквиот пристап и особено да најдеме начин да им објасниме на дел од институциите дека нивната одговорност е клучна во овој процес бидејќи зборуваме за процеси во кои секој од нас е засегнат - вели Кордалов.
Во однос на тоа како се справуваат другите држави со ваквите напади преку социјалните мрежи, Кордалов посочува дека работат со многу отворени очи, разработка на оваа тема во рамките на своите надлежности, со ангажирање и доквалификување стручни луѓе по институциите во оваа област со цел нејзино препознавање, превенирање и брзо санкционирање секогаш кога е потребно.
Секако, со добри законски прописи, но најважно и со нивно постојано адаптирање, како и прифаќање дека сѐ што важи во секојдневната, се применува и во виртуелната реалност - вели тој.
Жртвите немаат доверба во институциите, кривичните дела ги пријавуваат кај невладините и психолозите Аврамовска Нушкова истакнува дека жртвите во принцип немаат голема доверба во институциите, но сепак, вели таа, единствени надлежни за решавањето на нивните проблеми, а поврзани со насилството и семејното насилство, се сепак на првата линија полициските станици, односно претполициските службеници и центрите за социјална работа.
Довербата кон граѓанските организации ја имаат повеќе, а тоа се докажа посебно за време на првата година од здравствената криза од пандемијата, односно првите месеци кога главното пријавување на семејното насилство беше преку граѓанските организации, кои беа препознаени на првата линија каде што можат да им ја дадат првата помош и поддршка на жртвите на насилство - вели таа.
Видиновски вели дека во случајот со Јавна соба 1 и 2, каде што дел од жртвите јавно проговорија дека не им веруваат на институциите кога биле да го пријавуваат бидејќи немале никаква реакција од институционална основа по однос на нивната жалба дека биле вознемирувани, дека им биле злоупотребувани личните податоци, односно на некој начин биле прогонувани во обид да се воспостави контакт, сега откако ќе се изгласаат измените на Кривичниот законик, делото демнење ќе влезе во нашиот законски систем и тогаш полицијата и обвинителството ќе можат да постапуваат по конкретно дело.
Токму заради тоа и се прави, да не рече некоја немам по што да гонам некој што се обидува десет пати да те контактира не по твоја желба, сега ќе може тоа да го направи. Сепак, мора да се каже дека ние како Министерство за правда дека со носење на ова дело или со измените на КЗ дека ќе го решиме проблемот, меѓутоа е како една добра појдовна точка да можат полицијата, судовите и обвинителството да постапуваат. Ако не се држат сите според овие измени на КЗ што ќе бидат донесени, додека не заживее во дело во практиката, не сме направиле ништо - вели  Видиновски.
За превенција потребни обуки со полицајци и препораки за жртвите како побезбедно да ги користат социјалните мрежи Ивановска вели дека за превенирање на последиците од вознемирување на социјалните мрежи потребно е да се организираат обуки за користење директни и електронски методи за интервенирање и спречување на овој вид вознемирување.
На жртвите им е потребна поддршка, меѓутоа и видлива и ефективна заштита, со препораки и насоки како побезбедно да ги користат социјалните мрежи, особено при споделување на нивните лични информации - вели таа.
Слично мислење има и Аврамовска Нушкова, која вели и дека останува потребата од голем број обуки и работа, не само со полицислите службеници, со центрите за социјална работа, туку најмногу фокусот да биде ставен на јавните обвинители и судиите. Од Министерството за правда очекуваат да нема пратеник што би бил гласал против овие измени, но секако, како што велат, доколку некој пратеник смета дека може некако да се подобрат измените, тоа да го приложи.
Знаеме што се случуваше во изминатиот период. Имаше период каде што поради изборите кога Собранието не работеше и, за жал, се одолговлекува целиот процес. Очекуваме конструктивна дебата и без ниту еден глас против да се донесат овие измени. Во новите измени на КЗ е внесен еден голем спектар на заштита на жените не само од демнење, туку и од полов напад, од сексуално вознемирување на работно место или дома - истакнува Видиновски.

The post Постои злоупотреба на интернет просторот: Законските измени за „демнењето“ заглавени во собраниски процедури appeared first on Република.

]]>