Демир Капија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/demir-kapija/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 11:32:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Демир Капија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/demir-kapija/ 32 32 Загина возач кој удри во заштитната ограда после првиот тунел кај Демир Капија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zagina-vozach-koj-udri-vo-zashtitnata-ograda-posle-prviot-tunel-kaj-demir-kapija/ Tue, 12 Nov 2024 11:32:52 +0000 https://republika.mk/?p=836730

Вчера во 18.40 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија - Гевгелија, после првиот тунел кај Демир Капија, товарно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(54) од с.Инџиково, скопско, удрило во заштитна ограда.

На местото на настанот починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

The post Загина возач кој удри во заштитната ограда после првиот тунел кај Демир Капија appeared first on Република.

]]>

Вчера во 18.40 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија - Гевгелија, после првиот тунел кај Демир Капија, товарно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(54) од с.Инџиково, скопско, удрило во заштитна ограда. На местото на настанот починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

The post Загина возач кој удри во заштитната ограда после првиот тунел кај Демир Капија appeared first on Република.

]]>
Со рафтинг на Вардар почна одбележувањето на 80 години од ослободувањето на Демир Капија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-rafting-na-vardar-pochna-odbelezhuvaneto-na-80-godini-od-osloboduvaneto-na-demir-kapija/ Sun, 03 Nov 2024 17:42:50 +0000 https://republika.mk/?p=833824

Демир Капија денеска го почна одбележувањето осумдесетгодишнината од ослободувањето од фашистичката окупација со рекреативно спуштање со кајак и рафтинг по реката Вардар.

Како што соопштуваат од Општина Демир Капија, за одбележувањето на јубилејот подготвена е петдневна програма исполнета со разновидни активности за секоја генерација.

Имаме низа активности со кои го одбележуваме значајниот јубилеен празник 7 Ноември, 80 години од ослободувањето на Демир Капија. Во чест на оваа важна годишнина, подготвивме петдневна програма, исполнета со разновидни активности за секоја генерација, кои го слават нашиот дух, традиција и иднина, информираа од демиркаписката локална самоуправа.

Оттаму појаснувааат дека активностите ќе се реализираат до седми ноември, а во нив се вклучени спортски, рекреативни и образовни настани, културно – уметничка програма и свечен протоколарен дел со доделување на награди и признанија за оние кои даваат значителен придонес за заедницата.

Овој јубилеј е повеќе од обичен празник, тој е спомен на жртвите и борбите што овозможија денес Демир Капија да биде град кој е слободен, жив и полн со потенцијал. Програмата е создадена со желба секој од нас да го најде своето место во овие пет дена. Празниците како овој ни даваат можност да се сетиме на нашите корени, но и да изградиме иднина со заеднички дух и ангажираност, подвлекуваат од Општината.

Свечената седница на Советот на Општина Демир Капија, како централен настан е предвидено да се одржи на 7 Ноември, во Домот на културата „Мирка Гинова“ Демир Капија, со почеток во 13 часот.

The post Со рафтинг на Вардар почна одбележувањето на 80 години од ослободувањето на Демир Капија appeared first on Република.

]]>

Демир Капија денеска го почна одбележувањето осумдесетгодишнината од ослободувањето од фашистичката окупација со рекреативно спуштање со кајак и рафтинг по реката Вардар. Како што соопштуваат од Општина Демир Капија, за одбележувањето на јубилејот подготвена е петдневна програма исполнета со разновидни активности за секоја генерација.
Имаме низа активности со кои го одбележуваме значајниот јубилеен празник 7 Ноември, 80 години од ослободувањето на Демир Капија. Во чест на оваа важна годишнина, подготвивме петдневна програма, исполнета со разновидни активности за секоја генерација, кои го слават нашиот дух, традиција и иднина, информираа од демиркаписката локална самоуправа.
Оттаму појаснувааат дека активностите ќе се реализираат до седми ноември, а во нив се вклучени спортски, рекреативни и образовни настани, културно – уметничка програма и свечен протоколарен дел со доделување на награди и признанија за оние кои даваат значителен придонес за заедницата.
Овој јубилеј е повеќе од обичен празник, тој е спомен на жртвите и борбите што овозможија денес Демир Капија да биде град кој е слободен, жив и полн со потенцијал. Програмата е создадена со желба секој од нас да го најде своето место во овие пет дена. Празниците како овој ни даваат можност да се сетиме на нашите корени, но и да изградиме иднина со заеднички дух и ангажираност, подвлекуваат од Општината.
Свечената седница на Советот на Општина Демир Капија, како централен настан е предвидено да се одржи на 7 Ноември, во Домот на културата „Мирка Гинова“ Демир Капија, со почеток во 13 часот.

The post Со рафтинг на Вардар почна одбележувањето на 80 години од ослободувањето на Демир Капија appeared first on Република.

]]>
Предмалку земјотрес во Демир Капија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/predmalku-zemjotres-vo-demir-kapija/ Fri, 11 Oct 2024 09:21:59 +0000 https://republika.mk/?p=825448

Македонската телеметриска сеизмолошка мрежа на сеизмолошките станици инсталирани ширум државата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 10 часот и 07 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Демир Капија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Неготино и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

The post Предмалку земјотрес во Демир Капија appeared first on Република.

]]>

Македонската телеметриска сеизмолошка мрежа на сеизмолошките станици инсталирани ширум државата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 10 часот и 07 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Демир Капија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.0. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Неготино и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

The post Предмалку земјотрес во Демир Капија appeared first on Република.

]]>
Земјотрес од 3,4 степени според Рихтеровата скала ја стресе Макeдонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/zemjotres-od-3-4-stepeni-spored-rihterovata-skala-ja-strese-makedonija/ Mon, 02 Sep 2024 18:48:33 +0000 https://republika.mk/?p=812476

Земјотрес од 3,4 степени според Рихтеровата скала ја стресе Макeдонија.

