деловник за работа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/delovnik-za-rabota/ За подобро да се разбереме Mon, 20 Nov 2023 18:33:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png деловник за работа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/delovnik-za-rabota/ 32 32 Собранието го донесе новиот Деловник за работа, ќе се применува од следниот парламентарен состав https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-go-donese-noviot-delovnik-za-rabota-ke-se-primenuva-od-sledniot-parlamentaren-sostav/ Mon, 20 Nov 2023 18:33:50 +0000 https://republika.mk/?p=714523

Собранието во рамки на 131. седница вечерва со 83 гласа „за“ и двајца „против“ го донесe новиот Деловник за работа на Парламентот, што ќе се применува од наредниот собраниски мандат. Новиот Деловник е резултат на неколкугодишни разговори меѓу пратениците од овој и минатиот парламентарен состав во рамки на „Жан Моне“ процесот.

За новиот Деловник гласаа пратениците од владејачкото мнозинство предводено од СДСМ, пратениците на ДУИ, на ВМРО-ДПМНЕ, на АА и сите други, освен двајцата пратеници на Левица.

Денешната седницата беше три пати прекинувана, а пратениците од Левица бараа таа да биде прекината и предизвикаа инцидент со расфрлување на листовите од нивните амандмани, а пратеникот Борислав Крмов искрши дел од инвентарот од претседавачката маса - компјутер, телефон и слично. Пратениците од Левица имаа поднесено над 2.000 амандмани, а претседателот на Собранието и предлагач на Деловникот рече дека прифатливи се само 12 додека за другите кажа дека се неосновани.

https://republika.mk/vesti/makedonija/evtina-drama-na-levitsa-vo-sobranie-sporedni-dogovoreni-ulogi-imaa-dhaferi-i-misovski/

Инцидентот што го предизвикаа пратениците на Левица се случи на првото продолжение на седницата, а нивното негодување и противење на одлуките на Џафери и Собранието продолжи и на следните заседанија.

Претседателот на Собранието Џафери поради штетата што настана при денешниот инцидент рече дека следното продолжение на 131. седница ќе се одржи во салата со Купола, како и сите останати до санирање на штетата.

The post Собранието го донесе новиот Деловник за работа, ќе се применува од следниот парламентарен состав appeared first on Република.

]]>

Собранието во рамки на 131. седница вечерва со 83 гласа „за“ и двајца „против“ го донесe новиот Деловник за работа на Парламентот, што ќе се применува од наредниот собраниски мандат. Новиот Деловник е резултат на неколкугодишни разговори меѓу пратениците од овој и минатиот парламентарен состав во рамки на „Жан Моне“ процесот. За новиот Деловник гласаа пратениците од владејачкото мнозинство предводено од СДСМ, пратениците на ДУИ, на ВМРО-ДПМНЕ, на АА и сите други, освен двајцата пратеници на Левица. Денешната седницата беше три пати прекинувана, а пратениците од Левица бараа таа да биде прекината и предизвикаа инцидент со расфрлување на листовите од нивните амандмани, а пратеникот Борислав Крмов искрши дел од инвентарот од претседавачката маса - компјутер, телефон и слично. Пратениците од Левица имаа поднесено над 2.000 амандмани, а претседателот на Собранието и предлагач на Деловникот рече дека прифатливи се само 12 додека за другите кажа дека се неосновани. https://republika.mk/vesti/makedonija/evtina-drama-na-levitsa-vo-sobranie-sporedni-dogovoreni-ulogi-imaa-dhaferi-i-misovski/ Инцидентот што го предизвикаа пратениците на Левица се случи на првото продолжение на седницата, а нивното негодување и противење на одлуките на Џафери и Собранието продолжи и на следните заседанија. Претседателот на Собранието Џафери поради штетата што настана при денешниот инцидент рече дека следното продолжение на 131. седница ќе се одржи во салата со Купола, како и сите останати до санирање на штетата.

The post Собранието го донесе новиот Деловник за работа, ќе се применува од следниот парламентарен состав appeared first on Република.

]]>