демантира Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/demantira/ За подобро да се разбереме Fri, 06 May 2022 19:20:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png демантира Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/demantira/ 32 32 Русија демантира дека е погоден руски воен брод во Црното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-demantira-deka-e-pogoden-ruski-voen-brod-vo-crnoto-more/ Fri, 06 May 2022 19:14:53 +0000 https://republika.mk/?p=498765

Некои украински портали претходно јавија дека руска фрегата е запалена во Црното Море откако била погодена од украински проектил. Интернет страницата „Думскаја.нет“ со седиште во Одеса објави дека брод од серијата „Проект 11356 Буревестник“ бил во пламен во близина на Змискиот остров, откако бил погоден со ракета „Нептун“, истрелана од украинска територија.

Украинците тврдат дека го погодиле рускиот воен брод „Адмирал Макаров“ и дека е тешко оштетен и плута. Според некои медиуми, руски спасувачки бродови тргнале да му помогнат на „Макаров“.

Официјална Москва ги демантира овие информации.

Не, немаме такви информации, изјави Димитриј Песков на новинарско прашање дали „Макаров“ е погоден.

Ниту западните сили не виделе ништо што би потврдило дека „Макаров“ бил погоден, јавија светските агенции.

Според Би-Би-Си, „Адмирал Макаров“ е многу помал од рускиот брод Москва, кој потона минатиот месец. „Макаров“ е стар само пет години и е еден од најмоќните руски воени бродови во Црното Море. Содржи крстосувачки ракетен систем Калибар и е способен да гаѓа други бродови или подморници, како и крајбрежни цели во опсег од 2.600 километри.

The post Русија демантира дека е погоден руски воен брод во Црното Море appeared first on Република.

]]>

Некои украински портали претходно јавија дека руска фрегата е запалена во Црното Море откако била погодена од украински проектил. Интернет страницата „Думскаја.нет“ со седиште во Одеса објави дека брод од серијата „Проект 11356 Буревестник“ бил во пламен во близина на Змискиот остров, откако бил погоден со ракета „Нептун“, истрелана од украинска територија. Украинците тврдат дека го погодиле рускиот воен брод „Адмирал Макаров“ и дека е тешко оштетен и плута. Според некои медиуми, руски спасувачки бродови тргнале да му помогнат на „Макаров“. Официјална Москва ги демантира овие информации.
Не, немаме такви информации, изјави Димитриј Песков на новинарско прашање дали „Макаров“ е погоден.
Ниту западните сили не виделе ништо што би потврдило дека „Макаров“ бил погоден, јавија светските агенции. Според Би-Би-Си, „Адмирал Макаров“ е многу помал од рускиот брод Москва, кој потона минатиот месец. „Макаров“ е стар само пет години и е еден од најмоќните руски воени бродови во Црното Море. Содржи крстосувачки ракетен систем Калибар и е способен да гаѓа други бродови или подморници, како и крајбрежни цели во опсег од 2.600 километри.

The post Русија демантира дека е погоден руски воен брод во Црното Море appeared first on Република.

]]>
Дунавка демантира дека сопругот Ване Цветанов ја вработил во државната институција каде што тој беше директор https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/dunavka-demantira-deka-soprugot-vane-cvetanov-ja-vrabotil-vo-drzavnata-institucija-kade-shto-toj-beshe-direktor/ Wed, 16 Mar 2022 09:16:35 +0000 https://republika.mk/?p=473587

Дунавка Трифуновска, сопруга на Ване Цветанов, сега веќе разрешениот директор на Советот за унапредување и надзор на ревизијата демантира дека таа е личноста која нејзиниот сопруг ја ангажирал во советот поради што Владата го разреши. Цветанов беше на оваа функција од јули 2019 година, а претходно беше директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Во меѓувреме се огласи поранашната Мис на Македонија и манекенка, која тврди дека не била вработана во институцијта.

Поради злоупотребата на моето име и презиме во медиумите без мое одобрување и авторизација ве информирам дека јас не сум личноста што е вработена во институцијата што е раководена од мојот емотивен партнер. Тоа се професионалци во својата област пријавени на официјален оглас. Ова е исценирана конструкција во време кога институцијата гради нова иднина преку имплементација на европските директиви, која што е нотирана и во последните европски извештаи, напиша Трифуновска на Инстаграм.

The post Дунавка демантира дека сопругот Ване Цветанов ја вработил во државната институција каде што тој беше директор appeared first on Република.

]]>

Дунавка Трифуновска, сопруга на Ване Цветанов, сега веќе разрешениот директор на Советот за унапредување и надзор на ревизијата демантира дека таа е личноста која нејзиниот сопруг ја ангажирал во советот поради што Владата го разреши. Цветанов беше на оваа функција од јули 2019 година, а претходно беше директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам. Во меѓувреме се огласи поранашната Мис на Македонија и манекенка, која тврди дека не била вработана во институцијта.
Поради злоупотребата на моето име и презиме во медиумите без мое одобрување и авторизација ве информирам дека јас не сум личноста што е вработена во институцијата што е раководена од мојот емотивен партнер. Тоа се професионалци во својата област пријавени на официјален оглас. Ова е исценирана конструкција во време кога институцијата гради нова иднина преку имплементација на европските директиви, која што е нотирана и во последните европски извештаи, напиша Трифуновска на Инстаграм.

The post Дунавка демантира дека сопругот Ване Цветанов ја вработил во државната институција каде што тој беше директор appeared first on Република.

]]>