Според информациите од ЕМСЦ, земјотресот е регистриран на 13 километри северо-источно од Демир Капија.

Земјотресот е со длабочина од 9 километри.

Засега нема информации за материјална штета.

The post Земјотрес од 3,4 степени според Рихтеровата скала ја стресе Макeдонија appeared first on Република.

]]>

Земјотрес од 3,4 степени според Рихтеровата скала ја стресе Макeдонија. Според информациите од ЕМСЦ, земјотресот е регистриран на 13 километри северо-источно од Демир Капија. Земјотресот е со длабочина од 9 километри. Засега нема информации за материјална штета.

The post Земјотрес од 3,4 степени според Рихтеровата скала ја стресе Макeдонија appeared first on Република.

]]>
Повик до земјоделците од Демир Капија да пријават штети од невремето https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/povik-do-zemjodeltsite-od-demir-kapija-da-prijavat-shteti-od-nevremeto/ Tue, 20 Aug 2024 15:56:20 +0000 https://republika.mk/?p=808375

Општина Демир Капија ги повика земјоделците да пријават штети од град, како последица од невремето што го зафати Демиркаписко во неделата.

Се известуваат земјоделците од општина Демир Капија кои имаат претрпено штети од елементарна непогода - град, дека можат да пријават штети на своите насади, со доставување на барање за проценка на штетата во просториите на Општина Демир Капија, секој работен ден, од 8.30 до 13 часот до наредниот вторник. Покрај барањето, пријавата треба да биде дополнета со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и копија од имотен лист, се вели во соопштението до земјоделците.

Првичните информации говорат дека штетите се најголеми во атарите на селата Бистренци, Корешница и Прждево. Но, како што нагласија од Општината за МИА, Комисијата што ќе излезе на терен, ќе ги утврди точните оштетувања, со цел обесштетување на земјоделците од страна на државата.

The post Повик до земјоделците од Демир Капија да пријават штети од невремето appeared first on Република.

Претставата „Кенди“ вечерва на фестивалот „Без рамка“ во Демир Капија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-kendi-vecherva-na-festivalot-bez-ramka-vo-demir-kapija/ Sun, 28 Jul 2024 12:23:27 +0000 https://republika.mk/?p=801025

Вечерва во 20.00 часот во Домот на култура Мирка Гиноваво Демир Капија во склоп на Демиркапискиот меѓународен фестивал “Без рамка” ќе биде прикажана претставата „Кенди“.

Претставата е според романот на Лук Дејвис, авторски текстови и материјали од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.

Режија и адаптација е на Тамара Стојаноска, а играат: Лео Поповиќ и Бобан Алексоски.

Музиката е на Лука Тошев, а продукција на Театар „Златен Елец“ Скопје

Проектот е во соработка со ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.

„Кенди“ е дуодрама во која зборуваме за зависност кај младите со фокус на опијатната зависност. Претставата е анатомија на една љубов, шетање низ спомените на еден пар чија љубов постепено се изобличува и станува механичко трагање по еуфорија, бегство од притисокот на секојдневниот живот. „Кенди“ и како приказ на едно „современо“ општество кое дозволува огромна стигма и дискриминација кон корисниците на дроги. Најзначен фактор кој ја намалува можноста од злоупотреба на дроги се токму родителите, кои, во многу случаи последни се соочуваат со проблемот. Општествената стигматизација и институционалната дискриминација водат кон ширење омраза и насилство, недостатоци во здравствениот систем и идни случаи на предозирање и злоупотреба на дроги.

The post Претставата „Кенди“ вечерва на фестивалот „Без рамка“ во Демир Капија appeared first on Република.

]]>

Вечерва во 20.00 часот во Домот на култура Мирка Гиноваво Демир Капија во склоп на Демиркапискиот меѓународен фестивал “Без рамка” ќе биде прикажана претставата „Кенди“. Претставата е според романот на Лук Дејвис, авторски текстови и материјали од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. Режија и адаптација е на Тамара Стојаноска, а играат: Лео Поповиќ и Бобан Алексоски. Музиката е на Лука Тошев, а продукција на Театар „Златен Елец“ Скопје Проектот е во соработка со ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. „Кенди“ е дуодрама во која зборуваме за зависност кај младите со фокус на опијатната зависност. Претставата е анатомија на една љубов, шетање низ спомените на еден пар чија љубов постепено се изобличува и станува механичко трагање по еуфорија, бегство од притисокот на секојдневниот живот. „Кенди“ и како приказ на едно „современо“ општество кое дозволува огромна стигма и дискриминација кон корисниците на дроги. Најзначен фактор кој ја намалува можноста од злоупотреба на дроги се токму родителите, кои, во многу случаи последни се соочуваат со проблемот. Општествената стигматизација и институционалната дискриминација водат кон ширење омраза и насилство, недостатоци во здравствениот систем и идни случаи на предозирање и злоупотреба на дроги.

The post Претставата „Кенди“ вечерва на фестивалот „Без рамка“ во Демир Капија appeared first on Република.

]]>
Маж и жена од Србија се степале во автомобил, па сопругот ја исфрлил покрај автопат во Демир Капија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mazh-i-zhena-od-srbija-se-stepale-vo-avtomobil-pa-soprugot-ja-isfrlil-pokraj-avtopat-vo-demir-kapija/ Sat, 13 Jul 2024 14:37:53 +0000 https://republika.mk/?p=796428

Србинка била најдена повредена покрај коловозната лента на автопатот А1 на делницата од Демир Капија до Неготино, после наплатната станица „Демир Капија“. Како што информира Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од ОВР Неготино ја пронашле С.М.(49) од Србија, која била со повреди на телото, откако претходно физички се пресметала со сопругот во нивниот автомобил.

Во разговор со македонската полиција, сопругот Б.М. (52) од Србија раскажал дека враќајки се со сопругата и нивните малолетни син и внука од одмор од Грција, С.М., која имала здравствени проблеми, го нападнала во автомобилот, по што тој запрел, ја оставил С.М. покрај патот и заминал со децата кон граничниот премин „Табановце“.

На повредената жена и била укажана лекарска помош од страна на Итната медицинска помош од Неготино, по што е пренесена во здравствената установа „Негорци“. Од МВР информираат дека за настанот бил известен и јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување.

The post Маж и жена од Србија се степале во автомобил, па сопругот ја исфрлил покрај автопат во Демир Капија appeared first on Република.

]]>

Србинка била најдена повредена покрај коловозната лента на автопатот А1 на делницата од Демир Капија до Неготино, после наплатната станица „Демир Капија“. Како што информира Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од ОВР Неготино ја пронашле С.М.(49) од Србија, која била со повреди на телото, откако претходно физички се пресметала со сопругот во нивниот автомобил. Во разговор со македонската полиција, сопругот Б.М. (52) од Србија раскажал дека враќајки се со сопругата и нивните малолетни син и внука од одмор од Грција, С.М., која имала здравствени проблеми, го нападнала во автомобилот, по што тој запрел, ја оставил С.М. покрај патот и заминал со децата кон граничниот премин „Табановце“. На повредената жена и била укажана лекарска помош од страна на Итната медицинска помош од Неготино, по што е пренесена во здравствената установа „Негорци“. Од МВР информираат дека за настанот бил известен и јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување.  

The post Маж и жена од Србија се степале во автомобил, па сопругот ја исфрлил покрај автопат во Демир Капија appeared first on Република.

]]>
Град со големина на пинг-понг топче паѓаше во Демир Капија https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/grad-so-golemina-na-ping-pong-topche-pagashe-vo-demir-kapija/ Mon, 03 Jun 2024 06:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=784238

Невреме со врнежи од град ја зафати синоќа Демир Капија. Допрва ќе се утврдува колкави се штетите од врнежите на градобијни зрна. Најмногу врнежи од град имало во потесното подрачје на Демир Капија.

Има оштетувања врз виновите лози и дрвцата, земјоделските култури по дворовите. Засега нема точни информации каква е состојбата со земјоделските култури надвор од населбата. Евентуалните поголеми штети таму, би се утврдувале дополнително, со комисиско излегување на терен, нагласија од Општината, додавајќи дека по невремето, во Демир Капија имало и прекин на електричната енергија.

Од ЦУК информираа дека од УХМР добиена е информација за нестабилност, дека стационарна нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува во подрачјето околу Кавадарци, Неготинио и Демир Капија.

The post Град со големина на пинг-понг топче паѓаше во Демир Капија appeared first on Република.

]]>

Невреме со врнежи од град ја зафати синоќа Демир Капија. Допрва ќе се утврдува колкави се штетите од врнежите на градобијни зрна. Најмногу врнежи од град имало во потесното подрачје на Демир Капија. Има оштетувања врз виновите лози и дрвцата, земјоделските култури по дворовите. Засега нема точни информации каква е состојбата со земјоделските култури надвор од населбата. Евентуалните поголеми штети таму, би се утврдувале дополнително, со комисиско излегување на терен, нагласија од Општината, додавајќи дека по невремето, во Демир Капија имало и прекин на електричната енергија. Од ЦУК информираа дека од УХМР добиена е информација за нестабилност, дека стационарна нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува во подрачјето околу Кавадарци, Неготинио и Демир Капија.

The post Град со големина на пинг-понг топче паѓаше во Демир Капија appeared first on Република.

]]>
Предлог за викенд патување: Клисурата и подрачјето на Демир Капија ќе бидат прогласени за споменик на природата https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/predlog-za-vikend-patuvane-klisurata-i-podrachjeto-na-demir-kapija-ke-bidat-proglaseni-za-spomenik-na-prirodata/ Sat, 25 May 2024 19:28:37 +0000 https://republika.mk/?p=781714

Реки пренасочени во цевковод, изградени брани во коритата, сечи на шумите околу нив и ерозија, е сликата со која се соочува подрачјето на Демир Капија, кое веќе шест децении е заштитено на хартија како споменик на природата, но не и во пракса.

За овој вреден предел во следната една година ќе се изработува нова Студија за валоризација на природните вредности, која ќе треба да биде основа за нова и вистинска заштита. Се очекува најмалку четири притоки и дел од Вардар да влезат во новата заштитена зона, која ќе треба да се преклопи и со идното Натура 2000 подрачје, како и со постоечките Емералд подрачја по течението на Вардар и со ИБА подрачјето значајно за птиците.

Домашни и меѓународни експерти од The Nature Conservancy заедно со претставници на Министерството за животна средина, локалните власти и Еко Свест неодамна го истражуваа подрачјето на Демир Капија, кое треба да се репрогласи и за кое се докажало дека се соочува со низа девастации.

„Ги посетивме Иберлиска река, Копришничка река, Дошница и топлите вирови и долното течение на Вардар. Иберлиска река уште во шеесеттите години на минатиот век е препозната како подрачје кое е вредно за заштита заради богатството на флора и фауна и покрај чиј брег се познатите шуми на платани. Копришничка река со нејзините водопади во еден дел е во недопрена состојба, но околу неа има гола сеча на шуми и ерозивни процеси, што значи дека подрачјето кое треба да е под заштита, всушност е девастирано и ќе бидат потребни навистина големи мерки за реставрација. На оваа река има и голема бетонска брана“, вели Ѓорѓи Митревски од Еко Свест.

Посочува дека експертите констатирале дека и стотина метри од Клисурска река се затворени во цевковод и пренасочени подземја заради изградба на автопатска делница, која одамна е завршена, но реката не е вратена во првобитна состојба.

Еден од главните предуслови за вистинска заштита на клисурата, реките и биодиверзитетот е изработката на нова Студија за валоризација на природните вредности на Демир Капија, за која веќе е потпишан меморандум за соработка со донаторот The Nature Conservancy. Митревски очекува експертскиот тим што ќе ја работи да се оформи летово, а изработката да започне наесен. Ќе се работи најмалку една година за да се опфатат сите сезони за истражувања. Студијата треба да покаже со какви вредности обилува ова подрачје, не само на геодиверзитет туку и на биодиверзитет, хидрологија и други, а ќе даде и прецизен опфат на територијата која треба да се најде под активна заштита.

The post Предлог за викенд патување: Клисурата и подрачјето на Демир Капија ќе бидат прогласени за споменик на природата appeared first on Република.

]]>

Реки пренасочени во цевковод, изградени брани во коритата, сечи на шумите околу нив и ерозија, е сликата со која се соочува подрачјето на Демир Капија, кое веќе шест децении е заштитено на хартија како споменик на природата, но не и во пракса.

За овој вреден предел во следната една година ќе се изработува нова Студија за валоризација на природните вредности, која ќе треба да биде основа за нова и вистинска заштита. Се очекува најмалку четири притоки и дел од Вардар да влезат во новата заштитена зона, која ќе треба да се преклопи и со идното Натура 2000 подрачје, како и со постоечките Емералд подрачја по течението на Вардар и со ИБА подрачјето значајно за птиците. Домашни и меѓународни експерти од The Nature Conservancy заедно со претставници на Министерството за животна средина, локалните власти и Еко Свест неодамна го истражуваа подрачјето на Демир Капија, кое треба да се репрогласи и за кое се докажало дека се соочува со низа девастации. „Ги посетивме Иберлиска река, Копришничка река, Дошница и топлите вирови и долното течение на Вардар. Иберлиска река уште во шеесеттите години на минатиот век е препозната како подрачје кое е вредно за заштита заради богатството на флора и фауна и покрај чиј брег се познатите шуми на платани. Копришничка река со нејзините водопади во еден дел е во недопрена состојба, но околу неа има гола сеча на шуми и ерозивни процеси, што значи дека подрачјето кое треба да е под заштита, всушност е девастирано и ќе бидат потребни навистина големи мерки за реставрација. На оваа река има и голема бетонска брана“, вели Ѓорѓи Митревски од Еко Свест. Посочува дека експертите констатирале дека и стотина метри од Клисурска река се затворени во цевковод и пренасочени подземја заради изградба на автопатска делница, која одамна е завршена, но реката не е вратена во првобитна состојба. Еден од главните предуслови за вистинска заштита на клисурата, реките и биодиверзитетот е изработката на нова Студија за валоризација на природните вредности на Демир Капија, за која веќе е потпишан меморандум за соработка со донаторот The Nature Conservancy. Митревски очекува експертскиот тим што ќе ја работи да се оформи летово, а изработката да започне наесен. Ќе се работи најмалку една година за да се опфатат сите сезони за истражувања. Студијата треба да покаже со какви вредности обилува ова подрачје, не само на геодиверзитет туку и на биодиверзитет, хидрологија и други, а ќе даде и прецизен опфат на територијата која треба да се најде под активна заштита.

The post Предлог за викенд патување: Клисурата и подрачјето на Демир Капија ќе бидат прогласени за споменик на природата appeared first on Република.

]]>
Предлог за викенд дестинација: Посетете го музејот на вино во Демир Капија https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/predlog-za-vikend-destinatsija-posetete-go-muzejot-na-vino-vo-demir-kapija/ Tue, 21 May 2024 13:51:59 +0000 https://republika.mk/?p=780323

Нови експонати што говорат за долгогодишната лозаровинарска традиција во демиркаписко, се дел од Музејот во Демир Капија. Цветанка Тодоровска Митрева, виш кустос археолог, појасни за МИА дека се откупени дополнителни етнолошки предмети од локално население, со цел збогатување на музејската винска галерија. Таа подвлече дека со ова е реализиран првиот од четирите проекти од национален интерес, што годинава се целосно финансиски поддржани од Министерството за култура.

- Музејот ја продолжува својата активност во насока на реализација на проекти, што во голема мера ќе допринесат кон квалитативно збогатување на содржините и ќе го доближат културното наследство од регионот на Демир Капија, поблиску до посетителите. Целта е со прибавување на предмети што се поврзани со винската конзумна култура, да се прикаже долгата и вековна традиција на производство на вино од регионот на Демир Капија, начинот на заштита на виновата лоза, садови за варење на маџун и слично, истакна Тодоровска Митрева.

Таа појасни дека откупени се предмети од локално семејство од Демир Капија.

- Долги години наназад, тие претставувале семеен имот. Се користеле за сопствени потреби при обработка и заштита на виновата лоза, за печење ракија и за варење маџун. Се работи за  предмети кои денес не се веќе во употреба, нивното место е заменето со многу помодерни, побрзи и пософистицирани  алатки. Сега се потсетник на минатото, во смисла на една традиција пропратена со ритуали и  локална егзотика, неповторливо  доживување на семејната  лозаровинарска приказна, како трага на времето, не само во овој регион, туку и секаде во Македонија каде што се одгледува виновата лоза, нагласи Тодоровска Митрева.

Откупени се една бакарна аранија во која со варење на грозјето се приготвувал  најслаткиот и најздравиот напиток, маџунот, надалеку познат како еликсир за оздравување и исцелување на телото, традиционална маказа за кроење на виновата лоза, грбна пумпа за заштита на виновата лоза целосно сочувана со сите нејзини елементи, како и  горен дел од статичен казан за варење ракија изработен од печена глина, преку кој се одвива хемискиот процес на создавање на лозова ракија,  како еден од традиционално најпознатите жестоки пијалоци на овие простори.

The post Предлог за викенд дестинација: Посетете го музејот на вино во Демир Капија appeared first on Република.

57.8 посто: Демир Капија засега рекордер по излезност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/57-8-posto-demir-kapija-zasega-rekorder-po-izleznost/ Wed, 08 May 2024 16:04:07 +0000 https://republika.mk/?p=775646

Во Демир Капија е регистрирана 57.82 проценти излезност на претседателските избори и 57.67 отсто излезност на парламентарните избори, до 17 часот. Во Неготино, до тој  период, евидентирана е излезност од 55.76 отсто на претседателски и 55.63 проценти на парламентарни избори. За ова информираа од општинските изборни комисии.

Во Неготино се гласа на 28 избирачки места, информираше замeник претседателката на Општинска изборна комисија, Елена Кузманова.

Во Демир Капија, како што информираше Благој Јовановски, претседател на ОИК, се гласа на 11 избирачки места

The post 57.8 посто: Демир Капија засега рекордер по излезност appeared first on Република.

]]>

Во Демир Капија е регистрирана 57.82 проценти излезност на претседателските избори и 57.67 отсто излезност на парламентарните избори, до 17 часот. Во Неготино, до тој  период, евидентирана е излезност од 55.76 отсто на претседателски и 55.63 проценти на парламентарни избори. За ова информираа од општинските изборни комисии. Во Неготино се гласа на 28 избирачки места, информираше замeник претседателката на Општинска изборна комисија, Елена Кузманова. Во Демир Капија, како што информираше Благој Јовановски, претседател на ОИК, се гласа на 11 избирачки места

The post 57.8 посто: Демир Капија засега рекордер по излезност appeared first on Република.

]]>
Во Демир Капија до девет часот гласале 10,42 отсто од запишаните граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-demir-kapija-do-devet-chasot-glasale-10-42-otsto-od-zapishanite-gragani/ Wed, 08 May 2024 07:40:54 +0000 https://republika.mk/?p=775248

Во Демир Капија 10.42 отсто е излезноста до девет часот, за двата вида избори, во Неготино за претседателски 6,77, за парламентарни 6,73 проценти. За ова информираа од општинските изборни комисии.

Во Неготино се гласа на 28 избирачки места, информираше претседателката на Општинска изборна комисија, Елизабета Камчева.

Таа потсети дека вкупно 165 болни и немоќни лица гласаа вчера во Неготино, од вкупно 175 пријавени за втор круг претседателски и парламентарните избори.

Гласаа 71 маж и 94 жени, 11 лица не гласале. Имаше пријавено едно лице кое гласаше во куќен притвор за втор круг претседателски и парламентарните избори, појасни Камчева.

Согласно на законот, овие лица гласаа вчера, ден пред изборите што се одржуваат во текот на денешниот ден.

Во Демир Капија, 66 лица беа пријавени за гласање во текот на вчерашниот ден, информираше Благој Јовановски, претседател на ОИК.

Денеска, се гласа на 11 избирачки места.

The post Во Демир Капија до девет часот гласале 10,42 отсто од запишаните граѓани appeared first on Република.

]]>

Во Демир Капија 10.42 отсто е излезноста до девет часот, за двата вида избори, во Неготино за претседателски 6,77, за парламентарни 6,73 проценти. За ова информираа од општинските изборни комисии. Во Неготино се гласа на 28 избирачки места, информираше претседателката на Општинска изборна комисија, Елизабета Камчева. Таа потсети дека вкупно 165 болни и немоќни лица гласаа вчера во Неготино, од вкупно 175 пријавени за втор круг претседателски и парламентарните избори.
Гласаа 71 маж и 94 жени, 11 лица не гласале. Имаше пријавено едно лице кое гласаше во куќен притвор за втор круг претседателски и парламентарните избори, појасни Камчева.
Согласно на законот, овие лица гласаа вчера, ден пред изборите што се одржуваат во текот на денешниот ден. Во Демир Капија, 66 лица беа пријавени за гласање во текот на вчерашниот ден, информираше Благој Јовановски, претседател на ОИК. Денеска, се гласа на 11 избирачки места.

The post Во Демир Капија до девет часот гласале 10,42 отсто од запишаните граѓани appeared first on Република.

]]>
Во Демир Капија до 9 часот гласале 9.42 проценти на гласачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-demir-kapija-do-9-chasot-glasale-9-42-protsenti-na-glasachi/ Wed, 24 Apr 2024 09:36:18 +0000 https://republika.mk/?p=769969

Во Демир Капија до девет часот гласале 9.42 проценти на гласачи, својот глас го дале 302 лица со право на избор на претседателските избори, соопшти претседателот на демиркаписката општинска изборна комисија, Благој Јовановски.

Претходно, тој информираше дека Демир Капија го стартуваше гласањето на претседателските избори и  навремено се отворени сите избирачки места.

- Во Демир Капија, беа пријавени 62 болни и немоќни лица, како и тројца од затвор, кои имаа законска можност да гласаат во текот на вчерашниот ден. Инаку, во Демир Капија се регистрирани вкупно 3.216 гласачи, соопшти Димовски.

The post Во Демир Капија до 9 часот гласале 9.42 проценти на гласачи appeared first on Република.

]]>

Во Демир Капија до девет часот гласале 9.42 проценти на гласачи, својот глас го дале 302 лица со право на избор на претседателските избори, соопшти претседателот на демиркаписката општинска изборна комисија, Благој Јовановски. Претходно, тој информираше дека Демир Капија го стартуваше гласањето на претседателските избори и  навремено се отворени сите избирачки места.
- Во Демир Капија, беа пријавени 62 болни и немоќни лица, како и тројца од затвор, кои имаа законска можност да гласаат во текот на вчерашниот ден. Инаку, во Демир Капија се регистрирани вкупно 3.216 гласачи, соопшти Димовски.

The post Во Демир Капија до 9 часот гласале 9.42 проценти на гласачи appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Потребно е државата која Ковачевски му ја остави на тацна на Али Ахмети, да му ја вратиме на народот и да му помогнеме на Стево Пендаровски да се исели на 8 мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-potrebno-e-drzhavata-koja-kovachevski-mu-ja-ostavi-na-tatsna-na-ali-ahmeti-da-mu-ja-vratime-na-narodot-i-da-mu-pomogneme-na-stevo-pendarovski-da-se-iseli-na-8-maj/ Sat, 06 Apr 2024 16:44:43 +0000 https://republika.mk/?p=763182

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор на денешниот митинг во Демир Капија истакна дека на 24 април професорката Гордана Силјановска Давкова ќе го најави својот триумф, а конечниот триумф ќе се случи на 8 мај, а тогаш и ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата ќе освои мнозинство во македонскиот парламент со 61 пратеник.

Мицкоски истакна дека народот денеска во Македонија нема контрола врз сопствената држава, таа е заробена и киднапирана од страна на 100 разбојници на ДУИ поддржани од страна на измеќарите од СДС.

– СДС се измеќари на разбојниците од ДУИ, а тоа се другарчињата на Артан Груби, на Бујар Османи, заедно со Али Ахмети. Тие луѓе за жал ја киднапираа Македонија од народот, а народот разочаран ја напушта Македонија, не селата, туку градовите се празнат, се помалку дечиња има во училиштата. Тоа е трагедијата која сурова реалност и таа реалност мораме да ја смениме, во спротивно ќе ја загубиме државата, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека потребно е државата која Ковачевски му ја остави на тацна на Али Ахмети да си ја вратиме, а тоа можеме да го направиме ако се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија.

Мицкоски ги повика граѓаните да помогнат на Пендаровски да се исели бидејќи тој самиот кажа ако не бил претседател ќе ја напуштел Македонија.

– Стево Пендаровски за себе вели дека најдобра карактеристика му било дека не крадел а тие кои го поддржуваат краделе, па тогаш со какви пари му ја финансираат кампањата? И оние скапо платени балкански мешетари кои ги донесоа да креираат фалсификати и да замајуваат јавност. Човекот е загубен, на сабајле прво ги озборува тие околу него, а на пладне преминува кон оние кои го поддржуваат, кои не ги носи со себе, бидејќи е самобендисан и мисли дека му е голем рејтингот и до него не се ни Ковачевски, ни Зечевиќ, ни Маричиќ, а во суштина немаше втор кој ќе прифатеше да биде губитник, рече Мицкоски.

Професорката Гордана Силјановска Давкова има свој став и е спремна да го брани својот став со аргументи. Тоа е жена која е титан и ги бранеше македонските интереси и надвор од Македонија во Советот на Европа. Таа како уставен експерт беше дел од Венецијанската комисија, инспирираше многу колеги кои денес ја цитираат и имаа од кого да учат. Таа остана и се бори за Македонија и народот.

Мицкоски нагласи дека на овие избори јасен е изборот, Гордана Силјановска Давкова е новиот претседател, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се новата влада и тука нема дилема, на сите им е јасно, Македонија треба да биде горда и твоја.

https://www.youtube.com/live/XQocuyAi08U?si=WpO-Tvi9hhZJHUjY

The post Мицкоски: Потребно е државата која Ковачевски му ја остави на тацна на Али Ахмети, да му ја вратиме на народот и да му помогнеме на Стево Пендаровски да се исели на 8 мај appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор на денешниот митинг во Демир Капија истакна дека на 24 април професорката Гордана Силјановска Давкова ќе го најави својот триумф, а конечниот триумф ќе се случи на 8 мај, а тогаш и ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата ќе освои мнозинство во македонскиот парламент со 61 пратеник. Мицкоски истакна дека народот денеска во Македонија нема контрола врз сопствената држава, таа е заробена и киднапирана од страна на 100 разбојници на ДУИ поддржани од страна на измеќарите од СДС. – СДС се измеќари на разбојниците од ДУИ, а тоа се другарчињата на Артан Груби, на Бујар Османи, заедно со Али Ахмети. Тие луѓе за жал ја киднапираа Македонија од народот, а народот разочаран ја напушта Македонија, не селата, туку градовите се празнат, се помалку дечиња има во училиштата. Тоа е трагедијата која сурова реалност и таа реалност мораме да ја смениме, во спротивно ќе ја загубиме државата, рече Мицкоски. Мицкоски нагласи дека потребно е државата која Ковачевски му ја остави на тацна на Али Ахмети да си ја вратиме, а тоа можеме да го направиме ако се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија. Мицкоски ги повика граѓаните да помогнат на Пендаровски да се исели бидејќи тој самиот кажа ако не бил претседател ќе ја напуштел Македонија. – Стево Пендаровски за себе вели дека најдобра карактеристика му било дека не крадел а тие кои го поддржуваат краделе, па тогаш со какви пари му ја финансираат кампањата? И оние скапо платени балкански мешетари кои ги донесоа да креираат фалсификати и да замајуваат јавност. Човекот е загубен, на сабајле прво ги озборува тие околу него, а на пладне преминува кон оние кои го поддржуваат, кои не ги носи со себе, бидејќи е самобендисан и мисли дека му е голем рејтингот и до него не се ни Ковачевски, ни Зечевиќ, ни Маричиќ, а во суштина немаше втор кој ќе прифатеше да биде губитник, рече Мицкоски. Професорката Гордана Силјановска Давкова има свој став и е спремна да го брани својот став со аргументи. Тоа е жена која е титан и ги бранеше македонските интереси и надвор од Македонија во Советот на Европа. Таа како уставен експерт беше дел од Венецијанската комисија, инспирираше многу колеги кои денес ја цитираат и имаа од кого да учат. Таа остана и се бори за Македонија и народот. Мицкоски нагласи дека на овие избори јасен е изборот, Гордана Силјановска Давкова е новиот претседател, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се новата влада и тука нема дилема, на сите им е јасно, Македонија треба да биде горда и твоја. https://www.youtube.com/live/XQocuyAi08U?si=WpO-Tvi9hhZJHUjY

The post Мицкоски: Потребно е државата која Ковачевски му ја остави на тацна на Али Ахмети, да му ја вратиме на народот и да му помогнеме на Стево Пендаровски да се исели на 8 мај appeared first on Република.

]]>
Николоски: Кампањата на Пендаровски е финансирана со крадени пари, насочен е кон фалсификување и монтажи – ќе биде казнет од граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-kampanata-na-pendarovski-e-finansirana-so-kradeni-pari-nasochen-e-kon-falsifikuvane-i-montazhi-ke-bide-kaznet-od-graganite/ Sat, 06 Apr 2024 16:41:04 +0000 https://republika.mk/?p=763176

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска од митингот во Демир Капија се осврна на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски за кој рече дека на ниеден начин не може да биде амнестиран за состојбите во Македонија и големиот криминал на власта на СДСМ и ДУИ, туку дека тој можеби е и мозокот на многу повеќе операции од тоа што јавноста го знае, глумејќи наивен и скромен, глумејќи човек кој што нема допирна точка со тоа што се случува во владата, во суштина, можеби е креатор на поголем дел од работите кои што се случуваат.

-Стево Пендаровски е тој што ги злоупотребува институциите кој што се под него за нелегално да го следат ВМРО-ДПМНЕ, за да прават спинови и монтажи на ВМРО-ДПМНЕ. И најбитното, кампањата на Стево Пендаровски е финансирана од крадени пари и тој многу добро тоа го знае и за тоа ќе одговара, најпрво со вашиот глас, а после тоа и со работата на институциите, рече Николоски.

Пред присутните, Николоски истакна дека реалноста денес во Македонија е тажна и дека таа ја знаат сите и ја чувствуваме во сите населени места во општина Демир Капија, нивите остануваат празни, земјата се пусти, куќите се затворени, а луѓето си одат.

„Повеќе луѓе можете да видите од Демир Капија во Швајцарија, во Австрија, во Германија, отколку што можете да видите тука. Тоа е тажната реалност после седум години владеење на СДСМ и на ДУИ, после седум години владеење на СДСМ и на ДУИ, неколку мина се екстремно богати, а народот е осиромашен. Неколку мина не одговараат за ништо, а народот си оди, неколку мина ја кројат судбината на Македонија и ја обезличуваат, а народот е безнадежен. И затоа мораме да ставиме крај на оваа работа“, рече Николоски.

„За да можат овие од СДСМ да крадат, а што е право, се утепаа од крадење, му дозволуваат на ДУИ да прави што сака со Македонија. Еден од примерите за големиот криминал е недалеку од тука, каде што здружно и СДСМ и ДУИ крадеа на сметка на македонскиот народ. Тоа е ТЕЦ Неготино, каде се случи еден од најголемите криминали на СДСМ и ДУИ“, истакна Николоски повикувајќи ги граѓаните масовно да излезат на 24 април и на 8 мај и да го дадат нивниот глас за ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.youtube.com/live/XQocuyAi08U?si=qksurCN0AwLlmQii

The post Николоски: Кампањата на Пендаровски е финансирана со крадени пари, насочен е кон фалсификување и монтажи – ќе биде казнет од граѓаните appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска од митингот во Демир Капија се осврна на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски за кој рече дека на ниеден начин не може да биде амнестиран за состојбите во Македонија и големиот криминал на власта на СДСМ и ДУИ, туку дека тој можеби е и мозокот на многу повеќе операции од тоа што јавноста го знае, глумејќи наивен и скромен, глумејќи човек кој што нема допирна точка со тоа што се случува во владата, во суштина, можеби е креатор на поголем дел од работите кои што се случуваат. -Стево Пендаровски е тој што ги злоупотребува институциите кој што се под него за нелегално да го следат ВМРО-ДПМНЕ, за да прават спинови и монтажи на ВМРО-ДПМНЕ. И најбитното, кампањата на Стево Пендаровски е финансирана од крадени пари и тој многу добро тоа го знае и за тоа ќе одговара, најпрво со вашиот глас, а после тоа и со работата на институциите, рече Николоски. Пред присутните, Николоски истакна дека реалноста денес во Македонија е тажна и дека таа ја знаат сите и ја чувствуваме во сите населени места во општина Демир Капија, нивите остануваат празни, земјата се пусти, куќите се затворени, а луѓето си одат. „Повеќе луѓе можете да видите од Демир Капија во Швајцарија, во Австрија, во Германија, отколку што можете да видите тука. Тоа е тажната реалност после седум години владеење на СДСМ и на ДУИ, после седум години владеење на СДСМ и на ДУИ, неколку мина се екстремно богати, а народот е осиромашен. Неколку мина не одговараат за ништо, а народот си оди, неколку мина ја кројат судбината на Македонија и ја обезличуваат, а народот е безнадежен. И затоа мораме да ставиме крај на оваа работа“, рече Николоски. „За да можат овие од СДСМ да крадат, а што е право, се утепаа од крадење, му дозволуваат на ДУИ да прави што сака со Македонија. Еден од примерите за големиот криминал е недалеку од тука, каде што здружно и СДСМ и ДУИ крадеа на сметка на македонскиот народ. Тоа е ТЕЦ Неготино, каде се случи еден од најголемите криминали на СДСМ и ДУИ“, истакна Николоски повикувајќи ги граѓаните масовно да излезат на 24 април и на 8 мај и да го дадат нивниот глас за ВМРО-ДПМНЕ. https://www.youtube.com/live/XQocuyAi08U?si=qksurCN0AwLlmQii

The post Николоски: Кампањата на Пендаровски е финансирана со крадени пари, насочен е кон фалсификување и монтажи – ќе биде казнет од граѓаните appeared first on Република.

]]>
Приведена жена откако ги нападнала детето и сопругот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/privedena-zhena-otkako-gi-napadnala-deteto-i-soprugot/ Mon, 25 Dec 2023 09:58:05 +0000 https://republika.mk/?p=726423

Демиркапијка била приведена поради физички напад врз сопругот и детето, информираа денеска од СВР Велес.

Вчера во 10.10 часот во Неготино, полициски службеници ја лишиле од слобода Е.К., на возраст од 34 години, од Демир Капија, затоа што во семејната куќа физички ги нападнала нејзиниот 56-годишен сопруг и нивното малолетно дете, појаснија од СВР Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Приведена жена откако ги нападнала детето и сопругот appeared first on Република.

Мигранти од Непал пронајдени во товарно возило кај Демир Капија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/migranti-od-nepal-pronajdeni-vo-tovarno-vozilo-kaj-demir-kapija/ Mon, 16 Oct 2023 20:40:11 +0000 https://republika.mk/?p=691826

МВР соопшти дека полициски службеници, при преглед на товарно возило пред наплатната станица Демир Капија, пронашле 19 мигранти од Непал.

Во 09.45 часот на автопатот Градско - Демир Капија, полициските службеници дале знак за запирање на возилото „фиат дукато“ со крушевски регистарски ознаки, по што возачот ја намалил брзината, скокнал од возилото и го напуштил местото, информираат од МВР.

Според полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Мигранти од Непал пронајдени во товарно возило кај Демир Капија appeared first on Република.

Пронајдени 30 мигранти: Криумчар на луѓе уапсен на автопатот Гевгелија-Демир Капија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajdeni-30-migranti-kriumchar-na-luge-uapsen-na-avtopatot-gevgelija-demir-kapija/ Sun, 08 Oct 2023 08:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=689125

Дваесет и тригодишен жител на селото Корешница е приведен под сомнение дека се обидел на криумчари 30 мигранти.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 23-годишниот И.С. е преведен околу 20 часот на автопатот Гевгелија-Демир Капија, а мигрантите се пронајдени во комбе марка „рено“ со кавадаречки таблички. Возачот се обидел да побегне, но бил фател од полицијата.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, против И.С. ќе биде поднесена кривична пријава.

The post Пронајдени 30 мигранти: Криумчар на луѓе уапсен на автопатот Гевгелија-Демир Капија appeared first on Република.

]]>

Дваесет и тригодишен жител на селото Корешница е приведен под сомнение дека се обидел на криумчари 30 мигранти. Министерството за внатрешни работи соопшти дека 23-годишниот И.С. е преведен околу 20 часот на автопатот Гевгелија-Демир Капија, а мигрантите се пронајдени во комбе марка „рено“ со кавадаречки таблички. Возачот се обидел да побегне, но бил фател од полицијата. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, против И.С. ќе биде поднесена кривична пријава.

The post Пронајдени 30 мигранти: Криумчар на луѓе уапсен на автопатот Гевгелија-Демир Капија appeared first on Република.

]]>
Маж од Демир Капија си ја претепа сопругата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mazh-od-demir-kapija-si-ja-pretepa-soprugata/ Sun, 17 Sep 2023 16:41:45 +0000 https://republika.mk/?p=682655

Полициските службеници од СВР Велес вчера лишиле од слобода 36-годишно лице од Демир Капија, откако сопругата го пријавила за физички напад, известуваат од Министерство за внатрешни работи.

-На 16.09.2023 во 18.30 часот во Демир Капија од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода С.П.(36) од Демир Капија, затоа што, според пријавеното, околу 17.00 часот во семејниот дом во Демир Капија физички ја нападнал неговата сопруга, велат од МВР.

Оттаму информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Маж од Демир Капија си ја претепа сопругата appeared first on Република.

Откриен арсенал во Демиркаписко: Запленети куршуми, рачни бомби, барут, алат за изработка на муниција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/otkrien-arsenal-vo-demirkapisko-zapleneti-kurshumi-rachni-bombi-barut-alat-za-izrabotka-na-munitsija/ Sat, 09 Sep 2023 10:00:25 +0000 https://republika.mk/?p=680214

Како резултат на заеднички преземени мерки и активности на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи и ОВР Неготино, уапсени се Ќ.С.(28)  и И.С.(23) од село Корешница, Демиркаписко.

Како што соопштија од МВР, при претрес во дом и помошни простории кај лицата извршен врз основа на наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кавадарци биле  пронајдени и одземени 586 куршуми калибар 7,62х39, 50 боеви куршуми со различен калибар, две рачни бомби, еден топовски удар, запалка за рачна граната, два ловни патрони кал.16 мм, три кутии со барут, две кутии со сачми, алат и други предмети за изработка на муниција и марихуана.

По документирање на случајот против приведените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

The post Откриен арсенал во Демиркаписко: Запленети куршуми, рачни бомби, барут, алат за изработка на муниција appeared first on Република.

]]>

Како резултат на заеднички преземени мерки и активности на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи и ОВР Неготино, уапсени се Ќ.С.(28)  и И.С.(23) од село Корешница, Демиркаписко. Како што соопштија од МВР, при претрес во дом и помошни простории кај лицата извршен врз основа на наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кавадарци биле  пронајдени и одземени 586 куршуми калибар 7,62х39, 50 боеви куршуми со различен калибар, две рачни бомби, еден топовски удар, запалка за рачна граната, два ловни патрони кал.16 мм, три кутии со барут, две кутии со сачми, алат и други предмети за изработка на муниција и марихуана. По документирање на случајот против приведените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

The post Откриен арсенал во Демиркаписко: Запленети куршуми, рачни бомби, барут, алат за изработка на муниција appeared first on Република.

]]>